„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

muzafer-bajram

Кој е Музафер Бајрам, новиот министер во Владата?

Собранието на Република Македонија попладнево на 77-седница на предлогот на Владата ги именува Елвин Хасан за министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции и Музафер Бајрам како министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.Кој е Музафер Бајрам?Роден на 22.10.1983 година во Скопје. Високо образование завршува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на правниот факултет „Јустинијан I“. Оженет, татко на две деца.Првото работно искуство го стекнува во невладината организација „ЛИЛ“ во Скопје, каде што е ангажиран за проектите: „Цивилна регистрација на Ромите“ и „Социјална заштита на Ромите“.Неговиот приправнички стаж го извршува во адвокатска канцеларија „Мирослав Вуиќ“ кое трае се до неговото вработување во владата на Р.М.Од 2011 година до 2015 година работи во секретаријатот за спроведување на рамковниот договор при владата на Р. Македонија. Од 2015 година до сега работи во министерството за животна средина и просторно планирање, сектор за Европска Унија.Член е на ПЦЕР уште од неговата 18-та година, каде што набрзо станува претседател на младината. Од тогаш бил дел од сите политички кампањи на ПЦЕР. Во 2016-та година го избираат за потпретседател на партијата.Учесник бил на неколку телевизиски дебати и дуели каде што ги застапува интересите на Ромскиот народ и ја критикува слабата ангажираност и незаинтересираност на владеачките Ромски партии.Се надева на поголема вклученост на Ромите во општеството и поголема застапеност во јавните и државните институции. Зголемени квоти за вработување на Роми со средно и високо образование и квоти за Роми со само основно образование.Овозможување на посебна агенција за Ромски прашања, предводена и организирана исклучиво од Роми, со свој сопствен буџет и реализирање на проекти кои се од основна и итна потреба за Ромскиот народ. И поголем број Роми управители на државни и јавни институции.   

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Охрид ја откажа и „Новогодишната детска бајка“

Поради ненадејната смрт на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски,ЈП „Билјанини Извори“ ја откажува големата новогодишна забава за деца "Новогодишна детска бајка " која требаше да се одржи денес."Новогодишната детска бајка" како социјално забавен настан во соработка со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, здруженијата за лица со попреченост, основните школи од Охрид и ОСУ „Св. Климент Охридски“ имаше за цел да ги сплоти сите охриѓани посебно децата и ранливите категории на граѓани како желба и визија на покојниот Градоначалник проф. д-р Стојаноски кој воедно беше и покровител на целиот настан.Планираните активности, поддршка и предвидените подароци за децата со посебни потреби, социјалните семејства и донацијата за ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе се реализираат во новогодишните денови. Реализацијата на дел од предвидените активности е со поддршка од маркетите „Топ“ , „Миса“ и пекара „Феникс“ .ЈП „Билјанини Извори“ утре со почеток од 10 часот во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“ на сите деца од паралелките за деца со посебни потреби ќе им додели новогодишни пакетчиња ,додека пакетчињата за здружението за лица со посебни потреби "Добротољубие 2014" ќе им ги додели во 11 часот истиот ден во просториите на црковниот храм Св. Ѓорѓија. За здружението за поддршка на лица со интелектуална попреченост "Зраци" ќе им бидат доделени новогодишните пакетчиња дополнително во договор со нив.На 6 јануари со почеток од 11 часот во просториите на Студентскиот дом „Никола Карев“ ЈП „Билјанини Извори “ ќе донира храна на социјалните семејства. Примопредавањето на донацијата во помагала и реквизити за потребите на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе биде дополнително закажано во консултација со службите од градинката.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Охрид се уредува кружниот тек на Булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“

Јавното претпријатие „ Нискоградба“ од Охрид, работи на уредување на тротоарските површини и атмосферска канализација на кружниот тек на Бул. „ Туристичка“ и улицата „ Стив Наумов“ . Поставена е атмосферска канализација Ф-200 во должина од 45 метри со собирни шахти, а воедно просторно се уредува површина со бехатонска подлога на 350 м2 .

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Во Италија изрешетен заштитен сведок

Непознати лица го убија братот на крунскиот сведок против мафијата , иако бил под посебна полициска заштита, објави италијанската новинска агенција Ansa.Сторителите на убиството испукале во 51-годишникот најмалку 20 куршуми, додека го паркирал својот автомобил во гаражата на јадранскито крајбрежен град Песара.Случајот предизвика гневни реакции на јавнсота, бидејќи мажот бил под специјална програма за заштита на сведоците на Министерството за внатрешни работи. Жртвата, според локалните медиуми, е брат на припадник на озлогласената мафијашка организација ’Ндрагета, која се смета за една од најраширените и најбруталните во моментов во светот.

Свет | пред 7 години

marihuana

Истрага против четири лица, пренесувале дрога со чамец преку Охридско Езеро

По спроведената истрага против четири лица, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против двајца македонски државјани за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.„За еден од осомничените, албански државјанин, обвинителството во соработка со надлежните институции од Република Албанија во текот на истрагата не пронајде докази што упатуваат дека го сторил кривичното дело и за него е издадена Наредба за запирање на истражна постапка, а за едно лице, исто така албански државјанин кој по стореното кривично дело е недостапен на органите на прогонот е издадена Наредба за прекинување на истражна постапка која ќе продолжи по неговото пронаоѓање.Двајцата обвинети, со засега непознато лице и осомничениот кој е недостапен, во текот на месец февруари 2017 година договориле неовластено купување заради продажба на наркотична дрога – марихуана. Според договорот, дрогата требала да биде пренесена од Република Албанија до Република Македонија по водите на Охридското Езеро. Непознатото лице ја пренело дрогата сместена во пет вреќи, со моторен чамец до брегот во близина на струшкото село Калишта и ја предал на лице кое е веќе осудено за истиот настан. Осудениот потоа се договорил со обвинетите да им ја предаде дрогата, но не успеал. Во моментот кога се упатил кон договореното место бил запрен од страна на полициски службеници од СВР Охрид и по извршен претрес, на задното седиште во возилото со кое ја пренесувал дрогата биле пронајдени 14 пакувања наркотична дрога – марихуана со различна тежина, со вкупна нето маса од 38,955 килограми.“, велат од Основното јавно обвинителство.

Македонија | пред 7 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: Смешно е и јас би се смеел да сум на ваше место, оти некои во салава ништо не разбираат - разрешени двајца министри

Да, смешно е и јас би се смеел да сум на твое место, оти некои во салава ништо не разбираат, рече претседателот на собранието Талат Џафери на смеењето на пратениците на опозицијата, откако тој два пати побара службите да ги пребројат присутните пратеници за Собранието да може да гласа за разрешување на министрите без ресор Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски.Собранието на Република Македонија на денешната 77-седница на предлогот на Владата ги разреши Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.Премиерот Зоран Заев, во образложение на предлогот рече дека разрешувањето е исклучиво од политички причини и по одлука на двата коалициони партнери во Владата.– Јас сум задоволен од работата на министрите и верувам дека и во иднина ќе изнајдеме начин како да продолжи таа соработка. Се надевам дека Парламентот ќе даде поддршка на предлогот за разрешување, а во втората точка доколку тоа се случи ќе дадам предлогот за новите кандидати за овие две места, рече Заев.Пратеникот Илија Димовски, рече дека образложението не е добро и потребно е разрешувањето да биде врз основа на анализа за нивната работа.– Ве повикувам да го исполните даденото ветување за намалување на бројот на министри. Многу министри имате без ресор, за дел од нив јавноста воопшто и не знае какви активности има, рече Димовски.Пратеникот Самка Ибраимовски ги повика пратениците од опозицијата да го почитуваат и поддржат предлогот и одлуката на неговата партија за разрешување на Аксел Ахмедовски.– Не сме задоволни од неговото работење поради тоа што сметаме дека она што било планирно во делот на имплементација на стратегијата за ромите не е постигнат резултат за десет месеци, што проекти кои беа опфатени и реализирани во времето кога бев министер он само требаше да врши мониторинг и не успеа да врши мониторинг, рече Ибраимовски.

Скопје | пред 7 години

prasanja-zaev-angusev

На прашањето: Дали доколку нема цензус за избор на Претседател на државата, се размислува веќе да се подготват уставни измени, Заев одговори: Не доколку нема цензус, дајте да успееме да има цензус

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев денеска, во Музејот на современа уметност присуствуваа и говореа на презентирањето на проектите од таканаречениот „втор инвестициски бран“, кој се реализира во рамки на првиот повик од Столб 3 од Планот за економски раст.По настанот, претставниците на Владата одговараа и на прашања од интерес на новинарите, кои ви ги пренесуваме во целост:Прашање: Јас би сакала прво да ве прашам за Планот за економски раст. Вицепремиерот најави дека во наредните три дена ќе биде целосно исплатени средствата за компаниите и од првиот и од вториот столб. Колку што се сеќавам, околу 50 милиони евра беа предвидени оваа година, токму за Планот за економски раст. Колку од средствата се искористени од компаниите, колку фирми точно ќе добијат средства од сите столбови и статистика ако може да ни кажете како оваа година е искористеноста на парите од Планот за економски раст?Одговор на премиерот Заев: Господинот Анѓушев ќе каже, јас знам дека со оваа бројка стигнуваме до некаде повеќе од 250 компании. Драго ми е што токму тие компании го дигаат просекот на платите во Македонија. Огромен е процентот на реализација на Буџетот за поддршката на компаниите, односно сето она што конечно со ребалансот беше предвидено. Верувам се исплаќа до самиот крај. Но, еве деталите ќе ги каже потпретседателот на Владата, Анѓушев, заради тоа што и тој располага со тој Буџет.Одговор на вицепремиерот Анѓушев: Сите предвидени средства во Буџетот и ребалансот на Буџетот кои што беа за поддршка на економијата во Република Македонија се искористени. Заклучно со утре, ќе бидат сите тие исплатени. Над 250 компании во Република Македонија ќе бидат помогнати. Мерките ќе бидат распределени преку главно три столба на исплата, а тоа ќе бидат директно значи за финансиска поддршка на инвестициите. Понатаму, како активни мерки за вработување и преку Фондот за иновативност и технолошки развој за малите, микро и средни претпријатија.Прашање: Колку е вкупната сума, може да ни кажете?Одговор на вицепремиерот Анѓушев: Таа што беше предвидена во Буџетот, значи повеќе од 35 милиони евра.Прашање: Може ли да ни кажете, Владата вчера донела мерки за челикот, дека ќе се продолжат преговорите бидејќи компаниите и натаму тврдат дека ќе имаат проблеми? Какви одлуки се донесени? Дали Владата може да им помогне на компаниите кои имаат такви проблеми како што најавуваат?Одговор на премиерот Заев: И потпретседателот Анѓушев и потпретседателот Бујар Османи испратија две сериозни пораки, дека фокусот на Владата останува комплетно насочен кон поддршка на овие компании. Овие компании се Македонија, нашиот Бруто домашен производ, нашите работни места на нашите граѓани и слично. И втората порака е, дека не е навистина потребна некоја паничност. Се работи за просек од трите години, зголемен за пет проценти. Проблемот е, што сега е квота. И еден од друг се плашат, генерално, некој да не го зафати делот и на другите компании. Ние тука можеме да менаџираме, за да има правичност со сите. И секако им стоиме целосно на располагање на компаниите, да им бидеме сервис. Имаме дополнителна квота или таа глобалната, која што од било која земја ако не се искористи, можеме дополнително да ја искористиме. Проблемот е, што преку квотите, оние амбициозни планови, кои што се направени од страна на компаниите, а се многу поголеми од просекот од трите претходни години, не може до крај да се исполнат. Тука е самиот проблем. Но, верувам ако овие планови имаат тенденции, сакам да ги охрабрам компаниите да продолжат со своите планови, секој пат ќе се изнајдат решенија. Македонија блеска во очите на Европската Унија и секој пат разбирање мора да имаме. Во врска со оваа работа работеше потпретседателот Анѓушев, потпретседателот Бујар Османи, министерот за економија, лично разговарав со претседателот на Европската комисија, Јункер, сите заедно работевме на оваа тема. И нашата Амбасада е целосно посветена. Имаат дел од компаниите свои адвокатски тимови, помина и делот на инспекциските контроли од страна на ЕУ кон компаниите дома. И, верувам дека на крајот, сето тоа не смее да остане демотивирачки за самите компании. Така да, оние стотици милиони, двесте милиони евра апсолутно не е тоа вистина. Но, секако остануваме со целосно будно око и фокус кон поддршка на компаниите. И со намера да бидат охрабрени и да продолжат во имплементација на своите планови за 2019 година.Прашање: Премиере, дали доколку нема цензус за избор на Претседател на државата, се размислува веќе да се подготват уставни измени со кои тој би можел да се бира во Собранието? И да ни кажете, како во Вашата партија во СДСМ ќе се бираат кандидатите за Претседател и како со коалициските партнери тоа ќе го усогласите?Одговор на премиерот Заев: Ех колку тешки прашања. Крај на година е. Сакам оптимистички да размислувам. Не доколку нема цензус, дајте да успееме да има цензус. Тоа е редот, по Устав, по закон, да избереме Претседател. Мандатот на претседателот Иванов завршува на 12 мај, колку што знам. Како што тоа е определено, Македонија ќе има нов Претседател и согласно тоа да бидеме позитивно фокусирани на успешни, демократски избори кои што навистина ќе го изберат првиот човек на државата. Новиот Претседател на Македонија. Секако, можности постојат секакви, ако тоа не се случи. Но, не би сакал ниту да размислувам, ниту да дебатирам за такви можности. Заради тоа што, прво почеток на годината е. Второ, ниту разговарам во политичките кругови, ниту било каде, сè додека не заврши Парламентот со политичкиот процес поврзан околу важната цел, а тоа се уставните промени заради интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО. Верувам дека по празниците, по таа седница која што е закажана на 9-ти, токму ќе ги отвориме темите. Ќе дадеме одговори, на сите овие прашања. Но, мојот директен одговор е, дека верувам дека 40 проценти цензус ќе се постигне во еден компетитивен натпревар помеѓу повеќе кандидати, не само власт и опозиција, или левица и десница, или здружени и слично. Да имаат лепеза, граѓаните за избор, да може да изберат најдобро решение, заради тоа што се работи за Претседател на нашата земја.Прашање: Околу пратеничките бенефиции?Одговор на премиерот Заев: Апсолутно ги поддржувам реакциите кои што излегоа од пратеничката група на СДСМ. Нема потреба од такви закони. Пратениците се застапници на граѓаните и тие се граѓани кои што добиле чест, во еден мандат да ги застапуваат своите граѓани. Апсолутно ги подржувам нивните реакции, за целосно одбивање на вакви коментари, предлог-идеи или решенија околу ваквиот закон. Знам дека таков закон нема да се донесе.Прашање: Околу уставните измени за името, рековте имате 76 пратеници...Одговор на премиерот Заев: Толку потврдиле, со кои што разговараме. Тоа, не значи дека сите други одбиваат. Јас верувам дека ќе бидат навистина 85, 90, дај боже и повеќе. Тоа е, целта и затоа имаме вака инклузивен процес. Ви реков и кој се отприлика причините. Допрва следува доставување на амандмани од страна на пратениците на уставните амандмани. Веројатно, луѓето сакаат да се вградат, да дадат свој прилог внатре, свој коментар и согласно тоа кога ќе завршат сите тие постапки да ги кажат своите ставови, по основ на ова прашање. Јас, сум им благодарен на сите, кои што го истакнуваат својот позитивен став до сега. Заради тоа што, тоа го прави и за мене како Претседател на Владата или предводник на ваквиот процес за Парламентот, но најповеќе за граѓаните, поизвесен овој процес што доаѓа, но останувам оптимист дека најмалку двотретинско мнозинство или 80 пратеници ќе има на седницата на 9 јануари.Прашање: Вие не се кандидирате за Претседател на државата, дефинитивно соопштивте вчера?Одговор на премиерот Заев: Јас, дефинитивно не се кандидирам за Претседател. Зоран Заев не е кандидат за претседател и убаво е да се разгледуваат другите кандидати, да се коментира од страна на медиумите, од јавноста. Само така, ќе се изнедри на површина најдобрата личност, која што би била нашиот нов претседател.Прашање: Во Собранието денеска, се разрешуваат двајца министри, може ли околу причините поради кои побаравте нивно разрешување? И, планирате ли поголема реконструкција на Владата?Одговор премиерот Заев: Не планирам поголема реконструкција на Владата, барем не засега. Причините кои што се за разрешување на двајцата колеги се од страна на политичките партиципиенти во власта, или нашите политички партнери, се донесени одлуки од страна на раководствата на тие партии и бараа соодветна замена. Јас можам да го изразам задоволството од работата и соработката со двајцата министри. Да им се заблагодарам на нивниот ангажман, да ги поканам да останат во ангажман на јавниот сервис, преку извршната власт, служејќи им на граѓаните. Верувам дека ќе се најдат можности за понатамошен нивен ангажман. Веќе јас лично размислувам. Следуваат разговори со двајцата досегашни министри, верувам дека Парламентот ќе ја подржи ваквата промена, заради тоа што сме на крајот и политичка Влада, каде што своите партиципиенти, политичките партии имаат и свое учество, покрај другите кои учествуваат, од коморите, независни луѓе имаме во Владата и слично, да дадат свои нови претставници кои што достојно ќе им служат на граѓаните како министри во Владата на Република Македонија.Прашање: Уште една одлука била донесена на Владата, за некое ново задолжување од околу 9 милијарди денари, ако не се лажам?Одговор премиерот Заев: Тоа се одлуките, кои на крајот на годината се даваат како рамка на Министерство за финансии. Завршува годината, секоја година тоа се прави. Се донесува одлука, се дава една рамка и Министерството за финансии ги носи потоа своите одлуки. Најголем дел е тоа за рефинансирањето. Знаете дека обично се земаат краткорочни кредити, се враќаат исто така краткорочни обврски на државата. Тоа е таа рамка, која што вчера беше утврдена.

Скопје | пред 7 години

1_1

(ВИДЕО)Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа

Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа по завршување на 112-тата седница.

Скопје | пред 7 години

vozilo-krov

Тешка сообраќајна несреќа кај Континентал, возило се преврте на кров

Сообраќајка се случи попладнево кај хотелот Континентал во Скопје. На Ѕидот на сообраќајниот срам на социјалната мрежа фејсбук објавена е фотографија на која се гледа како возило е превртено на кров.Засега нема информации дали има повредени и како дошло до несреќата.

Скопје | пред 7 години

micevski

ВМРО ДПМНЕ: Не учествуваме во собраниската дебата за Кривичниот законик - ја уривате правната држава

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во собраниската дебата за Кривичниот законик, оти, како што велат, со тоа се урива правната држава. Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, вели дека предложените измени и дополнувања претставуваат погубни акробации на Зоран Заев и СДСМ.„Зоран Заев преку ова решение тргува со правото и правната држава. Многу од предложените норми се противуставни, спротивни на функцијата и намената на законот и просто нелогични и апсурдно бесмислени. Вакво нешто не е запаметено во политичката јавна сцена“, рече Мицевски.Собранието ја усвои потребата од донесување на измени на Кривичниот законик по скратена постапка. Предлагачи на измените се неколку пратеници од владејачкото мнозинство. Но од дневен ред беше тргнат членот 353 од Законот, според кој се обвинети или осомничени десетици луѓе во предметите на СЈО.Според овој член се осомничени и пратеничката Елизабета Канческа-Милевска, поранешните министриГордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски, потоа Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ...Со измена пак на друг член, кој исто така е на дневен ред, се отвора можноста осудениот за Труст, Василије Авировиќ, кој е син на пратеничката Владанка Авировиќ, да добие условна казна, наместо досудената од три години затвор. Пратеничката Авировиќ гласаше за отворање на уставните измени. Овој член ќе влијае и на казната на бизнисменот Сеад Кочан.

Македонија | пред 7 години

bugarski-pasosi

Нелегално издадените бугарски пасоши ќе се одземаат

„Македонците биле 'привилегирани' при добивање на бугарски пасоши", пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија, а во врска со скандалот со издавањето на државјанстваВаквта инфорамција беше објавена на Бугарската национална телевизија, а од БТВ се повикуваат на сведок кој одблиску е запознаен со скандалот.Според сведокот, биле ангажирани преку 100 „медијатори" кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.„Лесно можете да станете Бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските заокни се добива статус на постојан претстој. Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми и издаваат документи за отворање на седиште во Бугарија. И трета опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло." – вели сведокот за БТВ.Засега, македонското МВР нема добиено барање за вклучување во истрагата на бугарските органи на прогонот.

Свет | пред 7 години

pratenici-1

Пратениците кажаа да, за потребата за измени на кривичниот законик

Собранието попладнево со мнозинство гласови ја усвои потребата од донесување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка, чии предлагачи се неколкумина пратеници од владиното мнозинство.По ова ќе заседаваат собраниските комисии каде ќе бидат разгледани предлозите.Со измените на кривичниот законик се предлагаат измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набвки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години. Измената е во делот на затворскта казна која до сега изнесуваше 5 год, а сега се скратува на 4.Членот од кривичниот законик гласи: „Ако сторителот со извршување на делото од ставот 1 на овој член остварил за себе или за друг имотна корист од поголеми размери, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“.-Барањето за измени на Кривичниот законик е поднесен па повлечен три пати од вчера до денес. Барам да ни објасните за кои измени треба да гласаме, затоа што пратениците не знаат веќе кој предлог е повлечен, а кој не е, рече Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.На тоа претседателот на Собранието, Талат Џафери, одговори дека предлагачот има право да повлече предлог според процедурата.

пред 7 години

mvr1

Како на Филм: Во куманово застанале среде улица и почнале да пукаат

Вчера околу 16.00 часот, на патот во селото Никуштак, кумановско пукано е од непосредна близина во едно лице кое и покрај обидот, не е повредено. Настанот се случил откако двајца осомничени со патничко моторно возило застанале на патот откако го виделе оштетеното лице. Едниот од нив излегол и по краток разговор од непосредна билизина со огнено оружје пукал во оштетениот. Потоа веднаш влегол во возилото во кое подготвен чекал возачот – второто осомничено лице и се упатиле во непознат правец. Со овие дејствија двајцата осомничени сториле кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место. Издадени се Наредби за обезбедување и прибирање траги и материјални докази од местото на кривичниот настан. Ќе биде исвршен и распит на оштетеното лице. Според првичните информации, причина за обидот за убиство биле должнички односи меѓу двете страни.Основното јавно обвинителство Куманово ги презема сите дејствија за целосно расчистување на настанот.​

Македонија | пред 7 години

kancevska-milevska

„Амнестија“ и за Канческа Милевска, Мијалков, Пешевски....

На собраниската седница на дневен ред - предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка.за намалување на казните за злоупотреба на службената положба преку јавните набавки.Во овие измени казните за обвинетите по овој член, како што пишува МКД, може да се пронајдат Елизабета Канческа Милевска, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ, Владимир Пешевски..., би биле многу поблаги или дури би можело да дојде и до ослободување од гонење.Овие промени во Кривичниот законик беа предложени уште за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога власта почна да се соочува со предметите на СЈО.Предлагачи на овие измени се пратениците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Анета Симеска Димоска, Сашко Костов, Панче Иванов, Бети Рабаџиевска Наумовска, Милева Ѓоргиева, Илија Николовски, Лидија Тасевска, Ивана Туфегџиќ, Мери Лазарова, Горан Мисовски, Жаклина Лазаревска, Александар Кирацовски, Соња Мираковска и Ејуп Алими.

пред 7 години

davor

(ВИДЕО) Обид да се смират страстите во Бања Лука - ослободен таткото на Давид

Давор Драгичевиќ, таткото на 21-годишното момче Давор за чија неразјаснета смрт граѓаните од Бања Лука протестираат веќе девет месеци, е пуштен на слобода откако цела ноќ помина во притвор, поради што се организираа масовни протести во градот.„Против сите кои учествуваа во моето апсење ќе поднесам кривични пријави. Јас ќе бидам на плоштадот во 18 часот и не ми паѓа на памет детето да го препуштам на злосторниците и убијците. Мојот Давид ќе добие правда и сите во оваа држава ќе добијат правда. Не ми можат ништо ни за милион години“, изјавил Драгичевиќ по пуштањето на слобода.Драгичевиќ бил приведен поради загрозување на безбедноста, поради тоа што наводно му се заканувал на министерот за внатрешни работи на Република Српска пред владината зграда.Драгичевиќ ја обвинува покраинската власт и полиција за смртта на неговиот син, случај кој веќе девет месеци не е расчистен од институциите.https://twitter.com/knespoljac/status/1077520027350384640?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1077520027350384640&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.radiomof.mk%2Fpo-protestot-vo-banja-luka-osloboden-tatkoto-na-david-momcheto-chija-smrt-predizvika-gragjanski-revolt%2F

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања