„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

stojan-drugar-premier

Другар на премиерот со државни бизниси

Стојан Иванов, другарот од детството на премиерот Зоран Заев, добил уште еден партнерски бизнис со Владата. Од летоска, возачките испити во струмичкиот регион се полагаат кај Иванов, додека БИРН сега открива оти овој струмичанец на почетокот од годинава зел под закуп и 14 бифеа распоредени по министерствата и во неколку државни институции, објави Призма.мк.Владата го релативизира ова другарство, оттаму ни рекоа дека премиерот има пријателски релации со сите соученици од средно школо, меѓутоа Стојан Иванов беше прилично искрен во разговорот со нас во Струмица.„Како мали игравме фудбал! Учевме во истиот клас во средно и до ден-денес сме пријатели. За мене пријателството е света работа. Си одиме по родендени, слави, си бевме на свадбите и заедно сме биле и на одмори, сето тоа и пред да стане градоначалник.“„Меѓутоа, ниту Заев ми помогнал, ниту имав потреба да помага. Тој не знаеше кога и каде сум конкурирал“, дециден е Иванов.И од кабинетот на премиерот ги отфрлаат сомнежите дека тука постои фаворизирање по пријателска основа или кронизам.Македонија е мала земја, народски кажано, сите се знаеме и затоа кронизмот некогаш може да биде случаен или неизбежен. Сепак, истражувањето на БИРН открива дека Иванов претходно никогаш не конкурирал за бизнис поврзан со државата, меѓутоа годинава тоа го направил во два наврати.Стојан Иванов по професија е „безбедњак“, завршил Факултет за безбедност и работел во полето на своето образование како газда на фирма за обезбедување.Во 2012 ја продал компанијата и наредната година го отворил популарното кафуле „Концепт кафе“ сместено на струмичкото шеталиште во близина на главниот плоштад.Нема искуство со шоферските испити, освен кога самиот полагал.Законот предвидува, во секој од осумте региони во републиката, МВР да одбере само една фирма што ќе ги одржува возачките испити, што практично значи дека таа ќе има монопол.Сега фирмата на Стојан Иванов го има монополот теоретски да испитува, да оценува полигон и градско возење на подрачјето на градовите Струмица, Гевгелија, Валандово и Радовиш.Иванов вели дека идејата за испитниот центар му дошла постепено, по чаршијата слушал како граѓаните се жалат од фирмата што во последнава деценија управуваше со центарот. Плус, со месеци имало застој во полагањето.Токму годинава истекувала лиценцата за испитниот центар и МВР летоска распиша конкурс за да додели нова. Лиценцата ја доби другарот на Заев, а единствена конкуренција му беше фирмата што до тогаш ги спроведувала испитите.Во намерата да покаже дека тој навистина е подобар кандидат од претходниците, Иванов ни откри дека процесот за добивање на испитниот центар е таков што морал прво да инвестира, па потоа да конкурира.Со други зборови, вложил 150.000 евра пред да конкурира зашто едноставно така налагал законот.Морал да има одреден број висококвалификувани работници, кои се дефицитарни во струмичкиот регион, просторија од најмалку 50 квадрати во секој од четирите градови, вкупно 120 компјутери и возила од сите категории.На нашата забелешка дека личи на коцкарски потег некој да вложи толку пари, а да нема сигнал дека ќе го добие испитниот центар, тој коментира:„За коцкарскиот ризик се согласувам до една мера, но исклучиво од бизнис-аспект, како и секоја инвестиција што има ризици. Сепак, направив проценка дека тоа е инвестиција за која вреди да се ризикува, а Струмица е мало место и можев да претпоставам кои ми се конкурентите. Имав внатрешни информации дека претходниците не планираат да доинвестираат, оти беа „залегнати“ и сигурни дека повторно ќе го добијат бизнисот. Јас газев машки и ги победив“, вели Иванов и додава дека во трката за испитниот центар, од можни 30 бодови, тој добил 29, а конкурентите 20.Планира инвестицијата да ја врати за три или за три и пол години, односно речиси да ја удвои до истекот на лиценцата до 2023. Сега лиценците траат пет, наместо 10 години.Угостителството, пак, не му е непозната работа, но документите што ги обезбеди БИРН покажуваат дека Стојан Иванов речиси и да немал конкуренција во обидот да го земе бизнисот со владини бифеа.Владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) прво го раскинала договорот со фирмата што претходно ги услужувала министерствата, зашто уредно не плаќала кирија, па во февруари годинава го одржала јавното наддавање за вкупно 16 бифеа.За дури 14 од нив Иванов немал конкуренција и како единствен заинтересиран го добил правото да ги земе под наем во наредните две години.Тој ја искористил шансата и наддавал минимални суми од еден до девет денари на почетната цена за месечна кирија. Ако стартната цена во МНР била 67.176 денари, тој дал понуда повисока за цели четири денари и бидејќи немал конкуренција, го добил правото за 67.180 денари да го земе под закуп бифето во новата зграда покрај Вардар.На истото јавно наддавање, Стојан Иванов се соочил со конкуренција само за две бифеа и во двата случаи се откажал откако дал само по една понуда.Идејата на јавните наддавања, тоа се еден вид аукции, е државата да извлече максимум од понудувачите, со тоа што ќе ги мотивира фирмите да се натпреваруваат и со тоа сериозно да ја зголеми почетната сума што ќе ја добива за месечна кирија, меѓутоа на ова наддавање тоа очигледно не се случило.Едноставната математика покажува дека за сите 16 бифеа, Владата ќе добива само 156 денари повеќе отколку што била почетната цена.Зошто при доделувањето на бифеата немало конкуренција?СОЗР, на почетокот од февруари, распишала оглас дека ќе има наддавање, и тој траел десет календарски дена, од 2 февруари до 12. Огласот се појавил еден ден во два дневни весника, каде што и Стојан Иванов го забележал.Два дена по завршување на огласот е одржано наддавањето.Првично се пријавиле пет заинтересирани фирми, од кои две биле дисквалификувани бидејќи пријавите им биле неуредни и некомплетни. Тоа значи дека три фирми можеле да наддаваат, меѓутоа една од нив решила да не учествува во наддавањето, иако го поминала првиот круг.Така се отворила шансата Стојан Иванов сам да наддава за 14 бифеа, а со конкуренција се соочил само за бифеата во министерствата за животна средина и за економија.БИРН ја праша СОЗР дали се потрудила да се комплетираат двете понуди што биле одбиени, но оттаму ни одговорија дека би ги фаворизирале компаниите што доставиле уредна документација, доколку би го сториле тоа.СОЗР, исто така, нема информација зошто една од фирмите не наддавала, иако се квалификувала.Стојан Иванов отфрла дека и за овој бизнис му помогнал премиерот-другар.„Не сум нечија сенка, јас сум директор и основач на фирмите. Не сакам да се кријам само зошто премиерот ми е другар.“Извор: Призма.мк

Македонија | пред 7 години

ustav

Засега за уставните измени ќе гласаат 76 пратеници, а треба 80 за да помине

Не од 80 туку власта има поддршка за уставните измени од 76 пратеници. Неофицијално „виси“ поддршката за гласањето на измените во јануари од некои пратеници. Оние кои се сметаа за “сигурни“, во меѓу време се разочарале од амнестијата и новите притвори, а некои од пратениците нити негирале нити потврдувале дека ќе гласаат.Премиерот најави дека разговара со пратениците, но времето е кусо. Гласањето се очекува да биде меѓу 9 и 15 јануари.

Македонија | пред 7 години

bombradirnje

(ВИДЕО)Израел изврши воздушен напад близу Дамаск

Повеќе израелски ракети паднаа синоќа во близина на Дамаск, а повеќето биле соборени од сириската противвоздушна одбрана, јави сириската државна телевизија повикувајќи се на воени извори. Соопштено е дека тројца војници се повредени во нападот, а погоден е магацин со оружје, пренесува Ројтерс.„Нашата противвоздушна одбрана реагираше против ракетите на израелски борбени авиони испукани од либанскиот воздушен простор и ги собори повеќето од нив пред да ја погодат целта“, соопшти воен извор.Овие напади се први откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека САД ќе ги повлечат своите 2.000 војници од Сирија.

Свет | пред 7 години

Mitko-Cavkov

Чавков не поднесе барање за амнестија

Поранешниот директор на Бирото за Јавна Безбедност, Митко Чавков се изјаснил дека ќе ја докаже својата невиност пред судот, токму поради тоа и не поднел барање за амнестија. неговиот адвокат Сашко Дуковски рече дека законот за амнестија е донесен наменски, само за одредени лица.Запрашан како правник како гледа на тоа дека судијката Добрила Кацарска смета дека не треба таа да одлучува по поднесените барања, адвокатот на Чавков рече дека судијката е во право со нејзиниот став по ова прашање.Освен обвинетиот Чавков, барање за амнестија за 27 април не поднесоа обвинетите Јане Ченто, Игор Југ и Душко Лазаров.

пред 7 години

popovski

Апелациониот суд ја укина пресудата од 9 години затвор за Ѓоко Поповски

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот на СЈО „Триста“, односно за спорната набавка на МВР со која биле набавени 300 возила, и случајот го врати на повторно судење. Обвинет во овој случај, за злоупотреба на службената положба и овластување, беше помошник министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден на 9-годишна казна затвор.Со укинувањето на пресудата се укинува и обврската да му ја надомести штетата на МВР од 28 милиони денари во овој предмет на СЈО познат како „Триста“.Пресудата на 22 мај му ја изрече судијката Добрила Кацарска.

пред 7 години

mvr1

За 24 часа во Скопје: 9 сообраќајни несреќи, 17 возачи возеле пребрзо, 12 возачи користеле мобилен телефон, пајакот кренал 72 возила

Во текот на изминатиот ден (25.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со загинато лице, две со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди и едно лица се здобило со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 17 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи пет биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни.Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца поради неносење пропишана зимска опрема, 19 возачи поради неносење сигурносен појас и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило. Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 96 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Гувернерката на НБРМ: Новинарите се едни од главните афирматори на пораките на монетарната политика

„Комуникацијата е тековен предизвик за централните банки. Веќе е неспорно дека ефективната комуникација на централнобанкарските институции со јавноста секогаш ќе се одликува со одреден степен на флексибилност и приспособливост, во зависност не само од економското опкружување, туку и од интересот на јавноста и трендовите во делот на каналите и медиумите за комуникација и информирање, коишто поради развојот на технологијата и дигитализацијата, секојдневно се менуваат, се развиваат, се унапредуваат. Постојаното јакнење на транспарентноста, односно унапредувањето и развивањето на комуникацијата со јавноста, вклучително и со носителите на јавното информирање е предизвик и за Народната банка на Република Македонија. На редовна основа посветено работиме за да одговориме соодветно на предизвикот, и тоа истовремено посветувајќи внимание на двата пункта на комуникацијата – непосредната комуникација со јавноста и комуникацијата со медиумите. Притоа, настојуваме да не биде зголемен само интензитетот, туку и квалитетот на нашата комуникација.“ – истакна гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска во своето поздравно обраќање на Работилницата за новинари организирана од централната банка вчера во Скопје.Притоа, таа им порача на новинарите, дека за НБРМ, тие се едни од главните афирматори на пораките на монетарната политика пред пошироката јавност. „Не во смисла на наши гласноговорници, туку како индивидуи и професионалци чиј збор има тежина за јавноста, а коишто катадневно ја следат нашата работа“ – истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.Годинешново издание на Работилницата на коешто имаше најголем број учесници досега, се одликуваше со различен формат и концепт од досегашните, што е резултат и на обидот на НБРМ да го следи интересот на новинарите, како и нивните препораки искажани во текот на досегашната успешна соработка на централната банка со нив. Меѓу другото, во годинешниот концепт беше предвидено и повеќе време за дискусија и интеракција со учесниците.Работилницата беше фокусирана на две мошне важни теми, често присутни во новинарските текстови, прилози и анализи ‒ Анкетата на НБРМ за кредитната активност на банките и профитабилноста на банкарскиот сектор. Притоа, на овие теми беа одржани презентации од д-р Неда Поповска-Камнар од Дирекцијата за монетарна политика и истражување и м-р Михајло Васков од Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива при НБРМ. По секоја од презентациите се водеше и дискусија со учесниците, при што се одговорија повеќе нивни прашања.Во завршниот дел на настанот, главната економистка на НБРМ, д-р Анета Крстевска, којашто и претседаваше со Работилницата, имаше излагање што претставуваше осврт кон централнобанкарската комуникација во практиката, со одделен акцент на комуникацијата на НБРМ. Меѓу другото, беше посочено дека повеќето извештаи на НБРМ, како и објави на статистички податоци веќе се сумираат во посебни соопштенија, што значително ја олеснува комуникацијата со јавноста. Беа презентирани и податоците за индексот на транспарентност на централните банки, со посебен акцент на НБРМ. Динамички гледано, индексот на транспарентност на НБРМ покажува постојано зајакнување на комуникацијата на НБРМ со јавноста во доменот на монетарната политика, при што меѓу централните банки од регионот, НБРМ е лидер според степенот на транспарентноста. Во рамки на излагањето на главната економистка на НБРМ, одделно внимание им беше посветено и на согледувањата на комуникацијата на медиумите од практиката.На Работилницата, покрај тоа што се разговараше за темите коишто беа во нејзиниот фокус, се водеше дискусија и за искуствата на новинарите во комуникацијата со НБРМ во текот на изминатава година. Притоа беа прибрани и нивни препораки коишто ќе бидат разгледани и ќе бидат земени предвид при натамошното унапредување на односите на централната банка со јавноста.Работилницата заврши со дружење на коешто покрај учесниците, присуствуваа и уредници на средствата за јавно информирање и голем дел од новинарите коишто контактираа со НБРМ во 2018 година, присуствувајќи на организираните конференции за печатот, научни конференции и други настани, како и преку поставување прашања поврзани со централнобанкарското работење.И во натамошниот период, НБРМ ќе го подигнува нивото на својата транспарентност, унапредувајќи ги начинот, формата и каналите на комуникација, при што тимот на централната банка ќе се труди таа секогаш да биде општествено одговорна институција чија комуникација со претставниците на средствата за јавно информирање ќе биде на највисоко и најпрофесионално ниво и ќе биде пример за другите.

Скопје | пред 7 години

mvr

Се повредил додека автобусот бил во движење

На 25.12.2018 година околу 11,00 часот пријавено е дека на улица "Христо Татарчев" во Скопје, И.Т.(84) од Скопје, патник во автобус на ЈСП, додека автобусот бил во движење, се повредил. Со возило на брза помош бил пренесен во комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

6-2

Се разрешуват министрите Ахмедовски и Ќахил - ќе се избираат нови

Собранието на Република Македонија за денеска ја закажа 77-седница на чиј дневен ред се предлогот на Владата за разрешување на Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и на негово место да го избере Музафер Бајрам.Собранието, исто така на предлог на Владата, треба да го разреши Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, а на негово место да избере Елвин Хасан.На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог законот за прекршоците, Предлог законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог законот за управни спорови, Предлог законот за извршување на санкциите, сите во прво читање.

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 100% ја поскапе струјата што ги поттикна граѓаните на нееколошки начини за загревање

Погубните и криминални политики што цела деценија ги водеше ВМРО-ДПМНЕ преку кои го уништуваше зеленилото и животната срединa и ја поскапе струјата за 100%, резултираа со енормно загадување кое и денес се чувствува, обвинуваат од СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ и ја укина евтината тарифа на струјата и за 100 отсто ја покачи цената на електричната енергија и примора стотици илјади граѓани да се префрлат на други нееколошки начини за загревање на домовите, што придонесе за зголемено загадување“, стои во соопштението на владејачката партија во кое се додава дека Христијан Мицкоски како лева рака на Груевски, директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика е исто така одговорен за тоа.Се истакнува и дека наспроти неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон животната средина и здравјето на граѓаните, владата предводена од СДСМ и надлежните институции со голема сериозност му пристапиле на проблемот со загадувањето и преку низа мерки работат на негово намалување.„Се реализира проектот за гасификација кој покрај помали сметки за граѓаните ќе придонесе и за значително помала загаденост. Во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип. Интензивно се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци и Прилеп до Битола, во должина од 92 километри“, се наведува во соопштението во кое од СДСМ потсетуваат дека и градските власти во Скопје пристапиле кон сериозна акција за зазеленување.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Канализационата мрежа од неколку стотина метри која Заев ја претстави како капитална инвестиција

Зоран Заев уште еднаш покажа зошто СДСМ не треба да управува со Владата на Република Македонија.На Заев му требаа неколку минути за да наброи три капитални инвестиции кои се направени од оваа влада, збунето гледајќи во новинарот во првите неколку секунди го даде одговорот, дека оваа влада нема направено ништо, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, канализационата мрежа од неколку стотина метри која Заев ја претстави како капитална инвестиција по долго размислување е срам од невиде и размери. Наместо нови патишта и пруги, премиерот како капитални инвестиции претставува канализациони мрежи.,,Заев не спомна ништо за 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта кои ги ветуваше пред изборите од пред две години. Не спомна зошто ништо не направи.Заев уште еднаш покажа дека нема сработено ништо, се фалеше со проекти на ВМРО-ДПМНЕ како пругата од коридор 8 од Куманово до границата со Р. Бугарија.Закукулено замумулено Заев вели дека за него не е непотизам вработувањето на роднини на функционери од власта, патем признавајќи дека во изминатиов период распишал над 15.000 огласи во јавната администрација. Каде и кој се е вработен во јавната администрација, за која додека беа опозиција велеа дека е превработена.Како сега државниот апарат кој беше гломазен стана место за вдомување на партиски подобните.Заев многу зборуваше, но малку кажа, но едно потврди, дека ниту тој ниту СДСМ можат да ја водат државата. Црнилата мора да станат минато. Оваа власт мора да си замине”, се додава во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Силен земјотрес во Сицилија: Има повредени и голема штета

Доцна синоќа Сицилија ја стресе силен земјотред од 5 степени. повредени се 5 лица. Епицентарот на потресот се наоѓал 170 километри источно од градот Палермо, на длабочина од два километра под површина на земјата, соопшти Европско-Средоземноморскиот сеизмолошки центар.За среќа, никој од повредените не е во животна опасност, а неколку куќи биле разурнати.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Струмица - работнилница за новата европска перспектива на македонската индустрија за преработка на храна

Денеска во Струмица ќе се одржи работнилница за новата европска перспектива на македонската индустрија за преработка на храна овозможена од ИПАРД програмата. Работилницата ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а ќе се обрати и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.На работилницата, меѓудругото, ќе се разговара за мерките вклучени во ИПАРД Програмата 2014 – 2020, како што се за примарно земјоделско производство, за преработка и маркетинг на земјоделски производи, и за диверзификација и развој на рурални бизниси.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Началникот на ГШ на АРМ ќе реферира пред врховниот командант претседателот Иванов

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Васко Ѓурчиновски денеска пред претседателот и врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов и во присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе реферира за состојбата со борбената готовност на АРМ во текот на годината.На брифингот ќе бидат презентираат состојбите во АРМ за функционалните области како што се персонален менаџмент, морал, операции, обука и вежби, логистичко обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воената соработка.

Македонија | пред 7 години

vreme

Времето денеска: променливо облачно и студено

Во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен северозападен ветер најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од минус два до седум.Дневните температури денеска во Скопје ќе бидат 4 Целзиусови степени, Крива Паланка 1, Берово 0, Кавадарци 4, Маврово -2, Охрид 2, Битола 3, Дојран 7 степени.Утре ќе имаме сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе бидат повисоки: Скопје 5, Маврово -1, Охрид 3, Битола 3, Кавадарци 6, Крива Паланка 3, Берово 1, Гевгелија 8 степени.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања