Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

39390617_1966844386670554_4180278097100144640_n

Трамп му спуштил на ексминистер во Британија, оти мислел дека зборува со Русите кои се шегуваа со Заев

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон му спуштил на американскиот претседател Доналд Трамп, мислејќи дека станува збор за измама, откако веќе еднаш наседна и разговараше со руските комичари Вован и Лексус, кои вчера објавија разговори со македонскиот премиер Зоран Заев.Минатиот месец, Џонсон примил повик од кабинетот на британската премиерка Тереза Меј и му било кажано дека ќе го поврзат со Трамп, но тој не поверувал, рекол дека овојпат нема да наседне и спуштил. Потоа, се јавил во кабинетот на Меј за да се осигура, но оттаму му рекле дека на линијата навистина бил американскиот претседател. Двајцата потоа се слушнале.„Размислив набрзина, како што правам секогаш и реков: ’До сите слушатели на Радио Килкени, не поверував ниту за момент“, изјави Џонсон на 9 јуни за „Политико“.

Свет | пред 6 години

66399256_499084727328330_9092117119029477376_n

ФОТО: Публиката на Антички воодушевен од британската ѕвезда Ванеса Меј

Британската музичка ѕвезда Ванеса Меј, вечерва го отвори 59. издание на фестивалот „Охридско лето“. На Античкиот театар во Охрид, се бараше место плус, а публиката беше воодушевена од гала концертот на Меј.Таа е сместена во хотелот „Јуник“ во Охрид, кој важи за еден од најдобрите и најелитните. Меј го добила најголемиот апартман од 80 квадарати, со две засебни спални соби, работна соба и огромна тераса, а со оглед дека е веган, главниот кувар во хотелот и подготви специјално мени.Меѓу присутните на концертот се политичарите, а на почетокот, се обрати претседателот Стево Пендаровски.„Мора да направиме сè што е во нашата моќ да го зачуваме статусот на Охрид како град на УНЕСКО. Да правиме простор за другите во самите нас и да се стремиме кон вистинско граѓанско помирување преку правда и простување. Градејќи едно општество за сите, да се сетиме дека ние си припаѓаме едни на други и заедно му припаѓаме на поширокиот европски културен и цивилизациски простор“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

nefi-useini-otvoranje

(ВИДЕО)Со огномет се отвора дивоградба, како поинаку? - Фијаското на државата конечно прославено

Огнометот кој синоќа беше приреден над градот Охрид од страна на советникот на ДУИ Нефи Усеини ( кој на државно земјиште изгради угостителски објект кој е дивоградба ) претставува прослава и своевидно официјализирање на смртта на сите институции во Охрид од Полиција, до Обвинителство, па преку Локаланта и Владата.Во градот Охрид денес се коментира дека Нефи е Цар и господар кој владее со Судот, Полицијата, Обвинителството , Градоначалникот и со Премиерот. Но сепак Нефи не е тој кој сам гради дивоградби иако во јавноста се добива таков впечаток бидејќи тој е најприсутен во медиумите. Дибоградби се градат најмалку 20 години пред името на Нефи Усеини да стане медиумски експлоатирано, па така дивоградби се речиси сите тераси и доградби на Кеј Македонија од хотелот „Ривиера“ до хотелот „Гарден“, како и сите охрдски плажи кои исто така се целосно нелегално поставени, а за што во повеќе наврати јавно зборуваше и самиот Градоначалник Константин Георгиевски.Точно од сето ова е дека во Охрид нема функционални институции, тие се ставени во служба на оние кои имаат пари да им платат за да не функционираат, додека интересот на граѓаните и државата ( која ги плаќа водствата на овие институции ) е непозната категорија.Истакнати имиња од политиката како од сегашната локална власт така и од минатата синоќа присуствувале на свеченоста на отворањето, но вешто избегнувале да ги фатат објективите на фото апаратите.   

Македонија | пред 6 години

ilievski

Дисциплинска постапка за инспекторот кој откри неправилности на Tетовскиот Универзитет

Покрената е дисциплинска постапка против инспекторот Ѓорѓи Илиевски, кој јавно откри дека тројца високи функционери иако биле на функција незаконски се стекнале со повисоки стручни звања на Tетовскиот државен универзитет. Илиевски  откри во јавноста дека владините функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули се стекнале непрописно со повисоки стручни звања на Tетовскиот државен универзитет додека биле на должност.Илиевски на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија во Државниот просветен инспекторат (ДПИ). За медиумите изјави дека ќе инсистира сослушувањето да биде јавно, бидејќи, како што вели, повикан е на „дисциплинска“ бидејќи открил незаконитост. Случајот вели е пријавен кај Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Државната комисија за спречување корупција и Инспекцискиот совет.

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Заев се правда - вели не знаел дека објавениот разговор од „бомбата“ за Нешковски не е целосен

Премиерот Зоран Заев вели дека не знаел оти објавениот разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и екс премиерот Никола Груевски  за убиството на Мартин Нешковски не е целосен.Сето тоа што сум го знаел, и сум го објавил на еден транспарентен начин, секојпат кажувајќи за сите детали, рече премиерот Зоран, одговарајќи на новинарско прашање за објавениот аудио разговор во врска со убиството на Мартин Нешковски.– Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така да автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа, рече Заев 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still072

Груевски го обвини Заев дека манипулирал со јавноста кога ја објавил „бомбата“ за Нешковски

Поранешниот премиер, Никола Груевски,  доцна синоќа повторно се огласи преку својот Фејсбук профил, обвинувајќи дека актуелниот премиер Зоран Заев манипулирал со јавноста кога ја објавил „бомбата“ за Мартин Нешковски во 2015-та година.Во статусот Груевски се повикува на последната пуштена аудио снимка на Ел Чека, за наводниот разговор меѓу него и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, којашто се однесува на убиството на Мартин Нешковски.Еве што напиша Груевски на ФБ:Свесно манипулираше со народот... Со семејствата на Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените деца кај Смилковското езеро, со искрените луѓе кои верува на се што слушаа и што им беше сервирано, но и со целата домашна и меѓународна јавност, домашни и странски медиуми и политичари.Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде.Во таа криза ја гледаше својата шанса за доаѓање на власт, бидејќи поинаку беше инфериорен и беше и остана неконкурентен политичар надвор од локалното ниво, по речиси сите критериуми.Ова не е прв ваков случај каде се гледа како манипулирал со снимките и со народот за да не прикаже во најлошо светло. Пред некоја недела се појави целовита снимка на веќе објавена снимка во скратена “Заева” верзија во која изоставил еден дел каде се гледа како наши високи функционери одбиле поткуп, кој Заев ни во сон не би го одбил.Народот го измами со купишта вакви фабрикувани матерјали и измами.Остана доследен само на ветувањето дека ќе ги прифати сите барања на соседите во однос на македонското национално прашање, а за возврат да добие поддршка да владее на ист начин како во што видовме како претходно владеел во Струмица. Но тоа ветување не беше кон народот чие мнозинство не можеше да поверува дека такво нешто е подготвен да направи исто како што многумина неверуваа дека е можно да монтирал снимени разговори за да добие ефект кој го посакува.Прво монтирани снимки кои создаваат “експлозија од емоции” кај народот, а потоа по доаѓањето на власт нова измама преку притисок и наредба на судиите да ги прифатат овие монтирани снимки како клучни докази и шокантно и без објаснување како никаде во светот, да не прифатат нивно судско вештачење на нивната целовитост и автентичност.Целта повторно монструозна и нечовечка: своите политички конкуренти да ги заглави по судови, притвори, затвори и да бидат уништени во секоја смисла. За да владее по неговиот испробан терк “едно евро за вицето” што подолго.Баш фашистички монструозно.Каков нечовек треба да е некој за вака да ги остварува своите цели, напиша Груевски на ФБ.

Македонија | пред 6 години

sead-kocan

Сеад Кочан хоспитализиран, пет дена пред да се пријави за издржување на казната затвор

Бизнисменот Сеад Кочан кој требаше на 17 јули треба да се пријави за издржување на казната затвор од 4 години и 8 месеци, е примен на лекување во болница, бјави порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.Бизнисменот е осуден во предметот „Труст“ на СЈО. Тој е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна. Второобвинетиот, Василие Авировиќ, исто така беше осуден на затвор од три години, но Апелацискиот суд му ја преиначи казната и му одреди условна односно две години затвор кои нема да се извршат ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.Третиот кој беше обвинет во предметот, Сафет Ватиќ, доби ослободителна пресуда.

пред 6 години

vakcini-novi

Со МРП вакцина досега вакцинирани 32.653 лица на возраст до 14 години

Министерството за здравство информира дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) во целата држава изнесува 32.653. Од нив, 16.082 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека пак, 16.571 дете е вакцинирано во останатиот дел од државата.Во текот минатата недела (од 06.07 до 12.07.2019) се пријавени вкупно 11 сомнителни случаи. Од нив, 10 случаи се класифицирани како мали сипаници, што покажува намалување од 30 проценти, во споредба со минатата недела. Од вкупниот број пријавени случаи, седум се од Скопје, а останатите тројца од Куманово.Според вакциналниот статус, девет од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Оваа недела не се регистрирани нови случаи на мали сипаници кај здравствени работници.Во целата држава остануваат уште 10.203 невакцинирани деца на возраст до 14 години. Потребно е да се засили спроведувањето на вакцинацијата, особено на предучилишните деца надвор од Скопје, каде од вкупно 19.494 невакцинирани, досега се вакцинирани само 11.130 деца.Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со почнување голема кампања за вакцинација.Вакцинацијата е единствената мерка за заштита од мали сипаници. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат, се вели во соопштението од министерството за здравство. 

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Жена избодена на автобуска станица, уапсен нејзиниот поранешен сопруг

Денеска околу пладне на автобуска станица во Панчево, жена избодена во стомакот и грбот. Курир.рс објави дека полицијата го уапсила поранешен сопруг на повредената жена. Полицијата кај осомничениот пронашла нож.Осомничениот е познат на полицијата. Тој неколку пати бил во затвор, воглавно поради грабеж.Видеото од апсењето може да го погледнете тука.

Свет | пред 6 години

migranti_kola

Двајца обвинети за разбојништво врз мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица од вкупно петмина за кои имаше донесено  Наредба за спроведување истражна постапка поради  сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1  во врска со член 22 од Кривичниот законик.Двајцата обвинети кои се опфатени со обвинението  на 28 јуни  во село Трубарево, во непосредна близина на една бензинска станица, со употреба на сила нападнале врз животот и телото на двајца мигранти од Пакистан. Тие ги забележале мигрантите и им понудиле да ги превезат до граничниот премин Табановце за 200 евра. Откако оштетените се согласиле со сумата, ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви, со употреба на физичка сила ги совладале и им одзеле пари и други подвижни предмети во вкупна вредност од 75.000 денари.Заедно со поднесувањето на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.За тројцата кои беа осомничени и опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка,  обвинителството по завршување на истражната постапка утврди дека нема докази дека го сториле кривичното дело, па затоа донесе Наредба за запирање на истражна постапка. 

пред 6 години

balkanski-ris

(ВИДЕО) Снимки од НП Маврово, рај за очи

Фото замка камерите поставени низ НП Маврово  ги „ловат“ преубавите животни низ Националниот Парк. Благодарение на овие снимки имаме фотографии од Балканскиот рис, волци, срни, мечки, диви свињи, зајци.Снимките се направени со со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко ДруштвоГлавната цел на Акцискиот план е да се даде значителен придонес кон заштитата на популацијата на критично загрозениот балкански рис, но освен од овој вид на животно, направени се и фотографии и видеа од други животни, меѓу кои и волк.Во Националниот парк и неговата потесна околина се среќаваат помеѓу 10 и 18 рисови, со просечна густина од 1,7 риса на 100 км2. Фактот дека популацијата е помала од 50 возрасни единки го сместува балканскиот рис во категоријата на критично загрозен (CR) според еден од критериумите на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) и како таков е ставен од 2015 година на Црвената листа на IUCN.https://www.facebook.com/mavrovo/photos/a.535925219859747/2307688116016773/?type=3&theaterhttps://www.facebook.com/mavrovo/videos/869933783381048/ https://www.facebook.com/mavrovo/videos/886407351721779/ https://www.facebook.com/mavrovo/videos/2393185164275839/https://www.facebook.com/mavrovo/videos/429560704546803/ https://www.facebook.com/mavrovo/videos/453913372090636/  

Македонија | пред 6 години

trgovija-so-deca

Со намера да се ожени, ја купил 15 годишна жртва за сума од 1600 евра од нејзиниот малолетен роднина

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Трговија со дете од член 418-г став 1 во врска со став 22 од Кривичниот законик. Воедно, до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје е поднесен Предлог за примена на санкција спрема деца во судир со законот над 16 години за истото кривично дело.Обвинетиот, македонски државјанин, во април годинава со намера да се ожени, ја купил петнаесетгодишната жртва за сума од 1600 евра од нејзиниот малолетен роднина, иако знаел возраста на девојчето. Малолетникот ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на претходно договорен присилен брак, со измама ја земал и ја однел на договореното место. Осомничениот ја исплатил побараната сума и употребувајќи физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба го повел со себе девојчето кое пружало отпор. Жртвата искористила прилика и во погоден момент избегала и се јавила на своите родители.Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинениот.

пред 6 години

soo-pak

МВР со детали за сообраќајната незгода во која загина едно лице

На 11.07.2019 година околу 15.00 часот на магистралниот пат Охрид - Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев му испратил порака на Вучиќ дека е изманипулиран, а на Тачи лично му се извинил

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за ТВ Клан Македонија истакна дека како непосреден и директен човек постојано комуницира со цел да се решат проблемите, но, најави тој, ќе се зајакне протоколот за телефонските разговори, откако двајца руски комичари лажно му се претставиле и го убедиле дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.– Комуницирам со премиерите и претседателите од целиот свет. Сум се слушал со најголемите лидери, како што е канцеларката Меркел, потпретседателот Пенс. Разговорите потоа јавно ги објавуваме преку соопштенија. Протоколот ние го знаеме кога ја правиме конекцијата. Но секојдневната потреба на оваа мала земја да се интегрира, да се избори, го ставаат премиерот и други функционери да комуницираат директно со својот мобилен телефон – рече Заев.Тој вели дека искомуницирал со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, поради тоа што, мислејќи дека разговара со Порошенко, говори дека е против идејата за надминување на косовското прашање преку размена на територии.– Не сакав да се мешам во внатрешните работи, туку ги охрабрувам двете земји да најдат заемно прифатливо решение. Му пуштив порака на Вучиќ дека сум изманипулиран, лично се извинив на Тачи, го објаснив тоа што го кажувам, дека е слушнато од кулоари – рече Заев, додавајќи оти ги охрабрува двете земји да се вратат на преговарачка маса.Според него, зад разговорите не стои Русија, туку станува збор за приватна работа.

Македонија | пред 6 години

20190703093800

„Мој ДДВ“ достапна и за корисниците на „ајфон“

Апликацијата „Мој ДДВ“ стана достапна и за корисниците на оперативниот систем iOS, односно на „ајфон“.Веста ја соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на нејзиниот профил на „Фејсбук“.ТУКА можете да ја преземете апликацијата и да скенирате фискални сметки.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања