Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

dolni-saraj-ohrid

Нухиу за Охрид: Да ти се плукнам во државата каде коалициски интереси се над законите

Новинарот Арменд Нухиу на социјалните мрежи се огласи по повод дивоградбите на ДУИ во Охрид и на Матка.„Нефи Усеини, советник на ДУИ завчера отвори пицерија дивоградба во центарот на Охрид. УНЕСКО во февруари ќе го извади Охрид од неговата листа. И никому ништо. На Матка луѓе на ДУИ држат диви платформи, никому ништо. Да ти се плукнам во државата каде коалициски интереси се над законите“, пишува Нухиу.Нухиу во еден од своите статуси напомена и дека ДУИ со години работи на ширење на некој квази национализам со кој се обидува да ја затскрие својата неспособност.

Македонија | пред 6 години

DSC_0002.01_00_59_04.Still009

Најчевска за Усеини: Време е да му кажеме на насилникот кој изградил пицерија кај најстарото дрво дека не се согласуваме

Професорката Мирјана Најчевска на социјалната мрежа „Фејсбук“, повикува на одговорност за сите оние кои ги прекршуваат законите. Таа се осврна и на дивоградбата кај Чинарот во Охрид, за која вели „Да му кажеме на насилникот кој изградил пицерија покрај најстарото дрво во државата дека не се согласуваме со тоа.„Не знам во кој момент се променија вредностите.Во кој момент стана престиж да бидеш глуп, неук, примитивен, насилен?Во кој момент знаењето го замени итроштина, а професионалноста блеф.Не знам.Само знам дека тоа не се случи ни вчера, ни завчера.Постепено пробиваше за да процвета во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.Пред тоа имаше еден-двајца примитивци и колку што се сеќавам само еден професор промовираше вулгарност и примитивизам.Денес веќе имаме генерации кои не знаат за поинаков вредносен систем.Генерации на бесни, полни со омраза, примитивни млади луѓе кои лаат и гризат и гребат и гнасат се што ќе им дојде под рака.Не бегаат младите луѓе од државичето само затоа што не можат да најдат работа или затоа што немаат материјални средства за убав живот.Бегаат и оние кои едноставно не може да ја поднесат атмосферата на омраза и непријателство и нетрпение и нервоза и насилство и непристојност.И нема да се вратат независно од економската ситуација.Оваа држава стана држава во која не е пријатно да се излезе на улица, не е пријатно да се појде во продавница, не е пријатно да се појде во училиште, не е пријатно да возиш ни да одиш пеши, не е пријатно да одиш во ресторан или на пазар, не е пријатно да се живее.Ова е држава на насилници кои уништуваат. Заштитени од власта.Мислам дека е време да им се спротиставиме.Не со демонстрации. Туку секој ден во секоја ситуација на секој можен начин.Време е да кажеме дека навредите не се културен белег и дека љубезноста не е слабост и дека насилството не не импресионира и не не плаши.Време е да и кажеме на госпоѓата која ја остава вреѓата со ѓубре покрај влезната врата дека тоа не е во ред и да им кажеме на децата од маало дека тепањето маче не е кул и да му кажеме на насилникот кој изградил пицерија покрај најстарото дрво во државата дека не се согласуваме со тоа и на функционертот кој го запира сообраќајот за да пројде дека тој е наш службеник, а не газда.Некако мислам дека е сега крајно време“, напиша Најчевска.

Македонија | пред 6 години

vanesa-mej

(ВИДЕО) Светската виолинистка Ванеса Меј со порака до Владата

Светската виолинистка Ванеса Меј која го отвори Охридско лето, во соработка со Анима Мунди упати порака до Влада на Република Македонија да преземе мерки и да сопре труењето на бездомните животни.– Навистина ме растажува кога слушам дека во земјава се случуваат масовни труења на кучиња и мачки по улиците. Ја повикувам Владата да престане со слободна продажба на отрови затоа што тоа е навистина нехумана активност. Кучињата не бараа да бидат овде и заслужуваат најголема љубов и почит. Затоа ве молам заедно со Анима Мунди промовирајте вдомување на бездомни животни бидејќи ја заслужуваат вашата љубов, наместо да промовирате одгледувачи, порачува Меј, во видео пораката споделена од здружението за заштита на животните Анима Мунди.https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/336015240659254/

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still072

Груевски: Заев ги остави судиите да мислат како да постапат со снимките, а тој „се тргна настрана”

Бегалецот Никола Груевски повторно се јави од Будимпешта преку социјалната мрежа „Фејсбук. Тој повторно го обвинува премиерот Зоран Заев дека „бомбите“ кои ги објавуваше биле кратени, а судот пак дека добил само третина од материјалот.„Заев вчера јавно во изјава потврди дека не само снимката поврзана со Мартин Нешковски, туку повеќето снимки кои и ги пушташе на јавноста во 2015 – ги крател.При тоа одбегна да одговори зошто кога ја крател, ја скратил и монтирал на таков начин да создаде перцепција дека навистина јас и Јанкуловска сме сакале да прикриеме убиство.Одговорот е јасен: за да дојде на власт. Ама ќе беше многу ако и тоа го признаеше. Ако еден ден има судење за оваа измама како резултат на која во болница завршија 40 повредени полицајци, признанието и каењето ќе му биде земено како олеснителна околност.Ако во јавноста деновиве не се појавеше долгата верзија на снимката од која се слуша дека воопшто не сме сакале да прикриваме убиство или сторител, ќе останеше впечатокот од скратената снимка, но и од контекстот кој на снимката и го даде Заев пред да ја пушти во 2015 година, дека сме договарале како да го прикриеме убиството и сторителот.Како и да е, Заев на јавноста и на судиите и обвинителите денес јасно им даде до знаење дека сечел, лепел, крател и со такви работи се занимавал. Додатно кажа и дека тој поседувал и доставил до судот само една третина од снимките поврзани со случаите. Со тоа кажа дека има уште две третини од разговорите за сите случаи за кои се суди, кои ниту ги пуштил на јавноста ниту судот ги има на располагање па треба да носи пресуди на база на само една третина од разговорите, напиша Груевски.Тој се чуди и како можел судот да не побара вештачење на „бомбите“, туку со врзани очи му веруваат на Заев.-За најмала сообраќајна несреќа со скршен жмигавец и фар, судот нарачува вештачења за судијата да е сигурен дека носи исправна одлука. Ама за тоа дали се кратени и монтирани снимките од Заев со кои е планирано да осудат стотици луѓе главно негови политички противници, судиите одлучија да нема вештачење.Зошто?Па затоа што веројатно знаат и тие дека ако ангажираат надворешни експерти-вештаци за аудио матерјалите ќе се констатира нешто со кое потоа нема да можат да ги донесат планираните и нарачани пресуди.Заев си призна и јавно си кажа. Ги остави судиите сами да мислат како да постапат. Неофицијалната нарачка од него до нив за осудителни пресуди врз основа на снимките не е повлечена, а јавно тој “се тргна настрана” признавајќи дека сечел, лепел и монтирал, а им доставил на судиите само по нешто од снимките.Инаку, има уште најмалку три тешки законски прекршувања околу снимките заради кои судиите мораат да се ослободат од снимките како доказ за да не го кршат Законот.Прво, овие снимки- т.н. докази, им се само копии, кое не е споредено со оргиналот.Второ, нелегално се прибавени.Трето, СДСМ ги има доставено до СЈО надвор од рокот предвиден во Законот за приватност.Сега судиите се исправени пред дилемата: личниот кредибилитет и законско работење или нарачките на Заев спакувани со ред понуди за унапредување, вработувања на луѓе од семејството и слично и ред закани, напиша Груевски на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Се скара Милошоски со Канал 5

Откако Милошоски на фејсбук ја прозва телевизијата Канал 5, каде била да известува за убиството на Нешкоски, тие го прашаа зошто владата од која бил дел, правела обиди да го заташка случајот. Исто така го предизвикаа и да одговори кој тогашен функционер од МВР вршел медиумски притисок да не се известува за случајот.-Во 2015 година, ТВ Канал5 слабо известуваше за убиството на Мартин Нешковски, а после објавата на “бомбата” од Зоран Заев, во траење од 3 минути. Една угледна новинарка, тогаш вработена во Канал5, а сега во друга телевизија, кажа дека тогаш од МВР имале забрани за истражување и известување. Денес, за среќа, се гледа дека Канал5 има многу добри релации со МВР и Владата.Овие денови сведоци сме дека таа “бомба” за Мартин Нешковски во целост траела 12 минути, а скратените 9 минути можат да значат и кратење од вистината или манипулација на мотивите.Затоа прашање е дали денес уредниците на ТВ Канал5 ќе ги искористат добрите релации со владата и ќе истражуваат во име на јавниот интерес, во име на вистината, што се случило со убиството на Мартин Нешковски, што се случило со целосната прислушкувана “бомба” и дали некој од политиката или МВР го има злоупотребено овој трагичен настан?, напиша Милошоски на фејсбук.Од телeвизијата, пак не му останаа покуси, па јавно му поставија неколку прашања:-Господине Антонио Милошоски ние го слушаме гласот на нашите гледачи, макар биле и партиски војници, па затоа го прифаќаме Вашиот предизвик.Еве во име на јавниот интерес Ве замолуваме да одговорите на овие прашања:1. Зошто владата во која бевте министер, молчеше за убиството цели 48 часа?2. Дали некогаш сте побаравте одговорност во вашата партија и во владата за очигледниот обид да се прикрие и заташка случајот?3. Дали сте се запрашале кој и зошто од МВР и владата тогаш вршеа силен притисок врз медиумите да не известуваат за убиството?Канал 5 има принципиелен став за разно-разните “бомби” – ниту порано ниту сега не ги објавува, од проста причина, да не влегуваме во валканите политички игри. Но, затоа се надеваме дека истрагата што ја води СЈО еден ден ќе даде одговори на прашањата кои Ви ги поставивме и Вам. Како што беше со случајот “Моќник” во кој сте првоосомничен, и кој се надеваме еден убав сончев ден кога Македонија ќе стане правна држава, ќе добие и судска разрешница, велат од Канал 5.

Македонија | пред 6 години

E5FEA7AB-5EA0-4839-B007-D5BAD74F84AC

Страотна судбина на мигрантите: Момче пронајдено како едвај дише со расечен врат во прегратките на својот починат татко

Десетгодишно момче e пронајдено едвај живо, со расечен врат како лежи во рацете на починатиот татко во сојузната држава Веракруз во Мексико. Ужасниот настан ја шокираше Америка, а вознемирувачките фотографии објавени на Си-ен-ен покажаа дека момчето на вратот има долга рана од 7 сантиметри. Трагедијата на најлош можен начин го илустрира очајот на многу луѓе од Централна Америка.Таткото и момчето од Гватемала биле нападнати од членови на картели додека патуваа низ Веракруз во Мексико на нивниот пат кон САД, изјави претседателот на мексиканската организација за борба против човековите права Раул Хернандез. Момчето Кристијан (10) и неговиот татко Руди (37) го напуштиле домот на 28 мај годинава во потрага по подобар живот. Со нив патувале и братот на Руди и неговиот син тинејџер. Тие му платиле на криумчар на мигранти да ги однесе во САД, но тој ги оставил во Мексико, каде што биле киднапирани од припадници на наркокартелот Лос Зетас.Пабло Оједа Карденас од Министерството за внатрешни работи во мексиканската држава Моралес изјави дека киднаперите, наводно, се јавиле на семејството на киднапираните во САД и побарале откуп од 12.000 долари. Семејството успеало да собере 8.000 долари, но киднаперите повеќе не им одговориле.Неколку дена подоцна, на 6 јули, Кристијан и неговиот татко биле пронајдени како лежат на патот, оставени да искрвават до смрт. Таткото Руди починал наскоро, додека неговиот син бил пронајден каков едвај дише. Мексиканските власти објавија дека вујкото и неговиот син успеале да избегаат и се безбедни. Кристијан бил префрлен во болницата каде што му е обезбедена целосна лекарска грижа. Тој бил опериран и, според медиумите, закрепнува. Исто така добива и психолошка помош.Мигрантите кои патуваат низ Мексико често се цел на криминалци и стануваат жртви на кражби, изнудување, силување и убиство. Во 2010 година во североисточниот дел на Мексико беше откриена масовна гробница со 72 тела на мигранти, 58 мажи и 14 жени. Мексиканските власти велат дека веруваат дека тоа главно се однесува на граѓаните на Хондурас и Ел Салвадор, но има и луѓе кои доаѓаат од Еквадор и Бразил.Покрај криминалците, на мигрантите им се закануваат и други опасности. Неодамна, светот ја виде фотографијата на Оскар Алберт Мартинез и неговата двегодишна ќерка Енџи Валери како лежат во калта во близина на градот Матамороса во Мексико. Еден ден претходно, тие се удавиле при обидат да ја преминат реката Рио Гранде и да дојдат во Тексас.Министерот за надворешни работи на Гватемала изрази сочувство до семејството на Кристијан и вети дека ќе ги плати сите трошоци за превоз на телото во земјата и на погребот. Тројцата преживеани имаат две опции – да останат во Мексико со хуманитарна виза или да се вратат во Гватемала.

Свет | пред 6 години

mickoski-novo-selo

Имам комуникација со Ахмети, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното интервју за телевизија Алсат истакна дека не ја исклучува можноста да организираат протести, потенцирајќи дека тие би биле мирни. На прашањето какви се односите на ВМРО-ДПМНЕ со албанските партии и дали тој како лидер се сретнал со нив, Мицкоски рече:-Имаме средби, разговараме. Загриженоста е присутна и во едниот и во другиот блог. Споделуваме иста мака, маката се вика моментална влада во Република Македонија. Се разбира дека комуницираме. И со ДУИ имаме комуникација. Во рамките на Парламентот, пратеничките групи комуницираат. Јас имам комуникација со господинот Али Ахмети, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

el-cheka

Ел Чека до Заев: Кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој

Kичевецот Шеќерим Ахмети – Ел Чека преку фејсбук му испрати порака на премиерот Зоран Заев, откако тој во последното интервју рече дека ќе побара негово апсење.„Слушнав дека Зоран Заев ќе побара од САД да ме апсат, бидејќи им ги вадам на виделина нивните нивните злосторства и криминали кои ги имаат направено овие главните во државата кои се од глава до пета криминализирани. Зајче, кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој, да не испадне после да ти кренат слушалка оние руските комичари“.Заев се правдаше дека неговите прислушувани разговори не се слични на оние кои ги објавува Ел Чека за раководството на ДУИ, пишува ИНА.

Македонија | пред 6 години

policija-traka

Излетал од патот и удрил во бетонски ѕид, починал на лице место

На 12.07.2019 околу 14,35 часот на локалниот пат Илинден-с.Ајватовци било пријавено дека   патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки управувано од В. Д. (60),  излетало од патот и удрило во бетонски ѕид.Возачот В.Д  починал на местото на настанот.Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.

Скопје | пред 6 години

el-ceka-696x454

Ел Чека ги повика Села и Касами на протест пред Влада

Објавувачот на прислушкуваните разговори, Шеќерим Ахмети, во јавноста познат како „Ел Чека“, преку својот профил на Фејсбук, ги повикаа лидерите на албанските опозициски партии Зијадин Села и Билал Касами да се приклучат на повиканиот протест кој треба да се организира на 26 јули пред Владата во Скопје, пренесува Журнал.-Јас како организациски совет на протестите заедно со сите совети кои ние ги формиравме во цела Северна Македонија ги повикуваме Зијадин Села и Билал Касами (Алијансата и Беса) дека на 26.07.2019 во 14:00, петок ќе одржиме протести во Скопје пред Владата и пред Парламентот.На секој протест кој ќе го организираме да бидат присутни заедно со нивните членови, и да не молчат. Молчењето е криминал и на секој протест што ќе го оржиме да бидат присутни заедно со нивните членови. Протестите се национални. Редот е на партиите да го поддржат народот. Оние кои не го поддржуваат не се со народот. Секој протест надвор од овој е национална поделба, напиша Ел Чека.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still161

(ВИДЕО) Шилегов „видно расположен“ дојде на Антички

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за првпат дојде на отварањето на „Охридско Лето“.Протоколот го пречека Шилегов и го смести во ложата до претседателот и премиерот.Ова е прв пат Шилегов да дојде на „Охридско Лето“ па видливо беше дека малку е „дезориентиран“ и „видно расположен“ но и „чудно возбуден“.Присутните гласно прашуваа “Дали е стабилен? Што му се случува”?Најверојатно исполнет од сите овие „состојби“, тој во еден момент почна дури и да прави чудни шеговити гестикулации кога се поздравуваше со премиерот и неговата сопруга, заборави да се поздрави со директорката и нејзиниот сопруг (застанувајќи и потпирајќи се со телото целосно над него), а кога се поздравуваше со претседателот Пендароски, Петре се свитка, искриви и како да легна на Антички позади Заев.ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОТО ДО КРАЈ:

Македонија | пред 6 години

66399256_499084727328330_9092117119029477376_n

Поповски порача дивоградбите во Охрид да се отстранат како ,,диво месо“

Македонскиот театарски режисер, Александар Поповски, на отворањето на Охридско лето вчера во Античкиот театар, порача дивоградбите да се отстранат како ,,диво месо“, алудирајќи на позната театарска претстава од Горан Стефановски.„Ако дивоградбите ги разбереме како метафора на нашиот свет, тогаш Горан, треба твоето ,,Диво месо“да го земеме како рецепт. Значи, јас читам сега диво месо, а вие слушајте диви градби. Диво месо е верување дека ако некому влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се оформи месо кое не е човечко и кое ќе расте и ќе нарасне толкаво што ќе го загуши човека. Месото мора да се откорне со нокти, а раната да се изгори со жар“ порача Поповски.

Македонија | пред 6 години

66582564_10157934304547565_5155080899850665984_n

Поставени знаци за забрането капење во Охрид

Во Охрид на плажите на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост се поставени знаци забpaнето капење.„Колекторот после толку години не е во функциja и ова е причината поради која капењето е забpaнето. Ало фотелјаши, вие што се гpижeвте, што кажувате дека ќе не биде дали сте нopмални? До кога ќе го yништyвaте и она малку убаво што остана во Република Македонија? Kpиминалци едни нecпособни! Се работи за здpaвјето на луѓето, за yништyвање на природа, за yништyвање на туризмот, пишува на Фејсбук универзитетскиот професор Самоил Малчески.

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-2

(ВИДЕО) Целиот државен, јавен и бизнис врв на отворање на Охридско Лето

Со присуство на претседателот, премиерот, лидерот на опозицијата, целиот дипломатски кор, највидните бизнисмени, менаџери, доктори, потоа министри и градоначалници од повеќе градови, како и актери, уметници и други јавни личности вечерва на преполниот „Антички театар“ во Охрид беше отворено овогодинешното „Охридско Лето“.Концертот на светската ѕвезда го следеа стотици граѓани кои стоеа на околните ѕидови, а некои стоеја простум и во самиот „Антички театар“ во кој немаше ни едно празно место.Погледнете во видеото и фото галеријата како беше и кој се беше вечерва во Охрид:ФОТО ГАЛЕРИЈАПретседателот и Премиерот со сопругите Елизабета и Зорица.Градоначалникот на Охрид со сопругата Елена.Лидерот на опозицијата Кристијан Мицкоски со сопругата, претставници на партијата од Охрид и познатиот кардиолог Сашо Кедев.Новата амбасадорка на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнс.Еден од најпознатите и најуспешните менаџери во Македонија, Ламбро Патче.Филип Стефаноски - сопственик и директор на најголемиот охридски туроператор ДМЦ Балканс со сопругата.Златко Муцунски - славен бизнисмен и догогодишен мецена на „Охридско Лето“ кој е познат и како најредовен посетител кој ги следи буквално сите настани на фестивалот од почеток до крај.Нина Кепеска, славна поранешна новинарка , сега ПР менаџер. Директорот на  М НАВ Томислав Тунтев. Директорот на „Царина“ Ѓоко Танасоски. Сопственикот на „Лаки Хотел“, Лазе Танески со сопругата.  

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still162

(ВИДЕО) Мицкоски без протоколи, со Кедев, Ганка и Донев

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Кристијан Мицкоски вечерва на Антички театар дојде без протокол и надвор од официјалните гости поканети од фестивалот.Мицкоски купил карти на заеднички ред и седишта со првиот човек на Комитетот во Охрид Сашо Донев и познатиот и реномиран кардиолог Сашко Кедев, а друштво им правеше и легендарната министерка за култура Ганка Самоилова, како и охридскиот кардиолог Дејан Манчески кој со сопругата седеше веднаш до нив.ВИДЕО:

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања