Она што му се случува на Охрид не е поинакво од останатите еко-катастрофи во вукоје*инава, пишува Ѓоршевски
Oна што му се случува на Охрид не е ништо поинакво од сите останати еко-катастрофи во вукојебинава. За кратко време и цело езеро ќе биде забрането за капење. И да, ќе ја изгуби и заштитата од УНЕСКО и ќе се претвори во жабурник. И во Дојран течат фекалии во езерото. И Преспанското доживеа еко катастрофа исто така. Попова Шапка е една голема депонија. Шуми стари по 80 години опустошени од дрвокрадци. Водно само што не се срушило. Пред неколку месеци преку 500 активни пожари пустошеа. Дебарското езеро и Радика полни со фекалии од околните канализации. На Пелистер ниту една изворска вода не е безбедна за пиење. За воздухот треба ли да се зборува? И кој што презел?Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор. Орките на Толкин се персонификација на зло оти уништуваа шуми, природа и се што е живо и убаво, а не им пречеше само мрак и отровен воздух. Се препознавме?Пиромани, ловокрадци, дрвокрадци, дивоградители, оние кои создаваат депонии, уништувачите на национални богатства...Сите тие се продукт на популистичката доктрина во политиката која не се менува: Ги знаеме кои се ама не ги казнуваме оти се од "нашите" или ај ближат избори, па да не ја дивиме работата...Kои ваши бе загреота едни!И веќе никој не се плаши нешто да уништи. Кој завршил во затвор поради уништување на животна околина? Никој. Толку дрвја се исекоа, толку шума е украдена, толку диви депонии и дивоградби никнаа. Ниту едно име не е објавено во јавност како одговорно за тоа, а не пак казнето. Онаа дивоградба од човек Рамиз Мерко се исмејува со цела држава, отвора дивоградба сред Охрид и покрај итните препораки од Унеско директно работејќи против интересите на државата и ниту една институција не го повикува на одговорност, дури и виновни испаднаа новинарите што реагирале.Е баш поради ова никој веќе не ја препознава Меркодонија за свој дом. И цела декаденција, вандализам, сиот бојкот на државните правила, сето расфрлање на националното богаство и уништување на животната средина се последица на таа психологија.Не станува збор веќе ниту за индиферентност, туку во граѓаните владее и некоја сугестивна омраза кон државата и нејзините институции. Омраза поради лагите, манипулациите, неправичноста и корумпираноста на политичките елити што трае и трае. И патриотизмот е фејкерски, политички индоктриниран.Патриотизам не е колнење на политичари по социјални мрежи, туку е родољубие - да си ја сакаш и заштитуваш сопствената животна средина.Фејсбук статус на Филип Ѓоршевски
Коментари | пред 6 години