Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

kupatilo-1

(ФОТО) Нуркачки центар „Akvatek“: Некој го реновирал тоалетот, па се исфрлил во Езерото

Деновиве многу е актуелно Охридското Езеро и неговата загаденост. Членовите на Нуркачки центар „Akvatek“ како големи вљубеници во Охридското Езеро, постојано апелираат да се внимава што се фрла во Езерото.Тие на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии на кои се гледа како некој „паметен“ се досетил по реновирање на тоалетот се што му вишок да фрли во Езерото.– Некој си го реновирал тоалетот. Секоја чест, БРАВО, пишуваат од „Akvatek“.Додаваат дека локацијата е помеѓу „Сараиште“ и „Мостот на Желбите“, на околу 100 метри од брегот, на длабочина од 5 метри.https://www.facebook.com/AkvatekOhrid/photos/pcb.2198483896916475/2198478333583698/?type=3&theaterФотографиите се дело на Никола Паскали.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Труење со храна на свадба во Струга, 10 лица завршиле во болница

Гости кои синоќа биле на свадба во ресторан, во струшкиот регион, побарале медицинска помош. Причината, неофицијално, била тортата што била купена од друго место, а потоа донесена на свадбата.Од болницата во Струга велат дека примиле 10 пациенти, иако според извори на Алсат оваа бројка била поголема. Според директорот на болницата, Мухамет Асани, пациентите биле примени со симптоми на дијареа и повраќање. По лекарски преглед, пациентите биле пуштени на домашно лекување.-Нема пациенти кои се хоспитализиран во нашите одделенија. Ниту еден од примените пациентите не бил хоспитализиран, бидејќи не биле во тешка состојба и по медицинската интервенција биле пуштени дома – објаснил Мухамет Асани, директор на Болницата во Струга.Од Регионалниот центар за јавно здравје во Охрид, за Алсат информираа дека како институција, ако добијат повици од Агенцијата за храна и ветеринарство, тогаш ќе земаат примероци од храната.

Македонија | пред 6 години

Grujo3

Најчевска: Груевски крадеше од луѓето кои немаа и создаде систем кој нема да го осуди за тоа

Професорката Мирјана Најчевска прашува како екс премиерот Никола Груевски станал толку богат кога нема бизнис, а примал државна плата. Таа вели дека тој е обичен крадец, и дека создал систем кој нема да го осуди.„За сите оние кои уште не разбираат: ГРУЕВСКИ Е ОБИЧЕН КРАДЕЦ. СТАНУВА ЗБОР ЗА НАЈВУЛГАРЕН, НАЈПРОСТАЧКИ ОБЛИК НА КРИМИНАЛ. НЕМА НИШТО СУПТИЛНО, НИШТО ИНТЕЛИГЕНТНО. НЕМА НЕКОЈА ПОСЕБНА ИЗМАМА. КРАДЕШ ОД ЛУЃЕ КОИ НЕМААТ, ГИ ИЗМАМУВАШ И ГИ СОГОЛУВАШ ДО ГОЛА КОЖА. И СОЗДАВАШ СИСТЕМ КОЈ НЕМА ДА ТЕ ОСУДИ ЗА КРАЖБАТА.А тие гревови без заби и без здравје и без образование и без достоинствен живот врескаат и го бранат сопствениот крадец.Уште еднаш ќе повторам? КАКО ГРУЕВСКИ КОЈ НЕМА БИЗНИС ТУКУ ЦЕЛ ЖИВОТ ЖИВЕЕЛ НА ДРЖАВНА ПЛАТА СТАНАЛ ТОЛКУ БОГАТ?ВЕ МОЛАМ ПРОБАЈТЕ ДА РАЗМИСЛИТЕ СО ВАШИОТ СОПСТВЕН МОЗОК.Може да ме навредувате колку што сакате, може да мислите дека сум вештерка и овца и ругоба и неписмена и роспа и продадена душа и ... Ама ајде пробајте да си одговорите сами на себе: од каде му се парите на Груевски? Тој имал непречен достап само до вашите сопствени пари. До ничии други. Можел да земе само од државната каса која се полни од парите на граѓаните“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

3169B869-27C3-4D25-8F61-35690402F511

(ВИДЕО) Ѓоковиќ: Ќе дојдам во Македонија, Охрид морам да го видам

По триумфот на Вимблдон тенисерот Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата ја прифати поканата на македонскиот премиер, Зоран Заев, да ја посети Македонија. Одговарајќи на прашања од новинарот на „Макфакс” дали повторно би запеал македонска песна, Ѓоковиќ рече дека му фали кумот кој ја пееше со него „Македонско девојче“.„Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада”.Запрашан дали ја видел јавната покана упатена од премиерот на државата Зоран Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам”, порача вимблдонскиот шампион.Делот од видеото со овие одговори е на 16.15 минути.

Спорт | пред 6 години

angusev-22

Анѓушев: Половина од новите кинески возови се неисправни

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев, откри денеска дека се неисправни половина од шестте воза кои ги набави претходната Влада, а дека ниту еден воз не го поминал техничкиот прием. Анѓушев рече дека возовите не ги задоволувале условите, поради што се водат и постапки, додаде, во надлежните институции.-Од шест гарнитури дојдени од Кина за патничкиот сообраќај половина се веќе неисправни. Договорите се такви да треба да се одржуваат во Кина. Тука треба јавноста да знае дека тие се уште не се ниту технички примени. Убаво што се возевме, убаво што ги видовме, но не се технички примени затоа што не ги задоволуваат условите по договор, затоа има постапки што ги водат институциите – рече Анѓушев.Владата на ВМРО-ДПМНЕ инаку ги набави возовите во 2015 година, за близу 25 милиони евра, а државата парите ги обезбеди од кредитот на ЕБРД.Што се однесува до договорот за локомотите, напомена тој, четири исто така требаше да пристигнат од Кина.-Првата требаше да пристигне во јануари 2018, а тек сега пристигнува, врз основа на договори од 2016 година. Тоа јавноста треба да го знае – додаде Анѓушев.Вицепремиерот посочи дека Македонски Железници е во тешка и незавидна финансиска состојба со долг од 80 милиони евра, не сметајќи ги тука каматите.-Нови набавки во железницата не треба да има затоа што Железницата, ние мора отворено да кажеме, има над 80 мил евра долгови без камати. Железницата е во многу тешка состојба која што е наследена и предизвикана од ваквите потези, мислам дека таквите информации со јавноста треба да бидат споделени. Излезно решение во Железницата, ние го најавивме веќе, е во делот на Транспортот. МЖ Транспорт треба да оди во приватизација. Треба да се најде оператор кој што тоа соодветно ќе го прави пред се обезбедувајќи нови ликвидни средства. Ако сакаме Железницата да ги задоволи стандардите треба да се инвестираат 50 милиони евра. Инфраструктурата и пругите треба да останат во сопственост на државата – рече Анѓушев.

Македонија | пред 6 години

20160610145505-1024x502

За една година ќе биде пуштен дел од автопатот Кичево Охрид, вели Анѓушев

Недостиг на финансиски средства бил главна причина за застојот на изградбата на патот Кичево-Охрид, кој траел четири години, а сега фокусот е за период не подолг од една година половина од тој пат да биде пуштен во употреба.Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за Сител напоменувајќи дека одобрението за кредиот од Ексим банка го добиле пред два дена.-За Кичево-Охрид имаше застој не поради неорганизираност или технички проблеми, туку поради недостиг на финансиски средтва. Кредитот со Ексим банка беше истечен на 19 јануари и практично немаше финансиски средства за да се продолжи со работа. Аплициравме во ноември, но одобрението од Ексим до добивме пред два дена и сега ќе се интезивираат работите на патот Кичево-Охрид, особено во делот од Врбјани до Охрид. Ќе гледаме половина од тој пат, кој е со должина од 60-тина километри, односно околу 30 километри да биде пуштен што е можно најбрзо, во период не подолг од една година, истакна Анѓушев.Тој нагласи дека автопатиштата се надвор од буџетот и се во буџетот на претпријатието за државни патишта. Нагласи дека за патот Миладиновци-Штип перцепцијата е дека нешто се успорило.-Напротив овој пат се гради четири и пол години. Во првите две беа изградени околу 55 отсто потоа за една и пол година беа изградени 45 отсто и тој е пуштен за употреба, додаде Анѓушев.

Македонија | пред 6 години

Koco-Angjusev-vlada

Анѓушев: Секоја компанија без проблем ќе го носи предзнакот македонски

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за Сител изјави дека на ниту една компанија од  Македонија нема да се ускрати да го носи предзнакот македонски.Еден од приоритетите за грчкото Министерство за надворешни работи во Владата на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис е ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа, а Анѓушев напомена дека Мицотакис веќе остварил контакт со премиерот Зоран Заев, кој бил мошне позитивен и тие јасно и прецизно кажале дека Договорот не може да се промени без согласност на двете страни.Вели дека во Договорот од Преспа прашањето за брендот е јасно утврдено – секоја од државите може да го заштити својот бренд и секоја може да го користи предзнакот македонски.

Македонија | пред 6 години

vodno-krst

ФОТО: Се расипа осветлувањето на Милениумскиот Крст

Осветлувањето на Милениумскиот Крст не работи. Од вечерва, само дел од светилките на Крстот се функционални. Не е познато, која е причината, односно зошто Крстот на Водно не е целносно осветлен.Милениумскиот крст на Водно доби нов систем за осветлување во 2015 година, кога блесна со нови 280 лед светилки. За реализација на проектот беа искористени и 198 илјади евра, средства добиени од спонзори.Финансирањето на проектот и организацијата на работите беа реализирани од страна на компанијата „Балкан Енерџи Груп“, а значителни парични средства донираше и Леонид Лебедев, руски донатор и општествен деец. Kaрактеристични црти на новиот систем за осветлување се неговата висока енергетска ефикасност и економичност.

Скопје | пред 6 години

3169B869-27C3-4D25-8F61-35690402F511

ВИДЕО: Историски драматично финале на Вимблдон, Ѓоковиќ го победи Федерер

Во едно од најдраматичните финалиња воопшто одржани на Вимблдон, овој пат меѓу Ѓоковиќ и федерер, финале кое ја „залепи“ и македонската ајвност за ТВ екраните, по четири часа игра и 2:2 во сетови, последниот, петти сет донесе изедначен број гемови за двајцата по што се играше последниот маратонски гем на поени.[embed]https://twitter.com/samstennis189/status/1150457584358346753?s=20[/embed]Правата драма настана кога Федерер освои брејк и беше на дофат на победата со својот сервис, но Ѓоковиќ веднаш врати изнедначувајќи. Следеше игра со поен за едниот и поен за другиот, до 12:12 во петтиот сет.Тогаш почна финалето на финалето. Ѓоковиќ поведе со 3:1, па со 4:2, следеше 5:3, и сервис на Ѓоковиќ. Поен за Ѓоковиќ и 6:3, со поен до победата и три сет топки. Но со следен сервис на Федерер. За жал на Швајцарецот,а  за еуфорија во Србиај и Македонија, Ѓоковиќ го добива седмиот поен и тој уште еднаш е крал на Вимблдон.

Спорт | пред 6 години

mickoski

Јас и моите соработници лобираме Македонија да добие датум од ЕУ во октомври, вели Мицковски

Европерспективите не се нивна сопственост и тие немаат никакво право да ја укинуваат иднината на граѓаните. Затоа јас и сите мои соработници се ангажиравме да лобираме Македонија да добие датум во октомври, вели лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, во интервју за српска „Политика“, коментирајќи ја работата на Владата во евроинтеграциите.-Не треба државата и народот да бидат казнети заради криминалното владеење на Заев. Доколку Македонија не добие датум во октомври, Заев и останатите околу него ќе мора да заминат во политичка пензија, а ВМРО ДПМНЕ ќе дојде со нов тим, компетентен и чесен, кој ќе ги спроведе реформите и ќе ја внесе Македонија во ЕУ. Единствена загуба ќе бидат овие три години во кои Заев си донесе живот само за неговите најблиски, а ја врати Македонија десетина години назад – вели Мицкоски.Според него, Заев треба да си поднесе оставка по објавената снимка каде наседнува на пранкот на руските комичари.-Другите политичари кои биле таргет на комичарите ја сфатиле измамата после десетина минути. Зоран Заев не ја сфатил ниту после една година. Според неговото признание, доколку не биле објавени снимките, тој се уште ќе мислел дека комуницира со вистинските Порошенко и Столтенберг. Значи не еднаш или два пати, туку којзнае колку пати Заев комуницирал со нив. Сега гледаме дека им испраќал и пораки и фотографии. Ги нарушил сите дипломатски протоколи. За жал нарушувањето на протоколите не се единствениот проблем. Од снимките се слуша дека премиерот Заев е подготвен да влета во коруптивен скандал и да дава поткуп на вселенскиот патријарх Вартоломеј. Човекот мисли дека сите функционираат како негоЈас не верувам дека има сериозен меѓународен партнер кој би споделил со Заев чувствителна информација, откако слушна како ги прераскажува состаноците и разговорите и како споделува фотографии со личности по телефон без да провери со кого комуницира – вели Мицкоски кој бара техничка влада и предвремени избори.Тој уште еднаш повтори дека е спремен да отпочне нови преговори со Грција за името, доколку Мицотакис е спремен за тоа.-Доколку и Грција покаже спремност за тоа, не гледаме причина зошто ова прашање не би го отвориле одново. Меѓународните партнери поддржуваат договор меѓу двете земји, но неговата содржината им е од второстепено значење. За нив ќе беше прифатливо што и да се договоревме – посочува Мицкоски.Според него, владинтата реконструкција била со намера Заев да дојде до поголема моќ.-Заев ја направи реконструкцијата да се дограби до парите на граѓаните, а притоа никој да не го контролира. Единствена цел на целата операција беше тој и неговото семејство да имаат 100% контрола врз буџетот. На граѓаните им е преку глава од Зоран Заев. Се што кажа излажа – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

ademi

Адеми до Милчин: Не го негирам постоењето на хотелска градба во Лагадин, или пицеријата кај Чинарот

На острата реакција на професорот Владимир Милчин на својот Фејсбук профил му одговори министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмон Адеми.“Жалам што професорот Милчин ја испревртува мојата изјава. Јас никаде не го негирам постоењето на хотелска градба во Лагадин, или пицеријата кај Чинарот, ниту пак нив ги третирам како скали или гаражи.Напротив велам дека постојат хотелски објекти, куќи и ресторани кои се дивоградби, но постојат и такви дивоградби како гаражи, скали, огради, тераси…итн.Заштита на Охрид и охридскиот регион е комплексен процес. Дивоградбите се само еден сегмент од тој процес“, напиша Адеми.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Крвава драма во Скопје: Го прободел со остар предмет, па пукал во него

Вчера околу 21,50 ч. во Скопје, на ул.„Џон Кенеди“ Е.М(32) од Скопје пријавил дека  по претходен договор се сретнал со неговите познаници А.А. (40) од Скопје и  Б.Н во нивното патничко моторно возило „БМВ“, а во врска со давање на пари. По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица. На Е.М. му е укажана помош во ГОБ„Св.Наум Охридски“. Се работи на целосно расчистување на случајот

Скопје | пред 6 години

policija-6

Скопјани се степале за паркинг во Дојран

На 14.07.2019 во 01,15 часот во Стар Дојран во близина на плажата Свети  Никола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка од страна на А.К (31) од Скопје, Љ.М(42) од Скопје, од една страна и И.М(21) од Скопје и Б.А(21) од Скопје од друга страна.До нарушувањето дошло по претходна расправија околу паркирање на возило. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

granica-makedonija

На ГП „Богородица“ се чека и до 4 часа

Километраска е колоната од возила, од од првата наплатна рампа во Грција се протега до граничниот премин Евзони-Богородива, кои чекаат на влез од Грција в земјава.На граничниот премин се чека и до 4 часа, јавува 24.мк.За излез од државата односно влез во Грција на преминот Богородица се чека од пет до десет минути.

Македонија | пред 6 години

trska-1-1

Министерот што не се замараше со граѓаните си доби ново министерство, трската си гори, фекалии во езеро, а ние сме хистерични?, прашува Мицковски

Додека Жерновски, Адеми и тоj мртвиот коњ од градоначалник си го шетаат газот до Баку, каде инаку презентираат лажен закон, функционер на нивниот коалиционен партнер си дига дивоградба/пицерија во центарот на Охрид, пишува на својот Фејсбук профил новинарот Ивор Мицковски.„Дивоградбата со огномет, балончиња и сечење лента, му ја отвара градоначалникот на Струга, криминалец кој додека централните власти донираат 50 мил. евра за општините, тој си купува Ауди од 70 илјади евра.Си гори трска, си присвојува имот и плажи, и никому ништо.На се тоа, нашиот сакан и храбар премиер, им ветува на сопственици на дивоградби/хотели, дека ќе се погрижел да се легализира екочудовиштето.Во Кочани, Швајцарија со донација од 21 мил. франци ни отвара пречистителна станица.Охрид затвора плажи заради премногу фекалии во езерото. И некој си гомнар од министер без ресор, преварант пар еклселанс, ќе ни кажува дека дивоградбите во Охрид се броеле на прсти, а јавноста била хистерична.Притоа ветуваа промени, наместо метла, уште една епска превара. Министерот што не се бавеше со граѓаните, и што за загадувањето ни кажуваше дека не сме ние Швајцарија, си доби ново министерство, Министерство за ДУИ, ни помалку, ни повеќе.И ние сме биле хистерични...“, додава Мицковски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања