Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

katica-boki-kiceec

Боки 13 и Кичеец барале рекет за стопирање на „Империја“, случаи кои ги води обвинителството на Јанева

Катица Јанева е обвинителот која ги водела случаите за бизнисменот од кого Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец изнудувале рекет од 8 милиони евра. Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, користејќи ја блискоста со јавен обвинител ветувал на познатиот бизнисмен дека ако му плати 8 милиони евра, ќе ја запре истражната постапка која се водела против него. На Јовановски му помагал бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец.Двајцата се сомничат за дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Според информации на „Скопје 1“, станува збор за случајот „Имеприја“, во која првоосомничен е Орце Камчев. Извори брифираат дека наредните денови и шефицата на СЈО, која денес даде оставка, ќе биде повикана на распит во Обвинителството за организиран криминал.

пред 6 години

druzina-boki

(ФОТО) Боки 13 и веселата дружина

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој денес беше уапсен, а против него се води постапка за незаконско влијание и перење пари, важеше за пријател на високи функционери и јавни личности. Боки 13 на социјалните мрежи изминатите години споделуваше фотографии со познати ликови како Мила Царовска, Фросина Ременски (со која и деловно соработуваше), Александар Кирацовски, Оливер Спасовски, Катица Јанева и други. 

Македонија | пред 6 години

zoki-kiceec

Русковска бара притвор за Боки 13 и Зоки Кичеец, на ред е судот

Првиот човек на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, побара мерка притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски, кои попладнево беа уапсени.Русковска на прес-конференцијата рече дека во предлогот кој го доставиле до судот детално образложиле зошто бараат притворДвајцата се осомничени за кривично дела „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари.

Македонија | пред 6 години

zoki-kicheec-boki-13-960x564

Боки 13 и Зоки Кичеец барале 8 милиони евра за да запрат истражна постапка против бизнисмен

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, користејќи ја блискоста со јавен обвинител ветувал на познат бизнисмен дека ако му плати 8 милиони евра, ќе ја запре истражната постапка која се водела против него. На Јовановски му помагал бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец. Двајцата се сомничат за дело „Примање награда за протизаконито влијание“.„Од месец ноември 2018 до месец април 2019 година првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставувал меѓусебен контакт меѓу првоосмничениот и осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот. На средбите осомничените ги увериле сведоците во влијанието на првоосмничениот врз јавниот обвинител и за посредувањето во два наврати примиле еден милион и петстотини милиони евра“, соопшти Вилма Русковска.На средбите меѓу Јовановски, Кичеец и сопругата на бизнисменот, а некогаш и бизнисменот, било договорено да се исплати 5 милиони евра за „да се изнајдат олеснителни околности“ во постапката против него. Јовановски и Кичеец, од бизнисменот успеале да земат само еден милион евра.„При овие средби, од сведокот биле побарани 8 милиони евра за да се запре истражната постапка, а доколку постапката не се запре, тогаш во насока на изнаоѓање олеснителни околности, сведокот требало да исплати 5 милиони евра, со тоа што веќе дадените еден милион евра во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4 милиони евра било договорено да се исплаќаат на рати. Откако осомничените се посомневале во доверливоста на средбите и можноста за откривање на кривично правниот настан, повеќе не остварувале средби со сведокот во таа насока“Со средствата кои Јовановски ги земал, плаќал одмори, купувал облека и други предмети. Обвинителството го гони и за кривично дело „перење пари“ бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Катица Јанева поднесе неотповиклива оставка во СЈО

Специјалното јавно обвинителство известува дека пред неполни 15 минути првиот човек на специјалното обвинителство Катица Јанева поднесе неотповиклива оставка.„Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена. Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја. Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник. Дозволете, јавно да се заблагодарам на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција. Ја користам приликата да се заблагодарам на сите граѓани и на медиумите кои со довербата во нас и поддршката која ја даваат се ветер во грб за одговорната работа која ја вршиме. Бев и ќе останам подготвена да се борам за подобро утре на сите граѓани на Република Северна Македонија.“ - стои на сајтот на СЈО.

пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Геровски по апсењето на Боки 13: Ги повикувам жртвите на рекет да отворат уста

Ова е прв одлучен и жесток упдар против „бомбашкиот рекер“, вели новинарот и уредник Бранко Героски откако излезе информацијата за приведувањето на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец.Како што веќе објавивме, според информации од истрагата, приведувањето е за случај за рекет.– Акцијата на органите на прогонот е прв одлучен и жесток удар против „бомбашкиот рекет” во Македонија. Иако се уште ги очекивам детаљите од истрагата, се сомневам дека тоа е причината и за оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Како што е познато, јас веќе со недели водам своевидна медиумска војна со ова зло, поради што бев изложен на многубројни навреди и атаци. Сето тоа ќе се заборави. Сега ги повикувам жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот. Доста молчевте, господо бизнисмени, додека безобѕирно ве толчеа. Со или без путер на главите, време е да пеоговорите. Апелирам и моите колеги новинари да го прекинат заветот на молчење. Отворете уста, колеги, време е. Ајде нека дојде сега до израз вистинското истражувачко нивинарство. Првиот што ќе се охрабри јас лично ќе го предложам за европската награда за истражувачко новинарство – вели Героски.Тој на Плусинфо објави низа колумни во кои пишуваше за случаи на рекетарство од лица од медиумскиот бизнис и политичари од владејачките структури, по што Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага по допрен глас. Героски во неговите колумни пишувше за „Коки“ и „Кики“, измислени имиња за вистински ликови кои вршат рекет и уцени.

Македонија | пред 6 години

zoki-kiceec

Уапсен бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец

Приведен е и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец.Тој е близок со поранешениот директор на УБК Сашо Мијалков.  Милески е уапсен во еден скопски ресторан.Инаку на барање на обвинителството за организиран криминал, утринава е уапсен Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Уапсен е Боки 13

Сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски познат како Боки 13 пред малку е уапсен на Граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје, објави Канал 5.

пред 6 години

Нема фотографија

Горивата од ноќеска повторно поскапуваат

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, повисоки максимални цени на горивата.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50ден/лит,  а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.  Лидат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,50 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,343 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 36,081 денар.Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,35 проценти. 

Македонија | пред 6 години

konj-skopje-3

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Уште еден измачуван коњ почина сред Скопје

Вознемирувачки фотографии објавени на фејсбук страната на Ѕид на сообраќајниот срам. Коњ почина на сообраќајница во Скопје. И ова е едно од тие животни кои се измачивани, прегладнети и дехидрирани, едно од оние животни кои настрада поради впрегнатост во запрежна кола. И ова како и многу други за кои информираат медиумите е експлоатирано до максимум, поради што истото колабирало на улица.Инаку ова не е прв случај коњ да почини од премореност. Пред само 5 дена истото се случи на кејот од Вардар. И тогаш на социјлните мрежи се пишуваше дека починатото животно фрлено на кејот од Врдар било измачувано. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2381717911914123&set=pcb.1631722966959127&type=3&theater

Скопје | пред 6 години

euronews

„Euronews“ отвра регионално претставништво во Белград, договорот го носи Макрон

Српски „Блиц“, објави дека Телевизијата „Euronews“ доаѓа во Србија. Како што пишува порталот договорот веќе бил потпишан претходната недела, а извршниот директор на „Euronews“ Мајкл Питерс ќе биде во делегацијата со претседателот Емануел Макрон кој денеска пристигнува во Белград.Договорот бил потпишан пред една недела, но до вчера како што пишуваат српските медиуми не било возможно да се открие. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Во Србија, дедо си ги уби зетот и внукот, а ги рани снаата и другиот внук

Во Књажевац синоќа биле убиени две и тешко ранети две лица. Едно лице починало на лице место, друго во болница откако во нив пукал роднина со пушка. Уште две лица се здобиле со тешки повреди.Полицијката го уапсила 63-годишниот Ненад Рониќ кој е осомничен дека синоќа во околу 20 часот во дворот од семејната куќа во Књажевац со пушка убил две лица, а две тешко ранил и потоа избегал од местото на злосторството, информира Курир.рсОд здобиените повреди во дворот на Рониќ веднаш починал 38-годишниот Јастреб Асановиќ, додека 19-годишниот Иван Рониќ им подлгнал на повредите во болница.Убиените, како што пишува Курир.рс, се зет и внук на Рониќ, додека 20-годишната Романа и 15-годишниот Б.Р. кои со тешки повреди се пренесени во болница, се негова снаа и внук.На злосторството, му претходела кавга меѓу Иван Рониќ и неговиот братучед К.Р. кој Иван го претепал, после што К.Р. му се пожалил на дедото Ненад, кој земал пушка и ја запознал крвавата одмазда.Рониќ, после крвавата пресметка ја фрлил пушката во двор и избегал во непознат правец, но полицијата набрзо го уапсила. Како што пишува Курир.рс, во семејството Рониќ досега немало пријава за насилство, а на крвавата пресметка ѝ претходела семејна кавга.Полицијата по налог на обвинител, извршила вид на лице место. 

Свет | пред 6 години

1783741-670x377

ДУИ со услов до Заев: Бежовска во финансии, а Бесими за гувернер

Премиерот Зоран Заев за нова министерка за финансии може да ја именува само актуелната гувернерка на Народна банка, Анита Ангеловска Бежовска, а на нејзино место да биде именуван поранешениот министер за економија, Фатмир Бесими. Ова е условот што Демократската унија за интеграција му го поставил на СДСМ, по одлуката на Антикорупциска, премиерот да не може целосно да ја остварува и функцијата министер за финансии.Од ДУИ за весникот Коха велат дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години, за назначување на Бесими на чело на Народната банка на Македонија, бидејќи тоа било исто така и една од точките на договорот за владејачката коалиција.„Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбра професионалец, да раководи со Народната банка на Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција”, велат за Коха од ДУИ.Весникот „Kоха“ дознава дека во СДСМ биле запрени обидите за именување на нов министер за финансии, бидејќи ДУИ го потсетил премиерот за функцијата гувернер.Сега, по одлуката на Антикорупциска дека Заев не може да биде и министер за финансии и премиер и кога потписот и печатот на Министерството е во рацете на заменик-министерката Ширете Елези, премиерот размислувал за ново име, со цел државната каса да биде во рацете на СДСМ.Анита Ангеловска Бежовска беше назначена за гувернер поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на тогашниот претседател, Ѓорѓе Иванов, дека нема да ја поддржи кандидатурата на Фатмир Бесими за гувернер на НБСМ. Инаку, со формирањето на Владата, ДУИ не го криеше договорот за назначување на Бесими на чело на НБСМ, што беше потврдено и од премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

1-12

Вучиќ: Заев ми се извини што ме нарече „руски човек“, му одговорив „Поздрав друже“

Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи на ТВ Пинк, меѓу повеќето теми, се осврна и на последата комуникација меѓу него и македонскиот премиер Зоран Заев, околу случајот со руските пранкери.Како што наведе Вучиќ, Заев му се извинил откако медиумите го пренеле разговорот во кој македонскиот премиер кажал дека тој е руски човек.-Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас кажав поздрав друже, што друго да му кажам, дали сум руски човек или не? Горд сум што сум Србин и што се борам само за Србија и добро е познато дека јас не сум ниту американски ниту руски човек, и тоа е тежината на мојата позиција и затоа мал број луѓе ме сакаат на власт во Србија, бидејќи јас сум човек на Србија и на нашите граѓани и на нашиот народ, рече Вучиќ.Во врска со идејата за размена на територии на Косово, Вучиќ кажа дека „доколку некој му понудеше она за што Заев зборуваше, јас со двете раце тоа би го прифатил, но очигледно дека разговарал за тоа со некој кој малку знае за преговорите меѓу Белград и Приштина “.Српскиот претседател денес во Белград го пречекува францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така, како и премиерот Зоран Заев, беше цел на руските пранкери.

Македонија | пред 6 години

ali-ahmeti

Нова Бомба на Ел Чека, овој пат за функционери на ДУИ

Ел Чека синоќа објави нова аудиобомба, во која се зборува како се мecтaт тендери меѓу функционери на ДУИ. Фекри Ахмети (брат на Али Ахмети) и Муса Џафери во телефонски разговор зборуваат да нe ги изгyбaт тендерите во ТЕЦ Осломеј, и не само за таму, туку и за други места и разговараат како добивката ќе си ја дeлaт меѓусебно заедно со Фатмир Дехари,објави republika.mk.ФА: Како си, господине Џафери.МЏ: Добро сум. Ти?ФА: Те барам за Комисијава во ТЕЦ Осломеј, за тендерот…За Комисијата која одлучува за ТЕЦ, таму не треба да изгyбимe.Интересно е што овој разговор се споменува Сами Укшини, алијас Командант Соколи, кој е во зaтвop, објави republika.mk.Извор: republika.mk  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања