Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

67399914_2284157735039242_2429865451220631552_n

Героски за Боки 13: Време беше власта да го симне од вратот овој крлеж

Новинарот Бранко Героски по апсењето на Бојан Јовановски се огласи на својот Фејсбук профил.„Саше будалетинката бара да сум му се извинел на СДСМ за "клеветите" дека Боки 13 дејствувал "заедно со власта". Настрана што тоа никогаш не сум го кажал...Погледнете го колажот од фотографии и врднаш ќе сфатите зошто нема да му се извинам на СДСМ и кој кому треба да се извини.Не велам дека сите овие личности од фотографиите соработувале со Боки или го поттикнувале да рекетира. Скраја да е. Но, нивната блискост со еден ваков лик, нивното внимание со кое го опсипале, дегинитивно го охрабриле Боки да го прави она што го правел.Време беше власта да го симне од вратот овој крлеж. Пардон, оваа бубашваба, како што самиот си се нарече. Мислам на Боки. А и за Сале Мутави да си размислат“, напиша Героски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

20190716011906

Ако Боки 13 и Зоки Кичеец не докажат како го стекнале имотот, Русковска ќе им го одзеде

Обвинителката Вилма Русковска, вели дека постоеле индиции дека Бојан Јовановски познат како Боки 13 се обидел да избега, па затоа бил задржан на граничниот премин Богородица. Таа потврди дека е одредена мерка притвор за Јовановски и Милевски во траење од 30 дена.Таа вели дека доколку осомничените имаат имот, за кој нема да можат да докажат како го стекнале, тој ќе биде одземен.„Донесена е наредба за истрага. Се води и финансиска истрага. За цел имот што го поседува било кој од осомничените, а за кој нема да можат да го докажат потеклото, односно од каде им е, Обвинителството во обвинителен акт ќе бара одземање на тој имот. Но тоа е отом-потом“, рече Русковска.

Македонија | пред 6 години

boki

По притворот за Боки13: Ја затворивте македонската Кардашијан, каде ќе ви оди душата

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски вчера доби 30 дневен притвор поради примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари.Тој вчера беше уапсен на граничниот премин Богородица.Овие случувања предизвикаа лавина реакции на социјалите мрежи, а ова се дел од нив.https://twitter.com/sinisa_goliOtok/status/1151016422409158656https://twitter.com/anyafromearth/status/1151015024632258560https://twitter.com/riste_g/status/1150979493349199872https://twitter.com/WedFcv100/status/1150892333002571776https://twitter.com/dostumot_/status/1150900286061535233https://twitter.com/VladimirPanche6/status/1150906783466229760https://twitter.com/Puflica/status/1150892004714393600https://twitter.com/paladzudzo/status/1150916763196055552https://twitter.com/maltafal/status/1150922239807823872https://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1150965394246721536https://twitter.com/MacedonianFeni1/status/1150991436537577473https://twitter.com/gjorgjiVV/status/1150993111335747584https://twitter.com/RobinKazvit/status/1151001584677134336https://twitter.com/totoskata/status/1151015322838810624

Коментари | пред 6 години

zaev-1

Заев јавно ги покани Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба во петок

Премиерот Зоран Заев денеска јавно, на прес конференција повика да се одржи лидерска средба во петок за да се разговара и постигне договор за клучните прашања кои стојат пред државата до одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.„Не само тие и ние сме подготвени за предвремени парламентарни избори, но нашиот став останува дека треба да чекаме на редовните избори. Ако има избори оваа есен на власт ќе остани оваа влада“, рече премиерот Зоран Заев.Заев на средба ги покана Мицкоски, Ахмети и Села, а истата ја најави за во петок во 14 часот во Клубот на пратеници.Тема на лидерската средба Заев предлага да бидат Законот за СЈО, Законот за попис и Изборниот законик.

Македонија | пред 6 години

obvinitelstvo-2

Русковска: Имаме аудио и видео снимки, обележани пари нема

Јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на распитот за осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески, изјави дека ОЈО поседува аудио и видео снимки за случајот, а дека нема обележани пари.Таа рече дека е одземен мобилен телефон на еден јавен обвинител, но дека не е вршен претрес во незјиниот дом. Извршен бил претрес во домот на Боки 13 и во неговата канцеларија од која е одземен комјутерот.Засега немало потреба обвинителката да биде изведена пред судија.„Телефонот е одземен за да ја видиме комуникација на јавен обвинител и првоосомничениот. Претрес не е направен кај ниту еден јавен обвинител и сега за сега нема причина зошто да бидат изведени пред судија“, рече Рускоска.

Македонија | пред 6 години

20190716011906

(ВИДЕО) Боки 13 до Русковска: Зборувате лаги

Бојан Јовановски доби 30 дневен притвор, а обвинителката Вилма Русковска веднаш по одредувањето даваше изјава со некои детали од истрагата.Додека зборуваше Боки 13 беше изведен од судот и требаше да помине токму покрај Русковска.„Се извинувам додека зборувате лаги што ве прекинувам“, рече тојhttps://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/2171290136313852/

пред 6 години

boki-13

Боки 13 ќе помине 30 дена во “Шутка” одлучи судот

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 предмалку со лисици на рацете излезе од Кривичниот суд во Скопје. Тој доби 30 дневен притвор.Попладнево Јовановски беше уапсен на граничниот премин „Богородица“ по налог на Јавното обвинителство Скопје.Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

Македонија | пред 6 години

boki-13

Боки 13 за малку ќе избегал од државава

Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој денеска беше приведен за „Примање награда за протизаконито влијание“, и за перење пари за малку ќе избегал од државава.Боки 13 бил сопрен кај Гевгелија. Тој со џип во друштво на уште тројца пријатели, возел кон граница.Во џипот биле познати ТВ водителка и Тв водител и двајцата од националната телевизија чиј сопственик е осомничениот Боки 13.Во торбата на Боки 13 биле пронајдени 5000 евра во кеш. 

пред 6 години

koceec

(ВИДЕО) 30 дневен притвор за Кичеец

Бизнисменот Зоран Милески Кичеец со полициска придружба беше изнесен од Кривичниот суд и ставен во полициско комбе. Тој доби 30 дневен притворЗоки Кичеец е второосмничен во случајот во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 се товари за рекет од 1.5 милиони евра изнудени од познат скопски бизнисмен. Кичеец попладнево беше уапсен во еден скопски ресторан.Во Кривичниот суд се уште трае распитот врз првоосомничениот Бојан Јовановски.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

МВР врши претрес во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва по налог на Основното Јавно Обвинителство врши претрес во домот на Катица Јанева која денеска поднесе оставка, пишува Канал 5.Засега од ОЈО не откриваат повеќе информации дали претресот во куќата е поврзан со денешното приведување на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Се врши претрес во домот на Боки 13

Полицијата врши претрес во домот на родителите на Бојан Јовановски познат како Боки 13, во скопската населба Тафталиџе.Пред семејната куќа на Јовановски има полициско возило.Попладнево тој беше уапсен на граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје.Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

Македонија | пред 6 години

boki-13

ВИДЕО: Боки 13 со лисици спроведен во кривичен

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 предмалку со лисици на рацете беше донесен во Кривичниот суд во Скопје.Попладнево тој беше уапсен на граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје.Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

Македонија | пред 6 години

boki-13

(ФОТО) Боки 13 со лисици донесен во суд

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 предмалку со лисици на рацете беше донесен во Кривичниот суд во Скопје.Попладнево тој беше уапсен на граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје.Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

пред 6 години

Branko-Geroski-696x478-1

Геровски пишува: Сведокот две години бескрупулозно рекетиран, но храбро одлучил рекетарите да ги „врзе“ во крпче!

Жртвата на милионскиот рекет и на монтировките на обвинителот ментор на двајцата рекетари, решава да стави крај на агонијата. Со посредство на една пријателска земја, за извршениот рекет се обезбедени многу цврсти, практично несоборливи докази. Нема веќе бегање! „Ова нема врска со владата, ова е работа на поединци“, категорично вели жртвата. Но, дали станува збор само за еден или за двајца обвинители? Кој е мозокот на операцијата? Дали има само рекет и иануда, или и злосторничко здружување?Без намера да ѝ наштетам на истрагата што денеска ја објавија обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска, по апсењето на две лица што ја возбуди јавноста, преземајќи обврска да ја испочитувам презумпцијата на невиноста на осомничените, но и со јасна намера да не го соопштам идентитетот на сведокот-жртва, ќе ви раскажам детаљи за милионскиот рекет за кој денеска стана збор. Тие информации ми се познати веќе извесно време, но се воздржував јавно да ги соопштам, токму со цел да не ѝ наштетам на истрагата, објави plusinfo.mk.Во продолжение на својата колумна новинарот Бранко Геровски пишува:Жал ми е што пак ќе раскажувам без конкретни имиња – овој пат и без псевдоними – но мислам дека читателите лесно ќе разберат за кого станува збор. За идентитетот на двете приведени лица веќе јавно се говори. Можеби и официјално ќе биде потврден уште вечерва. Сведокот е македонски бизнисмен, кој во случајот е жртва на нивните рекетарски притисоци. Според обвинителката Русковска, тој на рекетарите веќе им исплатил околу 1,5 милиони евра. Рекетарите се пријатели со еден познат, популарен и јавно воспеван јавен обвинител, од кого се очекуваше да ја донесе правдата во Македонија. Моите информации се дека тој, всушност, е мозокот на операцијата, но тоа допрва треба да се докаже.Имам и други информации, за кои истрагата веројатно води есап. Освен обвинителот, за кој по втор пат тврдам дека е мозокот на операцијата, во случајот е заплеткан уште еден друг обвинител, но од истото обвинителство. На двајцата рекетари им помагаат и видни политички личности (кој ме читал, знае кои се), но и личности од јавниот живот. Некои со знаење што всушност се случува, некои можеби наивно. Да не ги заборавиме и нив. Моите информации се дека обвинителката Русковска лесно, по дифилот всушност, ќе докаже дека во случајов освен рекет и изнуда, имаме и злосторничко здружување. Едно многу опасно злосторничко здружение е тоа, почитувани читатели, против кое борбата мора да продолжи со засилено темпо, објави plusinfo.mk . Текстот во целост на: plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

nefi-useini-otvoranje

Советникот Усеини се пријавил да урива дивоградби во Охрид

Две фирми се пријавиле на тендерот за уривање на дивоградби што го распиша Општина Охрид. Отворањето на понудите се изврши денеска по електронски пат, а имињата на фирмите не се соопштуваат, за да не се наруши постапката, информираат од општината. Од локалната додаваат дека тендерот е успешен затоа што е исполнет еден од условите, а тоа е да има пријавени заинтересирани фирми. Согласно критериумите на тендерот, надлежната општинска комисија наредните денови ќе врши евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе следи јавно наддавање, односно е-аукција. Тендерот ќе го добие фирмата која ќе понуди најниска цена.Но, и покрај тоа што општината не ги открива имињата на фирмите пријавени на тендерот за уривање на дивоградби, дознаваме дека една од двете компании кои доставија понуди е и фирмата на советникот Нефи Усеини, сопственик на дивоградбата пред чинарот која деновиве крева многу врева во јавноста.Само за потсетување Усеини пред неколку дена приреди свеченост со огномет за отворањето на пицеријата дивоградба.Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски е неколку наврати кажа дека сите дивоградби во Охрид ќе бидат урнати. Тој потенцираше дека и дивоградбата на Усеини ќе биде отстранета веднаш штом се создадат услови. Како една од причините за досегапшното непостапување беше наведнео и тоа дека се уште не е избрана фирма за уривање.И архитектите и планерите апелираат дека дивоградбите од ваков карактер директно се косат со препораките на Унеско. Ако се случи фирмата на Усеини да победи на тендерот, што ќе биде познато многу брзо, тоа ќе значи дека тој сам ќе треба да си ја урива својата дивоградба за што општината Охрид ќе плати пари на неговата компанија.Компанијата Нефи ИК е основана во јануари 2010 година. Минатата година имала нето добивка од 305 илјади евра, а во 2017 година истата компанија имала добивка од 18,8 илјади евра. Тоа значи дека Усеини за една година имал зголемување на добивката за 1,520 проценти. Компанијата на советникот Усеини – изминатите години активно соработувала со охридските и струшките јавни претпријатија, за што има инкасирано неколку стотици илјади евра.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања