Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

2223581

(ФОТО) Еве како изгледа Халкидики од воздух

Објавени се и првите фотографии од Халкидики направени од воздух.Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас рече дека ќе биде понудена помош за три општини на Халкидики заради реконструкција.Бројот на загинати во силното невреме на Халикидики порасна на седум откако вчера е пронајдено телот на маж во областа кај Неа Каликратија.

Свет | пред 6 години

kremiranje

Охридски погребален оператор го изврши првото кремирање во регионов

Погребалниот Оператор “Мирен Сон“од Охрид го изврши првото кремирање во регионов. Сопственикот на погребалниот оператор Денис Шибакоски, за Скопје1 вели дека го испочитувале претсмртниот аманет на покојниот, но и на доследноста на семејството и телото на починатиот да биде кремирано во крематориум во регионов.Шибакоски додава дека немале никакви проблеми со документацијата туку дека сите институции и амбасади веднаш ги издале потребните документи за да се изврши овој чин, почитувајки ги сите светски нормативи.„Оваа постапка која кај нас сеуште не се применува, ја изведовме надвор од границите на нашата земја и тоа професионално, навремено и точно, следејки ги сите законски протоколи. Благодарност до нашите колегите и пријателите во странство кои ни излегоја во пресрет и максимално се ангажираа  околу кремирањето на покојниот“, вели Шибакоски.Инаку кремирањето како постапка се применува ширум светов, кај нас сеуште се третира како табу тема, не затоа што не е изводлива, туку затоа што Крематориумот мора да биде под државна капа.„Законски е изводливо, но проблемот кај нас е верски“, вели Шибакоски.Верските лица кај нас не дозволуваат пеење на урната, туку на тело. Токму поради тоа се избегнува кремирањето.Шибакоски додава дека според законот урната мора да биде погребана, а не да се истура според желба на починатиот или да се чува во дома.Во светот покрај што го исполнуваат аманетот на покојниот да биде кремиран, со кремирањето ги избегнуваат проблемите од недостиг на простор на постојните гробишта, особено во големите градови. 

Македонија | пред 6 години

gruevski

Груевски за Заев: Каков нечовек треба да е некој за вака да ги остварува своите цели?

Експремиерот Никола Груевски на Фејсбук објави статус во кој вели дека Заев свесно манипулира со народот со цел да го прикаже во најлошо светло.„Свесно манипулираше со народот... Со семејствата на Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените деца кај Смилковското езеро, со искрените луѓе кои верува на се што слушаа и што им беше сервирано, но и со целата домашна и меѓународна јавност, домашни и странски медиуми и политичари.Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде.Во таа криза ја гледаше својата шанса за доаѓање на власт, бидејќи поинаку беше инфериорен и беше и остана неконкурентен политичар надвор од локалното ниво, по речиси сите критериуми.Ова не е прв ваков случај каде се гледа како манипулирал со снимките и со народот за да не прикаже во најлошо светло. Пред некоја недела се појави целовита снимка на веќе објавена снимка во скратена “Заева” верзија во која изоставил еден дел каде се гледа како наши високи функционери одбиле поткуп, кој Заев ни во сон не би го одбил.Народот го измами со купишта вакви фабрикувани матерјали и измами.Остана доследен само на ветувањето дека ќе ги прифати сите барања на соседите во однос на македонското национално прашање, а за возврат да добие поддршка да владее на ист начин како во што видовме како претходно владеел во Струмица. Но тоа ветување не беше кон народот чие мнозинство не можеше да поверува дека такво нешто е подготвен да направи исто како што многумина неверуваа дека е можно да монтирал снимени разговори за да добие ефект кој го посакува.Прво монтирани снимки кои создаваат “експлозија од емоции” кај народот, а потоа по доаѓањето на власт нова измама преку притисок и наредба на судиите да ги прифатат овие монтирани снимки како клучни докази и шокантно и без објаснување како никаде во светот, да не прифатат нивно судско вештачење на нивната целовитост и автентичност.Целта повторно монструозна и нечовечка: своите политички конкуренти да ги заглави по судови, притвори, затвори и да бидат уништени во секоја смисла. За да владее по неговиот испробан терк “едно евро за вицето” што подолго.Баш фашистички монструозно.Каков нечовек треба да е некој за вака да ги остварува своите цели?“, напиша Груевски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев: Вчера ми пишуваше еден од пранкерите, му реков да не се шегува со чесен човек

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Клан изјави дека еден од руските пранкери му пишал порака откако тој имаше прес-конференција во врска со разговорот со него и уште еден руски комичар, верувајќи дека зборува со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.– Горко е чувството кај граѓаните затоа што нивниот премиер е вака насанкан, веројатно тоа е. Јас многу жалам заради тоа. И кај мене е горко чувството. Но, секако учиме да бидеме повнимателни и да не се повтори. Знаете дека вчера ми пишуваше истиот тој лажен човек, една порака дека храбро сум се борел против моите непријатели на вчерашната прес-конференција. Јас возвратив со порака, реков дека јас сум чесен човек, немојте да го правите тоа така и да се шегувате со чесни луѓе кои сакаат чесно да им служат на своите држави и својот народ. Некој можеби живее од тоа, јас знам дека тие луѓе заработуваат пари од тоа, на Јутуб пуштаат и тоа се наплаќа, мене ми е јасно, но истовремено и ние имаме чест и углед и не е коректно да си играме со честа и угледот на некој – рече Заев.

Македонија | пред 6 години

nefi-useini-otvoranje

ФОТО: Рамиз Мерко сечеше лента на отворањето на пицеријата, сопственост на Нефи Усеини

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, заедно со советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, ја пресече црвената лента, со што го свечено ја отворија пицеријата кај Чинарот.  Објектот започна да се гради во март годинава, се наоѓа на државно земјиште и е дивоградба. Градоначалникот Константин Георгиевски во повеќе наврати најави уривање на објектот.  На отворањето присуствувале повеќе јавни личности од политичкиот живот во државата. Откако беше пресечена лентата, следеше громогласен огномет кој траеше 10 минути.

Македонија | пред 6 години

66282476_1251481541687874_3933668526732083200_n

Груевски на забавата бил со порно глумец

На официјалната страна на Фејсбук, Budapest Business Party (Бизнис забава Будимпешта) беше објавена фотографија од експремиерот Никола Груевски. На фотографијата може да се забележи дека тој присуствувал на забава организирана од „ИТЛ Груп“ и е во присуство на девојка и уште две други лица.Исто така на истата забава била и познатата светска порно ѕвезда, Италијанецот Роко Сифреди во женска придружба.Инаку, станува збор за бизнис забава која се одржува еднаш во годината,  На оваа забава присуствуваат претставници од голем број унгарски компании и познати ликови од светската естрада, а се одржува покрај Дунав.

Македонија | пред 6 години

lightning-strike-over-lake

УЖАСНО ВИДЕО: Гром удира во зграда во Грција

Солун, исто така, беше погоден во Грција од ужасна бура што во средата вечерта однесе седум животи на Халкидики.Видеото снимено од телефон го прикажува ужасниот момент на удар на гром во зграда во центарот на градот.Најмалку седум лица, вклучувајќи и шест туристи, беа убиени во силната бура ја погоди северна Грција.

Свет | пред 6 години

cigari-4

(ФОТО) Царината запленила над 16 тони цигари и 13 тони тутун

Царинската управа на Република Северна Македонија во рамките на своите редовни активности на граничните премини Табановце со соседна Србија и Богородица со соседна Грција спречи обиди за нелегален внес на цигари и тутун во лист наменети за нелегална продажба на македонскиот пазар. На граничниот премин Табановце на влез од Република Србија се запленети 16,5 тони цигари, а на граничниот премин Богородица, на влез од Грција - 13 тони тутун во лист.На граничниот премин Табановце, на ден 28.05.2019 година, во контрола на товарно моторно возило е утврдено дека истото содржи 1.000 пакети со нелегални цигари, со вкупна тежина од 15.000 килограми. Во секој пакет има спакувано по 50 штеки или вкупно 10 милиони парчиња цигари.На истиот граничен премин, на 24.05.2019 година е откриено и комбе со 102 пакети со цигари, со тежина од околу 1.500 килограми или вкупно 1 милион парчиња цигари.Станува збор за цигари со кинеска марка на цигари, ASHIMA LUXORY SIZE и MARBLE DE LUXE.Царинските служби на Република Северна Македонија на влез на граничниот премин Богородица, на 16.06.2019, околу 18:00 часот, запленија товарно моторно возило во кое се откриени 130 пакети со 13.000 кг нето тежина, а бруто тежината е 14.300 со тутун во лист. Истото имало пријавено дека пренесува хартија за виткање тутун, но при направената проверка било утврдено дека возилото е натоварени со тутун во лист. Запленетиот тутун бил наменет за нелегална продажба како режан тутун на домашниот пазар.Против сторителите се поднесени соодветни кривични пријави.Доколку цигарите, односно тутунот се најдеа на домашниот пазар, со оглед дека станува збор за акцизни добра, државниот буџет ќе беше оштетен за околу 1 милион евра.Тоа се пари кои државата ќе може да ги инвестира во изградба на училишта, градинки, спортски игралишта и друго, со цел подобрување на стандардот на граѓаните и обезбедување подобри услови за живот.Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Контролните марки се потврда дека за тие производи се платени акцизата и останатите давачките на државата, но и дека е извршена контрола на квалитетот. Акцизите учествуваат со околу 22% во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13%, од кои над 5% се од цигари и тутунски производи. Ако се знае висината на буџетот (~ 3,4 милијарди евра), станува збор за значаен извор на приходи.Токму поради огромните штети од нелегалната продажба на овие царински добра, Царинската управа на Република Северна Македонија во координација со други надлежни државни институции спроведува постојани акции за сузбивање нелегална продажба на тутун и тутунски производи, а секако, така ќе продолжи и во иднина.

Македонија | пред 6 години

soo-pak

(ОБНОВЕНО) Едно лице загина во сообраќајната несреќа кај селото Климештани

„Едно лице загина и едно е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случи предмалку кај Климештани, Општина Дебрца. Во несреќата учествуваа комбе и автомобил кои директно се судриле“, истакна за Скопје 1 портапаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.Поради несреќата сообраќајот одреден период беше целосно блокиран во двата правци, поради што се создаде голема колона на автомобили.Во моментов се врши увид. 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still151

(ФОТО)Се подготвува отворањето на објектот кај Чинарот, сопственост на советникот Усеини

Попладнево сво центарот на Охрид до стариот Чинар започна свечена церемонија за отворање на пицеријата „Луна“ која е во сопственост на советникот од ДУИ Нефи Усеини. Објектот е декориран со шарени балони и поставена е црвена лента и панделка која секој момент ќе биде пресечена од инвеститорот.Објектот започна да се гради во март годинава, се наоѓа на земјиште на Република Македонија и е дивоградба.Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во повеќе наврати јавно кажа дека тоа е диворадба и дека објектот ќе се урива.На церемонијата на свеченото отоврање не се поканети медиумите, а нема информации кој од политичарите и коалиционите партнери на Усеини се поканети на свечениот чин.

Македонија | пред 6 години

11072019_Zaev_ambasadorRusija_sredba

Заев - Бездникин: Измамата на руските граѓани нема никакво влијание на односите меѓу двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја Сергеј Александрович Бeздникин.Средбата е остварена непосредно по свеченоста по повод пуштањето на новиот објект на компанијата Лукоил, што ги потврдува развојните планови на оваа руска компанија и укажува на можностите за унапредување на натамошната економска соработка меѓу двете земји.На средбата е констатирано дека еден од инструментите за засилена динамика на трговската и економската соработка е интензивирањето на работата на Меѓувладината комисија за економска соработка.Во врска со измамата со телефонски разговори од страна на двајцата руски граѓани, взаемно беше изразено жалење за случајот и потврда дека тоа нема да влијае врз билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, се вели во соопштението од Владата.

Македонија | пред 6 години

soob-botun-5

(ФОТО) Сообраќајна несреќа помеѓу Ботун и Мешеишта

Сообраќајна несреќа се случи попладнево помеѓу селата Ботун и Мешеишта, Општина Дебрца. Во несреќата учествуваа комбе и автомобил.Има повредени, кои со брза помош беа пренесени во една од  болниците во Охрид.Поради несреќата сообраќајот одреден период беше целосно блокиран во двата правци, поради штос е создаде голема колона на автомобили.

Македонија | пред 6 години

poraki-zaev-1

(ФОТО) Објавени пораките кои Заев им ги праќал на русите

На социјалната мрежа фејсбук се појавија пораките кои премиерот Зоран Заев му ги испраќал преку мобилна апликација на рускиот комичар Алексеј Столјаров кога јавноста го познава повеќе како лажниот „Петро Порошенко“.Од пораките се гледа дека Заев мислел дека навистина го информира украинскиот претседател Порошенко за разговори со претставници на украинската Влада, и продолжува да бара негова помош за контакт со патријархот Вартоломеј, на кого Заев се согласи да му исплати 100.000 евра мито.Во една од пораките до лажниот „Порошенко“, Заев испраќа фотографија во која седи во својата канцеларија во друштво со Силберстин, кој по се изгледа го посетил Скопје пред да отпатува за Киев. Фотографијата е проследена со пораката „здраво пријателу, ти го праќам овој човек утре рано изутрина“.Руските комичари првично биле збунети од оваа порака од Заев, но потоа одговараат „а, Тал Силберстин, не го видов во сликата. Тој ми помага со кампањата“. Заев одговара: „знам, ти посакувам успех. Тал е одличен тип. Супер е“.Еве ги пораките на Заев до комичарите преку ВацАп.https://www.facebook.com/renoituloveR/photos/pcb.722293571538093/722293078204809/?type=3&theater  

Македонија | пред 6 години

nevreme-grcija-2

Пронајдена седмата жртва од невремето во Грција, но која е причината за страшното невреме?

Хеликоптер на грчката воена морнарица во 13 часот и 35 минути по локално време лоцираше беживотно тело во морскиот дел на Неа Каликратиа на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.Со лоцирањето на безживотното тело, бројот на жртвите од невремето на Халкидики се искачи на седум лица. Причината за страшното невреме на Халкидики денес го објасни метеорологот Јанис Калианос. Тој потенцира дека „се знаеше дека ќе има невреме во среда“, но никој не можеше да предвиди дека тоа ќе има трагични последици. Тој посочи дека невремето дошло од регионот на Преспа.– Оттаму почна нарушувањето во повисоките атмосферски слоеви. Многу студената воздушна маса се движела од север кон југ и се спуштила во Иматија и Пела. Во одредена фаза дошла до Солунскиот Залив, каде што морето е топло и има големо испарување и збогатување на воздушната маса. Така, студената воздушна маса од Преспа ја потиснала топлата воздушна маса, наведувајќи ја да се крене. Невремето потоа дополнително се засилило и движејќи се со голема брзина довело до несаканите последици – објаснува професорот на универзитетот „Аристотел“ во Солун.Според последните податоци, во невремето на грчкиот полуостров загинаа седум лица, над 20 лица се хоспитализирани, а причинета е и голема материјална штета.  

Свет | пред 6 години

zaev-na-telefon

Заев им се извинил на Тачи и Вучиќ за муабетот со руските комичари

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека разговарал со косовскиот претседател Хашим Тачи во врска со неговиот разговор со руските комичари, посочувајќи дека доколку со тоа ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа."Зборувавме со Тачи, бараше објаснување. Јас разменив и порака со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Сакам уште еднаш да ја исористам приликата ако со изјавата сум ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа. Ние сме исклучително пријателски земји. Јас се надевам, барем така чувствувам, дека сум пријател на граѓаните на Косово. Никогаш не сме имале детали за преговарачкиот процес, како што и претходно изјавив. Сето тоа што е тема на разговори во кои било кулоари кога разговараме од она што е присутно во јавноста и слично. Впрочем и претседателот Тачи и претседателот Вучиќ знаат дека ние и не знаеме, немаме споделено информации, изјави Заев.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања