Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

toni-mihajlovski

Михајловски: Имаме нови покачувања на глупостите што се случуваат на оваа влада

Актерот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски ја критикуваше Владата, поради последните случувања со местенката на Заев со руските комичари.„Веќе имаме нови покачувања на глупостите што се случуваат на нивото на неспособност на оваа влада. Ваква наивност никој вака не испорачал. Нестрплив сум до следната глупост што ќе се случи“, истакна Михајловски.

Македонија | пред 6 години

oliver-spasovski-670x367

Според Спасовски нема причина за загриженост за безбедноста во државата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска при посетата на Центарот за обука во Идризово запрашан за безбедносните проценки по најавите од Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово на сред Скопје“, изјави дека безбедносната состојба е стабилна.„Безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на целата територија на државата. МВР и сите други органи кои се надлежни за спроведување на законот си ги преземаат сите свои активности во однос на безбедносната состојба“, истакна Спасовски.

Македонија | пред 6 години

mnr-logo

Телефони на кои македонските граѓани можат да се јават во Конзулатот во Солун

До овој момент нема информации за настрадани државјани на Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија од МНР.Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.Заради нерасчистени патишта, паднати дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат да се избегнува движење во тој дел на земјата додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.Генералниот конзулат на Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:0030231027734700302310277348Контакт од нашата амбасада во Атина:00302106749585

Македонија | пред 6 години

antonijo-milosovski

Милошоски: Во МНР нема записник од разговорите меѓу Заев и Лажниот Порошенко

Пратеникот Антонио Милошоски од свои извори дознава дека во МНР не постои архивиран записник од разговорите меѓу премиерот Зоран Заев и лажниот Петро Порошенко и лажниот Столтенберг.- Според релевантни извори од МНР не постои уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со Лажниот Порошенко (август 2018та). Но, дали Заев ја говори вистината или ги манипулирал новинарите, наскоро ќе дознаеме, преку обврската на премиерот и министерот за надворешни да одговорат на пратеничко прашање, напиша Милошоски на Фејсбук.https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2739597266069535 

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-logo-1

(ФОТО) Сообраќајка во Аеродром, комбето е со искшена шофершајбна, a автомобилот со уништена предница

Сообраќајна несреќа се случи утрово во Аеродром во близина на комплексот „Џевахир“. Во несреќата учествувале две возила, автомобил и комбе.Според очевидци, комбето демолирано со искршена софершајвна, а уништен е и предниот дел од автомобилот кој најверјатно не е во возна состојба.За тргање на автомобилот е повикана влечна служба.Увид прави полицијата, од каде треба да ги соопштат причините за несреќата.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Гром удри во трансформатор преку кој жителите на Струга се снабдуваат со вода

Синоќешното невреме предизвика штета и со водоснабдувањето во Струга. Денеска има отежнато водоснабдување затоа што гром удрил во трансформаторот преку кој се напојуваат со електрична енергија пумпите за вода во селото Шум, од каде се снабдува со вода Струга и околината.Јавното претпријатие „Проаква“  информира дека трансформаторот претрпел големо оштетување, што го отежнува снабдувањето со вода на населението.– Како последица на ова во текот на денот ќе има слабо снабдување со вода за пиење на Струга и селата. Апелираме до корисниците да преземат потребни мерки за да имаат вода барем за основните потреби додека не се санира овој голем дефект, соопшти ЈП „Проаква“.Екипи на претпријатието заедно со ЕВН Македонија, се на местото и прават напори да го оспособат трансформаторот, за да се нормализира снабдувањето со вода за пиење во текот на денов.

Македонија | пред 6 години

ljubanista-1

(ФОТО) Невремето остави пустош во автокампот Љубаништа - Смачкани приколки, откорнати дрва, превртени маси и шатори

По големото невреме кое синоќа го зафати Охридското крајбрежје проследено со силен ветер и дожд, уништен дел од автокампот Љубаништа, кај Свети Наум.Фотографиите на еден гостин во кампот сведочат за страшното невреме и причинатите штети од силниот ветер, како искршени дрвја кои паѓале врз приколки.https://www.facebook.com/stojkovic.boban/posts/10217799779042893

Македонија | пред 6 години

stevo-i-borisov

(ВИДЕО) Борисов: Како си бе, а Пендаровски: „Те поздрави Зоки“

На социјалните мрежи се споделува видео од средбата на Пендаровски и Борисов во Сараево. Македонскиот претседател му приоѓа на Борисов и се прегрнуваат. По ова на видеото се слуша како Борисов му вели: „Како си бе“  по што Пендаровски му одговара: „Те поздрави Зоки“.Потсетуваме дека премиерот Зоран Заев вчера најави дипломатска нота до бугарскиот колега Бојко Борисов кој во изјава за новинари Пендаровски го нарече „Северномакедонски“ претседател, и „северномакедонски“ политичар со нагласувајње на „северно“.„Секако реагираме и испраќаме нота за да може да се исправат грешките. Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци кои што живееме во Северна Македонија“, изјави Заев.Но ова не е прв пат Борисов да ги нарече „северномакедонски“ политичари.Борисов пред неколку дена изјави дека со „северномакедонскиот премиер“ заедно ќе се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев.https://twitter.com/trpef/status/1148981447048536064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1148981447048536064&ref_url=https%3A%2F%2Fexpres.mk%2Fpendarovski-na-borisov-te-pozdravi-zoki-video%2F

Македонија | пред 6 години

prespa

(ВИДЕО) Силно невреме синоќа ја зафати Долна Преспа

Откорнати покриви од куќи, дрвја и бандери, ова е сликата по силното невреме кое ја зафати Преспа синоќа. Врнежите од дожд, силниот ветер, повременото паѓање на град, предизвикаа големи материјални штети. Огромна материјална штета има и на овоштарниците. Од центраот за управување со кризи велат:Силно невреме со силен дожд и ветер го зафати с.Крани и автокампот „Крани“, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е и електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени.Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село. Сите овие села: Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно, Наколец се без ел.енергија. На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции.-Ништо не е поубаво, но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу “природа”!, напиша Бојаџи на Фејсбук.https://www.facebook.com/jani.bojadzi/videos/vb.1582150705/10217187270265479/?type=2&video_source=user_video_tab

Македонија | пред 6 години

zaev-bazdninkin-696x387

Денес Заев ќе се сретне со амбасадорот на Русија

Премиерот Зоран Заев денес ќе се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, објави телевизијата 24 Вести.Како што изјавил владин функционер за телевизијата, овој состанок бил договорен уште минатата недела, но тајмингот се поклопува со обајвувањето на разговорите на премиерот со руските комичари, кои му се претставија како поранешниот украински претседател Порошенко и генсекот на НАТО Столтенберг.Се очекува овие случувања да бидат една од темите на разговорот.

Македонија | пред 6 години

halkidiki-696x465

(ВИДЕО) Силно невреме на Халкидики, загинаа 6 лица

Во силното невреме што вчера ја зафати Северна Грција, шест лица го загубија животот на ХалкидикиМеѓу загинатите се Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа.Во невремето неколку лица се повредени, а има и исчезнати.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Од денес повторно сончево и топло

Денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9.Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 27 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка и Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30.И за утре прогнозата е сончево време со мала облачност и со умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 19 до 32 степени.

Македонија | пред 6 години

bomba-prilep-2

Издадена е наредба за вештачење на пронајдената рачна бомба

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со екипа од крим техника при Министерството за внатрешни работи, Полициска станица Прилеп изврши увид на местото каде денеска беше пронајден предмет – рачна бомба, во близина на кафулето „Кафе ин “ во Прилеп. Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита рачната бомба безбедно е демонтирана.Пронајдениот материјал е подигнат, обезбеден, документиран и испратен на вештачење. Основното јавно обвинителство Прилеп издаде наредби за проверки и расчистување на настанот.​

пред 6 години

trpejca-5

(ФОТО) Големо невреме во Трпејца

Охридското село Трпејца, познато туристичко место попладнево го зафати страшно невреме како што непаметат старите Трпејчани. Откорнати дрвја, искршени кајчиња, гранки на сите страни, е она што остана по невремето.Во невремето среќа нема повредени, но настаната е голема матреријана штета. Голема штета има и во атрактивните ресторани кои се во ова село.Во моментов селото нема струја, а и приодот со таму е крајно отежнат поради одрони на патот кон Св Наум.Трпејца инаку е полна и со туристи. Ова село од година во година прераснува во атрактивно летувалиште.

Македонија | пред 6 години

minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

Новиот Закон за образование предвидува намалување на бројот на ученици во паралелките

„Имаме два целосно нови закони суштински важни за образовниот систем, сега е Собранието на потег.  Во интерес на времето, очекувам час поскоро да почне расправата и по целосно исцрпување на дискусијата, законите да бидат усвоени и да стапат во сила со стартот на новата учебна година“, истакна Адеми.Како што објасни тој, Законот за основно образование има новини во однос на организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30), кариерен развој на наставниците.Согласно со препораките на ОЕЦД и УНИЦЕФ, ќе нема намалување на бројот на часовите бидејќи  ученици имаат 900 часови помалку или една и пол година помалку образование од нивните врсници во европските земји.Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. Законот предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.Учениците со најтежок вид попреченост ќе може дел од наставата да ја продолжат во посебните училишта со ресурсен центар по нивна или желба на нивните родители, согласно со препораките на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ) на Светската здравствена организација.  Адеми додаде дека треба да му се даде шанса на секое дете и дека согласно со проценката за попреченост според МКФ, за овие деца ќе се подготви индивидуален образовен план според можностите на детето. Во проценката ќе се вклучат претставници од здравство и од МТСП.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања