ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

pednarovski-696x464

Пендаровски: Разочарани сме од ЕУ, се надевам дека ќе добиеме датум за преговори до октомври

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не очекува пресврт од грчка страна во однос на Преспанскиот договор, но очекува, како што вели, малку поригиден став во однос на имплементацијата на договорот, особено во делот на трговските ознаки на производите од северниот дел на Грција и од Македонија.-Не очекувам пресврт. Очекувам веројатно малку поригиден став во однос на имплементацијата на договорот. Значи да појаснам или преведам – не очекуваме опструкција од новата грчка Влада, сега во октомври, кога треба наводно да се донесе конечна одлука за отварање на преговорите, за датум на преговорите. Меѓутоа, се разбира дека очекувам поради нивниот познат политички став од претходно, дека наредниве месеци и години, во рамки на преговорите по различни поглавја, ќе бараат стриктна имплементација на некои одредби од Договорот од Преспа, особено во делот на трговските ознаки. Имаме посебна комисија формирано која треба да ги означува сите продукти кои излегуваат од северниот дел на Грција и од Северна Македонија и можеби во тој дел ќе бараат поригидна имплементација на договорот, кој е инаку јасен и во тој сегмент, вели претседателот Пендаровски во интервју за Телевизијата N1, за време на неговото учество на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, одржан во Сараево.Во врска со процесот на пристапување на земјава во ЕУ, тој вели дека е свесен оти Европската унија се бави сама со себе, но дека таа мора да знае дека ние на Балканот сме 30 години во транзиција и мораме да видиме светло на крајот од тунелот.Тој во интервјуто порачува и дека очекува Северна Македонија наесен да ги почне пристапните преговори за членство со ЕУ.-Објективно сите ние во Северна Македонија сме малку разочарани од тоа двојно говорење од страна на Европската унија како целина. Минатата година во Софија на Самитот, ние имаме чиста, кристална формулација дека Република Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори, односно ќе добијат датум за преговори во јуни 2019 година. Тоа не се случи. Ние сме уверувани од највисоките германски официјални лица дека тоа е само техничко одлагање на процесот и ние тоа го прифаќаме. Ќе чекаме на септемвриската одлука на германскиот Бундестаг и на октомвриската на целата Европска унија. Меѓутоа, го поставуваме прашањето – што ако во меѓувреме некој друг Парламент исто, од технички причини, го одолговлече процесот, бидејќи таму имате одлучување на принцип на консензус. Една држава е доволно да каже не и ние имаме повторно одлложување, вели претседателот ПендаровскиПретседателот го повторува неговиот став искажан на самитот во Сараево, дека внатрешната трансформација на ЕУ и пристапните преговори со земјите-кандидати треба да се одвиваат паралелно.-Јас коментирав одлуки и во говорот сега, овде во настапот, на некои европски политичари кои заговараат прво внатрешна трансформација на ЕУ, па после проширување. Меѓутоа, Европската унија од својот почеток до денес, секојпат во паралела ги водела тие два процеси. Значи може и вие да дискутирате за внатрешната структура или подобри процедури за решавање на тие проблеми кои очигледно ги имаат, Европската унија не е со 12 членки, има 28, меѓутоа во исто време да се проширува. Ние не зборуваме за полноправно членство на Северна Македонија, па дури ни на Црна Гора која преговара, ниту на Србија која преговара. Ние зборуваме за нас, за шанса да почнеме преговори. Знаете зошто? Затоа што ние, јас тоа го кажувам на многу приеми, на многу форуми, на многу мои јавни настапи и тоа не звучи добро кај некои националисти на Балканот, меѓутоа тоа е факт – ние немаме големо демократско искуство во регионот, посебно Северна Македонија. Ние сме од ‘91 година формална демократија, ние мораме да имаме некој екстерен евалуатор во ликот и делото на неколку стари членки на Европската унија за да можеме во клучните реформи, во правосудството, медиумите, во администрацијата, во политичкиот систем, да направиме такви реформи, следејќи ги најдобрите европски практики. Инаку, сами со себе нема далеку да дотуркаме. Затоа ни треба Брисел и системот на преговори. Значи ние одиме во реформи многу побрзо ако некој од надвор ни вели – ова се европски стандарди и на крајот на процесот мора да штиклира, да каже ова е завршено или ова не е, па те враќа назад. Инаку знаете, ако балканците ги оставиш сами на себе да се реформираат, тој процес ќе трае ужасно долго, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за телевизијата N1.

Македонија | пред 6 години

report-cover-2019-960x678

Во Србија рекордни 5,98 милијарди, а Македонија само 184 милиони долари странски инвестиции

Регионот од Западен Балкан привлече 9,36 милијарди американски долари,  странски гринфилд инвестиции во  во 2018 година, што е највисок износ во последните десет години, пишува пишува fDi Intelligence, специјализираниот сервис на Financial Times, пренесува Pressingtv.Србија, е лидер во регионот во 2018 година со рекордни 5,98 милијарди долари инвестирани во 105 гринфилд проекти, БИХ има 4 гринфилд проекти, а Црна Гора 11 гринфилд проекти.Според најновите годишни податоци за fDi Markets од јуни 2018 до мај 2019 година, Северна Македонија привлече 184, 4 милиони американски долари, а  Албанија  привлече  809,9 милиони американски долари – гринфилд инвестиции. Македонија има раст за 200 % во однос на истиот период претходната година, а Албанија раст за 80%, се вели во Извештајот.Земјите од Западен Балкан привлекуваат значително помалку гринфилд  проекти од нивните колеги во централна, источна и западна Европа, но регионот функционира многу добро во однос на својот удел во глобалниот БДП.Позитивните неодамнешни случувања вклучуваат и промена на името во Северна Македонија под владата на Зоран Заев, која го реши 28-годишен спор со Грција, судските реформи во Албанија и структурните реформи во Србија.Но, и покрај овие напори, членството во ЕУ за земјите од Западен Балкан се чини малку веројатно во блиска иднина поради недостиг на едногласност меѓу земјите-членки на ЕУ во врска со разговорите за пристапување со земјите-кандидатки, а Босна и Херцеговина и Косово сеуште немаат статус на кандидат. Сепак, континуираните реформски напори и соработка се чини дека испраќаат добри сигнали до странските инвеститори кои бараат да профитираат од најнепокриениот инвестициски регион во Европа, се заклучува на крај во Извештајот во однос на странските инвестиции.

Македонија | пред 6 години

bomba-prilep-2

Отстранета рачната бомба која беше пронајдена крај кафе-барот во Прилеп

Отстранета е експлозивната направа – рачната бомба која беше пронајдена крај кафе-барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп. Како што информираат од СВР Битола експлозивната направа -рачната бомба ја пронашол околу 12,10 часот, сопственикот на кафе-барот Гоце Т. и веднаш пријавил во полицијата.Засега не е  познато кој ја поставил бомбата кашикара.   Надлежните во интерес на истрагата се воздржуваат од официјални изјави,а од очевидците никој не сака да говори.Низ Прилеп граѓаните шушкаат  дека кашикарата е само порака упатена до некого.  

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Поведена постапка против три лица за вршење изнуда употребувајќи сила и закана со огнено оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1, Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 1  во врска со член 22 од Кривичниот законик,  а за еден од осомничените  и за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење, тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените во состав на група и по претходен договор, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, во периодот од месец октомври 2018 година до 5 јули 2019 година употребиле сериозна сила и закана со  огнено оружје,  присилувајќи две лица  во повеќе наврати на штета на сопствениот имот да им даваат парични средства, како и да  потпишуваат фиктивни задолжувања од кои потоа во постапка за извршување им предадат и недвижен имот.  Еден од осомничените во станот во кој престојувал, неовластено без одобрение и дозвола од надлежен орган држел огнено оружје – пиштол.Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи  за обезбедување присуство на осомничените, заради што до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за тројцата  осомничени. 

пред 6 години

zaev-na-telefon

Заев: И јас им се јавував на нив, кога се објавија снимките сфатив дека лажно се претставуваат

„Во таа комуникација која што сме ја имале, да, можно е како што тие што ме барале мене и јас да сум го барал, мислејќи дека е претседателот Порошенко. Завчера, кога се објавија снимките, сфатив дека тие не се вистинските Столтенберг и Порошенко“, вели Заев.„Јас продолжувам со директни комуникации со премиери и претседатели. Комуницирам и мислам дека тоа е помош за мојата земја. Градиме пријателство, а комуникациите носат информации. Нема протокол кој мене може да ме ограничи ако јас сакам да ви се јавам вас, на премиери или било кого. Ова е само аларм за да се подигнат протоколите кога се комуницира преку фиксната телефонија на Владата“, додава Заев.

Македонија | пред 6 години

bomba-prilep-1

(ФОТО) Непознато лице оставило бомба кашикара во еден од локалите во прилепската Стара чаршија

Врие од полиција во прилепската Стара чаршија. Припадници на МВР го обезбедуваат просторот околу локалите во близина на Градската саат кула, а според информациите од граѓани очевидци непознато лице оставило бомба кашикара во еден од локалите, објави Маркукуле.На социјалните мрежи веќе се појави фотографија од бомбата, а полицијата работи на отстранување на експлозивната направа.

Македонија | пред 6 години

komicar

Рускиот комичар за Заев - нема потреба да ја подобрува комуникацијата туку мозокот

По прес конференцијата на премиерот Заев во која тој говореше за измамата од страна на руските комичари кои во телефонски разговор му се претставуваа како претседателот на Украина Петро Порошенко и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,реакција на Твитер напиша пранкерот Вован.https://twitter.com/evilprank/status/1148679350230966272?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1148679350230966272&ref_url=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2Fmakedonija%2Fse-javi-ruskiot-komichar-zaev-nema-potreba-da-ja-podobruva-komunikacijata-tuku-mozokot%2F

Македонија | пред 6 години

sekerinska

Шекеринска, смета дека службите не можеле да реагираат за да се спречи разговорот на Заев со лажните Столтенберг и Порошенко

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, смета дека службите не можеле да реагираат за да се спречи разговорот на премиерот Зоран Заев со лажните Столтенберг и Порошенко. Таа вели дека државата мора да се навикне на тоа дека ќе биде цел на хибридни, кибер, но и друг тип закани. „Знаете кога службите би можеле да реагираат на такво нешто? Кога би го правеле тоа што го правеше Сашо Мијалков. Кога би ги прислушувале сите разговори на премиерот и да ги анализираат“, вели министерката Шекеринска.На прашањето кој ќе преземе одговорнсот за разговорот на премиерот Заев со руските пранкери Вован и Лексус, Шекеринска рече „Знаете кој презема одговорност во НАТО за разговорот со генералниот секретар? Кој си замина од француската служба поради разговорот?“, додавајќи дека ваквиот тип закани ќе продожат.„Целта е да го загрозат нашиот пат до членство во НАТО. Во такви ситуации нема да се бираат средства. Ова средство не е искористено само кај нас, туку и со генералниот секретар на НАТО, францускиот претседател, но и серија други луѓе во политиката. Чудно е прашањето како им успеало во Северна Македонија кога гледаме дека тоа им успеало со врвот на алијансата. Таков тип трикови и закани ќе продолжат, а втора работа, со овој напад не е пробиено ништо што е наша безбедносна содржина. Ние треба да си ја менуваме безбедносната култура и десет пати да провериме. Овие разговори покажаа дека премиерот во секој разговор, на секое ниво, со секој соговорник ги држи истите позиции. Овие закани не се ништо ново, но ние ќе треба да се прилагодуваме на нив“, додаде Шекеринска.Според министерката, единствена одбрана од ваков тип напади е да се престане со користење телефони. 

Македонија | пред 6 години

konj-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Мртов коњ на кејот на Вардар, тој бил измачуван, прегладнет и дехидриран

Мртов коњ синоќа околу полноќ лежеше до патеката на кеј кај мостот од Железничка кон саем, каде има диви ромски населби.  На социјалните мрежи е објавена фотографија на која се гледа дека коњот е измачуван, прегданет и дехидриран.На групата Миленичиња улични и домашни објавен е статус од луѓе кои први се обиделе да му помогнат на кутрото животно. Еве што напишаа на социјлната мрежа фејсбук:ГНАСЕН НАРОД , МИ СЕ ГАДИ ОД ВАС !!!Точно е 5 часот наутро а јас сеуште под голем бес и неможам да се соземам и да напишам статус и тоа што сакам да го напишам а да е пристојно,културно и пред се без да отерам некој во ..........Некаде кај 00 часот видов една споделена објава од еден дечко на профитерското и политичкото здружение Анима Мунди каде дечково објавил дека случајно поминувајки со велосипед видел паднат коњ на кој му треба помош и дечкото апелираше да се мобилизираат друшствата и веднаш да излезат на терен со цел да му се помогне на коњот кој се наога на кејот на Вардар на патеката измегу Железничка станица и Саем,нормално за нив Анима Дунди е да ме блоикираат да неможам да коментирам дека секогаш им ја кажувам вистината ....сакав да се мобилизираме и да помогнеме веднаш заедно но .....ПРОФИТЕРИТЕ АНИМА ДУНДИ некој што не се согласува со нив добива блок.Кога ја видов објавата и коментарите подоле каде никаде ги немаше друшствата за заштита да пишат дека нешто ке се превземе решив да одам сам и да видам дали можам да помогнам на коњчето, заедно со мојот другар Naum Hadzi-Lega се спуштивме со автомобилот до самиот кеј и го најдовме коњот кој веќе беше починат,пробавме некако да го реанимираме со масирање онолку колку што знам но веке било доцна, врнеше премногу, ниту еден ветеринар не креваше телефон а ниту едно друшство на моите пораки за помош не најде време да одговори за да ми помогне, да дадеше било какви значи на живот или реакција ке го однесев со автомобил веднаш до Железара Ветеринарната каде мислам работат 24/7 иако на телефон не може да ги добиеш никако...... МЕТРОПОЛА СКОПЈЕ БЕЗ ДЕЖУРЕН ВЕТ..... МИ СЕ ГАДИ !!!!!Коњот бил млад но измачуван од ромите, вероватно дехидриран, беше врзан околу устата,сигурно служел на плус 40 да носи приколица со железа на пеколен асвалт, жеден , без подковици , без вода и без никаква заштита... каде живееме , до кога ќе го гледаме ова .....сеедно ли вие друшства за заштита на животни......вие сте фејсбук друшства,лесно е да кликнеш share на објава , лесно е да бидеш гласен на фб со статуси и лесно е да се политизираш со цел да лапнеш проект од Град или Амбасада ....но каде сте кога треба да се критикува оштро, каде сте кога треба да се излезе веднаш ......со чест на исклучоци од некој ликови кој ги знам ......МИ СЕ ГАДИ ОД ВАС ДРУГИТЕ .....Агенција За Храна И Ветеринарство ВАМ ви се обратив за надлежност и трајно решавање на овој проблем со измачување на коњите...се оградивте... Министерство за внатрешни работи вам ви се обративме неколку пати рековте не сте задлежни дека животните имале сопственик....ја префрлате топката од едни на други и НИКОЈ ОД ВАС не сте способни еднаш да го решите проблемот засекогаш а на избори ке ветувате сешто ....МИ СЕ ГАДИ ОД ВАС !!! НЕСПОСОБНИ СТЕ И АЛЧНИ ПО ПАРИ МОЌ И ФУНКЦИЈА ......МРШ !Пријатели, новинари, портали , политичари ....ве молам споделете го овој статус, нели сме метропола, нели ГРАДОТ УБАВ a Петре Шилегов.... ова не смее повеке да се случува....нели ЕУ а Zoran Zaev ? Вака ли ?Петре Шилегов лично пред година дена те прашав за овој проблем и те замолив да се заложиш да го решив,ме гледаше бледо и љуто небаре јас ти барав хотел мене да ме сместиш....до ден денес ништо не напраи ниту се потруди...а ВЕТИ .... наместо да изиграваш пијана смешка и собракај да регулираш што не е твоја работа те молам најди една нива,направи неколку кафези и побарај волонтери кој ке ги има ти ветувам многу кој ке се грижат за сите вакви коњи кој ги гледаме измачувани на улица.....направи нешто ако не одиси дај си оставка и пушти го патот на некој кој знае да работи ! Време е за Анимал Полис .....неспособна Влада и лугето во неа, оделата не ве прават интелектуалци и луге, делата ве прават .......ПРЕВЗЕМЕТЕ НЕШТО дека народов ќе ви пресуди многу брзо !!!И да, ве молам надлежни институции да се погрижат за останките од коњот кој сеуште е таму ......Се извинувам ако статусов е неуреден измешан и со грешки но верувајте сум сеуште потресен гневен .....https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10156505797638811&set=pcb.10156505804713811&type=3&theater

Скопје | пред 6 години

zoran_zaev

Интервју на „Клан“ со руските шегаџии: Го одбравме затоа што рече дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија

Новинарот Фуркан Салиу на телевизија „Клан Македонија“ направи ексклузивно видео со еден од дуото руски комичари Вова и Лексус, односно со Алексеј Стојларов. Во интервјуто Стојларов раскажува голем број интигри поврзани со мега скандалот кој ја потресе македонската политичка сцена, но и целата македонска јавност.Тој објаснува дека ги бираат политичарите во зависност од нивната популарност. Објавувањето на видеото со премиерот Зоран Заев вчера, било затоа што сметале дека немале други интересни информации кои можат да ги добијат од него.Заев го одбрале како „жртва“ откако го виделе на вести.„Ние го одбравме кога првпат слушавме дека тој вели дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија се обидела да ја пречи да стане членка на НАТО. Потоа слушнавме дека Русија се обидела да организира протести таму. Така ја направивме нашата одлука и му се јавивме. Видовме дека сака да разговара со нас, па го мемориравме неговиот број и го побаравме пак“, вели Алексеј....Имаме многу различни материјали со различни светски лидери, па нашата одлука беше да го објавиме денес беше случајна“, вели Алексеј Стојларов.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/333853137548788/?v=333853137548788

Македонија | пред 6 години

83-12-YouTube-Google-Chrome

ВИДЕО: Болна мајка на 12 деца од Скопје бара помош оти живее во беда, со мувла и од милостина

Во трошна куќа, во која влагата и мувлата ѕиркаат од сите страни, живее 15-членото семејство Китановски во скопски Припор. 50-годишната Васка е самохрана мајка, болна и невработена и вели дека децата ги гледа од милостина од луѓето и црквата. Со солзи во очите, ја раскажува нејзината приказна како секојдневно сама се бори со болестите, бедата и сиромаштијата, пишува порталот „А1он.мк“Прочитајте повеќе на А1он.мкФото и видео: А1он.мк

Македонија | пред 6 години

milososki

Милошоски обвинува дека Заев лаже: Не си се сретнал со Порошенко во Давос

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој вчера случајот со руските комичари и разговорите на македонскиот премиер со „Порошенко" и „Столтенберг" го нарече дипломатски скандал на социјалните мрежи пишува дека Заев не остварил средба со претседателот Порошенко во Давос на економскиот форум во јануари годинава бидејќи нивната средба не била спомената во официјалните владини сооопштенија.„Дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот Форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското Министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на Whatsapp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат“ - пишува Милошоски на ФБ.Премиерот Заев, кој е најновата жртва на руското дуо, вчера кажа дека станува збор за добро организирани структури за ширење влијание на трети страни и дека провокациите доаѓаат од медиуми со антинато ставови. Рече и дека е жртва на сопствената отвореност и постојана достапност, а и самиот потсети дека тоа им се случило на многу други политичари.

Македонија | пред 6 години

ulica-koli

Во Скопје се вози под дејство на алхохол, брзо, зборејќи на телефон: 82 казни за еден ден

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај исклучени се 10 возачи од кои: еден возач управувал возило под дејство на алкохол, седум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи  почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања.Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 29 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 61 возило се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Јанакиески е вратен во затвор, ќе прима терапија

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески е вратен во затворот во Шуто Оризари, откако претходно беше однесен во болницата „8 Септември“ во Скопје.Тој се жалел на болки во бубрезите, а во болницата му биле направени анализи и прегледи. Дежурниот лекар му препишал терапија.Ексминистерот веќе неколку дена штрајкува со глад во затворот, а пие само вода.

Македонија | пред 6 години

idioti-2

Македонија и Бугарија заеднички ќе ги чествуваат св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

Владата на вчерашната седница ги прифати сугестиите за заедничко чествување Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил. Според одлуката на Владата, овие личности се дел од заедничката историја на двете држави.Од Владата информираат дека двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. Се прифаќаат и заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Бугарија и за 6 одделение во земјава.Владата во исто време бара заедничката мултидисциплинарна експертска комисија решително да ја забрза својата активност за значајни теми како Гоце Делчев и Илинденското востание и други и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците.Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденското востание и други), и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците. Прифатено е во својата работа Комисијата строго да се придржува кон одредбите од чл. 8, т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, која нагласува дека е неопходен “придонес за објективно, засновано на автентични и засновани историски извори за научно толкување на историските настани – се вели во соопштението од владата. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања