ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Нема фотографија

Ужасен хорор во Србија: Ја убил мајка си па се обидел да го прикрие злосторството

Педесет и четиригодишник е уапсен поради сомнение дека ја убил својата 83-годишна мајка со удар во главата, а потоа ја легнал на кревет и се обидел да го прикрие убиството.– Злосторството се случило околу два часот по полноќ. Постои сомнение дека уапсениот ја удрил својата мајка со тап предмет во главата во тоалетот, а потоа ја ставил на креветот. Потоа ги избришал траговите од крв во куќата, но и на себе и на својата мајка. Несреќната жена до утрото починала од здобиената повреда, а синот тогаш повикал да биде однесено нејзиното тело – вели извор за „Курир.рс“.На лекарите им била сомнителна повредата на главата, па според изворот, се јавиле во полиција и го пратиле телото на обдукција.Како што додава, осомничениот им кажал на полицајците дека неговата мајка паднала и тешко се повредила.– Беше во купатило и со главата удри во мијалникот, а потоа на подот. Беше жива, ја подигнав и ја однесов во кревет. По еден час, отидов да ја видам и сфатив дека не дише. Ми беше јасно дека починала, но не ја убив – наводно рекол тој.Меѓутоа, обдукцијата покажала дека жената е убиена, дека повредата на главата ја добила насилно и тоа со удар од некој предмет.– Штом стигнаа резултатите од обдукцијата, синот е уапсен и на терет му се става тешко убиство – вели изворот.Некои соседи изјавиле дека не веруваат оти синот ја убил мајка си.

Свет | пред 6 години

zaev-nova-vlada

Тврдењата на Заев не се само оправдувања, туку и точни факти

Порталот „Вистиномер.мк“, изјавата на премиерот Зоран Заев која ја даде вчера ја оценува како вистинита:… Должен сум да кажам дека и јас станав еден од оние што во изминатите неколку години се измамени од добро организирана структура. Тоа се структури што извлекуваат придобивки од нови облици, алатки и тактики за медиумска дискредитација и медиумско влијание, најчесто насочени против личности и земји со евро-атлантски аспирации. Тоа е еден од оние обиди за директна штета на нашите стратешки интереси да го завршиме процесот за нашето членство во НАТО. Тоа се добро организирани структури за ширење влијание во интерес на трети страни…[Извор: Влада/Медија центар – прес на З. Заев (од 19.мин) – датум: 09.07.2019] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:Тврдењето на премиерот Зоран Заев дека нелегалните телефонски разговори со него се извршени од добро организирана структура, која и во минатото има користено нови тактики за медиумска дискредитација, најчесто насочени против личности и земји со евроатлантска аспирација, а во полза на трети страни, го оценуваме како вистинито.Иако Заев не даде експликација за своето тврдење, докази за ова се наоѓаат во медиумскиот простор токму во Русија, матичната земја на двајцата измамници кои разговарале со Заев, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.Независниот руски весник „Москоу Тајмс“ (The Moscow Times) уште во март 2016 година објави сторија за двајцата „пранкери“, со симптоматичен наслов: Среќни да бидат оружје: Двајцата руски пранкери ги таргетираат противниците на Кремљ.

Македонија | пред 6 години

zaev-na-telefon

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со своите несериозни и расипнички постапки ја срами Република Македонија

Зоран Заев не е жртва, туку Република Македонија е жртва на неговиот криминоген карактер, неодговорноста и неспособноста. Република Македонија 3 години е држава која е загубена во корупција, нееднаквост пред законот и расипништво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Извинувањата за злоделата на Зоран Заев не помагаат да се исчисти срамот  и конечно да се тргне напред. Заев треба да одговара за своите постапки.Заев со своите несериозни и расипнички постапки ја срами Република Македонија каде и да стигне и ризикува да ги влоши односите на земјава со меѓународните партнери.Одговорност мора да има не само поради последниот меѓународен срам со кој што ја засрами и Македонија  и нашите партнери и пријатели, туку и поради низата погрешни политики и скандали кои што тој и неговите функционери ги прават во континуитет.Заев треба да понесе одговорност затоа што земјава не доби датум за преговори со Европската Унија. Македонија не доби датум заради немањето реформи од страна на власта што го потврдија и странските дипломати во земјава. Затоа Заев наместо да бара изговори и да обвинува други, треба да ја понесе одговорноста за овој неуспех.Одговорност треба да има и за високата корупција, криминалот, местените тендери на функционерите од врхушката на власт, но и непотизмот кој како канцер го зафати нашето општество.Заев треба да одговара затоа што ја уништи македонската економија која е на дното во Европа, граѓаните стануваат посиромашни, долгот вртоглаво расте, додека бизнисите на неговата фамилија од ден во ден се повеќе се шират.Одговорност мора да има и заради шерифското однесување на државните функционери кои киднапираат и тепаат граѓани, се закануваат, купуваат нелегални супстанци и шверцаат цигари без да одговараат пред законите.Заев треба да одговара и за заробеното судство и обвинителство кои единствено служат за прогон на неговите политички неистомисленици и амнестија на своите криминали и криминалите на соработниците.Република Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ не е ниту демократска ниту европска држава. Државата и граѓаните можат да имаат европска иднина и просперитет единствено кога Заев и СДСМ ќе си заминат од власт и ќе се вратат правото и правдата во Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

iseni-zaev-696x764

Разрешениот Исеини му се заблагодари на Заев за довербата

Џевад Исени, кој беше разрешен од страна на владата од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор, му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната доверба.„Секогаш бев, сум и ќе бидам сервис на граѓаните и ќе се борам за правичност, одговорност и законитост во државата. Од низа ситуации во животот човекот учи дека функцијата не може никогаш да те направи нешто што не си бил, тоа го носиш во себе, а тоа се основните клучни работи на една личност – одговорност, лојалност и правичност“, напиша Исени на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денес облачно и нестабилно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2).Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 24 до 31 степен.УВ-индексот ќе изнесува 7.Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. Повремено процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 27 степени.Во четврток и петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе се задржат нешто пониски. Во сабота попладне ќе има повремен локален дожд.

Македонија | пред 6 години

antonijo-milosovski

Милошоски: Заев вчера јавно излажа дека остварил средба со Порошенко во Давос

Пратеникот Антонио Милошоски објави на својот фејсбук профил дека Зоран Заев ги излажал новинарите и дека со нови лаги ги покрива старите скандали и дека од информации кои го добил од македонското МНР потврдил дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското министерство за надворешни работи.„На ЛАГАТА и’ се кратки нозете, на ЗАЕВ исто така!Заев во обид да го покрие срамот и нанесената штета врз угледот на Македонија, јавно излажа дека остварил средба со претседателот Порошенко во Давос, Швајцарија (економски форум 21-26ти Јануари 2019та).На вчерашната прес конференција во владата, новинарка постави прашање “дали претходно имало остварено комуникација на кабинетите за да има ваков разговор (со Лажниот Порошенко)?”Заев одговори: “Како не. Секако, на официјалните состаноци коишто ги имаме, како состанокот кој што сум го правел со претседателот Порошенко во Давос, на пример, сме разговарале затоа што и определбата на Украина е за НАТО, а нормално затоа што тој важи за еден од сопствениците на големите фабрики за чоколадо, па да го поканам да инвестира во нашата земја, тоа е странска инвестиција.”Но, во владиното соопштение со наслов “Заврши учеството на премиерот Заев и владината делегација на форумот во Давос: Остварени средби од интерес за економската иднина на земјата”, кое е објавено на 25.01.2019 во 16:04мин, наведени се средбите со Марјан Шарец (Словенија), Хашим Тачи (Косово), д-р Денис Звиздиќ (БиХ), Јенс Спан (Германија), Кристалина Георгиева (СБ), Јоханес Хан (ЕУ), Столтенберг (НАТО) и Џорџ Сорос. Никаде не е спомената средба со тогашниот претседател на Украина, Порошенко, а имајќи ја во предвид скромната листа на државници со кои Заев, Анѓушев и Бектеши се сретнале, доколку таква средба била остварена, сигурно ќе и’ било соопштено на јавноста!Истовремено, доколку внимателно се разгледаат и официјалните соопштенија на Svyatoslav Tsegolko, гласноговорникот на претседателот на Украина од тој период, ќе се види дека Порошенко на форумот во Давос се сретнал со претседателот на Бразил, Кина, Германија, Полска, Шпанија, Швајцарија, Хрватска, Белгија, Литванија и Ерменија, како и со ген.сек на ОН и претседателот на Меѓународниот црвен крст.На крајот, дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на WhatsApp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат.Но, бидејќи Заев неуспешно се обидува со нови лаги да ги покрие старите скандали, а со тоа и свесно ги манипулира новинарите и граѓаните на Македонија, најдобро е да си даде оставка како премиер и со тоа да ја намали штетата по угледот на државата што и’ го нанесува со неговите дипломатски скандали“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

mile-janakieski

Миле Јанакиески итно пренесен од затвор во болница

Миле Јанакиески однесен на преглед во болницата 8 – ми Септември. Неофицијално поранешниот монистер се пожалил на болки во стомакот, гадење и лошење и затоа затворската полиција од затворот Шутка го однела на прегледи, пишува Алсат.Јанскиески е во притвор поради продажбата на државно земјиште на фирми кои потоа не ги изградиле предвидените хотели.Миле Јанакиески веќе деветти ден штрајкува со глад.

Македонија | пред 6 години

paraglajder

Спасени параглајдеристите кои паднаа на Галичица

Двајцата параглајдеристи од Украина кои изгубија контрола додека летале над Галичица и паднале во близина на Mакедонско-албанската граница се извлечени со помош на специјалци и хеликоптери на МВР.Несреќата се случила од засега непознати причини, околу 15 часот. Со GPS било утврдено дека параглајдеритите паднале 650 метри на албанска територија. И покрај неповолните временски услови, ветерот и укажувањата дека е ризично да го направат тоа, тие попладнево полетале од Галичица на македонска страна.Во несреќата тешко повредено е едно лице.

Македонија | пред 6 години

paraglajder

Параглајдеристи од Украина изгубиле контрола и паднале на Галичица

Во близина на Mакедонско-албанската граница, параглајдеристи од Украина изгубиле контрола додека летале над Галичица и паднале на падините на планината, дознава OhridNews.Несреќата се случила од засега непознати причини, околу 15 часот. Веднаш биле алармирани Националниот парк и екипата за спасување на планина и непристапни терени на Црвениот крст – Охрид, кои се упатиле на местото на настанот по параглајдеристите. Во несреќата тешко повредена е параглајдеристка од Украина.„Како што дознаваме, со GPS било утврдено дека параглајдеритите паднале 650 метри на албанска територија. Македонската гранична полиција веднаш стапила во контакт со колегите од Албанија заради координација околу спасувачката мисија која е во тек. Според првичните информации еден од параглајдеристите се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со полесни. Неофицијално дознаваме дека украинските параглајдеристи, биле туристи кои самоиницијативно, без соодветна логистика се упатиле во опасна авантура, дотолку повеќе што временските услови за летање со параглајдер не биле добри, поради неповолен и силен ветер, на што биле предупредени од искусни македонски летачи, кои од тие причини ги откажале своите летови и се симнале од Галичица. Истрагата  која ќе уследи ќе треба да утврди дали тие имале дозвола за летање и дали биле искусни летачи“, пишува порталот OhridNews.

Македонија | пред 6 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски: Снимката на руските “пранкери” е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја

Актуелната снимка на т,н., “пранкери” со премиерот Зоран Заев е класичен пример на хибридна алатка, смета пратеничката од СДСМ Фросина Ременски.„Најголеми предизвици на сите безбедносно-разузнавачки служби е справувањето со неконвенционалните форми на загрозување на националната безбедност и стратешките интереси, преку употреба на алатки на специјална (информациска) војна, денес познати како хибридни закани.Хибридните закани (комбинација на легални и нелегални дејствија со цел) ги употребуваат поединци, групи, движења, политички партии, влади и разузнавачки служби, заради остварување на нивни цели и интереси или за попречување на интересите на земјите во кои продуктите на хибридните закани се пласираат.Актуелната снимка на т,н., "пранкери" е класичен пример на хибридна алатка. Легалноста на оваа хибридна алатка е само правото на комуникација. Нелегалноста на оваа хибридна закана е лажното претставување, употребата на агенти провокатори зад превез на "пранкери" и прикривање на нелегалноста и злоупотребата на медиумите на т.н., пранкери зад превезот на слободата на изразување и слободата на медумите како демократска вредност.Ширење на продуктот од хибридната алатка по пат на медиуми е по правило сензација и предизвикува интерес. Тоа е една од главните цели на хибридната закана - да се шири продуктот што претпоставува некаква штета. Крајната цел е нарушување на интересите на земјата или на трети земји.Современите безбедносни служби имаат легитимно право овој вид на хибридни закани да ги третира, да ги превенира и да постапува доколку се случат.Медиумите покрај обуките за борба против лажните вести имаат и право и обврска да се едуцираат многу подетално за облиците на хибридно војување. Пласирањето на лажни вести е само еден дел од информациската, специјална, хибридна војна.Хибридниот продукт во случајот со премиерот Зоран Заев е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја. Но, факт е дека ефектот не е очекуваниот.Од содржината се заклучува дека, премиерот и покрај наведувањето на искази и вербални провокации (техника на комуникација на агент провокатор), јасно и без двоумење ги презентира стратешките цели и интереси на нашата земја за стабилност и безбедност во регионот, важноста на дијалогот, мирното решавање на споровите и потребата од дијалог и размена на вредности и ставови помеѓу земји и лидери кои делат исти стратешки интереси.Оваа поучна хибридна лекција ќе не направи попосветени на напорите да ги зајакнеме институционалните и процедуралните капацитети за сајбер заштита, за да ги превенираме и пресретнеме ваквите дејствија.Секое барање на одговорност и вина од жртвите на вакви хибридни закани и продукти е посакувано продолжено дејствие на алките и целите на креаторите на хибридната закана, на кои вистината не им е целта“, напиша Ременски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

66256036_671539849975954_3215926891106009088_n

Жителите на Дебар Маало бараат дислоцирање на „Самрленд“ оти им пречи бучавата

Жителите на Дебар Маало бараат дислокација на летниот фестивал „Самрлед“, кој се одржува во Градскиот парк на Школка. Тие веќе се организираат и потпишуваат петиција што ќе ја достават до надлежните во Град Скопје, кои се и организатори на фестивалот.„Повеќето од луѓето што живеат тука работат помеѓу 8 и 17 часот. Значи, цел јули од работа директно на журка додека си легнеме. Ние можеби сме и помал проблем. Што е со бебињата, што е со старите и изнемоштени лица, што е со луѓето што сакаат да си прошетаат во мирна природа? Дебармаалци и жителите во парк немаат право на одмор и тишина, затоа што некој така одлучил. Со целокупната претходна ситуација, бевме навикнати. Научивме која од кафеаните или кафулињата во кој ден се погласни или, пак, во деновите кога има забавен настан во парк и сето тоа се „прегризува“ затоа што знаеме дека утре ќе заврши. Ама сега со ‘Самрленд’ осудени сме да бидеме жртви на звучно загадување секој ден. Ова е многу сериозно и дебармаалци треба секојдневно да го поднесуваат. Бараме да се врати барем малку од малку мирот во Дебар Маало и ‘Самрленд’ да биде дислоциран“, се вели во барањето на жителите.

Скопје | пред 6 години

divo-naselje2

Ел Чека му се закана на Заев: Ќе ви се случи ново Куманово, но среде Скопје

Ел Чека преку Фејсбук упати терористичка закана до Премиерот Зоран Заев. Ако нема меѓународна истрага за “Диво Насеље” и не се расветлат сите убиства на припадници  на ОНА очекувајте уште едно Куманово среде Скопје.-Ако не се побара меѓународна истрага за сите неправедни апсења на Албанци во текот на сите овие години, ако не одат во затвор криминалците кои предаваа и убиваа, крадеа и затвараа, тогаш очекувај уште едно Куманово на сред Скопје. Ако продолжете вака Струмица ќе ви изгледа многу далеку, немате друг избор, затоа или меѓународна истрага или казната ќе ја добиете од народот. ЗАЈЧЕ ова не го сметајте за закана, не е закана, тоа е настан кој ќе се случи ако нема меѓународна истрага, се вели во статусот на Фејсбук профилот на Ел Чека, објави 4news.mk.Пред 2 недели Кичевското обвинителство поднесе обвинение против Шеќерим Ахмети таканаречен Ел Чека за објавување прислушкувани разговори на челниците на ДУИ кои тој ги обвинува за криминал. Ел Чека кој по потекло е од кичевското село Туин, а живее во Чикаго од каде ги пушташе и аудио снимките за кои тврди дека ги добил од припадници на групата од случајот “Диво Насење”. За неовластено прислушкување и тонско снимање му се заканува затворска казна од 1 до 5 години.Текстот е превземен од: 4news.mk

Македонија | пред 6 години

66254557_661383524273665_4332164135144914944_n

(ФОТО + ВИДЕО) Уништени над 600 парчиња оружје и над 400 килограми дрога

Денеска, по повод 9-ти  Јули - Меѓународниот ден за уништување на огненото оружје дојдовме, во погоните на Еуроникел индустри во Кавадарци, беа уништени оружје и наркотични дроги  одземени по основ на   правосилни судски одлуки, донесени по завршени кривични постапки, како и врз основ на  решениja за нивно  ништење , донесени од  соодветните судови во државата. Уништувањето на дрогата и оружјето беше реализирано со соработка меѓу Министерството за внатрешни работи, Државната комисија за уништување на  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и Агенцијата  за управување со недвижен имот. Согласно претходно утврдени законски процедури, огненото оружје и наркотичните дроги  претходно беа преземени од магацините на судовите и  складирани во магацините на МВР, согласно Планот за преземање на мерки и активности  за преземање, транспорт и складирање на огненото оружје и наркотички дроги.„Станува збор за уништени повеќе од 600  парчиња оружје , од кои најголемиот дел се пиштоли -358, ловечки пушки – 142, автоматски пушки -32,   воздушни пушки - 54, еден ракетен фрлач и друго. Во поглед на уништени количини на дрога, станува збор за повеќе од 400  килограми наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, и тоа марихуана, хашиш, кокаин, хероин, амфетамини и друго. Сакам да се заблагодарам на раководството на Еуроникел индустри што изрази подготвеност и добра волја и без никаков надомест ни беше понудено заеднички да ја реализираме целата оваа активност“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Министерството за внатрешни работи продолжува со континуирани акции за заплена на нелегално оружје и дрога, за што постојано соодветно ја информираме јавноста. Во борбата со нелегалното оружје во 2018 година има зголемување на откривачката дејност во однос на 2017 година.  Во 2018 година беа откриени 187 дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“, за што кривично се пријавени 205 сторители.„Што се однесува пак до „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“, во 2018 година имаме 789 кривични дела, за што се пријавени 905 сторители и во овој сегмент имаме зголемување на откривачката дејност за 43 отсто. Во рамки на овие кривични дела запленети се над 1,5 тони дрога“, рече министерот Спасовски.

Македонија | пред 6 години

dsc005

Мицкоски: Единственото извинување што требаше Заев да го каже требаше да биде, се срамам и веднаш ја напуштам функцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговараше на новинарски прашања. Еве што кажа Мицкоски за актулените случувања:            Прашање, новинар: Како ја коментирате последната аудио снимка на премиерот Заев и руските комичари? Се извини на денеска на прес конференција, ваш коментар?            Христијан Мицкоски: Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже во неговата прес конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори. Само тогаш ќе го видевме вистинското лице, она лице кое што треба човек после еден ваков скандал примитивен би рекол, да го направи ако сака да биде почитуван од сопствените граѓани. Ова само дополнително ќе ја зголеми неговата лична агонија, неговата лична фустрација, но и фустрацијата на граѓаните. За мене е катастрофално да се слушне ова што се слушна бидејќи како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат , меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во Светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј. После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш и распишување на предвремени парламентарни избори. Сето останато е лицимерие и ќе повторам ја продолжува личната фустрација и агонијата на граѓаните. На Македонија и треба влада и требаат луѓе кои што на брза трака ќе ја стават државата и први ќе го завршат маратонот наречен полноправно членство на Република Македонија во рамките на Европската унија.            Новинар,  прашање:Дали вие како ВМРО-ДПМНЕ повторно би го актуелизирале прашањето за предвремени парламентарни избори?            Христијан Мицкоски: Па јас само што го реакуелизирав и  тоа е единствениот спас за Република Македонија. Повторно еве овдека на вашето прашање ќе одговорам, ајде да седнеме веднаш уште денеска да завршиме со сите протоколарности,  да ги собереме пратениците во рамките на парламентот, да одржиме состанок со пратеничките групи, секој претседател на политичка партија одделно, да договориме техничка влада и да одиме на предвремени избори. Ова веќе станува неподносливо и за граѓаните, државата ни се празни луѓето се разочарани, луѓето се исфрустрирани, не гледаат перспектива. Јас ја разбирам сета онаа иницијативност која што Зоран Заев и малкумина неколку негови послушници сака да ја покаже наивно извинувајќи се, но мислам дека помина времето за извинување, веќе трета година за сите овие неуспеси ние слушаме извинувања, редно време е одговорност. Редно време е одговорност да понесе некој во оваа држава.Слушавме што правел  Рашковски, не сме го разбрале, тепаше овој градоначалник не сме го разбрале, оној градоначалник шверцуваше, не бил сфатен помилуван беше, претходно овој нарачуваше полче, не било дрога, било нешто друго. Кога во оваа држава јавниот обвинител , судството и обвинителството ќе  докажат дека за секој граѓанин ќе има правда. Со овие луѓе нема Европа и нема иднина Република Македонија.  Треба еднаш засекогаш на  сите да ни стане јасно, извинувањето не е доволно. Извинувањето можеше да биде во првите недела две, па еве и во првите 100 дена од мандатот, третата година е денеска и во оваа трета година народот гласачите, без разлика за кого гласале, погледнете што се случува по социјалните мрежи, погледнете ги луѓето по улиците веднат глава, недостоинствено се чувствуваат како граѓани на Република Македонија. Редно време е за оставка, и народот си го бара своето, а тоа е оставка и да завршат овие луѓе со одговорност пред судските органи, обвинителството да се позанимава што премиерот на државата ја доведе државата во подредена положба. Цел свет ни се смее, за што и зборуваме ние за какво извинување зборуваме, светот ни се смее луѓе.            Прашање новинар: Грција веќе доби нов премиер, што тоа значи за вас, дали планирате во најскоро време да седнете со новиот премиер, да поразговарате во однос на Преспанскиот договор со оглед на тоа што и вие и тој најави ревидирање на делови од Преспанскиот договор,а од друга страна е порадикален во изјавите од Ципрас дека не постои ниту македонски народ?            Христијан Мицкоски: Претпоставувам дека што значи новиот премиер за Грција, треба да ги прашате грчките граѓани, бидејќи тие одлучиле да господинот Мицотакис го победи на избори господинот Ципрас и претпоставувам тој се обврзал за време на кампањата за некои ветувања што треба да ги испорача пред граѓаните на нашиот јужен сосед. Така што да видиме времето да помине, па да видиме дали тоа што тој го ветил ќе го испорача пред граѓаните на нашиот јужен сосед. Нашиот став за Преспанскиот договор досега бил кажан едно стотина пати најмалку, од моја страна повеќе од педесетина пати дека тој е капитулантски, дека тој директно задира во националните и идентитетски прашања на македонската посебност, на македонската држава, нити па нешто ќе додадеме повеќе, ниту пак ќе одземеме од тоа што до сега сме го кажале. Така што сето она кое што е во насока на подобрување, сето она кое што е во насока на зголемување на квалитетот и враќање на изгубените позиции кој што овој уценет што го видовме денеска премиер под притисок ги потпиша, ние сме тука да ги репреговараме и да ги повратиме.Гледаме дека денеска Република Македонија практично губи затоа што си има работа со уценети луѓе, луѓе кои што се манипулирани, и луѓе кои што се под притисок само исклучиво поради две работи првата е да не одат во затвор, затоа што беа еднашка фатени како бараат мито од граѓани под принципот на Мирчо свињарникот. И втората е да го променат законот за јавни набавки и да се богатат на грбот на сиромашните граѓани на Република Македонија.Дојде време да се стави крај на сите вакви политичари , не само од сега, зборувам и од минатото.            Прашање, новинар: Дали е решено да разговарате со Мицотакис ?            Христијан Мицкоски: Јас сум подготвен со секого да разговарам, и тука нема никаква дилема, ниту пак ќе има дилема. Јас сум на браникот на одбрана на македонските национални интереси и на интересите на македонската држава. И не се повлекувам од таа точка.            Прашање, новинар: Дали во моментот, во новата политичка ситуација во Грција гледате можност доколку дојдете на власт во скоро време ќе можете да издејствувате на Преспанскиот договор, и ќе биде на поголема корист на Македонија?           Христијан Мицкоски: Власта е вулгализирање на процесот на водење на државата, ние не доаѓаме на власт само за да дојдеме на власт. Ние сакаме да победиме на фер, демократски, чесни предвремени парламентарни избори со Програма и конечно да го вратиме сето она кое што е изгубено од страна на ваков тип корумпирани и уценети политичари во Република Македонија. Не може генерации Македонци да губат затоа што имаме водство од страна на уценети и корумпирани политичари.            Прашање: Господине Мицкоски уште едно прашање како ја коментирате втората метла која ја најави Заев, а се уште не гледаме никаков ефект од метлата и смената на директори и високи функционери и слично?            Христијан Мицкоски: Видете еве јас ќе ви дадам одговор што е поврзан со еден вистински настан што ми се случи. Еден пријател ме прашува, добро Христијан ти повеќе се разбираш во политикава, внатре си. Не ми е јасно зошто владиниот врв не беше заедно со вардарци кога ја славеа победата и титулата Европски шампиони. Одговорот е јасен, од една страна го имаме вистинскиот Јанус со две лица, човекот кој што на видео спотови ќе го видите насмеан, како лаже бесрамно и се фали со проектите на претходните Владини раководства и вели дека блескаме, а од друга страна се плаши, се срами, се препелка да излезе со 1о-тиците илјади македонски граѓани да им погледа во очи и да ја слави титулата на Европскиот шампион Вардар. Е тоа е денешната реалност во Република Македонија. Подбоениот лицемерен карактер на корумпирани и уценети политичари. Од една страна се обидуваат од петни жили да го лажат граѓанинот дека блескаме, нудејќи ја метлата, а од друга страна се плашат во очи да им погледаат на луѓето, затоа што знаат дека луѓето тога ќе бидат бескомпромисни.

Македонија | пред 6 години

zaev-1

Заев: Немам намера да поднесам оставка, се случил пропуст и се извинувам

„Немам намера да поднесам оставка, затоа што од овој процес ќе излеземе посилни. Апсолутно не мислам дека треба да ја стигнам мојата комуникативност. Сакам да комуницирам и да разговарам. Сакам да примам информации од јавноста. За жал ваквата отвореност носи некогаш вакви горки чувства“, рече Заев. Според него, почитувани се сите протоколи кога некој бара комуникација со премиерот. „Не ми е прв пат да имам разговарано со Столтенберг, Порошенко. Разговарано е преку фиксната телефонија во Владата, каде се двата телефони, а разговарано е преку „Ватсап“.Вакви манипулатори и добро организирани структури секогаш ќе наоѓаат одредени пристапи, затоа што сајбер безбедноста секогаш треба да се надоградува. Се случил пропуст, за кои им се извинувам на граѓните“, вели Заев за објавените разговори со лажниот Порошенко и Столтенберг. Заев вели дека тој не оддал никаква тајна во текот на разговорите. „Нормално се бара од мене во моментот да дадам телефонски број, на некој што искрено верувам дека е претседателот на Украина. Во целиот овој разговор нема одавање на државни тајни. Тоа се ставови кои се повторуваат секој ден. Дури и за „Питер Македонски“, тој ја отвора темата, јас се шалам на темата и тоа е тоа. Не оддавам никаква тајна“, додава Заев.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања