ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

zaev

Заев: Јас сум измамен и жртва, но сум во добро друштво со Ердоган и Макрон

„За жал и јас станав еден од оние кои во изминативе години се измамени од добро организирана структура која дискридитира поединци.Тоа се структури кои прават обиди за директна штета за наштите стратешки интереси, за нашето членство во НАТО. Тие шират влијанија на трети страни и не е тешко тоа да се процени. Во нашата земја, први ова го пренесоа портали кои шират анти-НАТО пропаганда. На ист начин, истите измамници, во април годинава успеале за изнудат и телефонски разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон кој мислел дека разговара со новиот украински претседател. Тие разговарале и со министерот за надворешни работи на Брисел. Тие успеале да стигнат до Елтон Џон. Измамнички настап имале и кон Ергодан. Листата покажува дека сум во добро друштво“, вели Заев. „Во еден ден се извршени сериозни интервенции и ставени се во контекст кој не е автентичен. Таков е делот за МПЦ, каде има интервенција. Таму зборував единствено МПЦ да добие афтокефалност. Останатите делови од објавените разговори, само ги потврдуваат ставовите кои ги застапувам јас. Тоа ги покажува стратешките определби на нашата земја. Во разговорите се слуша мојот став против промена на границите. Разговорот ја покажува мојата верба дека Договорот со Грција ќе успее за да се реши деценискиот спор. Зборам за придобивките од Договорот со Бугарија. Зборувам дека нема докази дали Иванов е поддржан од Русија“, додава Заев.

Македонија | пред 6 години

zoran_zaev

ВО ЖИВО: Заев за разговорите со лажните Столтенберг и Порошенко

Пресс конференција на премиерот Зоран Заев за објавените разговори.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/465138120973199/?epa=SEARCH_BOX

Македонија | пред 6 години

1zaevtelefon

Заев зборува за 100 000 евра мито за Вартоломеј, автономија за Татарите, решенија за Косово

Премиерот на Македонија Зоран Заев во серија телефонски разговори во кои е измамен од комедијанти од Русија дека зборува со Јан Столтенберг и Петро Порошенко, разговара за повеќе актуелни прашња.Заев зборува за некаква „автономија на окупирана територија“ која би ја добиле Татарите на Крим, со што би биле како Албанците на Балканот. Така тие би биле лојални до крај на Америка бидејќи целта била во „глобалната војна“ да победи Америка со Германија против Русија.Во разговорот со човекот го го убедил дека е Петро Порошенко, Заев договара 100 000 евра мито за Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, бидејќи само со пари ( донации ) ќе се средело прашањето за црквата.Заев зборува и за решение на политичката криза во Србија, притоа спомнувајќи го Боќко Обрадовиќ од движењето „Двери“.Тој зборува и за Косово, каде кажува дека е против северните општини да се припојат на Србија и тоа го нарекува „темпирана бомба“ за Балканот.Владата сеуште не се има официјално огласено по овие најнови снимки, а сеуште има молк и во СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски: Заев не само што ТРИ ПАТИ е насамарен од пренк-комичари, а можеби и агенти ги има нарушено дипломатските протоколи за меѓудржавна комуникација

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот фејесбук профил направи детална анализа за објавените разговори со премиерот Зоран Заев во кои е во заблуда дека разговара со поранешпниот претседател на Украин, Петро Порошенко, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенверг, а всушност комуницира со двајца руски комичари. Поранешниот министер за надворешни работи тврди дека доколку Заев ги запазувал процедурите ќе бил „пренкнат“ само еднаш, а не три пати. Еве што напиша Милошоски на ФБ:Заев не само што ТРИ ПАТИ е насамарен од пренк-комичари од Русија, а можеби и агенти (тел.разг август 2018, јан 2019 и април 2019), туку како премиер ги има нарушено дипломатските протоколи за меѓудржавна комуникација, а со тоа ја има нарушено тајноста на државните строго доверливи информации на Македонија, го има нарушено угледот на државата, а згора на тоа ја подрива и довербата на трети држави кон Македонија (САД, Германија, Грција, Русија) со тоа што открива доверливи разговори и нивни позиции кон чувствителни регионални и меѓународни прашања.Заев морал да знае дека разговор меѓу двајца државници се договара официјално преку амбасадорите на/во двете земји, се потврдува преку дипломатските советници во двата кабинети, а потоа се архивира/ споделува со министерот за надворешни работи. Доколку ова не го знаел Заев како премиер, тогаш пред да си даде оставка, нека ги разреши и Никола Димитров (МНР), и Дане Талески (советник за надворешни работи), кои биле должни да го запознаат со тие дипломатски правила.Првиот телефонски разговор на Заев со "лажниот Порошенко" се случил август 2018та. Иако премиерот Заев го остварил лажниот разговор на начин спротивен на дипломатскиот протокол за меѓудржавна комуникација, тој сепак после тоа морал усно или писмено да го запознае министерот за надворешни Димитров за содржината на разговорот, а советникот Талевски морал да изготви писмена белешка за темите од разговорот. Зависно од темите, писмената белешка можела да биде класифицирана како државна тајна или строго доверливо. Потоа МНР Димитров бил должен со таквата белешка да ги запознае Претседателот на државата, нашиот амбасадор/ вршители на должност во амбасадата во Киев, директорите во МНР за европски и воневропски држави, а по негова проценка и нашите највисоки дипломати во Москва, во Берлин, Атина и во Вашингтон.Доколку Заев го известел МНР Димитров за разговорот со "лажниот Порошенко" во Август 2018, и МНР ја известел нашата амбасада во Киев, македонските дипломати ќе биле обврзани да стапат во контакт со украинското МНР и кабинетот на претседателот на Украина, да направат follow up на темите на разговор, и да утврдат динамика на реализација на дел од заложбите и идеите на двајцата државници, согласно она што го разговарале телефонски. При таква една уредна дипломатска постапка лесно ќе се утврдело дека станува збор за комичарска или можеби шпиунска местенка и вториот и третиот разговор воопшто немало да се случат, а со тоа ќе се намалеле ризиците за понатамошно нарушување од страна на Заев на тајноста на државните строго доверливи информации на Македонија, дополнителното нарушување на угледот на државата, како и нанесувањето на дополнителна штета на меѓусебната доверба на Германија, Грција, САД и Русија кон Македонија заради откривање на нивни чувствителни меѓународни позиции или ругање на некои од нивните државници.Ова што се случило со Заев и "лажниот Порошенко" е сериозен дипломатски скандал во низа, со многу штетни последици за репутацијата на македонските дипломати, и со реална мерлива штета за угледот на Македонија!https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2736081626421099

Македонија | пред 6 години

zaev-gruevski

Очекувам вечер Груевски да му се јави на Заев од скриен број и да му диши на телефон, се вели на Твитер

Огромен број реакции на социјалните мрежи има по објавените три телефонски разговор меѓу Зоран Заев и двајцата руски комичари кои му се претставиле како доскорешниот украински претседател Петро Порошенко и првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг. Ова се дел од реакциите на Твитер.https://twitter.com/cicorosen/status/1148503874443108352https://twitter.com/Tetkicai/status/1148377347453853696?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1148377347453853696%7Ctwgr%5E393039363b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Feufori-a-na-tviter-za-mestenkata-na-zaev-ko-znae-kolku-stoel-mirno-do-telefonot-koga-zborel-so-stoltenberg%2Fhttps://twitter.com/malistaPulikala/status/1148502255336902656https://twitter.com/prkosot/status/1148499903221522433?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1148499903221522433%7Ctwgr%5E393039363b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Feufori-a-na-tviter-za-mestenkata-na-zaev-ko-znae-kolku-stoel-mirno-do-telefonot-koga-zborel-so-stoltenberg%2Fhttps://twitter.com/Blackravenm/status/1148502258746834944https://twitter.com/SitKup/status/1148462745928421377https://twitter.com/Makedonija_MKD/status/1148496032260599808https://twitter.com/ei_r/status/1148495258268962816https://twitter.com/cinikot/status/1148495050197929984https://twitter.com/Goran_Man/status/1148484870454284288https://twitter.com/Pat1entHater/status/1148500647463067648https://twitter.com/LawBoy29/status/1148478763073703936https://twitter.com/bojankuk/status/1148498348959305734

Коментари | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Поразителна статистика за Скопје: Вчера 101 возач возеле брзо, 3 биле пијани, а 12 без возачка

Во текот на изминатиот ден (08.07.2019г.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 101 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај исклучени се 16 возачи од кои: три возачи управувале возило под дејство на алкохол, 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник затоа што не ги почитувал законските ограничувања.Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило „пајак".Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

dojce-bank

„Дојче банк“ до 2022 година ќе укине 18.000 работни места

„Дојче банк“ објави дека до 2022 година ќе бидат укинати 18.000 работни места во рамки на опсежна реконструкција, со цел да се обнови профитабилноста и да се подобри повратот на ационерите.Банката, со седиште во Франкфурт објави план за реструктуирање кој ќе овозможи продажба и трговија со акции со цел да се обиде да ја подобри профитабилноста и да ја зголеми цената на акциите.Исто така е наведено дека банката ќе инвестира 74 милијарди евра во специјална продажна единица, ослободувајќи ги резервите капитал за плаќање на реструктуирањето.Со укинувањето на работните места, бројот на вработени ќе падне на 74 илјади, а се предвидува дека трошоците за реструктуирање ќе изнесуваат околу 6 милијарди евра.„Дојче банк“ се бори со регулаторни казни, слаб профит, високи трошоци и пад на цените на акциите. „Дојче банк“ се бори со казни од регулаторите, со слаб профит, високи трошоци и со пад на цената на акциите.

Свет | пред 6 години

zaev-na-telefon

Заев е сниман додека разговарал преку фиксната линија во неговиот кабинет

Првиот телефонски разговор меѓу премиерот Зоран Заев и руските комичари кои се претставија како Порошенко и Столтенбер е правен преку фиксната линија. На самиот почеток се слуша дека повикот е на чекање, односно дека повикот се префрла на друг телефон, веројатно од кај секретарката кај премиерот. Со ова, се отвора прашањето, дали телефонскиот разговор е сниман на телефонот кој е во кабинетот на премиерот Заев? Ако е така, тогаш, на руските комичари наседнале повеќе лица, кои се дел од владиниот кабинет.Оттаму се уште молк. Нема реакција, ниту демант на објавениот разговор. Потврда за тоа дека разговорот е правен преку фиксната линија во кабинетот е и тоа што премиерот Зоран Заев бара мобилен телефонски број од Порошенко (со кого мисли дека разговара). Разговорот трае речиси еден час. Заев зборува за некаква „автономија на окупирана територија“ која би ја добиле Татарите на Крим, со што би биле како Албанците на Балканот. Така тие би биле лојални до крај на Америка бидејќи целта била во „глобалната војна“ да победи Америка со Германија против Русија.

Македонија | пред 6 години

zoran_zaev

(АУДИО) Руси се пошегуваа со Заев, во телефонски разговор му се претставиле како Столтенберг, а тој ги поверувал

Светски познатите руски „пpaнkepи“ објавија цел телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, а на кого му се претставиле како генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Разговорот трае речиси еден час.Вова и Лексус се познати во светот по „шeгитe“ кои досега му ги имаат направено на Макрон, Гуаидо, голем број на американски сенатори, конгресмени и гувернери, Столтенберг, Порошенко, американската претставничка во ОOН Ники Хејли.  

Македонија | пред 6 години

pavle-trajanov-web

ДС: Гоце Делчев е симбол за македонец, пред сто години секој учител морал да потпише дека е Бугарин

Демократскиот сојуз смета дека дилемите околу националната припадност на Гоце Делчев и други македонски револуционери, херои и борци за слободна Македонија претставуваат обид да се сосечат корените на македонскиот народ и значат ревидирање на историските факти и случувања. Според партијата на Павле Трајанов Делчев е Македонец кој се борел и загинал за автономна и слободна Македонија.„Гоце Делчев е симбол за македонец-револуционер кој е опеан во македонските песни и со него се поистоветуваат генерации наназат и тоа ќе го прават и идните генерации.Немаме ништо против да го слави Бугарија и нивните политички водства, но да се трвди дека тој е Бугарин кој се борел за автономна Македонија и македонска држава е хипокризија и театар на апсурдот“, велат од ДС.Од партијата на Трајанов додаваат дека во 19-от век и првата половина од 20-от век не можел некој во Бугарија да биде војник, учител или службеник ако не потпише изјава дека по националност е Бугарин, како што сега Македонците попишуваат изјава дека имаат бугарски корени за да добијат бугарси пасош.

Македонија | пред 6 години

66605774_2222377197878574_7224951237521702912_n

(ФОТО) Тешка сообраќајка во Ѓорче Петров

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Ѓорче Петров кај пазарот. Во сообраќајката учествуваа два автомобили и мотоцикл.Еден од автомобилите е со искршени стакла, а делови можеа да се видат низ целата улица.Непознато е дали има тешко повредени лица, но моторот беше исфрлен на патот. На местото каде што се случи несреќата увид врши полицијата.

Скопје | пред 6 години

cmiljanovic_vladimir

Цмилјановиќ стана планетарно признат научник, пронајде лек за рак - неговите изуми ги призна целиот свет

Српскиот научник Владимир Цмилјановиќ и неговата сестра Наташа пронајдоа лек за рак, пренесуваат деновиве спрските медиуми.Србија ќе биде земјата која заедно со Швајцарија прва ќе го добие лекот. Откритието на Цмилјановиќ и на неговата сестра предизвика револуција во класичното лекување на заболените од рак затоа што лекот „бимиралисиб“, кој е прозвод на српскиот научник, се покажа ефикасен во борбата со одредени видови тумори како што е најагресивниот рак на дојка и ракот на лимфните жлезди. Освен тоа, супстанцијата која се наоѓа во лекот продира во мозокот, па постои надеж за третман и на одредени ракови на мозокот, додека типичната апликација во форма на крема или гел е ефикасна во брорбата со одредени тумори на кожата.Поради ова откритие Цмилјановиќ стана планетарно признат научник, а неговите изуми ги призна целиот свет. Лекот „бимиралисаб“ ги уништува болните клетки, а ги штити здравите, додека класичната хемотерапија, која е ужасно болна, ги уништува и канцерогените и здравите клетки и со соборува инмунитетот на и онака исцепните пациенти. Моментално лекот е во втора фаза од испитувањето, а предвидени се три фази.Покрај тоа, Цмилјановиќ руши и еден стереотип врзан за лечењето луѓе болни од рак, а тоа е дека во терапијата на болните од рак се вклучува посебна диета за да се убиваат канцерогените клетки, меѓутоа Цмилјановиќ на своите пациенти им советува да јадат здрава храна – од овошје до зеленчук и месо.Според него, овој лек го користеле негови пациенти ширум светот, но и луѓе од БиХ и од Србија.Србија сигурно ќе биде првата земја заедно со Швајцарија која ќе ги добие сите наши изуми и лекови. Моментално интензивно работиме со нашата влада, претседателот, премиерката и министрите за нашите исуми понатаму да се унапредуваат во Србија и да имаат корист нашите пациенти. Државата е мотивирана и заинтересирана да ни помогне и сигурен сум дека ќе најдеме добро решение“ изјави тој во интервју за српски Телеграф.Цмилјановиќ вели дека не соработува со ниедна фармацевтска куќа, туку отворил своја компанија.Извор: samozdravje.mk 

Магазин | пред 6 години

kosta

Георгиески: Охрид беше и продолжува да биде Светско природно и културно наследство

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска на Прес-конференција ја информираше јавноста во врска со одлуката на 43-та сесија на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО, што се одржува во Баку, Азербејџан, врз основа на која Охридскиот регион нема да биде впишан во Листата на Светско наследство во опасност.– Охрид беше и Охрид продолжува да биде Светско природно и културно наследство.На 43-тата сесија на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО, која се одржа во Баку – Азербејџан, нашата делегацијата оствари бројни билатерални среби со претставниците на земјите членки на Комитетот на кои беа презентирани актуелните состојби и чекорите кои беа превземени во изминатот период од страна на Владата и Општина Охрид, по однос на 19те препораки на последната реактивна мисија за Охридско-Струшкиот регион од 2017 година.На сите состаноци преовладуваше исклучително позитивна атмосфера  на доверба и разбирање за аргументите и фактите околу постапките на Владата и Општината по однос на препораките на реактивната мисија. Видлив беше фактот на еднострана комуникација помеѓу комитетот и државните институции поради што голем дел од информациите или не беа стигнати до членовите или не беа соодветнo артикулирани и пренесени, истакна Георгиески.Тој нагласи дека без исклучок на сите билатерални средби во Баку, биле поздравени заложбите на Владата на Република Северна Македонија и Општина Охрид, по однос на:Ревизијата на проектот на пругата кон Република Албанија, автопатот Струга-Ќафасан, кој проект е стар 20 години и воопшто не е предмет на реализација а беше наведен како еден од забалешките на реактивната мисија во 2017-та. (Препорака број 1 ,2 и 3)Напуштањето на проектот за експресниот пат А3, Охрид – Св. Наум. (Препорака број 4)Трајно напуштање на проектот за Ски Центар Галичица , препорака број 5 .Носењето на предлог закон за мораторум на градба во Охридско-Струшкиот регион. (Препорака број 6)Носењето на планот со управување со културното наследство. (Препорака број 7 и 8)Формирањето на јавното претпријатие Колекторски систем и консолидација и модернизација на колекторот. (Препорака број 13).Изработка на елаборат за оценка на влијание на животната средина на Заливот на коските , кој покажа дека нема влијание врз животната средина и истиот е прифатен од советодавните тела на УНЕСКО, ИКОМОС и ИУЦН. (Препорака 14).Компанијата ЕЛЕМ со цел подобро управување на нивото на Охридското езеро предвиде 240.000 УСД , за воиспоставување на ситем на електронска регулација на нивото на езерото. (Препорака број 15).Регулацијата на сообраќајот во Стариот дел на градот Охрид. (Препорака број 18).Изработката на регистарот на Бесправно изградени објети. (Препорака број 9).Постапувањето по препораката број 19 и отстранување на неавтохтоните и инвазивни видови (палми) и материјали од центарот на градот (билборди),Решеноста на Владата за во рок од 6 месеци се изработи Планот за управување со културно наследство на Охридски-Струшкиот регион. – Вредно е да се напомене дека, првата реактивна мисија за охридско-струшкиот регион од Унеско била во 1998 , втората во 2013, третата во 2017 година. Во сите мисии уште од 1998година се нотирани забелешки и препораки по кои од сите влади, без исклучок не е соодветно постапувано, што резултираше со предлог до Комитетот, охридско-струшкиот регион се стави на листа на Светско наследство во опасност.Сепак, едногласен беше ставот на членките на Комитетот дека презентираните чекори, политичка волја и подготвеноста да се постапува по наодите на стручните тела на УНЕСКО, се значаен исчекор во однос на сите предходни Влади, поради што се прифати амандманот на нашата делегација во февруари 2020-та да доставиме извештај за напредок по препораките, а на следната 44-та сесија, повторно да се разгледува целокупниот едногодишен напредок на властите во имплементација и отстранување на забелешките.Остануваме отворени за сите политички и општествени чинители во градот и во државата. Нудиме соработка на експертската јавност, граѓанскиот сектор и медиумите. Но, за да имаме одржливи решенија, неопходно е партнерство со граѓаните на Охрид.Во таа насока, ја најавувам следната активност уште утре, активност според препорака број 18: Во големата општинска сала ги повикуваме жителите на Стар град од 20 часот на средба на која ќе се презентира моделот за регулирање на сообраќајот во истиот. Дополнително ќе печатиме материјали и ќе користиме и други канали за комуникација со цел да ја зголемиме информираноста кај граѓаните и да ја зајакнеме свеста за мерките кои ги превземаме. го попречуваат имплементирањето на препораките од УНЕСКО, објасни Георгиески, и потенцираше дека целокупниот процес за исполнување на препораките од УНЕСКО нема да се случи преку ноќ и нама да биде едноставен-Битката за спас на Охрид допрва ќе се интензивира. На сите полиња. Посветеноста моја како градоначалник, на Општината и на Владата е целосна и недвосмислена.Сите да си го одработиме тоа за што сме одговорни, затоа што во залог не е само Охрид туку и функционалноста на политичкиот систем во државата. Одговорност за сите. Отстапки за никого,нагласи Георгиески. 

Македонија | пред 6 години

policajka

Притвор за лицето кое од вратот на оштетените кинел и одземал накитот, па се обидел да бега скокајќи во Вардар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице, 44-годишен жител на Скопје , за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.Осомничениот на 25 мај и на 5 јули извршил две тешки  кражби на дрзок начин, одземајќи накит од сега оштетените, додека тие се движеле по улица. Откако  ќе ги забележал жртвите, започнувал со следење се додека не се увери дека во нивна близина  нема други лица. Во тој момент осомничениот се доближувал и од вратот на оштетените  го кинел и одземал накитот  -  златни ланчиња. Во вршењето на кривичното дело на 25 мај учествувало уште едно, засега непознато лице.По втората тешка кражба извршена  околу 17.30 часот, осомничениот бил забележан од случајни минувачи, започнал да бега по што навлегол во водите на реката Вардар, но бил престигнат и совладан од страна на полициски службеник.Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи, па до надлежниот суд достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор.

пред 6 години

sleper-700x525

(ФОТО) Шлепер излета од патот Кичево-Охрид, се трага по возачот

Камион шлепер излетал и се превртел крај патот на патниот правец Кичево-Охрид. Сѐ уште не е познато дали возачот претрпел повреди бидејќи него го немало ниту во кабината ниту крај возилото, објави АЛСАТ-М.На местото на несреќата се собрани случајни минувачи и полициски екипи.Повеќе детали се очекуваат подоцна во тек на денов.ИЗВОР: АЛСАТ-М

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања