ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Нема фотографија

Бензините поскапуваат

Регулаторна Комисија за Енергетика донесе одлука за промена на цените на бензинот и дизелот. Бензинот поскапува половина денар, а дизелот се намалува за истиот износ.Еуросупер БС 95 е сега 69 денари, додека Еуросупер БС 98 71 денари за литар, а од друга страна дизелот се продава за 61 денари по литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 50,50 денари литар. 

Македонија | пред 6 години

pozar-bukovo

(ВИДЕО) Гори депонијата кај Буково

Од синоќа гори депонијата кај Буково.Противпожарната единица од Општина Охрид од синоќа е на терен и го контролира огнот. Но, дознаваме дека пожарот неможе да се изгасни целосно затоа што е во внатрешноста на натрупаниот смет, поради што единствен начин е да се затрупа сметот со земја.Инаку задолжена за одржување на депонијата е фирмата „Нефи ИК“, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. За расчистување на отпадот, фирмата на Усеини зела 48 илјади евра од ЈП „Охридски комуналец“. Во склучениот договор пишува дека фирмата треба да го затрупува отпадот. Договорот склучен меѓу јавното претпријатие и фирмата е за период од 12 месеци и важи до мај идната година.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2349895448585076/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поранешен претседател на Основниот кривичен суд го злоупотребил Информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети

Основното јавно обвинителство Скопје по прибирање на сите материјални и вербални докази, денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице, поранешен претседател на Основниот кривичен суд – Скопје за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинителството утврди дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот како службено лице – претседател на Основен суд Скопје I Скопје, со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното  дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со пречекорување на границите на своето службено овластување. Притоа, обвинетиот потешко ги повредил правата на друг, постапувајќи спротивно на член 6 став 1 алинеја 3, 4 и 15 од Законот за управување со движење на предметите во судовите и на член 7 од Законот за судовите.Иако бил должен да ја следи состојбата на управувањето со движењето на предметите во судот, а особено формирањето на предметите, предавањето на предметите во работа и состојбите со функционирањето на автоматизираниот информатички систем за управување со судските предмети, обвинетиот како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување. Имено, обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси.Во текот на временскиот период кој е детално истражен од страна на надлежниот обвинител, беше констатирано дека со давање на писмен „параф“, обвинетиот наредил распределба кај конкретни судии на четири предмети доставени од страна на Основното јавно обвинителство Скопје, на два предмети кои во судот биле доставени на натамошна надлежност од Основните судови Неготино и Куманово, на 41 предмет доставен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на две обвиненија поднесени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје кој постапува во предметот, ги презеде потребните дејствија за расчистување на предметот и утврдување на фактите во врска со злоупотребата на системот за електронско распределување на предметите – АКМИС. По приемот на Извештајот  од извршен увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите  од Судскиот деловник во судовите , доставен преку Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 29 јануари 2018 година, на 5 февруари 2018 беше поднесено барање за декласификација на извештајот до Министерството за правда. Одговорот за декласификација на извештајот од Министерствтоо за правда пристигна на 22 февруари 2018 година, по што интензивно се преземаа истражни дејствија во предметот.Во рамки на предистражната постапка, обвинителството испита 19 лица во својство на сведоци и тоа вработени во Основниот кривичен суд – Скопје, Апелациониот суд Скопје, Врховниот суд на Република Северна Македонија и Министерството за правда.Поради потребите во предметот, двајца јавни обвинители во текот на три недели континуирано вршеа увид во предмети во Основниот кривичен суд – Скопје при што е прегледана обемна судска документација.Се обезбедуваа податоци од Судскиот Совет на Република Северна Македонија, Врховниот суд на Република Северна Македонија, Апелациониот суд Скопје и Основниот кривичен суд – Скопје.Беше изготвен вешт наод и мислење од доктор на технички науки во поглед на функционирањето на системот за електронско распределување на предметите, кое вештачење, побарано со наредба од Основното јавно обвинителство Скопје  на 21 декември 2018 година, беше доставено до обвинителството на 24 јуни 2019 година.Од сите обезбедени материјални и вербални докази во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје најде дејствија со кои од кривично правен аспект се исполнети битните елементи на наведеното кривично дело од само едно лице – сега обвинетиот поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје.Согласно Законот за судовите, Законот за Судскиот совет на Република Македонија и Законот за управување со движење на предметите во судовите постојат законски можности Судскиот совет на Република Северна Македонија доколку во рамките на своите надлежности најде пропусти за други претседатели на судовите или судии може да поведе постапка за нив, согласно законските одредби. 

пред 6 години

nlb

Утрово ограбена експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, велат од банката.Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства, велат од НЛБ Банка АД Скопје. 

Македонија | пред 6 години

goran-manojlovski

Вооружени полицајци го претресувале автомобилот на пратеникот Манојлоски - во знак на револт тој ја напушти седницата на Комисијата за труд и социјална политика

Заменик претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски ја напушти седницата во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.Имено, Манојлоски рече дека утрово кога одел на работа кон Собранието на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров бил запрен од страна на вооружени полицајци кои, како што посочи, и покрај тоа што им кажал дека е пратеник му рекле да излезе со цел да извршат претрес внатре во возилото.Тој рече дека нема да се враќа на работа во собраниските комисии додека не добие официјално известување од страна на министерот за внатрешни работи или МВР  во врска со настанот.

Македонија | пред 6 години

plazi-divi

Дивите плажи и неконтролираното градење го уништуваат Охридско Езеро

Бизнис интерерси ги спречуваат институциите да реагираат и да ја санкционираат нелегалната урбанизација на Охрид и охридското крајбрежје, објави doma.edu.mk.Целиот документарен филм „Охридско Езеро: Загрозено светско наследство“ гледајте го ТУКА.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Уште 10 неработни денови, прелог-законот за празници пред пратениците

Денеска предлог-законот ќе се разгледува на собраниската Комисија за политички систем. Со предлог-законот за измени на Законот за празниците на Република Македонија се воведуваат уште 10 нови празници.Со ова, свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Египќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, кои воедно предлагаат и промена на името на законот во закон за празниците на Република Северна Македонија.читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија во прво читање и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2018 година. 

Македонија | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Ужасна статистика од викендов во Скопје: Фатени 130 возачи што возеле брзо, 51 пијано лице, 74 без возачка

Во текот на изминатите денови (05, 06 и 07.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 130 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 137 возачи од кои: 51 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 74 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 16 возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 60 возила од кои 59 бидејќи не биле регистрирани и едно поради претовар.Санкционирани се 17 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, 65 возачи на мотоцикли, 12 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 143 мандатни платни налози и 107 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

inspektor-ilievski-696x445-2

Инспекторот Илиевски преку писмо до директорот на Државниот просветен инспекторат, открива „заканувачки“ писмени дописи

На 4 јули 2019 година на домашна адреса ми пристигнаа „заканувачки“ писмени дописи поднесени од директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски, и од раководителот на секторот, Африм Саљиу. Дописот е опомена пред тужба за навреди и клевети, како што се наведува (содржината е иста) „искажани невистини изнесени во јавноста на 7 и на 11 јуни 2019 година на Факултети.мк, ТВ 21, Инфомакс.мк, Алфа ТВ, Нова Македонија, ТВ Телма, Инфомакс.мк и други медиуми, кои бараат преку истите портали во рок од 48 часа од моментот на добивањето на предметната опомена да се произнесам со ставови кои ќе значат демантирање на претходно напишаното и изреченото и јавно да се извинам...“, објави .fakulteti.mk.Само да ве потсетам вас, поднесувачите на заканите на „Опомена“, на мал историјат.На ден 9 мај 2019, вие, директоре, свикавте состанок за наредниот ден со Одделението за високо образование во 9 часот, во вашата канцеларија. Беа повикани сите инспектори од високо образование и јас како раководител на тоа одделение.На тој состанок, кој беше организиран и подготвен од вас и раководителот на секторот Африм Саљиу, целосно се разговараше за извршениот инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово-Правен факултет, а по однос на унапредувањата во наставно-научните звања, особено за моите констатации од надзорот на јавните државни владини функционери. Вербално грубо ме нападнавте, во присуство на колегите, да се повлечат записниците и да не се праќаат решенија, оти ќе сум имал последици. Ако не ги повлечам записниците и не смеам да пуштам решенија, ќе ми се одземаат предметите, може да има дисциплинска и слично. На тоа се надоврза и раководителот на секторот, Африм Саљиу, кој целосно ве поддржа, почна да ни чита членови од Законот за високо образование на нас, инспекторите, небаре ние не го знаеме Законот.На вака организираниот состанок од вас двајца, јас како раководител во одделението за инспекциски надзор за високо образование, зедов збор и истакнав дека јас со долгогодишно работно искуство, а од јануари 2020 година одам во пензија, сакам професионално и законито да работам, и законитоста да дојде до израз, а не политиката која сакате да ја спроведувате. Ви кажав дека јас сум самостоен инспектор, стојам зад тие констатирани незаконитости, се потпишувам и одговарам. На тоа, вие, директоре, ми упативте закани дека ќе имам последици и дека може да ми ги одземете предметите (по втор пат кажавте) и дека ќе се поведе постапка против мене. На тоа ви одговорив дека може да правите што сакате, но јас сакам професионално да си ја завршам работната кариера, а за ваквите закани ќе бидат информирани домашните и странски институции, Државната комисија за спречување на корупција, како и средствата за јавно информирање. Како што и направив и пак ќе го правам со факти и аргументи кои ги имам и пред средствата за јавно информирање, нели сме правна држава. Воедно ви истакнав на состанокот (пред другите колеги) дека од страна на Универзитетот по добиените записници немам нивно произнесување. Да биде изненадувањето поголемо на самата седница, вие, директоре, во координација со раководителот на секторот (кој беше премногу загрижен бидејќи има посебен конфликт на интереси на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово, оти таму како асистент работи неговата ќерка), на состанокот ми го покажавте произнесувањето на Универзитетот во Тетово по записниците, заведени од архивата на Државниот просветен инспекторат на 8 мај 2019 година, како и некои договори за интелектуални услуги. Произнесувањето и договорите за интелектуални услуги лично ги добил раководителот на сектор Африм Саљиу, без никаква достава до поднесувачот на записниците, а од вас, се сеќавате (сигурно), на самата седница го примив произнесувањето и добиените договори за интелектуални услуги (напишав дека е примено на 10 мај 2019 година) кои ги вршеле јавните функционери, објави .fakulteti.mk.Да биде изненадувањето уште поголемо, на самата седница од вас ги добив пликата со поштенски картончиња каде што на 8 мај 2019 година ги испратив решенијата за УТ кои ги доставив преку архивата на Државниот просветен инспекторат. Каков е овој однос, зошто прикривање кога има незаконитости. Зошто заканување? Кои се интересите? Кој треба да биде навреден, јас или вие? Јасна е играта - нападот е најдобра одбрана. За целокупната состојба цела документација е доставена до Државната комисија за корупција и до кабинетот на премиерот Заев.Информиран за состојбата лично беше и министерот за образование и наука Арбер Адеми, кој татковски ме молеше да се забошоти и прикрие целиот случај. Односот на министерот беше коректен, за разлика од заменик-министерот за внатрешни работи, кој бараше да се сокрие целиот случај, а и со укажување дека имам семејство и деца.Зошто вие не реагиравте во одбрана на вашиот вработен?Вака исто не реагиравте кога бевме нападнати јас и колегата на Меѓународниот универзитет во Струга, туку од ваша страна бевме критикувани зашто се испратени писмени дописи до сите институции и средства за јавно информирање. Вашата дадена наредба како директор е чин на прикривање, забошотување на вистината што се случува во нашата институција. Но, да знаете доколку не сте знаеле. Јас сум експерт по детски и човекови права, а не роб, како што вие очекувате да бидам. Ќе почекате. Кој треба да биде навреден, јас или вие. Нејсе.Продолжувате со допис за мене добиен на своето работно место (на ден 4 јули) од вработен во инспекторатот. Тој допис (бр.09-552/1) од 2 јули 2019 година, меѓу другото „... барате да се произнесам во писмена форма како настапувам, пред медиумите (Факултети.мк, Инфомакс.мк, во весникот Нова Македонија, ТВ Алфа, ТВ Телма и други медиуми), изнесувам информации од Државниот просветен инспекторат во врска со извршениот инспекциски надзор кој се однесува на работењето на Државниот просветен инспекторат...“Директоре (колега) Спироски, пред да ви одговорам на дописот од 2 јули, само да ве потсетам дека јас бев примен од францускиот амбасадор во нашава држава г. Кристијан Тимоние, кому му дадов мои книги во кои пишувам за „Состојбите и потребите за квалитет во високото образование“. Да ви кажам дека бев добро примен од амбасадорот, кој мошне добро ги познава состојбите во високото образование кај нас. Тој воедно е лично запознат за овие и други јавни функционери. Тоа вас ви пречи. Ќе се радувам ако и вие напишете нешто за „О“.Да ви одговорам за вашиот допис:Сакам да ве замолам, врз основа на кои ваши овластувања ги црпите ваквите ингеренции да ме задолжите да ви одговорам во писмена форма? Ве замолувам да ми доставите опис и попис на вашето работно место и конкретно овластување како би можел да постапам по вашето барање. За ова однапред ви благодарам за соработката и разбирањето.А сега за „застрашувачката опомена пред граѓанска тужба за навреди и клевети“, барам да ми одговорите:- Дали извршените редовни инспекциски надзори, конкретно во однос на наставно-научните звања се согласно Годишната програма за работа на Државниот просветен инспекторат;- Дали инспекторите, како и јас како нивен раководител, имавме патни налози за извршување редовен инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово и потпишани од вас? Дали имаше подготвено акционен план за извршување на инспекциски надзори на јавните и приватните факултети, како и за научните институти. Ако „не се сеќавате“, сигурно ќе ве потсети инспекторот Африм Саљиу. Ако и тој не се сеќава, ве упатувам да побарате од Државната комисија за корупција, таму има целокупна документација;-Дали вие лично бевте целосно запознаени од мене и другите колеги од извршениот редовен инспекциски надзор?;-Дали сте запознаени со целокупната документација од инспекцискиот надзор?;-Дали бевме заедно на средба кај министерот за образование и наука и отворено зборувавме за неговото и другите унапредувања во наставно-научни звања и интелектуалните услуги кои ги изведувале и за кои земале парични средства? Дали татковски ме замоли да се сокрие целиот случај, бидејќи е скандал?;-Дали од ваша страна беше стопирано од архивата (на инспекторатот) да не смее да одат дописи кон Универзитетот во Тетово?;Kолега Африм, дали вашата ќерка работи на Правниот факултет како асистент, каде што вие извршивте вонреден инспекциски надзор? Ако е да, а е да, тогаш јавно да ѝ се извините, пред сѐ, на вашата ќерка, бидејќи има конфликт на интереси, односно непотизам. Колега Африм, дали сте награден од страна на министерот за образование и наука со добивање посебна канцеларија на 9. кат? Нека ви е честито!Што ќе добијат колешките Даниела Кироска и Христина Јовановска, ќе покаже времето. Се залагаме за едно општество за сите. Законите важат еднакво за сите?!Сакам да ги известам македонските граѓани, а и вас како „навредени и клеветени“. Јас не ве послушав (вас навредени...) и покрај заканите, да ги сокријам записниците и решенијата од инспекцискиот надзор, туку ги информирав домашните институции, кабинетот на премиерот Зоран Заев, странските амбасади во нашава држава, а пред сѐ, Државната комисија за корупција. Само да знаете дека е поднесено писмено барање од моја страна како раководител во одделението за инспекциски надзор за високо образование до Инспекцискиот совет за поведување дисциплинска постапка за тројцата инспектори Африм Саљиу, Даниела Кироска и Христина Јовановска за несовесно и нестручно работење (согласно член 16-а став 13 и член 19-а став 2 алинеја 1, член 19-б став 15 и член 45 став 6 од Законот за инспекциски надзор), исто така до Основното јавно обвинителство и Управата на финансиската полиција за поведување постапки за истрага за злоупотреба на користење парични средства за јавни функционери за извршување интелектуални услуги, како и со барање кривична пријава против вас директоре, Томе Спироски, кој искажувате на „АЛСАТ М“) дека од вонредниот инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово-Правен факултет „нема незаконитости во унапредувањата на јавните државни функционери Арбер Адеми и Агим Нухиу. Ај аирлија.А за оној третиот, директорот за индустриска сопственост, ни збор што унапредувал од асистент во доцент и вонреден професор. Каде е вашиот професионален однос и на инспекторите? Зошто се кријат записниците од извршениот вонреден инспекциски надзор (06.06.2019 г)? Иако ги барав, не ми ги давате, а јас сум раководител на одделението... Со ова треба да се позанимаваат премиерот Зоран Заев и „вториот премиер“ Али Ахмети, како и институциите. Проветрувањето треба да почне и во Државниот просветен инспекторат. Дали ова е навреда и клевета. Не, само вистина и таа треба да дојде до израз.Барам од директорот Томе Спироски и инспекторот Африм Саљиу, во рок од 8 часа да ѝ се извинат на институцијата Државен просветен инспекторат, затоа што во таа институција има чесни, совесни и професионални просветни инспектори.За ова ќе бидат информирани кабинетот на премиерот Зоран Заев, „вториот премиер“ Али Ахмети и сите домашни и странски амбасади во нашата држава, како и средствата за јавно информирање, со цел едно општество за сите и законот да важи за сите еднакво. Текстот е превземен од : .fakulteti.mk 

Македонија | пред 6 години

56248128_2143886405667315_207757206014132224_n

Ќе уништи ли Мицотакис сè што изградија Заев и Ципрас?

Алексис Ципрас заминува, на сцена стапува Киријакос Мицотакис. Владиното кормило во Атина го презема лидерот на Нова Демократија. Десничарската партија се враќа на сцената со убедлива победа на предвремените парламентарни избори и, според освоените резултати, ќе може самостојно да формира влада. Ваквиот епилог по изборите во Грција не е изненадување, напротив - беше и очекуван по поразот кој Ципрас го претрпе на изборите за Европскиот парламент.Но она што е неизвесно е каква ќе биде политиката на новиот грчки премиер, посебно кон северниот сосед, со кого неговиот опонент Ципрас постигна историски договор со кој е надминат деценискиот спор за името. Односот на Мицотакис кон Договорот од Преспа е добро познат во јавноста и е доминантно критички. Оттука и дилемите, дали неговото стапување на владината сцена во Атина, значи и проблем за властите во Скопје? За дел од упатените, ваквото сценарио е малку веројатно:„Новата десничарска влада потекнува од едно традиционално политичко семејство и покрај големите заложби и разни форми на ветувања дека ќе се обидат да го смалат значењето на Договорот и евентуално поништат, во суштина сметам дека тоа нема да се случи. Пред неколку дена тој и самиот рече дека тоа е неизводливо во овој контекст, односно изводливо е доколку и другата страна реагира на сличен начин. Во политиката сѐ е можно, но засега сметам дека и новиот состав на грчкиот парламент на чело со Нова Демократија, но и нашата опозиција, која го оспорува Договорот од Преспа, ќе покажат задоволство односно еден вид скриено задоволство дека сепак проблемот е решен без жртви и без поголеми политички цени особено од страна на Атина.Сѐ нема да оди така лесно!?Подобрувањето на билатералните односи немаат алтернатива, но во наредниот период тие нема да зависат само од официјално Скопје. Дел од упатените предупредуваат дека со Мицотакис, работите нема да одат така лесно, пред сѐ во делот на евроинтеграциите:„Уверливата победа на Мицотакис потврдува дека Македонија се соочува со нова реалност на јужната граница и дека сите закани кои лично лидерот на Нова Демократија ги најавуваше, дека ќе ја попречува нашата земја во сите поглавја при евентуалните преговори со ЕУ стануваат реалност. Нема сомневање дека проблемите при почетокот на преговорите со Унијата ќе следат и од Грција и од Бугарија. Со други зборови, колку да е неизвесно дека Македонија ќе добие датум за преговори во октомври, што е речиси неверојатно да се случи, меѓутоа и да дојде до тоа, ќе биде соочена со нови предизвици, нови пречки, кои ќе водат во понатамошно разбивање на националното македонско ткиво во државата“, коментира поранешниот дипломат Ристо Никовски.ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА DW.com

Македонија | пред 6 години

mercedes-vladin-224488

F2N2: До 30 проценти поевтино набавени гумите за мерцедесот на Груевски

Педесет и три илјади евра и до 30 проценти пониска вредност за автомобилски гуми ќе плати Владата преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за набавка на 16 пневматици (осум зимски и осум летни), за три блиндирани возила сопственост на Владата преку СОЗР, кој има можност да се искористат и платат не во рок од една година, како што било пракса досега, туку се до моментот на потребата за замена на истите.Тоа се наведува во текстот „До 30 проценти поевтино набавени гумите за блиндираниот мерцедес“ што го објавува сајтот „Борба против лажни вести и наративи“(F2N2).Потребата за акцентирање на вредноста и дополнително објаснување за значењето на пневматиците што се набавуваат за трите блиндирани возила на Владата со кои управува СОЗР,  истакнува во анализата F2Н2, е како резултат на објавување неточни  информации и пласирање вести кои доведуваат до креирање невистинита, лажна слика за трошоците околу набавка на гуми за кои согласно договор постигнат со јавна набавка преку електронскиот систем за јавни набавки, се трошат пари од Буџетот на државата.Во анализата стои дека годинава првпат цените се драстично пониски од оние за кои се набавувани пневматици за блиндираните возила на Владата од 2014 година наваму. Ако се направи споредба на карактеристиките на гумите договорени со јавната набавка за оваа и следната година, посочуваат, договорот нуди три клучни предности.Цената е драстично пониска за 28 проценти за летните и за 30 проценти за зимските гуми, наведува F2N2, повикувајќи се на договорите за набавка на пневматици за блиндирани возила од 2014, 2015, 2017, 2018-2019 и за 2019-2020 година.  Првпат, стои во анализата, се набавуваат гуми со специјална заштита, односно кит гел за PAX систем, односно гуми со специјална рабна заштита и можност  да бидат во употреба и во услови кога пневматиците се оштетени односно гумата е пробиена.

Македонија | пред 6 години

h_55327890-768x509

Мицотакис свесен за тешкотиите: Пресудата на Грците е јасна!

Свесен сум за историската одговорност што ми ја доделивте, рече Кириакос Мицотакис, во обраќањето до јавноста по објавувањето на првичните резултати од предвремените парламентарни избори во Грција, според кои неговата партија Нова демократија освои победа.„Суверениот грчки народ вечерва проговори, неговата пресуда е јасна. Општеството сака да тргнеме напред и да се обединиме, сака раст, работни места, безбедност. Ќе бидам премиер на сите Грци. Ќе работиме за да ги убедиме нашите сограѓани кои не нѐ поддржуваа, малку сме поделени и имаме многу да правиме заедно“, рече Мицотакис.Ја преземам власта, додаде тој, свесен за тешкотиите, но имам доверба во моите сили и ќе ја остварам мисијата што ми ја доделивте.Тој најави дека новата влада ќе работи напорно.„Јас сум посветен на помалку даноци, многу инвестиции, развој, ефикасна држава. Транспарентноста, одговорноста и меритократијата се враќаат во земјата. Нашиот национален глас се зајакнува во Европа. Почнуваме сега. Владата ќе работи цело лето. Не барам грејс период. Немаме време за губење“, порача Мицотакис.

Свет | пред 6 години

24c88c64d302c787-2827d

Тимоние вели дека бомбите за Рашковски го загрозуваат влезот на државата во ЕУ

Бомбите за Драги Рашковски го загрижуваат францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој смета дека скандалот го нарушува угледот на државата меѓу потенцијалните инвеститори но се загрозува и европската перспектива. Во интервју за Радио Слободна Европа, Тимоние вели дека треба да се стави крај на праксата со прислушувањето во функција на политичкиот живот.-Во однос на генералниот секретар ќе кажам дека е неопходна транспарентност во економскиот живот, особено кога станува збор за тендери. Но, сигурно дека тој начин на функционирање преку објавување на „бомби“, преку прислушувани разговори како регулатор на политичкиот систем, поставува голем број на прашања, во врска со компатибилноста со европскиот систем, и затоа јас велам дека толку едноставно да се даде датум за почеток на преговори не мислам дека може да го промени сето ова. Затоа ние тука очекуваме докази, затоа што станува збор за целокупното општество, политичкото, но и целото општество кое треба да се најде во таа динамика, изјави Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција.

Македонија | пред 6 години

pozar-kisela-voda-1

Нема скара на отворено за „Лето без пожари“

Неконтролираното палење скара може да предизвика штети од големи размери. 746 пожари на отворено се регистрирани од почетокот на годинава само во Скопје. Превенцијата е еден од начините како да се заштитат граѓаните но и животната средина. Високите температури се причина повеќе граѓаните да постапуваат совесно.Полицијата ги запираше граѓаните кои беа дојдени на средно Водно за да им укаже на што најмногу да внимаваат.Граѓаните сметат дека  свеста за тоа каде се  фрлаат  отпушоците се уште не е развиена во државата.Последен поголем пожар во Скопје беше на Скопска Црна Гора во мај годинава кога изгоре голема дрвна површина. Според надлежните пожарот беше подметнат. Од крај на март на сила е забраната за движење во шуми. Лицата кои ќе бидат забележани дека се движат во овие предели ќе бидат казнети од 1500 до 2000 евра. Забрането е палење стрништа, плевер и други растителни отпадоци во ловишта а казните се од 1500 до 3000 евра.

Македонија | пред 6 години

cento

Јане Ченто: Збогум Шутка!

Јане Ченто на својот фејсбук профил објави пост во кој пишува:Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме.Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.Збогум Шутка!https://www.facebook.com/slobodazacentojane/photos/a.811296432246539/2430155580360608/?type=3&theater

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања