ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Нема фотографија

Захариева: Гоце Делчев е бугарин, оваа личност треба да не обединува, а не да не разделува

Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија која треба да не обединува како народи, вели бугарската министерка за надворешни работи во интервју за БНТ. Захариева и натаму тврди дека вистината е дека Гоце Делчев е истакнат бугарски револуцинер.,,Гоце Делчев е заеднички. Имаме заедничка историја. Точно тоа го кажува и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Во тој договор Бугарија сака да ја кажеме вистината. Гоце Делчев е бугарин, виден револуционер, една од најважните фигури и за нив, се борел за автономија на Македонија и Одринска Тракија. Не гледам зошто толку се караме за него. Мислам дека оваа личност треба да не обединува, а не да не разделува., вели Захариева во интервју за телевизијата БТВ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(Видео) Невреме во Хрватска, издадено предупредување од највисок степен

Големо невреме проследено со врнежи од град попладнево ја погоди Хрватска, пишуваат хрватските медиуми. Европскиот центар за прогнозирање бури, Естофекс, издаде предупредување од трет, највисок степен за северно подрачје на Хрватска.Во некои области наврнало град околу 20 сантиметри. Поради градот, за момент биле во прекин неколку делници, а автомобилите кои се нашле на автопатиштата морале да застанат и да се кријат во тунелите и под мостовите.„Радио Ријека“ јави дека за само десет минути, меѓу 12 и 20 и 12 и 30 часот, температурата во Риека паднала за осум степени Целзиусови. Градот бил зафатен со пороен дожд и ветер со јачина од 75 километри на час.https://www.facebook.com/neverin.hr/videos/481770655968195/ https://www.facebook.com/RIMETEO/videos/409672023228700/

Свет | пред 6 години

tepacka-4

Уште еден малолетник натепан сред Скопје

На 06.07.2019 во 20.10 часот во Полициската станица Центар, Ц.Ј.(39) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.40 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од три лица.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

seca

Кривични пријави за функционери на „Македонски шуми“ за дивосеча

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Љ.П.(37) од Радовиш, Ц.Л.(62) од село Ораовица, радовишко и Ј.В.(58) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во текот на 2015 година првопријавениот, како директор на Шумското стопанство „Плачковица“-Радовиш, и второпријавениот, како референт за приватни шуми во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите, издале одобрение за сеча на правно лице од Куманово. Исто така, третопријавениот, како референт за сеча и превоз во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите, издал испратници за транспорт на дрвна маса на правното лицето од Куманово, кое не било регистрирано во регистерот за правни лица кои вршат промет со дрва и дрвни сортименти. Со ова, пријавените му овозможиле на сопственикот на правното лице од Куманово да се стекне со противправна имотна корист од 4.609.482 денари на штета на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“. 

Македонија | пред 6 години

raskoski

Дали е безбедно македонското небо? Рашковски вели дека не е, М-НАВ смирува

Туристичките агенции кои продаваат авионски билети веќе предупредуваат дека македонски патници почнаа да купуваат билети за летови од Приштина, Ниш, Белград. Сите овие случувања околу тендерот на М-НАВ за радарската опрема и бројните информации за неколку проблематични ситуации за време на летањето на некои авиони, едноставно ги загрижи патниците во однос на нивната безбедност. Конечно, самиот генерален секретар на Владата Драги Рашковски вели дека е доведена во прашање и безбедноста на македонското небо, пишува МКД.мк.https://www.facebook.com/dragi.raskovski/posts/10156729485139633Наспроти ова, стојат двете соопштенија на М-НАВ објавени оваа недела во која се уверува јавнста дека безбедноста на летањето во македонското небо е на високо ниво. М-НАВ ги потврдува информациите за неколку инциденти над Македонија, но уверуваат дека сѐ поминало во најдобар ред, според пропишаните процедури и протоколи.Текстот во целост на: мкд.мк

Македонија | пред 6 години

budva

(ВИДЕО) Паника во Будва: Пливачите се разбегале поради риба за која верувале дека е ајкула

Паника помеѓу капачите на познатата црногорска плажа Јаз, кај Будва.Капачите кренале паника, бидејќи помислиле дека во морето здогледале ајкула, но се испоставило дека станува збор за само една голема риба.Во општата паника, во водата влегло едно локално момче, кое запливало кон „ајкулата“, и ја извадило големата риба иглун, вид на сабјарка. Како што објавуваат медиумите рибата на крајот била вратена во морето.Снимките вознемирените капачи ги објавиле на друштвените мрежи.https://www.facebook.com/zuta.minuta.5/videos/vb.1005992075/10215640309973234/?type=2&video_source=user_video_tab 

Свет | пред 6 години

ivanden

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јуни. Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет. Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет. За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.Раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден) Пророк кој оди пред СпасителотМеѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Пресвета Богородица) кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на свети Јован Крстител, Собор на свети Јован Крстител итн. Оттука може да види и значењето на овој лик во христијанската вера и воопшто во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се раскажува во преданијата и како што се пее во песните кога светците ги делеле функциите на св. Јован му паднале кумството и побратимството.Свети Петар ‒ кључи од рајови,Свет Илија ‒ сиљни секавици,Свети Јован ‒ кумство, побратимство,Неделица, празник да празнуватИванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на св. Јован Крстител. Во народната традиција овој празник е поврзан со летната солстиција, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божик, денот поврзан со зимската солстиција, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празника ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред сè со Сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак, исто така, се остаток од старите словенски верувања.Според светото предание св. Јован и Исус Христос биле блиски роднини зашто мајката на Јована, Елисавета ѝ била братучеда (според други сестра) на Ана, мајката на Марија, односно тетка на Марија, мајката на Исуса. Во времето кога според предвидувањето на старите пророци требало да се роди Спасителот Евреите биле под ропство на Римјаните. Во тоа време живеел еден чесен и побожен свештеник Захариј со својата жена Елисавета. Тие веќе беа остареле , а немале деца што во тоа време се сметало за голема несреќа и за божја казна за некој голем грев. И двајцата постојано и искрено го молеле Господа да им даде рожба, а Бог ја слушнал нивната молитва. Еднаш кога Захариј во храмот се молел на Бога го слушнал гласот на ангелот Гаврил кој му рекол дека ќе добие син кој ќе се вика Јован. Бидејќи не поверувал, за казна веднаш онемел. Кога му се родил синот според обичајот требало да го носи името на таткото, но кога Захариј го запрашале за името тој бидејќи го изгубил говорот зел штица и на неа напишал: „Нека се вика Јован“. Кога го напишал тоа говорот пак му се вратил и тој раскажал дека детето ќе биде пророк што ќе оди пред Спасителот и ќе му го подготвува патот.Во младоста Јован го сакал животот во пустината. Живеел во некоја пустина во долниот тек на реката Јордан, се облекувал со ткаенини од влакна од камила, а се хранел со скакулци и мед од диви пчели и со корења од билки. Кога наполнил 30 години по Божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот.Јован отворено зборувал против сите неправди, мани и негативности кај луѓето. Грешниците ги повикувал да се покајат и поправат за да им стане достапно царството небесно. Многумина помислиле дека тој е ветениот Спасител на што Јован одговарал: „Јас не сум Христос. Тој е посилен од мене, јас не сум достоен ниту врвците на обувките да му ги одврзам. Јас ве крштевам со вода, а тој ќе ве крсти со Светиот Дух. Мене Господ ме испрати да одам пред него и да му го подготвувам патот“.Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло Сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден, коешто го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци. Е. Спространов запишал дека во Охрид на Иванден ги ваделе „рутишчата“, ги распостилале по прозорците за да ги види сонцето и ги оставале да ветрејат. И во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека тој ден во Воден, треви лековити „висеет на дуќаните за да имает повеќе покупници“. За вакво вадење од ковчезите на најубавите облеки пишува и Кузман Шапкарев кој напоменува дека надвор ги чуваат до заоѓањето на сонцето за да не ги јадат молци. 

Македонија | пред 6 години

Mitko-Cavkov

Чавков поради безбедносни причини преместен од „Идризово“ во затворот „Штип“

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков од затворот „Идризово“ е преместен во затворот „Штип“. Според затворските власти преместувањето било направено по негово барање поради безбедносни причини.Чавков е во притвор по пресудата за упадот во Собранието на 27 април што се случи пред две години. Судот му одреди затвор од 18 години, по што одбраната на Чавков поднесе жалба во Апелација.

пред 6 години

06072019_Avtopat-Miladinovci-Shtip_1

Автопатот Миладиновци – Штип официјално пуштен во употреба

Во организација на Владата на Република Северна Македонија и Јавното претпријатие за државни патишта се одржа церемонија по повод официјалното пуштање во употреба на автопатот Миладиновци – Свети Никола – Штип.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев имаше свое обраќање, а се обратија и амбасадорката на НР Кина во Република Северна Македонија, Јин Лисјен, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈПДП, Зоран Китанов и претставник на компанијата изведувач „Синохидро“, во присуство на членови на Владата, претставници од Собранието, градоначалници и директори на Јавни претпријатија.„Треба да бидеме горди бидејќи завршивме со изградба на еден импозантен капитален проект, а тоа е автопатот Миладиновци - Штип. Со тоа граѓаните добија безбеден автопат со што ќе го скратат патувањето за триесетина минути, а воедно создадовме услови за поефикасен и побрз транспорт на стоки и услуги што е важен предуслов за инвеститорите да ја мапираат нашата земја како стабилна бизнис дестинација“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на церемонијата по повод пуштање во употреба на новоизградениот автопат Миладиновци – Свети Николе - Штип.Тој во своето обраќање потенцираше дека ова автопатско решение е од огромно значење, посебно за источниот регион на земјата со што се овозможува побрз превоз на стоки и патници, а од друга страна заради рамномерниот регионален развој, отворање на нови фабрики и нови вработувања.„Ова модерно автопатско решение е лицето на новата модерна Северна Македонија која продолжува да се гради, поврзува и интегрира. Нашата цел е да ги овозможиме сите потребни услови, меѓу кои квалитетна инфраструктура и владеење на правото за домашните и странските инвеститори да почувствуваат сигурност и да се одлучат за нови инвестиции и да отвораат нови фабрики во кои ќе се вработат многу наши граѓани. Поврзувањето на нашата земја внатрешно помеѓу градовите, селата и населените места со квалитетна патна инфраструктура, и надворешно кон соседните земји останува да биде наш високо рангиран приоритет. Дозволете ми да изразам голема благодарност до НР Кина и до амбасадорката, Јин Лисјен за големата поддршка и за посветеноста при соработката на овој важен проект. Како што најави амбасадорката Лисјен кинеската страна го одобрува кредитот за продолжување на изградбата на автопатот Кичево - Охрид и од овде порачувам дека продолжуваме интензивно да работиме на комплетирање на неговата изградба.Република Северна Македонија останува силно посветена на унапредување на економската соработка со НР Кина”, изјави Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија.Премиерот потенцираше дека во следниот период, преку ЈП за државни патишта ќе бидат засадени 600 илјади садници долж автопатот.„Овој автопат останува во посед на идните генерации. Патот ќе се плаќа од граѓаните на Северна Македонија. 10% како учество на Јавното претпријатие за државни патишта, а 90% од сите даночни плаќачи, со што ќе го враќаме кредитот којшто е поволен за вакви инфраструктурни проекти“, рече премиерот Заев.Амбасадорката на НР Кина во Република Северна Македонија, Јин Лисјен, истакна дека успешното завршување на проектот се смета за пример на добрата соработка помеѓу Кина и Северна Македонија во насока на остварување на инфраструктурната соработка меѓу двете земји и помеѓу Кина и другите централно-источни земји.„Денес, го одбележуваме успешното пуштање во употреба на автопатот Миладиновци – Штип и верувам дека со заедничките напори на двете земји, ќе продолжи да се реализира и проектот за изградбата на автопатот Кичево - Охрид. Со цел да ја помогне реализацијата на овој проект, кинеската страна одлучи да го продолжи кредитирањето и одобри кредит со ниска каматна стапка, со што ќе помогне и овој автопат да може побрзо да се користи”, изјави амбасадорката на НР Кина во РСМ, Јин Лисјен.  

Македонија | пред 6 години

4E4A7C30-3E33-47AE-A7F9-D08F1315DBFF

ВИДЕО: Охрид целосно блокиран!

Главниот туристички центар, Охрид, е целосно парализиран. Туристите кои сакаат да посетат дел од плажите кои се наоѓаат во делот на св. Стефан, се блокирани кај бензиската пумпа на излез од Охрид.Неофицијално, моментално се изведува вежба поради спортскиот настан “Триатлон”. Родители со деца, локални жители се заглсвени и не можат да стигнат до саканата дестинација. Блокирањето се одвива стед сообраќаен шпиц. [embed]https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/619388615239965?sfns=mo[/embed] 

Македонија | пред 6 години

novak

(ВИДЕО) Ѓоковиќ пред илјадници фанови ја пееше „Македонско девојче“

Како Новак Ѓоковиќ се дружи со фановите?Ноле на својот Инстаграм пееше разни песни, а во еден момент ја запеа и „Македонско девојче“. Погледнете како звучи славната македонска песна од тенисерот број 1. на АТП листата.„Ех, да сум сега крај Охридско езеро“, си посака Ѓоковиќ потенцирајќи ги сите убавини на Охрид и барајќи да му се прати некоја фотографија од овој град.Популарниот Ноле се прикажа во нешто поинакво светло од она што се навикнати да гледаат неговите фанови. Тој покрај тоа што ја запеа македонско девојче , играше стомачен танц, пееше на арапски.видео: Redakcija Ekipa 

Магазин | пред 6 години

avion-1

(ФОТО) Патниците биле во заблуда, авионот не се обидувал да слета туку кружел над Прилеп

Авионот кој се обраќаше на релација Истанбул-Скопје, синоќа според последните информации вртел над Прилеп и не стигнал до Скопскиот аеродром. Патниците не биле информирани што се случува и имале впечаток дека неколкупати се обидудува да слета, но сето тоа било поради силните турбуленции.Инаку како што објави Скопје1.мк авионот кружел над македонското небо, но не успеал да слета поради невреме. Кај патниците имало огромна вознемиреност и вриштење. Станува збор за авион на превозникот „Туриш ерлајнс“, а во него, беше дел македонската делегација која учествуваше на конференцијата од УНЕСКО во Баку. Во авионот беше и  градоначалникот на Охрид. Драмата во небо траела еден час.„Пиштење, молитви, плач! Тоа се слушаше во авионот. Се тресеше целиот авион, деца плачеа, а потоа почнаа да плачат и возрасните. Траорно и ужасно беше, а патниците гласно викаа и прашуваа зошто се случува сето ова и зошто не слета авионот во Охрид“, вели патник во авионот за „Скопје1.мк“.Доколку невремето било главен проблем да авионот не слета во Скопје, се поставува прашањето, зошто не бил пренасочен да слета на охридскиот аеродром? Јавноста легитимно бара одговор, дали е безбедно македонското небо? Зошто се дозволило авионот да врти наоколу и да ја загрозува безбедноста на патниците, кога праксата од изминатите години покажува дека кога не може во Скопје, авионите слетуваат во Охрид?Јавноста во Македонија е шокирана со аферите за набавката на радари и „бомбите“ кои се објавија, како и аферата за избегнат судар на македонското небо, и затоа повторно се отвора прашањето каква е безбеднста на авио сообраќајот? 

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Охриѓани треба да рушат дневно по 8 дивоградби за да го исполнат условот на UNESCO, се вели на Твитер

Охрид и охридскиот регион за сега се спасија за да не завршат на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО, и имаат рок до февруари 2020 година да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства.Информацијата предизвика реакции на социјалните мрежи:https://twitter.com/jasisamojas1/status/1147275103652241423https://twitter.com/RedRadish5/status/1147218276520513537?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147218276520513537&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fohri-ani-treba-da-rushat-dnevno-po-8-divogradbi-za-da-go-ispolnat-uslovot-na-unesko-ako-pochnat-denes-tviter-reakcii%2Fhttps://twitter.com/toopersonal_1/status/1147254132295831552?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147254132295831552&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fohri-ani-treba-da-rushat-dnevno-po-8-divogradbi-za-da-go-ispolnat-uslovot-na-unesko-ako-pochnat-denes-tviter-reakcii%2Fhttps://twitter.com/okRlloow9ABxZ1u/status/1147209951028416512https://twitter.com/Nenaspana_Mucka/status/1147157820049166337https://twitter.com/Copkar/status/1147191311788892161https://twitter.com/i999y/status/1147153555280863233?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147153555280863233&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fohri-ani-treba-da-rushat-dnevno-po-8-divogradbi-za-da-go-ispolnat-uslovot-na-unesko-ako-pochnat-denes-tviter-reakcii%2Fhttps://twitter.com/TheFitzzz/status/1147270089428877312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147270089428877312&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fohri-ani-treba-da-rushat-dnevno-po-8-divogradbi-za-da-go-ispolnat-uslovot-na-unesko-ako-pochnat-denes-tviter-reakcii%2F

Магазин | пред 6 години

Slika-Kiracovski-25-01

Кирацовски за Тамара: Ако политичкиот контекст беше поинаков, никој немаше да забележи

Пратеникот Александар Кирацовски се стави во одбрана на пејачката Тамара Тодевска, откако ги откажа концертите по бурните реакции на јавноста за пропуштените стихови при изведувањето на македонската химна на прославата по повод Денот на независноста на САД во американската амбасада во Скопје.„Големите луѓе не стануваат големи, затоа што читаат биографии за животните подеми и падови на други големи луѓе, туку затоа што лично ги доживуваат, на своја кожа.Ненамерниот пропуст при изведбата на химната немаше да биде воопшто важен, ако политичкиот контекст беше поинаков и ако одредени политички „хиени“ веднаш не го ставеа во погон.Иако сум гледал многу истакнати општественици и политичари, мои колеги, како на различни државни настани и церемонии ненамерно го грешат основниот текст на химната, па тоа симпатично го преминуваат, сепак на Тамара мораше „душата да и се извади“.- Тамара, гази напред и уште долго прави не горди како што тоа пред извесно време на Евровизија, маестрално, го стори! Ти си голем изведувач-пејач, и секако голем човек!А ние, ние белким научивме нешто од канонадата врз тебе!“, напиша доскорешниот генерален секретар на СДСМ на својот профил на Фејјсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Драма над македонското небо: Авионот пет пати се обидел безуспешно да слета, патниците вриштеле од страв

Вкупно пет неуспешни обиди имал авионот кој се обраќал на релација Истанбул-Скопје, да слета на скопскиот аеродром. Тој кружел над македонското небо, но не успеал да слета поради невремено, дознава „Скопје1.мк“. Патниците биле вознемирени, во авионот настанала паника и вриштење. Авионот бил на превозникот „Туриш ерлајнс“, а во него, дел македонската делегација која учествуваше на конференцијата од УНЕСКО во Баку, меѓу кои, градоначалникот на Охрид. Еден час траела драмата со слетувањето, а искуството било ужасно, сведочи еден од патниците за „Скопје1.мк“.„Пиштење, молитви, плач! Тоа се слушаше во авионот кој точно пет пати направи обид да слета на аеродромот во Скопје, но не успеа. Се тресеше целиот авион, деца плачеа, а потоа почнаа да плачат и возрасните. Траорно и ужасно беше, а патниците гласно викаа и прашуваа зошто се случува сето ова и зошто не слета авионот во Охрид“, вели патник во авионот за „Скопје1.мк“.Доколку невремето било главен проблем да авионот не слета во Скопје, се поставува прашањето, зошто не бил пренасочен да слета на охридскиот аеродром? Јавноста легитимно бара одговор, дали е безбедно македонското небо? Зошто се дозволило авионот да врти наоколу и да ја загрозува безбедноста на патниците, кога праксата од изминатите години покажува дека кога не може во Скопје, авионите слетуваат во Охрид?Јавноста во Македонија е шокирана со аферите за набавката на радари и „бомбите“ кои се објавија, како и аферата за избегнат судар на македонското небо, и затоа повторно се отвора прашањето каква е безбеднста на авио сообраќајот?

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања