„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку убиства треба да стори егзекуторот што го ликвидираше Мартин Јанушев пред да биде затворен?

СДСМ дозволи со улиците да царуваат криминалците, лихварите и насилниците. Црнило го зафати МВР. Граѓаните не се безбедни ниту надвор, ниту во своите домови. Стотици криминалци беа пуштени од затворите и затоа сме сведоци на огромен број грабежи, убиства, вооружени пресметки, запалени автомобили, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Оливер Спасовски наместо со ред и мир се занимава со матни зделки и сомнителни тендери. Затоа криминалците чувствуваат закрила и дивеат во Македонија. Секој обичен човек во Македонија се плаши за својот живот, за животот на своите деца и своите најблиски. Чесниот граѓанин се плаши не биде застрелан како обичен минувач или ограбен на улица или дома“, велат од партијата,Оттаму додаваат дека Оливер Спасовски со својата неспособност и некомпетентност дозволил министерството за внатрешни работи да се претвори во институција за прогон на неистомислениците на власт, а нем сведок и заштитник на криминалот.„Уште колку убиства треба да стори егзекуторот што го ликвидираше Мартин Јанушев пред да биде затворен? Уште колку автомобили треба да изрешетаат бандитите кои среде Скопје крвнички погубија две лица, пред да бидат најдени и приведени од Оливер Спасовски?Ова мора да престане, затоа што се работи за животите на луѓето, за безбедноста на децата, за иднината на нашата земја. ВМРО-ДПМНЕ го бара тоа што го бараат граѓаните, Оливер Спасовски да си поднесе оставка и да се тргне од министерската позиција. Секој поминат ден значи ново насилство, нов изгубен живот, поголем криминал, поголема корупција, нов грабеж, уште поголемо црнило“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Македонија-Блокира“ ќе го блокира патот Кичево – Охрид кај село Другово

„Македонија-Блокира“ најави дека денеска во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе го блокира патниот правец Кичево-Охрид кај село Другово.„Македонија- Блокира“ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско. Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи. Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“, соопштија од таму.

Македонија | пред 7 години

46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски: Во Европа не се оди со амнестија на криминалци

Нема интеграција на Македонија во ЕУ, бидејќи во ЕУ не се оди со амнестирање на криминалци, туку со чесни реформи, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестниот марш во Прилеп. Тој ги критикуваше владините политики и го обвини Заев дека ги урнал економијата и судството и дека не направил ништо за образованието и за здравството.

Македонија | пред 7 години

grubi

Прекоманди во ДУИ: Реџепи на местото на Груби, Груби на местото на Лика

Атила Реџепи е назначен за нов генерален секретар на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Именувањето дојде на вечерашната седница на Советот на партијата и Централното Собрание на политичкиот субјект со седиште во Мала Речица и коалициски партнер на Владата на Република Македонија.Артан Груби, пак, во иднина ќе дејствува од позицијата организационен секретар на ДУИ, функција што досега му беше доверена на Хазби Лика. Неговото отсуство дополнително ги подгреа гласините за нарушени односи меѓу министерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и врвот на партијата.

Македонија | пред 7 години

ubistvo

Тешка сообраќајка во Гостивар, загина едно лице, а две лица се повредени

Едно лице го загуби животот, а две се повредени откако автомобил „фиат панда“ излетал од коловозот на локален пат во близина на селото Падалишта, гостиварско.Случајот бил пријавен околу 13 часот од службата за брза помош, каде биле донесени три лица.Набрзо по несреќата животот го загубил 21-годишен жител на Падалишта, другите двајца на возараст од 25 и 23 години се задобиле со тешки повреди.Се врши увид на местото на настанот , со цел да се откријат причините за несреќата.

Македонија | пред 7 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Проект „Повеќе пари кај граѓаните“ според Заев во 2020 година државата на граѓаните ќе им враќа по 500 евра

Од идната година Владата планира да воведе нов систем таканаречен „Повеќе пари кај граѓаните“ со кои ќе се овожможи поврат на ДДВ на граѓаните при купување на стока од широка потрошувачка.Премиерот на Владата на РМ, Зоран Заев, на оваа тема најави дека проектот за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ за потрошувачка до 30.000 денари, кој требаше да стартува од 1 февруари 2019 година, ќе започне да се реализира од 1 јули 2019 година. Првите шест месеци од проектот ќе биде експериментален, а реално тој би стартувал од 1 јануари 2020 година.Пилот-проектот е замислен да биде наменет за посиромашните граѓани во државата и затоа нема да се однесува за купување на луксузни производи. Првично тој треба да стартува во неколку општини во земјава, но засега не се открива кои ќе бидат тие.Инаку во Македонија ДДВ од 18 проценти плаќа секој граѓанин при секое пазарување.

Македонија | пред 7 години

gasovod-1

Сугарески: Завршена е изградбата на гасоводот од Штип до Неготино

Денеска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи извршија увид во финализирањето на градежните работи на гасоводната делница од Штип до Неготино.Министерот Сугарески информираше дека оваа делница од гасоводната мрежа е веќе во завршна фаза, изградбата ќе заврши во најскоро време и веднаш потоа ќе се пушти во употреба. Tоа ќе значи голем бенефит за сите граѓани и компании од овој регион.Исто така, министерот истакна дека изградбата на гасоводната мрежа низ Република Македонија започна да се одвива со забрзана динамика, надминати се речиси сите проблеми и со финализирање на процесот на експропријација на земјишта, од следната година градежните работи ќе се интензивираат.Гасификацијата е приоритетен проект на Владата, за кој за следната година во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени 1 милијарда и 557 милиони денари, со цел да се заврши изградбата во најбрз можен рок и сите граѓани и компании да ги почувствуваат неколкукратните придобивки од гасот.За граѓаните, гасификацијата ќе значи поевтин енергенс и заштеди во нивните буџети со намалување на трошоците за електрична енергија, додека за компаниите ќе се овозможат пониски трошоци и поконкурентни производи.Исто така, во време кога започнуваме силна борба против аерозагадувањето, изградбата на гасоводот и неговото користење ќе придонесе до значително намалување на загадувањето во градските средини, истакна министерот Сугарески.Дополнително, министерот Сугарески информираше дека на претпоследната седница на Влада, министерството за економија се задолжи да формира работна група која ќе одлучува за најефикасниот модел за развој на системи за дистрибуција на природниот гас во Македонија. Многу е важно во овој процес забрзано да работат и општините за да може паралелно да ги градат општинските дистрибутивни мрежи, за што побрзо гасот да го донесеме до домовите и компаниите.Директорот на МЕР, Реџепи информираше дека должината на оваа делница во завршна фаза е 36 километри, а инвестицијата е вредна 15, 8 милиони евра.Паралелно се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, во должина од 92 километри. На овој потег веќе има околу 40 % реализација на градежните работи. Со инвестиција од 29 милиони евра, интензивно се работи и на делницата од Тетово до Гостивар, со околу 35% реализација на градежните работи.Дополнително, директорот Реџепи информираше дека преговорите за апликацијата за финансирање на интерконекциското поврзување со Грција преку ВБИФ се исто така во завршна фаза.

Македонија | пред 7 години

nikola-sazdovski

Семејствата на лицата кои се обвинуваат за убиството на младиот Никола Саздовски, незадоволни од судскиот процес

Семејствата и роднините на лицата кои се обвинуваат за убиството на младиот Никола Саздовски, незадоволни од судскиот процес, најавуваат дека ќе протестираат и повикуваат граѓани да им се придружат на нивниот, како што го викаат, протест за правда, пренесува порталот на албански јазик “Алмакос“.Длабоко огорчени со преквалификација на предметот за случајот “Саздовски”, ние семејствата на Бесир Бела и Скендер Демири, ја известуваме јавноста дека на 25.12.2018 (вторник) во 10:30 часот – за време на седницата ќе протестираме пред Основен суд Скопје1. Ве повикуваме сите граѓани да ни се приклучите на нашиот протест за правда, бидејќи базирани на сите докази на обвинителството што ги поседува судот, нашите момчиња не можат да се класифицираат како свирепи убијци.Бараме судот да биде ист за сите граѓани, а не за некои мајка за некои маќеа. Да се засноваат на факти и да не бидат под влијание на политички притисоци и да нема реванш против некои “граѓани кои припаѓаат на други етнички групи”.

пред 7 години

MZSV

(ВИДЕО) Доделени вкупно 30 милиони денари за подобра рурална патна инфраструктура

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава за првпат доделува средства преку Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој. Се работи за финансиска поддршка во вкупен износ од 30 милиони денари, за која денеска се потпишаа договорите со пет Центри за развој на планските региони на територијта на Република Македонија, корисници на оваа програма.„Оваа поддршка е дел од нашите капитални вложувања директно во земјоделството, од што бенефит ќе имаат земјоделците. Наша цел е со средствата кои ги доделуваме денеска да ја подобриме руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството. Овие средства ќе се користат за изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја на интензивна земјоделска дејност. На овој начин ќе се олесни пристапот до обработливи површини, ќе се зголеми и олесни производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.На јавниот повик кој беше распишан конкурираа 10 апликанти, од кои по евалуацијата, критериумите ги исполнија пет Центри за развој на планските региони. Висината на финансиската поддршка што ќе ја добијат Центрите зависи од двата критериума-минимум 40 отсто обработливо земјоделско земјиште во регионите за кои аплицираат и бројот на општини опфатени со проектите за кои аплицираат Центрите.Од јануари следната година ќе започнат постапките за јавна набавка за избор на најповолен изведувач и надзор на работите предвидени во приложените проекти. Одобрените проекти треба да се реализираат во рок од 12 месеци од денот на потпишување на договорите.

Скопје | пред 7 години

vinarii

Ќе се менува Законот за вино ова е можност за развој на малите семејни винарии

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на работен состанок со претставници од лозаро-винарскиот сектор на кој што се дискутираше за подготовка на Законот за изменување и дополнување на законот за вино. На состанокот присуствуваа претставници од сите засегнати страни од областа на производството на грозје и вино, односно винарски визби и здруженија на производители на вино, здруженија на лозари и производители на грозје, Националната федерација на фармери и здруженија на физички лица производители на грозје.На состанокот, се презентираа и разгледаа предлозите кои се тековно вметнати во предлог текстот на Законот за изменување и дополнување на законот за виното, како и сите поединечни прашања кои дополнително треба да се договорат и вметнат во текстот на законот и правилниците кои ќе произлезат од истиот. Дел од позначајните измени на Законот се однесуваат на прашања со кои се предвидува воведувањето на правила за производство и промет со органско вино и специјализирани напитоци на база на вино (ароматизирано вино, ароматизиран пијалак на база на вино, ароматизиран вински коктел). Со изменетите законски решенија значително ќе се олеснат условите за производство на вино во мали винарии и за физички лица производители на вино, конкретно ќе се овозможи развој и отворање на нови мали семејни винарии. Поточно, со измените се овозможува полесно регистрирање на капацитети и производството на вино кое ќе може да се продава од самата винарија. Развојот на малите семејни винарии ќе придонесе и за зголемување на туристичкиот потенцијал на познатите лозарски региони во државата, а воедно и за поголем развој на пазарот на грозје и вино.Исто така, со измените делот за класификација на вина, производство, означување и заштита на вина со географски назив ќе претрпи најголеми промени, со цел негово целосно усогласување со Регулативите на Европската унија.Воедно на состанокот присутните се договорија да се формираат работни групи за поединечни прашања кои ќе бидат обработени со предлог законот, во кои ќе учествуваат претставници од сите засегнати страни, како и динамика за работа на секоја поединечна работна група. Предвидено е секоја поединечна работна група да биде изготвен до крајот на месец јануари 2019 година, по што ќе започне официјалната постапка за усвојување на предлог Законот за изменување и дополнување на законот за виното, која се очекува да биде финализирана во текот на март и април следната година.

Македонија | пред 7 години

crven-krst-ohrid

Црвен крст организира хуманитарни продажни акции за време на Новогодишните празници

Традиционално и оваа година волонтерите од сите возрасти на охридскиот Црвен крст, изработија голем број новогодишни украси и сувенири кои во рамки на бројни хуманитарни продажни акции пред и за време на Новогодишните празници ќе бидат достапни на нашите сограѓани.– Започнуваме денес на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, каде од 12:00 часот волонтерите од Клубот на млади и од Програмата на грижа за стари лица при Црвен крст Охрид ќе ги продаваат прекрасните новогодишни уникатни, рачно изработени креации. Средставата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на Новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства. Декември е месец на дарување. Бидете хумани и дарувајте. Купете новогодишен украс, а не петарди, порачуваат од Црвен крст Охрид.

Македонија | пред 7 години

policija-22

Скопјанец пријавил во МВР дека му исчезнале двете малолетни ќерки

Според информациите на МВР, вчера во Полициската станица Бит Пазар М.К. (36) пријавил дека неговите ќерки С.К. (14) и Т.К. (13) се оддалечиле во непознат правец. Од МВР велат дека се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Скопје | пред 7 години

mickovski-prilep

Мицковски од Прилеп: Заев ќе биде жестоко поразен и испратен на темната страна на историјата

Оставка од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, побара ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протестен марш во Прилеп.–Да му порачаме на најнеспособниот градоначалник во цела Македонија кој кога го чествуваше Св. Климент, положуваше цвеќе на споменикот на Ченто, оставка веднаш да поднесе. Еден друг функционер на Зоран Заев, во Собранието на Република Македонија гордо ќе застане на говорницата и ќе каже „Ова е искомплексирана нација“. Јас гледам горди Македонци, луѓе кои ја сакаат татковината и нацијата, рече партискиот лидер Христијан Мицкоски во Прилеп.Тој нагласи дека патот кој треба да го изодат нема да биде краток.–Ќе има многу предизвици, но ние заедно ќе го одиме и во овие декемвриски денови. На крајот од тој пат ќе биде победата, заедно ќе победиме и чекориме и во јануари и февруари и во март, потоа ќе дојде април кога ќе дојде првата победа на претседателските избори. Победа која ќе ги најави предвремените парламентрани избори кога народот во Македонија ќе му каже големо „НЕ“ на Заев и групата околу него. Народот кој го лажеше, кој се чувствува изневерен, опљачкан, излажан, омаловажен и понижен од сите овие политики што скоро две години оваа ненародна и криминална влада ги води во Македонија. Па, уште дрско преку своите гласноговорници ќе им каже дека се искомплекцирана нација, нагласи Мицкоски.Тој порача дека Заев ќе биде жестоко поразен и испратен на темната страна на историјата.

Македонија | пред 7 години

krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

И Мукоски поднел барање за амнестија

Пратеникот Крсто Мукоски е еден од 5-мината обвинети кои во петокот поднеле лично барање за амнестија во кривичниот суд. Покрај него барање за амнестија уште поднеле и Никола Митревски-Кољо, Оливер Радулов, вработен во УБК и ги изнесувал хард дисковите со собраниските безбедносни снимки, како и Младен Додевски.Адвокатите пк на обвинетите Сашо Василевски и Александар Василевски- Нинџа потврдија дека нивните клиенти во понеделник ќе поднесат барања за амнестија.Крајниот рок да се побара амнестија е вторник.

пред 7 години

delegacija-vo-albanija-1

Делегација од Владата на Република Македонија на средби со стопанственици од Албанија

Делегација од Владата на Македонија, предводена од министерот за странски инвестиции, Бардул Даути, советничката за земјоделство на Претседателот на Владата, Ленче Николовска и советникот во кабинетот на министерот за земјоделство, Никица Бачовски, неодамна беа во Тирана, на средби со стопанственици од Албанија.Целта на посетата беше развивање на соработка меѓу двете држави во областа на бизнисот и земјоделското производство, а во организација на Фатос Мустафа-Претседател и CEO на Меѓународната Канцеларија “ФМ Консалтинг”.- Се сретнавме и разговаравме со сопственици на компании кои веќе инвестираат во Македонија но и со бизнисмени и консултански куќи кои покажаа голем интерес за проширување на бизнисите кај нас, како можност за регионален развој на компании од различни сектори. Овие средби се добра прилика да ги запознаеме потенцијалните инвеститори со предностите кои ги нуди нашата Влада во делот на привлекување на странски инвестиции. Охрабрува позитивното искуство на компаниите кои веќе инвестираат, како фармацевската компанија „Саген“, прв инвеститор од Албанија во ТИРЗ Скопје 1. Г-дин Исуф Бербери кој не го криеше задоволството од правилната одлука да инвестира во Македонија. Се надевам дека неговиот пример ќе го следат и други бизнисмени - вели Даути.Делегацијата од Македонија оствари средба и со Стопанската комора на Тирана на која што Претседателот на комората Николин Јака, ја истакна потребата од заедничко делување на двете земји како можност за полесен пристап на светските пазари.-Македонија и Албанија не треба да бидат конкуренти на пазарите, туку заеднички да се бориме со квалитет и квантитет да ги освоиме странските пазари. Имаме можности за тоа, поволни климатски услови за поголем развој на земјоделското производство и искористеност на ИПАРД фондовите кои ќе придонесат за поголема модернизација на производството. Потребно е само да се организираме и да ги здружиме капацитетите- истакна тој.-Идејата е одлична и треба да се реализира во интерес на развојот на стопанствата на двете држави, рече Николовска и додаде дека во најскоро време во Владата ќе се реализира средба на која ќе присуствуваат бизнисмени од Албанија, Македонија и претставници на институциите задолжени за одредени сектори со цел започнување на долгорочна соработка и стратегија за развој.Во текот на дводневната посета на Тирана, делегацијата од Македонија ја посети и компанијата „Агна груп“, која е во завршна фаза околу подготовките за изградба на фабрика за кондиторски производи во Македонија но имаат размислувања и желба за нови инвестиции во повеќе области, од градежништво до инвестиции во агросекторот.-За инвестиции во агрокомплексот, како министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги создаваме сите потребни услови за потенцијалните инвеститори. Во тек е оглас за државно земјоделско земјиште кое е наменето за инвестиции, а исто така компаниите имаат можност да користат средства од ИПАРД фондови како и субвенциите кои се од буџетот на РМ - потенцираше Бачовски.Организаторот и домаќин, Фатос Мустафа ја искористи оваа прилика да ги информира албанските бизнисмени за предностите кои ги нуди Република Македонија за инвеститорите.-Во тек се преговори со Компанијата „Дони Фруитс“, кои скоро инвестираа во Албанија, да го прошират својот бизнис и во Македонија. Се работи за сериозна компанија која се занимава со откуп и дистрибиција на земјоделски производи, преку сопствена дистрибутвна мрежа. Тоа е она што им е потребно на македонските земјоделци, поддршка на пласманот. Посетата беше вистински погодок бидејќи интересот на бизнисмените е голем, а веќе следната година очекувам да се интензивира соработката меѓу бизнис заедницата, со поддршка на владите на двете држави - изјави Мустафа.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања