„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

maz-elka

(ВИДЕО) Маж повеќе од еден час бил качен на божикната елка пред Белата куќа

Маж бил качен на Националната елка во близина на Белата куќа, повеќе од еден час .Мжот бил уапсен од полицијата откако сам решил да се симне, по што бил пренесен во психијатрисаката болница во Вашингтон.

Свет | пред 7 години

putin-cveka-1

Путин вистински џентелмен - со букет во раце изненади една дама

Рускиот претседател Владимир Путин и честиташе роденден на Галена Волчек, уметничката директорка на Современиот театар во Москва. Путин на Галена и донесе букет цвеќе, што ова неа посебно ја воодушеви.- Ова е прилика да се сумираат реазултатите и на Вас да ви упатиме зборови на благодарност за Вашиот допринос на националната култура и светскиот театар, рекол Путин.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

И тие настапуваат на MAC: Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог и Каролина го потврдија доаѓањето на музичките признанија

После Бајага, Петар Грашо и Сергеј Ќетковиќ настапите на првата регионална церемонија на доделувањето на музичките признанија MAC (Music Awards Ceremony) на 29 јануари во Штарк Арената ги потврдија уште три големи ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог и Каролина Гочева.Една од несомнено најголемите ѕвезди во регионот, музичарот Жељко Јоксимовиќ, кој веќе има успех на најголемите европски музички настани, за своето доаѓање на MAC вели:„Драго ми е што ќе настапам на Music Awards Ceremony, затоа што верувам дека ваква манифестација е неопходна и значајна за регионот, како и за поврзување на регионалната музичка сцена. Сигурен сум дека атмосферата и енергијата ќе бидат одлични, ќе има многу добра музика, продукција и придружните елементи ќе бидат на врвно ниво, и затоа ги поканувам сите да ни се придружат во Арена на 29 јануари. Се гледаме!“Освен поп нумери публиката на MAC ќе има можност да слушне и други жанрови, па и малку потврд звук, а за тоа сигурно ќе се погрижи групата Ванг Гог, чиј фронтмен Ѓуле во свој стил го најави доаѓањето на манифестацијата.Поддршката за MAC од Македонија досега стигна од раперите Панчо ДНК и поп музичарите Влатко Лозаноски Лозано и Димитар Андоновски, а првата потврдена учесничка од Македонија, која дефинитивно ќе настапи на бината на Штарк Арена на 29 јануари е Каролина Гочева.Организацијата и продукцијата на MAC ја потпишува Skymusic од каде најавуваат дека во наредните денови ќе бидат објавени и имињата на останатите изведувачи од Србија, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои ќе настапат на свеченото доделување на музичките признанија.Со почит,Александра и Скајмјузик

Македонија | пред 7 години

han

Хан: Први се Србија и Црна Гора за во ЕУ, но Македонија исто така има добри шанси да ги стигне откако ќе биде исполнет договорот со Грција

ПЈР Македонија има добри шанси да ги почне преговорите за членство со Европската Унија штом ќе биде спроведен договорот со Грција, порача еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.-Моментално, според бројот на отворени поглавја, први се Србија и Црна Гора. Но Македонија исто така има добри шанси да ги стигне откако ќе биде исполнет договорот со Грција, рекол Хан во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“, додавајќи дека 2025-тта е амбициозна, но не е недостижна цел за земјите од Западен Балкан.Тој додада дека не сака да споменува конкретни датуми, но 2030-ттата би било многу далеку за да се мотивираат земјите кандидати да ги зајакнат своите заложби.

Македонија | пред 7 години

mickoskiprilep1

Народот во Македонија ќе му каже големо „НЕ“ на Заев и групата околу него

Оставка од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, побара ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протестен марш во Прилеп.–Да му порачаме на најнеспособниот градоначалник во цела Македонија кој кога го чествуваше Св. Климент, положуваше цвеќе на споменикот на Ченто, оставка веднаш да поднесе. Еден друг функционер на Зоран Заев, во Собранието на Република Македонија гордо ќе застане на говорницата и ќе каже „Ова е искомплексирана нација“. Јас гледам горди Македонци, луѓе кои ја сакаат татковината и нацијата, рече партискиот лидер Христијан Мицкоски пред насобраните граѓани истакнувајќи дека во Прилеп силно бие срцето на Македонците.Тој нагласи дека патот кој треба да го изодат нема да биде краток.–Ќе има многу предизвици, но ние заедно ќе го одиме и во овие декемвриски денови. На крајот од тој пат ќе биде победата, заедно ќе победиме и чекориме и во јануари и февруари и во март, потоа ќе дојде април кога ќе дојде првата победа на претседателските избори. Победа која ќе ги најави предвремените парламентрани избори кога народот во Македонија ќе му каже големо „НЕ“ на Заев и групата околу него. Народот кој го лажеше, кој се чувствува изневерен, опљачкан, излажан, омаловажен и понижен од сите овие политики што скоро две години оваа ненародна и криминална влада ги води во Македонија. Па, уште дрско преку своите гласноговорници ќе им каже дека се искомплекцирана нација, нагласи Мицкоски.Тој порача дека Заев ќе биде жестоко поразен и испратен на темната страна на историјата.

Македонија | пред 7 години

policija-krazba

Скопјанец обвинува дека полицијата не сака да ја расветли кражбата на неговиот автомобил

Три часот по полноќ – филмското сценарио напишано под режисерка палка на вработен во МВР. Колата паркирана – камерата снима. Осомничениот Крадец го лоцирал точното место и време за реализација на својата идеја. Почнува реализацијата на сериското сценарио. Ова на снимката е човек кој влегува во колата, ја пали и заминува во непознат правец. Колата ја нема - оштетениот заглавен во лавиринтите на парвдата, објави Телевизија 24.Ова е Адем Имери жител од населбата Чаир кој пред неколку месеци решил да купи кола. Понудувачот на бизнисот како што тврди Имери е полицаец од Прилеп кој се понудил да му продаде кола марка Мерцедес за сума од 17 илјади евра. Полицаецот според Имери имал и бугарско државјанство и решил договорот за купопродажба да го направат во Бугарија. Имери се согласил, таму потпишале договор му платил на продавачот и се вратиле назад во Македонија. По два дена откако Адем Имери станува сопственик на колата се случил грабежот.„Има камери на државните граници каде поминувам јас, еден друга мој и колега полицаец, сме отишле заедно и сме се вратиле. Го направивме договорот, после два дена, на 18ти е склучен, а на 20ти е украдена колата од истиот човек од кој сум ја купил.“ - вели Адем Имери.Целиот случај како што тврди Имери станал поконтроверзен. Пријавил во МВР па се соочил со ОЈО. Разрешнива вели и по 7 месеци нема. Покрај тоа што платил 17 илјади евра за колата, човекот кој што ја земал колата со себе однел и 2 илјади евра, лична документација, негова, на синот и снаата, како и банкарска картичка. Имери тврди дека се до денеска останал како оштетен и заглавен во обидот да ја најде правдата.„Лилни карти, дозвола, картичка од банка и пари 2000 евра со сите тие лични карти и паричникот и парите.“ - вели Имери.Од МВР велат, запознати се со случајот и дека се преземени соодветни мерки за расчистување на настанот. Од таму констатирале дека во конкретниот случај постојат елементи на сторено кривичното дело „Самовластие“ предвидено со КЗ за кое гонењето се превзема по приватна тужба.„Бидејќи во текот на проверките е обезбедена документација за возилото за која постои сомнение дека е истата е со фалсификувани содржина за констатираната состојба доставено е писмено известување до ОЈО Скопје со прилог на целокупната службена документација за запознавање и понатамошно постапување.“ - велат од МВР.Од ОЈО не добивме одговор до каде е постапката за случајот. Но оштетениот Адем Имери го добил одговорот со решение во кое се наведува дека „ кривичната пријава поднесена од страна на МВР против лицето А.Ѓ од Прилеп е отфрлена. Имери вели дека сега ќе тужи вработени во ПЦ Битпазар бидејќи смета дека го штитат полицаецот од Прилеп кој му ја продал колата па си ја земал назад. Оштетениот како што вели, во случајот Адем Имери, доколку не биде обештетен ќе постави шатори пред МВР се додека не ја добие правдата. Се до тогаш остануваат снимките да сведочат за настанот кој што се случил во доцните часови, а според кои филмското сценарио е успешно реализирано.извор: Телевизија 24

Скопје | пред 7 години

gradi-1

(ФОТО) Се гради кај Мајчин дом - граѓаните револтот го искажуваат на ФБ

„Мештаните протестираа, се бунеа, пружаа отпор, но испадна се за џабе“, напиша револтиран граѓанин на ѕидот на сообраќајниот срам на социјалната мрежа Фејсбук, при тоа под својот статус сподели и слики од денешната градежна оператива.Во продолжение статусот во целост:„Еве ви доказ дека никој не го есапи народот. Локација кај Мајчин Дом. 8 бетоњерки чекаат на ред, додека две истураат бетон. Убрзано се работи додека не успеат да се организираат луѓето. Мештаните протестираа, се бунеа, пружаа отпор, но испадна се за џабе. Пак градежната мафија победи. Кај што не буши бургија, парите бушат“ .Инаку кај Мајчин дом ќе се гради зграда. Уставните судии не најдоа неправилности во Деталниот урбанистички план за тоа место. Со тоа е исцрпена и последната опција на која се надеваше градоначалникот на Аеродром, Златко Марин. Тој призна дека веќе нема начин како да се справи со барањето на жителите таму да нема зграда.

Скопје | пред 7 години

mvr1

Товарно моторно возило удрило пешак - се здобил со тешки телесни повреди

На 21.12.2018 година околу 12,00 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, и ул.„425“ и крак од ул.„Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Д (27) од Куманово, удрило во пешак Д.П (60) од Куманово.Во незгодата Н.Д. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар Скопје.Увид извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

granata

На нива пронашол артилериска граната кал.75мм од Првата Светска војна

На 21.12.2018 година во 12,15 часот во ПС-Крушево, В.С (22) од с.Бучин-Крушево, пријавил дека С.Ј (55) од с.Бучин-Крушево, пред околу една недела во нива во негова сопственост пронашол артилериска граната кал.75мм од Првата Светска војна.Од пиротехничар од ДЗС-Битола пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.На 21.12.2018 година во 09,10 часот телефонски во Полициското одделение Сарај, И.Р. пријавил дека забележал стара граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување пронајдената граната е подигната за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

ceca

Цеца не е добредојдена во Бор - наместо парите на Ражнатовиќ тие бараат да се дадат за лекување на болни деца!

Жителите на Бор, соседна Србија едогласни - Наместо на Цеца, парите дајте ги за лекување на болни деца!Оваа вест ги преплави медиумите, не само во Србија, туку и во регионов, откако градоначалникот на Бор, Александар Миликиќ потврдил дека Цеца ќе им биде главна гостинка на прославата на градскиот плоштад, а покрај неа настап ќе има и групата „Кербер”. По оваа објава граѓаните започнале со петиции и апели на социјалните мрежи, каде повикуваат парите планирани за фолк ѕвездата да се пренаменат за лекување на нивниот сограѓанин, петнаесет годишното момче Данило Марјановиќ, кој боледувал од рак, а за лекување му биле потребни 8.000 евра.Градоначалникот Миликиќ пак, ги смирува сограѓаните дека градот нема ништо да и плати на Цеца, туку настапот бил покриен од спонзори.Инаку настапот на Ражнатовиќ за Новогодишната ноќ изнесувал околу 100.000 евра.

Свет | пред 7 години

petardi-policija

Една слика - илјада зборови, уличен продавач продава пиротехника на полиција?

На социјалните мрежи деновиве кружи фотографија на која се гледа како уличен продавач во Скопје нуди „нешто“ за продажба на службени лица во полициски автомобил.Што нуди може само да претспоставиме со оглед на тоа што во рацете држи и големи пиротехнички средства.Сликава стана хит на интернет, со оглед на тоа што петардите и другите пиротехнички средства се забранети, а од МВР веќе подолг период апелираат дека купувањето и активирањето на петарди или пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради е строго забрането и дека оној кој ќе постапува спротивно на ова ќе биде казнет со паричен износ кој се движи од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника.И покрај предупредувњата од МВР често гледаме дека пиротехника се продаваат по тезгите и улиците како и секоја друга сезона.

Скопје | пред 7 години

elka-ezero

Се одлага манифестацијата подводно китење на новогодишна елка

„Донесовме заедничка одлука оваа година да не се одржи манифестацијата „Подводно китење на новогодишната елка“ поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, кој беше голем вљубеник на спортот, на градот Охрид и на Охридското Езеро, посебно залагајќи се за негово зачувување за идните генерации“, велат од нуркачките клубови „Охрид“ и „Амфора .Инаку, членовите на нуркачките клубови „Охрид“ и „Амфора“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, ја китат подводната елка во Охридското Езеро веќе 16 години. Настанот тие го посветуваат на најмладите и лицата со ретки болести.

Македонија | пред 7 години

zaprosuvnje-1

Запросување на „Винтерленд“

Запросување на „Винтерленд“ – првата новогодишна населба во Скопје.Момче од Скопје одлучи својата закана да ја побара за жена во убав зимски амбиен, бајковитот место „Винтерленд“.Инаку оваа новогодишната населба доби куќички украсени во зимски амбиент, катчиња за забава за најмладите, како и мала сцена за настани наменета за посетителите од сите возрасти на која во овој период се одржува богата културна програма. Просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалоци, каде што граѓаните ќе може да се дружат и да уживаат во понудата на околните куќички, а токму овој простор беше одбран каде девојката го кажа судбоносното „ДА“Екипата на Скопје 1 им посакува многу среќа во заедничкиот живот.

Магазин | пред 7 години

vizzar

Визер ги исполна критериумите на новиот повик - ќе опслужува четири нови дестинации од Охрид и две нови од Скопје

Нискобуџетната авкиокомпанија Визер беше избрана на јавниот повик за авиосообраќање во Република Македонија, кој, како што информираше на прес-конференција министерот за траспорт и врски Горан Сугаревски, компанијата ги исполнила сите услови и критериуми во повикот. На третиот јавен повик, откако претходните два биле неуспешни, пристигнало само едно барање и тоа од Визер, а Сугаревски појасни дека иако во текот на целата година се правале разговори и со други компании, тие најверојатно не се пријавиле од ним познати деловни причини.Согласно критериумите Визер има обврска да почне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот Свети Апостол Павле – Охрид и тоа првите две до 26 март 2019, а другите во рок од една година од денот на склучувањето на договорот и истите да ги опслужува за период за кој се доделува финансиска поддршка. Компанијата има обврска да опслужува две нови линии од меѓународниот аеродром во Скопје до 26 март и да ги опслужува најмалку две години.-Владата на РМ преку Министерството за транспорт и врски ќе додели еднократна финансиска поддршка во износ од 40 илјади евра за секоја нова дестинација воведена од Меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле – Охрид. За секоја нова дестинација од аеродромот во Скопје ќе се додели финансиска поддршка во износ од девет евра по патник во заминување во првата година од договорот, осум евра по патник во заминување во втората година, седум евра за третата година. За секоја нова дестинација воведена од аеродромот во Охрид ќе се додели финансика поддршка од 13 евра по патник во заминување во првата година, 12 евра во втората година и 11 евра во третата година, рече Сугаревски.Во однос на финансиските средства, појасни Сугаревски, предвидени се најмалку 312 милиони денари или околу пет милиони евра за период од 2019-2022. За следната година се предвидени 86 милиони денари, за 2020 204 милиони денари, за 2021 104 милиони денари, а за 2022 година 17 милиони денари.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Професорите од Охрид ја добија ноемвриската плата

На вработените во основните и средни училишта во Охрид, вчера им беше исплатена ноемвриската плата.Платата кај просветниот кадар доцнеше и минатиот месец, поради како што кажаа од локалната самоуправа недоразбирање со Министерството за образование предизвикано од различно толкување на законските прописи од оваа област.Oд таму уште додадоја дека ова недоразбирање се надминало, па поради тоа се наметнува прашањето, зошто платата доцнеше и овој месец?

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања