„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

PRM_Salivan

Иванов до Саливан: Членството во ЕУ и НАТО не смее да се злоупотребува за прифаќање на договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, отколку што се затвораат"

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Џон Саливан, заменик државен секретар на Соединетите Американски Држави.На средбата беа разменети мислења за тековните политички случувања во Република Македонија, за евроатлантските перспективи на земјата и за актуелните случувања во регионот. Македонскиот претседател истакна дека европските и евроатлантските интеграции остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија.„Секогаш сум бил силен и гласен поддржувач на стратешките приоритети на Македонија, а тоа е целосна интеграција во ЕУ и НАТО. Но, членството во ЕУ и НАТО не смее да се злоупотребува за прифаќање на договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, отколку што се затвораат", истакна на средбата претседателот Иванов.Македонскиот претседател потенцираше дека Република Македонија останува стратешки партнер на САД и изрази благодарност за целокупната поддршка и помош во модернизацијата и едукацијата на Армијата на Република Македонија, со цел постигнување на НАТО стандардите.Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан.

Скопје | пред 7 години

ujp

За две недели истекува рокот за регистрација во системот на УЈП

Наближува крајниот рок за регистрација на системот е-Персонален данок (31 Декември).Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, Управата за јавни приходи потсетува дека покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, отворени се и дополнителни шалтери лоцирани во:општина Ѓорче Петров – во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и општина Аеродром – во општинската зграда на втори кат.Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31.12.2018 година со работно време од 08.00 до 18.00 часотво општина Кисела Вода – барака број 4, општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и  општина Чаир.Даночните шалтери во овие три општини се отворени секој работен ден до 31 Декември со работно време од 08.00 до 16.00 часот.Ве известуваме дека и Регионални дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола работат од 07.00 ч. до 21. 30 ч. Со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен 31 Декември 2018 година, кога ќе бидат отворени до 16.30 часот.Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22.12.2018 и 29.12. 2018 со работно време од 08.00 до 14.00 часот.На следниот линк е и распоредот на вонредниот возен ред на “Мобилен даночен шалтер” којшто ги посетува населените места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојани даночни канцеларии.

Македонија | пред 7 години

mon

„Со внимание ги следиме барањата на студентите“, велат од МОН

Министерството за образование и наука континуирано работи на унапредување на квалитетот на националниот образовен систем на сите нивоа, како и на стандардите за ученички и студентски стандард, соопшти МОН по денешниот протест во Тетово на студенти од неколку универзитети незадоволни од состојбите во високото образование во Македонија.-Во тој контекст, институциите на системот се во постојана комуникација со сите засегнати чинители, вклучувајќи ги и самите студенти и учениците кои се дел од процесите за креирање на младинските политики, економските политики, креирањето на законските решенија и дел од управувањето и одлучувањето во институциите на системот, соопшти МОН.Министерството додава дека со внимание ги следи барањата на студентите искажани на протестот кој денеска го организираа во Тетово, а кои досега, како што посочува, не биле официјално доставени до Министерството за образование и наука.

Скопје | пред 7 години

milososki-antonijo

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира измените на Уставот, за нив тоа е фарса

На денешната прес-конференција Антонијо Милошоски изјави дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени.„Сметаме дека за едно вакво сензититивно решение како Уставот на Република Македонија посебно кога истиот е во согласност со волјата на народот, ние како пратеници нема да дадеме легитимитет на оваа фарса. Оние кои ветиле да го направат тоа го кршат Уставот. Ние нема да бидеме дел од неа“ , рече Милошоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Експресно изгласан Законот за амнестија, селективно се ослободуваат лица осомничени за 27 април

Едногласно со 95 гласа „За“ e изгласан Законот за амнестија во Собранието.Пред гласањето, пратеникот Илија Димовски од собраниската говорница изјави дека тој ќе го поддржи законот заедно со пратеникот Панчо Минов.За време на гласањето не пристуствуваа пратениците од Алијанса на Албанците.Со овој закон ќе бидат осолободени од вина дел од осомничените, обвинетите за настаните на 27 април. Амнестијата нема да ги опфати организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.   

Македонија | пред 7 години

Protest-studenti-tetovo

„Ги сакаме нашите права“ – Протест на студентите во Тетово, имаат 14 барања

Студенти од Тетово денеска излегоа на протест на градскиот плоштад со цел исполнување на нивните барања, кои ги изнесоа минатата недела. Десетици студенти во рацете носеа транспаренти на кои беа испишани нивните пораки до раководствата на универзитетите и до властите.- Ние живееме во демократија, но не гледаме дека има демократија во оваа држава бидејќи студентите немаат право да кренат глас - истакна еден студент.Тетовските студенти велат дека протестите ќе продолжат сѐ до исполнување на нивните барања.Според одредени медиуми на албански јазик, се очекува протестите наскоро да се прошират и во Скопје. Дел од нив истакнаа дека се соочувале со притисоци. Неколку пати им беше хакирана и страницата на „Фејсбук“ .Еве ги 14 те барања на студентите:1. Прекин на условувањата за купување книги за потпис од страна на професорите;2. Субвенционирање или отстранување на плаќањето на 8-неделната пракса од страна на универзитетот (50 евра);3. Субвенционирање на плаќањето на професионалната екскурзија или нејзино отстранување како задолжителен предмет;4. Намалување на тарифата за странските студенти (50%);5. Објавување на статутот на универзитетот и извештајот за евалуација кој студентите го прават за професорите да биде на страницата на универзитетот;6. Подобрување на основните услови во лабораториите и предавалните;7. Прегледување на академските титули и верификација на плагијатурите;8. Ревизија на земањето академски титули на секој професор на раководна позиција. Дали бил почитуван законот, времето кое треба да помине од една титула до друга и научните трудови на приватните и државните универзитети?9. Департизација на универзитетот (отстранување на политичките партии од универзитетите);10. Кој е статусот на Студентскиот парламент? Дали тој функционира како независна организација или е под ингеренции на универзитетот?11. Годишните плаќања од страна на студентите за студентските сојузи, колку од тие средства во една година им се враќаат на студентите?!12. Исто однесување од страна на професорите кон сите студенти, независно од роднинските (пријателските, фамилијарните) врски;

Македонија | пред 7 години

pat-magla

Магла на планинскиот премин Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.„На некои повисоки места и на автопатот Демир Капија - Гевгелија има остатоци на кашаст снег. Исто така има магла на планинскиот премин Плетвар со видливост до 50м. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

dete-padobran

(ВИДЕО) 15 годишно момче полетало во смрт од 14 кат, додека мајка му го бодрела

Петнаесет годишно момче од Украина починало откако се фрлило од зграда со падобран кој тој сам го направил. Застрашувачката снимка го прикажува Богдан Фирсов на врвот од зградата како се подготвува за скок од 14-ти спрат, додека куп луѓе стоеле и гледале. Меѓу набљудувачите кои го охрабрувале да скокне, била и неговата мајка.Еден од сведоците вели дека никој од набљудувачите не се обидел да го одврати од намерата или да повика полиција да го спречи да скокне, туку само стоеле и снимале.Момчето стоело на работ на покривот на зградата неколку минути, а потоа ги раширило рацете и скокнало. Падобранот не се отворил целосно и од висина од 50 метри паднало на грбот и останало мртово на самото место и тоа пред очите на шокираната мајка.Експертите велат дека ова била самоубиствена акција, бидејќи и падобранот да се отворел, момчето немало да преживее.

Свет | пред 7 години

mvr

Кривична пријава против двајца полициски службеници - ја злоупотребиле службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници во Надворешна канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија.Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ по член 140 став 4 вв став 1 и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичникот законик на Република Македонија.„Пријавените во својство на овластени службени лица со полициски овластувања ја злоупотребиле службената положба и овластување со пречекорување на границите на нивното службено овластување при што во центарот на Гевгелија без наредба од суд противправно лишиле од слобода две лица и ги однеле во полициската станица од општа надлежност во Гевгелија каде им била ограничена слободата на движење по што над лицата и возилото извршиле претрес и за превземените дејствија не изготвиле службени материјали за евидентирање на настанот.Против полициските службеници поведена е и постапка за дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ученик нападнат со нож во средното училиште „Арсениј Јовков“

18-годишно момче вчера во претпладневни часови во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на три најверојатно, сите малолетни деца, било нападнато со нож, соопшти полицијата. По ова тројцата напаѓачи физички нападнале и други уште тројца ученици, додаваат од МВР.„Во 11 часот и 15 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на Е.Џ. на возраст од 17 години, 16-годишниот А.Б. и уште едно лице со употреба на нож бил нападнат 18-годишниот С.Р. од Скопје, а потоа физички нападнале уште тројца ученици на возраст од 17 и 18 години, по што го напуштиле местото на настанот“, се наведува во соопштението на полицијата.С.Р., велат од полицијата по нападот веднаш бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

mukovski-arnaudov

Обвинетите пратеници спокојно ќе гласаат за уставните измени

Амнестијата најверојатно ќе го претрка гласањето на уставните измени кое треба да се случи кон средината на јануари 2019-та. Предлог-законот е готов, до пладне тој сѐ уште не беше заведен во собраниската архива информираа од кабинетот на Талат Џафери, но од телото за помирување, пак, не ја исклучуваат можноста тој уште денеска да влезе во собраниска процедура. Обвинетите пратеници, пак, сѐ уште се воздржани. Речиси сите кои ги контакриравме дали ќе побараат амнестија одбија да се произнесат со објаснување дека законот прво треба да биде донесен, објави Плусинфо.мк.Според одредбите во предлогот, веднаш штом ќе биде донесен законот целиот процес на амнестирањето би можел да се случи уште пред Нова Година или Божиќ. Имено, откако ќе биде донесен законот сите обвинети ќе имаат можност од пет дена да побараат амнестија, а судот врз основа на мислење од јавното обвинителство и врз доказите, за пет дена од добивање на барањето ќе одлучи дали ги следува амнестија или не.Кажано народски, за спас од кривичен прогон, формален амин ќе треба да дадат прво обвинителката Вилма Рускоска, а потоа и судечкиот совет на чело со Добрила Кацарска.Сепак, контурите за тоа кој ќе се амнестира, а кој не, ги исцрта телото за помирување кое го скоцкало законот водејќи се од тоа кој нема да биде опфатен.Детали од предлог-законот синоќа објави „360 степени“.„Одредбите од овој член не се однесуваат на лица осомничени, обвинети, правосилно осудени, како и лица кои издржуваат затворска казна за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на РМ од 27.04.2017 година,… кои до денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело Здружување заради непријателска дејност од член 324 ст.1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила или лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик, убиство по чл.123, насилство по член 386 од Кривичниот законик“, пишува во еден од ставовите на член 1.Ако обвинителката Вилма Рускоска остане на тоа, како што најавуваше и досега, дека нема да прави прекфалификација на делото (терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста) значи дека од актуелниот случај за „27 април“, кој е во тек нема да се спасат вработените во МВР, меѓу кои и тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков, како и тие кои влегоа во Собрание со фантомки, со оружје, вршеа насилство… Во оваа група, според она што се посочуваше во текот на судскиот процес, би можеле да се сместат и Игор Југ, Јане Ченто, Горан Ангеловски Ќосето, Никола Митревски Кољо и др. Тука се и седумината осудени со првостепена пресуда за обидот за убиство на Зијадин Села кои добија од 10,5 до 13,5 години затвор, како и „кубачот“ на Радмила Шекеринска кој е осуден на четири години затвор за насилство.Од друга страна, според првичните толкувања на сѐ уште необјавениот во целост закон, засега најизвесно е дека амнестија ако побараат ќе добијат петмината пратеници: Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, како и водачите на протестите „За заедничка Македонија“: Владо Јовановски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски Бетмет и Борис Дамовски. Тука се и десетина лица кои уште пред околу шест месеци беа осудени за учество во толпа.извор: Плусинфо.мк

Скопје | пред 7 години

antikorupciska-komisija

Власта не може да се договори за нова антикорупциска комисија

Собраниската комисија за прашања за изборите и именувањата ја тргна од дневен ред точката за именување на членови на Државната комисија за спречување на корупција. Иако оваа точка беше предвидена за прва на денешната расправа, пратениците на владејачкото мнозинство побараа точката да се тргне од дневен ред.„Бараме оваа точка да се тргне од дневниот ред и по донесувањето на новиот закон да се изберат по нови критериуми“, рече Ивана Туфегџиќ, независен пратеник во коалиција со СДСМ.На ваквиот предлог се спротивставија од ВМРО-ДПМНЕ, но точката беше тргната од дневниот ред.„Не мислам дека ќе се создадат услови пред распишување на претседателските избори кои се очекува да се распишат во февруари месец да биде избрана антикорупциска комисија, па макар и по новиот закон“, реагираше Илија Димовски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

gruevski-trajkovski

Царинската управа отвори истрага за Трајковски

Царинската управа вчера отворила истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски во Будимпешта. По фотографиите кои се појавија во медиумите на кои се гледа дека Трајковски е со Груевски Цринската управа го испитува неговото отсуство од работа. Засега од Царинската управа само потврдија дека тој користи боледување од 5 декември.„Од царинскиот службеник побарана е изјава за отсуството од страна на инспектори од Секторот за професионална одговорност, и истиот го доставил Извештајот за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување“, се вели во дописот од Царинската управаИстрагата на Царинската управа е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работни односи (член 81) и Колективен договор.За текот на истрагата и резултатите од можна злоупотреба на отсуството согласно актите на Царинската управа и законските прописи, царинсата управа дополнително ќе информира.Членот 81 гласи дека „Работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор, особено ако не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот или незаконски или неовластено ги користи средствата на работодавачот.Вчера царинскиот службеник обвинет за случајот „Насилство во Општина Центар“ изјави дека заминал во Унгарија за да оди на клиника, поради проблеми со синусите и белите дробови, а не за да го посети бегалецот Груевски.

Скопје | пред 7 години

shkola-za-mladi-lideri

Објавен конкрс за учество во меѓународна обука за Млади лидери

Објавен е конкурсот за десеттата Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 11 до 24 февруари 2019 година.Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование, кои имаат желба преку нивните вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Програмата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и од странство. Наставата ќе се одвива на македонски и на англиски јазик.Право на учество на конкурсот, што е отворен до 24 декември 2018 година, имаат сите млади од Република Македонија и наши иселеници што живеат во странство. Трошоците за сместување и програмските активности ќе бидат покриени од страна на организаторите.Условите за конкурирање предвидуваат апликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, додека просек еднаков или поголем од 8,5 на додипломски студии и работно искуство од минимум една година ќе се сметаат за предност.Апликацијата, што треба да се достави до Кабинетот на претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за напреден степен за познавање англиски јазик и две препораки.Конкурсот е објавен на веб-страницата и фејсбук-страницата на претседателот на Република Македонија.Школата за млади лидери првпат беше организирана во август 2010 година во Охрид. Во изминатите девет години на школата учествуваа 360 млади луѓе со различна академска и професионална определба и над 200 предавачи. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде што преку организација на семинари, панел-дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.

Скопје | пред 7 години

svr-ohrid

Стружанец нападнал сограѓнин пред ресторан - двајцата завршиле во болница

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 27-годишно лице А.М од струшката населба „Плитишта“.Лицето, како што соопшти денеска СВР Охрид, казненото дело го сторило на 30 ноември оваа година, околу 17 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во Струга. Најпрво предизвикал вербална расправија со Л.Ч.(37) од Струга, а потоа и физички го нападнал.Повредениеот веднаш бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била дадена неопходна медицинска помош..

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања