„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

kukja-krazba

Неверојатно - Крадци во Хрватска украле цела куќа

Необична пријава за кражба примиле полициските службеници во Копривница. Сопственик на имотот во Петеранeц, во близина на Копривница, пријавил дека му исчезнала неговата куќа.Преубава монтажна куќа, која била во фаза на изградба, но речиси завршена, пишува порталот Подравски.Крадците, според наводите на сопственикот, за неколку дена го одделиле и го однеле целиот покрив со плочата, како и делови од дрвените ѕидови, а штетата се проценува на околу 1.400 евра.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Амди Бајрам откри зошто не гласал за Законот за амнестија

Пратеникот, Амди Бајрам, вели дека не бил присутен на вчерашната собраниска седница на која беше изгласан Закон за амнестија за дел од обвинетите од „27 април“. Бајрам е регистриран во списокот како пратеник кој не гласал, а не како пратеник кој не е присутен, па сепак тој вели дека во тоа време бил на Клиника каде примал инфузија.-Не бев во Собранието после паузата. Морав да одам во болница да примам инфузија, поради оперативниот зафат кој го имав на ногата. Секој ден одам да примам инфузија по три саати. Инаку го поддржувам законот, поддржувам амнестија и ќе гласав да бев таму – вели Бајрам за „Фокус“.Заедно со Бајрам уште 16 други пратеници не гласале за амнестијата, додека осуммина воопшто не биле присутни вчера во Собранието. Законот беше донесен со 95 гласа „за“ и ниту еден против.

Македонија | пред 7 години

kniga-zalost-9

(ФОТО) Последно збогум преку порака - книга на жалост во Општина Охрид

На денешната комеморација во општина Охрид беше отворена книга на жалост. Се потпишаа премиерот на Р Мкедонија, Зоран Заев, министерите присутни на комеморацијата, амбасадори ,пратеници , бивши градоначалници, советници, директори на државни и општински јавни препријатија, граѓани ...

Македонија | пред 7 години

smokvica-pat

(ФОТО) Вака изгледа патот Демир Капија-Смоквица

Снег кој што заврна наместо радост донесе нервози кај граѓани. Снежната покривка која вчера покри делови од Македонија, предизвика проблеми на неколку патни правци во државата. Нервозни граѓани на социјалните мрежи објавија видеа на кои се гледа хаосот на македонските патишта предизвикан од снежните наноси.Вака изгледа патот Демир Капија-Смоквица...Возачите на социјалните мрежи се жалат од состојбата на магистралните матишта.Оние кои патуваат во текот на утрово, велат дека не сите патишта се исчистени. „Македонија пат изненадени од снегов како и секоја година.Да чекаме сонце да огрее или да излезете да поработите малку“, пишува еден од возачите. Според истиот, патот Демир Капија-Смоквица во должина од 30 километри не е исчистен, односно, останал „не пипнат“.Снегот вчера доведе до целосен прекин на сообраќајот на патниот правец Берово- Виница. Белата покривка предизвика целосна блокада и на патот Битола- Ресен. Снежни проблеми имаше и на планинските премини Стража и Плетвар и Ѓавато.

Македонија | пред 7 години

kola-raskrsnica

(ФОТО) Кога заради еден најпаметен стои цела раскрсница

Граѓаните се почесто на социјалните мрежи објавуваат фотографии од прекршување на сообраќајните правила. Денеска објавена е фотографија на која се гледа како поради еден паркиран автомобил на сред раскрсница стои цела колона автомобили.

Скопје | пред 7 години

baba-vangja

БАБА ВАНЃА за 2019: Еден моќен претседател ќе се обидат да го убијат

Црни сценарија на Нострадамус и Баба Банѓа за 2019 година. Дали и колку може да веруваме на истите? Може ли да промениме нешто или едноставно да оставиме што ќе донеси времето.Слепата пророчица, Баба Ванѓа, која ја нарекуваат и „Нострадамус на Балканот” и покрај тоа што е мртва повеќе од две децении, сепак теоричарите на заговор веќе долго време длабоко ги почитуваат нејзините пророштва за глобални настани и природни катастрофи.Ванѓа која го предвиде Брегзит, нападот врз кулите близначки и создавањето на ИСИС, нема баш убави предвидувања за следнава 2019 год.Таа предвидела некои клучни околности во следните дванаесет месеци, вклучувајќи го и економскиот колапс во Европа и обидот за атентат врз Владимир Путин. Пред многу години предвидела дека заканата за Путин ќе дојде од неговиот тим за безбедност – но не прецизирала дали рускиот претседател ќе умре. Но, треба да се земе во предвид дека друго предвидување е дека Владимир Путин и Русија ќе владее со светот.„ Сите ќе паднат, како мраз кога се топи, само еден ќе остане недопирлив – Владимирова слава, слава на Русија, рече таа во 1979 година на средба со писателот Валентин Сидоров. Премногу жртви се принесени. Никој не може да ја запре Русија. Таа ќе биде господар на светот“ , додала таа.Но црно сценарио има и за актуелниот американски претседател. Според Ванѓа, Доналд Трамп ќе заболи од мистериозна болест, од која ќе го избуби слухот. Исто така, ќе страда од мозочни нарушувања.Според неа ќе има и природни катастрофи. Во Азија огромно цунами, во Русија ќе падне огромен метеор.Ванѓа инаку родена како Вангелја Гуштерова, почина во 1996 година и веќе ја изгради својата репутација на Балканот како пророчница. Почина на возраст од осумдесет и пет години.Слични се предвидувањата и на најпознатиот пророк Французинот, Нострадамус. Тој не само што не дава надеж за проспериот, туку нпротив пишува за војна.2019 според него ќе ја зафатат страшни полави , Северна Америка ќе биде зафатена од страшни земјотреси. Н блискиот исток пак се очекува раст на тероризмот и религиоскиот екстремизам.Сепак тој смета дека единствено нешто што ќе ги обедини светските лидери, тоа се климатските промени, поради кои ќе мора да седнат на иста маса.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Листа на пратеници кои гласаа за Законот за амнестија

Собранието со 95 гласови  „за“ и без ниеден „против“, го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието на 27 април 2017, откако претходно предложениот закон  беше одобрен од Интерпартиската парламентарна група.Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и лидерот на ЛДП, Горан Милески ја напуштија салата кога почна гласањето. За законот за амнестија покрај парламентарното мнозинство, гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е целосната листа на пратениците кои денес гласаа за Законот за амнестија. Со Законот за амнестија нема да може да бидат амнестирани: организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата под фантомки, лица кои носеле оружје и експлозивни материи ислужбени лица кои ги пречекориле своите овластувања.Откако Законот ќе стапи во сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија.

Македонија | пред 7 години

pino

ФОТО: Пино е исчезнат веќе 9 дена, неговата мајка бара помош од граѓаните

Веќе една недела младиот Пино е исчезнат, а се уште нема никакви информации за него.Неговата мајка, Маја Трпковска повторно се огласи на социјалните мрежи барајќи помош од граѓаните за синот да го најде и врати дома. Според неа Пино нема никаква причина зошто да избега.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2426461977427760&id=100001919445500-Ве молам помогнете ми да го најдам синчето. Пинета Секондо – Пино, МВР работи, ама веќе 7 дена ништо не откри. Ве молам помогнете ми вие луѓе, вие, само вие ќе ми помогнете да го најдам синчето во ова крпче земја. Да го најдеме синчето мое. Не е избегано од дома, нема зошто да бега. Не е лут со мене, како што не е лут со никој од нашата фамилија. Џабе МВР вели дека е избеган од дома (26 години, работи, супер плата, најсакан и почитуван и на работа и дома) Нема зошто да бега!!! Со срце чекаме да го гушнеме. ВЕ МОЛАМ, ПОМОГНЕТЕ МИ, стои во апелот на неговата мајка на социјалните мрежи.Пино на 10 декември бил излезен вечерта и последен пат е виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Излезен бил со бел автомобил марка „Шкода“ со регистерски таблички SK1566AP.Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Доколку имате информација за ова момче контактирајте ја најблиската полициска станица или неговата мајка на социјалните мрежи.  

Македонија | пред 7 години

komemoracija-1

Семејството на Стојаноски се заблагодари за поддршката во најтешките моменти

Семејството на прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски, до сите граѓани на Охрид, упати зборови на благодарност за искажаната нивна поддршка и почит кон својот градоначалник.„Почитувани,Во најтешките моменти за нашето семејство, сакаме да Ви упатиме огромна благодарност до сите вас добри и прекрасни луѓе, кои ги надминавте сите партиски, човечки и секакви други препреки и со дела, убав збор, стисната рака во знак на поддршка или само човечки поглед, ни помогате да го изминеме и ова најголемо премрежје.Зборови немаме, солзите не запираат, за нас остана само голема празнина која никогаш нема да се надополни. Негова најголема љубов беше Охрид. Да му се оддолжиме сите заедно со тоа што ќе се сплотиме, ќе го изградиме како што доликува, ќе го направиме да биде, како што милуваше да каже „најубавото место на светот“, со силно образование, со насмеани луѓе, со верба во Бога и народот.Да застанеме зад оваа идеја во која веруваше Јован - Градоначалникот и да се сеќаваме на него онаков како што и секогаш беше - со широка насмевка, топла прегратка и отворено срце ЗА СИТЕ“ – се вели во пораката на семејството Стојаноски до охриѓани.

Македонија | пред 7 години

putin-kalendar-111

Јапонците полудеа по новите календари за 2019 со Путин

Календарите со претседателот на Русија во Јапонија се продаваат подобро од календарите со која било друга позната личност.Во синџирот продавници „Лофт“, кој има ексклузивно право на продажба на календарите за 2019 година со Путин, велат дека рускиот претседател е хит во продажбата, пренесуваат светските медиуми.Две недели пред Нова година календарот со Путин во Јапонија е неспоредливо попопуларен од календарот со ѕвездата на јапонскиот филм Кеи Танака или со актуелниот олимписки првак во уметничко лизгање Јузуру Ханју.https://www.instagram.com/p/Bojk1zJAUOD/?utm_source=ig_embedИ ова не првата година на популарност на календарот со Путин во земјата на изгрејсонцето. Путин во студена вода, Путин во спортска сала, Путин си игра со кучиња во снегот, Путин на трибините на Светското првенство во фудбал 2018... голем број луѓе, особено жени, купуваат календари со Путин веројатно привлечени од неговиот неконвенционален стил и нескриен мачоизам, сметаат медиумите во Јапонија.https://www.instagram.com/p/BphTa3ahWUo/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

zaev-busamai-1

Премиерот Заев на средба со нобеловката Бушамауи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев прими во посета делегација предводена од Уидад Бушамауи, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, придружувана од пратеникот во Европскиот Парламент од Грција, Стелиос Колуглу, како и од ректорот на Универзитетот ФОН, д-р Нано Ружин, и од м-р Сефер Цаноски, член на Управниот Одбор на овој универзитет, каде што денеска беше објавена официјално иницијативата за номинација на премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир во 2019 година.Премиерот Заев се заблагодари и истакна дека оваа иницијатива е сама по себе доволно признание за него, но и за Република Македонија, за нејзините граѓани, и дека ќе биде дополнително охрабрување целиот процес кој отпочна со преговорите со Грција, и кој потоа се заокружи со решенијата на Договорот од Преспа, за да се финализира во парламентите на двете земји со единствена цел имплементација на договорот за пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, и да обезбеди трајно пријателско и стратешко партнерство со Република Грција.Нобеловката Уидад Бушамауи на средбата во Владата на Република Македонија нагласи дека договорот со Република Грција, светот го препозна како една од најуспешна иницијатива на планот на меѓународната политика и добрососедските односи во оваа година, и дека израсна во модел како, во дух на пријателство и доверба, да се решаваат и најсложени политички прашања.Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидад Бушамауи потоа го информираше премиерот Заев за постапката за номинацијата и изрази уверување дека оваа иницијатива ќе биде поддржана од лидерите на меѓународната заедница и организации, и информираше дека од нашата земја, таа и нејзината делегација утре заминуваат за Атина за да го запознаат со оваа иницијатива и премиерот на Грција Алексис Ципрас.„Иницијативата за номинација е мотивација целиот процес меѓу двете земји да заврши со успех и на тој начин да биде признание и за двете држави и за народите во Република Македонија и Република Грција“, истакна средбата со нобеловката Бушамауи премиерот Заев и изрази уверување дека и неговиот колега и пријател Ципрас ќе ја прифати иницијативата.

Скопје | пред 7 години

110-sednia-2

Систем национални здравствени сметки, ќе се користи при пресметувањето на вкупните трошоци во здравството

Владата на седницата ја усвои информацијата за институционализација на националните здравствени сметки во Република Македонија. Овој систем претставува исклучително важна алатка којашто се користи при пресметувањето на вкупните трошоци во здравството според однапред дефинирана класификација, со цел подобро да се разбере финансирање во здравствениот сектор и да се согледа неговата улога во вкупната економија на земјата. Системот на Националните здравствени сметки го опишува текот на финансиските средства од изворите на финансирање, преку давателите на услуги па сé до финалната потрошувачка на здравствените добра и услуги.

Македонија | пред 7 години

110-sednica-1

Македонија и Србија ќе соработуваат во делот на заштита и спасување

Дел од одлуките од 110-та седница е извештајот за завршени преговори за склучување на Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за заштита и спасување од природни и други катастрофи. Со спогодбата се опфатени прашањата од областа на заштитата и спасувањето на населението и материјалните добра на билатерално ниво, како и соработката во делот на давањето и приемот на взаемна помош во случај на големи катастрофи, со цел соодветен одговор при вакви ситуации. Освен тоа, Спогодбата е и своевиден придонес во унапредување на регионалната соработка на Република Македонија со државите од нејзиното најблиско опкружување, во доменот на превенција и одговор при справувањето со природни и други катастрофи.

Скопје | пред 7 години

110-sednica-3

Владата побара да се забрза со документацијата за Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево

Министрите денеска ја усвоија Информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево“, со Акциски План. Притоа Владата и препорача на општината Гази Баба во соработка со Градот Скопје, во најкус рок да донесе детални урбанистички планови за локалитетот каде согласно Генералниот урбанистички план е предвидена пречистителната станица, со цел Градот Скопје да може да започне процедура за решавање на имотно-правните односи како и да се дефинира пристапниот пат до пречистителната станица.

Скопје | пред 7 години

110-sednia-2

1000 деца од семејства во социјален ризик бесплатно ќе одат на зимување

Владата на Република Македонија на 110-та седница ја прифати информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за зима 2019 година. Преку овој проект, во текот на зимскиот распуст 2019-та година бесплатно ќе зимуваат околу 1000 деца родени во периодот од 2004 до 2009 и/или односно деца редовни ученици кои во учебната 2018/2019 година посетуваат петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение од семејства во социјален ризик, односно корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток и децата без родители и родителска грижа, како и деца корисници на посебен додаток до 26 годишна возраст. Децата имаат право на зимување 6 дена, коишто ќе бидат надополнети со едукативно-забавни активности. Децата корисници на посебен додаток и/или деца со инвалидитет имаат право на придружник за време на користењето на оваа услуга.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања