„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

48360282_10213391021477680_8936009252686790656_n

(ФОТО) Градоначалникот на Теарце со предлог за ново знаме на Македонија

Градоначалникот на Теарце, Исен Асани денеска објави фотографии на неговиот Фејсбук профил, на кои има знаме со двоглав орел комбиниран со актуелното знаме на Македонија со неколку направени промени. Тој на фотографиите е заедно со Конер Андерсон од Америка, кој во последните две години придонесува во општина Теарце со конкретни проекти преку Мировниот корпус.„На 19 декември 2018 година, градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, оствари прошталната средба со американскиот волонтер, Конер Андерсон.Г-динот Андерсон е стациониран во администрацијата на општина Теарце и за период од две години придонесуваше со конкретни проекти во корист на сите граѓани на Општина Теарце преку Мировниот корпус. Ние сме благодарни за заедничката работа направена досега.Г-дин Андерсон не почести со предлог за знаме за сите граѓани на Република Македонија, како треба да изгледа знамето на Република Македонија.Останува на јавноста да оцени.Општина Теарце, стои во Фејсбук статусот на градоначалнкот на општина Теарце.

Македонија | пред 7 години

morbili

Пет деца од градинка во Радишани заразени со морбили

Во моментов Комисијата за заразни заседава за настаната ситуација. Во очекување на одлуката од Комисијата министерот за здравство, Венко Филипче рече дека најверојатно градинката ќе биде затворена, а препораката до родителите на децата кои не се заразени ќе биде децата да останат дома.Се очекува во текот на денот Комисијата да излезе со конечна одлука.

Скопје | пред 7 години

lgbt

Да се одгледува, расте и да се порасне како геј во Македонија не е лесно

Оставени во незнаење, децата и младите денес, во Македонија, го живеат својот живот како знаат и умеат, собирајќи полувистини од електронски и други медиуми, од попкултурата, од моралистичките пораки на неуки подучувачи, полни со стереотипи и предрасуди. Сите овие извори се генератори на насилството, зашто не даваат одговори за разнообразноста на човековата сексуалност и искуства, ниту водат сметка за разликите во родовото себеизразување, пишува Психологот Лина Ќостарова Унковска, која е и директор на Центарот за психосоцијална и кризна акција .Да се одгледува, расте и да се порасне како геј, транс или кое било друго родово различно дете не е лесно и едноставно, било каде, но најмалку во традиционална и религиозна заедница, каква што е Македонија. Следствено, за традиционалното, типично македонско семејство темите за родот и сексуалноста се длабоко закопани, табу теми.Во училиштата, членови на тие семејства се нечии наставници или автори на учебници, за кои родовите прашања отсекогаш биле надвор од нивната агенда, во воспитувањето на многу генерации деца. Тие и реално многу малку знаат или не сакаат да знаат за детската сексуалност и затоа измислуваат и импровизираат кога пишуваат за неа. А и не се начисто како да ги отворат овие прашања, а да не ги испуштат децата од контрола, за која најчесто сметаат дека е најдобра кога младите за „тоа“ што помалку знаат.Оставени во незнаење, децата и младите денес, во Македонија, го живеат својот живот како знаат и умеат, собирајќи полувистини од електронски и други медиуми, од попкултурата, од моралистичките пораки на неуки подучувачи, полни со стереотипи и предрасуди. Сите овие извори се генератори на насилството, зашто не даваат одговори за разнообразноста на човековата сексуалност и искуства, ниту водат сметка за разликите во родовото себе-изразување, за правата и слободите како развојни потреби, за промените на телото и сликата за себе, како силни и евидентни показатели на развојот, но и на самодовербата и на умешноста да се успее со животните предизвици.Наместо тоа, се отвoра простор за манипулации со лажни слики, што ја извртуваат детската самоперцепција, создавајќи хаос во главите на младите.Се` што учат децата во училиштата, едни од други, или од непроверени извори, нема како да го помине тестот на реалноста, зашто и таа е извитоперена. Лажни се податоците, но лажирана е и реалноста, и тоа што младите го минуваат искуствено, и што е единствено автентично и веродостојно, нема вредност, зашто нема каде и на што да се потпре, за тие да можат да ги разберат процесите на родовото доживување, прилагодување и самоприфаќање, без страв и преголеми ризици.Кога прашањата за сексуалните и родовите идентитети остануваат да висат, или се криво интерпретирани и сместени во тесните хетеро-нормативни и моралистички рамки, тогаш доаѓаме до проблематизирање на главните текови на детскиот развој, нивната себеидентификација, припадност и себерегулација. А тоа се клучните прашања: кој сум, каде припаѓам и како да се раберам себеси и другите?Каде и како во сето тоа да се снајдат ЛГБТИ младите, како родово или сексуално нетипични млади? Каде да ги најдат одговорите за себе и како да се справат со сопствената различност, со ексклузивноста, со перманетното негирање, со изолацијата и заканите, често и по нивниот живот?Трансродовите и ЛГБТИ млади под голем ризик од насилстваВеќе неколку години во Македонија ги следиме состојбите поврзани со здравјето на нашите ЛГБТИ млади. Студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (HBSC) во Македонија покажа дека 1-2 отсто момчиња и 4-5 отсто девојчиња на 15-годишна возраст се изјаснуваат дека ги привлекуваат момчиња/девојчиња од истиот или и двата пола.Споредено со нивните хетеросексуални врсници, хомо и би-сексуалните млади се почесто исложени на насилства и повисок ризик по нивното емоционално и социјално здравје. Наодите покажуваат дека хомо и би-сексуалните млади на 15 години, се дваипол пати почести жртви на малтретирање во училиштата, со двојно поголема изложеност на физичко насилство во семејството, во споредба со хетеросексуалните млади. Тие се и четири пати почести жртви на полов напад, повеќе од еднаш, од своите хетеросексуални врсници.Во поглед на менталното и емоционалното здравје 15-годишните ЛГБТ млади во Македонија, двојно и повеќе, од своите хетеросексуални врсници чувствуваат: главоболки, болки во грбот, нерасположенија, раздразливост и несоници, почесто од еднаш неделно. Тие во голем број (74 отсто) страдаат од два и повеќе психосоматски симтоми, почесто од еднаш неделно, и речиси секој втор од нив живее со чувството на тага и безнадежност, која кај една третина од нив завршува со сериозни размислувања за самоубиство. За разлика од нивните хетеросексуални врсници, ЛГБТ младите во Македонија поретко се дружат и имаат помала поддршка од родителите и врсниците.И за трансродовите млади има се` повеќе сознанија дека се под уште поголем ризик од насилства и малтретирање, не само во училиштата, туку и во семејството.Стигмата и срамот не се лесни за надминувањеВо едно средно училиште во Скопје, едно трансродово 15-годишно момче кое се охрабрува да му се довери на директорот и да побара да биде заведено во училишните книги под машко име, за децата од класот да почнат да го ословуваат така, се судира со непомирливиот став на родителите. Нивното толкување дека детето премногу време минува на интернет, дека попаднало во група што го насочува во погрешна насока, меѓу другото и да експериментира со родовата улога, што е модерно на таа возраст, превагнува, за на крајот се` да заврши со тоа „инцидентот“ да се заборави.Секогаш сум се прашувала како да се интервенира во родителството, гледајќи како неговите одлуки за „доброто“ на детето директно ги попречуваат детските развојни потреби и права? И покрај сите предупредувања за повредите што им се нанесуваат на овие деца, доколку не се поддржат на време, како на пример, за крајната изолација, за ризиците да не го завршат образованието, за скратените младешки пријателства и социјални искуства, кои никогаш веќе нема да можат да се надоместат, овие родители долго остануваат на своето, се` додека не биде предоцна. Но, стигмата и срамот пред другите, стравот од губитокот и разделбата со нивното „вистинско“ дете, себеобвинувањата „каде сме згрешиле“ присутни кај родителите на ЛГБТИ децата, не се лесни за надминување.Но, дали можеме да ја бараме одговорноста само и воопшто кај родителите за состојбите со нивните ЛГБТ деца во заедница каква што е нашата? Нивните погледи без исклучок и отсекогаш биле свртени кон стручната јавност и системите на поддршка и заштита, од кои тие се` уште не добиле ништо.Дали се работи за болни или за здрави деца?И во тоа лежи и најголемата препрека на промената во нивните ставови. Статусното прашање на ЛГБТ младите во Македонија фактички не е решено. Дали се тие болни или здрави, дали се нормални или ненормални? Имаат ли еднакви права со сите други деца? Ова се одамна одговорени прашања во научните кругови и секојдневната практика на многу земји во светот и од таа перспектива дури звучи невкусно и да се поставуваат.Но кај нас не е така. Нашата стручна јавност е се` уште без официјален став. И уште полошо не е ни свесна за репрeкусиите на нејзините произволни, лични, непрофесионални ставови. Дури и кај оние кои не ги делат истите конзервативни гледишта, не се чувствува потребата за расчистување со шаренилото од толкувања и за преземање на одговорноста што сите ја делиме заедно, како струка, за ваквата состојба.Пред извесно време една наша млада револуционерна колешка, психолог, излезе јавно со ставот за т.н. „криминално“ изложување на трансородовите деца на хормон-блокатори, споредувајќи го тоа со третман на аноректични млади: „Замислете, искоментира, кога третманот на аноректично дете би се потпирал на почитување на неговата волја да не зема храна, каде тоа би не одвело, до изгладнување до смрт, наместо да биде спасено“. Сосема произволен и штетен, коментарот доаѓа од претставник на струката, која треба да биде авторитет, и таа „де факто“ и доби голем број „загрижени“ следбеници.Ваквиот став не е штетен само поради дадените дезинформации, туку и поради „стручно“ искажаната недоверба кон детското автентично родово доживување, а со тоа и кон правото на учество во одлуките кои длабоко го засегаат. Наместо неговото мислење и чувства да се земат како највалидна алатка на проценка, со што и неговото самоопределување би добило простор за размена и артикулација и за рамноправно учество во изборот, кој потоа може и да се следи, проверува и анализира, како и секој друг став и состојба, детето во старт се елиминира како информатор за својата состојба. Многу е важно да се нагласи дека детето има легитимно право да биде слушнато и информирано за сите аспекти на својата состојба, за да може рамноправно и активно да учествува, без присила или застрашување, по сите прашања на својот живот. Став што е сосема непознат за нашата традиционална, загрижена, моралистичка средина...Споредувајќи ја со аноректична состојба, понатаму, нашата експертка, трансродовата состојба ја поистоветува со болест која треба да се лечи. Конзервативно - популистички став на традиционалната средина, која треба да се едуцира и модернизира, наместо да ѝ се додворува и повладува, при што целата струка се (зло)употребува.Да создаваме инклузивни родовочувствителни срединиНаучната и стручната мисла во Македонија мора да исчекори од овие збркани стојалишта, за потоа да стане влијателна и во менување на дискриминирачките ставови и уверувања, со кои со децении ги воспитуваме децата. Медицинарите, психолозите, педагозите и сите останати стручњаци, мора да бидат во тек со современите научни достигнувања и својот став да го искажат јавно, преку своите тела, асоцијации и комори, затоа што е тоа нивна задача и одговорност.Се` до тогаш, додека тоа не го средиме, немаме морално право да ги повикуваме на одговорност родителите, кои во потрага по вистината, откако ќе променат дузина доктори и стручњаци, своите деца ќе продолжат да ги носат на бајачки, оџи и исцелители, сo единствена цел да ги „излечат“.*Блогот е објавен во рамки на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica и е преземен од www.respublica.edu.mk.

Коментари | пред 7 години

Нема фотографија

Експресно се одобруваат уставните амандмани, изгласани уште два

Осум пратеници гласаа „за“, двајца беа воздржани, против немаше, и без опозиција. Во фокус на дебатата беше државјанството односно членот 2 и ставот 2 каде што се предвидува државјанството да биде „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“. Со оваа формулација не се согласуваат пратениците од Алијансата на Албанците Зијадин Села и Фадил Зендели од Беса.Пратениците албанци бараат во тој дел да се потенцира и етничката припадност.Попладневно се очекува да бидат изгласани и другите два амандмани.

Скопје | пред 7 години

bebe-pitacka

(ФОТО) Скопјанка преку ФБ апелира: „Не им давајте пари на жените со бебе во раце, поготово ако детето спие, со што и ги успиваат?

„Женава на слика постојано е на раскрсницата на Бит-пазар со дете во раце кое секогаш е успиено. На прашањето зошто секогаш детето спие и што му дава за да го успие, дури питачи 5 часа, станува агресивна и сака да нападне. Апел да не им давате пари на жените со бебиња, посебно кога бебето е очигледно успиено со којзнае какви средства. И прашање што да се превземе? За референца причитајте ја статијата Зошто децата на питачите спијат? Пред неа ни јас не бев свесна за ваквите случаеви“, пишува скопјанката Мерсиха на својот фејсбук профил, а преку овој проблем таа отвора една многу поголема тема.Мерсиха како пример посебно ја посочува и жената која редовно питачи кај Бит-пазар, Таа додава дека за случајот пријавила во полиција, но оттаму и одговориле дека оваа работа не е во нивна надлежност.

Скопје | пред 7 години

ljupchonikolovski

(ВИДЕО) За три недели истекува јавниот повик за доставување понуди за интерес за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

За три недели завршува јавниот повик за доставување на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Односно, најдоцна до 11-ти јануари следната година, сите заинтересирани за овој јавен повик, треба да достават комплетна документација со пријава за апликација односно за интерес до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.За разлика од огласите за кои што МЗШВ ги објавува расположливите парцели, со овој јавен повик МЗШВ им овозможува на земјоделците доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик. Единствено, земјоделците треба да внимаваат земјиштето да не е предмет на денационализација и да не е веќе дадено под закуп.Овој јавен повик е наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Целта на овој повик е да се стави во функција целото расположливо земјоделско земјиште, особено оние парцели од 4, 5, 6, 7 и 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство.„На овој начин создаваме поволни услови, сите земјоделци кои веќе се занимаваат со земјоделство, оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да склучат договор со МЗШВ и да дојдат до земјиште. Целта на повикот е да се стави во функција секоја педа земја, која може да овозможи земјоделско производство. Со воведување на оваа олеснителна процедура, им овозможуваме на сите заинтересирани со нивен пројавен интерес да добијат државно земјоделско земјиште и на тој начин директно да се зголемат површините со обработливо земјоделско земјиште, а со тоа и производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.Земјиштето за кое ќе биде склучен договор ќе треба да се искористи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.Инаку овој процес се одвива паралелно со континуирани јавни огласи за издавање на државно земјоделско земјиште и претставува една силна заложба на Владата и на МЗШВ, максимално да се зголеми обработената земјоделска површина во државата. Паралелено со јавниот повик тече и огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, кој што меѓу другото е наменет за инвестиции во преработувачки капацитети.Министерот Николовски посочи вака комбинирани, јавниот повик и инвестицискиот оглас кој е особено важен за решавање на откупот на земјоделски производи, ќе дадат силен инпут во земјоделството и дека ова е само дел од стратегијата на МЗШВ за ставање во функција на секоја педа земјиште, затоа што зголемувањето на обработливите земјоделски површини и инвестициите во системите за наводнување кои што се реализираат, се клучни за зголемено и конкурентно земјоделско производство.

Скопје | пред 7 години

detska-klinika

Единствениот детски ургентен центар затворен поради недостатокот на кадар

Недостаток на педијатри и медицински сестри причина да се затвори единствениот детски ургентен центар во државата. Само последнава година од овој центар си заминале тројца специјалисти.Поради недостакот на лекари, болните деца со леукемија и дијабет ќе се мешаат со заболени од грип. Амбуланата каде се ретираат ургентни пациенти е во ист ходник со специјалистичките ординации.Одговор за тоа кога ќе проработи детскиот ургентен центар нема ни министерот за здравство. Според Венко Филипче овој проблем е последица од политиките што ги наследиле од минатото.-Нема компромитирање на тријажата за пациентите. Но знаете, овој недостиг на кадар е заради политиките кои биле спроведувани сите години резултира со тоа сега да имаме сериозен дефицит. Веќе почнавме да го надополнуваме бројот на вработени. Имаме проблем со бројот на специјализации заради недостиг на ментори, вели министерот за здравство, Венко Филипче.Ургентниот Центар на Клиниката за детски болести беше отворен во 2013 година со подршка на турската организација ТИКА.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за неовластено производство и пуштање во промет на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.Обвинетиот во својот дом неовластено заради продажба држел поголема количина наркотична дрога и тоа: 19 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од околу 35 грама, четири пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 1,17 грама, како и синтетички опијат – метадон во шест шприца со вкупен волумен од 6,5 милилитри, како и 307 пластични шишенца метадон исполнети со поединечно количество 1мл – 70мл синтетички опијат.Ценејќи дека се уште постојат законските основи поради кои на лицето му беше определена мерка притвор, надлежен јавен обвинител заедно со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетиот.

Македонија | пред 7 години

uvo-nos-i-grlo-2

Современа опрема за хируршки интервенции и нови апарати за анестезија на клиниката за уво, нос и грло

По 15 години, Универзитетската клиника за уво, нос и грло, во Скопје, набави современа опрема за хируршки интервенции, како и нови апарати за анестезија.Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека со набавката на оваа нова софистицирана опрема, и обуките кои клиниката ги изведува секојдневно, Република Македонија ќе се вброи во редот на врвните регионални центри од областа на оториноларингологијата.Станува збор за најнова генерација столб за ендоскопска хирургија на нос и параназални синуси, што претставува светски стандард за минимално инвазивна хирургија. Набавен е и ултразвучен нож, со што на пациентите ќе им биде достапна и ултразвучна операција на крајници, а секако е вредно да се спомене и воведувањето нова оперативна техника, ултразвучна увулопалатопластика, за решавање на проблемот со рчење, познат како опструктивна слип апнеа.Исто така е набавен и флексибилен фибероптички ендоскоп, кој овозможува дијагностички оториноларинголошки преглед на носот и грлото, како и фибероптичка интубација кај пациенти кај кои е невозможен друг начин на интубација, процедура која се врши само на Клиниката за уво, нос и грло.- Оваа опрема е наменета за прецизна дијагностика и софистицирана хирургија, која ја олеснува работата на лекарите-оториноларинголози и го подобрува здравјето на пациентите, потенцираше министерот Филипче.Вториот дел од новата опрема се состои од два нови, најсовремени анестезиолошки апарата, надополнети со хемодинамски монитори, модул за следење на длабочината на анестезијата, како и три видеоларингоскопи со монитор за ендотрахеална интубација.Со видеоларингоскопите почнува новата ера на ендотрахеална интубација, за која се планира да се спроведе и адекватна обука за сите специјалисти и специјализанти по анестезиологија, оториноларингологија и сродните гранки.- Со помош на видео записите на процедурите, кои ќе ги изведуваме со новонабавените апарати, може да се следи целата постапка на прегледот и интервенцијата, со истовремена едукација на специјализантите и специјалистите, што претставува една од главните дејности на Универзитетската клиника по оториноларингологија , изјави директорот на Клиниката за уво, нос и грло, д-р Јане Нетковски.Новата опрема е набавена од буџетот на Клиниката и чини околу 130 илјади евра.

Скопје | пред 7 години

fondacija-jncev

Фондацијата „Никола Јанчев“ донираше 120- прочистувачи за воздух

Донацијатата ја примија директорите на 6 основни училишта од Кавадарци каде се школуваат 3.500 ученици. Вредноста на пречистувачите е 2.214.000 денари. Фондацијата ќе продолжи со други донации наредната година.Фондацијата „Никола Јанчев „ е формирана во чест на прерано починатиот сопственик на најпознатиот бренд во Македонија за производство на минерална вода Никола Јанчев и основната цел на нејзинoто постоење е да вложува средства и опрема за младите луѓе со цел да се унапреди или подобри животот , работата и нивното образование.Во тоа засега успеваат и сета почит за Митко Јанчев и Јанинка Чупаркоска -син и ќерка на Никола, кои продолжуваат да ја развиваат „Кожувчанка„ -Кавадарци заедно со Синалко, во најдобрите македонски производи .Денешната средба покажа дека Фондацијата „Никола Јанчев“станува општествено одговорна кога се во прашање децата и младите, и е во склад со актуелностите поврзани со аеро загадувањето.Ним и на вработените во основните учиулишта им подари 120 прочистувачи за воздух во вредност од окилу 36.000 евра ,( за секоја училница посебно) со цел да се прочистува воздухот во просториите во кој учениците престојуваат неколку часа.Овие прочистувачи на воздух ќе се поставуваат во следниве училишта:ООУ Димката А.Габерот Кавадарци – 15 прочистувачиООУ Димката А.Габерот Ваташа – 19 прочистувачиООУ Тоде Х.Тефоф- 19 прочистувачиООУ Гоце Делчев – 18 прочистувачиООУ Страшо Пинџур – 22 прочистувачиООУ Тошо Велков Пепето – 23 прочистувачиЈанинка и Митко денеска им се обратија на присутните директори на Основните училишта од Кавадарци-праќајки пораки дека за децата треба сите да водиме грижа и да настојуваме нивното образование да биде оптимално, без проблеми, поради што и тие како дел од ова фондација водат многу сметка. Фондацијата и во иднина ќе вложува таму каде ќе оцени дека треба да се донираат средства или опрема за подобрување на квалитетот на обрзованието и активностите поврзани со тоа.

Македонија | пред 7 години

trajkovski-gruevski

Дали другарот на Груевски, Александар Трајковски водел дупла архива во Царина?

Дали во Царината се водела дупла архива? Дали документи што доаѓале на адреса на Царинската управа завршувале во ВМРО-ДПМНЕ? Дали архиварот го почитувал кодексот на работење? Овие прашања се поставуваат во и надвор од Царинската управа, откако институцијата соопшти дека ќе испита имало ли злоупотреба во отсуството од работа на Александар Трајковски, кој додека користел боледување беше фотографиран во Будимпешта со поранешниот премиер Никола Груевски. Трајковски во Царинската управа работи како архивар.„Архиварот ги отвора сите документи без ознака за тајност. Но од каде да знаеме дека не копирал и доверливи документи за партиски потреби. Во архива стигнува документација за јавни набавки, за стоки за двојна употреба, документи со цени, такви каде што има податоци за контроли и за истраги... сè до фактури за службени трошоци“, неофицијално укажуваат извори од Царинската управа.Официјално, Царинската управа соопшти дека инспектори од Секторот за професионална одговорност од Трајковски побарале изјава за отсуството и тој доставил извештај за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување.Повеќе тука.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Finance Think проектира стапка на раст на БДП за 2019 на 3.3%

Finance Think го публикуваше Макроекономскиот монитор за третиот квартал. Според нивните истражувања во третиот квартал од 2018, БДП порасна за 3% на годишна основа. Иако овој раст е сеуште под потенцијалот на економијата, тој укажува на блага стабилизација на економската активност по продолжениот период на политичка неизвеност. И понатаму, двигател на економијата остануваат извозната активност и финалната потрошувачка. Особено, растот на потрошувачката на домаќинствата останува детерминиран од растот на платите – во дел одреден и од зголемувањето на минималната плата, потоа од растот на кредитите на населението и на дознаките. Сепак, падот на бруто инвестициите и понатаму ја одразува значителната воздржаност на инвеститорите, како и застојот сврзан со реализацијата на државните капитални инвестиции. На производната страна, растот е на поширокопојасна основа споредено со претходно.Стапката на невработеност забележа понатамошно намалување до 20.8%. Темпото на намалување на невработеноста е слично како во претходниот период. Падот на невработеноста главно се должи на исцрпување на ефектите од претходните политики: вработувањата во странските фабрики (пораст на вработеноста во преработувачката индустрија) и активните мерки за вработување.Согласно ваквите движења и очекуваните движења и политики во 2019, Finance Think проектира стапка на раст на БДП за 2019 на 3.3%. Основните претпоставки на оваа проекција вклучуваат стабилизација и намалување на политичките неизвесности, продолжување на приливот на странски инвестиции, забрзување на реализацијата на капиталните инвестиции на државата, како и отсуство на позначајни нарушувања во надворешната побарувачка.

Македонија | пред 7 години

dui

Лајм: Итен состанок на раководството на ДУИ во Мала Речица во два часот по полноќ!

Синоќа во два часот по полноќ се одржа итен состанок во седиштето во Мала Речица, информираат извори на порталот на албански јазик Лајм.Според нив, причината за овој итен состанок е скандалот откриен со изградбата на албанскиот театар, каде што, наводно, биле украдени неколку милиони евра.На средбата не беа поканети сите членови на претседателството, туку само најдоверливите лица на претседателот и неговата десна рака, кој е главниот осомничен во случајот на неколку милионската злоупотреба во албанскиот театар.Десната рака на претседателот се заканил дека ако заврши во затвор, ќе ги каже имињата на другите инволвирани функционери, не исклучувајќи го ниту името на претседателот.Во оваа финансиска злоупотреба е вклучена и потпретседателката. За време на состанокот, во Речица, можеше да се забележи зголемено присуство на полициски сили, велат изворите на Лајм.

Македонија | пред 7 години

mile

(ВИДЕО) Бошњаковски: Владата не се меша во судството, целта на амнестијата е помирување

Владата не се меша во судството, туку поддржува акти со кои ќе се дефинира помирувањето. Нема да има амнестија за организаторите и за сите кои учествувале или извршиле насилство на 27 април, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција во Владата.-Во Република Македонија се случуваат историски процеси кои имаат една и единствена цел – интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Ова се процеси што ја движат Македонија напред. Пратениците од власта и дел од опозицијата ја прифатија иницијативата дадена од претседателот на владата, Зоран Заев, и во Собранието се формираше Интерпарламентарно тело за интеграција, реформи и помирување. Како што кажавме и повеќе пати, Владата поддржува акти со кои ќе се дефинираат помирувањата. Акти со кои јасно ќе се разграничи насилството, физичкото насилство и осмислувањето на насилството за 27 април наспроти присуството во Собранието како дел од толпа, односно тие што го осмислиле црното сценарио, тие што извршиле насилства и тие што треба да се исправат допрва пред лицето на правдата. Овие политички одлуки носат политичка одговорност, но важно е дека мешање во судството нема, ниту ќе има по која било основа. Целта на овој Закон е да се донесе помирување помеѓу највисокиот орган во државата, односно во Собранието на РМ, рече портпаролот Бошњаковски на новинарско прашање во врска со коментарите за мешање на Владата во правосудството.Во однос на изборот на нов градоначалник во Охрид посочи дека откако формлано правно ќе се констатира состојбата од страна на Министерството за локална самоуправа до Владата, од страна на Владата треба да се информира Собранието кое во координација со ДИК треба да го отпочнат процесот за нови избори. Рокот за тоа е шест месеци.

Скопје | пред 7 години

zaev-zbogar

Средба Заев - Жбогар

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.На средбата е изразена поддршка за успешно заокружување на гласањето за уставните амандмани и реализација на Договорот од Преспа, како и за успешна реализација на реформскиот процес.Констатирана е како важна конструктивноста од сите страни и политички субјекти за потребните реформи и за преспанскиот договор.2019 година е посочена како клучна година за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања