„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Студентите нема да го преболат, омилениот професор Стојаноски

Почитуван и драг наш профeсор Јован Стојаноски,Уште од првиот момент кога сите ние, студентите, првпат присуствувавме на вашите предавања, веднаш заклучувавме дека Вие сте посебен. Веднаш сите коментиравме дека професор Јован е различен од другите професори... Различен и единствен бевте со вашиот специфичен стил на предавања, вашиот грижлив и татковски однос кон нас, студентите.И секогаш се прашувавме: колку далеку и колку високо ќе патувате во вашата професионална надградба...?Единствен бевте и по својот карактер, остроумност и вистина која ја носевте во себе и со која допиравте до нас.Ние сме сведоци на тоа дека кога Вие ќе влезевте на предавања, просторот добиваше некаква друга димензија, обземен од вашата професорка енергичност и желба да нѐ мотивирате да размислуваме со своите глави.И секогаш го очекувавме тоа од Вас, а со нетрпение ја очекувавме и следната недела и следното Ваше предавање.Она што Вие како аманет ни го оставивте нам, студентите, е немерливо, несогледливо, премногу е...Вие со вашиот личен пример ни покажавте и докажавте како се бори за вистината и за себе, како секогаш се оди до крај во борбата, но чесно и со Бог.Ни покажавте како се презира сѐ што е лажно, сѐ што е погрешно, ни покажавте како работите да ги нарекуваме со нивните вистински имиња без оглед на тоа колку тешко би звучеле.Ни покажавте како да бидеме горди на своите корени и потекло, бидејќи како што кажувавте Вие Профа, она што нè разликува го носиме во срцето и во мислата.Ни покажавте како може да се биде директен и искрен, а истовремено да се биде достоинствен и авторитативен.Ни покажавте колкава големина носите во себе кога секој студент, секој колега, секој вработен, секој случаен познајник или непознајник што ќе го сретневте низ ходникот на ФТУ ќе го поздравевте прво Вие.Ни покажавте како се сака „Партизан“ и како се навива за тимот што се сака.Но, пред сѐ, ни покажавте и докажавте како да бидеме свои.Тагата е голема колку што и Вие бевте голем како човек.Чест ни е што бевме ваши студенти и што ја имавме привилегијата да ги слушаме Вашите предавања и да Ве запознаеме како наједноставен човек, а во исто време НАЈГОЛЕМ!Ви благодариме за сè што ни дадовте, а ни дадовте многу.Имаме уште многу да Ви кажеме, драг професоре, но предупредени сме од вашата мера за добар вкус кој беше ваша вродена одлика и Ви порачуваме дека вечно ќе живеете во секое едно студентско срце.НИ БЕВТЕ И ЌЕ НИ БИДЕТЕ НЕДОСТИЖЕН ИДОЛ!ВЕ САКААТ ВАШИТЕ СТУДЕНТИ,ВЕЧНА ВИ СЛАВАADIO ПРОФА!Студентите од Факултет за туризам и угостителство - Охрид

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ денеска во 19 часот

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 19 часот го организира новиот протестен марш.-Црнилата кои надвиснале над државата мора да бидат победени. Република Македонија не заслужува да живее во очај и црнило. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа однародена власт на протестен марш во четврток, 20.12.2018 година со почеток од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје | пред 7 години

sudski-sovet-plati

Судскиот совет си ги зголеми платите, ни помалку ни повеќе туку за по 21.000 ден

Жарко Караџоски, Претседателот на Судскиот совет како претседателот на Судскиот буџетски совет, заедно со членовите донел одлука за зголемување на платите на ова тело за 21.000 денари, објави 1ТВ претпладнево, приложивајќи и документ со вчерашен датум.Станува збор за зголемување на платите за 35 отсто, а дејството ќе биде ретроактивно и ќе има исплата на овој надоместок и за платите од септември и октомври.

Скопје | пред 7 години

vladika-petar

Владиката Петар: Развод - само после неверство!

Преспанско – пелагонискиот владика Петар во телефонски разговор во Централниот дневник на 1ТВ одговори на неколку прашања во врска со денешното излагање кое предизвика бурни реакции во јавноста.Во врска со вашата сугестија до младите, мислите дека тоа го прават од каприц или сепак за тоа има посериозни социо-економски проблеми?Владиката Петар: Проблемите се многустрани, но конкретно проблемот е во тоа што денешнте млади понесени од западниот начин на живеење не живеат според потребите, туку желбите. А во тој случај нема ограничување на желбите и во таа смисла никогаш нема да бидат задоволни.Дали сте разговарале со младите или дали МПЦ се обидела да изврши влијание врз младите во однос на обезбедување домови и работа?Владиката Петар: Јасно е дека нашите млади што одат на запад се современи заробеници, тие таму работат и тие се таму граѓани од втора категорија, се додека не станат полноправни граѓани на таа земја.Што е со оние на кои таков им е изборот и не сакаат да стапат во брак?Владиката Петар: Јас сум должен како владика да ги кажувам ставовите на Црквата и во таа смисла знаеме дека здраво семејство е ако тоа се формира на време. Денешните т.н. пробни бракови до каде доведуваат и на крајот нема ништо од тоа. Истото се случува и при разводите. Јас не сакам да им судам кој е виновник, а кој не. Развод на брак следува само во исклучителен случај односно неверство.Дали сметате дека жените имаат премногу права?Владиката Петар: Не велам дека имаат премногу права, туку дека често пати, повеќето сакајќи да покажат дека се рамноправни ја запоставуваат својата улога како жена и мајка. Во смисла кога ќе треба улогата на жената да ја врши мажот. Мајчинството е една, татковството друга работа.Дали имате иницијатива да им помогнете на млади брачни парови кои се сиромашни?Владиката Петар: Секако дека тука црквата е вклучена и тоа го прави. Не е наша должност да го фаворизираме некој. Помагаме и ќе го правиме тоа понатаму, но не сакаме тоа јавно да биде, бидејќи би било фалење, а со тоа нема да биде примено како добро дело пред Бога.Дали црквата ќе ги пријави парите кои ги заработува, да дава фискални, да плаќа даноци?Владиката Петар: Треба да разбереме дека црквата треба да се раководи согласно зацртаните принципи како непрофитна организација во врска со тоа се знае од кои нешта е ослободена.извор:либертас.мк

Македонија | пред 7 години

milioner

Наумче Здравески од Охрид е најновиот милионер – добитник на Џек Пот на Државната видео лотарија

Наумче Здравески од Охрид е најновиот во листата милионери на Државна видео лотарија на Република Македонија, откако освои добивка е вредна 1.640.646 денари.Милионер Џек Пот добивката е освоена на 18.12.2018 година во „Спорт Лаиф Трејд“ во Охрид, а Наумче е добитник на наградата за месец декември.– Видно возбуден, во друштво на неговиот брат, тој го подигна добитниот Милионер Џек Пот, вреден 1.640.646 денари. Скромен, но и расположен заради убавата добивка, со нас ја сподели својата среќна приказна. Пред Нова Година со неа, се менуваат и желбите и очекувањата од 2019. Ни откри дека претходно немал никакви очекувања, дури не верувал дека токму него и токму во местото каде ја освои добивката, тоа и ќе се случи. Добивката вистински го изненадила, посебно затоа што неколку минути пред да го слушне добитниот среќен звук, заедно со останатите играчи коментирале дека не постојат шанси, добивката да се случи токму на ова место. Најверојатно дел од парите ќе ги потроши за да си овозможи убаво новогодишно патување, информираат од Државна Видеолотарија.извор: faktor.mk

Македонија | пред 7 години

pulmologija

На Пулмологија се одбележа ,,св.Никола“ , молитва од свештеник , свеќи и погача

Со христијански верски ритуал, свеќи во раце, поп, молитва, погача и славско јадење распослано на клупите од амфиетатарор, колегиумот на Клиниката за пулмологија, на чело со директорот д-р Дејан Доиќ, го прослави верскиот празник ,,св. Никола“.Овој верски празник е прогласен за слава на Клиниката за пулмологија и токму поради тоа вработенитете го одбележаа со верски ритуали.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Судијата Владимир Панчевски преку ТВИТЕР најавува нов скандал :Обвинителите не биле само прислушувани, тие биле и следени

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, најави нов скандал поврзан со обвинителите од ОЈО.„Нов скандал ќе го стресе обвинителството! Обвинителите не само што биле слушани туку било следено и снимано нивното движење со видео надзор, никој нели не го провери ова??? Го прашал ли некој Јовевски за ова???“, напиша Панчевски на Твитер.

пред 7 години

snimka-katica-janeva

Објавена снимка од телефонот на Катица Јанева

Порталот Експрес.мк пишува дека на социјалните мрежи кружи видеоснимка направена со телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, најверојатно снимено во просториите на СЈО или за време на некоја посета на обвинителката на некоја институција каде што морала да го остави телефонот пред состанок.На видеоснимката во која имал увид порталот, но од безбедносни причини не е објавена, се гледа како Јанева во придружба на женско лице доаѓа најверојатно до безбедносниот магацин каде што во СЈО или друга институција поради заштита од прислушување се чуваат телефоните на вработените по што таа го зема телефонот и оди низ канцеларијата. Специјалната обвинителка не е свесна дека земањето на апаратот и одењето е снимено со нејзиниот телефон но во случајот она што е неверојатно е како се случило нејзините приватни или службени видеоснимки да излезат во јавност, пишува Експрес.мк.За да се почитува правото на Јанева на заштита на приватноста expres.mk нема да го објави видеото, но скандалозното истекување на видео снимка од телефонот на еден од најзаштитените македонски јавни функционери покажува дека безбедносните протоколи на СЈО чија линија и телефонски апарат користи Јанева се пробиени.Тој што дошол до видео од телефонот на шефот на СЈО веројатно веќе се обидел да дојде и до прислушуваните разговори и други важни документи и податоци од СЈО, констатира порталот.

Скопје | пред 7 години

48362998_274397916592710_712603029378957312_n

(ФОТО) Автомобил излета од патот

Автомобил Пасат фолсфаген излета од патот на ул. Ристо Чадо во Охрид. Во несреќата повреден е возачот на автомобилот.СВР веќе е на терен и ги утврдува причините за несреќата. Портпаролот на СВР Стефан Димовски детали за несреќата најави за подоцна по завршувањето на истрагата.

Македонија | пред 7 години

oh-leto-1

ФОТО: „Охридско лето“ со незаборавен концерт на маестро Арчиули

Еден од најоригиналните изведувачи на денешната класична музичка сцена, италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, синоќа во Македонската опера и балет во Скопје приреди незаборавен концерт во рамки на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“.На концертот што се одржа со поддршка на Италијанската амбасада во Република Македонија на чело со неговата екселенција, Амбасадорот Карло Ромео, меѓу другите, присуствуваа и министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми, како и претставници на Дипломатскиот кор во државава.За публиката што синоќа уживаше во неповторливите звуци на пијаното на Арчиули, по завршувањето на концертот беше приреден и свечен коктел во организација на Италијанската амбасада.Пијанистот Емануеле Арчиули редовно настапува во големите концертни сали и фестивали, како што се Берлинскиот фестивал, Виен Модерн, Ла Скала Милано, Биеналето на Венеција, Фестивалот за пијано во Мајами, Милерб театарот во Њујорк, Маџо музикале Фиорентино, Фестивалот на камерна музика Санта Фе, како и на меѓународните фестивали за пијано во Бреша и Бергамо. Предава современа музика на Академија ди Пинероло, професор е на конзерваториумот во Бари, а исто така е чест гостин професор на многу американски универзитети.Репертоарот на овој ислучително талентиран и виртуозен пијанист е огромен и опфаќа дела од Бах до современа музика, со силен афинитет кон композиторите од Соединетите американски држави.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Изгласани 4-те предлог амандмани на Уставот согласно договорот од Преспа

Изгласани 4-те предлог амандмани на Уставот согласно договорот од Преспа, на Комисијата за уставни прашања. Комисиската расправа продолжува со дебата по Уставниот закон кој се донесува на важењето на амаднманите, внтрешната употреба на името Северна Македонија и државјанството. Опозициските пратеници од ВМРО ДПМНЕ не учествуваа на расправата.Пратеникот пак од опозиската ГРОМ , Панчо Минов, е задоволен од измените во амандманот за заштита на македонскиот идентитет и гранцијата на границите, но и понатаму има забелешки од кога да се применува новото име и во делот на Преамбулата.Расправата за уставните измени се одвиваше екпресно.Пратениците на опозициската БЕСА и Алијансата на Албанците гласаа воздражно за три од четирите предлог-амандмани, а конечниот свој став ќе го изградат на пленарната седница за амандманите.Амандманите треба конечно да бидат на собраниска седница на 9 ти јануари. За да се усвојат потребно дво третинско мнозинство.

Скопје | пред 7 години

cipras-2-960x720

Цаноски: Ципрас со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидидед Бушамауи, придружувана од ректорот Нано Ружин и Сефер Цаноски, сопственикот на Универзитетот ФОН во Скопје денеска се сретна во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.Цаноски и на Фејсбук објави дека иницијаторите на номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019, имале средба со Ципрас.„Денеска во Атина, имавме можност да се сретнеме со премиерот на Република Грција, почитуваниот г-дин Алексис Ципрас.Го информиравме за нашата иницијатива каде тој со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на Видед Бушамауи , добитник на нобелова награда за мир во 2015 година.Историскиот преспански договор, но и самите тие како лидери на новото време кои имаа храброст и визија да излезат од стереотипните политики кои со децении се водеа наназад ,со една единствена цел да градиме нормални, добрососедски и пријателски односи.Начинот на кој решија во принцип тежок идентитетски спор , со дипломатски средства , е посебен успех кој како пример и модел ќе се користи убеден сум во регионот и пошироко . Вакви идентитетски конфликти се најтешки за решавање и често остануваат “замрзнати конфликти” - сакам да нагласам, тоа е посебен успех .Затоа, и двајцата, г. Ципрас и г-дин Заев заслужуваат да бидат и да бидат новите Лауреати и добитници на Нобелова награда за мир за 2019 година.“, напиша Цаноски на Фејсбук.https://www.facebook.com/sefer.canoski/posts/10215988705103259Зоран Заев и Алексис Ципрас, се номинирани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Македонија | пред 7 години

DSC_2423

Заев со највисок рејтинг за претседателски кандидат

Претстојните претседателски избори ќе бидат длабоко вкопани во партиските ровови, со мали изгледи за консензуален кандидат, при што 12,4% од граѓаните за иден претседател би му дале доверба на актуелниот премиер Зоран Заев, а веднаш по него на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Никола Димитров со по 8,2% поддршка. Ова го покажа новата анкета на Телма и МЦМС спроведена од 7 до 14 декември на репрезентативен примерок од 1014 испитаници.Веднаш зад нив на листата се Стево Пендаровски со 6,8 проценти, и Бујар Османи со 6,5, и поранешниот кандидат за претседател Имер Селмани со 5,8%. Сепак не се за занемарување речиси 19% од граѓаните кои идниот претседател не го гледаат во ниту еден понудените кандидати, како и 15% кои се уште не одлучиле.Анкетата покажа дека консензуален кандидат е можен меѓу СДСМ и ДУИ, каде повторно на врвот на листата е Заев за кого би гласале 10,2% од Македонците и 11,2% од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски. Кандидатите кои се независни или се сметаат за потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не можат да сметаат на гласовите на етничките Албанци. 

Македонија | пред 7 години

gjorge-ivanov-1

Законот за амнестија испратен кај претседателот се чека неговиот потпис

Законот за амнестија е испратен од Собранието во Кабинетот на претседателот и го чека потписот од Ѓорге Иванов.Откако Иванов ќе го потпише Законот се обкавува во Службен весник по што и официјално стапува во сила и оттогаш почнува да тече рокот од пет дена во кој обвинетите и осудените за „27 април” треба да поднесат барање за амнестија ако одлучат така или да се определат во судскиот процес да ја докажуваат својата невиност.По тоа, Судот или Обвинителството имаат рок од пет дена да одлучат по барањата. Законот дозволува и жалба во второстепена постапка.Од Владата порачуваат дека целта на законот е помирувањето.„Поддржуваме акти со кои ќе се дефинира помирувањето, акти со кои јасно ќе се разграничи насилството и осмислувањето на насилството од 27ми.“ - изјави Миле Бошњаковски.Од кабинетот на Иванов нема информација околу потпишувањето на Законот, но проценките се дека овојпат тој нема чека до недоглед како што беше во случајот со Законот за јазиците и Договорот од Преспа кои уште чекаат на неговиот потпис.

Скопје | пред 7 години

morbili

МТСП веднаш превзема мерки - по појавата на морбили, градинката во Бутел нема да работи 15 дена

Министерството за труд и социјална политика информира дека во следните 15 дена објектот „Ташко Караџа“ во состав на ЈОУДГ „11 Октомври“ во Општина Бутел нема да згрижува деца, поради поголемен број заболени деца од морбили.-Забраната стапува на на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Денеска во 17 часот се прави вонредна дезинфекција на објектот „Ташко Караџа“, а МТСП ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест, информираат од МТСП.Министерствто за труд и социјална политика ќе даде препорака за вонредна дезинфекција во сите установи коишто згрижуваат деца од предучилишна возраст.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања