„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

Закана за бомба во седиштето на Фејсбук – за среќа лажна

Објект на Фејсбук во градот Менло Парк, во државата Калифорнија синоќа е евакуиран поради закана за бомба.Во зградата, каде имало вработени во Фејсбук и Инстаграм, веднаш биле испратени спацијални единици, но не се пронајдени никакви експлозивни направи. Според локалните медиуми, заканата за бомба била упатена преку полициска станица во Њујорк, па потоа биле известени и влaстите на Менло Парк.Загриженоста за безбедноста во технолошките кампуси во Сан Франциско се зголеми минатата година, особено по пукањето во кампусот на ЈуТјуб во Сан Бруно во април. 

Свет | пред 7 години

48045725_269069140634812_6969565322391060480_n

"Го фатив жив" - откриено кој го фотографирал Груевски во Будимпешта

Унгарски „Индекс“ го најде изворот на оригиналната фотографија од вчерашната прошетка на поранешниот македонски премиер Никола Груевски низ улиците на Будимпешта која се рашири со брзина на светлината по социјалните мрежи и медиумите.Британски новинар Даниел Нолан го фотографирал Груевски во близина на култна пивница во унгарската престолнина. - Го фатив жив! Пребеганиот екс-македонски премиер забележан во Будимпешта - напиша британскиот новинар заедно со објавената фотографија на Твитер, пренесе Фактор. 

Македонија | пред 7 години

bebe-stomak

Честичките од загадениот воздух пронајден во плацентата кај бремени жени

Научниците го пронашле првиот доказ дека честичките од загадениот воздух патуваат низ белите дробови на бремените жени и се сместуваат во плацентата. Токсичниот воздух веќе е силно поврзан со штетата кај фетусите, но како е направена штетата, не се знае. Ново истражување што ги вклучило мајките во Лондон открило ситни честички во плацентата на секое бебе. Истражувачите велат дека е можно честичките да влезат во фетусите, објави факултети.мк.- Ова е загрижувачки проблем - постои масовна поврзаност меѓу загадувањето на воздухот што мајката го вдишува и фетусите. Затоа, идните мајки се советуваат да патуваат низ помалку загадени места - вели д-р Лиса Мијашита.Серија претходни истражувања покажаа дека загадувањето на воздухот значително го зголемува ризикот од предвремено раѓање и ниска родилна тежина, што доведува до доживотно оштетување на здравјето. Големо истражување што опфатило повеќе од 500.000 породувања во Лондон ја потврди врската и ги наведе докторите да кажат дека импликациите за многу милиони жени во загадените градови низ светот се нешто што се приближува до јавна здравствена катастрофа.Научниците сè повеќе откриваат дека загадувањето на воздухот резултира со здравствени проблеми кои не се поврзани само со белите дробови. Во август истражувањата откриле дека загадувањето на воздухот предизвикува огромно намалување на интелигенцијата, додека во 2016 година биле откриени токсични наночестички од загаденоста на воздухот кај мозокот на човекот.Новото истражување ги испитало плацентите на пет бремени жени кои не пушеле и кои родиле здрави бебиња. Истражувачите изолирале макрофажни клетки, дел од имунолошкиот систем на телето, кои ги зафаќаат штетните честички, како бактериите и загадувањето на воздухот.Користејќи оптички микроскоп, тие откриле 72 темни честички меѓу 3.500 клетки, а потоа користеле моќен електронски микроскоп за да ја испитаат формата на некои од честичките. Изгледале многу слично како честичките пронајдени во микрофагите во белите дробови.- Многу е јасно дека станува збор за црни честички-саѓи  - вели д-р Мијашита. Претходните истражувања покажаа дека честичките што ги вдишуваат бремените жени минуваат низ крвотокот и влегуваат во плацентата.- Не знаеме дали честичките што ги пронајдовме може да се пренесат и во фетусот, но нашите докази сугерираат дека е можно. Исто така, знаеме дека на честичките не им е потребно да навлезат во телото на бебето за да имаат негативен ефект бидејќи ако имаат ефект врз плацентата, ќе имаат директно влијание врз фетусот - додаде д-р Мијашита.- Овие истражувања покажуваат дека децата имаат полоши животни шанси кога станува збор за нивното образование и нивните работни места - вели д-р Кристијан Шилерт од Универзитетска болница „Каролинска“ во Шведска.Извор: факултети.мк

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Што ќе се случува со Македонија идната година и зошто само зло ја прати државата, откриваат астролозите

Македонија астролошки е во знакот на девица, а подзнак бик. Астролозите како година, ден и час на раѓање на земјата за да изготват натална карта ги земаат 8 септември 1991 год, денот на референдумот и 21:00 часот кога се обзнанија резултатите од референдумот.Астролозите велат дека кога се анализира наталната карта на Македонија, навистина се е точно и резултатите се фрапантни како такви што излегуваат. Познатиот филозоф и астролог Зоран Крстевски долги години со крајно точна прецизност, читајќи го влијанието на ѕвездите „најавуваше“ што не очекува. Но, како што вели „Последните скоро 7 - 8 год. се откажав од давање прогнози бидејќи се надевам на секој му е јасно и секој може да предвиди што се може да следи“.Крстевски за Скопје1.мк , објаснува зошто немаме среќа со претседателите, поточно, зошто еден преживеа атентат, друг загина, трет кој не се занимава со политика повеќе после мандатот како што вели не можеше да „вирее“ ...Крстевски објаснува што се случува во моментов и зошто, како и кога завршува лошото влијание на сатурн врз земјава. „Свесно или несвесно, проблем сме направиле од самото создавање. Македонија е создадена за време на млада месечина. Сонцето е затемнето од месечината. Наместо да не огрее сонце, не затемнала месечина“, вели Крстевски за Скопје 1.Во продолжение ви ја пренесувме видео изјавата од Про. д-р Зорна Крстевски.

Македонија | пред 7 години

555

(ВИДЕО) Кавги и навреди меѓу адвокатот Тортевски и демонстрантите

Кавги и навреди меѓу адвокатот Тортевски и демонстрантите на вчерашните протести организирани од движењето „Македонија Блокира.Дознаваме дека Тотевски добил дозвола од полицијата да ги премине блокади кај Градска болница и се упатил кај демонстрантите. „Македонија блокира“ го осуди овој инцидент. Повикуваат  да им биде дозволено мирно да протестираат.Тие објавија и видео на кое се гледа инцидентот.

Скопје | пред 7 години

48168584_2412562755484349_4709771582430511104_n

Исчезнат тинејџер од Скопје, се допишувал со девојка од Тетово

Исчезнат е тинејџер од Скопје кој последен пат е виден во Ѓорче Петров со бела Шкода со регистарски теблички СК1566АП. Според информациите тој се допишувал со девојка од Тетово, а од вчера е исчезнат и на телефоните е недостапен.„Barame haker koj ke go probie pasvordot na facebukot! Detevo se dopisuvalo so “devojka od Tetovo” i od vcera e isceznat! Nedostapen e na telefonite! Deckovo so radost gi ocekuva roditelite da mu pristignat od stranstvo posle dolgo vreme, trebalo da gi preceka, no mu se gubi sekoja traga! Pred da pocnete so predpostavki, nitu e kockar, nitu narkoman, nisto of poroci! Normalen decko od prekrasni roditeli! Taka i gi zapoznavme, majka mu e najgolem humanist i donator vo nasata organizacija! Ve molam da i pomogneme da si go najde deteto!Dokolku imame haker as pc koj saka da pomogne za da se najde bilo kakov trag, neka i zvoni, lugjevo ne spijat!Ova se broevite od deckoto tel:078244808 i tel:070252836. Koj moze da hakira kompjuter ili da najde telefon, ve molam pisete na majkata! Ne zvonete bezpotrebno ve molam! Majkata e Maja ‭078246917‬, ova e nejzin broj! Barame bela shkoda fabia so tablici Sk1566ap, na levata strana na vratata ima zname od evropa i Makedonia i pisuva Demirkapija Smokvica!“, стои во објавата на Фејсбук,https://www.facebook.com/jovana.kostovska.71/posts/10158178467589517

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот.„Од 17:00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на  Влада. Од  тие причини ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот“, стои во соопштението на полицијата.Од МВР преку соопштението испратија апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со мала облачност, температура до 12 степени

Денес времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринските температури ќе се дижат од -4 до 6 степени, а дневните од 4 до 12 степени.Во Скопје слично време со температура од 2 до 7 степени.Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи претежно од снег и на места ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сетете се дека нѐ сакавте

Драги пријатели и идни сојузници, не ви се чини дека малку премногу и малку предолго ја оставате оваа држава на ветрометина? На милост и немилост на нејзините отворени негатори? Колумна на Гордан Георгиев.Опасно нѐ мамевте кога ни велевте дека кризата заврши, таму некаде во далечната 2017-та година. Нѐ мамевте, а ние ве преколнувавме да не ширите лажни надежи. Здружено пееше тогаш хорот од европски славејчиња, жедни за победа на екипата на која сепак ѝ помагаа само од трибините, без претерано да си ги извалкаат салонките со кал. И тогаш, како и сега, уживавте со туѓи (не ваши!) перја да го китите крзното на Венера, која соблазнето се грчеше во невидени болки. И тогаш, кога нѐ мамевте, и сега кога молчите, ние ви верувавме. Ајде сега малку приберете се и помогнете. Шампањот и јагодите може да почекаат, иако веќе ни вам ни нам не ни е до нив. Во Македонија има сѐ уште незавршена работа. И веќе не ни е гајле дека ви е тешко и мачно да слушате дека и самите сте дел од кризата (преку нечинење), како што сте и морате до крај да бидете дел од решението (преку чинење).Која сила ќе ги скроти канцерогените пецкања?Судејќи според реториката, регионот во декември 2018-та година наликува на предвечерјето на Втората балканска војна, онаа чијшто raison de guerre беше највкусното парче од колачот, имено територијата и душата на денешна, а уште малку вчерашна, Република Македонија. Се разбира, таа војна овојпат е вербална, но последиците од ваквиот вербализам и волунтаризам во изјавите и поведенијата повторно се прекршуваат врз нашиот грб. Просто е неверојатно да се слушаат изјавите на високи претставници на нашите соседи во врска со ситуацијата во Македонија и трнливиот пат кој таа го изодува. И повторно имаме сѐ во манџата: Грци, Бугари, Срби, Албанци, остатоци од австро-унгарската империја, турска империја која грчевито се бори никогаш да не зајде нејзиното сонце, руски токсични влијанија и сајбер-интервенции. И повторно Европа- блудницата и Америка самодоволна. Можно ли е, се прашува здраворазумниот човек негуван и нишан во лулката на европските вредности, упорно и бесрамно да ни се повторува истата реторика?Начинот на кој Европската унија и САД ја „хендлаат“ новата криза во Македонија (кризата која нели пред една година заврши) е скандалозен. Фотографиите од неизустениот успешен референдум сосема избледеа. Еве гледаме дека сега во Германија дошла некоја друга жена, која не ја познаваме, а онаа која ја познававме и која така здушно ја гушкавме ни се чини дека изгубила интерес за нас или го сменила телефонскиот број. И да, заборавив дека во тек е смена на скопската американска администрација, па обично се навикнавме да им даваме грејс период од една година. Ние одовде, од нашава мрачна дупка, не гледаме сила која ќе ги скроти сите канцерогени „пецкања“ кои доаѓаат од нашите идни партнери. Бидејќи се чини дека некои од нив се подготвени сѐ да направат за да се оствари она што е речиси незамисливо во меѓународните правила на игра: Pacta non sunt semper servanda.Драма во неколку чинаЧин први. Топлите прегратки помеѓу Борисов и Заев не ги стоплија душите на двата народа. Министерот за НАТО (одбрана) на Бугарија секојдневно фрла отровни стрели кон братскиот народ отаде Ѓуешево, а братот Бојко молчи. Благонадежни нови пријатели на Македонија од истата страна на границата енигматично ни сугерираат дека Бугарија и Македонија треба да бидат како Грција и Кипар. Само не ни кажуваат дали Македонците треба да бидат Грците во Кипар или Турците во Кипар. Ако историскиот договор помеѓу Бугарија и Македонија зависи од простодушноста на Заев и славјанската присност на Борисов, тогаш да знаете дека немаме договор. Pacta non sunt semper servanda.Чин втори. Министерот за НАТО (одбрана) на Грција со жестока реторика упорно и од почетокот го поткопува Договорот од Преспа. Можеби и тој мисли дека Кипар е најдобро решение за Македонија, иако сигурен сум дека во „деталите“ и имплементацијата на „кипарското прашање во Македонија“ се разликува од неговиот бугарски партнер во НАТО. И на сето тоа Алексис Ципрас упорно молчи, патем жртвувајќи го можеби единствениот искрен поддржувач и брокер на договорот отаде Евзони, бившиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Ако Договорот од Преспа зависи само од бившиот министер Коцијас и непроспиените ноќи во преговори со Димитров, тогаш знајте дека договорот е неодржлив. Pacta non sunt semper servanda.Чин трети. Министерот за надворешни работи на Унгарија, клучен НАТО партнер, се изживува врз телото наречено Европски парламент и душата му ја вади на и онака бескрвниот комесар за проширување. Јоханес Хан, потопен во безначајноста на сопствената функција и проблематичната морална постура полека станува (срам ми е да го напишам ова, но така е) вреќа за боксирање на кој-ќе-стигне. Преигрувањето во играта на мали голчиња секогаш доаѓа со задоцнета фактура. Подобро нека не нѐ брани повеќе.Во сличен ѕид на молк удривме со намонтираната индолентност на норвешкиот генерален секретар на НАТО. Па спакувајте го назад тој Груевски во истиот гепек во кој го пропуштивте низ пет НАТО-граници и вратете го во Скопје. И лизнете го од лизгалката на неговата гаража од којашто избега. Па правете се наудрени како што сега Сијарто ви се смее во лице. Еден пријател еднаш во огледало ми рече: Ќе видиш, овој Груевски ќе ја распадне Европа со својот пребег во ЕУ. Не ни ја мачкајте свеста и не ни го фарбајте достоинството дека декларацијата на Европскиот парламент има каква билосмисла освен да ве покрие вас и вашата неспособност. Таа декларација е срам за нас и за вас, особено откако Сијарто ја пушти низ тоалетната школка.Чин четврти. Заглушувачкиот молк на „странците“ околу лажното помирување помеѓу тенкото владеачко мнозинство и осумтемина пратеници. Кажете им на нашите власти в лице, а потоа и нам во јавност дека ова со амнестијата не е и не смее да биде едночинка, туку само пролог во крупниот и долготраен и мачен процес на помирување, простување и признавање на вината. Спонзориран директно од вас. Инаку ние, големото мнозинство граѓани на оваа држава ќе прогласиме дека pacta non sunt semper servanda.***Да не претеравте малку со вашето нечинење драги пријатели? Во мугрите на претседателските избори, чинам дека на Македонија ѝ треба еден нов Борис Трајковски, некаква политички маргинализирана фигура на која ѝ пукнал филмот, некаков нов „заменик министер за надворешни работи“ кој ќе ѝ за'ржи на меѓународната заедница и повторно пред нос ќе ѝ го стави огледалото во кое таа наутро сѐ помалку милува да се гледа. Да им каже јасно и гласно: Драги пријатели и идни сојузници, не ви се чини дека малку премногу и малку предолго ја оставате оваа држава на ветрометина? На милост и немилост на нејзините отворени негатори и на милост и немилост на вашата внатрешна петта колона? Па ова е истата онаа држава која пред една година ја прогласивте за безкризна и која помина тешки, ама баш тешки, премрежја за да го оправда епитетот на партнер. Ако вака продолжите, ќе ги оставите без работа Лавров, Вучиќ и компанија. Ќе им остане само сеирот. А ние секако нема да преживееме. Бидејќи некои, навидум однапред договорени договори нема да можеме да ги исполниме. Pacta non sunt semper servanda.А вие, домашни пријателчиња, го оставивте повторно Заев сам да брани, нели? Браво Византијо, браво солидарни собраќа и сосестри.DW.COM

Коментари | пред 7 години

48365789_277901859576151_3868021961657417728_n

Официјално - формирно Јавно претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води

Владата на Република Македонија , на денешната 107-ма редовна седница донесе одлука за формирање на Јавно претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води.Новото јавно претпријатие, ги презема сите обврски и во иднина ќе управува и стопанисува со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.Со одлуката на Владата, всушност се прави поделба на досегашното Меѓуопштинско јавно претпријатие „Проаква“ , кое беше голем финансиски проблем за општините Охрид и Струга, бидејќи претпријатието беше нефункционално и работеше со загуби. На одлуката на Владата на Република Македонија и претходеа постапки за делбен биланс и одлуки на Советите на општините Охрид и Струга. По формирањето на јавното претпријатие за управување со колекторскиот систем, општините Охрид и Струга ќе формираат нови јавни претпријатија за стопанисување со водоводните системи.Одлуката на Владата на Република Македонија со олеснување е примена кај локалните власти, но и кај граѓаните и стручната јавност, бидејќи со формирањето на новото јавно претпријатие се решава еден витален и повеќедецениски проблем со заштитата на Охридското Езеро, кое како светско природно наследство е на листата на УНЕСКО.Иницијативата писмено до премиерот Зоран Заев во 2017 година ја испрати тогашниот охридски Градоначалник Никола Бакрачекси по што Премиерот Заев во Скопје се сретна со Бакрачески и ги разгледа и прифати плановите за превземањето на Колекторот, а сега и ги реализира во пракса.https://www.dailymotion.com/video/x5tmvgi

Македонија | пред 7 години

48365789_277901859576151_3868021961657417728_n

ЕКСКЛУЗИВНО: Владата го превзема колекторкиот систем околу Охридско Езеро

Владата на Зоран Заев го исполни ветувањето кое премиерот го даде во 2017 год. Денеска е формирано новото државно јавно претпријатие кое треба да врши одвод и прочистување на отпадни води околу Охридско Езеро, кое неофицијално ќе се вика „Колектор“, дознава Скопје1 од извори во Владата на РМакедонија.Од кабинетот на градоначалникот Јован Стојаноски за Скопје 1 и официјално ја потврдија  информцијата и кажаа дека дека денеска биле известени за формирањето на новото претпријатие.Првите разговори за формирањето на ова јавно претпијатие се водеа во јули 2017 кога оваа иницијатива писмено до премиерот ја достави тогашниот Градоначалник Никола Бакрачески, по што премиерот Зоран Заев оствари средба со Бакрачески и отпочна разговори за реализирање на оваа иницијатива, а процесот го продолжи актуелниот градоначалник Јован Стојаноски.Инаку, колекторот е еден од најголемите финансиски товари на општина Охрид, а со овој чекор Владата дава значаен придонес во процесот на раздолжување на општината кој е во тек.

Македонија | пред 7 години

Grujoski-seta-niz-Budimpesta

(ФОТО) Груевски се шета низ Будимпешта

Додека МВР бара екстрадиција за Груевски, Унгарските институции се уште молчат за барањето на македонската Влада за екстрадиција на поранешниот македонски премиер  кој пред еден месец избега од Македонија  Груевски се шета низ Будимпешта.Ова е правта фотографија на екс премиерот Груевски откако ја напушти земјава.Инаку на сликата која се надеваме дека е автентична е и Александар Трајковски , предводник на Иницијативата слобода за Никола Груевски. Трајковски  го предводеше „протестот за правда“ за Никола Груевски, и беше главен говорник?Трајковски сега е обвинет во предметот „Насилство во Центар“ кој го застапува СЈО. Тој беше вработен во општина Гази Баба.  

Свет | пред 7 години

janusev

(ВИДЕО) Јанушев: Младите се иселуваат, иако ветуваа дека ќе ги вратат младите во државата

Денес се наоѓаме во посета на општината Ѓорче Петров и колку и да тоа можеби изгледа дека реалноста не е таква, се наоѓаме во една дива депонија којашто се наоѓа за жал само на еден километар всушност од населените места во општината Ѓорче Петров.Ова е уште еден доказ за неспособната влада и неспособноста на министрите во владата предводена од Заев и СДСМ којшто за жал на сите граѓани во оваа држава донесуваат само црнила, изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.„Покрај игнорирањето и одењето спротивно на волјата на македонскиот народ, со игнорирањето на резултатот од последниот референдум, со насилничкиот и противправен обид за промена на Уставот, со разобличувањето на македонската држава во сите пори се продолжува со разобличувањето и уништувањето коишто ги тиштат македонските граѓани. И денеска имаме пример да видиме како секојдневните проблеми и теми коишто ги тиштат сите граѓани на Република Македонија всушност како е тоа сето во реалноста.Овде во дивата депонија во Ѓорче Петров, иако имавме предизборно ветување дека ќе се уреди кејот покрај реката Лепенец и овде дека ќе никнат разни содржини од рекреативен и спортски карактер, сепак и после повеќе од година дена немаме апсолутно никаква реализација на еден од тие проекти.Исто така би сакале да ги потсетиме граѓаните на општина Ѓорче Петров дека се ветуваа и градинки и кружен тек во Волково, нова амбуланта во Дексион, спортска сала во Хром, пазар во Даме Груев, нов трговски центар, нов музеј на современа уметност, нов театар, нов мултимедијален центар.Но, сепак како и за сите останати работи согледуваме дека единствено што знаат да прават СДСМ, Зоран Заев и неговите пајташи е да ја лажат македонската јавност и македонските граѓани бидејќи се неспособни и единствено што носат во животите на македонските граѓани се црнилата.Меѓутоа исто така би сакал да потсетиме и за 7 милјарди евра од буџетот којшто го потрошија во изминатите две години, без притоа да вложат ниту еден денар во борба против аерозагадувањето. Единствено што видовме е како Макрадули спие во Собрание, а Шилегов игра игрици на својот мобилен телефон и всушност тоа е еден доказ, една добра слика како власта функционира и кој е нивниот однос кон граѓаните на Република Македонија.Од друга страна граѓаните се се посиромашни, додека трошоците за живот се се поголеми. Младите се иселуваат, иако ветуваа дека ќе ги вратат младите во државата, меѓутоа не само што не вратија никој, туку дополнително иселувањето се зголемува и тоа буквално од сите краишта во државата.Ветуваа економски бум и инфраструктурна експанзија. Ветуваа шесто километри автопат, петстотини и педесет километри магистрални патишта и илјада и сто километри локални патишта. Меѓутоа единствено што видовме се илјада, меѓутоа но, не километри туку метри направен пат“, изјави Јанушев.Според него не постои ни П од правната држава. Владее политичко судство и обвинителство. Заев и СДСМ наредуваа кој, колку и кога ќе биде осуден. Полицијата служи исклучиво за прогон и терор и пресметка со политичките противници. Да потсетиме дека откако Спасовски е министер имаме девет неразјаснети убиства.„Исто така уште еден факт којшто говори односно ги поткрепува последните тези е дека годинава за 41% е зголемен бројот на граѓани кои се жалат на правосудниот систем во споредба со минатата година. Лани на ова се пожалиле 576 граѓани, а годинава таа бројка е порасната на рекордни 811. Според народниот правобранител за 60% повеќе поплаки има за правата од областа од работните односи, за имотните односи за 37%, за насилството и негрижата на децата за 25 %.ВМРО-ДПМНЕ во оваа прилика сака да ги повтори своите шест барања коишто веќе ги наведовме, тоа е:1.Итна и неотповиклива оставка на министерот којшто својата нација ја нарече за искомплексирана нација. Искомплексираниот министер Димитров кој благодарение на оваа нација која од буџетот зема плата ужива во привилегиите да се школува неговото семејство надвор од Македонија со стипендии кои токму овој народ ги обезбеди.2.Итна и неотповиклива оставка на министерот за терор и прогон, односно за полиција, Оливер Спасовски, затоа што откако е министер само имаме шпиунски акции, претреси и омаловажувања на нашите браќа и сестри, граѓани на Република Македонија.3.Веднаш да запре иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија.4.Не само декларативно за почист воздух. Ги лажевте граѓаните дека велејќи дека кога ќе дојдете на власт дека веднаш потоа ќе имаме алпски воздух во Република Македонија. Затоа бараме итно да се продолжи проектот за гасификација на Република Македонија за да може вистински граѓаните да уживаат во почист воздух.5.Да се формира независно тело кое ќе го предводи човек на предлог на опозицијата кои ќе ги преслуша, анализира и систематизира сите материјали коишто се собрани во изминативе две години, како резултат на црниот вотергејт на Заев, односно прислушкувањето на судиите и обвинителите.6.Но, секако не најмалку важно е уште еднаш да повториме дека очекуваме како опозиција јавно и недвосмислено да се почитува волјата на народот искажана на последниот референдум од 30 септември.

Македонија | пред 7 години

20181206_111642

Фазлиу - Кривичната не е за мене, туку за мој претходник

Актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу преку соопштение реагира дека се невистините обвинувањата од дел медиуми дека има кривична пријава против него од финансиската полиција. Министерот наведува дека злоупотребите се случиле кога со Министерството управувал некој друг, а, како што пишува, случајот бил затворен пред една година. Тој наведува дека им наложил на споменатите соработници во обвинувањата да ги вратат средствата - и парите биле вратени.Во соопштението министерот апелира до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал.Финансиската полиција вчера поднесе кривични пријави за незаконско исплаќање пари во Министерството за локална сампоуправа. 

Скопје | пред 7 години

vlada-za-ustav

Влада на Р Македонија: Јавните дискусии за нацрт амандманите на Владата на РМ ја потврдија инклузивноста

Јавните дискусии по нацрт амандманите за уставни измени со цел решавање на долгогодишниот спор со Грција, со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, завршија во предвидениот рок од пет дена и опфатија широк спектар на засегнати страни.Во рок од два дена после јавната расправа, Владата на РМ, како овластен предлагач за уставни измени, до Собранието на Република Македонија ќе достави сублимиран извештај од главните сугестии и предлози за усовршување на нацрт амандманите, или како амандмани на амандманите.Процесот на уставните измени треба да заврши со усвојување на предложените амандмани после јавната расправа и со Одлука за измена на Уставот што ќе ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, на седница која е предвидено да се одржи на 15 јануари 2019 година.„Уверен сум дека процесот ќе го затвориме во рамките на договореното и онака како што ќе пишува во одлуката за донесување на уставните измени во Законот за Уставни измени, односно дека амандманите се составен дел на Уставот на Република Македонија и ќе влезат во сила со денот на влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО од страна на Република Грција“, рече премиерот Заев на една од јавните расправи, и потенцираше дека измените на Уставот ќе важат откако Грција ќе ги спроведе своите обврски, односно кога, во ист ден, ќе ги ратификува Конечната спогодба за решавање на спорот со името и Протоколот за нашето членство во НАТО.Јавната дискусија започна со дебата во Владата на Република Македонија, и потоа продолжи со отворени настани за предложените уставни измени во МАНУ, на Универзитетот ФОН, во Општина Штип, и во Тетово на Универзитетот на Југоисточна Европа, со учество на претставници на академската и експертската јавност, претставници од граѓанскиот сектор, како и на граѓани кои покажаа голем интерес на отворената покана на Владата на РМ.Освен премиерот Заев, како претставници на Владата на РМ, учество на овие дебати зедоа и заменик претседателката во Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и повеќемина професори, академици и експерти за политички систем и уставни прашања кои беа поканети да го дадат своето стручно мислење за прашањата поврзани со уставните измени.Во своите настапи за време на јавните дебати, премиерот Заев потенцираше дека и овој процес, од посебен интерес за иднината за нашата земја, се спроведува и организира со максимална инклузивност и подготвеност за прифаќање на секое разумно и рационално дополнување и усовршување во духот на Договорот од Преспа.Низ дискусиите беа презентирани текстовите на усвоените четири нацрт амандмани низ собранискиот процес, а посебно внимание се посвети на конструктивните предлози што дојдоа од пратениците во Собранието на Република Македонија, како и на предлозите од експертите и граѓаните кои дојдоа низ отворената дебата.За време на расправата беа разгледани предлози и сугестии како што се прашањето дали како уставно решение да се набројат сите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, како правни решенија на кои се темели нашата државност, или пак да бидат собрани во еден уставно-правен израз како конститутивни документи на нашата државност.Како сугестија која се зеде предвид, беше расправана и опцијата во Уставот да се наведе дека Република Македонија освен за грижата за македонскиот народ во дијаспората, се грижи и за дијаспората на другите етнички заедници.За време на дебатите беше разговарано дека предложените уставни измени и амандмани се прифатливи и од аспект на идентитетските одредници утврдени во Уставот, и дека сите предложени решенија се во рамките на уставно-правниот јазик.Во однос на преамбулата на Уставот како исходиште за државноста и нејзините специфики, и како историско политичка традиција врз основа на кои се гради духот на овој највисок државен конститутивен правен и политички акт, се нагласи дека преамбулата на Уставот треба да ги прецизира новите измени и да го одразува духот на новата реалност произлезена со Договорот од Преспа.За време на расправата преовлада мислењето дека нашата земја не може да ја смени својата географска положба, ниту својата историја која е важна и темел на нејзиното постоење, но, дека може да влијае на иднината, со преземање на одговорноста и со донесување одлуки за имплементацијата на Договорот од Преспа.Учесниците на сите пет дебати, се обединија околу ставот дека со Договорот од Преспа и решавањето на повеќедецениското прашање се затвора и поглавјето на идентитетските прашања, кое заедно со членството во НАТО и ЕУ, се трите цели кои Владата сака да ги постигне со овој Договор, со оглед на фактот што тој е заснован на европски начела, вредности, почитување на трајното пријателство и човековите права и дека уставните измени треба да се гледаат во контекст на придобивките.Некои од експертите во јавната расправа оценија дека нацрт-амандманите се клучен основ за понатамошно опстојување на Македонија и нејзино вклучување во меѓународните организации, и осврнувајќи се на важноста Договорот од Преспа дадоа предлог и тој да биде дел од Преамбулата.„Убеден сум дека преку инклузивниот процес, со внесување на сите одржливи сугестии, Република Македонија може да обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот, бидејќи одговорноста е наша и тоа им го должиме на нашите деца, да го заокружиме процесот и да се посветиме на економскиот, образовниот, правниот развој на нашиот систем“, истакна премиерот Заев на една од дебатите, и истакна дека се наоѓаме пред историска шанса да го заокружиме политичкиот процес кој трае веќе 27 години, бидејќи нашата држава после сите резултати и храбри чекори што ги презеде го заслужува членството во НАТО и започнувањето на процесот на преговори со ЕУ. 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања