„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

poposki

(ВИДЕО) Манчевски и Поповски на конференцијата е-Општество - Медиумски писмени граѓани за одговорни институции

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, учествуваа на 14. Меѓународната конференција „е-Општество“, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.На Конференцијата, со тема „Медиумски писмени граѓани за одговорни институции“, во пет одделни сесии се опфатени приоритетите во областите на слободата на изразување, медиумска писменост, транспарентноста и отчетноста. Беше констатирано дека е потребна координација и соработка со граѓанскиот сектор, бизнисите и академската заедница, со цел подобрување во работата на институциите и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.Министерот Манчевски во своето обраќање се осврна на посветеноста на Владата преку транспарентноста и отчетноста на институциите да се  доближи нивната работа до граѓаните, истакнувајќи ја посебно улогата на дигитализацијата на услугите, која како што најави, ќе резултира со конкретни проекти во 2019 година.„Со пуштање на употреба на националниот портал за е-услуги на почетокот на следната година и со можноста секој граѓанин да го активира својот електронски идентитет, долгите, сложени и нетранспарентни процеси за добивање на документи и услуги ќе бидат минато. Секој ќе може од својот електронски уред да ја добие потребната услуга. Дигитализацијата на овие процеси, ќе го намали влијанието на човечкиот фактор, а со тоа ќе се намалат и можностите за корупција“, рече министерот Манчевски и додаде дека дигитализирањето на услугите ќе се врши со водење грижа за приоритетите, согласно потребите на граѓаните и бизнис секторот.Министерот Манчевски најави и дека Владата, покрај практиката на објавување на најчесто бараните документи, идната година ќе се посвети и на надградба на системот ЕНЕР, со цел да се овозможат онлајн дискусии, а не само коментари како што беше досега, во однос на предложените законски решенија од страна на институциите.„Пред крајот на овој месец во употреба ќе биде пуштен новиот портал за отворени податоци, кој денеска го презентираме пред колегите министри на седница на Владата“, најави министерот Манчевски, потенцирајќи дека покрај транспарентноста во работењето, се покажува дека и отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој, во насока на подобрување на управувањето и јавното учество во централната и локалната власт.Говорејќи за медиумската писменост на граѓаните, министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски истакна дека таа е силно и двонасочно поврзана со отчетноста на институциите констатирајќи дека со зголемувањето на бројот на медиумски писмени граѓани  се зголемува и бројот на одговорни, отчетни институции.„Како силни застапници на концептот „Отворена влада“, кој во себе, меѓу другото, ги обединува комуникациите, транспарентноста и отчетноста, постојано имаме предвид да создаваме услови за да бидат исполнети функционално трите идеални улоги на медиумите кои можат да имаат огромно влијание врз доброто владеење, транспарентноста и одговорноста“, подвлече министерот Поповски.Во оваа насока, министерот Поповски ја оцени улогата на медиумите како набљудувачи и укажувачи, кои го штитат јавниот интерес преку следење на моќните сектори на општеството за откривање на случаи на злоупотреба на власта, криминалот и корупцијата, како и ширењето на лагите и дезинформациите.Министерот Поповски се задржа и на последните извештаи на меѓународните институции и организации кои констатираат дека Република  Македонија има демократско подобрување и станува држава со најветувачка шанса за демократски прогрес во Европа, како и дека е направен добар прогрес во слободата на изразување и подобрување на климата за работа со медиумите и намалување на притисокот врз нив. Министерот Поповски укажа и на истражувањето на „ACTION SEE“ дека Владата на Македонија е најотворена меѓу владите од регионот.„Овие признанија за нас се само мотив да продолжиме во таа насока и уште повеќе да ги правиме достапни и транспарентни политиките и практиките на Владата. И тука ја докажуваме поврзаноста помеѓу отчетноста и медиумската писменост - колку властите ги прават информациите повеќе достапни и повеќе разбирливи за граѓаните, толку сме поблиску до објективно информирање и до точно разбирање на вестите кои гравитираат во медиумите, а кои граѓаните ќе ги препознаат како точни и објективни“, подвлече министерот Поповски.Во првата сесија се обратија и извршниот директор на „Метаморфозис“, Бардил Јашари и извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество - Македонија“ Фани Каранфилова Пановска и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.Тие се осврнаа на важноста на медиумската писменост, укажувајќи дека постојат многу предизвици во насока на подобрување на знаењата и вештините на граѓаните, за полесно оценување на информациите кои доаѓаат до нив од различни страни. Говорниците се согласија дека е потребно поддржување на проекти и заедничка платформа во насока на полесно справување со манипулациите и лажните вести од страна на граѓаните и следствено зголемување на нивната доверба во институциите кои ги почитуваат принципите на транспарентност и отчетност.  

Скопје | пред 7 години

pripor

5 000 жители од Припор, на само 3 километри од центарот на Скопје се отсечени од светот

5 000 жители на само 3 километри од центарот на Скопје  се  отсечени од светот. Причината е потпорен ѕид кој се урна пред две недели кога загина работник , а неговиот колега се здоби со повреди по одрон на земјиште. По трагедијата работата беше стопирана, а општина Кисела Вода даде забрана за сообраќај и движење на пашаци поради опасност од повторен одрон на земјиштето.Жителите од оваа општина револтирани што ништо не се превзема да се се самира проблемот. Тие реагираат преку социјалните мрежи.Пешаци – забрането ,возила – забрането,возила, пожарна и брза помош – забранетодистрибутери на леб и млако – забранетодеца во школо  - забранетоОпштина Кисела Вода ни забрани да живееме. Како е ова можно во 21 век?, Пишуваат револтираните жители .Тие денеска повикуваат на протест од 17 до 19 часот поради изградба на потпорен ѕид на улицата „Христо Татарчев-  крак 14“ . 

Скопје | пред 7 години

aleksandar-naumovski

Градоначалникот на Ѓорче Петров ќе плати 13 илјади евра за набавка на верски календари и роковници со вештачка кожа

За роковници со тврда корица, вештачка кожа и ластик, ѕидни календари со логото на општината, но и со верски обележја, општината Ѓорче Петров ќе потроши 800.000 денари или 13 илјади евра. Градоначалникот Александар Наумовски го распишал овој тендер, евидентиран како стоки за новогодишна репрезентација. Освен овие продукти, фирмата која ќе го добие овој тендер ќе треба да изработи и печатење на папки и пенкала.Критериумот за избирање на фирма која ќе ги изработи овие „неопходни“ материјали ќе биде по принципот најниска цена. Времето за изработка е два месеци, а пак аукцијата е два месеци. Пред една недела, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Ѓорче Петров обвини дека градоначалникот Наумовски ќе потроши над 2 милиони денари за 20 нови партиски вработувања. Тој посочи дека со оваа анти-реформа администрацијата во општина Ѓорче Петров ќе се искачи до 84 вработени.

Скопје | пред 7 години

tajm

Според “Тајм” Кашоги е личност на годината

Убиениот американски новинар со саудиско потекло Џамал Кашоги е прогласен за личност на годината во изборот на престижниот магазин Тајм.Како што се наведува, медиумските работници добиле предност во однос на Роберт Милер, шефот на истражувачкиот тим кој се занимава со наводно руско мешање во изборите во САД. Тој на гласањето зазел трето место, а американскиот претседател Доналд Трамп остана на второто место. 

Свет | пред 7 години

dimitrov

(ВИДЕО) Димитров:“Фатете го крадецот”

„Наместо да се борите за македонскиот идентитет користејќи ги вредностите од овој век - правото на самоопределување - вие битката ја вративте пред 2000 години, на теренот на антиката“, напиша на својот Фб профил министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во продолжение тој додаде:„Немате одговор на прашањето како е можно најголемите “патриоти” да инвестираа години и пари во процеси кои директно го проблематизираат македонскиот идентитет? Не само надвор, ослабувајќи ни ја позицијата; туку тука кај нас, дома, внесувајќи конфузија и поделеност. На вашата планета, каде за првпат македонскиот идентитет го “градите” во 2010, без да го прашате народот дали се согласува, таму се комплексите. Немојте да вртите тези. Немојте да глумите дека не сте ме разбрале. Немојте како по обичај да се криете зад истиот народ што вие го пониживте. Зад тој истиот со кого се плашевте да се соочите на референдумот, па решивте да избегате/бојкотирате. Вие должите одговори за овие опасни процеси. И тие одговори ќе мора да ги дадете пред јавноста колку и да се обидувате да ги избегнете преку дефокусирање, замена на тези, манипулации, интерпелации“, напиша Димитров.https://www.facebook.com/NDimitrovMK/videos/495351990985825/?v=495351990985825 

Скопје | пред 7 години

igor-jug

Ченто и Игор Југ до Вељаноски: Политичарите се најголеми виновници за 27 април, да не се отвореа вратите народот немаше да влезе во Собранието

Во вкрстеното испрашување по сведочењето на поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, дел од обвинетите кои се се уште во притвор му поставија прашања посочувајќи ја одговорноста на политичките елити за насилниот упад во Собранието, објави Фокус.-Дали ќе се согласите со мене дека најголеми виновници за она што се случи се политичките елити бидејќи не дозволија да преовлада разумот за мирна транзиција на власта и затоа што некој калкулираше за да си ја зачува удобната фотелја и функција? – го праша Вељаноски обвинетиот Јане Ченто.Вељаноски на тоа рече дека е правник, но дека во судот е како сведок и го праша Ченто од која позиција да му одговори. На тоа интервенираше судијката Кацарска која рече дека треба да одговори како сведок. Ченто го праша Вељаноски и дали народот ќе влезеше во Собранието да не беа отворени вратите, на што Вељаноски рече:-Собранието е од прв степен на заштита, за него се грижи МВР и сите вработени од обезбедувањето се вработени во МВР – рече тој накусо. Потоа прашања му поставуваше обвинетиот Игор Југ, кој го праша Вељаноски дали се согласува со него дека оние, како што рече, кои скапуваат сега во затвор се кукли со кои си играат политичарите.-Политичарите си ја играат политиката, водат политика. Јавноста и народот на избори кажуваат што направиле политичарите и дали ја заслужуваат нивната доверба – одговори тој. Југ потоа го праша: Дали може да заклучиме дека секој си ги извади своите, а во притвор останавме само ние жртвените јагниња? Но судот го усвои приговорот на одбраната за ова прашање, по што Вељаноски не одговори на прашањето. Прашање му постави и обвинетиот Горан Ангеловски Ќосето, кој го праша дали ќе се согласи со него дека Талат Џафери бил нелегитимно избран за претседател, на што Вељаноски се сложи.-На 27 април во 18.00 часот ја прекинав седницата и во договор со претставниците на политичките партии се согласивме седницата да продолжи следниот ден во 11.00 часот. Се што се случувало понатаму е надвор од деловникот – рече тој.Извор:Фокус.мк 

пред 7 години

trajko

Вељаноски: Ниту сум помислил ниту сум кажал на некој да ги отвори вратите

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој денеска во Кривичниот суд сведочи за настаните од 27 април рече дека нема СМС комуникација со кои давал наредби за случувањата од тој ден.– Ниту сум помислил,  ниту сум кажал некому да ги отвори вратите во Собранието, истакна Вељаноски, во одговор на прашање поставено од обвинениот Никола Митревски-Кољо.Тој рече дека бил „фрапиран од немилите настани“.  Додаде дека не дал налог пратениците да ја отворат вратата и дека не знае дали некој друг дал таква наредба.– Како претседавач ми беше важно согласно Деловникот да започне и да заврши седницата и да биде избран претседател, рече Вељаноски.Според него, сегашниот претседател Талат Џафери е избран спротивно на собранискиот Деловник бидејќи ја прекинал седницата и нејзиното продолжение било закажано за утредента во 11 часот.По завршувањето на седницата на 27 април тој рече дека заминал во својот Кабинет каде што бил со сите вработени во Кабинетот, а имало и пратеници. Вељаноски од своето лично обезбедување, сега обвинет Горан Ѓошевски Леви побарал да ги заштити вработените од Кабинетот.Вељаноски кажа дека во холот пред Кабинетот на секои две до три минути одекнувале шок бомби, а демонстрантите се обиделе да влезат во Кабинетот. Во еден момент на Ѓошевски му се слошило, и дел од демонстрантите упаднале внатре. Вељаноски рече и дека останал во Собранието се додека не биле евакуирани сите пратеници.

пред 7 години

27-mi-april-sudenje

Сведок: Оперативниот штаб на МВР не ја заврши задачата на 27 април

На прашањето на судијката Кацарска, сведокот кажа дека во моментот кога раководителот на опертивниот штаб е известен дека има настани како оние на 27 април, треба веднаш да дава наредби. Кацарска праша и дали во оперативниот штаб има телевизор, на што сведокот одговори потврдно, по што таа дополни дали воопшто некој требало да ги извести членивите на оперативниот штаб кога веќе  се гледало дека лица ги прескокнуваат оградите и влегуваат во Собранието, пишува НОВА ТВ.„Дали сте требале да чекате на златната команда за да реагирате кога веќе сте гледале што се случува, вие сте сепак полиција“, констатираше судијката.Сведокот одговори дека прво, силите кои биле на терен требало да се справат, а ако побарале дополнителни сили наредбата ја дава раководителот на опертивниот штаб.„Тие што се членови на оперативниот штаб не можат да дадат наредби и да повикаат дополнителни сили од дома, затоа што тоа можеби веќе го сторил раководителот“, одговори сведокот.„Дали е спротивно на вашите акти ако некој се обиде да помогне на малкумината полицајци кои требаше да се справат со толпа на народ и дали тие можеа да ги заштитат животите на пратениците, затоа што и тие не беа многу ангажирани“, праша Кацарска.„Најбрзо можат да дојдат полицајците од СВР Скопје, па од одделите за специјални полициски операции“, одговори сведокот, а нив да ги повика може началникот на СВР Скопје, додека силите за обезбедување на објекти и лица може да ги повика раководителот на оперативниот штаб.На директно прашаење на Кацарска дали оперативниот штаб бил на висина на задачата, сведокот рече,  „задачата не беше извршена“. НОВА ТВ.

Македонија | пред 7 години

kavadarci-1

Се исчисти ли Кавадарци од аерозагадувањето?

По бомбастичните вести од Кавадарци дека градот е е исчистен од загадувањето, со новата метода Аеросолизација, се огласи здружението Еко Аларм Кавадарци. Тие тврдат дека за да се покаже помала загаденост во градот се прска исклучиво олоку мерната станица .„Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018). Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица“, велат од Еко Аларм Кавадарци, по што објавија и видео.https://www.facebook.com/337698960143050/videos/1182425828598339/?v=1182425828598339

Македонија | пред 7 години

RSBSP_01-2

РСБСП: НЕ – за мобилен телефон зад воланот! Без изговори, без оправдувања

Мобилните телефони станаа секојдневна потреба, без која многумина не можат да го замислат своето постоење. Во многу нешта, користењето мобилен телефон ја олеснува комуникацијата, го олеснува секојдневното функционирање, го олеснува извршувањето на работните обврски... И навистина, никој не може да ја оспори потребата од користење мобилен телефон.Развојот на технологијата и зголемувањето на нејзината достапност и можност за употреба на  секое место и во секоја ситуација, не значи дека имате право да го правите тоа секогаш и секаде.Во некои ситуации, користење мобилен телефон не е по бон тон, а  во некои ситуации е ризично и опасно (кога возите, пешачите).Во сообраќајот, како причина за одвлеченото внимание на возачот, мобилниот телефон се јавува во 20 до 25% од сите сообраќајни незгоди. Со развојот на технологијата, во наредните години, се очекува овој проблем дополнително да се влошува.Одвлеченото внимание е причина за многу пролеани солзи и многу крв на патиштата, за голем број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, за многу тажни животни приказни испишани на патиштата и на улиците, за тажни човечки судбини. Треба да се замислиме: вреди ли?И покрај црната статистика, на светско ниво, 45% од возачите го користат мобилниот телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП, во Република Македонија, 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возат.Универзитетска студија во САД, проценува дека употребата на мобилни телефони за време на возењето, резултира со околу 2.600 смртни случаи и 330.000 сериозни повреди годишно, а пак истражувањата на СЗО, покажуваат дека употребата на мобилен телефон ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за 4 до 9 пати.Се поставуваат прашањата: Колку важен разговор не може да „почека“ да застанете на првото безбедно место на кое може да се запре возилото и да разговарате? Дали бегајќи од метежот, гужвата и опкружувањето со секакви луѓе, свесно ги оставате телефонските разговори за моментите кога ќе бидете сами зад воланот?Дали сето она за што разговарате на мобилниот телефон ви е поважно од тоа да стигнете здрави, живи и безбедни на посакуваната дестинација?Дали сте свесни за ризикот и опасноста на која се изложувате вие, вашиот живот, животот на вашите најблиски и животот на другите учесници во сообраќајот, со тоа што не можете да се воздржите да не го користите мобилниот телефон кога сте зад воланот?Дали  знаете дека пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри?Многу прашања, а само еден одговор. Користењето на мобилниот телефон додека возите е опасно и ризично. Секојдневно слушаме изговори од типот „Ми ѕвонеше телефонот, морав да се јавам. Ме бараа од работа, беше многу важно. Ме бараше ќерка ми од училиште. Ме бараше мајка ми, си помислив дека е нешто важно. Ме чекаа да им одговорам. Ќе беше неодговорно ако не им се јавам“.Многу изговори, многу оправдувања, ама ниеден изговор, ниедно оправдување, не е и не може да биде поважно од животот и здравјето на човекот. Ниеден разговор, ниедна работа, не е достојна за една капка крв, за една солза пролеана на улиците и патиштата.Сите изговори лажно ја помируваат совеста, сѐ додека не се случи нешто трагично. Кога ќе се случи сообраќајната незгода, тогаш ќе сфатите дека ниеден изговор, не може ни за момент, ни за малку да ја помири или промени свеста, одговорноста и последиците. Но, тогаш е веќе касно.Затоа, без изговори! Без мобилен телефон зад воланот! Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, се санкционира со 40 евра во денарска противвредност или со регистрирање 25 негативни бода во возачката книшка. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило и на тој начин го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.РСБСП апелира: Кога возите оставете го мобилниот телефон настрана. Без изговори и без оправдувања. Животот и здравјето, но и безбедноста – нека ви бидат секогаш на прво место.

Македонија | пред 7 години

47349077_348196919302118_5519264864939278336_n

Вработените на Клинички: Паркингот е во сопственост на Република Македонија, а не на ЈП Градски паркинг

Синдикатот на Клинички центар и вработените се особено навредени од изјавата на градоначалникот Шилегов, дека вработените се одговорни за хаосот и метежот што се случува и дека тие вработени се одговорни што пациентите не можат да си ги паркираат своите возила, велат вработените кои денес протестираа на паркингот во Клиничкиот центар.„Овој протест го организираме по барање на нашите членови, ќе се спротиставиме на оваа одлука на советот, ќе продолжиме со нашиот протест во периодот од 10 до 10 и 30 часот. Паркингот на Клинички центар е во сопственост на Република Македонија, а не на ЈП Градски паркинг“, велат вработените.Тие бараат од Град Скопје да ја повлече одлуката и паркингот да се врати во владение на вработените во Клинички центар.„Ние доколку плаќаме нешто сакаме да добиеме услуга каква што заслужуваме. 350 денари кои ги плаќавме сакаме и сега да не ги плаќаме затоа што сме навредени, омаловажени и затоа што за хаосот во Клинички сме посочени директно. Пациентите кога доаѓаат се нервозни бидејќи бараат паркинг по еден час и некому таа нервоза мораат да ја исфрлат, а тоа ние го трпиме“, изјави Јулија Јовановска, член на извршен одбор на Клинички центар.На годишно ниво ЈП Градски паркинзи инкасира бројка од околу 475 илјади евра, од вработените, но и од пациентите кои доаѓаат во Клинички центар. Кога ќе ја разгледаме цената од 350 денари која е на месечно ниво, а самиот градоначалник истапи со бројка од 1600 картички, доаѓаме до бројка од околу 110 илјади евра.Треба да се обезбеди инфраструктура каде вработените да ги паркираат сопствените возила и за услугата која плаќаат треба да добијат соодветно паркинг место. Ние секојдневно се соочуваме со непристапен терен. Со ова зголемување повторно мислиме дека нема да има инвестиција, туку само ќе се полни буџетот на Град Скопје, кое што не кореспондира со потребите на вработените во Клинички центар и самите пациенти“, изјави Ивица Постолов.Вработените во Клинички најавија дека доколку Град Скопје не ја преиначи одлуката, револтот ќе го изразат пред наплатниот простор, за време на паузата од 10 до 10 и 30 часот.

Македонија | пред 7 години

mavrovo-sneg

Во недостиг на природен, ќе се користи вештачки снег

Од денеска на патеките во Маврово - вештачкиот снег. Опрема за производство на технички, еколошки снег веќе е поставена на патеката „Едносед".  Опремата во вредност од околу 700 илјади евра e самостојна нвестиција на ски-центарот. На патеката во должина од речиси 2 километри се поставени 19 шахти, 7 снежни топа и 4 снежни стикови („жирафи“). Целиот систем за правење снег се раководи од компјутерски центар и има 24-часовен надзор на патеката, на количеството снег и на метеоролошката состојба на самата патека.

Македонија | пред 7 години

bor

Уапсен поранешен заменик-градоначалник кој полово вознемирувал малолетничка

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи во Бор, по налог на Основното јавно обвинителство денеска го уапсија Б.П. (1959) поради постоење сомневање дека извршил кривично дело полово вознемирување.Осомничениот се терети дека со своето однесување полово вознемирил 15-годишна малолетничка со која се сретнал по нејзин повик по што таа, како што се сомнева, со мобилен телефон направила три фотографии со недолична содржина. По одобрување на надлежното обвинителство, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа по што, со кривична пријава, ќе биде изведен пред обвинител, соопшти Полициската управа Бор.  Во српските медиуми минатата недела се појавија фотографии на социјални мрежи на кои заменик-градоначалникот на Бор, Бранко Периќ се бакнува и гали со девојче од 15 години.Тој потоа поднесе оставка.Фотографиите брзо потоа биле отстранети од социјалните мрежи, но во меѓувреме ги виделе и зачувале голем број корисници на Фејсбук. Во целиот случај набргу се вмеша и полицијата. 

Свет | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Институциите се борат против долгогодишниот комплексен проблем со аерозагадувањето

Долгогодишниот комплексен проблем со аерозагадувањето што 11 години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ денес се решава постојано и системски со целосна ангажираност на сите институции на локално и на национално ниво, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека власта не презема ништо против загадувањето на воздухот.„Со силен порив се обновува зеленилото што цела деценија беше загрозувано поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Општина Карпош вчера ја заврши акцијата за засадување при што беа засадени 200 високовлатитени и повеќегодини дрва на различни локации во општината. Слична акција се спроведе и во општина Аеродром кадешто беа засадени 1.800 садници. Обезбедени се средства и започнат е процесот на набавка на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје кои ќе треба да заменат дел од старите нееколошки автобуси. Автобуси на еколошки горива се набавуваат и во Прилеп и во Битола. Истовремено, засилен е инспекцискиот надзор и контрола врз загадувачите, за што се издадени мандати казни на голем број правни и физички лица загадувачи“, велат од СДСМ.Од партијата додаваат дека преку субвенционирање на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети и инвертори, позитивно се влијае врз намалувањето на загадувањето што доаѓа од домаќинствата, но и јавните установи кои се затоплуваат на стар, скап и нееколошки начин.„Проблемот со загадувањето е сложен, но сите надлежни институции низ здружена координирана акција активно се борат против сите извори на загадување. Низ сеопфатен, системски пристап се решава долгогодишниот проблем со загадениот воздух, со цел веќе за две години нивото на загадување да биде намалени за 50 отсто во Скопје и останатите поголеми градови и од 30 до 50 отсто во цела Македонија“, велат од СДСМ. 

Скопје | пред 7 години

vlada-slika

107 ма владина седница

На 107-та редовна седница на Владата на Република Македонија што ќе се одржи на 11 декември, ќе се најде информацијата „Среднорочна програма за измена и дополнување на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“, на предлог на Фондот за иновации и технолошки развој.На оваа седница на владата ќе биде презентирана информацијата за потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за заедничка реализација на проектот за чистење дворните површини ОХИС, во Скопје.Министерството за правда на утрешната седница на владата ќе ги достави на расправа и одлучување Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог-законот за извршување на санкциите, Предлог-законот за прекршоци, како предлози на Министерството за правда.На предлог на истото министерство, членовите на Владата на РМ ќе ја разгледаат и информацијата со анализата за примената на Законот за правда за децата, за период јануари - јуни 2018 година.На оваа 107 седница на владата ќе се презентира и информацијата за Акциски план на Националната стратегија за сајбер безбедност 2018-2022, како и информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование, што ја предлага Министерството за образование и наука.На оваа своја седница владата ќе се произнесе и по предлог-одлуката за изменување на Одлуката за намалување на цената на становите во општествена сопственост.Членовите на Владата на РМ ќе одлучуваат и по предлог - одлуката за основање на Јавно претпријатие колекторски систем.На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, владата утре ќе расправа и за предлог-одлуката за изменување на Одлуката за формирање на Дигитален форум за информатичко комуникациски технологии, како и за предлог-решението за назначување на членови на дигиталниот форум за информатичко комуникациски технологии. 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања