„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

zena-farmer

Средба на жените-фармери за подобра социо-економска положба во руралните средини

Националната федерација на фармери денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна организира средба со жените – земјоделки. На средбата ќе стане збор за препораките и барањата на НФФза подобрување на социјалната и економска положба на жените од руралните средини.Средбата е во рамки на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, подржан од шведскиот кооперативен центар „Ние влијаеме“. 

Скопје | пред 7 години

haradinaj

Косовскиот премиер Харадинај се заканува: Не завршивме со царините, можеме да преземеме и други мерки

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се закани дека Приштина, покрај царините од 100 отсто на производите од Србија и БиХ, може да преземе уште поостри чекори, пренесуваат косовските медиуми.Харадинај во интервју за албанската телевизија А2 кажа дека постојат и други мерки кои можат да се случат, а немаат врска со царините.Сепак, косовскиот премиер не даде детали за тоа какви мерки може да следуваат.„Ќе видите какви, кога тие ќе се случат“, наведе Харадинај, а пренесува Газета експрес. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Од денес поевтини цени на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Од денес, според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се поевтинуваат за 1.50 денари и еден литар ќе се продава за 61.50 односно 63.50 денари.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58.50 денари.

Македонија | пред 7 години

KIR_0837

Вработените во Клинички најавија протест против одлуката на Шилегов

Вработените во Клинички центар преку социјалните мрежи го најавија утрешниот протест против денешната одлука на Советот на Град Скопје за наплата на месечна карта за паркинг. Тие велат дека доколку не биде исполнто нивното барање, од среда ќе започнат со блокирање на наплатните места за користење паркинг.„На инцијатива на повеќе од 200 вработени во Клинички, а со поддршка на Синдикатот, УТРЕ,11.12.( вторник) за време на законски предвидената пауза од половина час, од 10 до 10 и пол на ХЕЛИОДРОМОТ се одржува протест против одлуката на Советот на град Скопје за наплата на месечна карта од 850 денари за вработените од Клинички.Освен што покачувањето се одразува дирекнто на нашиот буџет, градоначалникот директно со лична изјава длабоко ни го повреди достоинството! Освен децидно неприфаќање на одлуката,, ќе понудиме предлози и здрави решенија во интерес наш , но и на пациентите! Нареден чекор, од задутре е блокирање на наплатните места за користење паркинг. Паузата е време во кое ќе покажеме дека нема повеќе да не цедите по џеб и навредувате како професионалци“, стои во објавата на Фејсбук.Денес светот на Град Скопје на седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг“, па така вработените во Клиничкиот центар наместо 300 ќе плаќаат 800 денари месечна карта за паркирање во комплексот на Клиничкиот центар. Според Шилегов зголемувањето на цената на месечната карта за вработените ќе придонесе да се намали сообраќајниот хаос. 

Македонија | пред 7 години

craina-i-NBRM-1

Царинската управа и НБРМ ќе ја интензивираат соработката и дигиталната царина

Средба на првите луѓе на Цринската управа и народната банка на Р Македонија, Ѓоко Танасоски и д-р Анита Ангеловска-Бежоска.Директорот на царинската упрва Танасоски и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска разговарале за тековната соработка меѓу двете институции, со акцент на новините што ги воведува Царинската управа со воведувањето на новиот систем за обработка на царинските декларации, во контекст на нивното користење како извор за изготвување на надворешните статистики.Поради воведените новини во работењето на двете институции, оценето е дека постои потреба од изготвување нов меморандум за соработка и нов протокол за размена на податоци.„На средбата беше изразено задоволство од придобивките од досегашната успешна соработка помеѓу двете институции“, вели Танасоски.

Скопје | пред 7 години

nikola-todorov

Кривична против Тодоров и Кралев, осомничени се дека го оштетиле Буџетот за 80.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против поранешните министри за образование Никола Тодоров и Панче Кралев и против И.Е. – поранешен советник за капитално инвестирање во Министерството и Н.Х. – овластен раководител на сектор во МОН под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетиле државниот Буџет за речиси 80.000 евра, пишува Фокус.„МОН во текот на 2009 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка склучило договор за градење со изведувачот ‘Конструктор инжинеринг’ АД Сплит за реконструкција и адаптација на Домот на АРМ во Охрид за потребите на Универзитетот за информатички технологии. Првопријавениот Н.Т. како министер за образование и наука имал обврска да ги почитува законските процедури наведени во договорот и да го заштити Буџетот на МОН. Второпријавениот И.Е. како советник за капитално инвестирање имал обврска, согласно условите и роковите наведени во договорот, да ја следи реализацијата на договорот за градење и да го известува министерот за образование и наука за текот на изведбата како и за сите настанати проблеми при изведбата. Пријавените и покрај тоа што биле свесни и запознаени за ненавременото извршување на работите од страна на изведувачот во текот на 2009 година не презеле активности за активирање и наплата како и не побарале продолжување на рокот за важност на банкарската гаранција за добро извршување на работите пред истекот на нејзината важност, спротивно на Законот за јавни набавки и договорот со изведувачот – се наведува во соопштението од Финансиската полиција.

Македонија | пред 7 години

kuce

(ВИДЕО) „Анима мунди“: Скопјанец среде бел ден му го застрелал кучето на соседот

Во сабота среде бел ден скопјанец застрелал куче за кое се грижел неговиот сосед во Трубарево со цел да го убие и со образложение дека му ги бркало кокошките. Со пушка го застрлал и оставил кучето да умре, објави „Анима мунди“.https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/510625749420889/„Погледнете го кучето – мало, сосем безопасно кутре кое одвај тежи 10 килограми, застрелано во глава и оставено да се влече и го испушти последниот здив. Неговата среќа во несреќа е што луѓето кои го вдомиле од улица и се грижат за него го слушнале истрелот, повикале полиција и веднаш излегле да го бараат, по што се обидуваат да го спасат. Снимката е вознемирувачка. Снимката е вознемирувачка, но неопходно е да се види со што се соочуваат животните секојдневно и во каква држава ние живееме, затоа што насилството врз нив не е исклучок, туку норма. Бараме најстрога кривична казна за сторителот на ова дело, затворска казна за него и секој друг кој ќе посегне со насилство врз животните. Очекуваме полицијата да постапи согласно пријавата од сопствениците и доказите кои ги затекнале на лице место, пушка која се користела и која освен по кучето е закана за безбедноста на секој поединец“, велат од „Анима мунди“.Оттаму додаваат дека се згрозени што злоставувањето на животните во нашата држава е зад секој агол и на секој чекор, за насилството се молчи или како по правило се неутрализира по важност.„Бараме итно Полиција за животни во Македонија или ополномоштена Служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните во Македонија составена од членови на здруженијата, љубители и активисти кои се единствени кои ваквите деликти ги истражуваат и пријавуваат, додека институциите постапуваат само реактивно, кога мораат – во спротивно одбираат да молчат. Тоа е концепт кој со години го предлагаме да влезе во Законот за заштита и благосостојба на животните, кој се игнорира а кој сега има вистинска можност да се дефинира во законот, бидејќи законот ќе претрпи ревизија и измени.Апелираме до граѓаните кои имаат сознанија за вакви или слични инциденти да пријавуваат во полиција или да не контактираат и ни го проследат секој можен доказ кој би помогнал да поднесеме тужби – на тој начин ќе придонесат ваквото грозоморие да запре.Следете го примерот на луѓето кои пријавија чија хуманост е спасот за ова куче“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија ќе дозволи ГМО храна, а истата е штетна за здравјето

Ќе се менува правилникот за генетски модифицирана храна со што ќе се дозволи да се прадава храна со минимални модификации. Агенцијата за храна и ветеринарство до Владата достави предлог Правилник за контрола на спроведување на забраната за производство, увоз и ставање во промет на ГМО храна. Со донесувањето на постојниот закон во 2013. Година, од АХВ било побарано да изготви правилник за поставување на систем за контрола,.Агенцијата за храна планира од септември да почне научна дебата за да се утврди дали има потреба од менување на постојниот Закон за продажба на ГМО храна.Во однос на случајот со генетски модифицираниот кочански ориз, в среда би требало да бидат готови резултатите од земените мостри. Од Државниот инспекторат за земјоделство информираат дека земени се мостри од два поголеми складови во кочанско.Дали точно знаеме што е ГМО?Генетски модифицираните организми може да се дефинираат како организми во кои генетскиот материјал (ДНК) е променет на начин кој не се јавува природно. Технологијата често се нарекува "модерна биотехнологија" или "генетски инженеринг". Таа им овозможува на избраните поединечни гени да се пренесат од еден организам во друг, исто така, меѓу несовршени видови.Како се спроведува проценка на безбедноста на ГМ храна?Проценката на безбедноста на ГМ храна главно се фокусира на: (а) директни здравствени ефекти (токсичност), (б) потенцијал да предизвика алергиска реакција (алергичност); (в) специфични компоненти за кои се смета дека имаат хранливи или токсични својства; (г) стабилноста на внесениот ген; (д) нутритивни ефекти поврзани со генетска модификација; и (ѓ) какви било несакани ефекти кои би можеле да произлезат од вметнувањето на генот.Каква е ситуацијата во Европа и светот?Во ЕУ не постојат специфицирани правила кои го утврдуваат етикетирањето на производите со ознаката ГМО-free. Единственото правило е производите да се во согласност со општите барања пропишани во законодавството кое го регулира означувањето на храната според Регулативата EC 1169/2011. ГМО-free производите мораат, исто така, да се во согласност со правилата за позитивно GMO означување, односно, да не содржат повеќе од 0,9% ГМО и тоа присуство треба да биде случајно или технички неизбежно (согласно Регулативата EC 1829/2003).Пристапот на одговорните институции кои ја контролираат безбедноста на храната по однос на ова прашање во различни земји членки на ЕУ е различен. Некои земји имаат донесено национална регулатива со која е прецизно дефинирана долната граница на детектирани ГМО во производот под која тој може да се смета дека е ГМО-free. На пример, Холандија и Швајцарија се најрестриктивни во однос на ГМО-free означувањето. Во овие земји, содржината на ГМО во производот треба да е < 0,1% за тој да може да се декларира дека е ГМО-free. Во Германија, националното ГМО-free лого ‘Ohne Gentechnik’ може да се користи за прехранбени производи кои содржат помалку од 0,1% ГМО.Од друга страна, Франција, Австрија, Хрватска, Грција и Луксембург имаат пофлексибилни правила и главно се придржуваат до границата од 0,9% ГМО. Во некои земји означувањето на производите е регулирано за закон, а во други има препораки и насоки за ГМО-free означувањето.

Македонија | пред 7 години

protesti-skopje

(ФОТО) Полицијата не му дозволи на демонстрант да блокира крстосница во Скопје

Попладнево објавена е фотографија на социјалните мрежи од денешните протести, која ја згрози јавноста. Имено, на фотографијата може да се забележи како човек кој е дел од демонстрантите, буквално е влечен од две унифомирани лица. Оваа фотографија предизвика лавина од коменатри на социјалните мрежи.„Се срамам, сакаме револуција, сакаме да падне Заев и оваа предавничка влада, ама од дома не излегуваме.Се срамам.....Овој човек на сликава, има поише храброст од сите ПАРТИСКИ к****** во државава.Ова е денес....Патриоти.....да си ја напикаме Патриотшината ...си знаете каде.Умрени сме, зомби, без осет, срам...најлош вид на народ..смрдлив народ.Копуци профитерски кои гледааат само личен интерес. Тоа сме...КУКАВИЦА НАРОД!!!“, стои во објавата на Фејсбук.Има коментари од типот, протститете се мирни, до оние  што толку направи овој човек за вака да биде извлечен од толпата? 

Скопје | пред 7 години

minister-pateka-1

Министерот Фазлиу и градоначалникот Стојаноски на разглед на патеката која води од саат кулата до Горна порта

Во рамки на работната посета на Охрид, Министерот за Локална Самоуправа Сухејл  Фазлиу и градоначалникот Јован Стојаноски беа на увид на патеката која од Саат кулата води   до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.Министерството за Локална Самоуправа за овој проект издвои четири милиони денари, а со свои средства учествуваше и општина Охрид.  Поплочените патеките се   со должина од 250  и 275  метри квадратни.Изведувач на градежните активности  беше  фирмата „Тане 2007“ од Охрид.

Македонија | пред 7 години

minister-gradonacalnik

Градоначалникот Стојаноски и министерот Фазлиу во посета на Градинката „Развигорче“

Градоначалникот на Охрид ,Јован Стојаноски заедно со Министерот за Локална Самоуправа  на Р. Македонија, Сухејл Фазлиу , градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески и претставници од Бирото за Регионален развој и   Центарот за Развој на Југозападниот плански регион попладнево  беа  на увид во детската градинка „Развигорче“ каде е извршена целосна реконструкција   на кровот.Градоначалникот Стојаноски се заблагодари  на Министерот Фазлиу и на Министерството за Локална Самоуправа со чија помош се реконструира кровот во градинката но и се изгради патеката од Саат кулата до Горна Порта.Изразувам  голема благодарност за посетата но и за сета онаа соработка што ние како општина ја имавме  со Министерот за Локална Самоуправа,  Сухејл Фазлиу со целокупното министерство и со органите коишто се во рамките на  министерството за Локална самоуправа. Со нивна помош во текот на 2018 година ние реализиравме два  конкретни проекти. Едниот е во детската градинка „Развигорче“, а другиот е изградбата на пешачката патека од саат кулата до Горна Порта  каде што се потрошени четири милиони денари, а во рамки на детската градинка два и половина милиони денари. Секако со свои средства  колку што беше потребно учествуваше и општина Охрид. Втората димензија на среќата којашто ја имаме во моментов е што  се надевам дека во текот на 2019 година   на територијата на општина Охрид  успешно ќе бидат реализирани четири до пет проекти кои ќе бидат од големо значење за потребите  на граѓаните. Приоритетите коишто и оваа година беа дефинирани остануваат исти, а тоа се најчесто поврзани со енергетската ефикасност во рамки на училиштата и детските градинки, изработката на основните проекти за изградба на улици и локални патишта. Тоа всушност се  најголем дел оние најнеопходни,  најитни но и најбитни проблеми на нашите граѓани коишто локалната самоуправа треба да ги решава. Уште  еднаш ја изразувам својата благодарност  до министерот за поддршката, а се разбира и до Владата којашто проценува дека  е потребно зголемување на средствата за регионален развој - истакна градоначалникот Стојаноски .Министерот за Локална Самоуправа,  Сухејл Фазлиу истакна дека ресорното министерство работи на континуирано зголемување на средствата кои ќе бидат наменети за реализирање на проекти  за рамномерен развој на општините.-Министерството за Локална Самоуправа  во рамки на финансирањето на проекти за рамномерен регионален развој оваа година имаше зголемување на средствата во однос на 2017 година за 50 %. Ме радува фактот што за наредната 2019 година ќе имаме зголемување за уште 50 % што во споредба со 2017 година средствата се зголемени за 100 % -   рече Фазлиу и посочи дека за наредната 2019 година министерството за Локална самоуправа планира да направи една евалуација на Законот за рамномерен регионален развој  со цел да се утврди колку законот ги има постигнато целите за кој е и создаден . 

Македонија | пред 7 години

makron

Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата, ќе предложи мерки во врска со намалувањето на даноците

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обрти вечерва на нацијата после повеќенеделните протести, кои беа проследени и со насилство, а американска агенција АП го поставува прашањето дали е предоцна за тоа!На консулатциите за излез од кризата се поканети 37 лица, меѓу кои и францускиот премиер Едуар Филип, 12 членови на неговата Влада, претседателите на двата дома на Парламентот, претставници на асоцијацијата на локалните власти и лидерите на главните синдикални федерации и на организациите на работодавачите.– Во овој тежок момент, што го преживува нацијата, претседателот истовремено ќе се консултира со политичките, локалните, економските и социјалните сили со цел да ги чуе нивниот глас и предлози и со задача да ги мобилизира за акција, се наведува во најавата на Елисејската палата за средбата.Протестите на „жолтите елеци“ започнаа кон средината на ноември со блокади на патиштата поради најавеното зголемување на таксите за горивата, но изминативе недели во неколку наврати прераснуваа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Свет | пред 7 години

dijaspora-2

Ќе се интензивира соработката во полето на дијаспората помеѓу Република Македонија и Романија

Денес во склоп на три дневната официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за Романците во странство, Наталиа Елена Интотеро.Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.Министерката Интотеро информираше дека на 18 март 2019 година, за времето на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја.Се предложи иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората.Министерот Адеми информираше за преземените активностите на Владата на Република Македонија околу дијаспората на нашата земја во светот, пред се во зачувувањето на идентитетот, јазикот, културата, традицијата и нивните можности за инвестирање во Македонија.Во рамките на соработката меѓу двете земји во областа на дијаспората беше договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво меѓу двете земји.Меѓу другото, за време на престојот во Букурешт, министерот Адеми оствари средби и со други асоцијации на Македонците и Албанците по потекло од Република Македонија, како и со Здружението на студенти од Република Македонија, кои студираат во Рoманија. 

Македонија | пред 7 години

zemjodelstvo

Во МЗШВ презентирана новата предлог Програма за следната година

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на Подсекторските групи за новата предлог Програма за директни плаќања во земјоделството 2019 година.На состанокот присуствуваа 50-тина преставници од земјоделски здруженија, стопански комори, компании од агро-секторот и надлежните институции. Овој состанок се одржува со цел да слушнат предлозите на сите чинители од секторот за земјоделство и ефикасно да се направи план за распределба на субвенции за мерките од земјоделските сектори.На состанокот од страна на претставниците на МЗШВ беше презентирана новата предлог Програма за следната година, со предлозите и планираните новитети од страната на МЗШВ.Дел од новините кои се предложени од МЗШВ се однесуваат на издвојување на оризот од досегашаната категорија на растително производство како посебна култура. На овој начин се зголемува субвенцијата за ориз од сегашните 6.000 денари по хектар за безсеменски ориз на 18.000 денари, а за семенски ориз од 12.000 денари на 30.000 денари по хектар за следната 2019 година.Во секторот градинарство, се воведува критериум за пријавување на збирни култури, односно при аплицирањето земјоделеците ќе ја прикажуваат збирната површина на различните засадени земјоделски култури.МЗШВ предлага промена на критериумот за приноси кај сончогледот, од сегашните 1.800 на 1.500 килограми, се со цел поголемо производство и искористеност на субвенцијата за површини засеани со сончоглед.И следната година МЗШВ ќе ја продолжи зголемената финансиска поддршка од 20 отсто кај растителното и 10 отсто кај сточарското производство за развојните категории на земјоделци.Овие предлози беа позитивно прфатени од Подсекторската група, чии што претстваници дадоа и свои предлози и сугестии кои ќе бидат разгледани од страна на МЗШВ.Субвенциите за мерките во предлог  Програмата за директни плаќања во земјоделство за 2019 година, се креирани така да овозможат развој на земјоделството, зголемување на површините и на производството и создавање на производи со поголема додадена вредност. Во следните денови Подсекторската група ќе одржат и посебни работни состаноци на кои ќе ги финализираат своите предлози и ќе ги достават до МЗШВ. Воедно Подсекторската група ќе одржи и работен состанок за предлог Програмата за рурален развој за 2019 година. Откако ќе бидат финализирани предлог Програмите за следната година, истите ќе бидат доставени на усвојување до Владата на Република Македонија.   

Скопје | пред 7 години

stomatolozi

Обезбеден буџет за исплата на стоматолозите специјализанти

Министерството за здравство информира дека обезбеден е Буџет за исплата на стоматолозите специјализанти и средствата се префрлени на Универзитетската клиника за стоматологија.Процедурата за согласноста за вработување со договор на дело, преку кој ќе се исплаќаат приватните специјализанти е завршена во Министерството за здравство и во законски определениот рок, Министерството за финансии ги одобри согласностите.Приватните специјализанти по стоматологија ќе бидат целосно исплатени ретроградно за нивниот вложен труд.Од министерството напоменуваат дека за приватните специјализанти предвиден е буџет и за наредната 2019 година, односно ќе бидат исплаќани и следната година. 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања