„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

min-pravda

70 години од Универзалната декларација за човекови права – правниците дискутираа за заштита и унапредување на човековите права

По повод 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права денеска се одржа конференција со наслов „70 години од Универзалната декларација за човекови права: Улогата на адвокатите за заштита и унапредување на човековите права“. Конференцијата ја организираше Адвокатската комора на Република Македонија, во партнерство со Амбасадата на САД во Македонија.Поздравен збор имаа претседателот на Адвокатската комора на РМ, Љубомир Михајловски, министерската за правда, Рената Дескоска и американскиот амбасадор Џес Бејли.Во поздравните говори беше истакнато значењето на Универзалната декларација за човековите права, која е донесена на 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание и која претставува своевидна меѓународна магна карта за сите луѓе во светот. Битката за човековите права, беше истакнато на конференцијата, е најсветата битка на секој од нас.Примарна цел на адвокатите е заштитата на човековите права, кои се гарантирани во домашното и конвенциското право и особено во Универзалната декларација, во која, меѓу другото, се пропишува:„Секој има право на живот, слобода и сигурност на личноста и сите луѓе се исти пред законот и имаат право на еднаква законска заштита. Сите имаат право на еднаква заштита од секаков вид дискриминација што ја повредува оваа декларација и од секакво поттикнување таков вид дискриминација.Секој кој е обвинет за казниво дејствување има право да важи за невин сè додека неговата вина не биде докажана во јавна постапка во согласност со законот, при што ги добива сите гаранции нужни за неговата одбрана.Никој не смее да биде казнет за дејство или потфат кои во времето на неговото изведување не претставувале казниви дела според националното и меѓународното право. Исто така, не смее да биде изречена потешка казна од онаа што се заканува во моментот на изведување на казнивото дело.“Министерката за правда на денешниот настан посочи дека целта на правдата секогаш се човековите права. Тие им даваат моќ на индивидуите и наметнуваат основни стандарди за вршење на државните активности. Власта, додаде Дескоска, е легитимна додека ги штити човековите права. И таа битка за заштита на човековите права не е битка само на власта, ниту на активистите, политичарите, партиите. Во таа битка мора да сме сите заедно, рамо до рамо.Министерката Дескоска испрати порака до сите граѓани на Република Македонија  цитирајќи ја „првата дама на светот“: „Човековите права треба да ги бараме насекаде околу нас, во домот, во соседството, во училиштето, на работното место. Тие се местата каде што треба да бараме еднаква правда, еднакви можности, почитување на достоинството без дискриминација. Ако човековите права не се почитуваат тука, во секојдневна средина во која живееме и работиме, тие го губат значењето. Ако не си ги обезбедиме правата во секојдневниот живот, залудно ќе бараме напредок во пошироката заедница, или ќе се бориме за прогрес во светот.“Конференцијата се заокружи со темата за правното зајакнување на маргинализирани заедници, за бесплатната правна помош  и за про боно заштитата, за кои говореше Нада Наумовска, постара програмска координаторка на Фондацијата Отворено општество. 

пред 7 години

skopje-blokirano-2

(ФОТО)Сообраќаен хаос во Скопје, градот е блокиран граѓаните нервозни

Низ центарот во Скопје во моментов скоро невозможно да се оди со автомобил. Огромни колони кај Рамстор, низ центарот, а неможе ни преку Водно. Тотално блокирано на сите страни. Возачите нервозни свират, но не се подмрдуваат од место.Инаку блокадите се поради протетсот на ,,Македонија Блокира”, кои најавија дека попладнево повторно ќе ги блокира улиците во центарот на Скопје. Како што најавија, од 16 до 18 часот ќе ја блокираат раскрсницата кај „Црвен Крст”, по што од 18 часот ќе започне протестен марш до Владата и враќање пред Собранието каде ќе има говори и блокирање на просторот пред Собранието.

Скопје | пред 7 години

27-mi-april-sudenje

Обезбедувањето на Чавков не се сеќава на детали од 27 ми април – тој сведочеше контра Нинџа

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за настаните од 27 април, по краткото одложување поради аларм за пожар во Кривичниот суд.  Денеска сведочеше Никола Димитриевски кој бил обезбедување на Митко Чавков на „крвавиот четврток“. Тој рече дека Чавков на 27 април не бил во ВМРО ДПМНЕ во 18 часот, како што сведочеше минатата недела Александар Василевски Нинџа.Според Димитриевски, Чавков во 18 часот бил во канцеларија која што ја имал во „Технометал Вардар“ и таму останал два часа. По ова, Чавков заминал во МВР каде што се задржал до полноќ, а потоа отишол во штабот на ВМРО ДПМНЕ за да се види со Тодоров.Александар Василевски Нинџа го испрашуваше Димитриевски при што го праша дали паркингот во Технометал  Вардар е ист со паркингот кој го користи ВМРО ДПМНЕ.Сведокот рече дека Технометал Вардар и ВМРО ДПМНЕ користат ист паркинг.Потоа и судијката Добрила Кацарска го испрашуваше Димитриевски, при што тој не можеше да се сети какви наредби давал Чавков.По неколку инсистирања на Кацарска, сведокот се сети дека го видел министерот Агим Нухиу, но не се сеќаваше дали разговарале Чавков и Нухиу. На прашање на Кацарска сведокот рече дека видел како дел од присутните во штабот зборувале на телефон или на радио врска, но не можеше да каже колку лица имало во просторијата. Кацарска го потсети дека претходно во своето сведочење пред судот појаснил дека кога стоел пред канцеларијата во Технометал Вардар каде што бил Чавков, просторијата била затворена со обична врата и дека слушнал се. На ова сведокот одговори дека од толку многу интензивни команди кои ги давал Чавков не може да се сети ниту на една.Кацарска продолжи да му укажува и да го потпрашува по што му рече: „Господине сведок, 11 години сте во МВР и сте професионалец, па која е причината што не можете да се сетите на дадените команди?“. Сведокот се оправда со тоа дека од настанот до денес поминало многу време.Кацарска го праша дали можеби чул разговор помеѓу Чавков и Агим Нухиу, на што сведокот одговори не може да се сети. Судијката по ова го потсети на тоа дека кажа оти 99 отсто од командите ги издавал Чавков па бараше од сведокот да посочи кому му ги издавал командите. Одговорот на ова беше: „На тогашниот началник Сашо Митевски кој ги пренесуваше на терен се до 20 часот“.Трајко Вељаноски утрово дојде да сведочи во Основниот суд, но судот го ослободи со образложение дека ќе биде повикан по паузата, но неговото сведочење во договор со судијката и адвокатите, останува за утре.

Скопје | пред 7 години

Kolinda-Grabar

(ВИДЕО) Колинда има желба да пее, ама не и глас!

На социјалните мрежи се споделува видео на кое хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ повторно пее. „Покрај тоа што пее, Китаровиќ и танцува со високо подигнати раце“, коментира порталот „ЦДМ“.Во продолжение веселата претседателка:https://twitter.com/Cvrle1977/status/1071338523746320384?fbclid=IwAR2N0Qj-MhHsDjv-FokaFYjrx-R3n81q8tdnM5A5-mFKzbRvknRINQnl13U 

Магазин | пред 7 години

svr

Гостиварци ја киднапирале роднината и ја криеле во мотел

Двајца гостиварци се приведени и задржани во полициска станица под сомнеж дека противправно лишиле од слобода нивна роднина.Според СВР Тетово, 30-годишната гостиварката Џ.С. синоќа околу 21 часот пријавила дека е противправно лишена од слобода во соба на мотел во Гостивар. По пријавата, приведени и задржани се нејзините роднини 32-годишниот А.А.  и 40-годишниот Б.О. , двајцата од Гостивар. Тие со осомничени поради нивна инволвираност во противправното лишување од слобода.Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и под какви околности се одвивал настанот.

Македонија | пред 7 години

2

Затвореници од Идризово бараат амнестија, иста како онаа на обвинетите за 27 април

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија што се подготвува, а со кој ќе се ослободат од вина само осомничените и осудените лица кои упаднаа во Собранието на 27 април. Затворениците со писмо ја известиле и управата на затворот „Идризово“, а велат дека ќе бидат поригорозни доколку Владата не одговори на нивното барање за општа амнестија.„Почнуваме со дводневен предупредувачки штрајк со глад бидејќи и покрај сите барања до Владата и премиерот досега не добивме одговор во врска со законот за амнестија, кој е во најава. Бараме општа аменстија за сите дела кои ги дозволува Уставот, исто така и статусот на доживотно осудените да се промени во бројка што е во склад со европските закони. Доколку во следните два дена не добиеме конкретен позитивен одговор од страна на Владата и работното тело за помирување, ќе продолжиме со штрајкот со глад и ќе организираме мирни протести со нашите фамилии пред Владата“, пишува во писмото испратено до директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски.

пред 7 години

47349077_348196919302118_5519264864939278336_n

Синдикатот на вработените во Клинички центар: Зголемувањето на цената на паркингот ќе го намали процентот на покачување на платите

„Планираното покачување на паркинг местото во кампусот клиники “Мајка Тереза“ за 500,00 денари месечно со кое истото ќе изнесува 850,00 денари месечно, најмногу ќе ги погоди вработените од социјално најранливата категорија, чија бруто плата изнесува 17,883.00 денари, односно 12,503.00 денари нето плата, реалниот месечен приход со кој располагаат. На овој начин, оваа социјално најранлива категорија вработени треба приближно еден месец во годината да работи за да го плати паркинг местото на своето возило за време на извршување на своите работни обврски.Истовремено, доколку Советот на град Скопје го изгласа овој предлог на ЈП “Градски паркинзи“ и истиот почне да се применува, планираното покачување на платата на оваа категорија вработени од 5% за 2019 година, почнувајќи со септемвриската плата само по овој основ, практично се сведува на 0%.Дали надлежните институции кои управуваат со паркингот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје сметаат дека оваа социјално најранлива категорија вработени нема право со возило да оди на своето работно место.Предложеното покачување на паркинг просторот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје ќе се одрази и во намалување на планираниот процент на покачување на платите за 2019 година и на сите други профили вработени во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје.Искрено верувавме дека со планираната изградба на катните гаражи за паркинг, вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје ќе имаат картички со бесплатно паркинг место, соодветно на праксата во болниците во развиените земји, како и во приватните болници во Република Македонија.Синдикатот на клинички центар го повикува Министерот за здравство, г-динот Венко Филипче со својот личен и со авторитетот на институцијата која ја претставува да го реши овој новонастанат проблем во полза и корист на вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје чии интереси ги застапува во рамките на своите надлежности.Доколку истото не се случи, и Советот на град Скопје го изгласа предлогот на ЈП “Градски паркинзи“, Скопје, Синдикатот на клинички центар ќе биде принуден да превземе соодветни мерки за да ги заштити правата и интересите на своето членство“, стои во соопштението од Синдикатот на вработените во Клинички центар.

Македонија | пред 7 години

skopje-east-gate-1

Напролет почнува изградбата на Skopje East Gate

Проектот „Скопје Ист Гејт“ напролет ќе почне да се гради преку реализација на првата фаза, која што опфаќа изградба на трговски центар и четири станбени згради. Албанската групација „Балфин“ планира да инвестира 90 милиони евра во нов шопинг мол во Скопје, со вкупна површина за издавање (GLA) од 53.000 метри квадратни. Комплексот ќе се гради на местото на постоечките хали од Скопскиот саем. Трговскиот центар и четирите станбени згради според планот треба да бидат завршени до крајот на 2020 година, објави build.mk.Албанската групација „Балфин“ планира етапно да го гради мултифункционалниот комплекс на локацијата што зазема површина од 155.000 метри квадратни. Очекувањата на инвеститорот се дека во новиот трговски центар ќе функционираат околу 250 продавници и дека ќе привлече неколку брендови кои во моментов не се присутни на македонскиот пазар.Објектот на трговскиот центар ќе има два ката и подземен паркинг. Првата фаза од реализацијата на проектот ја подразбира и изведбата на четирите станбени згради, кои ќе понудат 670 станови на домашниот пазар на недвижности. Изградбата на целокупниот комплекс „Скопје Ист Гејт“ ќе се одвива во период од пет до седум години. Проектот вреден 350 милиони евра ќе овозможи изградба на 10 згради за колективно домување со 1.600 станови, пет бизнис центри со предвидена нето површина од 66.000 метри квадратни и трговски центар со површина за изнајмување од 53.000 метри квадратни.Извор: build.mk 

Скопје | пред 7 години

soopstenie-javna-diskusija

Третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени

Третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени се одржа во  Македонската академија на науки и уметности.„На третата јавна дискусија академик Владо Камбовски во обраќањето рече дека Договорот од Преспа е заснован на европски начела, вредности, почитување на трајното пријателство и човековите права, додавајќи дека уставните измени треба да се гледаат во контекст на елементите кои се содржани.Камбовски се задржа и на, како што рече, неколку императивни елементи, набројувајќи ја промената на официјалното име, решение кое го оцени како компромис кој ги балансира интересите на двете држави, а притоа не го оспорува националниот идентитет. Тука Камбовски подвлече дека во историјата, Македонија била и Демократска, Народна, Социјалистичка. Потоа, Академикот во врска со формулацијата за државјанство, ја оцени одредницата „граѓани на Република Северна Македонија“ како исправна формулација за уредување на статусот на граѓаните и особено дефинирањето на македонскиот јазик како официјален јазик.Професорот Камбовски на дебатата ја начна и темата во врска со наоѓање решение, во случај да се јави ситуација како сегашната, кога Претседателот на државата не го потпишува Указот за Законот за ратификација на Договорот, кој веќе два пати е изгласан од пратениците и помина во Собранието на Република Македонија.Професорот Светомир Шкариќ во своето излагање се задржа на предлогот, Договорот од Преспа да се смести во посебен амандман и да биде дел од уставниот поредок на Република Македонија, со што би се обезбедиле импликации врз уставните норми и правниот систем. Дел од сугестиите на Професорот се однесуваа на амандманот 34, предлагајќи одлуките на АСНОМ да останат такви какви што се и да се додадат зборовите „забележани или запишани во Прогласот“.Според Шкариќ, уставните измени се многу полесни од тоа што изгледа и додаде дека тежината е поврзана со политичкиот процес, договорот на двете Влади.На јавната дискусија, беа отворени и прашањата како да се регулираат интересите на македонските државјани во дијаспората, се слушаа различни мислења за тоа дали треба или не треба да се набројуваат другите етнички заедници по однос на дијаспората, како и прашања кои би се отвориле во периодот по стапувањето во сила на Законот за Договорот од Преспа, а кои се однесуваат на истражувања во научната дејност.Дебатите за уставните измени, организирани од Владата како овластен предлагач на истите, продолжуваат во понеделник во Штип и Тетово“, се наведува во соопштението на Владата. 

Скопје | пред 7 години

pomiruvanje

Работната група за помирување денеска ќе го одржи вториот состанок

Работната подгрупа за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи вториот работен состанок.Работната подгрупа за помирување има задача да го подготви законското решение за помилувањата и националното помирување, додека останатите две групи формирани во рамките на Координативното тело за помирување, се за интеграција и реформи.Законско решение е најавено дека ќе биде готово до петок. 

Скопје | пред 7 години

han

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порача утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ рече дека не верува дека Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан одговори „се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот Парламент“.Хан изјави дека со министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска минатата недела разговарале за „патот напред“ за Преспанскиот договор во наредните недели, како и за реформите кои треба да се спроведат за Македонија да добие позитивен извештај од Европската Комисија.

Свет | пред 7 години

makraduli

Загадениот воздух ќе се исчисти за две години, оти таков е планот на Макрадули

Планот кој го донесе Владата за чист воздух е програма со дефинирани конкретни мерки и активности кој ќе се справи со аерозагадувањето, изјави Јани Макрадули на денешната прес-конференција.„Планот е кредибилен и истиот е направен врз база на искуства, со помош на експерти. Од Шведска имаат предложено буџет од 2,5 милиони евра кои ќе ги покрие сите оние мерни инструменти кои во моментов не работат, ќе ги аппдејтираат и ќе ги надградат застарените“, изјави Макрадули.Тој додаде и дека во наредните две години се очекува загадениот воздух да се намали за 50% доколку се исполнат мерките.„Замената на нееколошките средства за затоплување најбрзо можат да донесат резултат намалување на загадениот воздух. имаме неколку решенија каде што се заменуваат старите печки на нафта и мазут. Ова не е само еколошко, туку и економско прашање“, додаде Макрадули.Според Макрадули четири различни анализи од различни држави и експерти покажале дека загревањето на домаќинствата учествува со над 40 отсто во загадувањето.Владината програма инаку предвидува со закон да се забрани јагленот како извор на затоплување. Макрадули ги повика невладините еколошки организации да се вклучат во реализирање на владината програма како би се убедиле граѓаните да користат еколошки извори на загревање.„Има примери во Европа каде невладините организации тропале од врата на врата и им укажувале на граѓаните дека јагленот е штетен за нивините деца. Забраната на јаглен е драстична, но корисна мерка, која треба да се искористи за заштита на животната средина“, рече заменик министерот.

Македонија | пред 7 години

monstrum

Лекари од Судска медицина и балистичари ќе даваат исказ за „Монструм“

Ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, ќе биде одржано денеска во Кривичниот суд. Вкрстено ќе бидат испрашувани лекари од Судска медицина и балистичари.Семејствата на убиените момчиња и рибарот најавија дека нема да присуствуваат на денешното рочиште, зошто тоа е многу болно за нив и не ќе може да ги следат исказите.На претходно рочиште сведочеа вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на предметен материјал. Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.    

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Законот за амнестија не ги опфаќа само пратениците

За кои учесници во настаните во Собранието на 27 април ќе важи законот за амнестија составен од подгрупата за помирување?Според најавите, нацрт-текстот предвидува дека насилниците, нарачателите и организаторите на насилството нема да бидат опфатени со амнестијата.Дали, всушност, законот се крои за да бидат амнестирани само пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени? Од СДСМ негираат.„Апсолутно не го стеснуваме кругот. Нашиот став како СДСМ е дека треба да се направи јасна дистинкција помеѓу она што значи нарачатели, она што значи организатори и она што значи извршители“, рече Костадин Костадинов – порпарол на СДСМ.Но, Костадинов не кажа како и во која група би биле сместени пратениците кои ги отворија вратите на Собранието – чин по кој се случи крвавото насилство.„Секако оставаме на телото за помирување да излезе со јасни насоки како ќе се направи таа дистинкција. Мора да внимаваме на таа тенка линија за на ниту еден начин не извршиме упад во одлуките на правосудните органи“, додава Костадинов.Од опозициската ВМРО ДПМНЕ, пак, ќе изградат став откако ќе го видат нацрт-законот.„Лично јас го немам погледнато нацрт-текстот кој произлезе од телото за помирување. Би почекал сите заедно да го видиме текстот па би искоментирал кој ќе биде ставот на ВМРО ДПМНЕ“, рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО ДПМНЕ.Како што дознава Алсат, нацртот ќе биден разгледан утре на состанокот на подгрупата, а потоа и од Интерпартиското парламентарно тело за помирување, интеграција и реформи.Со предвидените одредби, обвинетите ќе имаат можност да се произнесат дали ја прифаќаат амнестијата или сакаат врз основа на принципот на пресумпција на невиност да продолжи нивното кривично гонење.

Македонија | пред 7 години

48145175_1853060911490020_4105520596425637888_n

(ВИДЕО) Полицијата присилно ги тргна демонстрантите кои протестираа на раскрсницата кај Црвен Крст во Скопје

Полицијата присилно ги тргна демонстрантите кои протестираа на раскрсницата кај Црвен Крст во Скопјеhttps://www.facebook.com/1VidiVidi/videos/580420102387929/?t=105 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања