„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

data-viz-korupcija-MK1

Додека се гради нов антикорупциски систем, Македонија „се снаоѓа“

МВР, кое треба да гони корупција, е разорена институција и и треба реформа, тврди Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. Антикорупциската комисија, со години обвинувана за партизираност, и формално не функционира од крајот на март.По две кривични пријави за примање и за давање поткуп бил резултатот на Македонија во борбата против корупцијата минатата година, покажуваат податоците на МВР. Тоа е најслаб резултат на полицијата во гонење на тоа кривично дело, а лани бил најслаб резултатот и во откривање на другите кривични дела од областа на организираниот криминал – трипати помалку од 2010 и три и пол пати помалку од 2015 година.– Во Македонија многу повеќе криминал открија истражувачките новинари и истрагите на СЈО, отколку државните органи задолжени за тоа, пред се МВР, институција која треба да се бори против корупцијата и криминалот. МВР е разорена институција. Таа е комплетно надвор од системот за борба против корупцијата – смета Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, поранешен министер за внатрешни работи и долгогодишен оперативец во МВР.Минатата година полицијата открила и помалку кривични дела „злоупотреба на службената положба“, „даночно затајување“ и „фалсификување исправа“.Трајанов смета дека на МВР му е потребна темелна реформа.– Не можат само да се правдаат дека чекаат наредба од јавен обвинител. Во МВР има неколку илјади луѓе со многу високи плати и треба да се изборат со корупцијата. Се истражува, се пишуваат колумни, но додека отсуствува ефикасна борба против корупцијата од надлежната институција, тешко дека може да се постигне позначаен резултат – смета Трајанов.Состојбата наскоро ќе се смени, убедена е власта, пред се со новиот закон за спречување корупција, кој е во собраниска процедура.– Наскоро целиот институционален и законски систем за превенција и борба против корупција ќе биде во функција, а во меѓувреме го правиме тоа што можеме – рече премиерот Зоран Заев на отворањето на конференцијата „За општество ослободено од корупцијата“.Заев нагласи дека еден од приоритетите на Владата е транспарентното водење на политиките, правилното функционирање на судскиот систем, ефикасна борба против корупцијата, но и почитувањето на човековите права.– Веќе се разгледуваат резултатите од имплементацијата на нашиот концепт за отворена и транспарентна Влада. Според индексот на отвореност Владата како централно-извршно тело е на прво место во регионот со 76 отсто исполнување на индикаторите – рече Заев и додаде дека ова го потврдило истражувањето за отвортеност на институциите за извршаната власт во ЈИЕ и во Македонија.Ефикасноста на полицијата и работата на Државната комисија за спречување корупција, меѓу другите фактори, се одразуваат и на Индексот за перцепција на корупција, што од 1995 година го објавува „Транспаренси интернешнел“, според кој Македонија минатата година, со индекс 35 била најслабо рангирана од 2010 година. Македонија лани се пласирала во ранг на Виетнам и Етиопија.Индексот рангира 180 земји и територии според забележаното ниво на корупција во јавниот сектор. На скалата индексот 0 е многу корумпирана, а 100 е земја чиста од корупција. Минатата година две третини од земјите имале индекс понизок од 50. Највисоко котирале Нов Зеланд и Данска со индекс 89 и 88, и регионот на Западна Европа. Најлоши региони биле Подсахарска Африка и Источна Европа (просечен индекс 34).

Македонија | пред 7 години

brza-pomos

Министерството за здравство не кажува кој ќе ја прави физибилити студијата за Брзата помош

Министерството за здравство веќе две недели одбива да каже, кои компании ќе ја изработат физибилити анализата за изборот на моделот на функционирање на Итната медицинска помош, иако тоа беше ветено од министерот за здравство, Венко Филипче, пишува „Порталб.мк“.На прашањето на Порталб.мк за тоа „Кои компании ќе ја спроведат физибилити анализата за Итната помош“, министерот Филипче објави дека „има три компании, но дека имињата ќе ги објави неговиот кабинет.”Од неговиот кабинетот веќе две недели не одговараат, со образложение дека не ги знаат имињата, и дека не се запознаени за ветувањето на министерот.„Знаеме дека министерот вети дека ќе ви ги даде имињата на компаниите, но ние не знаеме“, ни рекоа од кабинетот на министерот.По отворањето на повикот за физибилити анализа, во јавноста имаше бројни реакции, во кои се оценува дека еден таков потег ќе ја уништи здравствената заштита во Македонија.Додека се прават обиди за приватизација на Итната медицинска помош, Министерството има набавено 12 амбулантни возила.  Проблемот со Итната медицинска помош е загрижувачки, бидејќи не се раководи од една институција која има апсолутна одговорност кон неа.Таа функционира во рамките на Здравствените домови, а овие пак не се транспарентни да разговараат и да ги обелоденат податоците, начинот на користењето како и за самите медицински услуги.Медицинската помош во Македонија функционира со стари и амортизирани возила, а истовремено нивниот број не соодветствува со бројот на жители во одредени градови. Имало случаи во таквите возила, луѓето да ги изгубат своите животи.За да се избегнат ваквите ситуации, Министерството за здравство вети замена на амбулантни возила врз основа на помината километража, со што не се согласуваат автомеханичарите, бидејќи тие бараат замена на возила врз основа на километражата во градовите надвор од Скопје, додека во Скопје, тоа треба да се прави врз основа на употребливоста.

Македонија | пред 7 години

grujoski-so-logo

(ВИДЕО) Груевски снимен во кафана, во друштво со неколку лица и возач

Унгарскиот интернет портал „24.ху“ го улови експремиерот Никола Груевски во познат унгарски ресторан, каде бил во друштво на 4 лица, а имал и возач. Новинарите му поставија неколку прашања, но не добија конкретни одговори.Инаку Груевски веќе еден месец е во Унгарија. Унгарските институции се уште молчат за барањето на македонската Влада за екстрадиција на поранешниот македонски премиер.Груевски замина од Македонија во моментите кога требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот со набавка на луксузниот мерцедес.„Правно гледано, спецификата во овој случај е во азилот”, посочуваат од Министерството за правда, нагласувајќи дека лицето, кое и да е, се додека има меѓународна заштита не може да биде екстрадирано во матичната земја.Во случајот со Груевски, според постапките за азил на Унгарската канцеларија за имиграција на секои три години повторно се разгледува статусот на секој кој добил азил во Унгарија. Да видиме дали ќе се чека толку време за преиспитување на азилот и за поранешниот македонски премиер, кој има блиски пријателски односи со актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан.Министерството за правда на Република Македонија барањето за екстрадиција го поднесе на 20 ноември оваа година до надлежното унгарско Министерство за екстрадиција, но истиот ден Груевски во статус на својот Фејсбук профил објави дека добил политички азил во Унгарија.

Македонија | пред 7 години

pravda-1

Успешната борба против корупцијата е суштински услов за создавање пристоен живот во Македонија

Корупцијата ги засега сите и доведува до слаби институции, непочитување на човековите права, неправда, организиран криминал, нестабилност, небезбедност, незадоволство, нетрпеливост, гнев, изгубен просперитет, загрозена животна средина.Министерката за правда, Рената Дескоска денеска се обрати на конференцијата посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата насловена „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“, која се одржа денеска во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, со поддршка на УСАИД. Во прилог го пренесуваме интегрално обраќањето на министерката Дескоска:„Темите поврзани со борбата против корупцијата се особено значајни во процесот на реформи кои се одвиваат во Република Македонија.Пред неколку години, како опозиција, се осмеливме и обелоденивме бројни корупциски скандали кои силно одекнаа и ги охрабрија граѓаните да побараат смена на власта. Бескомпромисната борба против корупцијата беше едно од нашите клучни, ако не и најважно изборно ветување. Оваа борба не завршува со борба против корупцијата од минатото, туку треба да продолжи и со борба против евентуална корупција денес и во иднина – како што им ветивме на граѓаните. Борбата против корупцијата не познава поделби на наши или ваши, туку на чесни и нечесни, на оние кои ќе работат во интерес на граѓаните и владеењето на правото, и оние кои тоа не се.Бескомпромисна борба против корупцијата ќе постигнеме само со независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со непартизирана антикорупциска комисија и со капацитетни институции.Сите реформи коишто ги водиме во Министерството за правда се во насока на создавање силни и независни институции и механизми за борба против корупцијата.Тоа го правиме преку реформирање на трите столба за борбата против корупцијата: Судството, обвинителството и антикорупциската рамка.Како што е забележано со „извештајот на Прибе“, во антикорупцискиот систем постојат слабости кои се однесуваат на регулаторни и институционални капацитети на сите нивоа и постојат перцепции за политички именувања и назначувања со цел контрола на независните тела од страна на политичките партии.Експертите укажуваат на потребата ДКСК да биде зајакната за да ги остварува свои надлежности за борба против корупцијата без политички влијанија.За таа цел, работна група формирана од Министерството за правда, изготви нова антикорупциска рамка: Предлог на закон за спречување на корупција и судир на интереси, користејќи како основа нацрт текст изработен од страна на експерти во рамки на проект на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).По спроведувањето на консултативниот процес, Предлог законот од ноември месец оваа година, утврден од Владата во ноември оваа година, е во собраниска процедура.Во меѓувреме, овој Закон го пративме на експертска евалуација од страна на експерти од Европската унија, и добивме сериозни укажувања дека станува збор за подобрена законска рамка којашто покажува посветеност на Владата во создавање на правни норми коишто ќе дадат можност за создавање на капацитетни институции во борбата против корупцијата. Одредени сугестии коишто се дадени за подобрување на законската рамка во текот на собраниската процедура ќе бидат имплементирани преку амандмани од страна на пратениците.Со одредби од Предлог законот, се адресираат добиените препораки кои се однесуваат на условите за избор, именување и разрешување на претседателот и членовите во состав на ДКСК, развојот на анти-корупциската програма и пријавувањето и проверката на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица.Се предлагаат зајакнати услови за избор и именување на претседателот и членовите на ДКСК и јасни услови за престанок на мандатот и разрешување на претседателот и членовите на ДКСК. Еден од условите за избор на претседател односно член на ДКСК е лицето во последните десет години да не било пратеник, член на Владата, да не било донатор на политичка партија или да не вршело функција во органи на политичка партија. Со тоа ја покажуваме волјата и желбата за целосна департизација на овој орган.Се предвидува транспарентна постапка за избор на кандидати за претседател и членови на ДКСК, во која се вклучуваат како учесници во интервјуто претставници на Народниот правобранител на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, Интеруниверзитетската конференција, здруженија на новинари, други здруженија и фондации. Целта е преку еден транспарентен процес да се изврши евалуација на кандидатите коишто се пријавиле да бидат членови и претседател на оваа антикорупциска комисијаПонатаму, се предлага зајакнување на надлежностите на ДКСК, особено со воведување на надлежноста за следење на законитоста на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи и пристап на ДКСК до разни бази на податоци коишто постојат во различни институции со цел самата да може преку вкрстување на тие податоци да ја следи имотната состојба на функционерите и политичките партии и ова е еден од аспектите коишто особено се потенцира како позитивен во извештајот којшто го добивме од страна на европските експерти.ДКСК, како специјализирана независна институција за превенција на корупцијата, е само една од позначајните специјализирани институции од анти-корупциската институционална рамка во Република Македонија.Покрај улогата на ДКСК, во рамките на реформите коишто ги водиме земаме предвид дека одредени позитивни исчекори коишто беа направени во изминатиот период од страна на одредени институции треба да бидат зачувани и поддржани и овде најмногу мислам на СЈО, но и добрите искуства од градењето на оваа институција во нејзиното функционирање да бидат пресликани и пренесени во другите јавни обвинителства со цел да создадеме повеќе капацитетни институции во борбата против корупцијата.Во тој дел, веќе се објавени Законот за СЈО и Законот за Јавното обвинителство и ирелевантно е дали ќе биде еден или два закони, она што е битно е надлежностите коишто ќе бидат предвидени и трајноста на органот којшто треба да води ефикасна борба против корупцијата.Од исклучителна важност се воведувањето на стандарди во управувањето, спроведувањето на работните процеси и давањето на услуги за граѓаните, јакнењето на свеста за превенција на корупцијата и судирот на интереси, како и унапредувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите.Во рамките на борбата на корупцијата, можеби не се перцепира како тесно поврзан, но за мене е исто така значаен Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата.Во овој Закон, се предлага намалување на исклучоците од слободен пристап до информации и скратување на рокот за одговор по барање за информации, бидејќи некогаш закаснетата информација значи губење драгоцено време за реакција во одредени ситуации. Исто така, ги вклучуваме на политичките партии како иматели на информации во делот на нивните приходи и расходи и трансформација на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во Агенција којашто покрај останатите надлежности ќе има надлежност да води прекршочна постапка и да изрекува прекршочни санкции за прекршоците утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.Свесни сме дека успешната борба против корупцијата е формален услов за пристапување во Европската Унија, и во таа насока имаме партнери во Европската унија. Но, она што сме уште повеќе свесни е дека од формалните услови од Европската унија зависат суштински услови за создавање пристоен живот во Република Македонија, за враќање на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите, бидејќи граѓаните се оние коишто првенствено ја дале довербата на политичките партии да ги водат институциите и затоа треба да создадеме капацитетни институции во коишто граѓаните ќе веруваат без оглед која политичка партија е на власт“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Починато новороденче донесено во Поликлиника во Шуто Оризари, случајот пријавен по две недели

Вчера утрото во 09.20 часот од Поликлиника „Интер-Гин“ во населба Шуто Оризари, пријавиле дека во 08,50 часот кај нив Ф.Д.(26) донел починато новороденче родено на 29.11.2018 година.По наредба на Јавен обвинител се извршува обдукција.

Скопје | пред 7 години

pozar

ОЈО донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица - со пожар предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од чл. 292 ст.1 во врска со чл.288 ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.Надлежниот јавен обвинител утврди дека постои основано сомнение дека лицата како соизвршители на 26.11.2018 година со пожар предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на објектот – индивидуална станбена куќа и ресторан во сопственост на оштетениот.Осомничените набавиле едно шише запаллива течност. Потоа едниот осомничен чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот. Се работи на утврдување на мотивите за извршување на кривичното дело.Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на страв од бегство и на страв дека осомничените можат да ги сокријат трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица.

Скопје | пред 7 години

javno-obvinitelstvo-skopje

ОЈО: За две недели ќе има информации од истрагата за бегството на Груевски

Јавното oбвинителство во наредните две недели ќе излезе со информации за резултатите од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и начинот на кој ја напуштил земјава. Наредната недела претставници од Обвинителството ќе одат во Црна Гора да ги земат видео материјалите поврзани со овој случај, а од Албанија се бара и таа што поскоро да ги достави материјалите со кои располага.– Добивме информација од колегите од Црна Гора дека ги прибрале сите снимки кои ни се потребни и во понеделник или вторник ќе одиме да ги преземеме. Колегата вчера ургираше во Албанија да ни се достават што поскоро материјалите што тие ги имаат, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска одговарајќи на новинарски прашања пред одржувањето на конференцијата поврзана со борбата против корупцијата.Таа додаде дека прегледувањето на снимките што ги имаат е веќе при крај и најави дека очекуваат во наредните две недели да излезат со соопштение за резултатите од предистражната постапка.Во врска со фотографијата на Никола Груевски што беше објавена вчера во медиумите и по социјалните мрежи, Русковска истакна дека најверојатно ќе преземат активности да видат од каде потекнува и кој ја сликал. Со оглед на тоа што на неа покрај Греувски, за кој се тврди дека е сликан во Будимпешта, е препознат и еден од обвинетите за случајот на СЈО „Насилство во општина Центар”, Рускоска истакна дека во Обвинителството ќе бидат повикани сите за кои се смета дека можат да дадат одредени информации во врска со бегството на Груевски.-Ние и досега имаме сослушано од неговото обезбедување така што ќе продолжиме во таа насока, рече Рускоска.Министерката за правда Рената Дескоска рече дека засега немаат ништо ново во врска со барањето за екстрадиција на Груевски од Будимпешта, каде што унгарските власти му дадоа политички азил.Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија.

Скопје | пред 7 години

IMG-23374af25a284f491181c2611aa7e901-V-960x720

(ФОТО) Скопје преплавено со транспаренти со пораки против Владата предводена од СДСМ

Низ цело Скопје утрово осамнаа транспаренти на речиси сите поголеми раскрсници. На нив, граѓаните упатуваат пораки до Владата предводена од СДСМ.Имено, на платна е испишано дека СДСМ и Зоран Заев се црнилата во Македонија.Оваа кампања следува откако веќе две недели, опозициската ВМРО-ДПМНЕ носеше и оставаше разни предмети пред повеќе државни институции, тврдејќи дека тие се „зацрнети“.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во низата митинзи кои ги одржа, се осврнуваше на зборот „црнила“, но и на тоа дека кога тие ќе дојдат на власт ќе огрее „нова зора“.

Скопје | пред 7 години

94-_45244979442_o

Денеска 108 – ма седница на Влада

На дневен ред на денешната 108-ма владина седница се пакет закони предложени од Министерството за правда. Министрите ќе одлучуваат за Предлог-законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на Законот за судовите, Законот за Судскиот совет, Законот за извршување на санкциите и за Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за прекршоци.Владата денеска ќе ја разгледа и информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на законот за поштенски услуги.За седницата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја предлага информацијата за распишување на јавен повик за прибирање на понуди за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари, со предлог-решение. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Газдата на скопската менувачница кој уби двајца разбојници нема да биде гонет за убиство

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против едно лице, бидејќи постојат други околности што го исклучуваат гонењето, односно правото на нужна одбрана согласно чл.9 од Кривичниот законик, објави курир.мк.Против лицето, од страна на МВР – СВР Скопје, беше поднесена пријава за кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.3 од Кривичниот законик за настанот кој се случи на 27.11.2017 година во менувачница во Кисела Вода. Пријавениот, инаку сопственик на менувачницата, со пиштол кој го поседувал со дозвола, лишил од живот две лица кои насилно влегле, му се заканиле вооружени со пиштоли, му нанеле повеќе удари во пределот на главата и грбот и се обиделе да извршат кривично дело разбојништво во менувачницата.Во текот на постапката, меѓу другите докази, беше прибавен и вешт наод и мислење за пресметливоста на осомничениот, во кое беше констатирано дека тој бил психофизички здрав и пресметлив, но дека во критичниот момент кај него се развил интензивен страв за сопственото здравје и живот, кој кулминирал кога двете лица влегле зад пултот на менувачницата и започнале да вршат физичко насилство врз него. Од анализата на сите докази прибрани во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител оцени дека осомничениот немал претходно формирана намера некого да лиши од живот, туку делувал исклучиво во нужна одбрана, со цел да го заштити својот живот, своето здравје и имот.Притоа, одбраната била преземена во истиот момент кога бил и нападот и таа е сразмерна на нападот, со што се исполнети елементите на институтот – нужна одбрана, кој не дозволува лицето да биде гонето за кривично дело убиство.Извор:курир.мк 

Скопје | пред 7 години

najcevska

Најчевска на ФБ: Протуѓер нема да биде гонет за криминал, а Паца од Долногаштани ќе ја даде целата своја пензија и уште 5 наредни за долг од 50 денари...

„Протуѓер нема да биде гонет за криминал направен од позиција на државен функционер во случај со вредност од 5 милиони евра. Делото застарело.Паца од Долногаштани ќе ја даде целата своја пензија и уште 5 наредни за долг од 50 денари за неплатена вода, затоа што нејзиниот страшен криминал никогаш нема да застари.  Срам да ви е социјалдемократи. Не променивте, само заменивте“, напиша на својот Фејзбук профил професорката Мирјана Најчевска.По овој пост на Најчевска следуваа низа коментари.Има коментари од типот:Навистина жалосно за народот, тојсекогаш го извлекува најдебелиот крај. Или ...Мирјана, проблемот е во сите коалициони партнери кој биле со власта и кој заради ситни интереси по 1-2 директорски места овозможувале на партиите креатори на политиките да прават “ршум“ од правни дубари, преку носење закони или не постапување.Подржувачите на СДСМ пак коментираат .. СДСМ продолжете да правите грешки  и одстапки нерачунајќи дека избледувате како политичка партија.Други пишуваат : Нема промена, само замена. Ништо од никоја партија обичниот граѓанин не доби, само губи, наздравје гласачи...Други напишале: Апсолутно не е в ред!!Подржувачите пак на опозицијата со друг став: Кога ние ќе дојдеме на власт „Ние што не забораваме “, ќе уведиме закон по кој за над 100 илјади евра украдени на било кој начин од Македонија и народот  „Ќе нема застарување на делото“ исто како за геноцид врз сопствениот народ.https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10214541879115561

Скопје | пред 7 години

Grujoski-seta-niz-Budimpesta

Груевски во Будимпешта: Шета, џогира и бара апартман

Денеска изминува 1 месец откако Груевски избега во Унгарија, за да избегне издржување на 2-годишната затворска казна во Македонија. Првите наоди на Обвинителството за начинот на кој избегал, се најавуваат за 10-тина дена, објави dw.com/mkГруевски во Будимпешта е сместен во познат и луксузен хотел во градот, излегува на прошетки, многу често џогира, има посети од лица од Македонија и е во потрага по постојано живеалиште, надвор од хотелски објекти. Ова се информациите кои еден месец кружат меѓу лица блиски на поранешниот премиер, а добија извесна потврда со фотографијата што вчера проциркулира на социјалните мрежи, каде тој е фотографиран во фреквентен дел од Будимпешта.Минатата недела албанската телевизија „Топ ченел“ објави фотографија од Груевски како лично управува возило, за која тврдеше дека е снимена на граничниот премин Хани Хоти на албанско-црногорската граница на 11 ноември 2018 година во 19 часот и 11 минути. Информацијата ја преземаа голем број албански и македонски медиуми, и покрај тоа што само со куса проверка можеше да се утврди дека станува збор за стар кадар од видеото направено на 21-ви декември 2017 година, кога Груевски е снимен на улица во Скопје како со неговото возило марка „пунто“ го предводи партискиот протестен конвој од автомобили во знак на поддршка на притворените за упадот во Собранието од 27-ми април.Потврдено од новинарЗа разлика од манипулацијата со таа фотографија од „Груевски на граница“, за автентичноста на оваа од Будимпешта медиуми се повикуваат на потврда од британскиот новинар Даниел (Ден) Нолан, кој го лоцирал местото каде е фотографиран Груевски, но не сакал да открие кој е автор на фотографијата. Нолан е фриленс новинар, кој од Будимпешта често известува за британските „Гардијан“ и „Дејли телеграф“, но и за други европски медиуми, главно за теми од културата, политиката и човековите права во Централна и Источна Европа. Во 2016 година бил меѓу номинираните за Европската награда за печат, со авторски труд посветен токму на рефлексиите од односот на Унгарија кон миграциската криза.Покрај неговата потврда на автентичноста на фотографијата, друга официјална потврда нема.Извори од матичната партија на Груевски не се впуштаат во оценка дали е тоа актуелна фотографија, или од некоја од претходните, како што велат - „од неговите многу честите посети“ на престолнината на Унгарија. Но, она што може со сигурност да го потврдат  - е дека тој од почетокот на неговото бегство телефонски контактирал со негови сопартијци и дека „речиси нема функционер во ВМРО-ДПМНЕ кој не го знае неговиот нов телефонски број“. Тврдат дека се јавил на сопруги на негови сопартијци кои неодамна беа притворени, на довчерашните најблиски соработници, но и на некои од осумте независни пратеници кои гласаа за отворање на процесот на уставни измени.Првите сознанија за десетина денаИ додека македонската јавноста се занимава со автентичноста на фотографијата, се уште нема резултати од истрагата за начинот на кој Груевски избега од Македонија, точно пред еден месец. Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека на 11-ти ноември околу 22.30 часот Груевски влегол од Црна Гора во Србија на преминот Гостунм со регуларна лична карта и во придружба на две лица. По возење цела ноќ низ Србија, на 12-ти ноември во 5 часот и 11 минути ја напуштил земјата на преминот Хоргош, кога со дипломатско возило, лична карта и привремен патен лист рано утрото влегол во Унгарија.Токму на овој аспект се осврна и премиерот Заев во минатонеделното интервју за Дојче веле.„Не прашувам како влегол од Албанија во Црна Гора и во Србија. Прашувам како излегол од Србија. Сакам да знам како наш граѓанин ја поминал српската граница кон Унгарија, без пасош. Сакам да знам, дали кој било од нас, ќе го пуштат без пасош со лична карта да влезе во Унгарија, земја членка на ЕУ (...) Не знам како се дава тој патен лист, ни кој го дал. Сакам да ги знам тие информации. Барањето на тие одговори е мое право“, рече Заев.Одговорите ги бара и Обвинителството. Во петок истекува рокот од 10 дена кој го дадоа 14 невладини организации, барајќи јавноста да добие одговори од истрагата, а во спротивно, најавија дека ќе бараат политичка одговорност од највисоките функционери. Но, сосема сигурно е дека до петок нема да има одговори.„Првичните сознанија од истрагата ќе ги соопштиме најрано за десетина дена“, велат од Обвинителството за Дојче веле.Како причина за тоа го наведуваат големиот обем на материјали кои треба да се прегледаат и анализираат, за јавноста да добие точни и проверени информации. Покрај големиот обем на снимки од системот „safe sity“ кои треба да се прегледаат, на анализа се и листинзи од голем број телефонски разговори, а се чекаат и дополнителни снимки од Албанија и Црна Гора. Покрај снимките од граничните полиции, Обвинителството ги побарало и снимките со кои располагаат царинските служби на овие земји, кои се обезбедени и треба да ги преземат деновиве.  Оттаму потенцираат дека фокусот на истрагата е ставен на тоа како и со чија помош Груевски ја напуштил земјата - почнувајќи од неговото последно престојувалиште, се до излезот од македонска територија.Извор: dw.com/mk 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните секојдневно дишат отров наместо чист воздух, тоа за СДСМ нема значење

Република Македонија со месеци се гуши во загаден воздух, а СДСМ максимално го игнорира овој проблем. Здравјето на граѓаните кои секојдневно дишат отров наместо чист воздух, нема никакво значење за СДСМ, Зоран Заев и Петре Шилегов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Нивото на канцерогени ПМ10 честички во воздухот е неколкукратно над дозволеното, а власта мува не ја лази. Веќе неколку месеци мерните станици во неколку скопски општини не работат. Наместо мерки против загадувањето СДСМ предлага мерки против граѓаните од сиромашните и средните слоеви.СДСМ, Заев и Шилегов не се способни да решат еден проблем и затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага неколку мерки за справување со загадениот воздух. Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс“, велат од партијата.Според нив, МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.„Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето.СДСМ ја завива државата во црно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и деструктивна политика на СДСМ и Заев да се придружат на денешниот протест во 17 часот од плоштадот ВМРО до Владата на Република Македонија.Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора веднаш да си замине“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

kratovo-sneg-1

(ФОТО) Снег во Кратово

Интензивни врнежи од снег го зафатија Кратово и повисоките планински места низ земјава.  Вистинска зимска идила е утрово во овој Град. Засега нејава за интензивни врнежи од снег низ земјава нема, но според метеоролозите  повремени врнежи од снег ќе има утре попладне и в петок , а наместа ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места и повремен снег на планините. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Македонија | пред 7 години

Real-Madrid-kamp

(ВИДЕО) Охрид по втор пат ќе биде домаќин на фудбалски камп на Фондацијата на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“

Охрид ќе биде домаќин на вториот фудбалски камп на Фондацијата на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“. На кампот кој ќе се одржува од 14 до 18 јануари 2019 година во хотелот „Аквалина“ се очекува да учествуваат стотина деца на возраст од 7 до 17 години.Во рамки на кампот децата ќе тренираат фудбалски техники и вештини, но ќе научат и многу повеќе за најважните вредности и идеали како што се тимскиот дух, толеранцијата и здравиот начин на живот.https://www.facebook.com/prof.dr.jovan.stojanoski/videos/2161580690725870/

Спорт | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања