„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

sobranie

(Видео) Оган пред Собрание

Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос.Се пали на отворено пред Собрание на Република Македонија, во импровизирано ќумбе од буре, црниот чад и смрад од горена пластика се шири и никој не рагира, напишаа на својот ФБ профил од иницијативата О2.Тие додаваат: Постојат ли служби во Собрание на Република Македонија за обезбедување? постои ли еден пратеник што е на работа во 8.30ч и не го видел ова? и никој не реагира? Немаат публика или спремен говор колку се загрижени за загадувањето, па не можат да излезат да им објаснат на луѓево дека НЕ СМЕАТ, дека е забрането со закон, дека е штетно пред сè за нив!И сето ова е на 100 м од градска болница, Универзитетска клиника по хируршки болести "Св.Наум Охридски"-Скопје, во центар на метрополата што конкурира за Зелена престолнина. На реакцијата дали знаат дека е забрането, одговорот е: Па полиција гледа и ништо.И затоа  ни се случува ова, фрази, семинари, трибини, говори, програми, а на терен и во суштина НИШТО , велат од од иницијативата О2.https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/520860518417386/

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Екс градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев експересно си ја одлежа затворската казна

Поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, ја одлежа затворската казна за шверц на цигари на македонско-бугарската граница. Стојчев правосилно беше осуден на шест месеци затвор откако беше фатен на дело од македонската полиција, но поради примерно однесување излегува на слобода еден месец порано.Инаку Стојчев си поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село, а Владата во моментов прави модел како да биде избран нов градоначачник. 

Македонија | пред 7 години

5-1

(ВИДЕО) Хаос на паркингот до Влада, секој се паркира каде стигне

Секојдневен хаос владее на паркингот до Владата на Република Македонија. „Си паркира кој каде стигне“, „Овој хаос владее со недели“, „Кога е бесплатно секој ќе се бори да си обезбеди паркинг“...се само дел од коментарите на социјалните мрежи по објавувањето на ова видео.https://www.facebook.com/pressingtv/videos/472309139960145/

Скопје | пред 7 години

zemjotres-1

Нов силен земјотрес го погоди Закинтос

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтерова скала е регистриран утрово во Јонското Море, северозападно од грчкиот остров Закинтос.Според првичните податоци од Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 13 километри под површина на земјата. Нема информации за настрадани или причинета материјална штета.Според Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар, интензитетот на земјотресот изнесувал 4,9 степени.  Во областа е забележана зголемена сеизмичка активност по земјотресот со интензитет од 6,4 степени, што го потресе островот кон крајот на октомври.Сеизмичката активност се зголеми во областа по земјотресот со јачина од 6,4 степени, што го потресе островот кон крајот на октомври. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Мијалков нуди милион евра за да излезе од притвор

За да се брани од слобода, односно да биде пуштен од притворот во Шутка, Сашо Мијалков нуди гаранција од милион евра, пишува МКД.Станува збор за три недвижни имоти со вкупна вредност од 1,092 милиони евра кои ги понудил поранешниот директор на УБК, дознава Телма од судски извори.Адвокатите ова го потврдиле, но не се открива како имот се става во залог, нити дали е лично во негова сопственост или е на негови блиски.Претходно кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Мијалков и ја потврди одлуката на судија на претходна постапка да му одреди 30 дена притвор како осомничен во предметот на СЈО „Империја".Мијалков од судија на претходна постапка доби на 2 декември нова мерка притвор, втора по ред, во траење од 30 дена.Првата, како за обвинет во „Тврдина-Таргет" за масовното прислушување, му е укината, а втората како за осомничен во истрагата на СЈО „Империја". По барање на СЈО втората мерка притвор му е поради опасност за влијание врз сведоците и опасност од бегство.

Македонија | пред 7 години

apostol-andrej

Денеска се слави Свети апостол Андреј Првоповикан, именден слават Андреј, Андреја, Андријана...

Празник на првиот Господов апостолВо народниот говор името Андреј асоцира на нешто јадро (крупно) па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува.Именден празнуваат: Андреј, Андреја, Андријана...Првиот Христов апостол Св. ап. Андреј наречен Првоповикан има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и со неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и е роден брат на Св. апостол Петар. Тие биле рибари и ловеле риби во Генизаретското Езеро. Најпрвин Св. ап. Андреј бил ученик на Св. Јован Крстител, а кога Јован покажувајќи кон Исус рекол: „Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет“ тогаш Исус го повикал, отука и е наречен Првоповикан. Андреј станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него. Легендата раскажува дека еднаш додека Андреј и Петар ловеле риби на езерото тука минал Исус и им рекол: „Дојдете со мене, јас ќе ве научам да ловите луѓе“. Оттогаш Андреј е неразделен од Исуса. Присуствувал на сите големи настани поврзани со Исус Христос, потоа кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух.Светата православна црква споменот на Св. ап. Андреј Првоповикан го празнува на 13. XII/30 XI на денот кога маченички умрел за верата Христова.Во народниот говор името Андреја асоцира на нешто јадро (крупно) па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува. Ваквото толкување на овој ден во Охрид го запишал Е. Спространов, а слични толкувања се запишани и во Прилеп, Штип, Крушово и др. места. М. Цепенков во записот „Зошто се држат некои празници“ запишал дека „празнико Свети Јандреја во тој ден што паѓа нарастуал по прилепски. Власите крушоски и битолски велат по влашки: арс’ри дзуа кт’н андреоа (скочи денот колку една игла самарна).“

Македонија | пред 7 години

saso-ordanovski

Аирлија амнестија, во очекување на Халиевата комета!

Ветувањето на СДСМ за брз напредок кон НАТО и ЕУ го чинат Заев кредибилен; овие од ВМРО-ДПМНЕ останаа без никакви ветувања, па немаат ни што да остварат.Напишано од  Сашо ОрданоскиЕте, дојдовме и до таа точка: најавата на премиерот Зоран Заев за помирување, завршува со амнестија. Тоа (дека е амнестија) го тврдевме уште од моментот кога Заев за прв пат го изусти помирувањето во Собранието.Целата оваа операција говори многу за тоа како функционира Заев политички. Речиси е сигурно дека тој се потврдува како мошне контроверзен политичар, флексибилен и кога треба да се економизира со вистината до мерка што може да го доведе самиот концепт на тој општествен феномен во прашање, но секогаш прагматично ориентиран, ласерски фокусиран кон постигнување на резултат. Во случајов, тој резултат може доволно растегливо да се толкува како „општо добро“, врз основа на националниот политички консензус за членство на земјава во НАТО и ЕУ.Има нешто (и ова не го кажувам сефте) во тоа негово струмичко потекло, тој ендемски унијатски дух што пирка таму, таа една протестантска прагматичност која ја имаше и методистот Борис Трајковски. И социјалдемократи и вмровци, таму како сите од ист казан по слави да сркале, како од иста крава млеко да молзеле, па некако практичноста и крајниот успех, а не недостижните морални императиви, им го дефинираат политичкиот концепт. Нема дескрипции, сентименти и фрустрации – потрагата е по решенија и ефект!Раскажува еден висок американски дипломат: „Пред дванаесет месеци да ми кажевте дека Македонија ќе биде членка на НАТО за година-две, ќе се искинев од смеење! Верувале или не, денеска тоа е реалност!“… За ваква прагматичност ви говорам. Американците се вљубени во оние кои вакво нешто можат да испорачаат во политиката. Русите преферираат свирење балалајки.Да нема дилеми, оваа амнестија нема да доведе до никакво помирување. Тоа е едно политичко тра-ла-ла згодно за „камуфлирање“ на политичкиот пазар. Значи, помирување ќе нема – освен помеѓу некои луѓе кои седат во собраниските клупи, можеби – но, затоа, од неа ќе има две конкретни политички последици: прво, ќе се олесни процесот во добивање двотретинско мнозинство за неопходните промени на Уставот, за да помине „Преспанскиот договор“; и, второ, ќе се оштети правната држава до степен што, во јавноста, повторно ќе го доведе во прашање концептот за тоа дека во Македонија пред законот се сите исти. Мнозинство ќе има; пред законот не сме сите исти.Парадоксално, од таквото решение можно е подеднакво незадоволни да излезат и искрените учесници во „Шарената револуција“ и искрените учесници во контра-шарените протести, оти во паролата „Нема правда, нема мир!“ ќе останат разликите во дефинирањето на правдата, а за недостатокот од мир сите брзо ќе се согласат. Затоа кукавичкото бегство на Груевски (и уживанцијата во Будимпешта) ги дотепа „патриотите“, бидејќи неговото заминување в затвор ќе им го дефинираше нивниот концепт за (не)правда. Вака, „шарените“ се, барем, морални победници.Од друга страна, опипливоста на аргументите за „продавање“ на ваквиот исход на овој собраниски пазар се многу подобри на страната на СДСМ на Заев, одошто конфузијата што ја нуди она што остана од ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски. Ветувањето на СДСМ за брз напредок кон НАТО и ЕУ го чинат Заев кредибилен; овие од ВМРО-ДПМНЕ останаа без никакви ветувања, па немаат ни што да остварат. Тоа го доведува во ситуација Мицкоски да изгледа како шутрак, качен на гајби секоја среда на протестите пред Владата.Во крајна линија, тоа не е мала разлика. Но, само во крајна линија. Бидејќи, ако во сосема догледна иднина не стигнат опипливи резултати од овие тра-ла-ла собраниски пазарења, вратата за скорешно појавување на некој нов, неочекуван популистички лидер останува многу широко отворена. Ќе се вивне на небото како најблескава Халиева комета чиј сјај, барем за една употреба, убедливо ќе ги засени сите постоечки демагози во Македонија!Извор: Цивил медиа 

Скопје | пред 7 години

nema-voda

Дел од Капиштец денеска без вода

Дел од корисниците од улиците „ Козара“, „Бел камен“ и „Шарски одреди“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улица „Козара бб“ во Капиштец.Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не  завршат со работата. 

Скопје | пред 7 години

48084953_10215960100469387_3579466877388193792_n

Еве зошто се важни мерните инструменти на ПМ10 во Лисиче и Гази Баба - Горјан Јовановски им се обрати на политичарите

Горјан Јовановски кој ја има изработено веб страницата Мој Воздух им се обрати на политичарите кои велат дека неисправноста на мерните стаици во Лисиче и Гази Баба не се клучни за активирање на мерките против загадувањето.„Еве зошто се важни мерните инструменти за ПМ10 во Лисиче и Гази Баба.Податоците покажуваат дека секоја година, тие 2 станици се на врвот на број на денови надминати од ПМ10 загадување. Со нивно неправилно фукционирање, не може да се добие целосна слика за загадувањето, и секако шансите за активирање на мерките се помали.Загадувањето од тие области нема магично да се преслика на другите мерни станици низ Скопје. Ова е порака до коментарите од политичарите дека неисправноста на тие 2 станици не е клучна за активирање на мерките против загадувањето“, напиша Горјан Јовановски.

Скопје | пред 7 години

vlada-pravda

Владата ги усвои пакет закони предложени од Министерството за правда

На 108 мата Владина седница усвоение беа пакет закони предложени од Министерството за правда.Измените и дополнувањата на Кривичниот законик опфаќаат ревидирање на одредбите во неколку области, односно криминалот од омраза, неказнувањето на жртвата од трговија со луѓе и неказнувањето дете жртва. Законот предвидува и воведување на ново кривично дело „Попречување на правдата“.Усвојувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судови, којшто е со Европско знаме, произлегува од потребата за реформа на судството во Република Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор. Измените на законот се во насока на зголемување на независноста, но и подобрување на квалитетот на судството. Истиот предвидува нови, заострени критериуми за избор на судија и редефинирање на основите за разрешување и за утврдување на одговорност на судиите.Основната цел на Предлог-законот за Судски совет, којшто беше усвоен на денешната 108-ма владина седница, е внесување на мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот, на секои две години. Предлог-законот е во согласност со препораките на Венецијанска комисија и на Групата на земји против корупцијата (ГРЕКО), а со него се создава основа за утврдување на одговорност на членовите на Судскиот совет. Новиот предлог-закон предвидува и потранспарентна постапка за избор на членовите на Судскиот совет и судиите, а покрај министерот, право на глас во Судскиот совет ќе нема ниту претседателот на Врховниот суд.Министрите денеска го прифатија и Предлог-законот за извршување на санкции. Тој обезбедува остварување на две основни цели: прво, да ја спречи државата и нејзините органи во своето функционирање да применуваат непотребна, претерана, преостра и нецелесообразна присила спрема правните субјекти. И второ, тогаш кога се применува присилба, тоа да се чини од страна на надлежни органи во постапка пропишана со закон.Последниот од пакетот предлог-закони усвоени на денешната владина седница е Предлог-законот за прекршоци. Неговата главна цел е намалување на ригорозните казни за граѓаните и за фирмите. За физичките лица, глобите ќе бидат помали за 75%, додека за малите фирми казните ќе се намалат за два и пол пати. Казните ќе бидат сразмерни и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите и нема да го отежнуваат животот на граѓаните. Исто така, предлог-законот предвидува и опомена заради превенција.На 108-мата седница беше усвоена и Информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување на Законот за поштенските услуги, како и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за поштенските услуги. 

Скопје | пред 7 години

vlada-amandmani-2

Доцна синоќа Владата ги изгласа уставните амандмани

Владата на Република Македонија, на денешната 108-ма седница, го усвои финалниот текст на предлог амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија и истиот го достави до Собранието на Република Македонија. Амандманите се составен дел на Уставот и влегуваат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г., и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.Амандманот 33 гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.Со амандманот 34 се вршат измени во Преамбулата – амандман 4 на Уставот на Република Македонија и тој гласи: Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите „кои живеат во нејзините граници“, „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.Со текстот на амандманот 35, „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“, се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.Како резултат на јавната расправа, измени има и во текстот на Амандманот 36 којшто сега гласи:Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ;Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство;Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината;Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.Финалниот текст на предлог амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, како и образложението за истите се достапни на следниот линк: vlada.mk/mkgrdogovor. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Не е важно зошто ВМРО-ДПМНЕ не се откажало од Груевски, важно е како Македонија да оди напред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на вечерашниот протест не сакаше да ги коментира фотографиите од Никола Груевски во Будимпешта.-Се уште не се знае кандидатот за претседателските избори. Допрва ќе почнеме со внатрепартиски консултации и анализи. Наскоро јавноста ќе го дознае името. А, не е важно зошто Заев не се откажал од хировите на неговите претходници, не е важно ниту зошто ВМРО-ДПМНЕ не се откажало од Груевски, важно е како Македонија да оди напред и како да обезбедиме подобра иднина, изјави Мицкоски за телевизија Канал 5.

Македонија | пред 7 години

skopje-blokirno

(ВИДЕО) Блокиран влезот на Скопје - километарска колона во Автокоманда

Блокиран е влезот на градот од автопатот пред Автокоманда и улицата Благоја Стефковски во Маџари.Колони возила има и во двата правци.Од СВР Скопје за 1-ва скопска велат дека причината за метежот кој трае неколку часа е изведување градежни работи на бул. Александар Македонски, па поради тоа се пренасочувал и сообраќајот.

Скопје | пред 7 години

bezdomno-lice

МТСП и Црвениот крст до сега згрижиле 9 лица бездомни лица

Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст започнаа акција за згрижување на бездомни лица.„ Доколку забележите бездомно лице, пријавете во центрите за социјална работа и Црвен крст. Дежурните тимови ќе ги згрижат и бездомниците во Момин поток или во некој од останатите регионални пунктови“, велат од министерството.Досега се згрижени 9 лица, од кои 8 деца во Струмица, а во Скопје има една дојава, но лицето одбива сместување.Kонтакт информации:➡Скопје: 071 733 171 / 071 411 908 / 071 261 778➡Битола: 070 791 770 / 071 397 272 / 071 397 875➡Струмица: 070 381 660➡Струга: 070 317 612 / 046 781 733

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Средба Танасоски - Која: Побезбедни гранични премини , современа царина

Денес во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба со Амбасадорот на Мисијата во Скопје на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), г-дин Клеменс Која.„На средбата, г-дин Која беше известен за претстојните приоритетни и стратешки активности кои ги презема Царинската управа во насока за понатамошно осовременување на царинското работење и забрзувањето на меѓународната трговија, како и мерките кои се преземаат за поголема безбедност на граничните премини и борбата за спречување на нелегалната трговија. При тоа, позитивно е оценета соработката и поддршката во изминатиот период, во насока на зголемување на капацитетите на вработените во Царинската управа во областа на борбата против прекуграничниот криминал. Искажана е взаемна заинтересираност за нејзино продолжување и во наредниот период“, вели директорот на Царинската управа на Р Македонија, Ѓоко Танасоски.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања