„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

Попладнево сите крстосници во центарот на Скопје ќе бидат блокирани

Приврзаниците на „Македонија блокира“ кои се противат на уставните измени најавија дека покрај 24-часовното блокирање на просторот пред Собранието, од денеска ги прошируваат активностите со блокади и на раскрсници во Скопје во попладневните часови.Драган Угриновски информира дека се свесни оти поради тоа сообраќајот од петок ќе биде значително отежнат и затоа повикуваат на разбирање од страна на граѓаните.– Ова не го правиме за личен интерес, партиски или за интерес на некое друго здружение, туку за одбрана на светото македонско име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ – рече Угриновски.

Скопје | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Три македонски градови најзагадени во Светот, СДСМ ја зави државата во црнила

Република Македонија под власт на СДСМ е покриена со голема црнина. Според Светската здравствена организација помеѓу десетте најзагадени градови во светот дури три се од нашата држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Скопје, Битола и Тетово се на врвот на светската листа на загаденост, а Зоран Заев, Јани Макрадули, Петре Шилегов, Наташа Петровска и Теута Арифи не преземаат ништо. Две години откако со државата владее црната СДСМ, нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.Загадувањето на воздухот кое веќе еден месец е неколкукратно над дозволеното е вистински проблем како за граѓаните така и за економијата. Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците како последица на срцеви и белодробни проблеми од загадениот воздух. Најпогодени се малите деца, старите луѓе над 65 години и хронично болните“, велат од партијата.Според нив, СДСМ наместо да преземе мерки за справување загадувањето, министерот за животна средина вели дека не се занимава со граѓаните, заменикот негов Макрадули спие на седници во собранието на кои се зборува за мерки против загадувањето, а Петре Шилегов си игра игри на својот мобилен. Тоа е односот на СДСМ кон животната средина - никаков.  СДСМ не е заинтересирана за подобрување на квалитетот на воздухот.„СДСМ не се грижи за граѓаните, СДСМ се грижи само за сопствените теснопартиски интереси. Партијата која ја зави државата во црно на буквално секое поле мора да си замине. Граѓаните очекуваат подобро. Мора да настапи зората за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите  граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и неспособна власт да ни се приклучат  на протестните маршови ширум државата. Ги повикуваме сите слободомислечки граѓани во недела нека ни се приклучат на протестот во Кочани како и наредната среда пред владата. Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

ikoni-1

Владимир Симеонов со приговор за текстот со фреските, реагира дека „Тапетите се набавуваат од Италија“

По текстот на скопје1 по наслов: „Фреските повеќе не се цртаат туку лепат“, до нашата редакција се обрати Владимир Симеонов од “Студио за икони Симеонов. Тој иако не е споменат во текстот освен со фотографија која е уредно потпишана, затоа што е извадена од социјалната мрежа фејзбук, во дописот како што пишува поднесувам приговор по однос на навреда , клевета, злоупотрба и вадење од контекст на фотографии од нашата фб. страна “Студио за икони Симеонов.Во продолжение ви го пренесуваме дописот во целост:Приговорот го поднесува Владимир Симеонов, академски сликар, мозаичар, конзерватор и зограф.Во вашиот текст со наслов:„фреските повеќе не се цртаат туку лепат„објавен на ден 06.12 2018год. сте прикачиле работни фотографии од архивот на нашата фб. страна, на кои директно атакувате со реченицата: „Тапетите се набавуваат од Италија„ што не е случај со двете објавени фотографии, на кои „фреските„ се изработени во нашето студио односно рачно насликани(не нацртани). За кои имаме и соодветна фото и видео документација на нашата страна.Имате објавено работни фотографии со мојот лик, а за тоа немате претходно добиена дозвола иако сте можеле уредно да не контактирате на нашата фб. страна што сметам дека е неетички и непрофесионално за еден медиум.Во однос на вашата забелешка дека живопис изработен во акрилна техника не е фреска, или ве цитирам „токму поради ова се наметнува прашањето дали зборот фреска е соодветен„ ве молам погледнете ја нашата страна и ке видите дека секоја објава на зборот фреска или фрески е ставен во наводници. Инаку зборот фреско во буквален превод значи свежо, односно живописувње на свеж малтер. Во спротивно би било Секо техника, живописување на сув малтер или подлога што е и случај со нашиот начин на живописување. Го користиме зборот фреска поради неговата општопознатост, но и затоа истиот го ставаме во наводнициТоа што го гледате на објавената фотографија се „фрески„ насликани на платно со акрилни бои и потоа аплицирани односно залепени на ѕид, а тоа е техника која ја користиме во цркви каде е неопходна: тешкодостапен терен, лошо малтерисани ѕидови, обемот на донации од „фрески„ за тој храм.... Впрочем техника која одамна се користи во други Првославни земји.На нашата фб страна можете да видите и два албума од живописуванње на цркви директно на ѕид со акрилна техника.Сето ова би било поинаку доколку не исконтактиравте и добиевте точни информации, односно дозвола за инволвирање на нашето студио и мене лично во овој понижувачки текст за мојата работа и професија, и поради нашите близу 12 000 фанови на нашето студио кои ги стекнавме професионално и со доверба ги задржавме во изминатава една година.Очекувам овој приговор да го земете како демант на вашиот текст, и истиот да биде јавно објавен од ваша страна на вашиот сајт, со што би ја покажале и потврдиле вашата заложба за професионално новинарство.Со почит:Владимир Симеонов

Македонија | пред 7 години

forum-1

Трета сесија од форумот на заедници во Охрид

Денеска во Охрид се одржа третата сесија од форумот на заедници што ја организира општина Охрид како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.Во рамки на сесијата беа презентирани предлог проектите за социјална инклузија, согласно предлог концептите, кои беа прифатени од страна на форумот, на втората форумска сесија.Концептите беа предложени и изработени од страна на седумте работни групи на Форумот на заедници, во кои има претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор.Проектите кои ќе бидат избрани од страна на Форумот на зедници ќе бидат финансирани со средства од UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.

Македонија | пред 7 години

izlozba-1

Традиционална изложба на фото клуб „Охрид“

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на фото клуб „Охрид“.На изложбата која се организира по дваесетти пат во рамки на Патронот на градот, поздравен говор имаше градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски и претседателот на фото клубот „Охрид“, Димче Коруноски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кој ќе ја наследи Ангела Меркел - ЦДУ избира нов лидер

Во клучната изборна трка за Германија, но и за целата ЕУ, двајца кандидати со спротивставени визии се борат да ја наследат Ангела Меркел на лидерската позиција во владејачката германска партија, Демохристијанска унија (ЦДУ). Едниот претендент е Анегрет Крам-Каренбауер, миленичка на Меркел, која се опишува и како кандидатка на континуитетот, а другиот е Фридрих Мерц, долгогодишен ривал на Меркел, кој ветува радикални промени. Во трката учествува и Јенс Спан, федералниот министер за здравство.Исходот од гласањето за нов лидер на партискиот конгрес е од клучно значење не само за ЦДУ. Меркел останува канцеларка, но тој што ќе го преземе кормилото на владејачката партија најверојатно ќе биде и нејзин кандидат на наредните сојузни избори, кои треба да се одржат до октомври 2021 година.Ангела Меркел 18 години беше на врвот на ЦДУ. Сега се повлекува од лидерското место во партијата. Од тоа кој ќе ја наследи Меркел, зависи и курсот на патијата.

Свет | пред 7 години

albanija

(ВИДЕО) Протестираат студентите во Албанија

Студентите од Унверзитетот во Тирана и Политехничикиот универзитет веќе два дена протестираат пред зградата на Министертвото за образование барајќи да се намалат трошоците за високото образование, кои може да достигнат и до 3000 долари.Протестите се проширија и на Универзитетот „Александар Џувани“ во Елбасан, каде студенти ја бојкотираат наставата и покренаа петиција, но има најави и за во други градови.Студентите од министерката Линдита Никола бараат подобрување на условите во сместувачките капацитети, како и нивно учество во управите на универзитетите.Албанската влада вчера прифати едно од барањата на студентите – го укина членот од Законот за високо образование со кој се предвидуваа нови тарифи за повторен упис на година и за полагање заостанати испити.Но, студентите не се откажуваат. Тие најавуваат бојкот на наставата додека сите нивни барања не бидат прифатени, а главниот протест го селат пред Владата во Тирана.

Свет | пред 7 години

protesti-grcija

Тројца повредени и 66 приведени при судири меѓу полицијата и анархисти во Атина

Повредени најмалку три лица, 66 приведени, од кои 13 уапсени, најмалку три опожарени автомобили, фрлени стотици молотови коктели, шок бомби и солзавец, употреба на водени топови и значителна материјална штета е билансот од судирите што траеја до доцна во ноќта меѓу групи анархисти и полицијата во атинската населба Ексархија, каде пред 10 години беше убиен 15-годишниот Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.Во судирите, што со мали прекини траеја повеќе од три часа, со повреди се здобија двајца полицајци и еден цивил и сите беа пренесени во болница.Пред да започнат инцидентите, маскираните лица, веројатно анархисти, на неколку места во атинската населба Ексархија, поставија барикади од разни предмети, меѓу кои и контејнери за смет, сообраќајни знаци и делови од метални конструкции, со цел да го спречат пристапот на полицијата.Потоа, следеа и нападите на анархистите врз полицијата со молотови коктели и пиротехнички материјали, на што полицајците одговорија со солзавец, шок бомби и со водени топови.Молотовите коктели, некои со послаба, но некои со особено голема јачина, периодично, како дожд паѓаа врз полициските единици.Со цел состојбата да не излезе од контрола, полицијата ги искористи двете возила со водени топови – едното за да ја урне металната барикада, а второто за да ги растера маскираните лица, но и за да го изгасне огнот предизвикан од молотовите коктели, но и од потпалувањата.Дел од маскираните лица, се качија на еден од балконите на последниот кат на зграда што се наоѓа на улицата каде се случуваа инцидентите и со молотови коктели фрлаа кон полицијата, но и врз полициското возило кое со воден топ ги растеруваше анархистите.Еден од молотовите коктели, падна врз тенда на еден стан, но со навремена интервенција беше спречено проширување на пожарот.Атинската населба Ексархија, која се наоѓа на помалку од два километри од центарот на Атина, уште еднаш наликуваше на бојно поле. Дишењето беше отежнато поради големото количество на солзавец во воздухот, а полицијата на неколку пати интервенираше и побара од новинарските екипи, од безбедносни причини да се оддалечат од деловите каде што во тек беа инцидентите.Грчката полиција, вчерашните протести во текот на целиот ден ги следеше со хеликоптер и со дрон.Претходно, во попладневните часови, во сеќавање на убиеното момче се одржа мирен протестен марш во центарот на Атина до грчкиот Парламент.Без многу голема масовност, претежно млади лица, членови на студентски, левичарски и анархистички организации и здруженија, извикувајќи слогани против полицијата и полициското насилство мирно протестираа низ центарот на Атина.Сликата со насилни инциденти како во Атина, не беше многу поразлична ниту во Солун, каде по завршувањето на протесниот марш за одбележување на убиството на Григоропулос, маскирани лица се судрија со полицијата.Според локалните медиуми, во судирите се повредени најмалку 52 лица, од кои 15 се уапсени, а при инцидентите е предизвикана материјална штета и на градилиштето на солунското метро, откако избувна пожар предизвикан од молотови коктели.МИА

Свет | пред 7 години

sv-ekaterina

За многу години, денеска се празнува големата светица Света Екатерина

Денеска се слави споменот на светата великомаченичка Екатерина, која пострада за христовата вера. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. На овој ден именден празнуваат сите што се викаат Екатерина, Ката, Катина, Катерина.Света Екатерина била ќерка на царот Александриски Конста. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина.Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава. Кога злочестивиот цар Максенциј им принесуваше самиот жртви на идолите и им наредуваше на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излезе пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда.Кога виде царот дека е посилна од него во мудроста и вознаењето, повика педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами.Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица Августа Василиса. Сите пострадаа за Христа.При мачењето на Света Екатерина ѝ се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа ѝ се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година.Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај.

Македонија | пред 7 години

Capture-3

Заев побара од Јункер изземање на македонските компании од анти-дампинг мерките

Премиерот Зоран Заев вчера телефонски разговараше со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер. Разговорот, како што соопшти владината прес-служба, доаѓа по иницијатива на премиерот Заев во однос на прашања од исклучителна важност за Република Македонија, како реформските процеси во нашата држава со кои се исполнуваат задачите кои Европскиот совет ги одреди како предуслов за формален почеток на преговорите за членство во јуни 2019 година, како и за политичките процеси за усвојување на уставните амандмани.Во разговорот премиерот Заев, како што се наведува, го информираше претседателот на ЕК Јункер за двата паралелни процеси кои Европската комисија ги отвори во врска со увоз на производи од челик и алуминиум, а кои директно засегаат неколку компании од Република Македонија.Премиерот Заев посочил дека времените заштитни мерки и анти-дампинг постапките со кои се засегнати неколку држави, меѓу кои и Македонија, имаат негативни последици кон економијата на државата.„Притоа, бидејќи Македонија незаслужено се најде на листата за овие мерки, премиерот Заев го замоли претседателот на ЕК Јункер да ја разгледа можноста за изземање на нашата држава од времените заштитни мерки и побара решавање на ова прашање со заемно прифатливо решение, во рамки на процесот на стабилизација и асоцијација“, се вели во соопштението.Премиерот Заев изнел уверување дека постоечката верификациска мисија на Европската комисија во македонските компании за анти-дампинг истраги ќе заврши успешно и оти европските експерти ќе се уверат дека нема дампинг практики во овие компании.„Премиерот Заев и претседателот Јункер на крајот од разговорот се согласија дека Македонија покажува видлив и значителен напредок на полето на реформите, а очекувано е и успешно завршување на процесот на уставните промени утврдени во Договорот со Грција. Заедничка е оценката дека доколку нашата држава продолжи и го засили темпото на реформи и завршување на процесот на уставните измени ќе го трасира патот за почеток на преговорите по европските избори во 2019 година“, стои во соопштението од Влада.

Македонија | пред 7 години

kosovoGranica

Денес и утре во прекин сообраќајот на косовскиот граничен премин

Министерството за внатрешни работи информира дека поради изведување на градежни работи на магистралниот пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин („Хани Елези” – Качаник) ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци за влез и излез од Косово, и тоа денеска од 9 до 12 часот и од 14 до 17 часот и в сабота во периодот од 7 до 17 часот.

Македонија | пред 7 години

20181123_134554.jpg1_.jpg2_

Скопје утрово на минус 8 степени

Температурата измерена во главниот град утрово во 7 часот беше минус 8 степени целзиусови.На поширокиот простор на скопските општини измерени се температури од минус 3 степени во Ѓорче Петров, Горно Нерези, Кучково и на Матка додека  Центар, Гази Баба и Арачиново се измерени минус 8 степени.Според прогнозата денес температурата во Скопје ќе се искачи до 7 степени целзиусови.

Скопје | пред 7 години

deponija

Во Карпош се чистат депониите - најстрого ќе се казнуваат загадувачите

Денеска се расчистуваше дивата депонија долж реката Вардар, кај мостот „Газела“.„Ова е еден од деловите каде во изминатиот период, најчесто несовесни граѓани, палеа огнови и со тоа го загадуваа воздухот, а се создаваше и дива депонија. Во претстојниот период планираме кај хотелот „Александар Палас" и кај Спортскиот центар „Борис Трајковски", исто така да ги расчистиме депониите, и тоа, не само за да имаме чиста околина и земјена и тревна површина, туку со тоа да превенираме палења на овие критични места каде во минатото интензивно се палеше“, рече Богоев.Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев потенцира дека најстрого ќе бидат казнети сите несовесни граѓани кои ќе се обидат да фрлаат шут, градежни материјали, ѓубре од домаќинство или да палат отпад на отворено. За ова, како што рече, општината и Град Скопје, како и Државниот инспекторат за животна средина нема да имаат никаква толеранција за нарушувањето на законот и со тоа загадувањето на воздухот и на околината.Богоев додаде дека онаму каде имало депонии откако ќе се исчисти просторот, истиот ќе се оплемени со ново зеленило, ќе се постави нова урбана опрема за да можат на пролет граѓаните да ги користат.

Скопје | пред 7 години

47576416_269801987002754_654990106142179328_n

(ФОТО) Вечерва две сообраќајки на „Илинденска“

Две сообраќајни несреќи, една по друга вечерва го блокираа Скопје. На булерварот „Илинденска“ во близина на бараките кај Град Скопје три возила учествувале во незгодата.Според фотографиите, на булеварот има отежнато движење на возилата, а оние кои поминувале во тој правец, велат да не се користи истиот поради спорото движење на возилата. Сообраќајот се одвива во една коловозна лента.Засега нема информација во каква состојба се возачите и дали има повредени.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Доаѓа студ - вонредна прогноза

Меторолозите за најавуваат спуштање на температурите од -7 до 1 степен додека на планинските места до под -10 степени.Поради падот на температурата препорака е доколку излегувате да си понесите потопла облека, карактеристична за зимски период.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања