„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

angusev-2

(ВИДЕО) Анѓушев и Младеновски на увид во градежните работи во новата странска инвестиција Баумер

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Александар Младеновски, во присуство на Марсел Фрај – оперативниот извршен директор на корпорацијата „Баумер“ и Новица Шотаровски – директор на фабриката „Баумер“ во Македонија, денеска извршија увид во градежните работи на производствениот погон на оваа швајцарска компанија во ТИРЗ Скопје 1, по што беше потпишан договорот за државна помош.Baumer Holding AG е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, индуктивни и процесни сензори, енкодери, кабли и други полуфабрикати од областа на електрониката. Во производните активности, „Баумер“ ќе вклучува и локални квалификувани добавувачи.Вицепремиерот Анѓушев изрази особено задоволство што изградбата на фабриката е во напредна фаза и посочи дека клучно кај оваа странска инвестиција е тоа што ќе има научно-истражувачки центар во кој ќе бидат вработени над 30 млади инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија.- Тие брзо градат и ме радува што градат по швајцарски стандарди и критериуми. Се надевам дека, согласно нивниот план, во март ќе почне и нивното производство. Покрај производство, тие во нашата држава ќе организираат и научно-истражувачки центар во нивната компанија, каде што ќе бидат вработени над 30 млади инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија, односно машинските науки и сите тие ќе бидат дел од големото семејство на корпорацијата „Баумер“ – рече Анѓушев по потпишувањето на договорот.Тој потенцира дека Владата и понатаму ќе биде посветена на поддршка и на привлекување директни странски инвестиции.- Ова е една од фабриките што успеавме да ги привлечеме во Република Македонија во последната година. Тие на број се повеќе од 20. Овие фабрики ќе дадат сериозен импакт врз растот на бруто-домашниот производ на државата. Ние како држава немаме големи ресурси, немаме нафта, немаме гас. Нашата индустријализација е шансата за развој на Република Македонија и како Влада ќе бидеме посветени да направиме брза и квалитетна индустријализација. Но не со трудоинтензивни дејности, каде што вработените ќе земаат по 200-300 евра плата туку индустријализација со високотехнолошки развиени компании, какви што се обидуваме да развиеме и да привлечеме во државата, каде што ќе работат претежно инженери, каде што ќе им дадеме шанса за нашите млади високообразовани кадри кои треба да останат во нашата држава, но не за мизерни услови туку за солидни плати и солиден стандард. Само така ќе обезбедиме иднина за нашата држава, за нашите млади генерации. Очекувам компанијата „Баумер“ да има сериозен придонес во таа работа – рече вицепремиерот Анѓушев, додавајќи дека секоја нова фабрика претставува празник.По потпишувањето на договорот за државна помош директорот на фабриката Баумер во Македонија, Новица Шотаровски најави дека планирано е да бидат вработени од 300- 350 лица, а стартот на производство се планира за март следната година.- Почетокот на градежните активности го означивме на почетокот на јули 2018 година со поставување на темелите, а веќе за не цели 9 месеци, во март 2019 година „Баумер“ ќе биде потполно оперативен за своите први производи. Во првата фаза на инвестицијата, која е во тек, на простор од 3.840 квадратни метри ќе се инвестираат меѓу 6 и 7 милиони евра и ќе се вработат помеѓу 150 и 200 вработени. Втората фаза е планирана за 2023 година со проширување на дополнителни 4.000 квадратни метри производни капацитети и дуплирање на бројот на вработени – рече Новица Шотаровски, директор на фабриката „Баумер“ во Македонија.Шотаровски посочи дека третата фаза е изградба на дополнителен административно деловен дел на 2.000 квадратни метри со што инвестицијата би достигнала нешто повеќе од 9 милиони евра и најмалку 350 вработени. Бидејќи развојот и иновациите се втемелени во корпоративната филозофија на „Баумер“, паралелно со производството ќе се оформи и Центар за иновации и развој во Скопје, во кој приближно 30 софтверски, електро и машински инженери ќе ги создаваат новите генерации производи од портфолиото на „Баумер“.- Покрај тоа што во логото на Баумер стои Passion for Sensors (Пасија за сензори), според тоа што досега го видов во деловните единици во Швајцарија и Германија, постои и пасија за луѓето што ги создаваат тие сензори и технологија, особено за нивното здравје и сигурност. Кога ќе биде фабриката во Скопје подготвена и пуштена во целосна употреба на 15 март 2019 година, таа ќе биде опремена со внимателно одбрани системи за одржување на потребните работни услови, ергономски ентериер и работни простории, кантина со внатрешен и надворешен простор, простории за вежбање и релаксација како и технологија за продукција и комуницирање според најновите светски достигнувања. За беспрекорно функционирање на административно-производните процеси, вработените од менаџментот и производството ќе посетуваат повеќенеделни обуки во Швајцарија и Германија – рече директорот Шотаровски.Директорот на ТИРЗ Александар Младеновски посочи дека Македонија е на мапата на странските инвеститори за што е и потврда денешното потпишување на договорот за државна помош.- Преку овој договор, активностите на оваа компанија ќе бидат помогнати и делумно субвенционирани преку транспарентите мерки од донесениот План за економски раст на Владата на Република Македонија. Висината на планираната инвестицијата ќе изнесува околу 9 милиони евра, со најавени 300-350 нови вработувања во пет фази. Длабоко сум уверен дека со приклучувањето на „Баумер“, кон еминентното семејство на компании во ТИРЗ Скопје 1 ќе ги охрабри и сите други компании што најавија инвестициски активности кај нас во наредниот период, а секако ќе придонесе Македонија да стане уште попрепознатлива дестинација на светските инвеститорски мапи - рече директорот на ТИРЗ Александар Младеновски.„Баумер“ е фамилијарна компанија, која 66 години се развива и доминира на светскиот пазар за индустриски сензори и процесно мерни инструменти. „Баумер“ постојано инвестира и се развива, и во моментов брои 2.700 вработени во вкупно 38 бизнис единици во 19 земји во светот, а е присутен со продажба во 70 земји во светот. Помеѓу нив се и фабриките и центрите за иновации и развој во Швајцарија, Германија, Франција, Италија, Данска и Индија, а со инвестицијата во Македонија таа бројка ќе достигне и повеќе од 3.000 вработени. Растот на побарување на сензорска технологија во светски рамки е проектиран на 11% годишно со тренд да достигне 241 милијарда долари до 2022 година.

Скопје | пред 7 години

ljupka-arsova-dzundeva

Почина познатата театарска, филмска и телевизиска актерка Љупка Арсова-Џундева

Почина познатата театарска, филмска и телевизиска актерка Љупка Арсова-Џундева, на 84-годишна возраст.- Со голема болка и огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Љупка Арсова-Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека ѝ припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија - соопштија од Македонскиот народен театар.Џундева е добитник на наградата „13 Ноември“, потоа на Наградата за артистичко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец.

Скопје | пред 7 години

mladen-cadikovski

Ќе биде ли Младен Чадиковски идниот претседател на ЗНМ?

Главниот и одговен уредник на телевизија 24 Вести Младен Чадиковски ќе биде идниот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)?Неофицијлано дознаваме дека досегашниот претседател на здружението Насер Селмани лично ќе го предложи Чадиковски за негов наследник.Претседателот на ЗНМ се бира на Изборното собрание, кое ќе се оджи на средината на овој месец.Рокот за поднесување на кандидатура за претседател е до 12 декември.

Македонија | пред 7 години

hart

Анти - геј вицовите од пед 10 год. причина Кевин Харт да не ги води Оскарите

Драма со Оскарите. Академијата најпрво го објави името на домакинот - водителот , а потоа се премисли. Во неполни 48 часа одземемо му е правото тој да ја води манифестацијата поради „претходни анти-геј твитови, и коментари што Харт ги имал во своите стендапи пред речиси 10 години.“Харт се обидува да ја смири топка порачувајќи дека луѓе се менуваат и ова се случило пред речиси 10 години.Следно, луѓето од Академијата му се јавуваат на Харт и од него бараат да се извини или ќе го сменат како водител. Харт се одлучува на втората опција и се откажува од водење на Оскарите 2019. Неговата позиција е дека во минатото се има извинето, објаснето, разјаснето и се што треба за она што сега му се забележува.Од Академијата се уште немаат претстава кој ќе биде човекот што ќе го замени Харт. 

Магазин | пред 7 години

saat-kula-3

Уште една пешачка патека во стариот дел на Охрид - уште една патека за мир и спокој

Во рамки на проектот за подобрување на патната инфраструктура во Југозападниот плански регион финансиран од Министерството за локална самоуправа, во Охрид се изгради патеката од саат кулата до старото училиште „ Св. Климент Охридски“ . Патеката има два крака во должина од 250 и 275 метри , а за изградбата се вложени 3 милиони денари.Пешачката патека од саат кулата до старото училиште „ Св. Климент Охридски“ е дел од проектот за изведба на патна инфраструктура во Југо западниот плански регион.Ова е само еден дел, во рамки на истиот проект чија што вредност е 11 милиони и 500 илјади денари. Од нив 3 милиони се одвоени за изградба на оваа пешачка патека, која се состои од два краци, од кои едниот е 250 , а другиот 275 метри. Ќе се постави и улично осветлување со 24 метарски канделабри на растојание од 15 метри.

Македонија | пред 7 години

santa

Почнува предновогодишното лудило - Дедомразовци традиционално ќе трчаат во Скопје

Повеќе стотици Дедомрзовци во недела на 23 декември ќе трчаат во центарот на главниот град. Ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка.Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk.Трката ќе започне на Плоштадот Македонија. Ќе се трча кон Порта Македонија, Парк Жена Борец, Холидеј Ин, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.За победниците се предвидени награди.  Стартот на трката е закажан за 12 часот.

Спорт | пред 7 години

biba-dodeva

Емотивна исповед на Биба Додева: Ја најдов другарка ми на смртна постела

Пејачката и претседател на здружението „Борка“ Биба Додева раскажа интимна приказна на Конференцијата за 200 жени претприемачки, која се одржа завчера во Скопје.-Пред неколку години, се слушнав со едни мои пријатели со кои што се немав видено подолго време. Разговарав со сопругот на мојата блиска пријателка. Во неврзан муабет, прашувајќи ги како се и што прават, почувствував дека нешто не е во ред и добив некоја потреба да ги видам. Им реков, чекајте ме, доаѓам кај вас веднаш. Ни на крај на памет не знаев што ме чека таму, рече Биба во емотивниот говор кој ги растажи присутните, пренесе Женски магазин.„ Кога стасав, ја видов другарка ми на смртна постела. Тоа за мене беше голем шок затоа што вооппшто не знаев дека е болна од рак“, продолжи Биба.„Поради истата болест подоцна загубив еден куп драги луѓе, жени кои биле членки на здружението „Борка“ , а пред повеќе од една година и мајка ми. И знам дека секој од нив се прашува: Како е можно да се разболам кога редовно одам на преглед? И сите се прашуваат: зошто на мене да ми се случи ова, зошто токму јас? На некои прашања немаме одговор“, рече претседателката на „Борка“.Таа им порача на сите жени присутни на конференцијата дека ќе биде многу среќна ако барем неколку од нив натера да закажат мамографски преглед, поради навремена превенција од несаканата болест.„Без оглед на тоа што многу се чека на ред, вие закажете си, уште веднаш“, рече Додева.Биба раскажа и дека откако има внук, многу поинаку гледа на животот и повеќе се грижи за своето здравје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија се гуши во смог, граѓаните бесни - едвај дишт , болниците се полнат

Граѓаните бесни, градовите обвиени од смог, тешко се дише, а видливоста е едвај неколку метри. Годинава неколку македонските градови на врвот на листата на најзагадени светски градови. Смогот се интензивираше поради густиот сообраќај, масовното користење јаглен, лошото просторно планирање и греењето на дрва. Индексот на квалитетот на воздухот е најмалку 10 пати повисоко од просекот. Степенот на загаденост на воздухот на почетокот на декември веќе достигна алармантно ниво.Македонија губи околу 3,2 проценти од својот годишен БДП поради загадувањето, или во бројки околу 360 милиони долари годишно.Околу 1.350 Македонци умираат годишно како последица на загадувањето на воздухот.Додека светот е собран на Климатскиот самит во Полска, граѓаните на Балканот се прашуваат дали нивните влади ќе сторат нешто за да се справат со загадувањето кое убива илјадници луѓе годишно.Од загадувањето профит имаат само оние кои продаваат прочистувачи на воздух, за кои, еден продавач од Македонија вели дека „одат како алва“. „Луѓето не гледаат колку чини само сакаат да чист воздух“, велат бизнисмените кои продааваат прочистувачи на воздух.Инаку прочистувач на воздух чини околу 400 евра - речиси исто колку и просечна плата во Македонија.За потсетување како една од мерките која ја превзеде министерството за здравство во борба против загадувањето е 43 те илјади маски за дишење за хронично болни луѓе.На ова се спротиставија активистите од граѓанската организација „Стоп за загадувањето на воздухот“. Според нив оваа мерка е краткорочна и не е сериозна во борба против загадувањето.

Македонија | пред 7 години

vmro-frakcija

Демократска фракција: ВМРО-ДПМНЕ да расчисти со грујовизмот

Последиците од со години криминалниот начин на водење на партијата, узурпацијата на партијата од страна на фамилијата и нивните измеќари со цел енормно крадење и лично богатење, претворање на УБК во приватна сопственост и сé друго, со сведочењето на слугата Нинџа, испливаа на површина во своето вистинско и најнегативно светло. Се случи ,,со свој камен по своја глава”. Каменот кој дојде одблизу ја прикажа вистинската слика на алчните квазивмровци, на кои најбитни им биле удобните фотељи и полните џебови, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ - демократска фракција.-Жалиме, се вели во соопштението, за последиците кои во блиска иднина ќе ги трпиме сите ние како чесни членови на партијата, но истовремено сме среќни што исплива на површина грозоморното сценарио и злосторството кои го планирале и правеле квазипатриотите монструми. И покрај фактот дека се работи за ,,нелуѓе” заради доброто на државата, фракцијата бара и очекува сите директни и индиректни учесници и соучесници во овој случај, да имаат фер судење и казните да бидат сразмено на стореното зло. Обидот под плаштот помирување да се даде амнестија на дел од учесниците во случувањата од 27 април во замена за гласање за уставните измени и промена на името, Фракцијата ќе го смета за ново злосторство и во иднина ќе поведе постапка за гонење на сите кои ќе учествуваат во истото.Во соопштението се посочува дека, по предавство и куквичкото бегство на почесниот претседател на партијата станува повеќе од јасно и неминовно во најкраток можен рок членството на партијата дефинитивно и целосно да расчисти со грујовизмот и со грујовистите во своите редови. Секое понатамошно молчење и калкулирање само ќе ја докусурат и згаснат партијата. Тогаш нема да ни биде крив СДСМ, туку ние самите, поточно оние кои сега управуваат со партијата.-Господине Мицковски не е грев да се расчисти со криминалните структури во партијата, партиските мешетари и патриоти за полн џеб. Не е грев желбата и напорите ВМРО ДПМНЕ од дувло на криминалци, одродници и профитери (какво што беше последниве десетина години) повторно да стане сéнародна партија која сега во овој критичен момент повторно ќе ги обедини граѓаните. Во овие тешки и последни моменти за опстојување на државата и партијата и на се она што е македонско, потребно е храброст и одлучност.Само кристално прочистено и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои газат по достоинството на македонскиот народ и кои се обидуваат да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година, се вели во соопштението на фракцијата.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Се преземаат низа мерки против загадувањето, проблем што 11 години беше игнориран

Се преземаат низа мерки против загадувањето, проблем што 11 години беше игнориран од криминалната ВМРО ДПМНЕ, вели СДСМ преку соопштение.„11 годишното игнорирање на проблемот со аерозагадувањето и системското унишување на зеленилото и животна средина од страна на ВМРО-ДПМНЕ остави тешки последици што и денес се чувствуваат. За разлика од таквиот неодговорен однос кон здравјето на граѓаните, денес сите надлежни институции на централно и локално ниво секојдневно преземаат активности за справување со загадениот воздух. Во текот на вчерашниот ден, градинките во општина Бутел добија осум прочистувачи на воздух за просториите во кои се згрижени најмалите, а во наредните денови ќе бидат поставени уште 28 прочистувачи на воздух. Претходно беа набавени 1.700 висококвалитетни садници за дворовите на повеќе градинки низ државата“, се вели во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Понатаму се додава дека подрачното училиште „Гоце Делчев“ од Долно Лисиче веќе го замени стариот нееколошки начин на затоплување на нафта со нов еколошки енергенс на пелети.„Училиштето коешто до неодамна трошело 20 тона нафта за греење, отсега ќе има еколошки начин на греење кое нема да загадува и кое ќе ги намали и трошоците за затоплување. Се очекува, наскоро повеќе училишта, градинки и студентски домови да го следат овој пример и да го напуштат стариот, скап и нееколошки начин на загревање со нафта“, вели СДСМ.Владејчакта партија додава дека Јавното претпријатије Водовод и канализација за првпат постави автоматска решетка за отпад, којашто ќе задржува крупниот отпад што се наоѓа во фекалните води со што ќе се намалат отпадоците создржани во отпадните води кои завршуваат во реката Вардар и ќе помогне да се намали оптоварувањето на реката со покрупен отпад.„Паралелно со ова, континуирано се чистат коритата на реките и каналите од наноси на ѓубре и цврст отпад, а постојано се расчистуваат и диви депонии низ целата држава. Се обновува уништеното и се подига ново зеленило, а се уште трае и субвенционирањето на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети за домаќинства, за што Владата предводена од СДСМ занчително ги зголеми средствата за поддршка на оваа мерка од 17 на 21 милион денари“, соопшти СДСМ и додаде дека се презема и серија други мерки преку здружена и координирана активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух.

Скопје | пред 7 години

cipras-putin

Ципрас во Москва: Ќе се поправи ли она што се расипа поради Македонија?

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска е во работна посета на Москва. Има голема потреба за разговор, сметаат експертите. Грчко-руските односи се влошија поради Македонија, извор DW.COM.Минатото лето билатералните односи беа паднати на најниско ниво: Грција одби да им даде одобрение за влез на двајца руски дипломати, за возврат Москва протера двајца грчки дипломати. Во позадина беше решавањето на долгогодишниот спор околу името „Македонија“. Грчкото министерство за надворешни работи во тоа време посочи дека дипломатите се обиделе да поткупат функционери со цел да се спречи приближување со соседната земја. Поради тоа планираната посета на Грција на шефот на руската дипломатија Серегеј Лавров е откажана. Кратко потоа грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас дава оставка, по што оваа позиција ја презема лично Ципрас. Повод за повторно приближување до Кремљ?Повеќе: Криза во односите на Русија и Грција поради МакедонијаПолитикологот Танос Веремис е скептичен: „За односите помеѓу Грција и Русија е лошо тоа што Атина сѐ уште го поддржува договорот со Македонија“, вели овој експерт во разговор за ДВ. Москва сака северниот сосед на Грција да го држи настрана од западно влијание. И тоа така ќе остане – без разлика кој го води министерството за надворешни работи во Атина. Повторно приближување во вакви услови е тешко, смета Веремис. „Во моментов Ципрас игра на картата на САД и тоа е разбирливо од негова гледна точка. Имено, таму си ја гледа иднината – ако воопшто има некаква иднина“, нагласува овој експерт.Враќање кон економијатаСе чини минато се времињата кога левоориентираната влада во Атина во зенитот на должничката криза се вртеше кон Москва, па ЕУ-партнерите мораа да ја потестуваат на „лојалноста“. За време на посетата на Москва во април 2015 година Ципрас се соочи со фактот дека Кремљ и покрај тоа што вети „продлабочени економски односи“ нема да даде конкретна финансиска помош за излез од кризата. „Грчката страна не побара помош од нас", изјави тогаш претседателот Владимир Путин. Притоа, тој имаше поголем интерес за тесна соработка во енергетскиот сектор. Уште тогаш Путин и Ципрас преговараа за учество на Грција во Турскиот тек, преку кој треба да се пренесува руски гас од Црното Море кон Европа. Оваа тема е на агендата и овој петок.Повеќе: Шоу на Путин и Ердоган за гасовод со неизвесна иднинаОд грчки аспект Турскиот тек е интересен проект, вели Танос Докос, раководител на атинскиот тинк-тенк Елиамеп. Но „Грција ќе влезе во проектот кога ЕУ и САД ќе дадат согласност", проценува овој политиколог за ДВ. Прашање е дали ќе дојде до тоа – особено поради тоа што САД ја следи својата политика во регионот испораката на гасот од Југоисточна Европа да оди преку северното грчко пристаниште Александрополис, смета Докос. За дополнителни компликации во источниот Медитеран се погрижија и турските закани против Кипар поради планираното производство на гас/нафта од источниот брег на поделениот остров. Според информациите на левориентираниот „Весник на уредниците“, Ципрас и Путин на нивната средба сакаат да зборуваат и за „развојот на настаните во источниот Медитеран". Политикологот Веремис верува дека е во интерес на Гриција, западните сиили да ги вклучи во енергетско-политичката дебата и да ги посочи противречностите на турската политика: „Не може една земја членка на НАТО, како што е Турција, од една страна да искористува руски енергетски извори, а од друга да бара западни енергетски компании за да произведува гас во Кипар."Криза во православиетоИ покрај бројните разлики, се очекува Ципрас и неговиот руски домаќин да потпишат повеќе билатерални трговски договори, како и договори за културна размена. Покрај ова, посетата е можност и за размена на убави зборови во духот на христијанството и за зајакнување на православното братство меѓу двете земји. Иако и тука постои опасност од катастрофа: Во светло на украинската криза, владата во Киев врши притисок за независна православна црква, осамостоена од Русија. За тоа доби поддршка од Вселенски патријарх од Констатинопол – највисокиот поглавар на православната црква со седиште во Истанбул, кој негува добри односи со Грција. Последниот конфликт за црковна независност на Украина „значително придонесе за влошување на односите меѓу Атина и Москва“, напиша атинскиот весник „Та неа".Според проценките на политикологот Веремис ситуацијата е покомпликувана отколку што се чини на прв поглед. „Екуменскиот патријарх има своја агенда која не е секогаш идентична со онаа на грчката црква или пак со агендата на владата во Атина," нагласува тој. Ако оваа тема се појави на разговорите во петок, тогаш грчката влада веројатно ќе се повика на тоа дека нема надлежност да се меша во работата на Патријархот.DW.COM

Свет | пред 7 години

grip

Грипот „коси" во Македонија - на удар дечињата

90 заболени од грип во земјава во периодот од 26 ноември до 2 декември. Оваа статистика на Институтот за јавно здравје покжува дека има зголемување за 21,6 отсто споредено со предминатата недела.Најголем број заболени, 63 се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 12,1 на 100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст до четири години.Оваа недела пријавени се заболени лица од 16 извештајни единици, а во три извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени, 18, се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица, додека највисока инциденца од 62,5 на 100.000 жители е регистрирана на територија на Подрачната единица Македонски Брод.Во текот на 48-мата недела од 2018, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се девет материјали за тестирање на грип. Тестираните материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Македонија | пред 7 години

sjo

Објавен новиот закон, СЈО ќе го гони Претседателот

Министерството за правда го објави нацртот на предлог-законот за Специјално јавно обвинителство во кој промени во однос на надлежностите за кривичните дела кои можат да бидат предмет на оваа институција во однос на актуелното законско решение. Досега, Специјалниот јавен обвинител беше овластен и надлежен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршени во периодот меѓу 2008 и 2015 година, објави Фактор.мк.Со предложеното решение се предвидува СЈО да може да истражува и гони кривични дела извршени од Претседателот на Македонија , поставените амбасадори и други претставници во странство и именувани лица од Претседателот, избрани или именувани функционери во и од Собранието, во и од Владата, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје.Се предвидува и надлежност за прогон СЈО да има за кривични дела извршени од одговорни лица во политички партии против изборите и гласањето, како и од областа на животната средина и природат, културното наследство и природните реткости, јавните финансии, платниот промет и стопанството, вооружените сили, службената должност, неовластеното оддавање информации и податоци за сведоците и други ако овие дела се сторени во врска со постапки кои ги води Специјалното јавно обвинителство.извор: Фктор.мк

Скопје | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски: На „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ доволно им е темно мастило од владиниот кабинет да прешкрта некој кој ја говори вистината

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук околу црното владеење на оваа влада и апсењата на патиските членови кои се незадоволни од владеењето на Заев и СДСМ.„Зачестено пишувам за фактите кои го разголуваат црното владеење на оваа Влада. Но ова за што пишувам денес, не е само статистички податок, туку многу повеќе од тоа, суров факт за болната реалност во нашата земја и како владата ја гуши слободната мисла и крикот на граѓанинот против овие црнила кои надвиснале на нашата земја.Морам да кажам дека пред да ги споделам фактите имаше размисли од моите соработници да не се отворам премногу затоа што може тоа да предизвика резервираност кај граѓаните, но јас како човек, но и како водач на ВМРО-ДПМНЕ имам обврска да се држам до вистината, и искрено верувам дека карактерот на Македонецот е пред се пркост кон неправдите, и суштината на неговото постоење е безусловна борба за слободата, против сите оние кои ќе ја потиснат, извалкаат или ќе пробаат да ја одземат.На последниот протест пред владата само споменав, но денес пишувам подетално за работите кои не ги ветија, но ги остваруваат. Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава. Со специјалци, огнено оружје во домовите на честити луѓе, домаќини, но однеднаш за соседите, и согласно употребената полициска сила стануваат сомнителни поединци за кои има "сомнеж за антидржавно делување". Еден од нив има три деца, а можете да замислите каков надреален трилер е само за неговите малолетни деца кога специјалци вооружани прават претрес во детската соба затоа што единствен грев на неговиот татко е што мисли поразлично од власта, другиот го задржале во полициска станица зошто имал чаура зачувана од неговата свадба пред повеќе од десетина години, другиот сомнително им изгледал, а тоа според полицијата на Спасовски е тешко кривично дело во обид. Ако на комунистичкиот режим во првите години од минатиот систем им требало барем тројца сведоци, денес на Кацарска судството и Рускоска обвинителството не им треба ниту тоа, доволна е некоја измислена белешка или некое темно мастило од владиниот кабинет да прешкрта некој кој ја говори вистината, или некој нарачан обвинет кој уценет ќе каже се што тие сакаат. И тука ќе испратам една порака до оние од власта и до самиот премиер, нема лезет од таква власт, нема, што би рекле старите аир од такво црно владеење. И не знам како не гледаат дека колку тие повеќе продолжуваат со притисоците со егоистичното самозадоволување од гледањето на туѓата мака, народот станува порешителен, поброен и исправен пред предизвиците. Зад таквата неумерена разузданост на власта се крие всушност голем страв. Ако не се овие методи, тогаш многу побрзо ќе се постави прашањето поразително за оваа власт, што сработеа, зошто живееме полошо и каде одат парите кои се трошат, бидејќи производ, некое добро за народот не останува?Еден од тие кои беа на мета на таквиот скорешен прогон ми вели, јас не се плашам, зошто јас сум на страната на вистината, но можев да видам дека оние гавази од власта се плашат повеќе, треперат, затоа што секој почеток има и крај, а нивниот доаѓа за скоро. И тоа ми го кажа рамо до рамо протестирајќи вчера повторно пред владата, но овој пат вика тоа го правам со поголема енергија затоа што го распламтија незадоволството. Затоа ќе порачам дека Власта треба да биде свесна дека може да уапси 10, 20 луѓе, и така ќе ги чини задоволни оние 100, 200 најзапалени луѓе од власта, но ниту една власт, а најмалку оваа може да уапси цел народ. И во моментите кога ги прават овие неправди може навистина мислат дека остваруваат некакви краткорочни победи, но дури тогаш треба да знаат дека тоа се нивните најсилни порази. Овие црнила ќе бидат победени, затоа што зората ќе изгрее за сите, а светлината ќе биде посилна од ова црно владеење.Јас нема да ветам чуда, но ќе ветам победа над црнилата од оваа влада.Се гледаме во недела на Протестен марш во Кочани, и наредната среда во Скопје“, напиша Мицкоски на Фејсбук.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1120235734818551?__tn__=K-R

Македонија | пред 7 години

vlado-jovanovski

Емотивен статус на ФБ на Владо Јовановски како последно збогум за Љубиша Георгиевски

Драг професоре Љубиша Георгиевски, прости ми што дури сега ти пишувам а утринава разбрав за Твоето оправдано физичко отсуство од овој свет. Сигурен сум дека ќе ме разбереш, зашто имав објективни причини… Поточно имав “Снимање”, кое некои го нарекуваат судење. Професоре, чест ми е што Те запознав во животов, што можев да учам од Тебе и како треба и како не треба и што имав чест да соработуваме во повеќе проекти.Особено ми е драго што учествував во Твојата последна претстава (а можеби и моја последна), “Папагалот историко”, која ете некако успеавме да ја одиграме двапати или трипати, ако ја вклучиме и генералната проба. Претстава која меѓудругото зборуваше и за настаните од 27. април 2017. година.Нејсе…Знам дека си веќе кај Бога, пред кого сите еден ден ќе се претставиме.Те замолувам да му пренесеш нему, на Створителот (иако знам дека ОН се знае), едно мое чувство за Македонија и за нејзината иднина.Речи му… Владо ми рече да Ти го кажам ова…ДРЖАВА КОЈА ИМАЛА И ИМА ТАКВИ И ВАКВИ ТАЈНИ СЛУЖБИ, И ТАКВО И ВАКВО ГАНГРЕНОСАНО ОПШТЕСТВО ВО СИТЕ ПОРИ, НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА ИДНИНА!ЗАТОА ШТО ТОА НЕ БИЛО ДРЖАВА И ТАКВОТО И ВАКВО ОПШТЕСТВО НЕМА ИДНИНА!Ако Ти не му го кажеш ова…Јас секако еден ден ќе му го кажам, кога ќе стасам…Сега за сега, нека ми го продолжи престојот во ОВАА НАША ЧУДЕСНА ЗЕМЈА, зашто сум љубопитен како ќе заврши мојот живот..ЉУБИША…СМЕЈ СЕ ТАМУ И УЖИВАЈ ВО РАЈОТ, ЗАШТО ОВДЕ ВО ОВА ТРЛО ЗА СТРИЖЕЊЕ ОВЦИ,ЖИВИТЕ ИМ ЗАВИДУВААТ НА МРТВИТЕ!, пишува Јовановски.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања