„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

УБК е главно жариште на генерирање на сите кризи, тврди Иванов кој се пожали дека добива закани

Во изминатите неколку години јавно предупредував на опасностите кои и се закануваат на Република Македонија. Со длабоко жалење констатирам дека тие беа игнорирани, а резултатот од тоа го чувствуваме сите, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов на денешната прес-конференција.„Во кабинетот на претседателот на Република Македонија не се разговарало за прогласување на воена или воеа состојба и ги отфрлам шпекулациите дека меѓународната заедница вршела притисок врз мене да остапам од некаков план за прогласување на некаква воена или вонредна состојба. Јавно ги повикувам странските претставници да ги посочат тие кои ми вршеле притисок.Кому му одело во прилог да го злоупотреби кабинетот на претседателот за да објави воена состојба?Година и пол јас како претседател и мојот кабинет сме мета на лажни вести со цел да не вмешаат во настаните од 27 април. Од тогаш без никакви докази се обвинува кабинетот на претседателот, се вршат притисоци и закани кон мене, со цел да отстапам од моите ставови во врска со политичките случувања во Република Македонија. По којзнае кој пат повторувам дека нема да отсапам од моите ставови.Сведоци сме на лажните искази дадени во судскиот процес за настаните од 27 април. Сакам да укажам дека за давање лажен исказ кривично се одговара. Ги охрабрувам сите оние кои ме обвинуваат да се обратат до надлежните институции. Овие институции треба да одговорат каде биле одговорните лица на 27 април и претходно.Сакам да потсетам дека во врска со настаните од 27 април кабинетот на претседателот ги достави сите извештаи до основното јавно обвинителство. Мојот кабинет ги демантираше лажните вести со кои се гради негативна перцепција за нас“, изјави претседателот.Според него ништо од она што пишуваа дел медиумите не излезе дека е вистина.„Обвинителката Рускоска јасно потврди дека Јавното обвинителство нема докази за вмешаност на кабинетот на престедателот во настаните од 27 април.Би сакал јавно да прашам, дали исказите на обвинетите се порелевантни од ТВРДЕњата нанадлежните институции и носителите на јавни функции?Како претседател на Македонија уште пред две години укажав дека УБК е главното жариште на генерирање на сите политички и безбедносни кризи. Ако УБК се дрзнува да ги следи активностите на мојот кабинет, и мене како претседател да ме става во службени белешки кој опишуваат непостоечки настани, се плашам од помислата што се се случува во оваа институција. со планиран истек на класифицирани податоци се гради лажна перцепција, за на крај да се конструира судско полициски случаи. Констатирам дека ова не е ништо друго освен хајка и линч кон мене и мојот кабинет“, вели Иванов. 

Македонија | пред 7 години

prom-1

Промовирана антологијата на песни за Охрид

Во рамките на чествувањето на 8-ми Декември- Денот на Св. Климент Охридски- Патрон на Охрид, денеска беше промовирана антологијата на песни за Охрид. Поетската антологија „Дојди во Охрид“ ја приредија проф. д-р Димитар Пандев и поетот Славе Ѓорѓо Димоски, а е во издание на Општина Охрид.Градоначалникот Јован Стојаноски на почетокот на промоцијата им се заблагодари на приредувачите на антологијата и првите примероци им ги врачи на директорите на основните и средните училишта за школските библиотеки и на директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ .Антологијата на песни „ Дојди во Охрид“ ја промовираше проф. д-р Димитрија Ристески, кој истакна дека се работи за богато издание, во кое има 90 песни за Охрид , од кои 30 се од познати светски поети.-Приредувачите, со својата уметничка дарба и со своето извонредно чувство за селективност, успеале во оваа книга да ги врамат речиси сите песни за Охрид од дамнина, па до денес, не се само автори кои потекнуваат од охридското и нашето пошироко македонско подрачје, туку и од странство или , според насловот на посебно издвоениот дел од книгата „ Поетите од светот за Охрид“ – рече промоторот Ристески.На промоцијата, двајца автори кои се застапени во антологијата ги прочитаа своите песни за Охрид, а овој културен настан заврши со заедничката порака во иднина да се множат ваквите важни изданија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Тепачка на две групи малолетници во Струга

На улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, вчера, околу 15.30 часот нарушен бил јавниот ред и мир поради тепачка во која учествувале две групи од неколку малолетни лица.Еден од нив бил физички нападнат најпрвин од едно лице, а потоа се вклучиле и другите лица од групата. Причина за нападот е тоа што истиот ден околу 09.10 часот во претходна расправија било искршено стакло на паркирано патничко моторно возило „Мерцедес“ и за истото оштетениот бил повикан кај директорот на средното училиште „Ибраим Темо”. Истиот го посочил напаѓачот како сторител на оштетувањето. Во нарушувањето, физички е нападнато уште едно лице кое се обидело да ги раздвои, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

slika

Ѓорчев се сретна со сенаторите Линдзи Греам и Џејмс Ланкфорд

За време на својата посета на Вашингтон пратеникот Влатко Ѓорчев се сретна со сенаторот Линдзи Греам.За време на средбата пратеникот Ѓорчев се заблагодари за можноста на учествува на парламентарниот форум за безбедност.Ѓорчев го истакна партнерскиот однос на САД кон Македонија, со надеж дека во иднина односите меѓу двете земји ќе се продлабочуваат.На средбата со сенаторот Џејмс Ланкфорд стана збор за водечката улога на САД во обезбедувањето на мир и стабилност во Европа.Ѓорчев го нагласи значењето на посветеноста и ангажманот на САД во Европа како долгорочен и стратешки однос меѓу сојузниците од двете страни на Атлантикот.Пратеникот Ѓорчев ги повика сенаторите Греам и Ланкфорд да ги следат состојбите во Македонија, особено во делот на актуелните и загрижувачки проблеми, како и да го задржат вниманието кон Балканот како важен дел од Европа.На крајот, пратеникот Ѓорчев го подвлече долгогодишното партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија на САД како сестрински партии кои споделуваат заеднички вредности.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Совети за патување во зима

По долгата и топла есен, метеоролозите за наредниот период најавуваат пад на температурите, постудено време, снег на повисоките места и „конечно“ вистински почеток на зимата. Иако сончевото време на сите возачи им оди во прилог, не треба да се заборави фактот дека во зима снегот и мразот се главни „учесници“  во сообраќајот на патиштата, а возачите треба да се прилагодат на нив и на условите за возење кои ги создаваат.Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата подготви неколку кратки совети како да се подготвите вие и вашето возило за претстојниот зимски период.Дали ви требаат зимски гуми? Да. Новите модели на зимски гуми добро се вклопуваат со површината и сигурно ќе траат повеќе од една сезона, па нема потреба да размислувате за купување поскапи зимски гуми. Доколку возите автомобил со летни гуми кои имаат поголема оска од 4 мм, препорачуваме да ги замените со зимски гуми за ваша безбедност и за безбедност на другите учесници во сообраќајот. Доколку имате зимски гуми, а автомобилот е мал, ви препорачуваме да купите нови бидејќи зимските гуми со мала шарка имаат добар стисок на влажната подлога, но кога станува збор за снег, тоа не е многу добро.Погрижете се вашиот автомобил да биде во исправна состојба.Освен временските услови, исправноста на возилото е клучен фактор за безбедност на возачите и на останатите учесници во сообраќајот. Последно нешто што сакате е да останете со возилото на пат бидејќи не е механички исправно. Исто така, пред да тргнете на пат, треба да ги проверите и доколку е потребно да ги замените со нови и со поквалитетни четкичките на бришачите. Така ќе бидете сигурни дека стаклото на шофершајбната ќе биде секогаш чисто. Добро е да отидете на механичар или во овластен сервис каде што ќе можете детално да го прегледате вашето возило.Обидете се резервоарот да ви биде полн доколку заминувате некаде на подолг пат.Во зима, на места каде што има паднато снег, често се случува автомобилот да заглави во снегот, па можеби ќе бидете принудени да го оставите возилото да работи подолго време за да ве загрее, сѐ додека не дојде некој на помош. Втора, корисна работа е да се погрижите вашиот резервоар да е полн повеќе од половина во текот на целата зима бидејќи тоа ќе спречи замрзнување на горивото кога температурите се во минус. Доколку е потребно, можете да додадете и некој адитив во резервоарот.Секогаш имајте комплетна зимска опрема во вашиот автомобил.Потребни и од корист ќе ви бидат основни работи, како што се: синџири за тркала, зимски ракавици и капи, ќебиња, ремени за влечење, кабли за напојување на акумулатор, фенерче, и др. Не заборавајте да носите некои основни лекови доколку тргнувате на далечен пат бидејќи секогаш постои опасност да заглавите некаде и да не знаете колку долго ќе бидете заглавени.Носете облека во која ќе ви биде топло. Очила во тон на жолто-златна боја драстично ќе ви помогнат да имате подобра видливост. Се разбира, тоа што е ладно надвор, не значи дека треба да возите во јакна, палто или слична облека бидејќи тоа само ќе ви го отежни возењето. Сѐ што е тешко, големо и гломазно ви го отежнува возењето. Големиот и дебел капут кој повеќе ќе ве нервира, отколку што ќе ве стопли, ќе го оставите на задното седиште од автомобилот и за време на возењето, ќе бидете комотни и нема да се чувствувате тромаво, а со тоа ќе можете слободно да маневрирате со воланот, да се свртите настрана или  назад и да бидете фокусирани на она што се случува на патот. Истото важи и за тешките и големи обувки, како што се чизмите бидејќи тоа може да ви ја загрози пристапноста до педалите. Ставете ги на задното седиште за да ви бидат достапни доколку ви затребаат.Прилагодете се кон условите на патот.Проверете ја состојбата и условите на патот. Има многу начини преку кои можете да се информирате за состојбата на патиштата пред да седнете зад воланот. Проверете ја временската прогноза на локалните радио станици или на Интернет и добијте сознанија за последните временски предупредувања и за условите на патот. Ова ќе ви даде корисни информации за времето и што да очекувате или во некои полоши случаи ќе ви даде можност за план Б, односно за промена на рутата по која сте планирале да се движите.Почитувајте ги ограничувањата на брзината, предупредувањата за условите на патот и запомнете дека во зима треба да возите многу поспоро од она што е дозволено.Бидете внимателни за вас и за оние околу вас, возете одговорно и секогаш чувствувајте се безбедно во вашите возила. 

Македонија | пред 7 години

levica

Левица: Приватизациите ги поскапуваат услугите и ги јакнат олигарсите

„Новиот бран на распродажба на јавните добра кој го сведочиме периодов се одвива стихијно и без јавна дебата, а неговиот резултат е повеќе од јасен: зголемување на цената на услугите, намалување на платите и условите на вработените и јакнење на олигарсите кои ќе ја стекнат сопственоста врз овие претпријатија.Од предлозите да се реши проблемот на железниците и поштата со нивна либерализација, па се до најавената либерализација на енергетскиот пазар и распродажбата на брзата помош и детската кардиохирургија, очигледно е дека 27 годишната традиција на распродажба на јавните и државните добра не е завршена. Притоа, власта манипулира со јавноста, стихијно спроведувајќи ги овие приватизации, избегнувајќи медиумска покриеност и јавна дебата“, велат од Левица.Според нив, во оние ретки моменти кога власта сепак мора да се произнесе, таа користи две стратегии за да не создаде револт кај масите: го избегнува терминот приватизација и кокетира со јавната перцепција дека државните претпријатија се неефикасни.„Од една страна, терминот „приватизација“ со право стекна негативна конотација во периодот после осамостојувањето на Републиката. Власта вешто го замени овој термин со други, помалку оцрнети називи, што кулминираше со именувањето на приватизацијата на детската кардиохирургија како „преселба“.Од друга страна, јасно е дека државните претпријатија се неефикасни и корумпирани, но притоа мора да се земе предвид дека причината за ваквиот феномен е тенденциозното уништување на овие претпријатија, се со цел нивна полесна распродажба на олигарсите во државата. Дополнително, годинава бевме и сведоци на скандалот што го обелодени „Трансперенси интернешнл”, во кој политичката партија ДУИ се финансирала преку државни институции. И на крај, неефикасноста на овие претпријатија е и една од последиците токму на неспособноста на Владата која има мандат и должност да менаџира со истите!Во оваа насока, приватизациjата како решение на властите не е ништо освен избегнување на одговорноста и зацврстување на врските со бизнис елитата. Услугите не стануваат поквалитетни кога ќе се префрлат во рацете на капиталот, туку стануваат поскапи. Такви примери имаме и во Македонија (приватните болници и училишта се поскапи) и низ Европа (после либерализацијата на енергетскиот пазар, во повеќето земји во Европа електричната енергија поскапела, некаде дури и дупло). Напротив, решението е во квалитативното подобрување на државните претпријатија.Потребно е да прекине да се троши државниот буџет по диктат на Западот (за интеграции во НАТО и милитаризација) и да се инвестира во државниот сектор. Потоа, потребна е поголема демократизација на овие претпријатија преку поголемо учество на вработените во носењето на одлуките, како единствен ефикасен начин на борба против нивната корумпираност. Менаџерите и директорите треба да бидат избирани од самите вработени, по пат на гласање, и нив да им се доделува ограничен мандат, а трошоците на претпријатијата мораат да бидат транспарентни и достапни за јавноста.Распродажбата на јавните и државните добра не е ништо друго освен распродажба и на онаа мала количина слобода што нам ни преостана, и која што сега ја препуштаме во рацете на капиталот. А капиталот не се грижи за квалитетот на услугите, ниту за нас, туку единствена цел му е да го зголеми својот профит. Затоа, мораме да ставиме крај на приватизацијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

mvr

Малолетници од кумановско, уценувале жена и зеле многу пари - заработија кривична пријава

Секторот за внатрешни рабооти Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, кумановско и уште еден 16 годишен малолетник од село Слупчане, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ во врска со кривично дело „соучесништво“.Во периодот од јули до септември 2018 година пријавените преку комуникација на социјална мрежа со закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина, оштетената ја принудиле да им даде поголема сума на парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист од 360.000 денари.

Македонија | пред 7 години

kamaj-1

Дечково продава икона, а 500 души му пишале амин…

На забавниот сајт камај.нет, се објави интересна статија. Имено дечко  сакајќи да продаде икона, ја објавил на интернет, но наместо да се договараат околу цената, оние кои виделе лајкувале и над 500 души му пишале амин…извор: камај.нет

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Од кабинетот на Иванов: Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагира на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена вчеравечер во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.Сметаме дека ваквиот однос на Фрчкоски кон Претседателот на Република Македонија е резултат на личен анимозитет, како и последица на неговите лични фрустрации поради доживеаниот пораз на претседателските избори, токму од страна на претседателот Иванов.Сметаме дека Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов.Дали треба да ја потсетуваме јавноста на веќе укажаните сведоштва дека Фрчкоски е архитектот на политичката полиција и криминализирање на Службата за безбедност во Република Македонија на штета на националните прашања?Дали непрофесионализмот, кршењето на човековите права и владеење на подземјето е неговиот печат во управувањето со институциите?Дали Фрчкоски смета дека јавноста заборави за криминалните и неморалните дела од неговото владеење?Претседателот Иванов му порачува на Фрчкоски:„Јас не сум тоа што си ти. Кој си ти е опишано во мемоарите на поранешниот претседател Киро Глигоров и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов“.Кабинетот на Претседателот на Република Македонија очекува од Јавното обвинителство да реагира на сите досегашни изјави и сведоштва за улогата на Фрчкоски во атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Скопје | пред 7 години

sanja-l

Нова давачка за граѓаните - За да знаете колку имате дополнителни приходи ќе треба секој да има свој сметководител

Новина од УЈП, за да знаеме колку данок треба да платиме по новиот закон секој од нас ќе треба да ангажира свој сметководителУште една давачка за македонските граѓани од наредната година.За да успеат даночните обврзници да се снајдат со новите даночни стапки по различни основи, по новиот закон кој треба да стапи на сила од први јануари 2019, граѓаните најверојатно ќе им треба да си ангажираат лични сметководители за да не заталкаат во даночните лавиринти. Во синоќешното издание на “Економски магазин“ на Алсат м телевизија, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска објаснувајќи дел од новиот закон на прашање на водителот, дали секој кој што има дополнителни приходи од редовната плата и редовната пензија, би требало секој да има свој сметководител за да може да си ги води сметките за да знае колку данок ќе треба да плати, директорката Лукаревска одговори дека таа е праксата во сите европски земји, секој си има свој сметководител.– Во сите европски земји така е најчесто, праксата е таа. Секое физчко лице си има свој сметководител. Меџутоа мислам дека нашите сограѓани навистина се доста едуцирани и дел од нив и сами знаат да ги спроведуваат овие смедководствени работи, рече Сања Лукаревска.

Скопје | пред 7 години

Capture-3

МВР: Викендов ќе биде затворен големиот паркинг на Водно

На 08 и 09.12.2018 година (сабота и недела) во времето од 07.00 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно. Од тие причини ќе биде затворен големиот паркинг на Водно.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 7 години

kokian-1

(ФОТО) На скопски аеродром запленет кокаин вреден 570.000 евра

Два килограми кокаин, кои биле скриени во багажот на Венецуелец, се откриени на Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопшти Царинската управа на Република Македонија. Дрогата при продавање во количества „на мало“ би достигнала цена од околу 570.000 евра, се објаснува во соопштението.Шверцерот слетал на скопскиот аеродром завчера во 20.30 часот со лет од Цирих и бил издвоен за детален преглед, по што била откриена дрогата за која и анализата од цариниците и втората анализа од вештаци потврдила дека е кокаин.„Вредноста на запленетата дрогата, на црниот пазар во Република Македонија, изнесува околу 140.000 евра, додека истата при продажбата на мало би била повеќекратно зголемена и би достигнала вредност околу 570.000 евра“, соопшти Царина, нагласувајќи дека е поднесена кривична пријава против Венецуелецот.Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава,заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.

Скопје | пред 7 години

gjorge-ivanov-1

Иванов ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба.Тоа се, како што изјави, очаен обид да се сврти целото внимание од главните креатори на настанот кон шефот на државата и неговиот кабинет.Одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на признанијата „Македонски квалитет", Иванов истакна дека во него се вперува прстот, но кога судот ќе ја донесе одлуката ќе се знае кои се главните актери, кој стои зад 27 април, кој го испланирал и изрежирал, но ќе се знае, подвлече претседателот, и мотивот.-Јавноста верува на обвинет, а не на официјалните институции. Имаше изјава и обвинителката, имаше соопштение и од Армијата и од кабинетот. Веројатно нашите изјави се многу поиздржани од изјава на обвинет кој прави се да го одбегне тоа што му следува. Прашајте кај биле генералите тој ден, кај бил началникот на Генералштабот, каде бил мојот аѓутант, Армијата. Веќе имаме и нова власт и нова министерка за одбрана која сите овие месеци можела да види што има во МО за тој ден зашто се` се евидентира. Армијата не е невладина организација, туку хиерархиски поставена институција која води евиденција за секој ден, за секој час, за секој војник и офицер, истакна Иванов.Од кабинетот на претседателот  соопштуваат дека Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов,ќе се обрати до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија денеска во 17:00 часот.

Скопје | пред 7 години

lavrov

Лавров: САД насила ја туркаат Македонија во НАТО

САД се мешаат во внатрешните работи на Македонија со туркањето на договорот за името со цел да го забрзаат нејзиното членство во НАТО, обвинува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за грчки весник, објави dw.com.Русија и натаму отворено се спротивставува на Преспанскиот договор и на влезот на Македонија во НАТО. Во екот на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Москва, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешното интервју за весникот „Ефимерида“ оценува дека САД насила ја туркаат Македонија во воено-безбедносната Алијанса.„Очигледно е дека постои неконтролирана и континуирана интервенција на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија“, вели Лавров.Претходно, Вашингтон во неколку наврати ја обвинуваше Москва за ширење на „негативно влијание“ во Македонија и во други земји од Западниот Балкан, во обид да ги спречи нивните аспирации за евро-атлантска интеграција.Лавров во интервјуто обвинува дека мнозинството за уставните измени поврзани со Преспанскиот договор во Македонија било постигнато со „уцени и поткуп на пратеници“ во што бил вмешан и амбасадорот на САД во земјата.„Треба да се напомене дека ова брзање служи само на целта на Вашингтон за насилна интеграција на Скопје во НАТО“, вели Лавров.извор:dw.com

Свет | пред 7 години

VIK_2

Со ИПА грант подобри услови за настава за 500 ученици во с.Черкези, Кумановско

Над 500 ученици во село Черкези, Кумановско, добија подобри услови за настава преку грант-средства од Европската Унија, односно инструментот ИПА. Грант средствата во износ од 1,96 милион денари за реновирање на основното училиште “Јероним Де Рада”, се доделени преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го реализира Министерството за финансии со поддршка и средства на Светска банка и Европската Унија.Со реновирање на училишната зграда, обезбедени се подобри услови за 530 ученици, како и за 58 вработени во училиштето. Направена е промена на внатрешната столарија, поставени се гипсни плочи на таванот, заменети се подовите, санирани се дупнатините и молерисани на sидовите.Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека Проектот за подобрување на општинските услуги поддржува подобри услуги во сите општини во земјата, што вклучува и подобри услови за настава во училиштата и градинките. Тој рече дека преку Проектот, но и други мерки и реформи, Владата настојува да го подобри образовниот процес во земјата.- За одржлив економски раст и подобар животен стандард, треба да се инвестира во човечкиот потенцијал. Инвестициите во oбразованието се од исклучително значење. Секој од нас е добар во нешто и има нешто да понуди. Оределбата на нашата Влада е да вложува во образованието - како во образованата инфраструктура, така и во подобрување на квалитетот на образовните програми. Следната година во буџетот се издвоени 27,4 милијарди денари за образование, што е за 2 милијарди повеќе во однос на годинава - рече министерот за финансии Драган Тевдовски.Амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар истакна дека според финансиските средства можеби ова е мал проект, но со огромно влијание, бидејќи ги подобрува условите за настава за децата во училиштето.-Првите години во развојот на децата се најважни за нивниот правилен развој. Токму поради таа причина од огромна важност е децата да имаат соодветни услови за учење. Со овој проект се работи токму на оваа цел - рече Жбогар.Градоначалникот на Куманово Максим Димитривески посочи дека преку вакви инфраструктурни проекти, општините работи на подобрување на условите за живот во руралните средини.-Една од стратешките цели во Потстратегијата за рурален развој на општината е подобрување на условите за живот на населението во руралните средини преку реализирање на конкретната цел, односно подигање на стандардите на живеење преку имплементација на инфраструктурни проекти, како што е овој проект за адаптација на училиштето - рече Димитриевски.Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели, посочи дека адаптацијата на училиштето е дел од поголем проект. Преку Проектот за подобрување на општинските услуги, се реализирани повеќе инфраструктурни проекти, кои допринеле за подобри услови за живот за голем број на граѓани во земјава.-Ова е дел од посеопфатна програма која ја правиме заедно со Министерството за финансии во рамки на МСИП проектот. Во рамки на таа програма 12.900 семејства имаа чиста и поквалитетна вода за пиење и повеќе од 524.500 граѓани имаат пристап до подобри комунални услуги - рече Мантованели.Проектот за подобрување на општинските услуги овозможува финансирање на капитални општински проекти како водоснабдување, канализација и одведување на отпадни води, енергетска ефикасност (улично осветлување, изолација на општински објекти и сл.), локална патна инфраструктура (модернизација и реконструкција на улици и патишта), комунални услуги (набавка на возила за јавните комунални претпријатија) како и други општински услуги и надлежности (изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриска зона и сл.).

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања