„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

47426534_10155937856196931_6077184329325215744_n

(ФОТО) Ведар и расположен дуќанџија од Карпош 4, секој ден ја чисти улицата покрај неговата семкара

Дуќанџија од Карпош 4, секое утро ја чисти улицата, тротоарот и целата автобуска постојка покрај неговата семкара.„Секое утро без исклучок, овој човек инаку сопственик на портокаловата семкара на автобуската станица наспроти ТЦ Антико во Карпош 4 го чисти тротоарот, целата автобуска постојка, па дури и самата улица...А ако дојдете вечер да купите семки, сончоглед или кикирики дури и во 22ч повторно ќе ве дочека истиот лик со зборовите: 'Повели комшија!'Ако веќе бараме урбани херои и пример за граѓанска и работна етика, еве еден кој со дела покажува што значат еснафски манири“, пишува на Фејсбук.https://www.facebook.com/gjoko/posts/10155937864406931

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

199.325 лица чекаат работа во Македонија

Стапката на невработеност во третиот квартал од годинава се намали на 20,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Стапката на невработеност на крајот на 2017 година изнесуваше 22,4 отсто, а во вториот квартал годинава 21,1 отсто.Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесува 958.770 лица, од кои 759. 445 лица се вработени, а 199.325 лица се невработени.Најголема е стапката на невработеност кај оние од 25 до 49 години 45,8 отсто, кај оние од 15 до 24 години изнесува 20,8 отсто и кај оние од 50 до 64 години 16,5 отсто.Од вкупниот број неработени мажи се 122.957, додека жени 76.368.Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најголеми работодавачи во земјава се преработувачката индустрија каде работат 153.430 лица, потоа земјоделството 120.695 и трговијата 109485 лица.

Македонија | пред 7 години

gorge-ivanov

Иванов: Делото на свети Климент треба да биде наш пат, водилка и вечна инспирација за добри дела

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.Во продолжение интегрално ја пренесуваме честитката:Ваше Блаженство,Дозволете ми, од свое име и од името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, на преподобното свештенство, како и на сите православни верници во земјата и во странство, да Ви упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот празник Св. Климент Охридски.Овој празник е посветен на првиот македонски архиепископ и најдаровитиот ученик на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски.Климент Охридски со своите благо угодни зборови го упати народот во верата, а со своите дела се издигна кон божествениот и блажен живот.Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја. Неговото дело и мисија се должни за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазична посебност е исконска должност.Чествувањето на вакви големи празници е темелна премиса за јакнење на духовноста и почитување на христијанските вредности.Неговото црковно и просветно дело треба да биде наш пат, водилка и вечна инспирација за добри дела.Честит празник и за многу години!

Македонија | пред 7 години

izloz-3

Отворена изложбата на фотографии ,, По трагите на Свети Кирил и Методиј”

Во Куќата на Уранија- МАНУ, синоќа свечено беше отворена изложбата на фотографии ,, По трагите на светите Кирил и Методиј” . На свеченоста , во името на организаторите, Општина Охрид, Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија и Словачката национална библиотека,се обратија градоначалникот Јован Стојаноски и амбасадорот Хенрик Маркуш.Во Куќата на Уранија и во музејот во Куќата на Робевци , поставени се триесет и една фотографија од познатиот меѓународен словачки експерт за надворешна политика Павол Демеш, кој три години ги фотографирал најзнаменитите објекти , поврзани со животот и делото на светите Кирил и Методиј.-Особено сме почестени што пријателите од Република Словачка со оваа изложба, ни го збогатија чествувањето на денот на ,, Св.Климент Охридски- патронот на Охрид”, изложба која го поврзува нивното дело со делото на нивните ученици, светите Климент и Наум Охридски. Тоа е чин на продолжување на веќе воспоставената соработка и верувам дека со нашето присуство на триесеттото јубилејно издание на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во истоимената црква во Словачкиот град Терхова, соработката ќе ја продлабочиме – рече градоначалникот Стојаноски.Фотографиите на Павол Демеш го презентираат учеството на солунските браќа во трите големи мисии кај Арабите, Хазарите и мисијата по Велика Моравија. Фотографиите ги документираат спомениците сочувани од нивниот период , или посветени на нив.-Со Република Македонија негуваме посебни меѓудржавни односи, во кои морам да признаам дека посебно не инспирираа заедничките вековни културно- историски врски. Ако не биле светите Климент и Наум Охридски, многу помалку ќе знаевме за делото на нивните учители, светите Кирил и Методиј, кои во 1980-та година , папата Јован Павле Втори , ги прогласи за покровители на Европа. Токму затоа, ние Охрид го чувствуваме како центар на ширењето на сесловенската писменост и култура и како мотив за продолжување на воспоставенат соработка. – рече амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш.Кураторот на изложбата Стојан Лекоски, кој потекнува од Охрид, а живее и работи во Словачка, истакна дека првпат фотографиите се изложени во Братиславскиот замок, во неколку градови во Европа и САД, како и во Република Македонија.Во културно-уметничката програма , на свеченото отворање на изложбата, настапија младата флејтистка Анета Матеска , под менторство на професорката Ирена Веруш и пијанистката и директор на ОМУ,,Методи Патче” Емилија Маринова. Изложбата, како што беше најавено, покрај редовните , деновиве организирано ќе ја посетуваат ученици од основните и средните училишта од Охрид.

Македонија | пред 7 години

avtopat-koli-3

Затворен патот Приштина-Скопје

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.„Денес во период од 07:00 до 17:00 часот на магистралниот пат Скопје - Приштина, поточно од косовскиот граничен премин „Хани-Елези“ до Качаник, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, за влез и излез од Косово, поради изведување на градежни работи.Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација“, велат од АМСМ.

Македонија | пред 7 години

akademija

Свечена академија по повод денот на СВ. Климент Охридски - Патронот на Охрид

Централната манифестација , по повод 8-ми Декември, Денот на Свети Климент Охридски- патронот на Охрид, беше свечената академија која вечерва се одржа во дијамантската сала на хотелот,,Инекс Горица”. На свеченоста, пред присутните амбасадори , пратеници во Собранието на Република Македонија,претставници на културниот и општествениот живот во Охрид, се обрати градоначалникот Јован Стојаноски.- Охрид вечерва слави. Го слави Големиот ден – Денот на Свети Климент. Вечерва нема охридска куќа која не ќе го запали Светиклиментовото кандило и нема охриѓанец кој не ќе се потсети на вековните преданија дека над Охрид постојано бдее и го чува од зло духот Светиклиментов.Свети Климент е нашиот прв учител, прв оригинален словенски писател, прв словенски епископ и основоположник на Првиот словенски универзитет и Првата словенска православна црква.Грандиозно е делото Светиклиментово, кое и до ден – денес, после повеќе од единаесет векови, е наш светилник и наш патоказ по кој треба да се движиме;Словата и зборовите на нашиот духовник, беседник, просветител и учител имаат вонвременско и универзално значење;Неговите поуки дека: „Гладен треба да нахраниш“, „Жеден да напоиш“ , „Патник да прибереш“ и „Да се надминуваме еден со друг со добрина“ се праоснова на сите напишани и ненапишашина учебници по етика и на сите нас, посебно на помладите, треба да ни бидат нашата мисла водилка.Во тој дух, во моево вечерашно обраќање, без себерекламирање и со голема почит и благодарност кон сите претходни градоначалници и претседатели на Собранието на Општина Охрид за се она што го направиле во времето на нивните мандати, како што налага редот, сосема накратко, ќе се задржам само на она најзначајното што го реализиравме во текот на овој период меѓу две чествувања на нашиот Патрон.Започнавме со решавањето на проблемот околу финансиската консолидација на Општината и, со несебична помош на Владата на Република Македонија, на добар пат сме, конечно, да го решиме овој повеќедецениски голем проблем;Воспоставивме поголема и понтензивна соработка со научно-истражувачките институции од земјава и странство, пред се, на планот на заштитата на животната средина и заштитата на природното и културното наследство;Воспоставивме поголема соработка со постојните и потенцијалните домашни и странски инвеститори за отворање нови индустриски капацитети, отворање нови работни места, а со тоа и запирање на масовното иселување на младите и стручни лица;Продолжуваме со успешната туристичка и културна промоција, со основна интенција, Охрид да биде туристички и културен центар во текот на целата година, а не само во летниот период;Правиме максимални напори да го вратиме охридскиот спорт на некогашното негово ниво. Во најкраток можен рок, Охрид, во сите спортови, треба да има свои претставници во најелитните државни и меѓународни натпреварувања;Создаваме „отворена“ Општина за партнерска соработка со граѓанскиот сектор и невладините организации и Општина со социјална инклузија на граѓаните од ранливите категории;Двојно го зголемивме бројот на стипендии за ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови.А, како дамнешен долг кон Свети Климента, без сомнение, нашиот најголем предизвик со кој се зафативме и кој мораме да го реализираме, секако, е отворањето на новиот образовен центар на просторот на поранешната охридска касарна.Свети Климент, два века пред Болоњскиот, го создал Првиот словенски универзитет, од овде до Киев и Московска Русија, прочуената Окридска книжевна школа.Затоа, не само охриѓани, цела Македонија и сиот словенски народ неизмерно многу му должи, а, најдобро и барем малку ќе му со оддолжиме, само доколку и вистински, а не само вербално, му го вратиме вековниот примат на Охрид како духовен, културен и образовен европски центар.Почитувани,Премногу е свет и светол утрешниот ден, премногу е свет и светол ликот Светиклиментов, премногу се свети и поучителни делата Светиклиментови.Во негов дух: „Со широко срце ја отвораме“ Општината за максимална соработка со сите добронамерници кои имаат една и единствена желба – развој и просперитет на нашиот прекрасен и неповторлив Охрид.А, тоа мора да биде така, затоа што, како што би рекол Михаил Ренџов:„...Тука имаТолку светлинаОд која јас, со жедПосакав да живеам.Тука има толку убавинаОд која јас, од убостМожев да изгорам...“Искрени честитки на годинешните добитници на престижната награда и повелба „Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид“, еминентниот охридски и македонски поет и писател - Видое Видически и младиот охридски пливачки херој – Марко Пејчиноски.Голема благодарност за сите што вечерва издвоивте од Вашето време и не удостоивте со Вашето присуство.Нека ни е честит и вековит Денот на Свети Климент – Патронот на Охрид!За многу години светиот и светол празник „Свети Климент Охридски“!- рече градоначалникот Стојаноски.На свеченоста беа доделени највисоките општински признанија, наградата и повелбата „Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“. Годинава добитници на овие престижни признанија се еминентниот писател и поет Видое Видически и младиот пливачки херој Марко Пејчиноски.Лауреатот на наградата за животно дело Видое Видически, се заблагодари за високото признание и рече дека наместо говор, ќе прочита една песна од неговата последна збирка,,Нови дотеци”, посветена на неговиот дедо, каменорезецот Иван Видич, за која бил инспириран од исклесаниот лик на свети Климент во мермер , што се наоѓа на камбанаријата на влезот на црквата Свети Богородица Перивлепта, каде порано се одбележуваше денот на светителот.На дедо ми Иван, каменорезецот,човекот на големите чекори, што долго резбаше врз каменот и го создаде најубавиот лик на заштитникот наш,понесен со мислата позајмена од своите , кога надежите ми беа најпотребни, ги крена високо над времето- рече лауреатот Видически.Младиот и талентиран кларинетист Наум Палоски , во пијано придружба на професорката Ирена Веруш, беше дел од културно- уметничката програма , која кулминираше со настапот на гитаристот Влатко Стефаноски и неговата порака ,, Да го чуваме Охрид- Охрид ќе не чува нас”.

Македонија | пред 7 години

paridenari1

ДЗС: Индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, забележа пораст од 1.2 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало 99.5.Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 14.3 %, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.6 %, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.8 %, млекото за 0.6 %, другите пекарски производи за 0.3 %, брашното и другите жита, јогуртот за 0.2 %.Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7.4.%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.2 %, гасот за домаќинствата за 2.2 %, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, малите електрични апарати за домаќинствата, средствата за чистење и одржување на станот за 0.9 %, информатичката опрема за 0.6 %, телефон и телефакс-опремата за 0.4 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, градините, растенијата и цвеќињата за 0.2 %.Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, за 6.0 %, замрзнатото овошје за 2.2 %, сувото овошје и јаткастите производи за 1.6 %, сирењето и урдата за 0.9 %, другите прехранбени производи за 0.8 %, конзервираното овошје за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.4 %, месото, рибата и морските плодови за 0.3 %.Во ноември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за 2.3 %, парамедицинските услуги за 2.1 %, обувките за 1.0 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.4 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.2 %.Индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, забележа пораст од 1.2 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 1.9 %.

Македонија | пред 7 години

Sveti-Nikola

Чудото на Св. Никола , кое се случило 1956 год.

956 Година во времето на Советскиот диктатор Хрушчов, во градот Самара се случило чудо познато како “Зоиното стоење”, што го потресе целиот православен свет, објави bulevar.mk.Во време кога, диктаторскиот режим сакал да го одвои народот од Бога,Бог допуштил да се случи ова чудо кое кај многумина ја вратило вербата и богобојажливоста.Кај младите во тоа време се проширил голем атеизам и било срамно ако дома имаш икони. Па така и Зоја, која решила со пријателите да ја пречекуваат Нова Година во нејзиниот дом, се расправала со нејзината мајка која била верничка и била против веселби за време на Божикните пости. Најпрво сакала да ги отстрани и иконите од домашниот иконостас, но мајка и’ се побунила па тргнале само некои икони, а некои останале. Зоја не ја послушала својата мајка и ги повикала пријателите. Сите дошле, но вереникот на Зоја, Николај закаснил. Свирела музика, младите танцувале, а само Зоја немала партнер за танцување. Гневна на нејзиниот вереник, таа ја откачила од домашниот иконостас, иконата на свети Никола, и рекла: – “Штом го нема мојот Николај, ќе танцувам со свети Николај”.Една од пријателките пробала да ја одварти од намерата,а таа дрско одговорила: – “Ако има Бог, нека ме казни!”Со овие зборови, таа затанцувала во круг со иконата во раце, и на третиот круг, во собата одеднаш се слушнал силен шум,се кренал виор, засветлила заслепувачка светлина, и сите уплашени избегале. Само Зоја застанала на место, со притисната кон градите иконата на светителот, се скаменила, и станала ладна како мермер.Не можеле да ја помрднат од место, зашто нозете, како да биле срастнати со подот.И иако надворешно немала знаци на живот, Зоја била жива и срцето и чукало.Од тој момент, таа не можела ниту да пие, ниту да јаде. Лекарите ги вложувале сите напори, но не можеле да ја освестат, ниту да ја поместат.Веста за чудото брзо се раширила низ градот, и многумина доаѓале да го видат “Зоиното стоење”. Но по некое време градските власти го забраниле пристапот, и одред полицајци биле распоредени околу домот. А на љубопитните граѓани кои доаѓале одговарале дека нема никакво чудо и ништо не се случило.Дежурните полицајци, ноќе слушнале како Зоја вика: – “Мамо, моли се! Гинеме во гревови! Моли се! “Медицинското истражување потврдило дека чукање на срцето на девојката не застанало и покрај скаменетите ткива. Не можеле дури да и стават инекција, зашто иглите се кршеле. Повикале и свештеници, читале молитви, не можеле да ја земат ни иконата од нејзините раце.На Божиќ (6 јануари) дошол отец Серафим Тјапочкин, отслужил водосвет и ја осветил целата соба. По што ја зел иконата од рацете на Зоја и рекол: “Сега треба да чекаме знак на Велигден”.Пред празникот Благовештение, некој благообразен старец го молел обезбедувањето да го пушти, но бил одбиен. Доаѓал и следниот ден, но пак го вратиле, и дури на третиот ден, на самиот ден, Благовештение, стражарите го пуштиле. Дежурните слушнале, како старецот зборувал на Зоја: – “Па, како е, се измори ли се да стоиш?” Поминало извесно време, но старецот не излегувал. Кога погледнале во собата, таму го немало. Сите сведоци на настанот се убедени дека се појавил самиот свети Никола.Зоја престојала 4 месеци (128 дена), до самиот Велигден, кој таа година била на 23 април.Во ноќта на Христовото Воскресение Зоја гласно повикувала: – “Молете се! Страшно е, земјата гори! Целиот свет гине во гревови! Молете се! “Од тогаш почнала да оживува, во мускулите и се појавила мекост и виталност. Ја ставиле на креветот, но таа продолжуваат да повикува и да ги моли сите да се молат за светот кој гине во гревови, и за земјата, која гори во беззаконија.– Како живееше, кој те хранеше “- ја прашале.– Гулаби, гулаби ме хранат, – одговорила Зоја.Со своите молитви свети Никола ја помилувал и го прифатил покајанието нејзино, и и’ ги простил гревовите.Сето ова толку многу ги погодило жителите на Куйбишев (како што тогаш се викал градот) и неговата околина, та многу народ се свртел кон верата. Брзале со покајание во црквата, некрстените се крштевале, оние кои не носеле крст, почнале да носат, и дури почнало да снемува крстчиња.Кога после неколку години, протоереј Анатолиј Литвиненко го прашал архимандрит Серафим, тој ли ја зел иконата од рацете на Зоја, тој само смирено ја наведнал главата. Но, по молчењето станало јасно дека тој сака да го скрие овој факт,поради неговото големо смирение. А, и властите можело пак да започнат гонења против него, поради големиот прилив на верници кои ќе сакаат да се допрат до иконата на свети Никола, која секогаш била во храмот, каде што служел отец Серафим.По некое време,сепак властите наредиле да се прибере иконата и да се скрие од народот, и таа била пренесена во олтарот.“Тие денови два пати одев околу домот на Зоја”, – вели пензионерката Ана Федотов. Одев од далеку, зашто куќата беше опколена од полиција. Тогаш решив да се распрашам за се’ кај некого од полицајците, од стражарите. Наскоро еден од нив, сосема млад, излезе од киоскот. Јас тргнав по него и го запрев:– Кажете, дали е вистина дека Зоја стои? А тој одговори: “Ти ме прашуваш, исто како жена ми. Но, ништо нема да ти кажам, а по добро види сама … “Тој ја тргна капата и се покажа неговата целосно побелена коса: – “Гледаш ли?! Тоа кажува повеќе од зборовите. Бидејќи ние сме се потпишале и ни е забрането да раскажуваме. Но да можеше да знаеш колку страшно беше да ја гледам таа скаменета девојка! “Неодамна се најде човек да раскаже нешто ново за самарското чудо. Тоа беше почитуваниот во Самара настојател на црквата св. Софија, отец Виталиј Калашников: “Ана Павлова Калашников е тетка на мајка ми. 1956 година таа била лекар во Кујбишев, во” брза помош “. Во тој ден, таа дојде утрото дома и рече: -” Вие тука спиете, а градот веќе одамна е на нозе! “И раскажа за скаменетата девојка. А и призна, иако се потпишала, дека штотуку била во тој дом, по повик. Ја видела застанатата Зоја со иконата на свети Никола во рацете. Се обиделе да и стават инекција, но не успеале. Сите бевме шокирани од тоа што го раскажа.Ана Павлова Калашников работеше во “брза помош” уште многу години потоа. Почина 1996 година. Сеуште се живи многу луѓе на кои таа раскажала што се случило, во оној истиот, прв ден од новата година.Духовна ќерка на о. Серафим го запрашала: – “Оче, вие ли ја зедовте иконата од рацете на Зоја и направивте чудото? А старецот одговорил: – “Ќерко, чудата ги прави Бог, а ние недостојните, по молитвите ги добиваме”.Од спомените на Александра Иванова:Во Кујбишев живееја мои роднини, на истата улица, каде и Зоја. Кога се случи тоа, имав 14 години. За да не се собира народ околу куќата, навечер ги исклучуваа светлата. Но повиците на Зоја ги доведоа сите во ужас. Млад полицаец, стоејќи на стража, побеле во косата од тоа. Моите роднини, очевидци на случајот, станаа верници. Чудото на “Зоиното стоење” длабоко се запечати во мојот ум.“На петтата недела од Великиот пост 1982 пристигнав во Ракитно и осмели да прашам:” Оче, а каде е иконата на свети Никола, која зедовте од рацете на Зоја? Тој строго ме погледна. Настапи молчење. ..Зошто го прашав за иконата ли замолче?По строгиот поглед на отец Серафим, си реков: “Леле, зошто го прашав”! Но одеднаш отецот рече: – “Иконата беше во храмот на аналојот, а сега е во олтарот. Такви времиња беа, и ми наредија да ја приберам “. И додаде: – “Вие сте првата на која кажувам”. – “И по две недели отец Серафим почина”Чудото со Зоја беше лекција за мнозина. Бидејќи кон светињите треба да се однесуваме со почит. Тоа е лекција за неверниците. Ти може да не веруваш, но не потценувај ја светињата, бидејќи ќе следи казна!Да, во оние времиња имаше голема потреба од чуда, за луѓето. Но чуда се јавуваат кога треба, и кога Господ одлучи.По земањето на иконата од рацете на Зоја,го наклеветија и поднесоа тужба против отецот, а Владиката Јероним го симнаа од Кујбишевската епархија.Еве што раскажа 1989 година игуменот Герман од Оптинската пустина (50-тите години тој служеше во катедралниот храм во Кујбишев) :”Што не сум видел, нема да зборувам за него, а што знам, тоа и ќе кажам. Улицата ја опколија, зедоа потписи за неразгласување. На настојателот на соборот повикан како овластен по религијата и побараа да објави од проповедалната уште во првата недела дека нема никакво чудо. Отецот настојател, му одговори: “дозволете прво да видам, и ќе кажам, она што сум го видел”. Овластениот размислил околу минута и вети дека наскоро ќе се јави. Заѕвони по еден час и рече дека не треба ништо да објавува (од проповедалната)…По материјали од книгата “Белгородскиот старец архимандрит Серафим (Тјапочкин) “, (Св.-Троицка Сергиева Лавра, 1998)(По овој настан е снимен филм, чие сценарио, поради непознати причини, малку е изменето од вистинскиот настан, но поголемиот дел е многу убаво прикажан)Извор: НОВОСТ ПРЕСС

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: Како Св. Климент што успеал, повикани сме да успееме во надминување на предизвиците трпеливо и мудро

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод 8ми Декември, празникот Свети Климент Охридски, упати честитка до граѓаните кои го слават името и делото на големиот просветител и духовник. Честитката ја пренесуваме во целост:„Во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, на сите православни верници, на Синодот на МПЦ-ОА и на сите граѓани кои го слават делото Климентово, упатувам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски со желби за радосен и благословен празничен викенд.Свети Климент Охридски основоположник на македонската црковна и народна духовност, и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, бил еден од најблиските и најревносните соработници и соучесници во мисијата на светите Кирил и Методиј во Моравија за описменување на народот.Инспирираат страдањата што ги поднел во својот подвиг, зашто го водела вербата во доброто што го правел и останал доследен на обврската што ја чувствувал како човек, да го продолжи делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на словенската просвета.Сите генерации после него, и идните што доаѓаат, имаат пред себе пример за духовник кој применувал богослужба и создавал словенски свештенички кадар, затоа што бил свесен за важноста на духовната поткрепа на луѓето, кои тогаш ја наоѓале во Црквата.Свети Климент останува жив паметник во историјата како основач на Охридската школа, честопати именувана како „првиот балкански и европски универзитет“, низ којашто минале околу 3.500 ученици. Бројот е импозантен и за денешните времиња.Повикани сме да му ја оддадеме должната почест на Свети Климент Охридски за неговото големо духовно - просветителско дело со кое нѐ задолжи сите и ни покажа како “на дело“ се станува и духовник и просветител.Како што успеал Свети Климент во мисијата на неговото време, повикани сме и ние да се обидеме и да успееме во надминувањето на предизвиците трпеливо и мудро, како што ни доликува, заштитувајќи ги вредностите што не обединуваат како граѓани, како народ и како држава."

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Викендов студено, од понеделник промена на времето

Денеска во попладневните и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.Утринските температури ќе се движат од -7 до 0 степени, а дневните од 7 до 14 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од -6 до 9 степени.Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и в понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Се отвори „Винтерленд“ - првата новогодишна населба во Скопје

Со вeчерашното отворање на новогодишната населба „Винтерленд“ и светнувањето на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. Настанот беше придружен со божиќните песни во изведба на 140 ученици од средношколскиот хор, од девет средни училишта на Град Скопје. Учениците на плоштадот „Македонија“ пристигнаа придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар кој изведе краток параден концерт од Старата железничка станица, низ улицата Македонија до плоштадот.Новогодишната населба доби куќички украсени во зимски амбиент, катчиња за забава за најмладите, како и мала сцена за настани наменета за посетителите од сите возрасти на која во претстојниот период ќе се одржува богата културна програма. Во рамките на „Винтерленд“, во периодот по 15-ти декември секојдневно ќе се организира богата културна програма од 18 до 23 часот. Просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалоци, каде што граѓаните ќе може да се дружат и да уживаат во понудата на околните куќички.Топот за вештачки снег и лизгалиштето на мраз се новина во новогодишниот концепт на плоштадот „Македонија“ што од следната недела се очекува да бидат атракција во новогодишната релаксација на посетителите. Градот Скопје ги повикува граѓаните да го посетат „Винтерленд“ и сите заедно да ја доживеат новогодишната атмосфера организирана по примерот на останатите европски плоштади.

Скопје | пред 7 години

1-6

(ВИДЕО) Заев-Линде: Шведска со силна поддршка за евроатланските аспирации

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Португалија, вечерва оствари средба со министерката за европски прашања на Шведска Ан Линде.Министерката Линде на средбата ја повтори силната поддршка на нејзината земја за евро-атлантските аспирации на нашата земја и покажа интерес за актуелниот момент од процесот на имплементацијата на Договорот од Преспа.Премиерот Заев ја запозна со најновиот тек на овој процес и информираше за почетните резултати од јавната расправа за нацрт амандманите за уставни измени кои ја поминаа првата фаза на утврдување како нацрт во Собранието на Република Македонија.Премиерот Заев зборуваше и за следните постапки во овој процес кога се очекува Владата на РМ, како предлагач на уставните измени и на нацрт амандманите, два дена по јавната расправа, да ги сублимира резултатите и како извештај да ги достави до парламентот, по што постапката за промената на Уставот на Република Македонија, со цел имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, се очекува да заврши кон средината на јануари со пленарна седница во Собранието на Република Македонија.Претседателот на Владата на РМ Заев и министерката за европски прашања Ан Линде во разговорот се задржаа и на активностите на нашата земја на внатрешните реформи, за кои премиерот Заев изрази уверување дека ќе бидат остварени во предвидените рокови, за да се обезбеди очекуваниот старт на отворање на поглавјата како последна фаза од процесот за членство во ЕУ .

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Надлежните судски органи ќе одредат дали и кој бил инволвиран во насилството на 27 април, а не Иванов

Согласно доказите и транспарентната судска постапка, надлежните судски органи ќе одредат дали и кој бил инволвиран во насилството на 27 април, а не Ѓорге Иванов, велат од СДСМ.„Колку е несериозен и неодговорен Иванов покажа и денеска.Од една страна тврди дека исказите во судската постапка за насилството од 27 април се невистинити а од друга ги потврдува, конкретно, Иванов потврди дека член од неговиот кабинет, Борис Јосифовски, бил во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ тој ден.Иванов потврди и дека Миле Јанакиевски и Владимир Пешевски биле кај него со иницијатива поврзана со помирувањето.Останува фактот дека Иванов е со целосно нарушен кредибилитет, со крајно неодговорна, негативна и сомнителна улога во општеството.Иванов заговараше општа амнестија за криминалот и неказнивост, тој е срам за граѓаните и државата, неодговорен кон иднината а особено кон интеграциите, кон членството на Македонија во НАТО и ЕУ.Ѓорѓе Иванов потроши два мандати а ниту еднаш не излезе во јавноста за некое клучно, и важно прашање за граѓаните, за државата, освен за потребите на Никола Груевски“, стои во партиското соопштение.

Македонија | пред 7 години

48062868_2255007021449730_7168792006095798272_n

(ФОТО) Вонреден инспекциски надзор во ЈП „Македонски шуми“

Градските инспекциски служби  денес извршија вондреден инспекциски надзор во просториите на ЈП Македонски Шуми.„Од страна на инспекциските служби издадена е забрана за користење на котелот на нафта. Повикана е и акредитирана мобилна лабараторија да изврши мерење на загадувачки супстанци и доколку биде утврдено загадување на воздухот ќе биде изречна казна согласно законските прописи во висина од 4000 до 8000 евра и 30 проценти од висината на изречената казна за управителот на јавното претпријатие“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

47a9b474c83f801771eeb44922c0e255_w790

Еко-свест ја повикa Владата да се префрли кон порационален систем за поддршка на енергијата од обновливи извори

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ оваа недела ја повика Владата да престане со субвенционирање на нови електрични централи од обновливи извори преку системот на исплаќање загарантирани повластени тарифи и да се насочи кон систем што ќе ја поттикне конкуренцијата и ќе донесе пониски цени за крајните потрошувачи.Повикот доаѓа откако Владата најави нова Уредба за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија што го продолжува системот на доделување повластени тарифи без тендерска постапка со аукција.Намерата да се продолжи со исплаќање загарантирани тарифи на новите електрични централи по системот прв дојден – прв услужен е во конфликт со ЕУ правилата кои предвидуваат движење кон поконкурентни и пазарно ориентирани програми за поддршка што вклучуваат тендерска постапка со аукција за сите освен најмалите електрични централи со цел да се намали цената на електричната енергија.Новата драфт Уредба воведува тендерска постапка со аукција за поголемите електрични централи на ветер и соларна енергија, но ги задржува повластените тарифи за хидроелектрични централи до 10 MW, ветерни централи до 50 MW и централи на биомаса и биогас до 1 MW.-Добро насочени повластени тарифи можат да бидат соодветни за првите неколку години развој на пазарот на обновлива енергија, но во Македонија послужија да направат експлозија од штетни хидроелектрични централи кои направија сериозна штета на реки како Тресонечка во НП Маврово и Брајчинска во НП Пелистер. Ова е особено неприфатливо ако се земе предвид малиот придонес кон производството на енергија од малите хидроелектрични централи и мора да престане, изјави Давор Пехчевски од Еко-свест.Дополнително, како што посочи Невена Смилевска од Еко-свест употребата на повластени тарифи може да предизвика зголемени трошоци за потрошувачите и да предизвика реакција против финансиската поддршка на обновливата енергија. Дополни дека енергетски ефикасна економија базирана на обновливи извори на енергија е императив за да се ограничат климатските промени и да се спречат здравствените и еколошките влијанија на традиционалните извори на енергија, затоа што како што рече таа не можеме да си дозволиме да го свртиме јавното мислење против нејзиниот развој.-Технологиите што не се нови не треба финансиски да се поддржуваат. Соларната и ветерната енергија како технологии што сѐ уште се развиваат и чија цена сѐ уште се намалува се единствени технологии кои што треба да се земат предвид за финансиска поддршка во наредниот период. Финансиската поддршка за енергетската ефикасност е исто така исклучително важна за да се намалат трошоците на домаќинствата и влијанието врз животната средина од производството на енергија, продолжи таа.Македонија е обврзана да се усогласува со европското законодавство за конкуренција во рамки на Спогодбата на Енергетската заедница и Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и добива поддршка од Европската банка за обнова и развој и УСАИД за да го промени системот за финансиска поддршка на обновливи извори на енергија.Еко-свест исто така повикa за јавна расправа за новите подзаконски акти од Законот за енергетика заради нивното влијание врз заштитата на животната средина и врз трошоците на домаќинствата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања