„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

Студено и облачно, со врнежи од снег

Во утринските часови времето ќе биде облачно со локален дожд, на повисоките места со дожд и снег, а на планините со снег. Во текот на денот ќе има разведрување и ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ноќта ќе има нови врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север, на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а на некои пониски места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 3 степени, а дневните од 6 до 13 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 1 до 9  степени.Во наредните денови времето ќе биде претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Македонија | пред 7 години

kuba-11

(ВИДЕО) Колкаво е загадувањето во Охрид?

Деновиве многу актуелни се натписите за аерозагадувањето во Скопје, Битола, Тетово. Прашање кое се наметнува дали и колку е загадувањето во Охрид?Мерната  станица кај плажата Куба Либре покажува на околу 415 пм10 загадување.За потсетување социјалните мрежи вријат од коментари и критики за загадувањето во Скопје кога изнесува околу или над 200 пм10.Како и да е треба надлежните да се произнесат со точни бројки, официјални податоци дали и Охрид спаѓа во градовите со големо аерозагадување и се разбира да се превземат најитни чекори да се намали загадувањето ширум земјава.

Македонија | пред 7 години

miss-2018

(ВИДЕО) Која од која поубави, но мексиканката Ванеса де Леон прогласена за Мис светот за 2018

Мексиканката Ванеса де Леон во конкуренција од 117 учеснички од целиот свет  е избрана за победничка на изборот за убавина Мис светот 2018 што се одржа во Санја, Кина.„Не ми се еврува, навистина не ми се верува... сметам дека сите девојки го заслужија ова. Горда сум што ќе ги застапувам. Ќе направам најмногу што можам во периодот што е пред мене. Многу ви благодарам на сите“, рече Ванеса откако беше прогласена за Мис свет 2018.Ванеса по влезот во првите пет, убавицата од Мексико ги освои срцата со нејзините одговори на клучните прашања, како и со шармот, насмевката и совршената гардероба црвениот фустан со сребрени детали.Таа е првата Мексиканка која ја освоила оваа престижна титула. За најубава жена од Европа е прогласена претставничката на Белорусија.Македонија немаше своја претставничка на овој избор. 

Магазин | пред 7 години

prilep-22

Општина Прилеп одбележувајќи го св. Климент цвеќе положи на спомен одбележјето на Ченто !

„По повод патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“, делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски и од училиштето денеска положи цвеќиња пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ,Методија Андонов Ченто и Могилата на непобедените. Во ООУ„Климент Охридски“ се одржаа и бројни активностии соодветна програма“, оваа вест е објавена на официјалната страна на Општина Прилеп.Останува нејасно зошто цвеќе на овој ден се полагало на спомен одбележјето на Ченто? 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

19 годишен охриѓанец нападнат од четири лица

 Д.К.(19) од Охрид утринававо 2:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека дента околу 00:50 часот физички бил  нападнат од страна на четири лица пред угостителски објект на улицата „Живко Чинго“.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

Komemorativna-sednica-2

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ со комеморативна седница во чест на Георгиевски: Аналитичкиот центар на партијата ќе го носи негово име

Денес во седиштето ВМРО-ДПМНЕ се одржа комеморативна седница во чест на Неговата екселенција, професорот, Љубиша Георгиевски.При самата комеморативна седница се обрати Роберт Вељаноски, кој посочи дека да се биде современик на безвремениот Љубиша Георгиевски е привилегија со која човекот Љубиша Георгиевски не почести сите нас.-Неговата татковска трпеливост и бескрајна духовитост, ја чинеше секоја средба празник за умот и душата. Беше ласерски прецизен во мислата и зборот, умерен кога нудеше и бескрајно дарежлив кога даваше совет. Љубиша Георгиевски беше човек доследен на својот професионална определба. Беше човек сега и овде. А, беше присутен секаде каде што требаше и секогаш кога требаше. Љубиша Георгиевски достоинствено и ненаметливо, беше активен учесник, поддржувач и еден од креаторите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој несебично се вложуваше себеси во идеологијата во која безрезервно веруваше, идеологија која тој длабоко ја чувствуваше во своите дамари и која ја препознаваше во сопствениот ген. Би требало да се истакне дека е непроценлив неговиот придонес во политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа на македонската култура, каде на располагање го стави сиот свој раскошен интелектуален и човечки потенцијал и капацитет.По завршување на обраќањето на Роберт Вељаноски, свое обраќање имаше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Во продолжение го пренесуваме неговиот говор:„Што туку дознав од госпоѓата Георгиевска дека сакал да ми каже да имаме конвенција за избор на претседател. Епа драг професоре, ќе имаме таква конвенција во Струга во февруари месец. И тоа беше одлука на последниот Извршен Комитет на партијата.Мартин Лутер Кинг велеше можеме да го прифатиме конечното разочарување, но никогаш не смееме да ја загубиме бесконечната надеж. А луѓето не умираат кога престануваат нивните животи, туку живеат се додека се паметат нивните дела.Професорот Љубиша Георгиевски беше еден од ретките интелектуални и плодоносни синови на оваа земја кој остави зад себе неизбришлива трага која ќе се памети низ годините и децениите што следат.Луѓе растеа, живееја и остаруваа со неговото творештво. Неговите сестрани дела се додадена вредност во културната, театарската, филмската и научната сфера на нашата мила татковина. Неговиот бистар ум и течна мисла ги доловуваше најсуштествените аспекти на човечкиот живот. Неговите филмови остануваат историско благо за нашата татковина. Синовите на една нација не се забораваат, тие продолжуваат да живеат, да се споделуваат, да се сеќава нацијата на нив.Ниче велеше најтивките зборови носат бура, а мислите кои доаѓаат тивко на прсти, управуваат со светот. Таков беше професорот, тивок, иако ненаметлив, но доминантен, и впечатлив човек кој умееше со неговата ненаметливост да стане предводник на процесите, да биде вистински предводник на една генерација која со себе носеше мудрост, знаење но и визија.Тој воедно беше и исклучителен патриот, непоправлив оптимист, но и сведок на сите историски премежја низ кои што поминала неговата татковина Република Македонија. Неговата грамадна големина во битисувањето на македонската држава, неговата исклучителна љубов кон нашата земја и нашиот народ ќе биде запаметена.Секогаш се ставаше над ситуацијата и ја гледаше големата слика. Тоа го чинеше неговото животно и професионално искуство. Јас можам да кажам дека ја имав приликата во последниот период да поминам повеќе часови во разговори во кој најчеста тема беше токму состојбата во Република Македонија, за нашата татковина.Загрижен ќе му речев, државата ни ја разграбуваат, ја уништуваат. Со секој поминат ден, се помалку ја има. Ќе се насмееше и ќе одговореше Македонија е претседателе, поголема од сите неправди, прогони и наказувања, и таа сепак ќе воскресне и победи, бидејќи таа е идеја, емоција и наша судбина.Ми велеше Бог секогаш има план. Македонија не постои за да биде уништена, туку да им пркоси на оние кои сакаат да ја уништат. Особена чест ми беше кога присуствуваше во МНТ при одбележувањето на празникот 23-ти октомври, денот на Внатрешната револуционерна организација. Иако во поодминати години тој сепак дојде, беше дел од манифестацијата. За мене тоа беше чест, а за него исто така беше одавање на почит кон светите букви ВМРО, но и кон партијата ВМРО-ДПМНЕ за која посвети значаен дел од својот живот.„Ако понекогаш блескав, тоа е само затоа што горев“, беа негови зборови, но тој 23-ти, и секогаш порано постојано блескаше со својот карактер и големина.И ми пренесе еден негов претходен цитат, велеше – „Христијан, знам дека има многу невистини, многу напади врз тебе, но знај дека сите оние кои низ животот ми ги вадеа очите, ми ги цртаа веѓите после тоа“.Тоа е големиот професор, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го паметиме и негуваме неговото дело.Во негова чест ќе предложам пред органите на партијата, партиско истражувачкиот аналитички центар да го носи токму името на професорот Љубиша Георгиевски, како скромен допринос за неговото големо дело и посветеност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ.Македонија го почитува безвременското дело неговото. Таа 94-та година ги започнав моите политички активности во ВМРО-ДПМНЕ за време на тие претседателски и парламентарни избори, како претседател професорот Љубиша Георгиевски го напушти современиот живот но ќе остане безвремен помеѓу нас.И затоа наместо едноминутно молчење, мислам дека е соодветно да станеме сите и да му дадеме почит со огромен аплауз.Почивај во мир професоре“-заврши Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Pariz-1

„Жолтите елеци“ се судрија со полицијата - хаос во Париз...

Хаос во Париз. Жолтите елеци се судрија со полицијата. Полицијата употребува солзавец 211 биле уапсени до сега, затоа што биле наоружани со чекани и шипки, па дури и оружје и молотови коктели.Неколку илјади жолти елеци се наоѓаат на Шанзелизе, каде полицијата постави барикади и оклопни возила и испука огромен квантитет на солзавец. Слоганите се истите како и претходните три викенди на протести, тој најгласниот е „Оставка за Макрон“.Француските полициски сили целосно го блокираа парискиот плоштад Конкорд, кој директо е наспроти Елисејските полјани, а се наоѓа неколку стотина метри од претседателската палата. Со тоа полицијата им оневозможи на „Жолтите елеци“ да им се придружат на демонстрантите на Елисејските полјани. Претставници на ова неформално протестно движење изразија во саботата разочарување поради обемното ангажирање на полициски сили од 89.000 припадници, оклопни возила, специјални единици, водени топови и користење солавец, и сметаат дека тие се „претарани… и ги оневоможуваат да протестираат“.Парискиот весник Le Figaro додава и дека полицијата во Гренобл го уапсила еден од лидерите на „Жолтите елеци“, Жилиен Терје, бидејќи наводно организирал неодобрени протести во овој град.Истовремено во Брисел полицијата ја блокираше целата зона во којашто се наоѓаат европските институции, забранувајќи ги приодот во оваа зона за пешаците и за возила. Белгискиот дневен весник Le Soir пренесува дека атмосферата во главниот град е тензична, но оти нема насилства.Стотиции белгиски полицајци се ангажирани, во Брисел, каде што минатата седмица „Жолтите елеци“ се судрија со полицијата и запалија две полициски возила, а во саботата се уапсени 70 лица.Протести денеска има во Холандија, иако ниту Белгија ниту Холандија не предложија зголемување на наметите за горивата, што беше катализаторот за масовните и насилни протести во Франција последните седмици.

Свет | пред 7 години

drzavna-nagrada

Врачена државната награда Св. Климент Охридски

Годинешни добитници на државната награда за 2018 година се просветните работници Кимет Агаи и Аднан Агаи за остварување во областа на воспитанието и образованието, режисерот Владимир Милчин, балетскиот уметник Емилија Стаменковиќ (Џипунова) и писателот Томислав Османли во областа на културата и уметноста и патофизиологот, специјалист по нуклеарна медицина проф. д-р Борислав Каранфилски во областа на здравството.Денеска во чест на празникот „Свети Климент Охридски“ во Собранието на Република Македонија на добитниците им беше врачена истоимената награда.Наградите им ги врачи претседателот на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, академик Влада Урошевиќ, кој рече дека наградата ја сфаќа како убава можност на дејците во културата да им се надомести барем мал дел од тоа што навистина го заслужиле.– Културата е се помалку присутна во медиумите. Време е да ја ослободиме културата од комерцијализацијата и политизацијата. Единствен наш вистински адут во барањето рамноправно место меѓу народите е културата, од воспитанието и образованието до највисоките дострели на уметноста. Доделувањето на оваа награда ја смета како убав придонес кон надминувањето на опасностите кои ја демнат македонската култура, додаде Урошевиќ.Од името на добитниците се заблагодари проф. д-р Каранфилски, кој рече дека наградата е израз на посебно високо општествено признание за постигнатите резултати.Наградата „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

gruevski-2

Tелохранител на Груевски алармирал дека тој се однесува сомнително!?

Еден од шестмината телохранители на Никола Груевски, кои му припаѓаат по службена должност како поранешен премиер, кај своите претпоставени алармирал дека тој се однесува сомнително.Тоа, според информации на „Фокус“, се случило непосредно пред Груевски да избега во Бидумпешта, каде доби политички азил.Како што дознаваме од добро упатени извори, македонските власти досега утврдиле дека поранешниот премиер нелегално ја преминал македонско-албанската граница во близината на Дебар, но се уште е непознато кој се му помогнал да ја изведе оваа операција

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Се подготвува законот за амнестија, обвинетите сами ќе треба да се изјаснат дали ја прифаќаат амнестијата

Алсат дознава дека законот за амнестија ќе биде разгледан во понеделникот на средбата на групите за помирување. Предлогот предвидува дека обвинетите треба јасно да се изјаснат дали ја прифаќаат амнестијата или според принципот на невиност сакаат да продолжи судската постапка.Законот нема да вклучува лица за кои постои материјален доказ за кривично дело Насилство. Исто така, во законот не се вклучени организаторите и делата за кои се обвинети во случајот како поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.По разгледувањето на нацртот од пгрупите за помирување, истото ќе треба да помине во координативното тело каде што треба да добие поддршка од сите за после да оди на парламентарна процедура.

Македонија | пред 7 години

italija

(ВИДЕО) Шест лица загинаа, а над 120 беа повредени во паника во клуб во Италија

Најмалку шест лица загинаа, а околу 120 се повредени во паника во ноќен клуб во Италија, објавија локалните власти, пренесени од агенциите. Состојбата на најмалку 10 од повредените е сериозна.Инцидентот се случил околу 01:00 часот по локално време, во клуб во близина на градот Анкона.Според некои извештаи паниката настанала при прскањето на спреј во салата на клубот, но тоа не е потврдено официјално.Клубот бил полн и многу од повредените ги добиле повредите при бегање во паника. Клубот бил домаќин на Ебаста Филд, познат италијански рапер, а на неговиот концерт имало повеќе од 1.000 луѓе.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Помирувањето на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ започна од Охрид на Свети Климент

Ретка глетка пред споменикот на Свети Климент Охридски.Делегацијата која денес положи цвеќе и се поклона пред споменикот на Свети Климент Охридски во Охрид, а која ја предводеше Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски беше составена од координаторите на советниците на СДСМ Константин Георгиевски и Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ.Од Протоколот при Општина Охрид за „Скопје 1“ велат дека ја вовеле оваа пракса од причина што сакале да покажат поголема професионалност во организирањето на настаните и тргнувајќи од логиката дека животот во градот го сочинуваат сите политички субјекти.

Македонија | пред 7 години

nikolov-igor

(ВИДЕО) Николов: Филипче да се обврзе да остане во јавното здравство 15 години откако ќе му заврши министерската функција

Здравствениот систем во Република Македонија, од ден во ден се повеќе станува приватен здравствен систем кој наместо кон пациентот единствено е ориентиран кон профитот. Владата на СДСМ и министерот за приватно здравство Венко Филипче се болест за јавното здравство, изјави Игор Николов на денешната прес-конференција.„Нема никаква реализација, ниту пак подготовка за реализација на бомбастично најавуваните проекти за подобрување на здравствениот систем кои ги вети СДСМ, туку единствено гледаме зајакнување на приватните здравствени болници, и во исто време континуирани обиди за деградирање на јавното здравство.Таква е и последната идеја на комерцијалистот Зоран Заев и на министерот за приватно здравство, Филипче, за префрлање на државната детска кардиохирургија во приватна клиника, потоа давање на концесија на трансплантацијата на органи во приватни болници најавено како вид на јавно-приватно партнерство. И згора на сето тоа замислете, тие објавија тендер за т.н. физибилити студија за да се утврди дали треба да се приватизира и Итната медицинска помош и Домашната посета?“, вели Николов.Тој го повика министерот Филипче, јавно да потврди на македонските граѓани и на неговите пациенти дека, по завршувањето на неговиот мандат како министер за здравство, ќе остане барем 15 години да работи во јавното здравство, и дека нема веднаш по завршувањето на функцијата да продолжи да работи во приватна болница. Ова министерот за здравство, заменик министер за здравство и докторите од неговиот кабинет им го должат на граѓаните на Македонија бидејќи денес, со се што прават како т.н. реформа во здравството, тие единствено си го поплочуваат сопствениот пат за да преминат во приватна болница веднаш штом ќе им заврши мандатот.„СДСМ и министерот Венко Филипче, најавуваа спречување на кризите со недостаток на лекови, а граѓаните секојдневно се сведоци на недостаток на лекови на рецепта после 10-ти во месецот.СДСМ и министерот, најавуваа укинување на економските директори и управните одбори на здравствените институции, и дека со овие средства ќе биде финансирано покачување на платите на лекарите и на здравствените работници. Денес сме сведоци дека економските директори се сменети само селективно, се назначуваат нови, а хонорарите на членовите на управните одбори се зголемени за повеќе од 30%.СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.Министерот склучува договори во четири очи, работи на тендери и префлување на парите во приватните болници. Ништо друго и не го интересира.Повеќе од очигледно е дека не се свесни за значењето на јавното здравство во една држава. Ставајќи ги инвестициите во приватниот здравствен сектор и уништувајќи го јавното здравство тие единствено им штетат на граѓаните.Апелираме, по сето ова што го прави министерот, да се обврзе откако ќе му заврши функцијата, да остане во јавното здравство минимум 15 години. Ако го направи тоа можеби времето ќе покаже дека имал и добра намера.Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година и половина. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилата и на деградацијата на здравствениот систем.Сите оние кои виделе мака од деградираното здравство од страна на СДСМ ги повикуваме да ни се придружат утре во Кочани и следната среда повторно во Скопје на протестен марш“, изјави Николов.

Македонија | пред 7 години

granicen-premin

Албанија не им дозволи влез на околу 100 грчки државјани

На преминот Какавија, на албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, албанските власти не им дозволија влез на околу 100 грчки државјани, кои сакаа да присуствуваат на 40-дневниот помен на Костандинос Кацифас.Полицијата потврди дека меѓу нив има и лица кои Албанија ги прогласи за непожелни личности ден по погребот на Коцифас, поради нивната „неприфатлива, навредлива и опасна“ активност на денот на погребот.За „персона нон грата“ беа прогласени 52 лица на кои им се забранува влез во земјата во период од пет години. Еден од нив е и Панајотис Савидис,новинар на весникот „Прототема“ кому влез не му беше дозволен синоќа.Албанската полиција, покрај зајакнатите безбедносни мерки во Буларат, родното село на Кацифас, како и на националниот пат Ѓирокастро-Какавија, на сите гранични премини има доставено список на лицата на кои им е забранет влез во земјата.Кацифас(35) албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство, беше убиен во Буларат, во престрелка со полицијата на 28 октовмри.Инаку, на денешниот помен за Кацифас во Буларат, освен жители на селото и околните населени места, каде главно живеат припадници на грчкото малцинство, се очекува да присуствуваат и неколку стотици грчки државјани.извор: Курир.мк

Свет | пред 7 години

47682830_10217495921767267_4190661824783319040_n

(ВИДЕО) Празнична градежна тортура кај ,,Мајчин дом“ во Аеродром

Жителите од општина Аеродром, кои живеат непосредно до градежната парцела до ,,Мајчин дом“ , се жалат дека секојдневно трпат вистинска тортура од градежната механизација и камионите.https://www.facebook.com/ljmickov/videos/10217495924647339/https://www.facebook.com/ljmickov/posts/10217495934447584

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања