Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

silegov-1

Град Скопје ги негира обвинувањата за загадениот воздух

Град Скопје ги негира обвинувањата и паушалните тврдења на советничката во однос на активностите и напорите на Градот Скопје во борбата против загадениот воздух.„Сакаме да ја информираме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување  активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.Градот Скопје на овој горлив проблем му пристапува стратешки и реализира мерки во сите области кои се детектирани дека придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух.1. Од аспект контролата на индустриските капацитети и инспекциските активности, Град Скопје ги следи сите индустриски инсталации кои имаат добиено од Градот Б интегрирана дозвола или усогласен елаборат за заштита на животната средина. Делот од сферата на А интегрираните дозволи се во надлежност на министерството за животна средина и врз нив контрола врши државниот инспекторат, додека сините занаетчиски објекти, претежно од угостителството се во надлежност на општинските инспекторати за животна средина.Овој период посетени се сите капацитети кои работат со Б Интегрирана дозвола, а инспекциските служби работат во две смени. Од аспект на создавање на диви депонии и незаконско спалување на смет и останати материјали кои го загадуваат воздухот, изминатиов период Градскиот инспекторат имаше засилени контроли на целата територија на Скопје. Контролите се спроведуваат со комбинирани тимови на инспектори за животна средина, комунални инспектори и комунални редари. Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.Засилените активности и контроли на Инспекторатот на град Скопје резултираа со драстично зголемување на бројот на мандатни казни, како и со превентивно делување со укажувања на граѓаните како се депонира комуналниот отпад и каде отпадот како градежен шут, кабаст отпад треба да биде однесен и депониран. Така, во месеците септември и октомври имаме зголемување на изречени казни за 100 % во однос на овие месеци минатата година, каде имаме 269 мандатни казни (дел од нив пратени на извршител за наплата, најголемиот дел во вид на извршување на општокорисна работа), како и 200 превентивни опомени за физички и правните лица. Зајакната контрола има и на градилиштата во сите општини во Скопје. Во овој период извршени се контроли на повеќе од 50 локации каде што се вршат градежни активности, при што на изведувачите им се укажува да не се излегува од градилиштата на улица со камиони со валкани тркала и непокриени со церади. 2. Од аспект на загревањето, Градот Скопје го формира новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, која ја реализира постапката за преземање на градската топлификациона мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје.Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку. Во оваа област како нови мерки може да се наведат и субвенциите за обука на оџачари, како дефицитарна струка, како и субвенциите за граѓаните за чистење на оџаци. Во однос на сообраќајот,3. Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје инвестира големо време и енергија во промоција на транспортен систем кој е модерен и еколошки, преку користење на јавниот превоз, како и комбинирани форми на превоз без автомобили. Во таа насока, во транспортниот систем на ЈСП изминатиов период беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас (кој не го загадуваат воздухот), како и за првпат на линијата број 15 сообраќаше електричен автобус. Идната година Скопје ќе добие 40-тина нови еколошки автобуси на еколошко гориво и ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема. Истото ќе се финансира со задолжување кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра, со каматна стапка од 1%, 3 години грејс период и 7 години отплата, без вклучен грејс период. Како мерки од областа на сообраќајот може да се наведат и воведувањето на бесплатен превоз за сите средношколци во јавниот градски превоз, како и воведувањето на бесплатни автобуски линии до Водно со цел растеретување на сообраќајниот метеж на планината, како и воведувањето на бесплатниот автобуски превоз во деновите на висока загаденост.Градот Скопје работи и на промоцијата на електричните возила, преку поставување на нови полначи за електрични возила на повеќе локации во Скопје кои се бесплатни за користење за корисниците на ваков вид на возила.Промоцијата на велосипедизмот е друга сфера во која Градот работи, преку подобрување на условите и изградба на нова вело инфраструктура, како и стимулирање на граѓаните за набавка на нови велосипеди преку субвенции, каде во 2018 година Град Скопје додели 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Изминативе неколку месеци се изградија или во тек на изградба се велосипедски патеки во должина од над 7 километри, како што целосно е готова велосипедската и пешачка патека на булеварот „8 Септември“, која се протега од мостот кај хотелот Александар Палас до улицата „Варшавска“ во Тафталиџе, а во тек е изградбата на вело патеката долж цел булевар Борис Трајковски (од стаклара до рампа), долж улица 11 Октомври, булевар Кочо Рацин и долж бул. Крсте Петков Мисирков до клучката кај Бит пазар.Во моментов е распишан и јавен повик за субвенции за граѓаните за набавка на електрични тротинети, каде е предвидена субвенција во висина од 50 % од цената, но не повисока од 10.000 денари.4. Од аспект на енергетската ефикасност, Градот Скопје оваа година изврши, или во тек е замена на фасадите на 11 средни училишта, и тоа „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“. Овие училишта, чии објекти беа едни од поголемите загадувачи на воздухот, ќе добијат нови, енергетско ефикасни фасади кои значително придонесуваат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а за заштита на учениците, набавени се прочистувачи на воздухот за сите простории во сите средни училишта на Град Скопје. Средствата за изградба на нови фасади се обезбедени од прекинувањето на проектот Скопје 2014.5. Од аспект на зеленилото, Градот Скопје изминативе 6 месеци подигна нови и реконструираше зелени површини кои се простираат на над 50.000 метри квадратни. Покрај ова, изминативе неколку месеци се спроведоа акции за садење на нови дрвја во Скопје, каде само во пролетната акција беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја.Во оваа насока Градот Скопје работи и на два нови проекти со коишто ќе се добијат два нови големи зелени површини во Малиот ринг во Скопје, и тоа новиот парк во просторот позади Македонската филхармонија и новиот парк – зелен кров кој ќе се простира на кровот на ГТЦ.6. Од аспект на комуналната хигиена, Градот Скопје работи на мапирање и чистење на дивите депонии, каде во голема акција беа расчистени над 3000 метри кубни смет, далеку повеќе од 2017-та (375 м3). Во таа насока, во март годинава Градот Скопје промовира посебен телефонски број (070 270 557), на кои граѓаните можат преку Вибер да пријават диви депонии со праќање на порака и фотографии, а истите можат да ги пријават и до официјалната фејсбук страница на Градот. Досега граѓаните пријавија над 300 диви депонии, а поради зголемената потреба на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје за 2018 година, беа зголемени средствата за оваа намена за дополнителни 5 милиони денари. Дополнително, Градот Скопје на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје предвиде и средства за набавка на нови контејнери, а се спроведоа повеќе акции за миење на градските улици и булевари. Како новитет е и хигиената на улиците, каде Град Скопје, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и „Водовод и канализација“, за првпат започна голема акција на рачно миење на улиците од прљавштина и прашина со што ќе се намали прашината во воздухот. Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја замајуваат јавноста со вакви неумесни прес-конференции, да бидат конструктивни чинители и да учествуваат во борбата против загадениот воздух“, стои во реакцијата од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

Capture-3

(ВИДЕО) Да му помогнеме на самохраниот татко да и обезбеди кров над глава на малата Едона

Сабахко Хасиќ е самохран родител кој се грижи за својата пет годишна ќерка Едона од нејзина неколку месечна возраст. Од август 2017 останал без својот автомобил и без можност да заработува, а со тоа и да се издржува и да плаќа кирија. Оние кои сакаат да помогнат може да го побараат Сабахко на телефонскиот број: 077/806-054https://www.facebook.com/jasakammakedonijasitel/videos/1715417458552659/

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

(ВИДЕО) Падот и подемот на Никола Груевски

Една по една, се затвараат вратите за Никола Груевски. Останува пратеник, но неизвесно е како ќе ја троши пратеничката плата, ако се знае дека за неговата блиска иднина сега одлучуваат судии и обвинители. Без оглед на тоа, јавноста останува поделена во оценките на неговата улога во партијата и во државата. Едните препознаваат херој, роден да обединува и да го води својот народ, пишува Телма.Другите едвам чекаат да го видат зад решетки, за да одговара за сите обвиненија што му се ставаат на товар.Политичката и државничка кариера на Никола Груевски опфаќа дваесетина години. На крајот на минатиот век, на 28 годишна возраст, стана министер за трговија, а една година подоцна, веќе е прв човек во Министерството за финансии. Зад себе ги остава Балканска банка и Брокерската асоцијација, што лично ја основал и претседавал. Груевски важи за реформатор: воведува ДДВ, фискални сметки, кампања „Купувајте македонски производи“, а паралелно се множат афери. За почеток, штетниот договор со ОКТА што ја чинеше македонската држава 70 милиони долари и контроверзите околу Националната платежна картичка, а подоцна и други.За познавачите, изборот за лидер на Конгресот во Охрид 2003 е сосема очекуван, особено што зад него застана неприкосновениот Љубчо Георгиевски.Лидерството не го стартуваше најсјајно. Изгуби едни претседателски и едни локални избори. Се опкружи со нови лица, кои, освен партиски, му беа и лично лојални. Од старото партиско ткиво се создадоа нови партии, меѓу кои и ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски, што уследи по тешката караница во хотелот Панорама. И покрај тоа, две години подоцна Груевски ги добива наредните парламентарни избори. Потоа, бележи победи на 10 изборни циклуси. Неговата партија владее неприкосновено, од локално преку централно до претседателско ниво.Уште во тие први години од неговото владеење, пиар тимот настојува да го прикаже како вреден млад човек што работи 24/7 за својата татковина. Човек од народот, живее скромен живот, оди пешки на работа во Владата, чека на семафор зелено светло, се поздравува со познатите, додека силното обезбедување не се гледа.Воведе рамен данок, ја намали невработеноста од 38 на 23 одсто, постојано инсистираше на странски инвестиции, а во тоа време македонските државјани почнаа да патуваат низ Европа без визи.Неговите критичари му го демнеа секој чекор. Ги ловеа неговите лапсуси…Но, ѓаволот ја однесе шегата кога почнаа „да пукаат бомбите на Заев“. Преку телефонските снимки  СДСМ прикажуваше лик на автократ кој наградува и казнува по лично убедување, владее неприкосновено опкружен со роднини, пријатели и послушници, се пазари за провизии, се смее на туѓата немоќ, толерира разни криминали, очекува изборни местенки, приграбува имот за себе и за партијата, а лицемерието воопшто не му е туѓо.Неизвесно е дали само бомбите го урнаа Груевски. Тој брзо ја изгуби поддршката на меѓународната јавност и го откажа Пржинскиот процес.Прво мораше да ја напушти премиерската, а потоа и лидерската функција во партијата. Призна дека можеби грешел но и дека си заминува со ножеви во грбот.Сега е речиси секој ден во Суд. Има правосилна пресуда од две години и повеќегодишна запретена казна. Работи како пратеник, но ретко доаѓа во Парламентот. Деновиве доаѓаше за да прикаже пред Судот дека има пратенички обврски. Пред тоа, забележителна улога имаше при расправата за Законот за јазици.За малку ќе ги покажеше и другите боксерски способности. Еднаш во младоста, му помогнаа да биде статист во театар. Оттогаш наваму, јавно не му затребале. При функционирањето во Парламентот, Владата и воопшто, во општествениот живот, се бараат други перформанси. 

Македонија | пред 7 години

nova_vlada_g111

Одењето на Груевски во затвор нема да донесе подобар стандард, Заев разбуди се!

Откако Специјалното јавно обвинителство се појави на сцената во Македонија, сите погледи се насочени кон обвинетите во низата случаи кои беа процесирани. Јавноста е замаена од прашањата „Кога Груевски ќе оди во затвор“, „Дали во Шутка ќе влезе Мијалков“, „Како ќе одговара Јанкуловска“, „Што ќе се случи на наредното судење за прислушкувањето?“. Но, истовремено, овие прашања ги изморија сите. Интересот опаѓа, што е нормално, бидејќи секојдневните новини од сите судења не носат ништо ново. Освен судењата, ништо ново не донесе и Зоран Заев заедно со СДСМ, кој година и половина седи на „Илинденска“ во барокната Влада.За време на Шарената револуција сите беа одлучни дека правда мора да има. Тоа стои и сега. Но, никој не очекуваше дека револуционерите ќе станат административци, но се случува. Секој од нас се бореше за подобро утре, бидејќи криминалот, немањето пари, отселувањето, корупцијата и непотизмот, партиските вработувања ги убиваше надежите за успех во оваа држава. Денес, само правдата доаѓа, но само делумно. Во секој дел од оваа колумна ќе има по едно „но“, што навистина не ветува многу. Кога Американец во реченица ќе употреби „но“, значи дека колку и да биде силни фактите кажани претходно, истите веќе не важат. Од успеси во правдата има само еден предмет и тоа е „Тенк“, кој е завршен, а тотално небитен. Одењето на Груевски во затвор за некого е успех, за мене, тотален неуспех. Да не заборавиме одењето на Груевски во Шутка нема да донесе подобар живот, ниту стандарди.Година и половина посветени на Европска унија и НАТО. Пеки, да. Треба. Но во Владата има илјадници лица кои се вработени. Зар никој од нив нема време за проблемите на обичните смртници? Зар сите работат на ЕУ и НАТО. Некако, преку глава им е на сите од законите кои се прават на хартија, а не функционираат. Како оваа Влада сака прогрес, кога додека поскапува лебот, платата стагнира или опаѓа? Македонија се задолжува. И во континуитет причината е ВМРО-ДПМНЕ кои ја задолжиле земјата. Сите што седите на Илинденска, запамтете дека никого не го интересираат вашите изговори, туку животниот стандард кој е прелош, најлош.Ефтините памфлети за подобар живот се само обичен лист хартија. Тоа се покажа во изминатиот период. Брда и долини ветувавте, ништо не направивте. Ама ништо. Седнете и запрашајте се дали имате реализирано барем 10 проценти од ветувањата. Тогаш ќе сфатите зошто народот ви е разочаран. Ниту часовникот на Триумфална не ви функционира, па што останува за другото. На „Гоогле“ најечсто пребарување е „Како да најдам работа во Германија“, а на улиците се коментира дека подобар живот има во соседна Србија или Бугарија. Јас, на ваше место, би се засрамил.Функционирањето ви наликува на она од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и вие ја наполнивте администрацијата со партиски кадри. Секој ден, гледаме нови огласи. Болно и жално. Секој ден на „Фејсбук“ имаме по еден пријател кој претходно објавувал слики од партиски митинзи, а денес објавува дека вработен во министерство, општина, Влада, Собрание и слично. Можеби најпаметното нешто што Груевски го напишал во изминативе години е „Во затвор се влегува и излегува, на власт се доаѓа и се оди“. Нека искуството на ексраководството на оваа држава, биде поука за вас.Бидете малку сериозни. Сите се крајно разочарани од вас. Во секое поле. Ова го пишувам врз основа на она што гласно се коментира во кафеаните, кафичите, улиците, булеварите. Она што е факт. Ако вака продолжите, следните избори за вас ќе бидат фатални. Тогаш.. Е тогаш нема плачење. По Шарената револуција сите се свесни што се случува. И да, ова не го пишува ни вмровец, ни сдсмовец, туку некој на кого стварно му е смачено од дворските игри на секоја Влада која застанала да води држава. А ја води во пропаст.Отворено писмо испратено до „Скопје 1“.

Коментари | пред 7 години

gruevski-2-1

Дали преку Груевски и Камчев, Мијалков си ја купи слободата?

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет во четири случаи на СЈО и тоа „Титаник 2“ за изборните измами, „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, „Трезор“ за незаконска набавка на опрема и „Тврдина и „Титаник“ за нелегалното прсилушување. Доколку се соберат предвидените затворски казни за делата за кои се гони, тогаш може да се каже дека на Мијалков му се заканува максимална затворска казна од 31 годинa затвор. Последно, вчера СЈО излезе со ново обвинение против ескдиректорот во случајот „Империја“.„Империја“ му донесе и 30-дневен притвор на бизнисменот Орце Камчев кој во минатото беше тесно поврзан со Сашо Мијалков. Обвинителството и двајцата ги гони за исти дела, но Мијалков нема да му прави друштво на Камчев во ќелија. Симптоматични се судските одлуки за обезбедување на присуство, бидејќи, ова е прв случај против Камчев, а шести против Мијалков. Се отвора прашањето, како судот е сигурен дека Мијалков ќе остане во земјава, а Камчев ќе избега?Камчев и Мијалков не се во добри односи подолго време. Во интервју, уапсениот Камчев ја потврди оваа информација, велејќи „не сме повеќе пријатели“, но не ги кажа причините. Двајцата во моментов ги поврзува едно, а тоа е СЈО и случајот „Империја“. Како Мијалков ја купи слободата, а Камчев го заслужи притворот ќе открие времето, а една од претпоставките е дека Мијалков застанал против поранешниот пријател за да се спаси себеси.Слична е ситуацијата со експремиерот Никола Груевски за кого веќе има пресуда и треба да одлежи две години за набавка на луксузниот „мерцедес“, кој го истражуваше СЈО во случајот „Тенк“. Мијалков и Грувски се тесно поврзани, долги години беа потпора еден на друг. Гледано од роднинска страна, тие се братучеди.Врските меѓу братучедите навидум изгледаат нарушени откако на чело на ВМРО-ДПМНЕ дојде Христијан Мицкоски, кој во минатото беше советник на експремиерот. Груевски бил главниот протагонист кога во прашање бил изборот на нов претседател на сега опозициската партија, се коментираше во јавноста. Новиот претседател, сега, го исклучи Мијалков од паријата бидејќи како што кажа, бил во „криминална коалиција со Зоран и Вице Заеви“. Груевски, во ниту еден момент не застана во одбрана на Мијалков, туку напротив рече „сакам силно ВМРО-ДПМНЕ“. Мијалков испрати две писма до Мицкоски, но доби само „сеен“ од него. Додека тие се препукуваат јавно, Груевски молчи. Низ ова се носи констатацијата дека Грувски крена раце од братучедот, а пак Мијалков го пушти низ вода Груевски. Единствена потпора на експремиерот е ВМРО-ДПМНЕ кои го бранат Груевски само преку соопштенија.Интересен факт е и што прв решен случај на СЈО е токму „Тенк“, а сеуште не се знае кој прислушкувал, зошто го правел тоа, како материјалите дошле во рацете на неколку луѓе и кој се ги поседува. Нелогично е да се даде толку големо значење на случај како овој, кога нерешени остануваат клучни предмети како „Титаник“, „Трезор“, „Тврдина“, „Тортура“.

пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

Неколку граѓани пред домот на Груесвки, не даваат да оди во Шутка

Група на граѓани се собира пред домот на екс-премиерот Никола Груевски со цел како што велат да му дадат поддршка.Групата граѓани кои се собираат пред домот на екс-премиерот носат знамиња со сонцето од Кутлеш.Судскиот курир кој требаше да му го достави решението за јавување во затворот во „Шутка“ вчера три пати се обидел да го добие Груевски на адресата по лична карта, но не успеал.

Македонија | пред 7 години

Mickoski-pres

ВМРО-ДПМНЕ: „Кацарска судството“ го осуди Груевски затоа што влегол во службено возило

„“Кацарска судството” работи под директен диктат на Зоран Заев, човек аболициран за тежок криминал. “Кацарска судството” е срам за правдата и правдината. “Кацарска судството” ја влече Македонија се подалеку од демократскиот свет каде што судот одлучува врз основа на факти и докази.Почесниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството.Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото “Кацарска судство” го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое сеуште го користи криминалната власт.Кривичниот совет уште еднаш потврди дека судството во Република Македонија е партизирано и служи за политички прогон на сите кои му се спртиставуваат на Зоран Заев во антидржавите политики. Демократијата и демократските процеси во земјава се мисловна именка.СДСМ ја урнисаа правната држава, ги зарабија правосудните органи и целосно ги ставија во функција на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Република Македонија и нејзините граѓани стана заложници на криминалниот картел на власт.Партиското судството во Македонија работи целосно под диктат на Зоран Заев и за нив не важат ниту докази, ниту аргуементи. Судството слепо ги извршува политичките  нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев.Кривичниот совет само за да му удоволи на Зоран Заев експресно во најбрз рок и без да ја разгледа ја одби жалбата на Никола Груевски. Ваквиот потег е невиден преседан во судството и уште една потврда дека судот е целосно партизиран и се наоѓа во рацете на СДСМ и Заев.Поредокот во државата е целосно урнисан, правната држава не постои,  а обинителството и судството носат политички пресуди само за да го заштитат криминалот на Заев и распродажбата на се што е македонско. Судот испраќа порака и до секој друг кој ќе му застане на Заев дека ќе го снајде истото доколку му застане на патот во уништувањето на државата.Со политичкиот прогон и неправда која се спроведува преку институциите се отвора слободен терен на Зоран Заев за продажба на државните и националните интереси.Додека институциите слепо работат во служба на Заев и заштита на неговиот криминал, Република Македонија се повеќе тоне,  граѓаните осиромашуваат, и се распродава се што е македонско.Македонија е клекната на колена и затоа ова политичко и економско насилство кое го спроведуваат СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да запре.  Наскоро ќе дојде ден кога ќе сносат политичка одговорност за ова силување на државата. СДСМ мора да си замине за Македонија да оди напред. Македонија ќе победи!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

orce_kamcev_-_01-640x426

Твитер галерија: Орце ја купил Шутка оти ќе градел хотел, а ќе се смири и со Мијалков

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Груевски се уште не се појави во „Шутка“

Поранешниот премиер Никола Груевски ниту утринава не се појавил во истражниот затвор „Скопје“, каде што треба да одлежи двегодишна казна, дознава „Фокус“ од извори во затворот.Тој во текот на вчерашниот ден не го примил решението на Кривичниот совет со кое се известува дека неговото барање за одложување на издржувањето на казната не се прифаќа, бидејќи во неколку наврати судскиот доставувач не успеал да го пронајде.Штом Груевски го прими лично решението тоа веднаш станува извршно, односно мора доброволно да се упати во затворот, бидејќи во спротивно ќе биде спроведен со полиција. Сепак постои можност екс премиерот во текот на денешниот или утрешниот ден самиот да се упати кон „Шутка“, без да го прими решението. Доколку тоа не го стори, решението во понеделник ќе му биде предадено во Кривичниот суд, се разбира, доколку се појави на судењето за случајот „Титаник“.Груевски на двегодишна затворска казна беше осуден како обвинет во случајот на СЈО „Тенк“, односно за набавката на луксузниот мерцедес од 580.000 евра.

Македонија | пред 7 години

ghfghfh

Боркица ги известила судските доставувачи дека Груевски не е дома

Судските доставувачи вечерва со решението според кое жалбата на Никола Груевски е одбиена отишле на адресата на поранешниот премиер, но не го пронашле, објави ТВ 24.Вратата ја отворила сопругата на Груевски, Боркица и ги известила доставувачите дека тој не е дома.Груевски штом го прими решението, мора веднаш да се јави во затворот во Шутка, но решението мора да го прими лично на рака.

Македонија | пред 7 години

gruevski-1

Твитер галерија: Грујо го бркаат низ Скопје како покемон

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседава вечерва

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва има седница на која ќе расправа за настапот на партијата на Конгресот на ЕПП во Хелсинки.Исто така, се очекува да се разговара и за ситуацијата со нивниот поранешен лидер, Никола Груевски кој ги поминува последните часови или денови на слобода, со оглед на тоа што има упатен акт за одење во затвор, а сите жалби му беа одбиени.

Македонија | пред 7 години

20.4.kamcev

Орце Камчев оди 30 дена во Шутка

ПРВО НА СКОПЈЕ1.МК  Мерката 30 дневен притвор е за обезбедување на негово присуство.Судија на претходна постапка му одредил 30 дневен притвор на бизнисменот и сопственик на “Орка Холдинг”, Орце Камчев, неофицијално дознава “Скопје 1” Камчев доцна попладнево беше на распит во судот, откако СЈО поднесе обвинение против него, бидејќи е опфатен во случајот “Империја” објавен денес.Специјалното јавно обивнителство утрово влезе во голем број фирми кои се доведуваа во сопственост на Јордан Камчев. Од СЈО не соопштуваат кои се фирми, утрово, биле постени од тимови на истражители, но повеќе од извесно е дека истражителите и полицијата влегла во „Орка холдинг“, болницата „Систина“ и „Стопанска банка – Битола“. Во кулоарите се шпекулира дека СЈО вршел претреси и во хотелите „Мериот“ и „Ибис“, во центарот на Скопје, но и во битолска „Пелистерка“.„По спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети, кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, денес е отворена истрага под кодно име 'Империја', против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“ - информираат од СЈО. Од СЈО појаснуваат дека утрово биле извршени 12 претреси и дека во рамки на акцијата „Империјал“ биле приведени пет лица. Инаку, освен потврда дека меѓу осомничените се екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков и мајката и сестрата на главноосомничениот, Јордан Камчев од СЈО и најава дека тие ќе бидат спроведени пред судија на претходна постапка. Според непотврдени сознанија на Телевизија 24, СЈО ќе побара мерка притвор само за Камчев, додека за другите ќе се побараат други мерки за нивно обезбедување. СЈО најавува брзо проширување на истрагата за нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно-правни барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела, ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.

Македонија | пред 7 години

grujo

Груевски избегал за да не оди во затвор?

Властите не можат да го најдат Никола Груевски ? Дали Никола Груевски е достапен за властите и каде е во текот на целиот денешен ден ? Ова прашање кружи меѓу новинарите кои цел ден не се во можност да стапат во контакт со екс премиерот кој последен пат на апликациите Вибер, Ватсап и Телеграм бил вклучен вчера во 22 часот и 31 минута.Од тогаш тој е исклучен , а не е достапен ни на повици на мобилниот број со кој претходно комуницираше.Денес судот донесе конечна одлука дека Никола Груевски мора да оди во затвор по пресудата за случајот „Тенк“ од како претходно се исцрпија сите можности за одлагање на отслужувањето на казната од 2 години.Груевски се покажа како добро информиран и во неколку наврати јавно ги предвиде постапките на судот и пресудата.Неговото интернет исчезнување од синоќа го отвора прашањето дали тој знаел денес каква одлука ќе донесе судот и дали можеби презел некакви чекори претходно ?ГРУЕВСКИ ДЕНЕС НЕ СЕ ЈАВИЛ ВО СУДОТ ? !Никола Груевски нема пасош, бидејќи истиот му е одземен како мерка за обезбедување. Тој секој петок мора да се јавува во судот, за да го потврди своето присуство во земјава. Денес никој во судот не можел да потврди дали Груевски дошол да се пријави.НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СЕ КОМЕНТИРА ДЕКА ИЗБЕГАЛНа социјалните мрежи веќе кружат постови дека Груевски избегал од земајта, а државата се споредува со Турска серија.

Македонија | пред 7 години

Kamcev-Mijalkov

Камчев и Мијалков биле прислушувани како осомничени во „Империја“?

Осомничените во најновата истрага на СЈО, „Империја“, биле под посебни истражни мерки, што значи дека најверојатно нивните телефонски комуникации биле прислушувани, но со наредба од судот, а за потребите на истрагата. Ова во своето соопштение го открива СЈО, по што може да се заклучи дека и обвинетиот за масовното нелегално прилушување, Сашо Мијалков, бил прислушуван, но на легален начин.-Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост, се наведува во соопштението на СЈО.Од Специјалното јавно обвинителство денеска информираа дека по спроведена опсежна предистражна постапка отворена е истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања