Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

45653785_10217283556781965_2578694146860515328_n

Демолиран автомобилот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Автомобилот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вчера вечер беше демолиран. Тој преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук им се обрати на сторителите дека ниту со закани, ниту со овој чин нема да го замолчат.„Ај што сте не знаете и сте неспособни да водите држава, па ни едно стакло на кола не знаете да искршите како што требаСакав да пријавам во Министерство за внатрешни работи, ама кутрите тие не можат да фатат убијци цела година што ги знаат по име, а не пак овие што искршиле стакло.Ама еве уште еднаш Oliver Spasovski јавно да го повикам да праша по пајташите негови да не е некој од нив, за да дојде каменот да си го земе, му останал внатре, бидејќи ниту со закани, ниту со ова нема да ме замолчите, па најверојатно пак ќе треба да ми ја кршите колата“, напиша тој на својот Фесбук профил.https://www.facebook.com/dimsa.arsovski/posts/10217283957111973?__xts__[0]=68.ARARUmkBy7CGF-OBN3ISUjkPvs-lQXPNxNWRXigCWIUEK5oaGL5OXbfEVWNMb6C0oFyx9r8SpDcAy-GWkt8t4L5T840o04BZz5Oi4XaI-RJdRoV3G-2FRO_3YrR8vdmObrlbLMSx00ouCbhS-VpWOYB6NXIq6t-A6yw0tzMCF5nD0yqTiOdBXHdDopWdg5io0mAAK_248nNYXwddyaSbbuO1NsfdmA&__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Денеска собраниска комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе расправа за барањето од судот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк" на Специјалното јавно обвинителство.Претседателот на Комисијата Павле Богоевски во петокот го доби барањето од Судот од претседателот на Собранието Талата Џафери и имаше рок од 15 дена да ја закаже седницата. Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.Со овој член од собранискиот Деловник е предвидено Предлог за одземање на мандатот на пратеник да поднесе Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието. По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница, а претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. За да му биде одземен мандатот на Груевски на Собранието му е потребно двотретинско мнозинство.  Незивесно е дали за одземање на мандатот на поранешниот премиер ќе гласаат 80 пратеници, ако се знае дека пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за, а најголем дел од пратениците од независната пратеничка група предводена од поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска се изјаснија дека нема да гласаат.Груевски најдоцна до 8 овој месец треба да се јави на издржување на затворската казна. Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната.Поранешниот премиер Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај. Тој заедно со првообвинетиот во „Тенк“ Ѓоко Поповски поднесоа жалба до Апелацискиот суд Скопје, кој ја одби како неоснована жалбата на Груевски, а делумно ја прифати жалбата на Поповски и му ја намали казната затвор на четири години и шест месеци. Во предметот „Тенк“ осудена е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор.Поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски во изјава за МИА рече дека доколку му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски тоа значи дека тој не е пратеник и веќе не може да ги ужива пратеничките права. Доколку, пак, не му се одземе пратеничкиот мандат со тоа Груевски нема да избега одговорност за кривичните дела за кои ќе биде осуден.„Според тоа, дали ќе оди на издржување казна затвор сега или по некој месец тоа битно не ја менува работата“, вели Ивановски.Поранешниот уставен судија смета дека бранителите на Груевски во конкретниот случај  бараат одлагање на изржување на казната затвор и наведуваат соодветни аргументи што не се вистински аргументи кои би влијаеле на самата одлука.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Агенција за млади и спорт ќе купува 5 монтажни лизгалишта

Владата на вчерашната седница ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да набави пет монтажни лизгалишта за неколку градови во Македонија.„Агенцијата за млади и спорт е задолжена да обезбеди 5 монтажни лизгалишта и во согласност со Законот за јавните набавки да спроведе постапка за јавна набавка, како и да подготви интерен акт во врска со условите, користење и одржување на монтажните лизгалишта од страна на корисниците“, соопшти владината прес-служба.Во моментов во Македонија има само едно лизгалиште, она во рамките на СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Почнува втората фаза од постапката за менување на Уставот

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, која треба да трае 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истовремено е и претседател на Комисијата, ја закажа за 1 декември.Премиерот Зоран Заев во петокот на прес-конференцијата во Владата соопшти дека четирите амандмани се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓународните стандарди и заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Според него, нацрт – амандаманите се утврдени низ иклузивен процес и во нив се вградени предлозите на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.Пратениците во Собранието, како што појасни Заев, имаат можност низ дебата и амандмани да го подобрат текстот на предложените нацрт-амандмани.Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде, како што рече Заев, одлуките на АСНОМ  се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата.– Делот на АСНОМ се однесува на замена на одлуките со Прогласот на АСНОМ, заради тоа што, ако остане вака, тоа би предизвикало одредени проблеми во одредени можни идни времиња на соработката меѓу Македонија и Грција. Тоа е така затоа што дел од одлуките на АСНОМ велат „Македонци од Грција и Бугарија обединете се“. Прогласот го нема тој дел, туку во него се зборува за единството во државата,  демократијата, државотворноста, слободата, човековите права и слично и тоа е фер пристап за градење пријателство. Впрочем, Договорот или Спогодбата со Грција е воспоставување на трајно пријателство со нашиот јужен сосед, појасни Заев.Во однос на Охридскиот рамковен договор, кој се вметнува во Преамбулата на Уставот, премиерот рече дека овој договор и досега бил вграден целосно во Уставот, но оти аргументите што биле дадени во дебатата биле дека кога веќе се отвара Уставот, тогаш и тој да се вгради за да биде конститутивен елемент.

Македонија | пред 7 години

naum-petreski2

Жената која Наум Петрески повика да се убие, побара тој да се извини или таа ќе тужи

Јаци Луна, личноста која беше јавно атакувана од пејачот Наум Петрески, побара тој за се извини за упатените закани за одземање на нејзиниот живот. Луна за “Скопје 1” вели дека бара Петрески да и се извини лично, во спротивно, таа ќе покрене тужба пред органите на прогонот.Петрески на социјалните мрежи напиша “Да се убијат таквите како тебе Јаци Луна, можеби ќе се добие нешто повеќе за напредокот на државата”.Преписката се однесувала по кратка дебата на социјалните мрежи поврзана со бездомните кучиња. Целата преписка, пред заканата започна со коментар од Петрески кој напиша “Ова е знак да се почне со стара техника а тоа е ловечка хајка и чистење на сите кучиња скитници на цела територија на државата. Или да ги испратиме гомнојадците од Анима Мунди да се справат со нив бидејќи се најстручни“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Што ветуваше пред изборите, а што исполни за време на мандатот, градоначалникот Златко Марин?

Под лупа го ставаме градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.Во ова видео, кое е негова промоција како кандидат за градоначаник на општина Аеродром, ветува решавање на низа проблеми кои ги тиштат жителите.Меѓу нив, загадениот воздух, сообраќајниот хаос, недостатокот на паркинг простор, изградба на гасификација. Од сето ова, ништо не е исполнето.Тој, како и претходникот Ивица Коневски продолжи со истите практики, без никакви мерки да раководи со општината. Заеднички им е и тоа што не го решаваат два најголеми проблеми - загадувањето и градењето низ Аеродром. 

Скопје | пред 7 години

levica

Левица: Прогресивниот данок ја дели работничката класа, наместо да ја обединува

„Впрочем, најавениот прогресивен данок ја дели работничката класа, наместо да ја обединува.Нормално е, додека се бунат високоплатените работници (информатичката индустрија, воздухопловната индустрија и сл.) за зголеменото оданочување на нивниот доход, нископлатените работници (текстилната индустрија, металната индурстрија и сл.) да се антагонизираат со нив.Во взаемната омраза, високоплатените и нископлатените работници забораваат дека имаат многу заедничко: и двете групи работат за газди, чии добивки, имот, богатство и луксуз остануваат нечепнати“, велат од Левица.

Македонија | пред 7 години

45491534_1841288839302501_8808115649281785856_n

Охриѓанката Сара Настоска замина на лекување во Германија

Нашата сограѓанка Сара Настоска го започна своето лекување во Германија.Нејзините родители на Фејсбук со благодарност и повик на молитва се заблагодарија на сите луѓе кои се вклучија во акцијата за собирање на средствата за лекување на Сара.Постот го пренесуваме во целост:Почитувани сограѓани и сите останати хумани луѓе кај нас и во странство,Ви се обраќаме со почит сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство се наоѓа во Германија. Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.Вечно благодарни, од срце,семејство Настески

Македонија | пред 7 години

BeFunky-collage-1

ВМРО ДПМНЕ на состанокот на ЕПП ќе биде претставувана најмалку од две делегации

На самитот на Европската Народа Партија кој ќе се одржи на 8 Ноевмри во Брисел од ВМРО ДПМНЕ покрај официјалното раководство и Претседателот Христијан Мицкоски, ќе присуствува и делегација на „Реформаторите“ од оваа партија - дознава „Скопје 1“ од свои добро упатени извори.Како што дознаваме реформаторот Петар Богојески ќе присуствува на овој настан, а според нашите информации таму ќе биде и Митко Јанчев.Скопје 1 се обрати до лидерот на партијата Кристијан Мицкоски, и до Петар Богојески, но до објавувањето на веста од нив не добивме коментар.Митко Јанчев за „Скопје 1“ вели дека сеуште не знае дали ќе патува на овој самит.На самитот на Европската Народна Партија ќе се бира кандидат за премиер на ЕУ , а според проценките најголеми шанси за тоа има  Вебер Манфред.

Македонија | пред 7 години

Gruevski-i-Mickoski-na-16-kongres-na-VMRO-4-bg_resize

Груевски прати жалба-Советот одлучува дали на 8 ноември оди во затвор

Адвокатите на Никола Груевски ја искористија и последната можност за жалба пред 8 ноември кога Груевски треба да замине на издржување на казната затвор од две години за случајот „Тенк“.Од адвокатскиот тим на Груевски за НОВА потврдија дека вчера попладне доставиле жалба до Кривичниот совет откако претходно беше одбиена молбата со која бараа да се одложи издржувањето на казната затвор. Со ова, тие го искористија законскиот рок од три дена што го имаа да се жалат до Кривичниот совет. Решението на судијата дека му се одбива молбата беше доставено до адвокатите во петокот, кога беше и донесено, и од тогаш течеше тридневниот рок за жалба.За жалбата до Кривичен Никола Груевски лично се обратил до претседателот на Собранието Талат Џафери од кого побарал потврда дека тој е член на собраниската Комисија за уставни прашања. Спикерот Џафери денеска рече дека одговорил на барањето на Груевски и до пратеникот, како што велат собраниски извори, била испратена фотокопија од „Службен весник“ дека е член на таа собраниска комисија, со потпис од претседателот на Собранието.Адвокатите на Груевски бараат извршувањето на казната затвор да се одложи поради неодложни пратенички обврски на Груевски во Собранието каде утре ќе започне расправата по нацрт амандманите во уставната комисија во која тој е член. Истите причини беа наведени и кога адвокатите поднесоа молба до судија за извршување санкции, кој го одби со образложение дека „Собранието одлучува со 61 пратеник“ и дека присуството на Груевски не е неопходно.Според упатниот акт, Груевски треба до 8 ноември (четврток) да се јави во истражниот затвор Шутка на издржување на казната.

пред 7 години

soobr1

Еден загинат и пет повредени во сообраќајка меѓу автобус и автомобил кај Струга

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 5 и 45 часот на патот Подмолје-Струга, кај селото Мислешево.Според информациите на охридската полиција, во несреќата учествувале автобус со охридски таблички и автомобил со струшки регистарски ознаки.„На крстосницата кај селото Мислешево случена е сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот, а пет други имаат телесни повредени. Сообраќајната незгода се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот“, велат од СВР-Охрид.Од таму додаваат дека се преземаат мерки за идентификација на починатиот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Воени претставници на 29-те земји членки на НАТО во прва посета на АРМ

Високи воени претставници на 29 – те земји членки на Воениот комитет на НАТО, предводени од заменик претседавачот генерал-потполковник Стивен Шепро, денеска и утре првпат ќе престојуваат во посета на Армијата на Република Македонија.За време на посетата, од страна на  домаќинот началникот на ГШ на АРМ генерал-мајот Васко Ѓурчиновски, а по покана од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претставниците на Воениот комитет на НАТО, ќе бидат запознати со постигнувањата, подготвеноста и идните планови на Република Македонија – АРМ за полноправно членство во Алијансата.Во касарната „Илинден“ во Скопје планирана е и вежба за демонстрација на оперативните способности опремата и техниката на дел од декларираните единици од Здружената оперативна команда.Воениот комитет е највисоко воено консултативно тело на НАТО, формирано неколку месеци по формирањето на Алијансата, а го сочинуваат началниците на Генералштабовите на Армите на земјите – членки на НАТО. Воениот комитет на ниво на началници се состанува три пати годишно, додека воените претставници на НАТО земјите најмалку еднаш седмично. Има три функции и тоа советодавна за Северноатлантскиот совет, потоа конекција односно даваат политика и стратегија на двете стратегиски команди на НАТО, а тоа се командите на НАТО за трансформација и за операции. Третата функција, пак, е преведување на дипломатскиот јазик, односно насоките од Северноатлантскиот совет од политиката на воен јазик.

Македонија | пред 7 години

gruevski-1

Груевски може и да не мора да оди во затвор на 8 ноември

Осудениот експремиер Никола Груевски може да го пролонгира одењето во затвор откако денеска ја прими одлуката на судијата за извршување санкции дека му се одбива жалбата на упатниот акт да се јави во Шутка до 8 ноември, брифираат судски извори. Тој има право во рок од три дена да се жали до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, кој и во случај да ја одбие жалбата, повторно одредува датум кога осудениот треба да оди во затвор.Пролонгирањето е извесно, бидејќи Груевски не мора да ја поднесе жалбата денес туку на истекот на рокот во среда по препорачана пошта, како што тоа го стори претходно.„Но, без оглед кога ќе ја поднесе жалбата до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, сепак крајниот збор кога тој ќе треба да се јави во затворот во Шутка и во случај да му биде одбиена жалбата ќе го има Кривичниот совет. Во конечната одлука, во случај кога се одбива жалбата, Кривичниот совет одредува датум кога всушност осуденото лице треба да се појави на одредена затворска капија“, појаснуваат судски извори, повикувајќи се на законските одредби.Во петокот, судот соопшти дека е одбиено барањето на Груевски, осуден на две години затвор за незаконската набавка на мерцедесот со пари на МВР, да му се одложи спроведувањето на упатниот акт, според кој треба да се појави на 8 ноември во затворот во Шутка.

Македонија | пред 7 години

45469971_552975168479018_3904391225028902912_o

На Фејсбук се организира протест за поддршка на Груевски

На Фејсбук во изминатите денови се организира протест на кој се повикуваат сите граѓани на Република Македонија за правда за поранешниот премиер Никола Груевски. Протестот е закажан за утре (среда, 07.11.2018) со почеток во 19 часот пред зградата на Основниот суд Скопје 1.„Почитувани граѓани,Членови на ВМРО-ДПМНЕ,Македонци и Македонки,Браќа и сестри,Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски.За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1!Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!“, стои на Фејсбук.Никола Груевски треба на 8 ноември да се јави на издржување на казната затвор од две години, за предметот „Тенк“ на СЈО.

Македонија | пред 7 години

1280px-Vardar_Veles_Macedonia

Тинејџерка се удави во водите на Вардар

Седумнаесетгодишна девојка се удави синоќа во водите на реката Вардар бегајќи од кучиња. Таа околу 19 часот била нападната од глутница кучиња во близина на гостиварската болница.Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар дека девојчето паднало во реката, по што е организрано пребарување на коритото на Вардар.Екипи на полицијата, Дирекцијата за заштитата и спасувања и пожарникари трагаа по девојчето и го пребруваа теренот каде што паднало во водите на Вардар во Гостивар.Синоќа околу 22 часот со помош на жителите на селото Балиндол било извлечено телото на девојчето.Телото го нашле жителите, а било извлечено со помош на полициските екипи.Се очекува јавен обвинител да изврши увид на местото на несреќата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања