Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

avtobus-zapalen1

ФОТО: Се запали автобус во центарот на Скопје

Денес еден од старите автобуси на ЈСП се запали во центарот на Скопје. Градоначалникот на Скопје, Петра Шилегов, ги става животите на граѓаните во опасност, пишува Курир.Во вчерашната емисија градоначалникот Петре Шилегов, се расфрлаше со ветувања дека до крајот на годината најдоцна до другата година ќе обезбеди еколошки автобуси.Дури и со критики до мината власт кажа дека во Битола не пратил од новите автобуси дека тие веќе не се нови, стари се 7-8 години, и дека не се прикладни двокатните автобуси за во Битола.Додека овие двокатни автобуси ги чува по град Скопје граѓаните се возат со старите автобуси од минатиот век.На новинарско прашање на КУРИР од ЈСП одговорија дека не станува збор за пожар, туку за дефект на автобусот.-Внатрешната контрола на ЈСП утринава има регистрирано случај на расипан автобус на Рекорд, возило од постарата генерација (Санос),кој сообраќал на линијата 24. Автобусот не се запалил, туку во моментот на предизвикан дефект со бош пумпата, настанало моментално задимување. Немало потреба од интервенција на Противпожарната служба, ниту пак, има било какви последици по патниците кои во моментот се превезувале во автобус. Возилото веднаш биле повлечено во гаража, стои во одоворото на ЈСП.Сепак сведоците од терен тврдат дека животите на стотици луѓе секојдневно се во опасност поради старите неисправни автобуси.

Скопје | пред 7 години

naum-petreski2

ФОТО: Пејачот Наум Петрески повика на убиство на жена, за да имало напредок во државата

Пејачот Наум Петрески на социјалните мрежи повикувал на убиство, според коментарите оставени на една објава.Тој по вербалната расправија, напишал “Уште една СДСМ-овка, кучкарка”, а потоа, дополнил “Да се убијат таквите како тебе Јаци Луна, можеби ќе се добие нешто повеќе за напредокот на државата”.

Македонија | пред 7 години

tevdoski-1

Со 15 отсто ќе се оданочуваат и каматите на заштедите над 15.000 денари

Данок на доход со стапка од 15 отсто граѓаните ќе плаќаат на дивидендите, на каматите од депозитите, на каматите од заеми на физички и правни лица, на каматите од хартии од вредност и друг доход од хартии од вредност. Ова е предвидено во нацрт-предлогот на новиот Закон за данокот на личен доход, кој завчера го најави министерот Драган Тевдовски со чие донесување треба да стартува даночната реформа, пишува СДК.мк.Според објаснувањето на Министерството за финансии, данокот на камата од заштеди ќе почне да наплаќа од 2020 година, а останатите даноци ќе се наплаќаат веќе од 1 јануари 2019 година.За камати од депозити, во кој влегуваат трансакциски депозити, штедни депозити и други депозити, како и на каматите од хартии од вредност граѓаните ќе плаќаат данок на доход по стапка од 15 отсто, ако износот на пресметаната камата на годишно ниво надминува 15.000 денари во противвредност од валутата на депозитот.Данок по стапка од 15 отсто граѓаните ќе плаќаат за доходот остварен од индустриска сопственост, доходот од кирии, капитални добивки, добивки од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход.Прогресивна даночна стапка од 18 отсто се воведува за доходот од работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и од продажба на сопствени земјоделски производи ако обврзниците годишно заработат над милион и осумдесет илјади денари.Според член 11 од нацртот на новиот Закон на доход доколку по овие основи физичките лица на годишно ниво оствариле доход до милион и осумдесет илјади денари (1.080.000), оваа сума ќе се даночи по стапка од 10 отсто. Со стапката од 18 отсто ќе се даночи само сумата што е над милион и осумдесет илјади денари.На месечно ниво со даночна стапка од 10 отсто ќе се даночи сумата до 90.000 денари, а со даночна стапка од 18 отсто само сумата над 90.000 денари.Прочитајте повеќе тука.

Македонија | пред 7 години

Damjan_Manchevski_Minister

Манчевски: Kонечно во Македонија, ќе воведeме ред во хаосот што постои во системот

На денешната прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, соопшти дека  Министерството за информатичко општество и администрација започнува со процесот на хоризонтална функционална анализа. Што значи ова? Ова значи дека конечно во Македонија, ќе воведeме ред во хаосот што постои во системот. И за тоа усвоивме Акциски план со конкретни мерки и временска рамка.Само како пример. Веќе спроведовме хоризонтална функционална анализа на инспекциските служби. Целта беше да се оцени поставеноста на инспекциските служби во системот, нивната меѓусебна поврзаност, внатрешната организација и систематизација на работни места, интерните работни процеси, располагањето и користењето на опрема и средства за работа и слично. Наодите укажуваат дека во одреден дел постојат преклопувања на надлежностите, а во случаите кога инспекциските служби се организирани во рамки на министерство или друг орган на управата, инспекторите често вршат и други работи и работни задачи кои не се нивна работа.Резултат на хоризонталната функционална анализа ќе бидат реорганизација и оптимизација. Очекуваните придобивки се следните:– ќе се воспостават рамки за институционална организација– ќе се реши проблемот со преклопување на надлежностите на институциите– ќе се реши и проблемот со институции со еден човек– ќе имаме јасни критериуми за тоа кои институции од кого можат да бидат основани и која институција пред кого одговара. Да престане админстративниот пинг понг со граѓаните и фирмите.Целта е инситуциите да се групираат по области на дејствување. Министерствата ќе бидат креатори на политики, агенциите ќе се задолжени за спроведување на политиките, а функцијата на надзор ќе биде во надлежност на инспекторатите. Да се поедностави работата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Помирувањето меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одложено за понеделник

За формирање на комисијата за помирување, за што иницијатива достави независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, ќе се разговара на следната координација, најверојатно идниот понеделник. Тоа е договорено на денешната редовна координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.Ова од причини што координаторот на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Елизабета Канческа Милевска не присуствувала поради обврски поврзани со денешната посета на претседателот на австрискиот Национален совет, Волфганг Соботка.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Автомобил удри дете во Ѓорче Петров

Деветгодишно дете со повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил во скопската општина Ѓорче Петров.Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 14 часот на улица Знеполе кога Б.А.(66) од Скопје со автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки удрил во деветгодишно дете од Скопје.По незгодата детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

poc

ПОЦ воведе промени во зонската поделба и начинот на наплата на паркирањето

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“ воведува измени во зонската поделба на јавните паркиралишта, временското ограничување за користење на паркиралиштата, начинот на наплата на паркирањето и начинот нa користење на повластената паркинг карта за деловен субјект и вработени во деловен субјект.Промените на зоните се однесуваат на трите најфреквентни јавни паркиралишта „Дебар маало“, „Буњаковец“ и „Капиштец“. Од денеска, секторот „Дебар маало“ од зона 1 ќе премине во зона 01, а секторите „Буњаковец“ и „Капиштец“ од зона 2 ќе преминат во зона 1. Со овие промени, велат од општина Центар, ќе се добие подобра организација на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината.„За побрзо информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, ЈП ПОЦ веќе ги обнови старите 99 информативни табли, а во наредните неколку дена ќе постави и 88 нови табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на граѓаните коишто ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и ќе им овозможи попрегледно и пофункционално паркирање во општина Центар“, велат од општината.Новите информативни табли се двојазични, на македонски и англиски јазик, заради големиот број туристи коишто ја посетуваат општината. Таблите содржат информации за зоната, секторот, максимално дозволеното време на задржување, работно време, начинот на плаќање и цената на паркирањето по час и информации за контакт-центарот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Курц во посета на Белград и Приштина

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска и и утре ќе ги посети Белград и Приштина каде што со официјални претставници ќе разговара за продолжување на преговорите за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Курц денеска во Белград ќе се состане со претседателот Александар Вучиќ, а утре со косовскиот претседател Хашим Тачи. Според најавите од Виена, канцеларот Курц со оваа посета сака да даде „јасен знак на поддршка за земјите од Западен Балкан и процесот на нивното приближување кон ЕУ“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Вкупно 30 загинати при невремето во Италија

Билансот на жртвите во невремето, проследено со силен ветер и поројни дождови, што минатата недела ја погоди Италија, според последните податоци изнесува 30 загинати, од кои 12 ги загубиле животите на Сицилија, соопштија синоќа италијанските власти.Меѓу жртвите се и девет членови на две семејства, вклучлитечно и две деца и тинејџер, кои за време на поплавите предизвикани од невремето останале заглавени во диво изградена куќа во местото Кастелдача во близина на градот Палермо на Сицилија.Италијанската агенција за цивилна заштита информира дека меѓу загинатите е и еден турист од Германија, кој го загубил животот при удар на гром на островот Сардинија.Според проценките на италијанските власти, при невремето во цела Италија биле откорнати или искршени околу 14 милиони дрва.Најголеми материјални штети се предизвикани во реонот на Венеција, каде покрај поплавите имаше и појава на неколку свлечишта.

Свет | пред 7 години

NdJBtaWfBUsmxvd-800x450-noPad

СДСМ: Груевски беше подготвен да потроши 20 милиони евра пари на граѓаните за Панорамско тркало на Вардар

„Носителот на криминалот, Никола Груевски беше подготвен да потроши речиси 20 милиони евра пари на граѓаните, преку испумпување средства од јавни институции за да гради Панорамско тркало во Вардар.За да се исполнат личните желби на Груевски, беше променет Деталниот урбаниистички план за да се гради Панорамско тркало чија единствена намена беше да се види криминалот во проектот Скопје 2014.Покрај потрошените милиони со неговата изградба се загрози и природниот ток на Вардар како и еко-системот во реката.Сепак, преку одговорен пристап, по демократските промени СДСМ ги рационализираше трошоците од овој штетен проект. Се донесе одлука наместо барокното панорамско тркало да се направи висечки пешачки мост кој ќе го ослободи течението на реката Вардар.Криминалот, деструкцијата и расипништвото беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски. Одбраната на криминалот на Груевски пак е суштина на делувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски.Пионот Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.Затоа антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО.На антизападниот Мицкоски треба да му биде јасно дека не може да ги одбрани криминалите на неговиот ментор Груевски, ниту на неговите соработници“, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Град Скопје: Загадувањето е над границата само во одредени временски интервали

Градот Скопје реагира на информациите кои изминативе два дена се објавуваа во јавноста околу загаденоста на воздухот во Скопје и рангот на истражувањето на глобалната апликација „Ер вижуал“ (Air Visual), како и напорите на градот за борба против загадувањето.Од Градот уверуваат дека во изминатиов период просечните вредности на загаденоста на воздухот не ги надминуваат граничните вредности, односно дека тоа се случува само во кратки временски интервали и на одредени локации, додека посочената апликација ги регистрира само највисоките вредности постигнати во одреден момент.„Сакаме да ја информираме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот, кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје е во постапка на набавка на 40 нови еколошки автобуси, инвестиции во електромобилноста, како и во подобрување на инфраструктурата и на условите за користење на велосипедот како превозно средство. За првпат минатата година во неколку наврати во случаи на екстремно загадување, Град Скопје овозможи бесплатен јавен превоз за сите, за да го дестимулира возењето автомобили“, велат од таму.Од аспект на греењето, од Градот Скопје велат дека е формирано новото јавно претпријатие „Градски енергетски системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности и ја реализира постапката за преземање на градската топлификациска мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје. Покрај ова, велат од таму, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и други течни горива, да набават печки на пелети, кои загадуваат далеку помалку.„Од аспект на контролата, инспекциските служби на Град Скопје се на терен нонстоп, контролирајќи ги лицата кои креираат и ги палат дивите депонии, каде што активностите на терен резултираа со двојно повеќе казни во однос на истиот период лани. За првпат се користат дронови за мониторирање на изворите на загадувањето, а минатата година беше формиран и 193 центарот за елиминирање на отворени огнови кај бездомни лица. Иако расчистувањето на дивите депонии не е работа на Градот, туку на општините, сепак, од Град Скопје во 2018 се исчистени над 3000 метри кубни диви депонии, далеку повеќе од 2017 (375 м3)“, велат од тамуОд таму апелираат и до преостанатите државни институции, до општините во Скопје и до граѓаните да се вклучат во борбата против загаденоста на воздухот.

Скопје | пред 7 години

Capture

Енормно загадување во Ѓорче Петров

Апликацијата ,,Мој воздух“, преку која се информираме за загаденоста на воздухот во Скопје, но и во Македонија, утрината покажува неверојатни 1999 ПМ честички во воздухот во Ѓорче Петров.Другите вредности во скопскиот регион се во граница на нормалното, па е нејасно од што е загаден овој дел каде е поставена мерната станица или пак се работи за некаква грешка.Aпликацијата ,,Квалитет на воздухот“, поставена на веб страницата на Министерство за животна средина не работи.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанка пазарела на интернет со туѓа платежна картичка

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ј.И.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo.„Пријавената со платежна картичка на оштетено физичко лице направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари. Ј.И. од македонски ИП адреси извршила успешни трансакции на продажни места на повеќе фирми на интернет и притоа ја оставала својата е-маил адреса. Исто така, на 05.09.2018 година пријавената направила уште една трансакција на банкомат во Скопје во висина од 6.000 денари“, соопштуваат од МВР.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Растат даноците: Владата ќе воведе прогресивно оданочување – дополнителни 8% данок за доход

Министерот за финансии Драган Тевдоски на прес конференција соопшти дека Владата одлучила да се воведе прогресивно оданочување и да се напушти рамниот данок.Даночната реформа ќе значи воведување на дополнителни 8 проценти за делот од доходот кој поминува 90 000 денари. Ова значи дека до 90 000 денари доход, данокот останува 10 проценти само на делот кој надминува 90 000 денари би се плаќале дополнителни 8 проценти.Државата од воведувањето на прогресивен данок би добивала 25 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

grujo

Уште една жалба го дели Груевски од затвор

Судијата за извршување на санкции не ја прифати молбата на екс премиерот Груевски, сега пратеник, за одложување на одењето в затвор, соопшти кривичниот суд.Решението за одбивање на пролонгирањето на издржувањето затворска казна од две години, по правосилната пресуда во случајот „Тенк“, му е испратено на Груевски кој има право на жалба на таа одлука во рок од три дена.Ако се жали Груевски, Кривичниот совет има рок од три дена да донесе одлука, а во случајот да го потврди решението на судијата за извршување на санкцијата, екс премиерот треба да се јави во затвор најдоцна до 8 ноември .Според неофицијални информации, Груевски во молбата барал одложување на заминувањето во затвор поради обврските кои ги има во Собранието како пратеник во врска со измените на Уставот и за да го заврши пишувањето на книгата врз основа на докторатот кој летово го одбранил.Адвокатите на Груевски претходно до Врховниот суд поднеле барање за преиспитување на одлуката за казната затвор од две години и за одложување на извршувањето казна додека не се одлучи по таа жалба.Груевски, кој правосилно е осуен на две години затвор поради незаконско купување на луксузниот мерцедес во 2012 година во времето додека беше премиер, на 26-ти октомври доби повик до 8 ноември да се јави на издржување казна во скопскиот затвор во Шуто Оризари.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања