Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

9EA95CBE-1CB1-4E25-9553-7794A7E13427

Утре протестен марш пред Собрание против нехуман третман врз бездомните животни

Повеќе здруженија за заштита на животните за утре на пладне повикуваат на масовен протест, со цел сите заедно да упатат барања конечно да започне примената на хумани методи за бездомните животни. Односно, трајно решение на проблемот – секое животно да има дом.Протестниот марш започнува пред Собрание, а потоа насобраниот народ ќе се движи кон Влада и Град Скопје.Според здруженијата, постои инстутиционална краткогледост и осуда на „Залови-стерилизирај-врати“, програма која велат дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост.„Темпото на работа на нашите стационари нема никогаш да ја стигне природната прогресија на уличните животни, особено ако не се применат и другите мерки што со години наназад ги предлагаме. Ние, граѓаните и членовите на сите здруженија на територијата на РМ, викаме доста е со третирање на симптомите!“, стои во повикот.Потенцираат дека бездомните животни во Македонија би се ставиле под контрола во период од само неколку години, но исклучиво ако во секој град/општина стационарите се под раководство на активисти за заштита на животни, со задржано финансирање од градот/општината. Потоа, контрола би имало ако се изработи ако се комплетира Регистарот на сопственици на миленици и Правилникот за одгледувачници.Исто така, ако се изработи Регистар на одгледувачници кои ќе плаќаат уредно данок со што ќе се спречи да работат на црно, притоа зголемувајќи го бројот на бездомни животни во градот.„Потоа, ако се спроведува ригорозен инспекциски надзор со највисоки казни за секој нерегистриран или напуштен миленик. Контрола би имало ако Градот/општината преку Советот усвои одлука за оданочување на сопственици со репродуктивно способни миленици. Ако градот/општината преку Советот усвои одука за субвенционирање на сопственици кои сакаат да го стерилизираат/кастрираат својот миленик. Министерството за образование и наука, во соработка со АХВ, градот, сите општини и останатите поврзани институции спроведе масовна едукација во двете задолжителни нивоа на образование за одговорно сопствеништво и вдомување наспроти купување миленик“, соопштуваат здруженијата, потенцирајќи дека „Вардариште не е нашето лице“.„Излези на маршот за поддршка на единствената хумана програма што дава успех, излези за животните!“, стои во повикот за утрешниот протест.

Скопје | пред 7 години

B5A93C09-D9C1-42B4-814E-7B5794499B82

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.Изменет сообраќаен режим до гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче ПетровЗа време на празникот Задушница во периодот од 6 до 16 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.Од МВР информираа дека сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски” во продолжение по локалниот пат за село Мирковци кон влезот за гробиштата, а ќе се излегува од улицата „Александар Урдаревски”.По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров  по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улицата „Јужноморавски Бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од полицијата и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.Дополнителни автобуси за ЗадушницаПоради Задушница денеска ќе бидат пуштени во сообраќај дополнителни автобуси што ќе сообраќаат од и до гробиштата Бутел.Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека покрај редовната линија 59, која сообраќа од Карпош 3 до Кучевишка бара/Гробишта Бутел, ќе бидат пуштени во сообраќај и дополнителни автобуси 59А од Ново Лисиче и 59Б од Кисела Вода.Дополнителни автобуси беа пуштени и во текот на вчерашниот ден.

Магазин | пред 7 години

zaev-cipras-pres-860x680

Рамковниот договор се протнува во Уставот, иако не е дел од договорот со Грција

Иако Охридскиот рамковен договор како процес кој се одвива во Република Македонија од 2001 година по вооружениот конфликт, не е дел од преговарачкиот процес со Грција и не е дел од пакетот обврски, Владата реши да го вметне во Преамбулата на Уставот на РМ, пишува АКО.мк.Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, а по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.Заев рече дека  кога веќе се вршат измени на Уставот, редот е, како конститутивен елемент на Република Македонија, во Преамбулата да биде впишан и Охридскиот Рамковен договор бидејќи тој веќе е дел од Уставот на Република Македонија.Одговарајќи на новинарско прашање, пак, за замена на одлуките на АСНОМ, премиерот Заев истакна дека наместо Манифестот на АСНОМ, се предлага во преамбулата да се внесе Прогласот од Првото заседание на АСНОМ, кој зборува за единство, за слобода, за човековите права на граѓаните во државата.Еве како изгледаше досега Преамбулата:,,Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година,(тука се вметнува Охридскиот рамковен договор), како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, асо цел:– Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава;– да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта;– да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност;– да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и– да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот“.А еве што ќе биде заменето и вметнато:Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.Ова е целата прес конференција на премиерот Зоран Заев: 

Македонија | пред 7 години

zaev

Се брише дел од одлуката на АСНОМ, се додава Охридскиот рамковен договор во Уставот

По двете средби на независната парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со премиерот Зоран Заев, Владата соопшти дека барањата ќе бидат вметнати во нацрт-амандмани што произлегуваат од договорот во Преспа. Заев на прес-конференција се осврна на измените. Тој посочи дека Охридскиот рамковен договор ќе биде дел од преамбулата на Уставот, а пак, дел од АСНОМ се брише.„Охридскиот рамковен договор е целосно вграден. Пратениците на Алијанса на Албанците и БЕСА го имаат своето право и имам целосно разбирање. Нивните барања се суштествени измени. Сфативме дека е легитимно право и не значи дека треба веднаш да биде затворено прашањето. Јас можам да дадам позитивен однос на ова“, рече ЗаевВо делот на АСНОМ, како што посочи премиерот, останува прогласот, а се менува одлуката бидејќи содржи ‘Македонци од Бугарија и Грција обединете се’.Говорејќи за нацрт-амандманите, Заев рече дека првиот дел се однесува на потврдата на македонскиот идентитет, а членот 7 го гарантира македонскиот јазик. Вториот дел е за стапувањето во сила, а тоа ќе биде откако Грција ќе го ратификува договорот и ќе го поддржи членството на Македонија во во НАТО. Третиот е за менување на името, а тоа ќе биде сукцесивно, односно, ќе го почитува рокот за граѓаните да не мора веднаш да менуваат документи, односно да вадат кога ќе им истечат постоечките.  

Македонија | пред 7 години

avirovik

Авировиќ: Мојата партија не ме исклучи, во СПМ се почитува различното мислење

Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија СПМ), Владанка Авировиќ, на прес-конференција изјави дека не е исклучена од партијата бидеќи таму се почитуваат различните ставови.„Јас ќе продолжам да ги застапувам интересите на партијата во оваа пратеничка група. Задоцнивме многу за консензуално да ги решаваме прашањата. Во врска со сите етикети што ни ги налепија, времето ќе покаже дали е така, сите сме чесни, вредни и почитувани“, рече Авировиќ.

Македонија | пред 7 години

majcin-dom

Аеродромци повикуваат на протест во 18 часот пред Мајчин дом

Откако утрово инвеститорот ја рестартираше градбата кај Мајчин дом, граѓаните од оваа скопска општина преку социјалните мрежи се организираат на протест.Протестот е закажан за во 18 часот попладнево кај спорната парцела пред Мајчин дом.Инвеститорот ја рестартираше градбата откако беа исцрпени сите механизми за запирање на градвата. Уставниот суд во средата ги одби претставките кои беа поднесени за преиспитување на уставноста на спорниот ДУП И-10.Општина, како што посочуваат оттаму, е обврзана да ја почитува одлуката на Судот, како институција со највисока надлежност за овој случај.– За жал, исцрпени се сите механизми со кои општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај Мајчин дом, се додава во соопштението.Од општината велат дека штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени. Градоначалникот Златко Марин и новото општинско раководство остануваат цврсто на заложбите за зголемување на зелените површини и гарантирање похумани услови во општината.

Скопје | пред 7 години

kisela-voda

Реконструираната улица во Кисела Вода за која граѓаните платија 5 милиони денари, денес е повторно раскопана

Точно десет дена граѓаните можеа да ја видат и да возат по реконструираната улица „Антон Попов“ која се наоѓа во Кисела Вода. Од денес истата е повторно раскопана. Станува збор за улицата која почнува од подвозникот кај Црниче до „Шампионче“, односно до почеток на улицата „Димо Хаџи Димов“.Падна во вода соопштението на Град Скопје во кое се наведуваше дека реконструкцијата на улицата е дел од инфраструктурните проекти што ги реализира Градот со цел овозможување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај. Од денес со повторното раскопување, сообраќајот ниту е побрз, ниту побезбеден.На 22-ри октомври (понеделник) Град Скопје ги информираше граѓаните дека викендот претходно завршила целосната реконструкција на улицата Антон Попов во Кисела Вода, која започнала минатиот месец.Градот преку соопштението испратено до јавноста се пофали дека реконструкцијата на оваа улица опфатила поставување на нов асфалт, како и нивелирање на 37 постојни шахти и сливници. Но, очигледно нивелацијата траеше само 10 дена.Граѓаните на социјалните мрежи се револтирани од ваквата состојба. Не веруваат дека и овој пат се ќе биде направено како што треба. Дополнителен проблем претставува и фактот што по оваа улица сообраќа и автобуската линија „24“ која ги поврзува Припор и Кисела Вода со Карпош. Од властите нема најавено пренасочување на сообраќајот, а движењето по оваа улица во вакви услови се одвива отежнато и потребна е крајна внимателност.Инаку, улицата е во должина од  584 метри и за нејзината реконструкција од буџетот на Град Скопје се идзвоија 5,5 милиони денари.

Скопје | пред 7 години

zoran-angelovski

Кој е Зоран Ангеловски, кој e главен на системот за прислушување во Македонија?

Зоран Ангеловски е првиот директор на новоформираната Оперативно техничката агенција (ОТА), која ќе има задача да го следи прислушувањето, кое повеќе нема да биде во Управата за безбедност и контраразознавање (УБК), а која почна со работа од вчера.Формирањето на оваа агенција беше една од клучните препораки на експертската група на Прибе, како начин да се спречи злоупотребата со прислушувањето на телефонски разговори.Што пишува во неговата биографија?Ангеловски дојде на оваа позиција откако претходно беше избран со двотретинско мнозинство на пленарна седница во Собранието.За оваа функција беа пријавени 14 кандидати, а тој на крај од собраниската Комисија за избори и именувања, беше едногласно предложен за директор на ОТА.Ангеловски според неговата биографија дипломирал на Факултетот за безбедност и самозаштита.До 1990 година работел како телекомуникациски техничар во Министерството за одбрана, а потоа до 1998 година бил инспектор во УБК.Потоа заминал во Агенцијата за разузнавање, каде бил инспектор во Одделот за тероризам.Во 2005 година, Ангеловски станал директор за корпоративна безбедност во Телеком, каде останал до 2008 година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Две лица тешко повредени во Скопје

Две лица од кои еден пешак и еден возач на моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а шестмина со лесни телесни повреди во 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според полицискиот извештај, 22 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, тројца возачи возеле под дејство на алкохол и десет возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило.Исклучени од сообраќај биле и 12 нерегистрирани возила.Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 100 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 71 возило.Полицијата санкционирала и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло,  еден за неправилно престројување и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

4, 6 или 7 амандмани денеска Владата ќе ги достави до Сoбранието

Денеска истекува рокот кога Владата треба да ги достави уставните амандмани според Договорот од Преспа до Собранието. Вчера премиерот Зоран Заев имаше уште една средба со осумтемина пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија". Заев вика дека ќе има четири, пет, шест, а можеби и седум амандмани, а пратеникот Крсто Мукоски изјави дека биле договорени четири амандмани, пишува МКД.мк.Вчера и двете страни, и Заев и Мукоски изјавија дека има начелен договор за уставните амандмани. Заев изјави дека деталите се заокружени, но не прецизираше колку точно амандмани ќе произлезат. Со договореното се гарантира идентитетот, потенцираше Заев.Пратеникот Крсто Мукоски рече дека добиле согласност и разбирање од Заев за нивните барања. Повтори дека нивните барања се однесуваат на зацврстување на идентитетот, постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи ги преговорите со ЕУ и поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.За барањето во преамбулата на Уставот да биде содржан и Рамковниот договор Заев не одговори конкретно, образложувајќи дека тоа дополнително ќе се утврдува.Мукоски изјави дека било договорено од понеделник да почне да работи и телото за помирување и ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работата на тоа тело.Поединци од новата опозициска пратеничка група уште пред гласањето за пристапување кон уставни измани предлагаа дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, ништовност на Договорот доколку грчката страна не го ратификува и не го поддржи нашиот влез во НАТО, како и сукцесивна примена на новото име, во согласност со отварањето на поглавјата од преговорите со ЕУ.Според Мукоски, Договорот содржи и штетни елементи, но мора да се прифати, а нивните амандмани ќе внесат дополнителна заштита.Пред почетокот на седницата на која се гласаше за пристапување кон уставни измени, на 19 октомври, група пратеници од опозицијата доставија свои барања „да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за уставните амандмани“.1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет.2. Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ.4. Прифаќање на иницијативата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев искажана на 31-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена“.Еве го и претходно објавениот предлог за промена на Уставот на Владата на Република Македонија:Член 3. Пoцврста гаранција на границатаВо членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.Овој член веќе беше изменет во 1992 година со Амандманот I, кога беше додаден принципот на доброволност при промена на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми.Исто така со овој амандман беше декларирано дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Со новиот уставен амандман кој се предлага ќе се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и со тоа ќе се прецизира поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии. Тоа ќе значи заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија и на соседните земји.Член 49. Грижа за Македонците и дијаспората во странствоВо членот 49 од Уставот е пропишано дека Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.И овој член беше изменет со Амандманот II во 1992 година кој предвидуваше дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.Со уставниот амандман кој се предлага ќе се декларира грижа за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи, во било каква форма и заради било каква причина.Додавање на придавката северна во името на Република МакедонијаЦелта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.Притоа, покрај општи услови и рокови за стапување во сила на амандманите кои ќе бидат врзани со влегување во сила на Договорот и ратификација на протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО во Парламентот на Република Грција, односно престанок на важење на амандманите во случај на невлегување во сила на овие два документи, за начинот на примена на овој конкретен амандман ќе има и посебни рокови.Имено во согласност со договорот ќе биде утврден преоден период за примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија.При тоа ќе има два преодни периода: „технички“ и „политички“.„Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Република Македонија за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата.Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува со истекот на нивното важење, но најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на договорот.„Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Република Македонија. Издавањето на ваквите документи и материјали ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантната област во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.Измени во Преамбулата на УставотЗаради усогласување на текстот на Преамбулата со Договорот со Грција, во Преамбулата ќе бидат извршени соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија при наведувањето на државно-правните традиции, ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, односно ќе се внесе повикување на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, со неговите конститутивни одлуки.Денеска истекува рокот за поденсување на уставните амандмани до Собранието.

Македонија | пред 7 години

zagadeno-skopje

Скопје синоќа беше шести најзагаден град на светот

Скопје го потврди приматот - еден од најзагадените градови на светот. Македонската метропола синоќа се најде на шестото место по загаденост во светот на  глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“).Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од енормни 160, и се најде во друштво со традиционално најзагадените градови како Лахоре, Њу Делхи, Ченгду и Пекинг.Најалармантно синоќа беше кај ректорат со измерени 240 ПМ честички на метар кубен, односно пет пати над дозволените граници.Неколку кратно над дозволеното беше загадено и во Струмица, Битола, Куманово Гостивар и Кавадарци.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Мицкоски: Не е точно дека „врие” во ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување во телевијата Алсат во емисијата „Патот кон“, одговараше на прашања за актуелните состојби во најголемата опозициска партија.– Не се согласувам со вас дека врие внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Две индивидуи кои што водеа структури во ВМРО-ДПМНЕ, Унијата на жени и Унијата на млади сили си заминаа, а структурата на Унијата на жени и Унијата на млади сили останаа и се именуваа вршители на должност, набргу ќе биде објавен конкурс, набргу ќе биде изгласано новото раководство во рамките на тие две структури, така што животот си продолжува понатаму, политиките продолжуваат понтаму, Колку што ги прочитав нивните оставки тие не рекоа дека си заминуваат од партијата, туку напротив дека остануваат во партијата, во овој момент тие си имаат сопствени аргументи зошто се одлучиле на еден ваков чекор и јас можам да кажам дека во математиката велиме заеднички делител или именител има во целиот овој случај претпоставувам од тој центартдоаѓа мотивот и за едниот и за другиот чинител кои се одлучија за овој настап- одговори Мицкоски на прашањето дали врие и има раздор во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Се чувствувам комотен и можам да кажам дека јас сум можеби единствениот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој својата доверба самостојно ја ставил пред делегатите на Централниот комитет на партијата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М.Мицкоски потенцираше дека тоа го направил веднаш по настаните кое се случува во Собранието.– Статутот на ВМРО-ДПМНЕ овозможува претседателот самостојно иницира процес во кој ќе побара одржување вонреден конгрес на кој ќе се разговара за неговата доверба. Јас за оваа моја одлука не разговарав буквално со никого, туку на почетокот од ЦК, потпретседателите на партијата и генералниот секретар ги запознав со оваа моја одлука, дека на седницата на ЦК ќе излезам и ќе побарам доколку цени ЦК, одржување на вонреден конгрес на кој ќе се разговара за мојата лична доверба. Исто така, за да не им биде непријатно на членови моето присуство во салата, според определен член од Статутот кој мене ми овозможува со специјална одлука ги пренесам моите надлежности на еден од потпретседателите, тоа да го направам и да му ја дадам можноста да ја води седницата, а јас истата да ја напуштам. Тоа и во направив. Можам да ви кажам дека 125:0 беше гласањето од страна на членовите на Централниот комитет, дека нема потреба да се организира вонреден конгрес, објасни Мицкоски.Тој посочи дека ваквата одлука била доволна за него лично, да заклучи дека како личност ја ужива довербата од Централниот комитет во кој членуваат сите претседатели на општинските комитети, структурата на УЖ и УМС на партијата.Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е најголема и најорганизирана политичка партија во која е многу нормално да има различни мислења и ставови се до моментот на носење на конечна одлука.Според него логично е веќе кога се вклучувате во политичка партија да ги почитувате политиките и одлуките во таа партија, што, како што рече, не беше случај со 7-те пратеници кои ги исклучија, а постапија спротивно политиките на ВМРО-ДПМНЕ.-ВМРО-ДПМНЕ не е хорско друштво, па секој во различен тон да пее. Е сега кога вие знаете дека има конгресна одлука, која што дава точна насока како треба да се постапува по прашањето за името, конгресна одлука од Конгресот во Валандово која што е продолжување на одлуката од Конгресот во Куманово, која што е продолжување на одлуката од Конгресот во Битола, имате партиска програма со која сте излегле на изборите во 2016 година врз основа на која вие сте го добиле мандатот, имате одлука на Извршниот Комитет, имате одлука на Централниот комитет и вие постапувате спротивно на таа одлука, вели Мицкоски.Според него во политиката и во партиите е многу важно доколку се има сет на документи и серија политики да продолжат да се следат бидејќи на друг начин тие ја ризикуваат позицијата меѓу сопартијците.Обвинувањата на екс -директорот на УБК, Сашо Мијалков во писмото упатено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги смета за внатрепартиски работи. Не сакајќи да одговори на писмото што Мијалков му го упати веднаш по исклучувањето од партијата, Мицкоски тврди дека ВМРО поседува докази за сѐ што тврди.Ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го изјави во интервју за телевизијата Алсат.Прашан за исклучувањата, заминувањата и оставките, Мицкоски рече дека тоа е еден динамичен политички процес во партијата и оти тоа ќе постои сѐ додека постои ВМРО, но најави дека ќе се реформира Извршниот комитет.

Македонија | пред 7 години

ristevska

Продолжен притворот на Моника Ристеска

Обвинение против Моника Ристеска за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори достави Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1..Како што наведуваат од Јавното обвинителство на РМ, осомничената се товари дека во текот на минатата и оваа година, со умисла извршила дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Притоа, Ристеска неовластено кај себе држела, преработувала и продавала марихуана и хашиш смола.На 29. септември минатата година во скопското село Ракотинци при извршен претрес од страна на полицијата, кај осомничената биле пронајдени и одземени една полиетиленска кесичка со 27.46 грама марихуана, два шприца со хашиш смола со вкупен волумен од 9 милиметри, три шприца со остатоци од хашиш смола, една дигитална вага со остатоци од марихуана, две шишиња со вкупен волумен од 2060 милилитри и една пластична туба со етил алкохол органски растворувач, наменети за преработка на дрога.Потоа, на 05. јули годинава во близина на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, од страна на полицајци било извршено легитимирање на осомничената и кај неа биле пронајдени два шприца со остатоци од хашиш смола, а еден шприц со волумен од 2 милилитри со хашиш смола е пронајден кај сведок на кого што обвинетата му го продала за 3.000 денари.Во трет претрес, на 08. октомври годинава, на скопската улица „Мите Богоевски” кај осомничената Ристеска биле пронајдени полиетиленски пакувања со марихуана помешана со тутун со нето маса од 30,15 грама, една полиетиленска кесичка со марихуана со нето маса од 7,62 грама, четири шприца со вкупен волумен од 39,7 милилитри хашиш смола, една тегла со семки од растението канабис со нето маса од 0,42 грама, две пластични чаши со хашиш масло со волумен од 12 милилитри, две дигитални ваги со остатоци од непозната материја, еден мал вентилатор, два електрични блендери, еден топломер, едно грејно тело марка „ИЦМ”, 19 празни шприцови, 12 стерилни медицински капи, еден електричен тајмер, пластични чаши, стаклени епрувети и една пластична туба со налепница „Етанол” кои сите биле наменети за производство, а потоа и за продажба на дрогата.Како што истакнуваат од Јавното обвинителство, во Република Македонија со закон е казниво неовластеното производство, преработка, продажба или нудење на продажба, како и заради продажба купување, држење, пренесување или посредување во продажба или купување или на друг начин неовластено пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Врз основа на ова, заедно со обвинението, ценејќи дека се уште постојат законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Моника Ристеска.

пред 7 години

Нема фотографија

Македонија рангирана како најзагадена земја во Европа

Европската агенција за животна средина предупреди дека загадувањето на воздухот предизвикува повеќе од 500.000 смртни случаи во Европа секоја година, известува БиБиСи.Извештајот од агенцијата вели дека нивоата на загадување полека се подобруваат во земјите на ЕУ, но се далеку повисоки од стандардите кои ги имаат поставено ЕУ и Светската здравствена организација (СЗО). Наодите се базираат на податоци од 2015 година од повеќе од 2.500 локации.-Загадувањето на воздухот е невидлив убиец и ние треба да ги засилиме нашите напори за решавање на причините”, рече шефот на агенцијата, Ханс Бруни.Проценетиот број на предвремени смртни случаи годинава е зголемен за разлика од претходните податоци, во кои загадувањето на воздухот предизвикало околу 476.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2013 година. Околу 422.000 луѓе прерано починале во европските земји во 2015 година поради изложување на штетни нивоа на фина честичка (PM2.5). Овие честички се премногу мали за да се видат или помирисаат, но имаат разурнувачки ефект – предизвикуваат срцеви заболувања, астма и рак на белите дробови.Европската агенција за животна средина објави дека пошироката проценка вклучена во извештајот покажала дека раните смртни случаи поради PM2.5 биле намалени “за околу половина милион” од 1990 година.Ова намалување се должи на европските политики за квалитет на воздухот и локалните мерки “кои доведоа до, на пример, почисти автомобили, индустрија и производство на енергија”.Во 2015 година, концентрациите на PM2.5 беа малку пониски од претходната година, додека нивоата на NO2 и O3 беа повисоки. Регионите со најлоши нивоа на PM2.5 останаа источно-европските земји како Бугарија, Полска и Словачка. Други европски земји над границата на загаденост се Хрватска, Србија, Албанија и Босна.Македонија е најлоша од сите земји, со повеќе од една третина повисоки нивоа PM2.5 од земјата која следи по неа во извештајот.Од власта оваа година парите ги распределија за референдумот, како што известуваше во август годинава Телевизија 24 вести. Имено, наместо за еколошки  проекти, 160 000 евра државни пари биле пренаменети за „операцијата референдум“.„Направена е пренамена на средства во две категории, по 5 милиони денари, од категоријата за мониторинг и за инвестиции за животна средина. Станува збор за повеќе од 160 000 евра. Кратењето и на тие како важни средства покажува само немање слух за едно од основните права на граѓаните, а тоа е здрав живот и чист воздух“, изјави тогаш  Ели Пешева од Коалиција О2 за чист воздух.Во контекст на изјавата на Ели Пешева за пренамена на средствата за подобрување на животната средина, заменик министерот за животна средина во август годинава изјави дека парите наменети за референдумската кампања се минорни кога се во прашање аспирациите на Македонија за членството во НАТО и ЕУ.„Буџетот кој го имавме зголемено за 2018 ќе претрпи намалување, но сакам да уверам дека тоа не е во делот на борбата против аерозагадувањето. Важен е и референдумот и државата треба да обезбеди демократија секој да може да го искаже своето мислење. Од друга страна пак започнувањето на преговорите и влезот во ЕУ и НАТО нуди дополнителни средства за борба против аеро загадувањето“, изјави Макрадули.Јани Макрадули ден по таа изјава, за Цивил рече дека популизмот не може да ја заштити животната средина и дека се надева на помош од меѓународните институции.„Не постои земја што се справила со загадувањето или поврзано со животна средина, а да не работи со масовни инвестиции во зелените иницијативи“, изјави Макрадули во август годинава.Се чини дека иако Европската агенција за животна средина не’ рангира како најзагадена земја во Европа, надлежните институции ги прераспределуваат парите на други места, без да дадат важност на степенот на смртност кај граѓаните во Македонија.Во декември 2017 година форумот за јавни политики: „Интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот: Унапредување на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации“, го отворија заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалез.Тогаш Макрадули изјави дека сите досега преземени активности на Министерството за животна средина и просторно планирање се усогласени со политиките што ги води Владата, а подразбираат интегриран и координиран пристап на сите засегнати чинители и сектори, заедно со активностите и идеите на граѓанските организации и граѓаните воопшто. При тоа Макрадули нагласи дека Владата преку интер-ресорската работна група во своите мерки ги има интегрирано сите релевантни предлог-мерки пристигнати по официјален пат или по пат на социјални мрежи.Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, на форумот потенцираше дека единствен исправен начин да се води борба против нездравата животна средина е заедничкиот интегрален пристап на сите нивоа на власт, заедно со граѓанските организации.Но, се чини дека нивните изјави на форумите и во јавноста се дијаметрално различни со постапките во пракса. Остана Македонија да чека инвестиции од Европската Унија за решавање на сериозните проблеми за животната средина, а од друга страна оние средства кои се предвидени не се искористени во таа насока.Со последната изјава на Јани Макрадули за Отворено Студио 1, се потврди лошото работење на Министерството за животна средина и воопшто способноста на власта да се справи со проблемот на загаденост во Македонија.„Поделивме некои задачи, за жал некои се завршија некои не се завршија. Некои институции потфрлија и тука треба да бидеме искрени да признаеме. Доцни процесот на категоризација на возилата, не сите општини ја исполнија обврската да на Советот донесат план за справување со воздухот“ -изјави последно Макрадули за Отворено Студио 1.

Скопје | пред 7 години

45419939-8A3C-4733-8A91-C151C66671D1

Амбасадорот Бејли приреди забава за Ноќта на вештерките

Ноќта на вештерките секоја година се слави во САД на 31 октомври, а традиционално се одбележува во Амбасадата во Скопје. Годинава, амбасадорот Бејли со сопругата приредија забава под маски за децата на вработенитево амбасадата.Амбасадорот со бонбони и чоколади и  Happy Halloween, ги пречекуваше малите гости.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања