Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

liljana-zaturiska

По Рангелова, уште една пратеничка поднесе оставка во ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката Лилјана Затуроска поднела оставка од функцијата генерален секретар на Унија на жени во ВМРО-ДПМНЕ. Ова следува откако претходно, пратеничката Даниела Рангелова поднесе оставка од позицијата претседателка на Унија на жени во партијата.„Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата“, пишува пратеничката Затуроска на социјалните мрежи.Таа додава дека стои на располагање во ВМРО-ДПМНЕ, а во натамошниот период, таа ќе ги извршува сите одлуки и активности кои ќе и бидат доверени во иднина.

Македонија | пред 7 години

rangelova

Рангелова поднесе оставка од партиската функција во ВМРО-ДПМНЕ

Даниела Рангелова поднесе оставка на функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.-Почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ,Најпрво сакам Вас да Ве информирам дека и покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски да останам да ја водам Унијата на жени до крајот на мојот мандат кој што изминува за една година, јас сепак донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката ја поднесувам поради очигледните несогласувања со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.Јас неможам да прифатам да бидам дел од ова раководство на ВМРО кое ја однесе партијата во изолација, кое со своите политики базирани на неискреност, сплеткарење и продуцирање на кавги помеѓу нас внатре во партијата, успеа по принципот раздели па владеј, дополнително да го подели македонското национално ткиво и да внесе неприфатливо ниво на омраза помеѓу македонците но и помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ.Не, јас неможам да прифатам да бидал дел од расипани, токсични игри водени од амбицијата да се нахранат неколку суети. Да имаш амбиција е позитивно, но да бидеш спремен да газиш преку живи луѓе само за да си го задоволиш сопственото его и желбата за моќ, за мене е неприфатливо.Почитувани членки на Унијата на жени,Моето срце и душа секогаш ќе остане со Вас, искрените и храбри членки на Унијата на жени, жени лидери со кои донесовме многу победи за партијата и со кои придонесувавме за подобро општество. Наметнавме позитивни стандарди во политиката, докажавме дека жените можат да водат и креираат политики. Заедно ја издигнавме Унијата на жени многу високо. Ние жените сме докажале многу пати дека сме храбри и посветени, дека знаеме да се бориме и избориме. Ќе успееме и сега! И ова ќе помине..Да живее ВМРО-ДПМНЕ!Да живее Македонија!, пишува Рангелова на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ОЈО со исграга против претседателот Иванов поради прекршување на Уставот?

Основното јавно обвинителство ќе поведе истрага против претседателот Ѓорѓе Иванов поради прекршување на Уставот, пишуваат медиумите.Иванов одби да ги потпише Законот за јазици, како и ратификацијата за Договорот од Преспа, што според Уставот беше обврзан тоа да го стори.

пред 7 години

osmani-1

Османи: За некои може да се разговара за помилување, но не и за директните насилници од 27 април

Доколку некои биле колатерална штета во настаните за 27 април, тогаш може да се разговара за нивна амнестија, тие треба да бидат предмет на дискусија на собраниското тело за помирување. Идејата за помирување е благородна, но никако не планираме да промовираме неказнивост", изјави вицепремиерот Бујар Османи на ТВ Телма.Тој вели дека директните насилници не смеат да бидат предмет на помилување, како и нарачателите доколку може да се дефинираат, бидејќи тоа е многу комплицирано, изјави синоќа Османи.Вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го достави до Собранието најавуваниот предлог-закон за амнестија кој треба да ги опфати сите лица кои се осомничени, обвинети или осудени за кривични дела поврзани со настаните од 27 април и минатогодишните насилства во Собранието. Опозицијата бара законот да се донесе по скратена постапка и дека очекуваат поддршка од сите парламентарни партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, овој предлог закон е подадена рака за помирување и сега е на потег СДСМ да покаже дека стои зад она што го говори.

Македонија | пред 7 години

ubistvo

ВИДЕО: Албански медиуми објавија снимка од престрелката во која беше убиен Грк

Албанските медиуми објавија видео на кое тврдат дека се наоѓа Гркот што беше убиен од албанската полиција во село во близина на границата меѓу Грција и Албанија.Видеото, како што објави албанската телевизија „Репорт ТВ“, е снимено од еден објект и низ прозорецот се гледа Гркот со „калашников“ во рацете, а се слушаат и истрели.Припадници на албанската полиција вчера убија Грк недалеку од границата на двете држави бидејќи тој претходно отворил оган кон нив.Константинос Кацифас (35) со „калашников“ пукал кон албански полицајци што сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат, недалеку од границата со Грција, јавија албанските медиуми.Инцидентот се случил во моментот кога жителите на ова село, од кои мнозинството Грци, го одбележувале влегувањето на Грција во Втората светска војна во 1940 година. По пукањето, Кацифас избегал во шумата во близина. Полицајците успеале да го стигнат по што почнала престрелката, во која тој бил убиен.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Скопје вчера осум сообраќајки, пајакот подигнал 66 возила

Еден сопатник и еден возач  се потешко повредени, а шестмина се здобиле со полесни повреди во осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според билтенот на СВР Скопје, 21 возач се движеле со поголема брзина од дозволеното, а тројца возачи возеле под дејство на алкохол.  Дваесет возачи возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило, а од сообраќај биле исклучени и четворица возачи почетници.Исклучени од сообраќај биле и 16 нерегистрирани, едно технички неисправно возило и осум нерегистрирани.Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 87 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.Полицијата санкционирала и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено звето, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и еден за неправилно престројување.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Еден час возење од Центар до Влае

Од Центар до Влае се вози подолго од еден час поради протестот пред Собранието на Република Македонија, но и поради реконструкцијата на булеварот „Партизански Одреди“.Поради блокираниот сообраќај сите возила мора да кружат со што се создава метеж на околните сообраќајници, а возачите нервозни чекаат во огромни колони.Од Град Скопје информираат дека оваа реконструкција е предвидено да заврши во наредните две недели.

Скопје | пред 7 години

pepi

Исчезнатиот Пепи пронајден мртов во водите на Лепенец, внуката се прости од него

Исчезнатиот Пепи од Скопје по кого се трагаше речиси две недели, пронајден е мртов во водите на реката Лепенец близу село Бардовци – Скопје. Неофицијално, негов близок роднина го познал по облеката во која бил облечен.Од МВР засега само потврдуваат дека е пронајдено машко тело во фаза на распаѓање во канал за наводнување на нивите во правец кон реката Лепенец, а информации за индентитетот и причините на смртта ќе има по завршување на обдукцијата.На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, Јавен обвинител, лекар од Итна медицинска помош и лекар од судска медицина. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.По веста дека исчезнатиот чичко Пепи од Скопје по кого се трагаше речиси две недели е пронајден мртов во водите на реката Лепенец, се огласи неговата внука.„Збогум вујче ПепиДраги пријатели, вчера наутро е пронајдено телото на вујко ми Пепи, во околината на Злокуќани. Веројатно е починат во првите два дена по исчезнувањето. Идентификуван е врз основа на облеката и трагите од операцијата на срцето. Не се сомневаме дека е тоа Пепи, но, додека не се направат ДНК анализите не може да го погребаме, ќе известиме за погребот дополнително.Фала ви премногу од име на целото семејство на сите добри луѓе за огромната помош во потрагата по вујко ми, за сета љубов, енергија и поддршка.Навистина се надевам дека многу луѓе ќе научат нешто од нашата ситуација- огромен е бројот на луѓе во Македонија кои живеат со некаква форма на деменција, а 6 од 10 луѓе со деменција “отшетуваат” како вујче Пепи и се губат, не сфаќаат дека се изгубени и не знаат да побараат помош. Ако видите човек на улица кој делува збунето, изгубено, пријдете му, направете муабет и задржете го, доколку имате и најмала сомнеж дека се работи за изгубен човек, не го губете од вид и јавете се на 192 полиција, можеби ќе спасите нечиј живот. Ако се грижите за близок со деменција, набавете ГПС часовник или слична ГПС направа – за жал вакви работи се случуваат, дури и кога ги гледаме 24-7.Фала ви уште еднаш на сите“.

Скопје | пред 7 години

krsto-saso

Кацарска се закани со нов притвор за Мукоски, Арнаудов и Василевски

Судијката Добрила Кацарска која го води судскиот процес за насилниот упад во Собранието кој се случи на 27 април минатата година се закани дека обвинетите пратеници Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски повторно ќе добијат притвор бидејќи го напуштија рочиштето без претходно да ја информираат.Адвокатот на Василевски на почетокот од вториот дел на денешното рочиште информираше дека тројцата пратеници се на координација во Собранието по што побара едночасовна пауза. На ова судијката Кацарска рече дека воопшто не и е важно дали се пратеници или обични граѓани и дека следен пат ќе им одреди мерка притвор.„А знаете мене колку ми е битно дали се пратеници или обични граѓани? Може само да добијат построга казна. Што не кажавте прееска дека ќе им требало уште еден час пауза. Следен пат ако се повтори ова, ќе им одредам мерка притвор“, рече судијката Добрила Кацарска по што го прекина денешното рочиште.Василевски, Арнаудов и Мукоски се дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ која треба да се сретне со премиерот Зоран Заев и министрите Рената Дескоска и Никола Димитров каде ќе разговараат за имплементирање на нивните сугестии за уставните амандмани.

пред 7 години

rociste

Осумте пратеници ќе одлучат дали Груевски ќе остане пратеник или ќе оди во затвор

Осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени ќе бидат главни во одлуката дали Никола Груевски ќе остане пратеник. Писмото испратено од судијката Добрила Кацарска до претседателот на Собранието, Талат Џафери е препратено до Комисијата за мандатно имунитетни прашања.Доколку комисијата даде предлог до претседателот Џафери да биде одземен мандатот на Груевски, тогаш треба 2/3 односно 80 пратеници да гласаат позитивно, за одлуката да биде изгласана. Не се исклучува можноста други пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот, но главниот фокус е ставен на пратениците кои веќе не се дел од оваа пратеничка група.Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска-Старова, Љубен Арнаудов и Зеќир Рамчиловиќ се пратениците кои гласаа „за“ отпочнување на уставните измени.Поранешниот премиер Никола Груевски со две незавршени работи со помош на адвокатите поднесе молба до Кривичниот суд со која бара одложување на затворска казна. Едната од  нив е базирана врз основа на пратеничкиот мандат, вели неговиот адвокатски тим, но не откриваат која е втората незавршена работа на Груевски поради која поднесуваат молба.

Македонија | пред 7 години

27-april

СДК: Насилниците ги ставаат фантомките пред кабинетот на Трајко Вељаноски

Единственото место каде што се без фантомки дел од обвинетите за организираниот напад во Собранието на 27 април лани е холот Длаборез, пред кабинетот на тогашниот претседавал Трајко Вељаноски, се гледа на продолжението на снимките од собраниските камери, пишува СДК.мк.Од снимките се гледа дека по ресторанот „Дион“ во ГТЦ, следното зборно место на обвинетите насилници е вратата од кабинетот на тогашниот претседавач Трајко Вељаноски.Никој не им кажува дека собраниските камери снимаат чисто и без прекин, па фантомките 11-темина притворени ги навлекуваат на глава точно под камерите. На снимките се гледаат јасно нивните ликови.Вељаноски, кој зад вратата е со Антонијо Милошоски, според снимките, не излегува од кабинетот додека на неколку чекори од него се организира нападот. Главен тука е началникот на обезбедувањето на Вељаноски, обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви.Обвинителката ги нотираше сите обвинети на овие снимки, освен петтемина пратеници, кои според обвинението и видео-снимките од Собрание, беа долу, отвораа врати и пречекуваа и насочуваа насилници. На овие снимки ги нема Борис Дамовски и Богдан Илиевски Бетмен, а ни Владо Јовановски и Игор Дурловски, кои се долу со толпата.

пред 7 години

zagaduvanje-sred

Мерните станици во најзагадените општини Гази Баба и Лисиче се уште не работат

Пред неколку дена Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека од шест инструменти за мерење на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, во моментов надвор од функција се два, на мерното место во Гази Баба и Лисиче поради технички проблеми.По објавувањето дека овие две мерни станици не работат, се уште нема соопштение дали дефектот е поправен.Зошто токму мерните станици во две најзагадени општини не работат? Дали тоа е случајност или пак власта сака да ја сокрие загаденоста во овие две општини.Пред Владата на СДСМ да дојде на власт имаат ветувано и напишано во програмата „За живот во Македонија“, дека „Република Македонија има мониторинг-систем што го следи загадувањето само на воздухот, но тој систем е крајно нефункционален и ограничен. Ќе го надградиме постојниот систем за мониторинг на воздухот и ќе воспоставиме систем за следење на загадувањето на водите и почвата. Дополнително, ќе ги поврземе тие три системи во еден интегриран систем, чиишто податоци ќе се објавуваат јавно и ќе бидат достапни за граѓаните“. 

Скопје | пред 7 години

vladimir-pesevski

Пешевски: Зад писмото на Мијалков стои поголема група на луѓе

Мислам дека при пишувањето на писмото на Мијалков му имаат помогнато и други луѓе со свои информации, сугестии и мислења, па јас го гледам како писмо на една поголема група на луѓе кои се нашле засегнати од последните одлуки на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, вели Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер за економски прашања и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, откако поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, му се обрати на актуелниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски, преку писмо објавено во медиумите.За „Дојче Веле“, Пешевски вели дека е интересно споменувањето на предметот „Талир“ на СЈО, за финанскиски криминал во партијата. Мијалков во своето писмо вели дека името на Мицкоски фигурирало во предистражната постапка на предметот, но дека го сменува кога се отвора истрагата.-Бидејќи веќе подолго време не сум член на ниту едно партиско тело, не можам од прва рака да ги коментирам овие случувања внатре во партијата. Но, писмото има и сериозна лична димензија, бидејќи Мијалков се повикува самиот на личната комуникација што ја имале со Мицковски подолг период, и тука освен нив двајца, навистина е тешко за кој било од страна да знае што навистина се случувало меѓу нив. Делува дека определени меѓусебни ветувања и очекувања не биле исполнети. Интересно е што Мијалков во писмото отвора дилема за истрагата во предметот ‘Талир’ за кој СЈО досега нема покренато обвинение, и ќе биде интересно и важно за ВМРО-ДПМНЕ да се види како ќе се одвива овој предмет, кон кого ќе биде насочен, а кон кого нема, кој какви изјави дал во истрагата и слично – вели Пешевски.Според него, „такви дилеми постојат и за уште неколку други предмети на СЈО и за улогата на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои и покрај своето интензивно партиско ангажирање во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сега ги нема во ниту еден случај на СЈО или пак се изоставени во некои од обвиненијата и новите истраги”.-Веројатно времето ќе ги расчисти овие дилеми. Следува веројатно прилично тежок период за раководството на ВМРО-ДПМНЕ и за целата партија, и ова писмо само тоа го навестува. Според мене е најважно колку што е можно побрзо да се поправат односите на партијата со меѓународната заедница, да се фати сериозен приклучок и учество во реформските процеси, особено на правосудниот систем, а за партијата најдобро е колку што може вмровските работи да се решаваат внатре, наместо преку медиумите. Ако се погледне наназад, ВМРО-ДПМНЕ имало историја на вакви разидувања, но речиси без исклучок подоцна доаѓало и до некакво помирување. Затоа е важно секој да биде внимателен во реториката, зошто полесно заздравува нешто што е пукнато, од она што е скршено -, сугерира поранешниот вицепремиер.

Коментари | пред 7 години

Нема фотографија

Денеска нова цена на горивата во Македонија

Со последната одлука на РКЕ пред две недели малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 3,62%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемија за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 2,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.На половина од двонеделниот период во кои Регулаторната комисија за енергетика ги носи одлуките за малопродажните цени на нафтените деривати, од светските берзи доаѓаат добри вести, кога станува збор за возачите.По рекордот на почетокот на месецот, за околу 2 недели, цената се намали за речиси 10 долари за барел и сега се движи околу 76 долари.Oстанува денеска да ја видиме новата цена на горивата.

Македонија | пред 7 години

avtobus-zapalen

ФОТО: Изгоре автобус на АРМ, војниците едвај се спасиле

Утрово околу 6:30 часот, на релацијата Пробиштип-касарна „Илинден“ се запалил автобус на АРМ, пишува Курир.Автобусот бил полн со војници кои се превезувале до касарната „Илинден“ кога избувнал пожарот. Војниците едвај излегле од автобусот. Поради брзината на пожарот војниците немале време ни да ја земат опремата од автобусот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања