Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

44940855_2190211724601810_6028307167705038848_o

Срушено засолништето на жената која живееше спроти Железничка

Спроти ВЕРО ЏАМБО во Маџар Маало, на отворениот простор долги години престојуваше Елизабета во колиба која самата ја имала направено.Општина Центар реши да го среди просторот и да ја дислоцира Елизабета. Во соработка со МТСП и локалниот Центар за социјална работа на Елизабета и биле понудени решенија, вклучително и преместување во шелтер за бездомници во Чичино село, но таа ништо не прифатила.Пред неколку дена инспекторите од Општина Центар со механизација и асистенција на полицијата го урна живеалиштето на Елизабета и го расчисти просторот.„Иако наредбата беше да целосно засолништето се сруши и исфрли во истиот ден, успеавме да се договориме со инспекторите да креветот, постелнината, шпоретот на дрва и некои основни работи останат на располагање на Елизабета и таа да ги префрли во една куќа во Маџар Маало. Исто така и сопственикот на механизацијата се понуди да бесплатно и ги пренесе работите на жената.На оваа жена и беа понудени солуции, сепак таа решава да не ги прифати, но како и да е во целата комплицирана ситуација, сепак се покажа мала човечност од сите кои беа на терен што не е пример секогаш (за жал)“, се вели во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

mkd-396091

Македонија загуби од Грција

Македонија го загуби мечот со Грција со резултат 28:26.Макеедонската ракометна репрезентација добро го почна мечот во Кожани со водство од 5-1, но Грција изедначи на 8-8. Првото полувреме го завршивме со предност 13-12. Во вториот дел успеавме да постигнеме предност од три гола 18-15.На десетина минути пред крајот Грција дојде до водство кое успеа да го задржи до крајот на натпреварот.Најефикасен во составот на македонската репрезентација беше Кире Лазаров со 8 голови, а по него следеше Талески со постигнати 6 голови.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Нова замена на министри: Самка ќе го менува Аксел, Амди е морална поддршка

Самка Ибраимоски наскоро ќе го смени својот министер во Владата на Зоран Заев.Како што дознава „Скопје 1“ наскоро ќе биде разрешен министерот без ресор Аксел Ахмедоски. Неофицијално ова доаѓа како последица на своевидното одметнување на Аксел Ахмедоски од контролата на Самка Ибраимоски. Како што дознаваме Ахмедоски почнал лобирање за смена на Самка Ибраимоски од кормилото на ПЦЕР, а во меѓувреме Амди Бајрам застанал на страна на неговиот коалиционен парнер Самка Ибраилоски.Самка Ибраимоски за „Скопје 1“ вели дека кога ќе дојде време ќе кажи зошто е сменет Аксел Ахмедоски, и дека него никој не може да го смени од ПЦЕР до 2020 година.„ Кога ќе дојде до смена тогаш ќе кажеме зошто. Како ќе ме разреши мене кога јас сум претседател на партија. А зошто да не останам на чело на партијата, сум до 2020 година, уште 4 години, членството ме бара. Се знае како се менува прецедател на Конгрес . Некој ако сака сам да си прави конгреси нека си прави, тоа е негова рабтоа. Јас сум претседател до 2020 година после тоа ќе видам дали ќе се кандидирам или ќе е некој друг.“ - изјави за „Скопје 1“ Самка Ибраимоски.Амди Бајрам целосно застанува зад Самка Ибраимоски, и тврди дека Аксел Ахмедоски не знаел ни Ромски Јазик.„ Ние со Самка сме во заедничка коалиција. Интересите се заеднички за Македонија и Ромите. Министерот не го постави на Самка , тој е лидер, а Аксел нестручно ја работи својата работа и не гледам успех кај министерот без ресор, не гледам активност. Прво не знае Ромски. Тој е од Делчево и нема искуство. Го поддржувам Самка, треба да го смени и да си стави свој лојален човек, а не да му копа гроб. Самка го поставил него, тој Аксел е никој и ништо нема избирачко тело . Самка може она што не одговара да го смени и така“ - изјави за „Скопје 1“ Амди Бајрам. 

Македонија | пред 7 години

44877102_1940361816268471_1567015957497380864_n

(ФОТО ВЕСТ) Зелен пазар стана депонија

На социјалните мрежи жителите на Скопје реагираат на нечистотијата и отпадот присутен во градот, особено околу „Зелен пазар“. Според нив ова е сликата која што секојдневно може да се забележи во овој дел од градот.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1940361829601803&id=100008840138745„Чист Центар, наш сон!Вака е денес околу Зелен Пазар.“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

mijalkov-1

Отворено писмо од Мијалков до Мицкоски: Твојот рејтинг го градеше преку мој грб

Сашо Мијалков упати отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Писмото ви го пренесуваме во целост. Христијан,Со големо разочарување и неверување ја примив веста за мое формално исклучување од партијата.Знаејќи дека е невистина обвинувањето заради кое сум исклучен од партијата, одлучив да оставам да поминат неколку дена за сите членови да видат дека раководството нема да извади и да презентира ниту еден, повторувам НИТУ ЕДЕН доказ против мене. Лагите кои ми беа накалемени, беа фабрикувани заради личен интерес. Некој кому не му оди прифаќањето од јавноста, градеше сопствен рејтинг врз мојот „грб“, на сметка на мојата чест, углед и достоинство.Затоа сега уште еднаш со индигнација ги отфрлам лажните обвинувања фрлени врз мене од луѓето кои до вчера се потпираа на мојот труд, резултати и авторитет.Oткако поминаа неколку дена без да биде презентиран барем еден доказ пред членството и јавноста за тврдењата против мене, јавно те повикувам за обвинувањата заради кои бев формално  исклучен од партијата, да презентираш докази пред органите на партијата и јавноста.Наместо кукавички да се подметнуваат лажни обвинувања, покажи ги Христијане доказите дека јас некого со сила сум го терал нешто да прави или сум се обидувал да го поткупам. Ајде!!!Во спротивно  вештачкото и со лажни аргументи создавање еуфорија против мене, презентирано како „Панорама 2“ нема никако поинаку да се разбере отколку како обично, подмолно, егоистично барање виновник и алиби за серија твои грешки и на раководството на партијата. Сами измисливте „Панорама 2“. Без противник. Се боревте против дух, бидејки немаше противник, а противник немаше бидејки таков не постоеше. Самите го лажевте членството преку соcијалните мрежи и медиумите блиски до партијата, дека јас сум подготвувал некаков пуч, дека ќе следело „Панорама 2“, и дека или вие или јас ќе сум победел. На почетокот мислев дека сето тоа е некаква шега, но сега гледам дека некои болни умови смислиле план што не би го смислило ни дете од 10 години.Ако ти и неколкумина твои соработници мислите дека со мое исклучување и јавно оцрнување ќе добиете доверба на граѓаните, сакам исто така јавно да ти кажам дека сте на погрешен пат, како што сте на погрешен пат со многу други политички одлуки и чекори, за кои и самите сте свесни, нешто што го знам од личната комуникација со повеќемина од раководството.За жал, времето ќе го докаже тоа.Тој што ви кажал дека со вештачко правење на т.н. „Панорама 2“ , со лажни аргументи, со невешто смислено „филмско сценарио“ за наводен план за пуч и наводно пресретнување на пучот, прикажувајки некаква измислена победа против измислен противник, креаторот на овој „бурлески план“ мора да е сериозно залутан во политиката.Без елементарни докази, верувајки дека така ќе се повтори успехот од 2006-тата, креаторот на овој филм заборавил да ви каже дека за тоа, пред се треба да имате чесен однос меѓу самите себе во раководството на партијата , наместо еден со друг да си се лажете, да си се оговарате, да си правите интриги и да сте неискрени. Потоа потребен е чесен однос кон членството кое го заслужува тоа, и секако чесен однос кон македонскиот народ и граѓаните на Македонија, наместо дволични игри, кои народот ги чуствува и препознава.Затоа Христијане те повикувам да одговориш на неколку прашања:Зошто ако сакаше да го одбраниш името, не застана цврсто зад таа кауза, со масовно и секојдневно организирање мирни протести на кои ќе ги поведеше илјадниците мотивирани граѓани и членови на партијата?Приказната дека некој ќе ги злоупотребел протестите за да те намести и да се повтори „27ми април“ ептен не држи. Тоа е кукавичка приказна на луѓе кои се плашат да се соочат со сопствените вредности и сопствената поддршка.По таа теорија ВМРО не треба веќе никогаш кога е во опозиција да организира протести. Ако некој мисли дека има смисла оваа теорија, нека се запраша зошто митингот од 2-ри јуни или неколкуте т.н маршови во различни градови низ Македонија не се претворија во 27-ми април?Пред јас да почнам да говорам, те повикувам да одговориш, кому  ти како претседател на партијата му се додворуваше, и кому му имаше ветено дека масовни и секојдневни протести за името нема да има и дека ВМРО нема да го блокира процесот за решавање на името, туку само ќе изразува несогласувањe?Кога сите знаевме дека убедливо поголем дел од граѓаните на Македонија се против договорот со Грција, зошто oткако се потпиша договорот, не го повика народот на одлучно гласање „против“ и со тоа да се оствари силна победа над оние што беа „за“? Со таква победа на народот, ќе се оневозможеше и ќе станеше безсмислен понатамошниот притисок врз пратениците на ВМРО, кој притисок беше предвидлив и ти знаеше дека ќе се случи. Со таква блескава и чиста победа на „против“ над „за“ не СДСМ, туку ВМРО ќе беше во ситуација да бара нови избори наместо да бара виновници за неуспесите и грешките на претседателот на партијата.Ако ти веруваше во тоа, односно знаеше како што тврдиш дека власта ги апси луѓето со политички монтирани обвиненија за 27ми април и за случаи конструирани од СЈО, со крајна цел да ги уцени пратениците и нивните семејства за двотретинско мнозинство, зошто барем еднаш јавно не побара од претседателот Иванов да ги заштити за да не се предмет на уцена ? Со тоа ќе се овозможеше заштитените пратеници да го одбранат името во парламентот. Наместо тоа им кажуваше на пратениците и другите под политички прогон дека кога ќе дојде ВМРО на власт тогаш ќе им помогне. Без трошка совест, твоите луѓе од врвот на партијата сите нив ги нарекуваа „инфицираните“.Зошто раководството медиумски бегаше од темата „политички прогон“ се до неодамна кога и некои членови на актуелното раководство се нападнати со прогонот? Дали се калкулираше со предвидливоста на настаните кои доаѓаа?Кој и како издејствува, ти Христијан кој беше ставен во предистражната постапка за предметот Талир, поврзан со финасирање на партијата во време кога ти беше генерален секретар, да бидеш тргнат од листата?Дали ти не се испазари за самиот себе на грбот не само на другите, туку и на Македонија и на нејзиното уставно име?Зошто веднаш по твојот избор за нов претседател запреа секојдневните протести пред министерството за правда пред затворот Скопје каде беа прiтворени десетици лица со фабрикувано обвинение за тероризам? Зошто? И зошто потоа со месеци не ја отвораа таа тема во јавноста?Зошто цели 3 месеци по објавувањето и потпишувањето на договорот со Грција, ти немаше никаков став како ќе се постапи на референдумот, и остави огромен простор други помали партии, групи, поединци и којзнае чии скриени експоненти да го водат членството во бојкот, а однапред СДСМ кажа дека по истиот одлуката ќе ја пренесе на решавање кај пратениците? Еден прилично предвидлив процес.Дали ти интимно посакуваше да се смени името, а притоа вината да се фрли врз прогонетите пратеници а потоа да излезеш „чист“ од целата ситуација, среќен дека друг ти го решил и тргнал проблемот со името и си ја понел вината со себе?Дали сакаше да дојдеш на власт со веќе решено име, а виновници за тоа да се СДСМ и неколку политички прогонети пратеници на ВМРО, а ти да си „патриотот“? Дали за ова отворено со недели не зборувавте низ канцелариите во ВМРО?Дали ти играше крајно валкано и нечесно со чувствата на нашето членство, чуствата на македонскиот народ и со судбините на жртвите од СЈО и 27ми?Зошто Христијане во партијата на меѓусебни средби поврзани со решавањето на името говореше едно, а во јавноста друго, се до неодамна, кога пред повеќе недели нагло ја прекина комуникацијата со мене и по трет пат заради лични интереси го смени курсот во многу полоша насока за државата ? За личните мотиви за оваа промена на курсот и катастрофалните последици по Македонија и ВМРО ќе зборуваме дополнително.Дали е во ред, некои свои соработници пред неколку недели да ги охрабруваш да убедат 8 пратеници да гласаат „за“ со цел да се решело прашањето ама ти да не си бил крив, а плус да глумиш храбар лидер кој бара предвремени избори фалејки се со сомнителни анкети кои ги добиваш од агенција од друга држава?За крај, бидејки мене ми се префрла дека сум бил свртен кон материјалниот интерес, а не кон партијата и идеологијата, јас кој и пред и по државната функција живеам работејки во приватниот бизнис,, сакам да те прашам: додека јас кој веќе до 2006-тата бев заработил доволно пари за мирен и безгрижен живот, додека јас „ја ставав главата во торба“ во еден куп полициски операции за неутрализирање на терористички и криминални групи кои дејствуваа против безбедноста и теритојалниот интегритет на Македонија и го загрозуваа нејзиниот опстанок, и заради кои операции целиот мој живот ќе го живеам во опасност од лични одмазди, а со кои акции се креваше рејтингот на ВМРО, како тоа ти како професор со 500 евра плата успеа да дојдеш до неколку хидроцентрали токму за време на владеењето на ВМРО?Колку што јас знам, професори на факултет има многу, но само еден професор во Македонија, кој претходно немал сопствен бизнис, има милионски вредни хидроцентрaли кои носат милионски заработки во евра, а сето тоа без никаков ангажман, само врз основa на добиената концесија доделена од владата на ВМРО?Зошто имате потреба да лажете за да ме оцрните?Зошто лажете дека сум се заканувал на Крсто Муковски и на другите пратеници?Зошто лажете дека сум дал пари на пратениците?Зошто лажете дека по гласањето во парламентот сум бил на некаква прослава на СДСМ?Зошто вие како раководство и ти Христијан како претседател ги остави на цедило и Крсто и другите пратеници удобно чекајки во фотељата за на нивен грб да станеш премиер со лаги и интриги, со ароганција и нечесни валкани игри?И сега ви треба виновник?Го лажевте ЦК?Зошто не ме викнавте и мене таму, па да се соочиме пред тие 150 луѓе, и да ја чуевте вистината?Да им кажам јас ним, што ти Христијан ми говореше во ноември и декември лани околу решавањето на уставното име, но и во текот на оваа година, па нека оценат кој е предавникот и криминалецот, а кој патриот и чесен кон својот народ. Да слушнат малку за твојата дволичност и двоен морал.Со лаги и интриги, со местење на други луѓе од партијата да ви се жртви за да вие дојдете на власт, нема да успеете. Така само ќе ја урнисате и партијата и Македонија.Многу жалам заради тоа. Бидејки јас сум во ВМРО уште кога некој од Вас беа во пелени како на пример Александар кој го пуштивте да Ви е гласноговорник, и кој деновиве ќе добие од мене тужба за клевета и навреда, па најпрвин со него ќе се видиме на суд. Нека докаже дека сум го правел тоа за што лажно ме обвини. Барем да имаше храброст ти да го кaжеше тоа, а не да пушташ други.Многу жалам што со ваков карактер и капацитет ќе ја урнисате партијата која многу чесни патриоти макотрпно ја градеа додека некои од Вас беа во ЛДП, а други во ДП на Гошев, и плукаа по нас вмровците дека сме биле необразовани, прости и неизбањати.Го излажавте и ЦК, и ОК Центар и целата држава и народ.И не само за ова. Генерално земено нечесно се однесувате и делувате, народот тоа го чуствува. затоа година и пол со ваков СДСМ, во услови кога го менуваат името и уставот, ВМРО не може ни да се изедначи на анкетите на јавносто мислење и доверба.Бидејки и покрај катастрофалните грешки на СДСМ, народот не ти верува Христијан. Ти чита од очите дека многу лажеш. Ако не се промениш, не е проблем што ти нема да станеш Премиер, туку што ВМРО и Македонија ќе бидат губитници.Луѓето кои ти ги постави во партијата се фрапирани од твоето лажење. Како си можел пред полна сала претседатели на комисии, пред неколку месеци да дадеш инструкција да подготвуваат програма, секој во својата област, кажувајки дека не мора се што ќе се вети да се спроведе, дел може да се вети, а да не се исполни. Тоа никогаш порано го немало во ВМРО. Твоите луѓе ти се чудат. Ако твоите луѓе не ти веруваат, како ќе ти веруваат останатите. Ако нив ги лажеш, што останало за останатите.Запомни уште еднаш: со лаги и интриги не се освојува доверба на народ.Засрами се Христијан!!! Засрами се!!! Те гледам, и тебе, и некои други чавчиња од раководството и партијата, и се потсетувам на онаа народната: „секоја чавка сонува да се испогани на главата на орелот кога ќе го види паднат“. Ме видовте силно нападнат од СДСМ, па тргнавте со лаги и интриги против мене да си го поправате нискиот рејтин и доверба.Периодов што претстои народот и членството ќе го видат твоето лажно лице. Народот и членството ќе видат колку ти си бил засегнат за неменување на името и која е цената што ти би ја платил за одбрана на името. Народот ќе види дали ќе го бојкотираш собранието и дали ќе повикаш на протести и граѓанска непослушност . Дали ќе организираш филибастеринг(блокирање на собранието со амандмани) за да спречиш промена на Уставот или ќе дадеш налог да се дискутира неколку денови за да се стигне на време со агендата, а после повторно ќе глумиш патриот и виновни повторно ќе бидат пратениците што недоволно ја бранеле каузата ? Дури и Левица има храброст да повика и да излезе на протест, а каде си ти Христијане ?Ти не си патриот каков што сакаш да се преставиш. Добро те запознав. Ти си ЛАЖЕН ПАТРИОТ!!! Времето ќе го докаже ова.Да живее ВМРО!Да живее Македонија!

Македонија | пред 7 години

mitko-janev

Митко Јанчев негира дека ги отпуштил вмровците вработени во Кожувчанка

ВМРО ДПМНЕ смета дека некој центар намерно со спинови и измислици го насочува вниманието на измислени случувања во партијата за да се пренасочи вниманието на јавноста од аферите и бизнисите во Владата.Тврдењата кои ги објавија некои портали и страни на Фејсбук дека Митко Јанчев по смената од партиската функција во знак на одмазда отпуштил од работа неколку лица кои работеле во ВМРО ДПМНЕ, а плата ја обезбедувала Кожувчанка се целосно неточни - тврдат за „Скопје1“ Митко Јанчев и високи партиски извори во ВМРО ДПМНЕ.„ Не е точно тоа. Измислица е , нити сум се одмаздувал нити сум отпуштил, нити сум вработувал на таков начин. Сето тоа е неточно “ - изјави за „Скопје 1“ Митко Јанчев.Од партијата ВМРО ДПМНЕ на оваа тема велат:„ Би замолиле малку да се занимава јавноста со СДСМ, затоа што веќе ја трошат втората година од мандатот. Вакви глупости кои кружат по медиуми и социјални мрежи навистина не се достојни за коментар. Јавноста повеќе треба да се запознае со работата на семејните фирми на Заеви, колку тендери земал министерот Ангѓушев и на колку фирми продава електрична енергија и слично “ - коментираат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

44094681_467523503745856_1839960828510470144_n

Скопјанец вршел разбојништва низ казина

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против  Ш.И(27) од с.Грчец поради основано сомнение дека извршил три кривични дела “разбојништво“ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу  408.000 денари.Пријавениот, кривичните дела ги извршил во текот на август годинава на подрачјата на Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба, сите во објекти на казино „Сенатор“, и  на идентичен начин - на местото на настаните доаѓал со моторцикл марка Кимко (без регистарски ознаки) се паркирал пред казината, влегувал во истите и со закана со пиштол од вработените  барал пари.. Првото кривично дело Ш.И. го извршил на 03.08. околу 21:45 часот на ул.Ѓорче Петров, второто кривично дело го извршил на 11.08. околу 17:00 часот на ул.Вангел Димов во клуб казиното Сенатор, и третото кривично дело го извршил на 28.08. околу 10:45 часот на ул.Народен Фронт во клуб казиното Сенатор. Притоа во третиот случај пријавениот откако ги зел парите од касата при излегување од казиното со закана со пиштолот и употреба на физичка сила ги удирал играчите во казиното и барал да му ги дадат парите, по што го напуштил објектот.Врз основа на преземените оперативни мерки и активности обезбедени се материјални докази, а на 06-ти минатиот месец на ул.Козле во близина на детското игралиште покрај кејот на река Вардар пронајден е моторциклот марка Кимко без регистарски таблици, кој е предаден за крим-техничко вештачење.Скопјанец

Скопје | пред 7 години

0F65C87E-2E38-4050-9CA0-493DB6E8E3E3

Милошоски сега му го чува грбот на Мицкоски

Минатиот петок кога во Собранието се гласаше за уставните измени, Антонио Милошоски застана пред новинарите и побара да не се одолговлекува почетокот на седницата и веднаш да се почне со изјаснување. Нагласи дека зборува во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ што беше мало изненадување во тој момент, имајќи предвид оти тој подолго време игра „соло“ во парламентот. Но, само неколку дена подоцна, откако договорот со Грција ја мина првата фаза, а ВМРО-ДПМНЕ направи чистка во своите редови, ексминистерот за надворешни работи отворено стана во одбрана на лидерот Христијан Мицкоски, пишува Независен весник.„Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот барем дадоа појасна слика за тоа кој се залага да се почитува волјата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори. Христијан Мицкоски, сепак, покажа дека му е побитна демократската доверба што гласачите им ја дале на пратениците, како и волјата на членството и симпатизерите. Со тој став ја заслужи мојата поддршка и како пратеник, и како член на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година. Консолидацијата и единството во ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на програмските определби, се потребни и полезни за демократијата во Македонија“, нагласи Милошоски.Информациите однатре говорат дека во последниот период се интензивирале средбите меѓу него и Мицкоски, при што биле надминати сите недоразбирања. Милошоски, наводно, му дал апсолутна поддршка за водење на партијата во критичните моменти во пресрет на промената на Уставот, претседателските избори и евентуалните предвремени избори што може да се случат заедно со претседателските на пролет.Во тој контекст, според нашите сознанија, со Милошоски е договарано тој да биде нов потпретседател на партијата, односно да го заземе местото на разрешениот Митко Јанчев. Се калкулира дека поранешниот министер има големо искуство во политиката, добро ја познава пратеничката практика и процедура, а како предност му се зема и тоа што прв од вмровската група јасно и без двоумење се изјасни дека ќе го бојкотира референдумот.„Немам коментар“, ни одговори Милошоски на прашањето дали е точно дека ќе стане трет потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Александар Николоски и со Владо Мисајловски.

Македонија | пред 7 години

82646F84-C7DA-446F-B189-AE558506CF22

Македонија прогласена за најлошо место за живеење во Европа

Македонија е на последното место во Европа според „одржливиот квалитет на животот“, вели консултантската фирма за глобален менаџмент Бостон консалтинг груп (БКГ), една од водечките светски советнички фирми за бизнис-стратегии, во својот извештај за 2016 година, објави МКД.мкБКГ ја мери „одржливата благосостојба“ на една земја врз основа на 44 различни индикатори, а БДП-то по жител е само еден од нив. Индикаторите, меѓу другото, ги мерат стапката на невработеност, инфлацијата, распространетоста на болестите, очекуваниот животен век, квалитетот и достапноста на образованието, квалитетот на инфраструктурата, состојбата на животната средина, контролата на корупцијата, слободата на печатот и многу повеќе.Горната мапа е базирана на извештајот на БКГ за 2016 година.На неа Македонија има најниска оценка, 42,9, а веднаш пред неа се Црна Гора со 43,3 и Молдавија со 44,5.Следуваат (од долу нагоре) Молдавија со 44,5, Босна и Херцеговина со 48,5, па Украина со 49,1 и Албанија со 50.Најубаво се живее во Норвешка (чиста 100-ка), па во Холандија (95), Финска (94,9) и Германија (93,6).Од другите на Балканот најдобро котира Словенија со 63,4, а по неа се Грција (62,6), Србија (53,7), Хрватска (50,4) и Бугарија 48,6.

Македонија | пред 7 години

Gruevski-i-Mickoski-na-16-kongres-na-VMRO-4-bg_resize

Груевски ќе го одложува одењето во затвор бидејќи имал обврски како пратеник

Во понеделник преку својот адвокатски тим, екс премиерот Никола Груевски и официјално ќе побара да му биде одложено издржување на две годишната затворска казна пресудена за набавката на луксузниот мерцедес. Информацијата за Телма ја потврдија и адвокатите на Груевски кои не сакаат да прецизираат поради што ќе се бара одлагањето.Само кратко ни рекоа дека одлагањето на затворската казна ќе се бара поради неодложни обврски на Груевски кои произлегуваат од неговата работна позиција и функцијата која ја извршува во моментот како пратеник.Законот предвидува вкупно 8 дозволиви причини за одлагање на затворската казна. Меѓу нив има здравствено-медицински причини, семејни и деловни причини кои судот може да ги прифати и да ја одложи казната. Во зависност од причината, затворската казна може да се одложи најмногу за една година.Од адвокатскиот тим на поранешниот премиер ни потврдија дека во барањето ќе наведат најмалку две причини за одложување на затворот, а ти ќе бидат поврзани со обврските кои произлегуваат од пратеничкиот мандат.

пред 7 години

8DFF6EB7-7CBC-4E8B-8AC8-F37BFC49B68C

Само три македонски пејачи ќе настапат на концертот посветен на Тоше

На 13 октомври годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески. Балкански и македонски ѕвезди ќе ги отпеат најголемите хитови од легендарниот македонски пејач, а од фондацијата „Тодор Проески“ изјавија дека сè уште е рано да откриваат детали за настанот кој фановите со нетрпение го очекуваат.Каролина Гочева, заедно со сестрите Тамара и и Тијана Дапчевиќ се единствените македонски пејачки кои ќе настапат на концертот. Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ и уште пет други имиња од српската естрада ќе бидат дел од ова случување.„Интензивно работиме на овој проект. Подготовките се во полн ек, веруваме дека сеќавањето за Тоше и овојпат ќе го одбележиме достоинствено“, велат од фондацијата. На концертот најверојатно ќе биде промовиран и четвртиот постхумен албум со работен наслов „Secret place“(Скришно место)  кој содржи десет песни на Англиски јазик. 

Магазин | пред 7 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Мирјана Најчевска: Јас сум против помирување, а за применување на законот

Јас сум против помирување и против простување и против заборавање и против пикање на ѓубрето под килим и против гушкање со луѓето кои кога биле на власт ме тепале и против христијанското вртење на другиот образ.Јас сум и против омраза и против реваншизам и против освета и против враќање здраво за мило и против да видат сега тие како е.Јас сум бре еднаш да почнеме да го применуваме законот и да го прекинеме кругот на политички пазарења и да воспоставиме цврсти мерила на вреднување кои ќе важат еднакво за сите и да ги заштитиме граѓаните од минатите и сегашните и идните злоупотреби на моќта.Мирјана Најчевска - Фејсбук статус

Коментари | пред 7 години

Car_Samoil

Бугарија и Македонија до крајот на ноември треба да одлучат чиј национален херој е кралот Самоил

Серија научници од Бугарија и Македонија до крајот на ноември треба да одлучат чиј национален херој е кралот Самоил, пишува бугарскиот портал „Днес". Средновековниот владетел е една од историските фигури за чија националност расправаат двете држава, пишува Вечер.За крајот на ноември е закажана третата средба меѓу научниците од двете земји. Тие треба да направат целосен преглед на учебниците по историја во Бугарија и во Македонија.Експертите во оваа фаза од разговорите се обидуваат да ги идентификуваат настаните и личностите кои се дел од заедничката историја на двете земји и кои ќе можат заедно да се чествуваат.- Можеби спорот за тоа чиј цар е Самоил ќе остане нерешен, ова е нашата заедничка европска историја. Кога се навраќаме кон историјата, подобро е да ги гледаме можностите за обединување – изјави претходно премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Николовски : Не ми е на ниво да му се извинам на Вице Заев за јасно искажаниот став

Кога некој ќе почне да се заканува со суд на политички неистомисленици, јасно се покажува дефиницијата за диктатура, вели Николовски коментирајќи го рокот од три дена кој му го постави братот на премиерот, Вице Заев, откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека правена е коалиција со функционери на опозиција за да убедуваат пратениците да гласаат за уставни измени, пренесува Алфа.Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски за Алфа вели дека не му е на ниво да му се извини на Вице Заев за јасно искажаниот став.– Доколку има тужба за клевета, кое судство ќе одлукува, она кое брат му го ослободи од сите обвиненија, прашува Николовски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Куче спаси момче од пожар и загина

Тригодишното куче Снупи стана херој во Словенија, откако во градот Равне спаси 13-годишно момче од пожар, но при тоа самото загина.Во пожарот што ја зафатил куќата на семејството Камник на првиот кат спиел еден од двајцата близнаци, а Снупи со лижење и благи загризувања успеал да го разбуди од сонот. Момчето пробивајќи се низ чадот и пламените јазици се симнало на долниот кат, од каде неговиот брат повикал пожарникари.Пожарот го уништил целиот прв кат на куќата, а пожарникарите по интервенцијата го пронашле кучето на подот. На Снупи веднаш му била пружена помош во ветеринарна станица, но кучето не преживеало.Спасеното момчето поминало само со лесни знаци на труење, а според пожарникарите брзата реакција на кучето му го спасила животот.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања