Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

alil-demiri

На задното седиште од „опел омегата“ пронајдена ДНК на обвинетиот во „Монструм“, Алил Демири

Еден од ДНК профилите откриени во возилото „опел омега“ што беше пронајдено по петкратното убиство кај Смилковско езеро му припаѓа на Алил Демири, кажа на денешното рочиште за „Монструм“ второто вешто лице, кое даваше исказ во Кривичниот суд, пренесува Фокус.Тој, исто така, е биолог кој работел на вештачењето на „опел омегата“. Од 2007 година е директор на лабораторијата за ДНК анализи при МВР и објасни дека лабораторијата секоја година се акредитира.Го потврди исказот на претходниот вештак дека се откриени четири ДНК профили. Посочи дека по извршената анализа со дата базата дојдено е до заклучок дека ДНК профилот на Алил Демири е идентичен со ДНК профилот на задното десно седиште од возилото.Веројатноста на форензичкото поклопување е таква што 99,9999999998% од останатата светската популација се исклучува од можноста да биде донор на овој ДНК профил.– Сметам дека не е можно на каков било начин при вештачењето да се направи манипулација на ДНК профилите, рече вештакот.На почетокот на денешното рочиште обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, побара од Судот да одговори до каде е постапката за екстрадиција на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово.Судијата Огнен Ставрев, кажа дека има добиено одговор од Министерството за правда, и побара Обвинителството да го прочита. Во одговорот од Министерството за правда се вели дека е побарана екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, но оти се уште нема одговор.На денешното рочиште се повикани четири вешти лица, од кои тројца вештаци од Министерството за внатрешни работи.„Монструм“ се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште искази даваа вешти лица од крим техника на МВР. Според нивните вештачења, кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников“ и еден пиштол.За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Македонија | пред 7 години

44807409_1070020149824933_6247786898543083520_n

Ќе се тампонира дел од Охридско Езеро за да се прошири „Кеј Македнија“

Општина Охрид иако не го презентира пред јавноста и го крие проектот за реконструкција на „Кеј Македонија“, станува сосема извесно дека ќе го реализира проектот изготвен и планиран во време на претходната локална власт на ВМРО ДПМНЕ со кој се предвидува да се влезе во водите на Охридско Езеро и да се тампонира површина долга 1 километар и широка повеќе од еден метар во литоралниот дел на самиот брег на езерото.Проектот кој во минатите години жестоко го критикуваше сегашниот градоначалник Јован Стојаноски и Трајче Талески од „Хидробиолошки институт“ од Охрид сега од нив двајца добива поддршка и тие велат дека се работи за издржан проект.„Проектот моментално е во финална фаза, обезбедени се сите неопходни согласности од надлежните институции, изготвен е и елаборат за заштита на животната средина со стратешка оценка за влијанието на проектот врз околината. Стигнати сме до фазата на одобрение од Министерството за транспорт и врски, кое очекуваме во наредните десет дена да биде обезбедено, така што имаме комплетен проект “ исткна во воведното излагање градоначалникот Јован Стојаноски.Целосно својот став го има променето и Трајче Талески од „Хидробиолошки институт“ кој беше присутен во медиумите со жестоки напади против истиот овој проект.„Предвидено е да се забиваат цевки и после тоа да се буши и да се цементира, нема да има близок контакт со водата и со животната средина односно песокот и милта што се во приобалниот дел. Единствено советуваме се што ќе се употреби како гредежен материјал да биде од потекло од сливното подрачје, песокот, чакалот за да нема внесување на нови видови, неавтохтони кои не се среќаваат во Охридското езеро“ , нагласува Трајче Талески од охридскиот Хидробиолошки завод.Единствен од сите кои до сега го критикуваа проектот и кој остана доследен на критиката е екологистот Дејан Паноски кој продолжи да се спротиставува на овој проект.Засега нема глас ни од Охрид СОС, Е.Д.Е.Н., Екосвест, 21/42, Чист Охрид и многу други здруженија кои три години го напаѓаа овој проект, а сега молчат и не се појавуваат во јавноста.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заев најави помош од 6 милиони евра за спортот

Охрид е домаќин на Самитот на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа. На присутните спортски новинари и бројните гости топло добредојде им посака првиот човек на Охрид, градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски, кој им посака добредојде на гостите и порача во името на целиот град, следната година бордот на директори на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа да се одржи токму во Охрид.- Ќе направиме се` да бидеме добри домаќини. Ви благодарам на сите пред се` заради овие млади деца кои се иднината на нашиот град и кои еден ден сигурно ќе бидат шампиони на Македонија во фудбал. Ја имаме најубавата и најперспективната екипа и вреди да се работи за сите овие деца. На сите им честитам на наградите. Тие луѓе многу направија за спортот, секој на свој начин. Секогаш сте добредојдени во овој космополитски град, уживајте во Охрид, истакна градоначалникот Стојаноски.Исклучително е важно што ја избравте Република Македонија и преубавиот Охрид за овој настан, истакна во своето обраќање премиерот Зоран Заев.- Политичарите се одговорни да дадат прилог за спортот. Приликата е важна и треба да се искористи да се гради пријателство и токму овде да се отвори дебата и да отворите нови перспективи во спортот. Да ги промовираме нашите нови преокупации поврзани со сортот. Владата на Република Македонија е силен поддржувач на спортот и ќе продолжиме и понатаму да го правиме тоа. Има новини што ги разработуваме со самиот почеток на 2019 година. Планирано е воведување на спортски ваучери и ќе влезат 6 милиони евра за помош на спортот во Република Македонија, истакна премиерот Заев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Најдена ДНК од 4 лица во автомобилот во случајот „Монструм“

Биолошките траги најдени во црвената „опел омега“ се поклопуваат со ДНК од првообвинетиот Алил Демири, кој побегна во Косово. Демири од претходно бил внесен во криминалистичката база поради друг случај и при процесот на идентификација се утврдило дека станува збор за истиот човек.Анализата на возилото се вршела во гаража во МВР, а на внатрешноста немало видливи траги од крв. Роберт Јанковски, вештакот кој ги споредувал трагите, вели дека во црвената „омега“ се возеле четири лица, тројца мажи и една жена. Од останатите 4 обвинети, во судницата не се регистрирани траги во возилото.Насер Рауфи - „Дали Агим Исмаиловиќ не го управувал возилото, штом не се најдени негови траги?“Вештак Роберт Јанковски - „Не мора да значи, можеби не останала доволно долго ДНК, но може и да била уништувана, зошто ни на менувачот, ни на воланот не најдовме никаква ДНК“.Семејствата на убиените момчиња сметаат дека процесот се движи во вистински правец.„Со сигурност се утврдува дека таа ДНК потекнува од еден од обвинетите кој е во бегство“ - вели Дафинка Ивановска–адвокат на семејствата на жртвите.Демири се уште е во бегство, како и Африм Исмаиловиќ. По убиството побегнаа во Косово, но од тогаш никој не ги видел. Косовското Министерство за правда, се уште нема одговор до колегите од Македонија, за нивната екстрадиција. Контактираат само со нивните роднини овде и ја чекаат правдата откако СЈО го презеде предметот.„Да имам сознание, во Косово се, живеат нормално, од судството на Косово имаат ослободителна пресуда“ - вели Бедри Ајдари - роднина на обвинети во Монструм.Судијата Огнен Ставрев најави дека вештак ќе врши детален увид на предметот со престрелката во Белимбегово, која во 2009-та се случи на фармата кај обвинетиот Фејзи Азири. За овој случај вештаците утврдија дека една чаура се совпаѓа со чаура од Смилковското езеро. Интересот на присутните во судница го сврте и најавата за тефтерче пронајдено во папката со докази од пред 6 години.

Македонија | пред 7 години

gruevski-sud-1-1021x580

Груевски до 8-ми ноември треба сам да се јави во затвор за опслужување на казната

Експремериот Никола Груевски до 8ми ноември го добил упатниот акт за во затвор, по изречената пресуда за случајот „Тенк“ на СЈО, потврди Основен суд Скопје 1.Актот му бил предаден во судот, откако претходно, судскиот курир не можел да го најде на домашна адреса.Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката на луксузниот владин „мерцедес“.Во образложението на пресудата, судијката Кацарска рече дека Поповски е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување, додека Никола Груевски е виновен за примање награда за противзаконито влијание. Двајцата се задолжуваат да ги надоместат трошоците од 325. 584 денари.Според образложението на судијката Кацарска, Груевски се договорил да глумат дека „мерцедесот” е на МВР, а не за него. „Премиерот не смее да ги потценува и омаложува граѓаните“, рече судијката при изрекувањето на пресудата и додаде: „Чест е да се биде носител на јавна функција, а посебно премиер кој треба да се грижи за интересите на граѓаните…”Таа образложи дека Груевски успеал за себе да обезбеди „мерцедес”, кој бил криен од јавноста за да собере политички поени.Ова е прва пресуда од предметите на СЈО од 5 активни обвиненија против поранешниот премиер. Нему му се суди и за предметите „Насилство“, „Титаник“, „Траекторија“ и ТНТ.

пред 7 години

44094681_467523503745856_1839960828510470144_n

92 возила кренати со пајак, пет сообраќајки, 29 возачи исклучени од сообраќај

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди од кои две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди седум лица се здобиле со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 29 возачи од кои: 11 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи - почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, а пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување.Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување на коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 92 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак". 

Скопје | пред 7 години

kina-policija

Хорор во Кина: Жена со нож избоде 14 деца во градинка

Вкупно 14 децa од претшколска возраст се повредени во напад со нож во западниот кинески град Чонгкинг, соопшти локалната полиција.Во врска со нападот е уапсена 39-годишна жена која е осомничена дека ги прободела децата со кујнски нож пред градинката „Нов век“, соопшти полицијата.Повредените деца биле однесени во болница, а случајот се истражува.

Свет | пред 7 години

sara

Апел за помош: Потребни се 200.000 евра за лекување на Сара

Апел за помош: Потребни се 200.000 евра за лекување на СараНа петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид дијагностициран и е малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Во најкраток рок на Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, што според нејзиното семејство е единствена можност за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето.Единствен сроден донор е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик, стои во апелот на семејството Настески за помош на малата Сара.Доколку сте во можност да помогнете уплатата може да ја извршите на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.Донациски број за донации преку мрежата на ВИП: 077 143-480Донациски број за донации преку мрежата на Телеком: 070 143-102

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Никола Тодоров додека министерувал правел и операции?!

Поранешниот министер Никола Тодоров при посета на болницата во Охрид на 1 ноември 2013 година на докторите им објаснувал како тој лично пробал да оперира како што им појаснува со најмодерна опрема пациент во присуство на некој хирург.На архивскиот видео материјал објавен тогаш на порталот „Охрид 1“ се слуша:„Јас пробав лично. Значи кога ќе ги допреш тие се осеќа, се комплетно. Тоа е како видео игра. А видите јас сум нестручен, ама пробав да видам како ќе се чувствувам. Со мене беше и еден врвен хирург и тој вика идентично“ - објаснува Тодоров пред докторите во Охрид.Како оперирал Тодоров во областа на роботската хирургија внимателно слушаат и сега актуелните пратеници, докторите Љубен Арнаудов и Сашо Василески.Интересно е дека кога Тодоров вели дека е нестручен, докторите возвраќаат со:„ Не би рекол дека е така“

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Предупредување за цунами по земјотресот во Грција

По силниот земјотрес во Грција, кој беше почувствуван и во Македонија и Албанија, издадена е и тревога за цунами на брегот на Средоземно море.Според соопштението на Европскиот сеизмолошки центар, постои опасност од забрзано растење на висината на брановите и затоа од луѓето е побарано да останат подалеку од плажите.Јужниот дел на Грција го потресоа неколку земјотреси од кои најсилниот беше со интензитет од 6,8 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на околу 290 километри западно од Атина и на длабочина од 10 километри.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Силен земјотрес почувствуван и во Македонија

Три силни земјотреси ја погодија Грција и истите се со епицентар во Јонското море на оддалеченост од околу 46 километри југозападно од островот Закинтос.Првиот потрес е почувствуван околу 00:22 часот со јачина од 5,1 степен според Рихтер, вториот во 00:54 со јачина од 6,8 степени, а третиот е регистриран во 1:09 со јачина од 5,6 степени. Сите три се на длабочина од 10 километри.Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, особено во југо-западните делови.

Македонија | пред 7 години

stoltengerg

Премиерот Заев имаше телефонски разговор со Столтенберг: Пратениците ги надминаа партиските разлики

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со Јенс Столтенберг, Генералниот секретар на НАТО, кој изрази комплименти, поддршка и честитки за успехот во понатамошна имплементација на Договорот од Преспа.Генералниот секретар на НАТО ја поздрави храбрата, голема и државничка одлука на пратениците, и му пренесе на премиерот Заев дека во НАТО се среќни што Република Македонија продолжува напред, и уште додаде дека во таа насока испраќа честитки и за успешно завршените пристапни разговори за членство во алијансата на 18 и 19 октомври во Брисел, и порача дека НАТО останува фокусиран на завршување на процесот на интеграцијата на земјата во сојузот.Претседателот на Владата на РМ Заев се заблагодари на честитките, и се согласи дека пратениците ги надминаа партиските разлики за добро на државата и донесоа голема и важна одлука.Премиерот Заев во телефонскиот разговор со Генералниот секретар на НАТО истакна дека одлуката во  Собранието на РМ е силен импулс Република Македонија да продолжи силно напред, и дека охрабрувањето, поддршката и пријателството од НАТО сојузниците ќе има позитивно влијание да се зголеми мнозинството кое ја поддржува имплементацијата на Договорот од Преспа.Тој информираше дека се очекува просецот да заврши во јануари, по што Република Македонија ќе може да го заземе заслуженото место во НАТО.Во телефонскиот разговор со Генералниот секретар на НАТО Столтенберг премиерот Заев уште информираше дека паралелно продолжуваат да се спроведуваат реформите, вклучително и реформите на безбедносниот сектор, и дека институциите во земјата имаат капацитет да ги спроведат сите потребни обврски што доаѓаат со полноправното членство во НАТО.

Македонија | пред 7 години

1-1

ФОТО: Повторно се сече зеленилото во Аеродром

Попладнево на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија фотографии од исечени дрва во Општина Аеродром. Фотографиите се направени на Булевар Асном кај новоизградениот хотел Хилтон. Жителите побараа одговорност од Град Скопје, јавното претпријатие Паркови и зеленило, како и од градоначалникот на општината, Златко Марин?„Аеродром. Бул Асном со Бул Србија. Кај нов хотел Хилтон.З А Ш Т О ???Град Скопје ?Градоначалник ?Паркови и зеленило ?“, стои во објавата.

Скопје | пред 7 години

nora

Инвеститорот кај Мајчин дом: Општина Аеродром нема пари да ме обештети, зградата ќе се изгради

По двонеделни преговори за трајно стопирање на градбата кај „Мајчин дом“, сопственикот на парцелата Фатмир Етеми, нема надеж дека Општина Аеродром ќе го обесштети. Тој денес по обајвата дека ги разлутил аеродромци, реши да одговори на прашањата од „Макфакс“, кои трета недела не ги одговараше.Вели дека се обиделе да најдат нова соодветна локација како замена за онаа пред „Мајчин дом“, но не нашле таква ниту на територија на Аеродром ниту пак пошироко на територија на Град Скопје.„Општина Аеродром нема пари да ме обесштети. Буџетот е празен, сега се градат пет згради таму, а порано се градеа сто. Ние го полневме буџетот“, вели Етеми.За да излезе во пресрет на барањата на граѓаните кои не сакаат таму да има зграда, вели дека е подготвен да преговара уште неколку недели во кои ќе ги убеди жителите дека зградата нема да влијае на загадувањето на Аеродром и дека ќе биде украс во Општината, за потоа да продолжи со градење.Повеќе на Макфакс

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Вчера пајак-службата подигнала 74 возила, а казнети се 20 возачи

Во текот на вчерашниот ден (24.10.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои  пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, девет возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и еден возач поради неносење заштитен шлем (кацига).Во однос на пешаците санкциониран бил еден пешак поради поминување на коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 91 мандатен платен налог и 74 возила се подигнати со специјално возило "пајак", соопштуваат од МВР

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања