Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

svr-ohrid

Две лица сослушани заради закани кон пратеникот Љубен Арнаудов

Две лица од Охрид кои беа блиски до пратеникот Љубен Арнаудов се приведени во полициската станица во Охрид.Тие се приведени поради наводни упатувања закани по безбедноста на пратеникот Арнаудов.На пратениците постојано им се зајакнува полициското обезбедување околу нивните домови во Охрид, а ги придружува и полициско обезбедување при нивното движење.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид, поради објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Македонија.По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, на 22.10.2018 година М.К. е повикан во полициска станица, каде појаснил дека објавата ја направил од својот мобилен телефон. Мобилниот телефон е одземен за понатамошно вештачење.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk

Македонија | пред 7 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Претседателски избори се спремаат за во март или април

Премиерот Зоран Заев верува во полн четиригодишен мандат и не смета дека треба да има предвремени парламентарни избори, но оти за тоа се важни и опозицијата, албанските политички партии и пред сѐ, Парламентот.– Го знаете мојот став, освен ако е насушно е потребно, неопходно и било кои големи фактори тоа го предизвикаат, тогаш би отишле на избори. Јас верувам во полн мандат, пред сѐ заради економијата, заради бизнисот, заради сите институции, заради граѓаните да можат да испланираат конечно после долги години четиригодишен мандат, а тоа значи и успех и развој и свекупен раст – рече Заев одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Стоби.Тој додаде дека изборите ќе беа неопходност ако ова во Парламентот не беше возможно.

Македонија | пред 7 години

besa

Движењето Беса ги образложи своите четири предлози за промена на Уставот

Пратениците на Движењето Беса предлагаат до Владата четири амандмани при изготвување на нацрт-предлогот за уставните промени кои ќе се достават во Собранието. Од партијата бараат албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот, државата да се грижи за сите свои граѓани во дијаспората и претседателот на државата по второто гласање закон или друг акт во Собранието да нема право на вето.Нивната прва сугестија е во делот на преамбулата, односно да се врати предлогот кој беше усвоен од потписниците на Рамковниот договор од 2001 година, каде Македонија е дефинирана како рамноправна држава на сите граѓани.„Охридскиот рамковен договор е потпишан во 2001 година преку дијалог и компромис од сите четри политички лидери во тоа време. Содржината на преамбулата согласно со Рамковниот договор беше тотално изменета и во постапката за уставни измени е усвоено сосема нова преамбула на уставот која е и денес во правна сила. Првичниот предлог на уставните измени од 2001 година кој е доставен до Собранието на Република Македонија е вистинскиот модел според кој треба да се изгради иднината на оваа држава, како граѓанска држава, со рамноправни граѓани и етнички заедници“, објаснуваат од партијата и додаваат дека со една ваква интервенција би се гарантирале еднаквите права и обврски на сите граѓани кои живеат во Република Македонија.Од Движењето Беса сугерираат и амандман 5, точка 1, параграф 1, од Уставот на Република Македонија да се преформулира на следниот начин:„На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, како и албанскиот јазик и неговото латинско писмо“.Појаснуваат дека со предложената промена ќе се овозможи отстранување на пречките и дилемите и се овозможува употребата на албанскиот јазик како службен јазик.„Со договорот од Преспа се заштитува и гарантира идентитетот и јазикот на македонскиот народ, што за нас е неспорен факт, но од другата страна во постоечкиот устав имаме една подредена ситуација врзана за албанскиот народ во делот каде се регулира употребата на албанскиот јазик со ограничување со дефиниција на ‘проценти’, а не преку прифаќање на идентитетот и јазикот на албанскиот народ“, наведуваат од партијата.Понатаму, од Движењето Беса бараат во член 49 од Уставот да се допрецизира дека Република Македонија води грижа за своите граѓани кои живеат надвор од територијата на Република Македонија, еднакво за сите етнички заедници.„Дијаспората е големо богатство што го има една држава така што сите придобивки кои доаѓаат од истата никогаш не се за само една етничка заедница, туку истите се одразуваат добро кон сите граѓани. Имајќи го предвид фактот дека дијаспората активно учествувала во сите значајни процеси за државата и истата е неодвоив дел и секој обид да се фаворизира една етничка заедница, не е во согласност со демократските вредности за еднаквост на сите граѓани, па така и на дијаспората“, сметаат од партијата.Исто така, оттаму сугерираат и промена на член 75, параграф 3 и 4 со цел на претседателот на државата да не му се овозможува да ги блокира законите што се усвоени по второ гласање во Собранието.„Свесни сме дека само во последната година претседателот на државата во два случаи одби да го потпише указот за прогласување на законите иако согласно со Уставот беше обврзан. Со самото тоа се генерираат неповолни ситуации и институционални политички кризи, создавајќи тензична политичка клима, како што е случајот со непотпишувањето на указот за законот за јазиците или указот за усвојување на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“, образложуваат од Движењето Беса.Оттаму сметаат дека со овие интервенции на Уставот би се овозможило непречено функционирање на Собранието како највисок законодавен орган во рамките на правниот систем.

Македонија | пред 7 години

42494609_10156910182966042_1062627702768402432_n

(ФОТО) Нови бродови во Вардар, овој пат во Карпош?

Жителите на Карпош 4 и Влае прашуваат дали во Вардар ќе се постават нови галии, откако забележале дека повторно се копа и интервенира низ речното корито.Но, според информациите, на тој потег нема да има галии, туку гасовод кој го гради фирмата „Гама“, а претходно ги добила сите дозволи.Детални информации нема, ниту известување што точно се случува.Пред седум месеци, градоначалникот Петре Шилегов изјави дека дал наредба да започне отстранување на бродовите во реката Вардар.„Наредив да започне постапка за дислоцирање на галиите, во тек се постапките како ќе бидат созреани одлуките за носење така ќе бидат објавени“, рече Шилегов.Дали и колку ќе бидат обесштетени сопствениците Шилегов не прецизираше, рече дека не е донесе дефинитивна одлука, а кога ја донесат јавноста и сопствениците ќе бидат информирани.

Скопје | пред 7 години

koza

Коѕијас: Соседите 120 години се нарекуваат Македонци

Кога ќе финализира договорот од Преспа, кога ќе стапи во сила, според мене, нема да има противење, освен од многу мал дел од грчкото општество, оценува поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за критската телевизија „Крити ТВ“.Коѕијас, како што јавува МИА од Атина, во интервјуто детално објаснува зошто во договорот стои „Македонци/ државјани на Република Северна Македонија“, а не „СеверноМакедонци“.„Тие, себеси веќе 120 години се нарекуваат Македонци. Зошто се викаат Македонци? Не велам дека добро прават, но кажувам зошто. Зедоа еден дел од областа Македонија што им беше даден според Договорот од Букурешт во 1913, според кој, ние ја зедеовме грчката Македонија и тие се идентификуваа географски со овој регион и се нарекоа Македонци“, објасни Коѕијас и додаде дека во секојдневна употреба и „со најдобриот договор на светот не можеш да наметнеш некому како самиот ќе се нарекува во приватните разговори“.Коѕијас дополнително објаснува дека во сложените имиња на државите постојат други изведени зборови, а како пример ги спомена граѓаните на Обединетото кралство кои што се викаат Британци. Граѓаните на Соединетите американски држави кои не се викаат, „Соединето-државен-Американец“, туку само Американец. Како и Кинезите од Народната Република Кина. Во однос на северна и јужна Кореја и северен и јужен Виетнам, рече дека се однесува на поделени земји што имаат север и југ.Во однос на критиките во Грција дека македонскиот државен врв го користи името Македонија, а не Северна Македонија, Коѕијас објасни дека договорот сѐ уште не е во сила, за да можеме да говориме за прекршувања.„Овој договор не е ставен во функција, не е ратификуван од двете страни, оваа земја продолжува да се вика Македонија и мене ме обвинуваат дека наводно Заев го прекршува договорот и слично. Ова не е точно, договорот треба да се ратификува од двете страни, а потоа почнува да има прекршувања“, објасни поранешниот шеф на грчката дипломатија.

Македонија | пред 7 години

svr

Исчезнат охриѓанец, се трага по него

На 23 октомври оваа година, во 15.00 часот во СВР Охрид, лицето Д.Д. од охридското село Лешани, за исчезнат го пријави неговиот син В.Д. (41) кој живеел во Швајцарија.Според пријавата, В.Д. на 10 октомври од Швајцарија заминал за Турција на годишен одмор, а од пред пет дена немале никаков контакт со него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ ќе го продава партиското седиште

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за продажба на партиското седиште, палатата „Христо Татарчев“, која се наоѓа во центарот на Скопје. Партијата, по продажбата ќе се сели во ново седиште, дознава „Скопје 1“ од високи извори на партијата. Седиштето на партијата се градеше од 2013 до 2015 година. Врз основа на проценката која ја извршил овластен проценител додека седиштето било во фаза на изградба, е утврдено дека пазарната вредност на зградата е 14 милиони евра, а на градежното земјиште е 500 000 евра.„Се размислува во тој правец и тоа стои како идеја. Доколку добиеме адекватна понуда ќе склучиме договор за продажба. Со дел од парите ќе го вратиме кредитот кој партијата го има во една од банките, ќе купиме простории далеку поскромни од постоечките кои ќе бидат ново седиште на партијата, а другиот дел ќе ги донираме во различни хуманитарни цели. Како опција стои пари да дадеме за реновирање на училиштето во Тетово, за кое Владата на СДСМ вети дека ќе го реновира но тоа не го направи. Ако го продадеме седиштето на партијата и ако се согласи тамошната локална власт, сигурно ќе го реновираме тоа училиште. Значи потврдуваме дека стои таа опција да го продадеме објектот“, брифираат високи партиски извори од врвот на ВМРО ДПМНЕ за „Скопје1“ кои додаваат дека пазарната вредност на партиското седиште е многу помала од тоа што се шпекулира.„Белата палата“ Христо Татарчев ставена под хипотека. ВМРО-ДПМНЕ го заложили партиското седиште само неколку дена пред парламентарните избори во 2017 година. Палатата е задолжена во Комерцијална банка, а партијата добила кредит од 3 милиони евра. Според објавата во Службен весник, се работи за рамковен риволвинг кредит, што значи дека партијата може и постепено да ги повлекува парите.Сите права се задржани. Не е дозволено превземање на веста во целина или делови без претходна писмена согласност од издавачот на „Скопје1“. Секое неовластено преземање во друг медиум (печатен, електронски, традиционален), „Скопје1“, објавува дека чини 35.000  денари без ДДВ по едно објавување. СПОНЗОРИРАНА ОБЈАВА

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Скопје под магла, загаденост нема?

Утрово Скопје е под магла, а пак, мерните станици не покажуваат загаденост на воздухот. Со ова се отвора прашањето дали институциите ја кријат евентуалната загаденост на воздухот?Не треба да сте генијалци за да знаете дека загадениот воздух бавно ве труе и нанесува штети на вашето здравје. Кога тој е полн со ПМ 10 честички, секое вдишување воздух е вдишување мала доза отров која не ве убива веднаш, но на долг рок ќе ви нанесе многу штета.Зошто се ПМ 10 честичките толку лоши?Со самото дишење на ПМ 10 честичките, кои во неколку наши градови ги има и по пет пати над дозволените количини, сте сè поблиску до некоја од следниве последици:Прерана смртСмрт како последица на дишење воздух со премногу честичкиПроблеми со дишењетоАстмаСилно кашлањеБолки при дишењетоХроничен бронхитисНамалена функција на белите дробовиПроблем да се земе здивЗголемување на ризикот од срцев ударЗголемување на ризикот од заболување од ракЗголемување на ризикот од аномалии кај новороденчињатаШто се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух?Кој е изложен на најголем ризик?Фактот што смртноста е многу поголема во загадените подрачја кажува дека сите се изложени на ризик, но најчувствителни на него се децата, постарите лица и лицата кои веќе имаат срцеви или респираторни болести.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Продолжение на три собраниски седници

   Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржат продолженијата на три седници на 60., 50 и на 45-та седница. На дневниот ред на продолжението на 60-та седница е Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумското изјаснување на 30 септември 2018 година, како и дополнетиот предлог на закон за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, радиодифузна такас, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во второ читање.На продолжението на 50-та собраниска седница меѓу поголемиот број барања за автентични толкувања се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање и Предлог за именување на членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.Пратениците на продолжението на 45-та седница се очекува да расправаат за Предлог закон за дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, во прво читање.На дневниот ред на продолжението на 60 – та седница се и Предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за судска служба, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за супервизија на осигурувањето и на Законот за финансиската полиција, сите во второ читање.Како што е најавено, пратениците треба да дискутираат и по Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот ХЕ Бошков мост кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и АД ЕЛЕМ и за Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип, сите во второ читање.Најавена е и расправа по Предлог закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, по скратена постапка.

Македонија | пред 7 години

44602327_10217257941460505_8841165263710715904_o

Зошто Елизабета Канчевска Милеска никогаш не може да биде херој?

Затоа што таа не е, а и никогаш нема да биде Калеш Анѓа, Доста Рожденката, стасита, пркосна, отпорна.Дали воопшто знаеш за што зборувам, госпоџо екс министерке?Нема никогаш да биде македонска мајка која, голорака и во солзи, одгледала седум, осум деца кои потоа пораснале и изгинале за Македонија во некоја темна, пуста планина. Мајки, кои, двоеле од уста за тие да имаат и да не легнат гладни. И ден-денеска.Кога ти Елизабето ,,Велика", додека се шеташе со ,,Прада" чантата и други ебени модни тракатанци од илјадници евра, одвои нешто за оние сироти деца кои отпатуваа на друг свет, додека ти располагаше со буџети од милиони евра и се сликаше по црвени теписи ?Дали некогаш за 9 години министерување гукна нешто против сите неправди кои ги приреди Владата која те пееше на сите телевизиски канали и те поеше ?Дали во овие година и пол гукна нешто против Владата на Заев, која е у го*на до гуша од афери ?Ти никогаш нема да бидеш никаков херој. Ти го уништи мојот град и донесе неонки кои трепкаат и од кои болат очите, се затвораат сами и човек не може да гледа јасно. Донесе лош здив, мирис на очај и хамбургер естетика. Уништи неповратно безброј спомени и ги фрли во Вардар. Твоите зданија се бетон кој ќе го изеде времето. И мувлата и влагата од реката.Твоето име ќе остане единствено запишано на документите од тендерите за кои сега ти се суди.Ти си Елизабето- се`, само не херој.Ти си ми мене поим за неизживеаност, ниска улична мода, инфантилност, глад за моќ, дисторзија.Каде стапнеш, трева не расте.Ти го подарувам за крај цитатот од Херман Геринг за време на Нирнбершкиот процес. Заменик канцеларот на Адолф Хитлер.,,Со глас или без глас, луѓето секогаш можат да бидат доведени во заблуда и подведени на желбите на лидерите. Тоа е лесно. Сè што треба да направите е да им кажете дека се нападнати, да ги осудат пацифистите поради недостаток на патриотизам и да ја изложат земјата на опасност. Таа работи на ист начин во било која земја“.Фејсбук статус на новинарката Јадранка Ивановска-Јоци

Коментари | пред 7 години

BeFunky-collage

Осумте пратеници ќе станат дел од друго ВМРО? !

На пратениците исклучени од ВМРО ДПМНЕ ќе им бараат друг вмровски народен калапПратениците кои гласаа за договорот од Преспа сигурно ќе формираат своја пратеничка група, а како контраудар на ВМРО ДПМНЕ повисоки истанци и центри на моќ им подготвуваат и партиска рамка со вмровски народен предзнак - дознава „Скопје 1“ од свои добро упатени извори во центрите на моќта сконцентрирани околу власта.Како што брифираат нашите извори, како една од опциите кои се разгледуваат е трансферирање на пратениците во ВМРО Народна Партија со што малиот коалиционен партнер на власта ќе стане поголем, а пратениците ќе добијат партиски закрила кои ќе им овозможат да се презентираат во јавноста како т.н. „Европско ВМРО“.Разговори на оваа тема се водени со пратениците, а најалеку во разговорите отишол Љубен Арнаудов кој од денот на основањето на ВМРО ДПМНЕ , па се до пред три дена беше член на оваа партија и има контакти со членовите од тоа време кои се во други партии со предзнак ВМРО.Со овој чекор Заев го зголемува мнозинството со цел кога ќе се менува уставот, да неможат Албнските партии да условуваат со амандмани, бидејќи БЕЕСА веќе најави дека ако не им се прифатат амандманите нема да гласаат за уставни измени.ДОДЕКА ГИ ОБВИНУВААТ ЗА ПРЕДАВСТВО ТИЕ ПО ЦЕЛ ДЕН ГОСТУВААТ НА МЕДИУМИПратениците од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа „за“ се движат обезбедувани од полициска придружба и цело време даваат изјави за медиуми. Систематски се појавуваат пред камерите и повторуваат една иста теза: „ Дека тоа го направиле за доброто на сите, за единство, помирување и секако за Европска Македонија“, а поедини новинари упорно објаснуваат дека идеологијата на ВМРО е прозападна и про американска.Ваквото упорно гостување по телевизиите каде пристигнуваат обезбедувани од полициски возила може да се протолкува само како подготовка на теренот за новата пратеничка група на европски ориентирани вмровци.

Македонија | пред 7 години

gruevski

ТВ21: Груевски ќе оди во затвор во Куманово, на 9 ноември?

Поранешниот премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него да се јави на 9. ноември, дознава ТВ21 од неофицијални извори.Сепак, се поставува прашањето дали поранешниот Премиер ќе го заштити пратеничкиот иминутет со оглед дека се работи за казна од две години. Одговор на ова прашање ќе добиеме во следниот период.

Македонија | пред 7 години

44329380_2208483799430265_2150457367391633408_o

Охридските екологисти ставени под медиумско ембарго?

Никој не го слуша крикот на екологистите од Охрид и веќе трет ден во локалните медиуми нема ни збор за објавата на „Охрид СОС“ кои на Фејсбук обелоденија скандал со депонирање на градежен шут и материјал во срцето на Студенчишко Блато кое е заштитена зона на ендемска флора и фауна.За овој скандал деновиве ќе треба да се произнесат и централната и локалната власт.Интегрално го објавуваме постот на Охрид СОС:ДЕПОНЕНТИДодека Општина Охрид и Ohridski Komunalec по медиумите се фалат дека комплетно ја исчистиле дивата депонија кај локалитетот Мауцкер, никој од нив не сака со жителите на општината, со своите сограѓани да сподели дека на другата страна на градот, во изолиран појас, најистурен дел од Студенчишко Блато, за жал отсечен со изградбата на неколку локални улици кои ја спојуваат главната сообраќајница и рекреативната патека, но сепак со флора и фауна типична за блатни екосистеми, се депонираат огромни количини земја, градежен шут, и локалитетот од ден на ден енормно се шири.Некој свесно уништува природно живеалиште, за одредена цел. Иако тука има и приватни парцели, помеѓу нив има и државно земјиште. Кој одобрил, кој дозволува или кој замижува за овие активности? Овие ли се приоритетите на Проф. д-р Јован Стојаноски - Градоначалник на општина Охрид? Сега на оваа локација, утре каде? Претходно, недалеку оттука, се исекоа десетици стари стебла, и сè уште ниедна институција не се прогласи за надлежна, односно не се дозна кој дал одобрение за сеча. За таква транспарентност баравте мандат?По сè изгледа, Горица е новото градежно Елдорадо, целиот овој зелен појас е на мета на урбаната мафија, на сопствениците на имоти, на инвеститорите, на локалната самоуправа. Секој со својот интерес и пресметка. Тоа се виде и на последната „јавна расправа“ во општинската зграда, каде сакаше да се протурка т.н. Нацрт Извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за УПВНМ за дел од ТК Горица, плански опфат 2 во КО Охрид 4, Општина Охрид. Изготвувач беше консултантската куќа „Енвиро ресурси“, истите оние кои подготвуваа вакви нацрти и за ТРЗ Љубаништа, оној мегаломански проект на Субрата Рој.Нова власт, исти навики, исти постапки. Дали е ова таа Европска Македонија, за која толку се залагате? Ако сте за узурпација, за уништување, за бетонирање, зошто не сте барем искрени кон јавноста, кон UNESCO, дека ви е помила парата и личната корист отколку статусот на природно и културно наследство? До кога ќе се тера ова лицемерие, овие тајни операции, оваа манипулација на јавноста дека никој ништо не знае или дека не е надлежен? 

Македонија | пред 7 години

dsc_1182

Чингоски: Доцна стигна исклучувањето на обвинети за криминал во ВМРО ДПМНЕ

По исклучувањето на Сашо Мијалков од ВМРО ДПМНЕ и прес конфернецијата на која во име на партијата Потпретседателот Александар Николоски јавно јачестита, како што рече „ новата криминална коалиција на Заев и Мијалков“ познатиот охридски адвокат, аналитичар и еден од основачите на СДСМ во Охрид, Владо Чингоски ( кој е познат критичар пред се на СДСМ ) за „Скопје1“ анализира дека ВМРО ДПМНЕ одамна требало да ги отстрани  и јавно да се дистанцира од функционерите кои се обвинети за тешки криминални дела. Чингоски вели дека најавите за помирување не треба да се претворат во општа аменстија на криминалот.Интегрално анализата на Чингоски.Секакви анализи на политичката ситуација во РМ е не благодарна и однапред е осудена на грешна проценка од страна на аналичаторот.1. Погрешна проценка на нивната позиција по прашањето на потпишувањето на Преспанскиот договор ( спогодба) и неговата имплементација.2. Потценување на меѓународниот фактор и неговата улога во менаџирањето на овој процес.3. Погрешна проценка на последиците од обвинетите, не само пратеници, туку и други високи поранешни но и актуелни функционери на ДПМНЕ од страна на СЈО и заканите со долгогодишни казни4. Начинот на автократско раководење со партијата ( и не само во ДПМНЕ тоа е случај со сите партии во РМ) и немање на партиска одговорност за погрешните одлуки и префрлање на одговорноста на други, како и забраната за фракциско делување во самата партија.Сето тоа доведува до вакви решенија, одлуки кои се огледаат во исклучување на партиски членови и префрлање на вина, но никако до решавање на партиските, а преку нив и државните прашања. Со еден збор, Македонија заради лични, тесно партиски интереси, зачинети со квази руралниот патриотизам, кој се потпира само на патриотски песни и лични интереси е доведовме во ситуација, која можеби е потешка од 1991 и 2001 година.Не е битно и прашањето на успешноста на референдумот, нити идентитетот, јазикот, битно е кој го решава проблемот и кој ќе ја носи славата и бенифитите од решението. ДПМНЕ ја испушти можноста, не дека не сакаа ваков договор, туку калкулациите беа дека само тие можат да го решат и во време кога тие сакаат.Но времето им истече и ова прашање мора да се затвори. Друго прашање е дали воопшто треба да се решава еден ваков апсурден проблем кој го наметна Грција. Но каде има сила нема правдина. А факт е дека нашата сила евидентно е помала не само од Грција, туку од целото опкружување. Тоа што сме во право, е само наша сатисфакција. За другите страни, тоа не значи ништо.Да се вратам на одлуките на ИК на ВМРО ДПМНЕ, исклучени не истомисленици, а потоа и обвинети и за криминал. Па простете но тоа требаше да го направите многу, многу порано, сека е касно.Крајно, каква и да е постапката за имплементирање на Преспанскиот договор, со уставните измени и со начинот на обезбедување на 2/3 мнозинство, оптимист сум дека на граѓаните на РМ ќе им се отвори некаква перспектива, ќе се види барем мала светлина во оваа темнина. Велам оптимист сум, а како ќе биде ќе видиме.Се надевам дека најавеното помирување, нема да значи општа амнестија на сите инволвирани во политичките но и криминалните случувања за што впрочем е и основано СЈО, зошто тоа значи дефинитивно не функционирање на правната држава.И ДПМНЕ и СДСМ, но и сите партии треба да се оградат од членовите кои се обвинети за вакви дела и да и остават на правдата да се справи со нив. Која правда, тоа е друга тема.

Македонија | пред 7 години

Gruevski-i-Mickoski-na-16-kongres-na-VMRO-4-bg_resize

СДСМ: Чии играчи се Груевски и Мицкоски, дали криминалот ги поврзува?

Цела Македонија уште еднаш го виде режимското лице на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, режимот делува најпанично кога целосно се распаѓа и кога го губи тлото под нозете, осветувајќи се и врз сопственото членство, реагира СДСМ.„Анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски продолжуваат да им докажуваат на сите граѓани дека се против НАТО и ЕУ.Чии играчи се Груевски и Мицкоски? Дали криминалот е единственото нешто што ги поврзува? Нека излезат и јавно нека соопштат дека се против НАТО и ЕУ бидејќи очигледно е дека режимската лага веќе не им проаѓа ниту меѓу сопственото членство“, се вели во соопштението од СДСМ.Партијата на власт ги повикува сите демократски сили во земјата, сите пратеници и граѓани кои сакаат Македонија да успее како земја членка на НАТО и ЕУ, да се приклучат кон националното обединување.„Македонија расчисти со поделбите на Груевски и Мицкоски. Македонија е земја во која институциите обезбедуваат правна држава по европски стандарди. Сега е време политички раскараните граѓани да се помират и Македонија да продолжи напред како економски силна земја, едно општество за сите. На едната страна се изолираниот режим и криминал на Груевски, на другата страна е растечкото национално обединување на граѓаните.Македонија избира обединување, режимот останува изолиран во својот бел бункер. Граѓаните на Македонија го ставија режимот на Груевски и Мицкоски во ќош“, порачува СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања