Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

mitko-janev

Јанчев за „Скопје1“: Во ВМРО ДПМНЕ нема простор за различно мислење

Митко Јанчев, досегашен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ кој од вечерва е во процес на исклучување од партијата, за „Скопје 1“ вели дека овој како што го нарекува неосновани обвинувања нема да го направат помалку вмровец и дека ќе се мотив да продолжи со уште поуспешно вршење на функцијата Градоначалник на Кавадарци.Во писмениот одговор стои:„По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски на вчерашниот ЦК бев разрешен од функцијата потпретседател. Живееме во време кога светот прогресивно оди напред во секое поле. Време во кое акцентот го ставаме на демократијата и слободното размислување. Неоснованите обвинувања на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на ЦК беа маска за неспособноста за прифаќање на различни ставови и покажаа дека нема место за неостомисленици во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.Овие обвинувања како и симнувањето од функцијата потпретседател нема да ме направат помалку вмровец“ - вели Јанчев и додава:„Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да оди напред и да стане една модерна и демократска партија, напротив многу круто и агресивно ги "чисти" оние чии перцепции се насочени кон една таква модерна партија. Како Градоначлник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ уште поуспешно ќе ја извршувам оваа функција, а за моето успешно менаџирање со општината сведочи скоро цела една година со голем број реализирани проекти, проекти кои се во тек и средување на општината и водење кон целта Кавадарци на прво место“ - стои во писмената изјава на Митрко Јанчев испратена до „Скопје1“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Николовски: Им ја честитам криминалната коалиција на Заеви и Мијалков

„Да ја честитаме новата криминална коалиција на Македонија, Вице Заев, Зоран Заев и Сашо Мијалков“, ова го искоментира потпретседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, по што го повика Обвинителството да постапува за наводите за криминал против Мијалков.Николовски ги потврди информациите на Скопје 1, за исклучување на Сашо Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ поради дејствија спротивно на интересите, притоа поради организирање поткуп за осумте пратеници кои гласале „за“ уставни измени. Тој ја потврди уште една од информациите на Скопје1, дека разрешен е Митко Јанчев со тајно гласање.Николовски побара оставка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои го поддржале процесот за уставни измени.  

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков без гласање и овации исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

На вечерашниот состанок на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ акламативно односно без гласање (со овации и аплауз), долгогодишниот член и висок функционер, Сашо Мијалков бил исклучен од партијата, потврдуваат извори од ВМРО-ДПМНЕ.Мијалков е идентификуван како главен виновник за исходот од гласањето за предлогот за пристапување кон уставни измени, односно „оркестратор на црниот петок“. Најчестите обвинувања се дека „тој директно влијаел на исходот кој се случил во Собранието и дека преку седумте пратеници се спасувал исклучиво себеси и своите бизниси, а на штета на Македонија“. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сашо Мијалков се појавил во седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Претходно: Мијалков без гласање и овации исклучен од ВМРО-ДПМНЕИзвори од партијата велат дека Мијалков се појавил неочекувано и како што самиот рекол дошол да му даде подршка на Мицкоски и да објасни дека воопшто не се точни информациите оти тој наводно подготвувал смена на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, како што претходно денеска објавуваа медиумите блиски до СДСМ, а тој потоа јавно демантираше. Исто така, побарал единство меѓу членството, бидејќи рекол дека тоа е нешто што во овие моменти е најпотребно. Но, бил и категоричен во својот став дека не сака да се меша воопшто во одлуките и чекорите на Мицкоски и раководството на партијата, пишува Нетпресс.мкСпоред нашите сознанија, Мијалков не останал многу долго во седиштето на ВМРО ДПМНЕ и нема информација со кого се’ тој имал средби додека бил таму.

Македонија | пред 7 години

mitko-janev

Митко Јанчев исфрлен од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски бара конгрес

Претходно: Мијалков исфрлен со овации од ВМРО-ДПМНЕНеофицијално, сопственикот на „Кожувчанка“ и долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев е уште еден од лица за кого Централниот комитет донел одлука да го исфрли од партијата, дознава „Скопје1“. Освен него, исфрлен е и реформаторот Костадин Богданов.„Скопје 1“ го исконтактира Јанчев, кој не знаеше за одлуката донесена на Централниот комитет кој е во тек. Тој ја замоли екипата на „Скопје 1“ да го информира за секоја наредна новност, бидејќи од партијата, тоа не го прават.На состанокот, претседателот Христијан Мицкоски побарал предвремено одржување на конгрес, но неговите сопартијци одбиле, велат за Скопје1.мк извори од партијата.

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков: Не сум влијаел на пратениците, ниту на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Не е време за создавање поделби. Ни треба единство како никогаш до сега, вели екс директорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков во изјава за Press24.– Заради зачестеното присуство на моето име во некои медиуми во изминатите 2-3 дена, чувствувам обврска да дадам свој коментар по однос на истите.Имено, од денот на мојата оставка од сите партиски функции минатата година, немам учество во какво било својство и форма во работењето на политичката партија во која сум поминал децении.Оттука, отфрлам било какви шпекулации за мое влијание врз претседателот на партијата, органите на партијата, пратениците или која било друга организациска структура во нејзин состав.Во таа насока, сметам дека во овој момент, во интерес на сериозните предизвици со кои се соочува нашата партија, е потребно единство како никогаш до сега. Најмалку потребно во овие моменти е создавање поделби кои ќе имаат за цел да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ.Не смее да заборавиме дека историското ВМРО имало про-западна ориентација исто како и ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање. Овој про-западен концепт беше еден од фундаментите на партијата, со крајна цел интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.Им порачувам на сите патриоти, членови и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, дека е потребно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде стожер на сигурна, безбедна и просперитетна Македонија, изјавил Мијалков.

Коментари | пред 7 години

ilija-dimovski-7-670x437

Илија Димовски: ВМРО-ДПМНЕ се води во погрешен правец

Пратеникот Илија Димовски, излезе со свое видување за целата ситуација во неговата матична партија, ВМРО ДПМНЕ. Тој јавно објави дека нема да учествува во внатрепартиската пресметак:„Останувам на мојот принципиелен став за тоа дека договорот од Преспа има штетна содржина во себе, дека власта погрешно го водеше целиот процес и дека не смееше да биде исклучива спрема опозицијата од самиот почеток.Останувам и на ставот дека јас како пратеник немам право и легитимитет да гласам за промените во Уставот. Како што постапив во првата фаза, така ќе постапувам и во иднина.Но, останувам и на мојот добро познат став дека ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време, и пред и после валандовскиот Конгрес, се води во погрешен правец, што се гледа низ неостварените политички цели на партијата.За жал, сега веќе е видливо, дека партијата се движи кон изолација, и спрема надвор, и спрема сите други политички фактори во државата, но и спрема сите свои членови кои за едни, други или трети теми имаат различно мислење од претходното и од сегашното раководство.ВМРО-ДПМНЕ сама се доведе во ситуација да го изгуби капацитетот да влијае на било кој сериозен политички процес во земјата и државните одлуки повеќе, за жал, не зависат во ништо од ставот на мојата партијата.Партијата веќе подолго време не успева да оствари ниту една од своите политики и заложби токму заради оваа изолација. Така и нашите поддржувачи губат верба дека било што и да е став и заложба на ВМРО-ДПМНЕ тоа некогаш може да стане реалност и да се ефектуира. Штета е и што внатрешно во себе, наместо да се шири, развива и расте, да прибира повеќе луѓе и идеи околу себе, партијата континуирано се занимава со бркање т.н. предавници, непријатели и нелојални членови.Сѐ додека не се воведе принципот на почит и поддршка за различно мислење од официјалниот став на партијата по однос на политиките, ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да напредува.Во тој контекст размислувам и дека нападите, разрешувањата и исклучувањето на луѓе во последниот период се избрзани и резултат на некорисни емоции и сериозен афект од состојбата. ВМРО-ДПМНЕ растела секогаш кога прибирала луѓе околу себе. Сакам да подвлечам дека нема да учествувам во ниту една нова фингирана битка, игра и пресметка во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи почнувајќи со Конгресот во Валандово па се до ден денес сите се такви, фингирани.На ВМРО-ДПМНЕ во овој момент му требаат неколку работи.Прво и неодложно мора да се направи темелна, а не козметичка реформа на партискиот Статут, со целосна демократизација на процесот на носење на политички одлуки, но и целосна демократизација на процесот на избор на партиските тела и органи почнувајќи од местните комитети па се до највисоките органи.Второ и суштинско е да се напушти принципот дека партијата мора да се води по правилото за градење на култ на личност.Трето, ВМРО- ДПМНЕ има обврска да направи дисконтинуитет со грешките од минатото.И четврто, партијата мора да научи да гради нови мостови наместо да ги крши и оние кои до сега го има. Овие чекори се единствен начин како партијата може да дојде повторно на сериозно ниво да влијае на политиките во државата, а и еден ден да се надева дека ќе се врати на одговорноста да ја предводи Македонија“, пишува пратеникот Илија Димовски.

Коментари | пред 7 години

44536020_326230291576407_4405705837952106496_n

БЕСА ќе ги условува уставните измени: Прво унапредување на правата на Албанците, потоа договорот со Грција

Пратеникот Фадил Зендели вели дека во процесот на уставни измени, тие ќе поднесат нивни амандмани за унапредување на правата на Албанците. Тој вели дека според дебатата за нивните амднамни, ќе одлучат дали ќе поддржат усвојување на амандманите поврзани со договорот со Грција.Како политичка партија, навестивме дека ќе бидеме дел од процесот за донесување на уставните измени, а ќе интервенираме со уставни амандмани за да унапредување на правата на Албанците. Не можеме да прифатиме, по 27 години, овие права да бидат за едни поубави времиња. Сметаме дека во овој момент се отвораат овие прашања, бидејќи ги засегаат Албанците. Треба овие прашања да се решат“, вели пратеникот Зендели.Пратеникот вели дека прашањата за правата на Албанците кои тие ќе бараат да се унапредат, не произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, туку од самостојноста на Македонија.

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

Заев со порака до пратениците

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10156970449527932/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

Mijalkov-Goca-grujo-Zhoro

DW: Мијалков во центарот на кавгите во ВМРО-ДПМНЕ

Членови на ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за две сценарија: според едно, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, според друго „ крилото на Мијалков“ ќе барало оставка од Мицкоски, пишува DW на македонски.Членови на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи пласираат разни „сценарија“ што би можеле да се случат на седница на партискиот Централен Комитет, која како што најавуваат, била закажана за вечерва во 19 часот. Размената на ставови покажува дека постои огромна поделност меѓу членството и дека главната дебата е фокусирана на Сашо Мијалков, поранешниот долгогодишен директор на УБК и братучед на бившиот премиер Никола Груевски (двајцата на насловната фотографија).Кои се сценаријата?Според едни, партијата размислувала да го исклучи од членство Сашо Мијалков, според други „крилото на Мијалков“ ќе барало оставка од партискиот претседател Христијан Мицкоски. Во реакциите кои ја бранат политиката на Мицкоски, Мијалков е идентификуван како главен виновник за исходот од гласањето за предлогот за пристапување кон уставни измени, односно „оркестратор на црниот петок“. Најчестите обвинувања се дека „тој директно влијаел на исходот кој се случил во Собранието и дека преку седумте пратеници се спасувал исклучиво себеси и своите бизниси, а на штета на Македонија“.Притоа, партиски членови предупредуваат дека за да се сокрие „неговото шурување со СДСМ“, ќе се предизвикало сценарио за барање оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и за закажување вонреден конгрес за избор на нов партиски претседател“.Други, пак, реплицираат дека „исходот во Собранието е резултат токму на фактот што Мицкоски не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата, и дека токму тој дозволил да биде раководен од Груевски, Мијалков и Мартин Протогер“.Оние кои не се вклучени во оваа дебата на социјалните мрежи, а се упатени во состојбите во партијата, тврдат дека тоа што го читаат не се разни сценарија, туку „едно договорено сценарио“, за кое членството и не е свесно.„Што и да се случи, се ќе биде резултат на договорено сценарио. Напорот сега е насочен само кон градење силна перцепција кај членството за некаква непопустливост на лидерот, за патриотизам до крај, за зајакнување на партијата, за наводни напори за чистење на партијата од компромитирани структури итн. Ова е епизода во која треба секој да го верификува како добиено тоа што го барал - кој позиција, кој спокојство“, велат нашите извори.Поддршка од САД на Договорот од ПреспаВаквите тензии и обвинувања во опозициската партија ги фрлија во сенка другите настани. Денес почнува да тече рокот од 30 дена, во кој Собранието треба да почне формирање на собраниско тело кое ќе изготви план за национално помирување. Тоа го предложи групата опозициски пратеници кои поддржаа уставни измени, а паламентарното мнозинство го прифати откако и премиерот Заев повика на простување и помирување за настаните од 27-ми април.Денеска во Скопје пристигнува Метју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД.„Палмер ќе пристигне во Македонија за да разговара за поддршката на САД за преспанскиот договор и важноста на напредокот на македонската реформска агенда”, соопшти амбасадата на САД во Македонија.Палмер во Македонија доаѓа по посетата на Србија, каде што учествуваше на Белградскиот безбедносен форум. Предвидено е тој се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а во 18 часот, по средбата со премиерот Зоран Заев, заедно ќе одржат конференција во Владата.Ова е негова втора посета на Македонија оваа година. Палмер на средби со македонскиот државен врв беше и во август годинава.

Коментари | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична за скопјанец кој се заканувал на пратеници преку Фејсбук

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.Н. (38) од Коњари, скопско, поради споделена објава-коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.По издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на 21.10.2018 година извршен е претрес на дом и други простории кај лицето А.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата, а А.Н. е повикан на службен разговор во полициска станица.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Крајната цел на целиот политички терор е уцена за обезбедување мнозинство во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонскиот Устав нема потреба и не треба да се менува. Тоа беше јасно порачано и од македонските граѓани кои не дадоа поддршка на референдумот и се спротиставија на менување на името на Република Македонија, нејзините историја, култура и традиција, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев и СДСМ наместо да се соочат со волјата на граѓаните и да го признаат поразот, се решија да ја силуваат демократијата и институциите. На насилнички и крајно недемократски начин ги погазија правдата и правната држава и со тоа ставија точка за понатамошен демократски напредок на Република Македонија. Конечно на виделина се покажа вистинската причина за заднината на политичкиот прогон, монтираните и нарачани обвиненија на СЈО и настаните од 27 април и затворањето на пратеници.Крајната цел на целиот политички терор од страна на власта се покажа дека е уцена за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието за да се спроведе преспанскиот договор и да се промени името на државата.Ваквото насилство и силување на државата, но и волјата на македонскиот народ се повеќе го поларизира општеството и ја однародува власта.  Погазени се човековите права и достоинството на граѓаните на Република Македонија на кои Зоран Заев им го одзеде правото на самоидентификација.Ова срамно и капитулантско дело на Зоран Заев нема никогаш да заживее кај македонскиот народ не се откажал и нема да се откаже од Македонија и од својот идентитет.Затоа Зоран Заев и СДСМ многу скоро ќе се соочат со граѓаните, а нивната ненародна и криминална власт ќе замине во историјата како единствена власт која потпишала бришење на името на Република Македонија, јазикот, културата, историјата и традицијата на државата.  Македонија и македонскиот народ победувале и повторно ќе победат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

lisice

ВИДЕО: Марин вети реконструкција на улици, жителите на Долно Лисиче добија вештачко езеро

Жителите на Долно Лисиче го потсеќаат градоначалникот Златко Марин дека ветил реконструкција на улиците, а сепак, ништо од тоа не било исполнето. Тие се револтирани поради вировите и калта, па коментираат, дека за на работа тргнуваат чисти, а по неколку чекори, тие се со кал до колена.[embed]https://www.facebook.com/dodevskasumsi/posts/10217390326170747?__xts__%5B0%5D=68.ARByYv_TAqLmiPc3pujbTb8pNTWzvw5N_VpSiwoWLDAGtUtAoWp4HI8vt4-sD7_CEiugCi74aGSfJy4g5GNDWt9b48DMyQLhJgA2UQA6qD6owq-CxaqCvd4HAw9HazV5TGuHT69MQLTc8p7PtesZ4WtOoae3Z6OpoFtjd45A7826tOeIFCVAe2XczjAgcRMOdU_XdkHzGB93KvyuIT1sPXAN7y_mqg&__tn__=-R[/embed]„Прв дождлив ден, а замислете колку ќе ги имаме оваа есен и зима. Добро утро Општина АеродромОпштина Аеродром информира дека веќе се обезбедени средства за целосна реконструкција на патот во Долно Лисиче, според високи меѓународни стандарди. Општината е во постојана комуникација со Јавното претпријатие за државни патишта, под чија надлежност е регионалниот пат Јурумлери – Драчево.По реакцијата на жителите од Долно Лисиче, би сакале уште еднаш да истакнеме дека ја разбираме итната потреба од реконструкција на овој пат. Целта на проектот на кој активно се работи е трајно да се реши проблемот на локалното население и на сите кои го користат патот Јурумлери – Драчево. Токму затоа, самиот проект, предвидува градежни активности и материјали кои се според високи меѓународни стандарди.Тендерската постапка е во тек и се очекува да заврши до средина на август. Сите предвидени активности ќе се реализираат во најбрз можен рок" - 04.07.2018“, пишуваат по социјалните мрежи.

Скопје | пред 7 години

mickoski-ohrid-rez

,,Не потече со приказни“, ,,Оди си“, ,,Да се самораспуштите“-му порачуваат на Мицкоски на ФБ

,,Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре. Важно е да не престанеш да се преиспитуваш“ – Алберт АјнштајнСо оваа порака ден по гласањето на пратеници од ВМРО ДПМНЕ за почеток на уставни измени, се огласи претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил.Но, наместо поддршката што ја очекуваше, на социјалните мрежи Мицкоски доби канонада од негодување од неговите поддржувачи и сопартијци.,, Vie imate samo uste eden poteg pred da se samoraspustite !!!“,, Дела а не зборови доста е зборување“,,Zarem nema nesto popametno da prevzemes nego da citiras ?“.Ова се само дел од коментарите на ФБ профилот на Христијан МицкоскиНезадоволството меѓу членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ е големо од развојот на ситуацијата, а и од лидерот на партијата. Многумина сметаат дека токму тој ги испуштил конците од раце и дека не е во состојба да ги ,,контролира“ пратениците.Фракцијата на ВМРО ДПМНЕ, веќе побара негова оставка, а сѐ почесто се спомнува името на Сашо Мијалков како архитект на целата игра и на наводна смена на Христијан Мицкоски.

Коментари | пред 7 години

44126870_256200411763917_670987317426520064_n

Собранието го формира телото за помилување на пратениците обвинети за 27 април

Утре се очекува да се формира парламентарно тело за помилување на пратениците кои беа вклучени во крвавото насилство од 27 април. Ова тело беше ветено од премиерот Зоран Заев на прес конференцијата по гласањето на потребата за уставни промени. Барањата на осумте пратеници ќе се изготват заедно со Владата. Четирите барања на пратениците се прифатливи за премиерот Заев. Тој верува дека во рок од 15 дена, ќе се изготват нацрт уставните амандмани кои потоа ќе се достават до Собранието. Заев истовремено очекува бројот на пратениците кои ги поддржуваат овие промени да се зголеми во следните фази.Партиите на Албанците кои најавија амандмани за унапредување на албанското прашање, по се изгледа нема да можат да ги поднесат бидејќи деловникот на Собранието ја определува интервенцијата на пратениците во уставните измени само во членовите кои се засегнати од предлагачот. Но, ниту една од опозиционите партии на Албанцте не прецизира дали ќе го условуваат или не Заев, со нивните четири гласа во Парламентот за промена на името.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања