Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

42C39EB3-2014-481F-A5AF-8D28EDEC8068_w1023_r1_s

ВМРО-ДПМНЕ бара начин како да го исфрли Мијалков од партијата

ВМРО ДПМНЕ се подготвува официјално да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешен прв човек на УБК и личност која со децении во јавноста е експонирана како истакнат член на партијата.„Скопје 1“ побара став од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но по речиси 20 часа чекање на одговор, добивме само коментар дека партијата ќе остане без коментар и нема да се огласи по ова наше прашање.Овој процес, за кој според наши извори во моментов во ВМРО ДПМНЕ се размислува како тоа да се изведе, ќе почне наскоро, а поводот за исклучувањето ќе се бара во тврдења за поврзаност на Мијалков со осумте пратеници кои гласаа „за“ по предложените точки за уставните измени и наводна негова улога во обезбедување на мнозинството.Еден од начините кој стоел како опција било исклучувањето да го бараат комитетите од Охрид, Струга и Вевчани, општини од каде дури 4 пратеници застанаа спротивно на партискиот став.Во меѓувреме на социјалните мрежи и неколку портали почна медиумска кампања против Сашо Мијалков која непрекинато се спроведува веќе трет ден, а која е осмислена, со платени постови на Фејсбук и се води од лажни и реални профили на јавни личности, но и на Фејсбук страни каде се водеше кампањата за бојкот на референдумот.ЦЕЛОСНО ПРЕКИНАТИ ОДНОСИТЕ И СО ГРУЕВСКИ СЕ БАРА ПРЕКИН И СО ПРОТОЃЕРЗа прекинот на комуникацијата меѓу почесниот претседател Никола Груевски и новото партиско водство предводено до Христијан Мицкоски, „Скопје 1“ ексклузивно информира пред неполн месец.Мицкоски од старите структури комуницирал уште со Мартин Протоѓер, но во „Белиот Дворец“ секојдневно расте отпорот кон Протогер и се бара и негово ставање на страна од партијата и партиските политики , брифираат наши извори од раководството.

Македонија | пред 7 години

durlovski

Дурловски не прифаќа амнестија?

„Подарена слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од ,,горе”, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, Македонец, кој цел живот се бори токму за една вистинска... Слобода!“, напиша Игор Дурловски на социјалните мрежи.Ова е првата реакција на оперскиот пеач Игор Дурловски по понудата на Заев во Собранието до ВМРО-ДПМНЕ за амнестија, во замена гласање за уставни пормени. Претходно, реагираше и Борис Дамовски кој побара правда, а не амнестија.И двајцата се обвинети за тероризам за настаните од 27 април минатата година.

Коментари | пред 7 години

nola-ismajloska-starova

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени, имам поддршка со сопартијците

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни измени, а најголема поддршка како што вели, добила од сопартијците. Исмајлоска-Старова вели дека потапила според сопственото убедување, а ги отфрла шепкулациите дека добивала закани за да гласа.„Постапив според сопственото уверување. Поддршката која отворено пристигна од голем број граѓани, а и од меѓународниот фактор, е момент кој треба да се обидеме да го искористиме во наша полза, за нашата татковина. Одговорно ги отфрлам наводите за некакви закани кон мене при одлуката којашто ја донесов во македонското Собрание“, вели Исмајлоска-Старова за „Макфакс“.„Не сум загрижена за својата безбедност, особено не, бидејќи постојано добивам поддршка од граѓаните, меѓу кои моите сопартијци се најбројни. Во политиката, како најважен дел од животот на народните избраници, има моменти во кои мора да се донесат и тешки одлуки“, додава пратеничката Исмајлоска-Старова.Денеска, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга, Мирче Аџиоски, ја повика пратеничката Нола Исмајлоска Старова која гласаше за уставните измени во Собранието, да го врати мандатот. Аџиоски додаде дека 7.700 стружани кои гласаа на предходните парламентарни избори, не и дале легитимитет на Исмајлоска-Старова да гласа за промена на Уставот и името на Република Македонија.    

Коментари | пред 7 години

levica

Левица најавува радикален отпор

„Тоа што некни се случи во Собранието на Република Македонија е само драмски чин на претставата каде тиранијата на политичките елити уште еднаш се маскираше во „демократија“! Поединците од двете криминални политички здруженија на СДСМ и ДПМНЕ, кои денеска се наоѓаат во македонското Собрание, како божемни народни претставници, после неуспешниот Референдум за „Северна Македонија“, веќе не се легитимни да одлучуваат за промена на уставното име на Републиката спротивно на народната волја“, велат од Левица.Според нив, политичката корупција не може да произведе правовалидни одлуки кои ќе го обврзуваат народот! Корумпираните пратеници, заради своите криминални досиеја, се подложни на уцени и поткупи што дополнително ја саботира нивната политичка способност да можат независно и, во согласност со волјата на народот, да носат легитимни одлуки во Собранието на РМ. Македонија е заробена држава во нивниот пеколен круг, а заткулисните антидемократски игри на двете политички орди му служат на еден ист господар – капиталот и парите.„Тие глумат спротивставеност, но кога доаѓа време за спроведување на вазалните одлуки на нивните империјални господари, што народот изрично ги одбил, овие структури – преку заемна заштита и зад затворени врати – ја кројат судбината на народот, по теркот на окупаторот. Затоа, веќе немаат смисла никакви повикувања на владеење на правото и утврдените стандарди и процедури, оти оваа одметната владејачка гарнитура ги има впрегнато сите власти под своја контрола и со политичките противници се справува користејќи го апаратот на државната принуда и репресија.Поради ова, повикуваме на масовен граѓански Отпор против сите инволвирани во оваа уставно-политичка криза и нејзино идно надминување преку ултимативно исполнување на следниве барања:Безусловно суспендирање на противуставната и илегална владина иницијатива за промена на Уставот на РМ и поништување на отфрлениот т.н. „Преспански договор“;Итно распуштање на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори;Формирање преодна техничка влада со ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори.Политичката партија Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот! Обзнануваме дека во секоја наредна фаза на гласањето на контроверзните уставни промени ќе бидат организирани масовни антивладини простести под мотото #НароднаСамоодбрана, пред законодавниот дом, во кој седат гробарите на АСНОМска Македонија!Секојдневни радикални политички акции, во координација со сите засегнати политички чинители кои се против промена на уставното име, ќе бидат систематски преземани низ територијата на целата Република.Ги повикуваме сите прогресивни сили да ни се приклучат кон движењето, сè до конечната победа.Кога неправдата станува закон, Отпорот е наша должност!“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

44464632_297025617797678_8288878331105902592_n

(ФОТО ВЕСТ) Името го даваме, ѓубрето не!

Покрај многуте коментари за уставните промени кои ги налага договорот со Грција, на социјалните мрежи жителите на Скопје реагираат на нечистотијата и отпадот присутен во градот.Преполните корпи за отпадоци и контијери ги има на секој чекор, коментираат корисниците на социјални мрежи

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Еден загинат во сообраќајка на влезот во Охрид

Тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово околу 1 часот по полноќ, на влезот во Охрид во близина на Свети Еразмо.Според информациите од МВР, патничко возило „Фијат Пунто“ удрило во товарно возило „Мерцедес“. На местото на настанот починал Д.Р. (38) од Охрид, кој го управувал патничкото моторно возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски таблици. Во автомобилот, сопатници биле и лицата Љ.С.(51), И.Р.(51), И.Ѓ.(56) и Ј.К.С.(35), сите од Охрид, кои се здобиле со тешки телесни повреди. Со телесни повреди, се здобил А.М.(31) од охридското село Лешани, кој го управувал товарното моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, предводена од Јавен обвинител. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

mocka-baba-678x381

(ФОТО) Жена се искака пред Врховен суд сред Скопје

Попладнево повозрасна жена беше фотографирана како врши нужда пред Врховниот суд во Скопје. Таа на тревникот до булеварот пред минувачите клекна и заврши работа, по штп си замина.Во овој дел на градот нема мобилни тоалети, а најблискиот се наоѓа во трговскиот центар Мавровка кој е оддалечен повеќе од 300 метри од местото каде е фотографирана жената.

Скопје | пред 7 години

policisko-kombe-640x853-e1540037714913

Полиција ги чува домовите на Канческа, Мукоски, Василески, Арнаудов...

Институциите постапуваат според законот. Обезбедена е гаранција за пратениците од опозицијата, за нивните семејства, брзо да реагираат на секоја закана, изјави премиерот Зоран Заев синоќа по прес-конференцијата во Собранието одговарајќи на новинарски прашања, а по информациите дека пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ се на удар од нивните сопартијци.За оние пратеници кои се обвинети во судските процеси, Заев рече дека судските инстанци ќе продолжат со процесите и дека нема намера да се меша во работата на судот.-За мене сите пратеници се невини додека не се докаже спротивното, рече Заев кој, меѓу другото објасни дека „кога зборувал за помирување, мислел тој процес да се постигне преку работните групи во Собранието, за ЕУ и НАТО, затоа што тоа се целите кои не обединуваат“.Во текот на вечерта силни полициски сили го чуваа домот на Елизабета Канческа Милевска, а пратеникот Крсто Мукоски до своето родно Вевчани беше испратен со две комбиња полни со специјалци.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

19-годишно момче го загуби животот на патот Горобинци-Свети Николе

На 20.10.2018 година околу 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Горобинци-Свети Николе патничко моторно возило “Ауди“ со бугарски национални ознаки управувано од С.С.(19) од Свети Николе изгубилo контрола и удрилo во дрво.„Во незгодата на местото на настанот починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобила 16- годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од МВР.Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

mickoski-1

ВМРО-ДПМНЕ: Народот секогаш знаел како да ги казни ваквите ситни трговци и лихвари, кои за грст пари ја газеле неговата волја

„Тоа што се случи вчера вечер во Собранието на Република Македонија беше срам каков што светот не видел. Зоран Заев и криминалниот картел на власт покажаа дека за нив ништо не значат демократските вредности и  волјата на народот  и дека оваа гарнитура на власт се архетип на корупција, уцени и закани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив вчера беа погребани европските вредности во Македонија. Во страв да се соочи со почитување на волјата на народот СДСМ очајно посегнаа кон силување на институциите, државата и граѓаните, сведувајќи го Собранието на обичен пазар во кој достоинството на Македонија, нејзиниот идентитет и дигнитет го ставија на тезга како пиперки и домати. Заев докажа пред целата јавност дека нема никаков демократски капацитет и за тоа ќе биде казнет од сопствениот народ.„Македонскиот народ секогаш низ историјата знаел како соодветно да ги казни ваквите ситни трговци и лихвари кои за грст пари ја газеле неговата волја и да ги фрли на буништето на својата национална историја.Македонија ќе победи, затоа што секогаш победува правдата и вистината“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

dimitrov-1

Димитров: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот профил на „Фејсбук“ по синоќешното гласање во Собранието за уставните измени напиша дека сме далеку од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот.https://www.facebook.com/dimitrovnikola/posts/10161037153155451„Секој чекор е и ќе биде голем предизвик. За сите нас. Но Македонија реши да застане на нозе, да исправи глава и да тргне напред. На крајот, ќе не биде. И кога ќе погледнеме назад, ќе се гордееме“, гласи пораката на Димитров.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски ги исклучи од ВМРО-ДПМНЕ пратениците кои гласаа „за“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес конференција соопшти дека партијата одржала вондредна седница на Извршниот комитет на кој едногласно по негов предлог биле разрешени седумтте пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за потребата од уставни измени.-Волјата на граѓаните беше погазена од две третини од пратениците од СОбранието, но и од осум пранитеици од опцозцијата кои тргнаа против болјата граѓани. Се говори дека им било понудено ослободување од обвинетнијата. Велат дека биле и понудени пари. Сакам да изразам благадорност до пранитниците кои успеаја да одолеат на заканите и притисоците. Но, не сите издржаа на таквите притисоци. На сите оние осум пратеници, јас како човек не можам да ги оправдам, ниту можам да ја оправдам нивната постапка. Самите одбираме како ќе живееме, со каква углед и каква чест. Обврската кон граѓаните е поважна од било каков притисок и закана. Има и пратеници кои беа опфатени од политичкиот прогон, но гласаа согласно партискиот став. Оние кои постапија спротивно од партискиот став и против волјата на народот, ме разочараа мене, но тоа и не толку важно, затоа што пред се ја разочараа партијата и татковината. Затоа вечерва на ИК и едногласно се усвои исклучување на овие пратеници.

Македонија | пред 7 години

Kostadin-Kostadinov

(ВИДЕО) Костадинов: Лагите за поткуп, уцени и притисок ВМРО-ДПМНЕ нека ги докаже на суд

„Антизападното, антинародното, антимакедонското раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува голема, огромна нервоза и безочно лаже. Најостро ги демантираме изнесените лаги, дека претставници од мнозинството вршеле некаков притисок или пак на било кој пратеник дека му се нудени пари, дека некој им се заканувал, или ги уценувал. За изнесените невистини ќе поднесеме и соодветни тужби пред надлежните органи“, вели Костадинов.Според него, овие огромни лаги, измислени од антинордното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, во клучни моменти за иднината на државата и истите ќе мора да ги докажат на суд.„Ваквото однесување на Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги помина сите граници. Ова е нездраво, ненормално, особено за човек кој е генерален секретар на политичка партија. Очигледно е дека антизападното раководство не бира средства преку кои ќе се обиде да ја блокира иднината на Македонија и нејзините граѓани.Одовде, од храмот на демократијата уште еднаш им порачуваме дека нема да успеат. Мицкоски и Груевски немаат љубов кон Македонија, тие љубат криминал. Тие се за сиромаштија, конфликт и криминал, ние со граѓаните сме за Македонија, иднина, просперитет и економија. Ги повикувам колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Мицкоски и антизападното раководство на партијата. Ниту едно лажно обвинување, ниту една лажна вест на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО. Македонија го продолжува патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ без разлика што тоа не му се допаѓа на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави тој.

Македонија | пред 7 години

44083350_279194462712542_491826012259090432_n

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја претвори Македонија во држава од третиот свет каде важи само силата

Специјалците и борбените коли кои цел ден во полна борбена готовност седат пред Собранието ги праќаат Зоран Заев и Оливер Спасовски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес-конференцијата на Костадин Костадинов.Оттаму додаваат дека сомнителни карактери постојано кружат околу највисокиот законодавен дом, а седницата постојано се откажува, како што велат, се додека не вродат со плод „убедувањата“ на пратениците.„Никаде во демократскиот свет пратеници не одлучуваат под толкав силен притисок. Македонија е единствената земја на тлото во Европа во која што опозициски пратеници се обвинуваат за тероризам и се ослободуваат од притвор во очи на најважното гласање во Собранието. Заканите, уцените и поткупот не се одлика на демократско општество, туку на тоталитарен систем. Република Македонија под власт на Заев се претвори во држава од третиот свет каде законите не важат, туку силата“, се наведува во партиската реакција.Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека токму Зоран Заев е човекот кој ги има сите полуги на власта во свои раце и тој е единствениот кој може да врши било каков притисок.„Го повикуваме јавното обвинителство да поведе истрага за сите закани и притисоци насочени кон пратениците, а кои оневозможуваат непречено изјаснување. Ниедна прес-конференција на збунетиот портпарол на СДСМ нема да ја смени тажната денешна слика од Собранието која што ја гледа целиот македонски народ“, велат од партијата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО-ВЕСТ) За ручек пратениците трошат по 150 денари, еве што јадат

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања