Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

sobranie

(ФОТО-ВЕСТ) Правило за користење на тоалетот во Собрание

Македонија | пред 7 години

4

„Охридско Лето“ почнува соработка и со „Словенска Филхармонија“

Во рамки на работната посета на Словенија директорката на „Охридско Лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот Одбор на фестивалот Нина Момироска остварија серија средби со уметници и менаџери на врвните културни установи во оваа земја.Поповиќ имаше официјална посета на „ Словенска Филхармонија“ каде со директорот Клемен Хвала разговараше за модулите на соработка кои нашиот најпрестижен музичко сценски фестивал ќе ги има во рамки на соработката која ќе почне уште од наредното фестивалско издание.Клемен Хвала е челист и познат и ценет музичар во Словенија.Претходно директорката Поповиќ го посети музичкото училиште во Словен Градец , кое важи за едно од најдобрите во Словенија.Во наредниот период менаџментот на „Охридско Лето“ ќе продолжи со директни контакти со врвните установи од културата во овој дел од Европа.

Македонија | пред 7 години

mauc22

Градоначалникот на Охрид со крадените говори стигна на BBC

Светскиот сервис на Би Би Си објави сторија за читањето препишани говори и портпаролите кои на Градоначалникот на Охрид една година успешно му даваат препишани говори од неговиот претходник, да ги чита на официјални церемонии.Градоначалникот на Охрид во телефонски разговор со новинар на Би Би Си одбегнал да даде изјава и новинарите ги замолил да му се обратат писмено.Во прилогот свој став изнесува и сопственикот на „Охрид 1“ кој вели дека веста предизвикала различни реакции во јавноста, почнувајќи од потсмев, до револт и констатации дека тоа е реална слика на тажната состојба во кое е нашето општество потонатато.Таневски за Би Би Си вели дека неработењето е одлика на администрацијата,бидејќи луѓето кои таму работат на некој начин всушност се згрижени, а не вработени и дека се донесени со политички одлуки на партиите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.ПОРТПАРОЛИТЕ ПРЕД ЦЕЛ СВЕТ ТВРДАТ ДЕКА ВИДЕОТО Е МОНТИРАНО И ДЕКА ГОВОРОТ НЕ БИЛ ИСТВо прилогот конечно свој став изнеле и портпаролите од „Одделението за односи со јавност“ од каде конечно се одважија да излезат со став и тоа пред светската јавност.Тие тврдат дека „Охрид1“ го измонтирал видеото со цел да се збуни јавноста, а тие ќе докажеле дека говорот не бил препишан, а за лицето кое го објавило даваат квалификација дека бил „самопрогласен“ новинар.Би Би Си натаму во прилогот ги објавува двата говори во кои од редакцијата на овој светски медиум ги објавиле ов целост, и јасно се гледа дека говорот е целосно ист од почеток до крај.Целиот текст на Би Би Си прочитајте го со клик Т У К А.

Македонија | пред 7 години

kirovski

Кировски распали го тие кои го критикуваат: Секој си дава за право да ти кажува како да ја вршиш работата

Главниот и одговорен уредник на ТВ Телма, се огласи на социјалните мрежи по критиките дека врши им врши цензура на вработените.„Тешко е неписменоста, глупоста и некомпетентноста во Македонија да не те изнервираат, иако за жал, тоа е нашето секојдневие. И секој си дава за право да ти кажува како да ја вршиш твојата работа, иако, се рaзбира нема поим од тоа. За една работа Србите се во право : "Мишљење је као д***! Свако га има“, напиша Кировски.[embed]https://www.facebook.com/atanas.kirovski/posts/10211284451539346[/embed]Главниот уредник на Телма, Атанас Кировски со известување им забранил на вработените да објавуваат политички коментари, мислења и статуси кои не се одобрени од него и другите уредници.[embed]https://www.facebook.com/atanas.kirovski/posts/10211284064889680?hc_location=ufi[/embed]“Вработените во ТВ Телма ја претставуваат телевизијата. Било каков политички став, коментар или мислење на одредени теми се интерпретира како став на телевизијата, а не како личен став на вработените во ТВ Телма. Од тие причини се забрануваат коментари, мислења и анализи на фејсубук и твитер профили, како и на други социјални медиуми, кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на ТВ Телма”, пишува во известувањето потпишано од Кировски.Со ова, Кировски ги цензурира вработените јавно да го кажат својот став, коментира јавноста, а реакции има и од новинари вработени во други медиумски куќи.

Македонија | пред 7 години

kucinja-bezdomnici

Слаб интерес кај скопјани за вдомување на кучиња

Од приближно шеесет кучиња што го поминале целокупниот медицински третман во стационарот „Вардариште“, во рамки на акцијата „Вдоми – не купувај“, беа вдомени десет. Ваквиот слаб одѕив се должи на фактот дека чипирањето на домашните миленици се воведе како законска обврска за сопствениците и во моментов бесплатно се реализира преку Агенцијата за храна и ветеринарство.На тој начин, како што изјави за МИА директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, ќе се овозможи следење на одговорното сопствеништво врз овие животни, кои во голем број случаи се оставени на улиците токму од страна на нивните сопственици.– ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи со стандардните активности за заловување и третирање на бездомните кучиња во Скопје, во рамки на стационарот „Вардариште“. Апелираме и ги повикуваме вистинските љубители на животните да го посетат стационарот и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие бездомни кучиња што им ги отстапуваме без никаков паричен надомест, изјави Шабани.За акцијата „Вдоми – не купувај“Акцијата за вдомување бездомни кучиња „Вдоми – не купувај“ се реализираше во рамки на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните – 4 октомври. Од 4 до 10 октомври годинава стационарот за бездомни животни „Вардариште“ беше отворен од 9 до 19 часот за сите љубители на животните што сакаат да си одберат куче за вдомување. Кучињата се прегледани од ветеринар, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.Од „Комунална хигиена“ ги повикуваат љубителите на животни што планираат да купат миленик да го посетат стационарот „Вардариште“ и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие кучиња. На сите заинтересирани граѓани кучињата им се отстапуваат без паричен надомест.Во соработка со Град Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ од 2007 година го спроведува Проектот за третман на бездомните кучиња според принципите за хуман третман на животните – ЦНР-програма (catch, neuter, release – залови, стерилизирај, пушти), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA). Оваа програма е поддржана од Светската здравствена организација. (WHO), а одобрена од Советот на Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Канада легализира употреба на марихуана

Канада од денеска стана втората земја, по Уругвај, која легализира поседување и рекреативно користење на канабис.На Канаѓаните од денеска им е дозволено да одгледуваат, поседуваат и конзумираат канабис за рекреативни цели.Дериватите на канабисот, како што се храна, козметика или електронски цигари со марихуана, ќе бидат дозволени од 2019 година, но канадските претприемачи веќе почнаа подготовки за да заземат место на пазарот кој ветува.Откако либералниот премиер Џастин Трудо беше избран кон крајот на 2015 година, финансиските пазари влегоа во нов бизнис и канадските производители на канабис веќе заработуваат милијарди. Трите најголеми компании котирани на Берзата во Торонто веќе имаат акумулирано повеќе од 30 милијарди канадски долари (19,9 милијарди евра).Легализацијата би требало да ја стимулира канадската економија и да произведе меѓу 816 милиони и 1,1 милијарда долари нови приходи во четвртиот квартал од тековната година. Во ова не е пресметан црниот пазар кој произведува една четвртина од сите „џоинти“ испушени во Канада, покажуваат податоците на Канадското статистичко биро.Статистичкото биро проценува дека 5,4 милиони Канаѓани, или 15 проценти од населението, до крајот на 2018 година ќе купуваат канабис во овластени продавници.

Свет | пред 7 години

eksplozija-bomba

Бомба експлодирала во возило на водителка од ТВ Пинк

Вчера попладен околу 13 и 30, во Белград, експлодирал ,,Голф“, управуван од таткото на познатат српска водителка Маријана Мичиќ, вработена во ТВ Пинк.Ова е второ возила кренато во воздух за неполни два месеца, на водителка во оваа телевизија.На први септември експлодираше џипот на Душица Јаковљевиќ, исто така водителка во ТВ Пинк.Таткото на Мичиќ останал жив, а водителката одбила да коментира. Само изјавила дека голфот што го возел татко ѝ седум години не се води на нејзино име.Во возилата на двете водителки биле поставени бомби.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Четири лица со тешки повреди и 14 со полесни во 18 сообраќајки вчера во Скопје

Двајца пешаци, еден возач на патничко моторно возило и еден патник во автобус се здобиле со тешки телесни повреди, 14 со полесни телесни повреди во вкупно 18 сообраќајни несреќи што се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во шест од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 23 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 27 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои двајца поради управување под дејство на алкохол, 20 без стекнато право на управување со моторно возило и пет возачи почетници.Од сообраќај полицијата исклучила 18 возила зашто не биле регистрирани.Непрописно паркирани биле 85 возила, а пајак службата подигнала 71 возило.Полицијата санкционирала и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, и тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ФОТО: Кировски им забранил на вработените во ТВ Телма да објавуваат политички статуси на Фејсбук без дозвола

Главниот уредник на Телма, Атанас Кировски со известување им забранил на вработените да објавуваат политички коментари, мислења и статуси кои не се одобрени од него и другите уредници.“Вработените во ТВ Телма ја претставуваат телевизијата. Било каков политички став, коментар или мислење на одредени теми се интерпретира како став на телевизијата, а не како личен став на вработените во ТВ Телма. Од тие причини се забрануваат коментари, мислења и анализи на фејсубук и твитер профили, како и на други социјални медиуми, кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на ТВ Телма”, пишува во известувањето потпишано од Кировски.Со ова, Кировски ги цензурира вработените јавно да го кажат својот став, коментира јавноста, а реакции има и од новинари вработени во други медиумски куќи.Според информациите на “Скопје 1”, ова известување потпишано од Кировски е објавено од пред извесен период, а цел на потсмев на социјалните мрежи.Кировски ќе ги сакнционира вработените кои нема да го почитуваат неговото упаство за користење на сопствените профили на социјалните мрежи.“Во иднина, каков било коментар ќе биде санкциониран”, се дополнува во известувањето.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

САД со писмо се обратија до Мицкоски

Писмо од помошникот државен секретар А. Вес Мичел до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски – 16 октомври 2018Почитуван Христијан,Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. И покрај тврдењата дека  можел да се постигне некаков “подобар договор”, ние не веруваме дека тоа е можно.  Овој договор бараше компромис и од двете страни.  Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении.Нема да Ве изненади што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот.  Уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните од сите заедници и партии, вклучувајќи ја и Вашата, силно го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО и кон ЕУ. Сега Собранието е на ред да го преземе следниот, одлучувачки чекор.  Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда.Ова е историски важен момент за Вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост. Како вистински пријател и поддржувач на Македонија, Ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување на посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство на народи.Со почит,А. Вес МичелОва е линкот до оригиналното писмо:http://mk.usembassy.gov/letter-from-assistant-secretary-a-wess-mitchell-to-vmro-dpmne-leader-hristijan-mickoski-october-16-2018/ 

Македонија | пред 7 години

44086339_1950058355294774_7699746476091506688_n

Од Карпош до Ѓорче се стига само со хеликоптер, блокирани сите улици

Повторно е блокиран булеварот “Партизански одреди” на потегот од трговскиот центар Сити мол до Ѓорче Петров, најверојатно, поради изведба на градежни работи.Додека градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и скопскиот татко Петре Шилегов се фалат со светски стандарди при изградба на булеварите, граѓаните не можат да стигнат до нивните домови веќе месец и половина. Решение, нема.Нервозните возачи велат дека веќе им е смачено со саати да возат за да стигнат дома, но никој не е заинтересиран за нивните поплаки. Блокирани се и алтернативните патишта, со гужва во сообраќајот. Растеретување на гужвата се обидува да направи полицијата, но залудно.Ова не е прв пат по доаѓањето на новата локална власт улиците да бидат целосно блокирани. Пред месец дена, иста беше ситуацијата и во Бутел

Скопје | пред 7 години

saso-vasilevski

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски излегува од куќен притвор

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет во случајот со настаните од 27-ми април лани во Собранието, излегува од куќен притвор откако со одлука кривичниот совет ја прифатил гаранцијата во недвижен имот.– Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието, донесе решение со кое ја уважи понудената гаранција во недвижен имот и ја укина мерката куќен притвор, а заради обезбедување присуство во текот на постапката му определи мерки за претпазливост и тоа Обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Охрид и привремено одземање на патната исправа како и забрана за издавање нова – велат од судот.

Македонија | пред 7 години

mickoski-ohrid-rez

Мицкоски бара од Џафери да се обрати пред пратениците

ВМРО-ДПМНЕ испратила барање до Собранието во кое се бара да му се овозможи на Христијан Мицкоски да се обрати пред пратениците за уставните измени.„Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од уставни измени што имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја, како и значењето што овој период го има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контроверзите што ги предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во опозиција и чијшто претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски, не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните претставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чувствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени“, стои во дописот до Собранието. Партијата ова барање го темели на правото што го овозможува Деловникот за работа на Собранието, според кој согласно со член 72, став 2 од Деловникот, претседателот на Собранието да (цитираме) 'може да покани на седницата на Собранието да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на други органи и организации'', пишува во дописот од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието.Мицкоски во сите свои настапи досега кажа дека  никој од ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени со цел промена на уставното име.

Македонија | пред 7 години

antonijo-milosovski

Милошоски на распит кај Јанева, СЈО го прогласи за „моќник“

Пратеникот Антонијо Милошоски пристигна на распит во СЈО за предметот „Моќник“, каде вчера исказ даде и поранешниот претседател на лустрациска Томе Аџиев. Тој е осомничен од страна на Специјалното обвинителство за нарачана лустрација на кичевскиот судија Драган Билевски.Аџиев делото го сторил под влијание на пратеникот Милошоски кој сакал да му се одмазди на Билевски, стои во истрагата на СЈО отворена во март годинава.Истрагата за „Моќник“ опфаќа 13 осомничени меѓу кои и пратеникот Милошоски, неговиот татко и екс градоначалникот на Македонски брод. Според обвинителството со измама во 2011 година успеале да ја продадат зградата на општина Пласница, купувач бил таткото на Милошоски а со помош на градоначалникот на Македонски брод. Кога градоначалникот на Пласница реагирал го предизвикал револтот кај пратеникот, кој сакал да се реваншира и на судијата Билевски за кој сметал дека му помага. За што постои и објавен телефонски разговор.

пред 7 години

Нема фотографија

Во „Белиот дворец“ се навестува кампањата за избори?!

„Борба, правда, слобода, иднина! Силна индивидуа - силна држава!“ Ова се слогани кои од вчера може да се видат во т.н. „Бел дворец“ каде е седиштето на ВМРО ДПМНЕ.Дали партијата веќе постави пропаганден материјал за избори или ова е некоја интерна кампања останува да видиме.Интересен е слоганот „Силна индивидуа - силна држава“ бидејќи во него се спомнува зборот „индивидуа“ кој е во спротивност со децениската доктрина на партијата од време на Никола Груевски, кога индивидуата се потиснуваше и се фаворизираше колективна свест без индивидуален став.Покрај новите слогани, во ВМРО ДПМНЕ како декор покрај партиското и државното стои и знамето на Европска Унија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања