„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

mvr

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 полицајци во повеќе сектори низ Македонија.Во огласот се наведени потребните услови за да може некој да конкурира. Меѓу другото, потребно е најмалку средно образование, добро познавање на македонскиот јазик, одредена височина за жени и за мажи и посебни психо-физички способности.Конкурсот трае 15 денови.На овој линк се сите потребни услови и документи :https://mvr.gov.mk 

Македонија | пред 6 години

pistoli

Кај скопјанец пронајдени пиштол, куршуми, кокаин и амфетамини

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против А.С.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 11.06.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот А.С. и при претресот биле пронајдени и одземени пиштол „CZ 100“ калибар 9мм, 10 куршуми калибар 9мм, 14 куршуми со калибар 7,62х39mm, кокаин, амфетамини и неколку предмети со остатоци од кокаин.Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица.

Македонија | пред 6 години

merkel-zaev-1

Денеска средба Заев - Меркел

Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на дводневната посета на Германија ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел. Една од клучните теми на оваа средба ќе биде датумот за старт на преговорите со ЕУ што треба да биде утврден и на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни во Брисел.На средбата премиерот ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Македонија | пред 6 години

bazen

Трагедија: Се удави 14- годишно девојче во базенот Довлеџик во Битола

14- годишно девојче се удави во  базенот Довлеџик во Битола, кој оваа сезона не е отворен за посетители.  Несреќата се случи денеска на пладне,  а битолската полиција го потврди настанот, без да соопштат други детали. Базенот Довлеџик е во сопственост на ЈП „Стрежево“ но под концесија бил издаден во 2017 година на фирма од Битола.Од Клиничката Болница во Битола велат дека девојче на возраст од околу 13 до 14 години било донесено на Ургентното Одделение во безживотна состојба без никакви знаци на живот, после пад во базен во Битола.Од битолската болница велат дека девојчето во урегнетното одделение е донесено без знаци на живот, а безуспешни биле обидите на лекарите за негова реанимација. 

Македонија | пред 6 години

SOOBRAKAJKA

(ВИДЕО) Семејство од Скопје загина во сообраќајна несреќа во Италија, преживеало само бебето

Ебубекир Сулејмани и нејзината сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години,  го загубиле животот  во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо, пренесува Журнал.Несреќата се случила на автопатот Пјаченца – Торино, кога автомобилот со скопски регистарски таблички удрил во задниот дел на камион кој се наоѓал на делот за одмор од автопатот.Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор. Несреќата се случила кога се враќале кон Франција.Според италијанската полиција, причина за несреќата била премореноста на возачот.https://twitter.com/Tg3web/status/1138392357555048450?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1138392357555048450&ref_url=https%3A%2F%2Fnezavisen.mk%2Fvideo-tragichen-odmor-za-semejstvo-od-skopje-tatkoto-i-majkata-zaginaa-bebeto-prezhivelo%2F 

Македонија | пред 6 години

most

(ВИДЕО) Потпишан договор за изработка на инфраструктурен проект за изградба на тунелите под скопско Кале

Градоначалникот Шилегов, Претседателот на одборот на директори на компанијата „Мега инженеринг консалтинг АД“ (MEGA ENGINEERING CONSULTING INC), Ајкут Јилдирим и претставникот на Групата на понудувачи – Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии Скопје АД, Борис Танески денеска го потпишаа договорот за изработка основен проект и инфраструктурен проект за измена и дополнување на инфраструктура за сообраќајно решение кое со мост во центарот на градот, тунели под скопското Кале и кружен тек ќе ги поврзува булевар Свети Климент Охридски со булеварите Никола Карев и Македонско-Косовска бригада.Со инфраструктурниот проект се опфатени трите фази за изведба на сообраќајницата во фази, и тоа:- I фаза – изградба на булевар Свети Климент Охридски од пред раскрсницата со булеварот Илинден со изградба на мост и вијадукт до тунелот;- II фаза – изградба на тунелот под Кале;- III фаза – булевар Свети Климент Охридски и раскрсница со булевар Никола Карев и булевар македонско – Косовска бригада, со денивелиран кружен тек- Согласно со договорот, изработката на основниот и инфраструктурниот проект очекуваме да заврши до крајот на оваа година, со што се создаваат услови во текот на следната година, по завршувањето на постапка за избор на понудувач, да се почне и реализацијата на овој клучен сообраќаен проект. Со ова сообраќајно решение на граѓаните на Скопје ќе им биде овозможено од Водњанска до Чаир со автомобил да стигнат за помалку од 5 минути. Со постојната сообраќајна инфраструктура за оваа релација мораа да потрошат во најдобар случај помеѓу 15 и 20 минути движејќи се преку раскрсницата кај Мавровка и Бит-пазар, каде што според нашите податоци дневно поминуваат меѓу 70.000 и 80.000 возила – кажа Шилегов.Шилегов додаде дека очекува за реализацијата на овој проект Градот Скопје да добие и финансиска поддршка од централната власт со цел изградбата на мостот, тунелите и кружниот тек да завршат во најкраток можен рок.

Свет | пред 6 години

pendarovski-tusk

Претседателот Пендаровски се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Брисел оствари билатерална средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.Претседателот Пендаровски  се заблагодари на огромната и безрезервна поддршка на претседателот на Европскиот совет и неговите лични заложби и напори за добивање на датум за почеток на преговорите за Северна Македонија.Двајцата соговорници се согласија дека во изминатите две години, државата донесе тешки и храбри одлуки за многу чувствителни прашања и покажа како можат да се решат отворените прашања во регионот во духот на добрососедството.Претседателот Пендаровски истакна дека  Северна Македонија презеде одлучни чекори и во исполнување на реформската агенда со што ја покажа својата посветеност на евроатлантските процеси.На прес конференцијата во својата изјава, претседателот на Европскиот совет Туск рече дека договорите што ги постигна Северна Македонија со Бугарија и со Грција се историски и можат да бидат пример во регионот. Туск посочи дека државата направила се што треба и се што се очекувало од неа, и, местото на Република Северна Македонија е во Европската унија.Претседателот Пендаровски  изјави дека во јуни Европската Унија има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за изградба на  европска држава со праведно, хумано и напредно општество.       

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на Општински организации

Започнатиот процес на промени во интерес на граѓаните, во интерес на иднината, продолжува. Како што најавивме, промените започнуваат одовде, од СДСМ, партијата предводник на Владата и парламентарното мнозинство, партијата предводник на напредокот на државата. Претседателот Зоран Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на Општински организации на СДСМ, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ .Половина од назначените, 15 досега, се ново именувани.Би сакал сега да ви ги прочитам, именуваните, 30 претседатели на општински организации.Струга – Соња Стојкоска2. Штип – Александар Кангалов3. Ѓорче Петров – Александар Гиновски4. Карпош – Марија Ѓоргиевска5. Крива Паланка – Михаил Дејановски6. Росоман – Ленче Стојанова7. Свети Николе – Елизабета Јованчева8. Кочани – Гоце Серафимов9. Лозово – Антонио Ангелковиќ10. Виница – Тони Велков11. Пехчево – Славчо Пандурски12. Брвеница – Даниел Антовски13. Кратово – Горан Ковачевски14. Шуто Оризари – Ферат Асан15. Ново Село – Живко Георгиевски16. Чашка – Горан Стојановски17. Берово – Јован Матеничарски18. Делчево – Влатко Величковски19. Крушево – Трајче Калески20. Ресен – Атанас Табаковски21. Теарце – Лазар Ѓоргиевски22. Куманово – Мартин Костовски23. Ранковце – Христина Младеновска24. Центар – Горан ГерасимовскиЧучер Сандево – Ацо Ушковски26. Богданци – Никола Страторов27. Конче – Благој Илиев28. Радовиш – Коле Чаракчиев29. Дебар – Азем Фејзоски30. Охрид – Лазе ТаневскиСтанува збор за одговорни личности, чесни, способни, кои уживаат висок кредибилитет во местата во кои живеат.Во дел од општините каде што СДСМ забележа победа на последните избори реизбрани се претседателите на општинските организации.Во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите Општински организации а ќе се заокружат, со сигурност и промените во централното раководство на партијата.Почитувани граѓани,Ова е само еден чекор од суштинските промени кои имаат за цел да внесат нова енергија, нов систем во работата на партијата, во интерес на граѓаните.Како што најавивме, во периодот пред нас следуваат сериозни промени и во централната власт, како и на директорски места на централно и локално ниво.СДСМ се менува за напредокот да продолжи уште позасилено.  

Македонија | пред 6 години

palermo-22

Во Охрид паркингот поскап отколку во Палермо

Не стивнуваат реакциите од граѓаните по двојното поскапување на паркингот во центарот на Охрид. За претстојната сезона има промени во однос на зоните А и Б, а се воведува и премиум зоната што се протега од објектот на Македонска пошта и кај кружниот тек, каде паркирањето ќе чини 100 денари.По ова поскапување, паркингот во центарот на Охрид станува поскап спрема паркинг во центарот на Пелермо, Италија.  За 1 час таму плаќате 1 евро, или 60 денари, а во Охрид доколку го оставите автомобилот за истото време ќе ве чини 100 денари.Потсетуваме дека Целта на општинските власти е да го дестимулира движењето на возила во центарот на градот. Овие  зафати како што велат од локалната се прават според препораките на УНЕСКО за редуцирање на сообраќајот во Стар град.Инаку деновиве завршува поставувањето на рампите кон влезовите во стариот дел од градот, по што ќе биде објавен и повикот за реевиденција на картичките кои ќе ги користат жителите на овој дел од градот кои, за разлика од останатите, ќе можат непречено да се движат.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

Министерството за здравство информира дека за нацрт текстот за Законот за лекарска дејност, кој е поставен на ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи, лекарската фела, невладиниот сектор и граѓаните може да достават свои забелeшки на текстот.Клучно во законот е што на лекарите им се остава можноста за саморегулација, што значително ќе го подобри квалитетот на услугите на лекарите, како и поголема контрола во рамки на системот на лекарската комора на лекарите и нивната практика. Со овој закон, во суштина се зајакнува степенот на издавање лиценци и ќе биде исклучено секакво влијание однадвор.Лиценците за вршење лекарска дејност ги издава Лекарската комора, која води регистар и е евидентирана во Централниот регистар како правно лице.Лекарите за полагање стручен испит спроведуваат пробна работа. На лекарите со завршени петгодишни студии, пробната работа им трае една година, а за завршени шестгодишни студии пробната работа трае шест месеци. Лекарите специјалисти имаат право на дополнителна дејност, согласно прописите за здравствена заштита. Лекарската комора ги одредува цените на лекарските услуги заради заштита од нелојална конкуренција.Со нацрт законот се утврдуваат сите права и обврски на лекарите, но и работата на Лекарската комора, издвањето и одземањето на лиценцата за работа. Со овој закон се прецизира и утврдува статусот на лекарите и лекарската професија, како и стручниот надзор на работата на лекарот, чување и унапредување на достоинственото и одговорно професионално однесување во работата со почитување на прописите, правилата на струката и кодексот на медицинската етика и деонтологија. Законот ги ограничува лекарите да не се дозволи нивно поврзување со комерцијални активности за лична корист.Изминатиот период, во неколку наврати се обезбеди значаен износ финансиски средства за зголемување на платите на здравствените работници.Во 2018 година се зголемени платите за 5%. Во јануари 2019 година, дополнително зголемување на платите - 5% за медицинските сестри, 10% за докторите специјалисти, а во септември 2019 година, 5% зголемување и за останатите здравствени работници. Зголемени се коефициентите за исплата на дежурствата, ноќен труд и дополнителна работа на медицинскиот кадар. Сето ова, даде слика во која вкупните месечни приходи се зголемени за 40%, а некаде и до 50% кај дел од лекарите.Заложба на Министерството за здравство е платата на лекарите наредната година да достигне 100 илјади денари. Само на овој начин, ќе го вратиме достоинството на здравствените работници и ќе им овозможиме фер услови за работа.Министерството за здравство со цел да ги подобри условите за работа на здравствените работници, но и со закон да ги заштити правата и обврските на медицинската фела го иницира донесувањето на овој закон, кој е во согласност со барањата на лекарите.

Македонија | пред 6 години

dolni-saraj-ohrid

Сите на нозе - Владата ги задолжи институциите, сите ќе работат Охридскиот регион да остане под закрила на УНЕСКО

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои информацијата за постапување по препораките на УНЕСКО и одлучи да продолжи со исполнувањето на релевантните препораки и одлуки на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион. Притоа Владата го задолжи Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, во соработка со Канцеларијата на Премиерот да формира работна група составена од функционерите на сите засегнати институции којашто ќе постапи по забелешките на УНЕСКО за анализа за алтернативна рута на железничката пруга долж Коридорот 8, како и рутата од автопатот А2 Требеништа - Струга, согласно наодите на Реактивната мониторинг мисија и релевантните препораки на УНЕСКО.Предлог решенијата треба да бидат доставени до Владата најдоцна до 15 јануари 2020. Министерството за транспорт и врски, е задолжено во соработка со Националниот парк Галичица и општините Охрид, Струга и Дебрца да изработи инвентар на нелегални градби во Регионот и истиот да го достави до Владата најдоцна до први септември оваа година. Министерствата за животна средина и просторно планирање и за култура, се задолжени да изработат предлог План за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион, усогласен со Центарот за светско наследство на УНЕСКО, и истиот да биде доставен до Владата за усвојување, најдоцна до почетокот на декември 2019- та година.Истовремено, Владата силно ги охрабрува општините Охрид и Струга да ги исполнат препораките на УНЕСКО, со крајна цел Охридскиот регион и натаму да биде под закрила на УНЕСКО.

Македонија | пред 6 години

lgbt-5

(ФОТО) На ЛГБТ собирот во Скопје, им ставале полови органи на христијански светци

Во склоп на Недела на гордоста припадниците на ЛГБТ,  приредија сексуални перформанси во Музејот на современа уметност.  Тие на различни начини се обидоа да ја исмеат верата. На перформансот  имало гол маж облечен како православен свештеник кој општи со гол светец кој има полов орган.Меѓу присутните беа и познати личности, како режисерот и интелектуалец Слободан Унковски, деканот на ФОН Љубомир Данаилов Фрчкоски и поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски. Галерија од настанот на својот Фејсбук профил објави активистката Ирена Цветковиќ. https://www.facebook.com/irena.cvetkovik/posts/10219435857751558

Македонија | пред 6 години

pozar-stan

На токсикологија хоспитализирани 11 пациенти од вчерашниот пожар, сите во стабилна општа состојба

Од Универзитетската клиника за токсикологија информираат дека во моментот, на клиниката, се хоспитализирани 11 пациенти како последица на вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода.- Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми, информира д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија.Инаку, меѓу хоспитализираните пациенти има 4 пожарникари. Највозрасниот пациент е на 74-годишна возраст, додека најмладиот на 26-годишна возраст.

Скопје | пред 6 години

mijalkov

Мијалков: Постоеше можност за прислушувањето од мобилна опрема, надвор од УБК

На денешното рочиште за „Таргет и Тврдина“, обвинетиот Сашо Мијалков се обидуваше да го дискредитира сведокот Звонко Костовски, кој ја откри аферата за масовното нелегално прислушување во УБК.Обвинетиот  Мијалков го потсети Костовски дека заедно присуствувале на презентација на опрема за прислушување на израелска компанија, во неговата канцеларија во УБК. Тогаш и двајцата виделе дека со оваа опрема, која била мобилна, во ист момент се следат комуникации на 30 корисници. Мијалков тврди дека опремата по случаен избор ги одбира броевите од најблиската базна станица. На ова Костовски одговори дека при ваквото прислушување јасно се слуша разговорот на едниот соговорник, односно оној кој е во близина на базната станица, а другиот соговорник се слуша лошо, а некогаш и воопшто.Мијалков не се откажуваше од тезата, дека било можно нелегално да се прислушува и надвор од УБК, па рече дека добиле извештај од израелската компанија дека во Скопје во тој момент на терен работеле вакви уреди, односно дека некој друг нелегално прислушувал. 

пред 6 години

pozar-stan

Проблем во електричната инсталација најверојатна причина за пожарот во Кисела Вода

Големиот пожар што вчера избувна во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, кај спортската сала „Расадник“, најверојатно настанал поради спој во електричната инсталација, информираа од противпожарната бригада.Дознаваме дека од огнената стихија биле зафатени вкупно три стана.Операцијата за гаснење траела повеќе од два часа, а неа ја изведе против пожарната служба со 11 возила.При гаснењето повредени тројца полицајци, а од зградата успешно биле евакуирани седум лица. Граѓаните утринава се вратиле пред зградата во обид да дознаат кога ќе може да се вратат дома за да видат дали и во нивните станови има евентуална штета. Но, увидот е во тек сеуште и граѓаните намаат пристап до домовите. Полицијата го обезбедува влезот од кражби.  

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања