„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

parking-1

Паркинг во строгиот центар на Охрид од понеделник 100 денари за 1 час

Охриѓани и гостите доколку сакаат да се паркираат на потегот од поштата до кружниот тек на градскиот плоштад ќе плаќаат двојно поскапо од досега. За претстојната сезона има промени во однос на зоните А и Б, а се воведува и премиум зоната што се протега од објектот на Македонска пошта и кај кружниот тек, каде паркирањето ќе чини 100 денари.Целта на општинските власти е да го дестимулира движењето на возила во центарот на градот. Овие  зафати како што велат од локлната се прават според препораките на УНЕСКО за редуцирање на сообраќајот во Стар град.Инаку деновиве завршува поставувањето на рампите кон влезовите во стариот дел од градот, а утре ќе биде објавен и повикот за реевиденција на картичките кои ќе ги користат жителите на овој дел од градот кои, за разлика од останатите, ќе можат непречено да се движат.Опозицијата во советот реагира на ваквите измени, потенцирајќи дека затворањето со рампи на Стар град ќе значи правење на еден вид гето во дел од градот каде најголем дел од луѓето се занимаваат со туризам.Има уште една измена за оваа сезона. А таа се однесува на движењето и паркирањето на автобусите. Согласно донесената одлука на Советот на Општина Охрид за измена на режимот на сообраќај, автобусите симнувањето и качувањето на туристите, организираните групи, ќе го вршат на ул. Кузман Јосифоски Питу од почетокот па се до пресекот со ул. Партизанска (Универзитет Апостол Павле), додека паркирањето на автобусите ќе биде единствено можно на паркинг просторот позади спортската сала "Билјанини Извори".Напоменуваме дека на секое друго место каде ќе биде затекнат паркиран автобус истиот од страна на полицијата ќе биде казнуван согласно законот за неправилно паркирање.Цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а од 12-24 часа 600 денари. 

Македонија | пред 6 години

ohrid-gubre-3

(ФОТО) Ѓубре насекаде, шо напрајвме со убајнава

Големиот хуманитарец и екологист во душа охриѓанката Анета Вршкоска Јованоска на сите начини се обидува да ги освести охриѓани да им ја подигне еколошката свест.Таа постојано објавува фотографии од смет на најатрактивните места во Охрид, барајќи помош од надлежните да се исчисти, а од граѓаните да им се разбуди свеста и пред да фрлат добро да размислат. Јованоска често знае и да исчисти, но вели има толку многу што неможе да се постигне.„Ве молам вели таа, оваа божја убавина да не ја затрупуваме. За сметот има садови“.Денеска Јованоска објави фотографии од Лабино и напиша:„Да го спасиме Лабино од депонијава, секој ден врие од туристи за резил сме #СпасзаЛабино кантиве се нефункционални шират страшна смрдеа изгледаат грозно бидејќи најлоните се полнат со вода или се раскинати од животинки и ѓубрето е насекаде #Шонапрајвмесоубајнава фото: Анета Вршкоска Јованоска

Македонија | пред 6 години

babis

(ВИДЕО) Чешкиот премиер Андреј Бабиш во посета на земјава

Денеска во официјална посета на Македонија  престојува чешкиот премиер Андреј Бабиш. Церемонијата за пречек беше пред Владата, а потоа предвидени се средби на двете делегации.Предвидено е премиерот Бабиш да има средби и со шефот на државава Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и со министерот за економија Крешник Бектеши.Пред доаѓањето во Скопје, Бабиш најави дека ќе искаже поддршка од Чешката Република за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.Со своите домаќини ќе разговара за билатералната соработка и за актуелните случувања на Балканот, во Европа и во светот. Разговорите ќе бидат фокусирани и на можностите за чешки инвестиции во земјава.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/442673993179050/?notif_id=1560238691938423&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

pozar-kisela-voda-1

Кирацовски поттикнат од пожртвуваноста на пожарникарите, за нив ќе донира една своја плата

Пратеникот Александар Кирацовски, објави дека поттикнат од пожртвуваноста на пожарникарите кои учествуваа во гасење на пожарот во зграда во Кисела Вода, ќе донира една своја пратеничка плата.,,Брзата реакција, организираноста на противпожарната единица на Град Скопје која денес успешно се справи со пламените јазици од пожарот настанат во зградата во Кисела Вода (во чија близина привремено престојувам и јас со своето семејство), треба да биде пример за посветеност, пожртвуваност кон својата работа во служба на граѓаните, за многу општествени истакани личности, како и за вработените во сите институции.Хероите – пожарникари, кои неколку часа се справуваа со настанатиот пожар, спасија повеќе животи, ставајќи го својот во ризик.Тоа мора да се поздрави и да се награди, за да се поттикне како пример на однесување за сите нас.Во таа насока, како пратеник во републичкото Собрание, изјавувам дека за ПОЖАРНИКАРИТЕ – ХЕРОИ, во форма на награда ги издвојувам моите месечни приходи.Истовремено ги повикувам сите кои се во можност да го сторат истото во најразлична форма за овие хумани луѓе, но и за семејствата чиишто станови се зафатени од пламенот на настанатиот пожар.Хуманоста пред се!“-напиша Кирацовски на социјалните мрежи. 

Македонија | пред 6 години

jahi-jahija

Уапсен државен секретар во МИОА Јахи Јахија, одреден му е 30 дневен притвор

Осомничениот Јахи Јахиу, кого Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи дека зел поткуп за да намести фирма да добие европски пари, заврши во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.Доверливи тендерски информации државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахја ги наплатил речиси 38 000 евра. Пред да биде доделен ИПА проект вреден 1,2 милиони евра Јахја и уште една колешка - раководителка, детално ги информирале заинтересираните фирми кои потоа го добиле тендерот, велат од обвинителството.Инаку, Јахи Јахија е кадар на ДУИ. Според информациите на обвинителството, тој веќе бил осудуван. Раководителката која земала мито од 2500 евра, моментално не е во земјава. 

пред 6 години

banknoti

(ФОТО) Се појавија македонски банкноти со испишана парола: ,,Никогаш Северна, само Македонија”

Паролата ,,Никогаш Северна, само Македонија” се појави на книжните пари низ земјава. Имено граѓани на банкноти од 100 и 200 денари ја пишуваат паролата и банкнотата ја пуштаат во промет.Имено оваа идеја несомнено потекна од Србија. Наодамна српските медиуми објавија дека граѓаните на своите банкноти пишуваат “Косово е Србија” .https://twitter.com/HristodulP/status/1137660665147953157?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1137660665147953157&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fnode%2F20070

Македонија | пред 6 години

pozar-kisela-voda

Пожар во стан во населбата Кисела Вода, истиот се прошири - се евакуираат станарите

Во зграда во скопската населба Кисела Вода во близина на спортската сала „Расадник“се запали стан на 5-от кат.. Според неофицијални информации, пожарот се проширил.Во моментов пожарникарите на скопската противпожарна бригада со неколку возила го гасат пожарот и ги евакуираат станарите.Засега нема информации за повредени лица. Неофицијално, пожарникар се здобил со повреди гаснејќи го пожарот. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Тепачка во советот на општина Охрид, Нефи Усеини го нападнал Џелал Мена поради тоа што не сакал да гласа по негов ќејф

Советникот од БЕСА.  Џалал Мена тврди дека советникот Нефи Усеини физички го напднал бидејќи не гласал како што сакал Усеини. Мена го пријавил случајот во СВР Охрид, а во моемнтов е во општата болница каде што врши прегледи.„Јас не сакав да гласам по точката и советникот Нефи Усеини во присуство на сите советници, градоначалникот и целата јавност во салата во општина Охрид ми се нафрли и почна да ме тепа, по што другите не делеа, тврди за Скопје 1 советникот од Беса, Џелал Мена.Тој вели дека е изненаден од оваа појава во советот и дека од сега ќе бара советниците да бидат физички обезбедувани за да не бидат со сила принудувани да гласаат против својата воља.Градоначалникот не сакаше да го коментира настанот. Само кажа дека ќе остави институциите да го расветлат ово случај.Советникот пак Нефи Усеини, не успеавме да го добиеме.

Македонија | пред 6 години

132819825-171591

Именуван функционер и поранешен раководител на одделение во Министерство за информатичко општество се гонат за примање поткуп

Во текот на денешниот ден, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи по наредба на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со италијанското обвинителство од Милано, а со поддршка на ЕУРОПРАВДА, спроведува координирана полициска операција за обезбедување докази за „примање поткуп“ од страна двајца државни службеници при избор на правно лице за спроведување на проект финансиран од страна на ИПА фондовите.Заради обезбедување докази во правните лица кои биле инволвирани во криминалните дејствија, спроведени се симултани претреси во Република Северна Македонија и во Република Италија и тоа пет претреси во Скопје и Куманово од кои во две правни лица и едно министерство, како и во осум правни лица во Р.Италија. Притоа, Министерството за внатрешни работи привремено одзеде повеќе од десет компјутери (десктоп и лап-топ компјутери), УСБ и микро СД мемориски картички, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација, а еден осомничен е лишен од слобода.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица – именуван функционер во органите на државната управа и поранешен раководител на одделение во истиот орган на државна управа. За осомничените, македонски државјани, постои основано сомнение дека во повеќе наврати сториле кривично дело – Примање поткуп предвидено и казниво согласно чл.357 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.Имено, криминалистичката истрага активно се спроведуваше во изминатите два месеци во соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи со меѓународните организации ОЛАФ и ЕВРОПРАВДА, како и повеќе различни држави Италија, Холандија, Романија и други европски земји. Предметот е од меѓународни димензии и е инициран од страна на Европската служба за спречување измама – ОЛАФ која преку Јавното обвинителство во Милано, Италија, достави замолница за меѓународна правна помош до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. По наредба на надлежен јавен обвинител, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведе истражни дејствија и обезбедување докази во врска со нерегуларности, измами и корупција во неколку проекти спроведени во различни институции во нашата држава, финансирани од Европската Унија. Извршени се проверки и потврдување на сомненијата за корупција при доделување на ИПА Фондови во износ од 1.2 милиони евра, во период 2014-2016 година, каде инволвирани биле двајца македонски државјани, а дејствијата биле извршени во Италија, Холандија, Обединето Кралство, Романија и во други европски земји.Во рамките на истрагата во ЕВРОПРАВДА во Хаг беше одржан и координативен работен состанок заради размена на првични информации и донесување заклучоци за спроведување заеднички координирани активности за обезбедување докази во Република Италија и Република Северна Македонија.Осомничените како службени лица, во периодот од јуни 2014 година до август 2015 година од италијанско правно лице преку посредници – италијански државјанин советник во правното лице и англиски државјанин – деловен партнер на англиско правно лице со подружница во Скопје, примилe подарок – патување во странство во три наврати, со вкупна вредност од 7000 евра за да извршат службено дејствие што не смееле да го извршат. Тие како службени лица, пред официјалното објавување на условите за работење на правното лице – апликант на тендерот, му овозможиле детален пристап до доверливи тендерски информации. Со ваквата постапка осомничените иако знаеле дека споделувањето на информации со апликанти или потенцијални апликанти во тендерски постапки е противзаконито, го прекршиле законот и принципите за доверливост и еднаков третман и на правното лице му овозможиле повластена положба и предност во однос на останатите апликанти. Како резултат на тоа, правното лице било избрано да го спроведува ИПА проектот и бил склучен договор во вредност од 1.096.900 евра.Во текот на 2016 година, во периодот кога во Министерство за информатичко општество и администрација веќе отпочнало спроведувањето на ИПА проектот, како награда за своето противзаконито службено дејствие првоосомниченото лице, преку италијанскиот посредник од правното лице во два наврати примило во готовина парични средства во вкупен износ од 37.930 евра, односно 2.332.695,00 денари, со што се стекнало со значителна противправна имотна корист. Второосомниченото лице примило подарок во вкупен износ износ од 2.500 евра, односно 153.750,00 денари и се стекнало со поголема противправна имотна корист.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Кривичниот суд – Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против првоосомничениот кој во 2005 година бил гонет за кривично дело Злоупотреба на избирачкото право по член 161 и во истиот предмет осуден со парична казна за повреда на избирачкото право од член 159 од Кривичниот законик. Второосомниченото лице во моментот не се наоѓа на територијата на нашата држава. 

Македонија | пред 6 години

132819825-171591

Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, земал поткуп

По налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, утринава е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања и за земање провизија од добиен тендер, објави СДК.МК.Според неофицијални информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, се работи за мито од десетици илјади евра, што Јахија го зел во 2014-2015 година.Текстот во целост на: sdk.mk

Македонија | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

(ФОТО) Груевски на бизнис забава на брод по Дунав

Откако пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, беше уловен од унгарски новинар кој се обидуваше без успех да му извлече одговори на неколку прашања, истиот ден Груевски бил виден на брод во Дунав. Новинарот Балеж Цеко на својот твитер акаунт објави фотографија од Груевски кој присустувал на прием на брод. Тој таму се наоѓа во друштво со неколку мажи, чиј идентитет не е откриен.https://twitter.com/balazscseko/status/1137495091818520577Според редакцијата на порталот „444“ Груевски присуствувал на бизнис настан наречен „Будимпешта бизнис забава“.Тој претходно дента се сретнал со заменик државниот секретар во унгарското МНР, Иштван Јо, во стан наводно во сопственост на двајца кинески државјани. Од Министерството за надворешни работи на Унгарија во одговор до порталот за средбата изјавиле дека нема ништо невообичаено вработен од МНР да биде во контакт со човек кој бил долгогодишен премиер на својата земја.

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Груби за одложувањето на дебатата за пописот: Не обезбедивме претставник од ЕУ

Собраниската комисија за европски прашања на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис на населнието, домаќинствата и становите 2020 година, е откажана.Оваа комисија утринава е тргната од дневните активности на веб страницата на Собранието. Во политичките кругови се шпекулира дека одложувањето на седницата е за да не се креваат тензии пред посетата на премиерот Зоран Заев на Берлин, поради лобирање за добивање на датум за почеток на прегоорите со ЕУ овој или наредниот месец.Вчера, ВМРО-ДПМНЕ реагираше за овој Предлог-закон и начинот на којшто тој треба да биде донесен. Според партијата, власта се обидува во брза собраниска процедура да протне законски текст без јавна дебата на која ќе бидат пренесени и ставовите на опозицијата и на граѓаните.Претседателот на Комисијата за европски прашања пак вели дека  денешната седница е одложена бидејќи за првата точка од дненвиот ред, а тоа е разгледување на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, не обезбедиле претставник од мисијата на ЕУ.-Комисијата ја закажавме во петокот попладне, времето беше кусо и за жал не успеавме да осигураме претсавник од мисијата на ЕУ ниту да ги поканиме допломатскиот кор, невладините и други гости – вели Груби.

Македонија | пред 6 години

skolo

Почнува распустот за учениците

За учениците денеска е последниот училиштен ден и почнува летниот распуст. Учебната 2018/2019 година ја завршуваат околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња.На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта.Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. Според Конкурсот на Министерството за образование наука, за учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 35.690 ученички места.Матурантите, пак, треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец пред да се запишат на факултет во август. Во вторник е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија,  физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика.Од септември се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk)  за доставување сугестии и забелешки.

Македонија | пред 6 години

1-8

Казнет 191 возач за непрописно паркирање

Еден велосипедист и четворица пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, а 26 лица со лесни телесни повреди во вкупно 20 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 11 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 109 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 48 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници и 33 возила кои биле нерегистрирани.За непрописно паркирање полицијата издала 191 мерка, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 90 возила.

Скопје | пред 6 години

zoo

Поскапеа влезниците во скопската Зоолошка градина

Поскапени влезниците во Зоолошката градина во Скопје. Едно семејство со две деца само за влез во Зоолошката градина во Скопје, наместо 200 ќе треба да плати 320 денари. Според новиот ценовник ќе се воведат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница, пишува алфа тв.Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари. Посебно се плаќа за јавање на пони коњчињата, за возење на вовчето, за количките и секако за грицки и сокчиња.Директорот изјави дека ова поскапување било симболично поради зголемените трошоци кои ги имале, но и дека парите ќе се трошеле за подобрување на условите за животните.-Поскапувањето е симболично бидејќи имаме и многу нови животни во Зоолошката, стигнаа лавовите, од лани слоновите, шимпанзата. Постојано пристигнуваат нови птици и големи се трошоците на Зоолошката, вели Галетановски.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања