„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

pino

Полицијата ги сопрела Али и Ангела неколку часа по убиството на Пино?

Патрола на сообраќајната полиција ги сопрела Ангела Ѓорѓиевска и Али Фуркан неколку часа откако го убиле Пинета Секондо, додека со автомобилот „опел аскона“ на Фуркан се возеле од Ѓоре Петров кон Скопје, дознава „Код“.Полицајците не ни претпоставиле што се случило претходно, па по легитимирањето ги пуштиле.Како што дознава „Код“ од извори на истрагата,  на убијците им помогнал пријател на Фуркан, кој им донел облека за да се пресоблечат, но наводно не знаел дека двајцата извршиле убиство. Тие наводно со автомобилот на Пино, „шкода фабија“ заминале кон Сингелиќ каде го убиле момчето, а потоа се вратиле во Ѓорче Петров, каде наводно Али ја оставил својата кола „Опел аскона“.Тие со пријателот се сретнале во Топанско Поле, каде се пресоблеке и заминале во Ѓорче, па кога возеле кон Центар ги сопрела полиција. Двајцата наводно биле и во кафуле пред да се вратат во Сингелиќ каде се префрлиле во „шкодата“ и заминале на Башинец каде го закопале.Според она што досега е познато, вечерта на 10 декември 2018 година Ангела го повикала Пино да се најдат кај насипот во Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и Али  со намера да го убијат. Кога пристигнал Аи со пушка се заканил кон жртвата, по што сите тројца се упатиле со автомобил кон Арачиново. Откако пристигнале осомничените започнале вербална расправија со жртвата, по што првоосомничениот го застрелал оштетениот и го лишил од живот.ИЗВОР: 24Инфо.мк

Македонија | пред 6 години

polski-navivaci-vo-pritvor

223 полски навивачи добија по 150 евра казна

223 полски навивачи кои во петокот беа приведени поради нарушување на јавниот ред и мир во Градскиот парк во Скопје, својот престој во Македонија го завршија со по 150 евра казна, без забрана за влез во земјава.Од Основниот суд Скопје 1 соопштија дека пасошите на поголем број од навивачите им биле одземени додека не ја платат казната, а потоа им биле вратени.Во петокот, пред почетокот на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Полска, поголема група полски навивачи решија да се пресметаат меѓусебно.Приведените 223 лица со автобуси биле однесени во полициските станици Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба.

Македонија | пред 6 години

Koco-Angjusev-vlada

Огранокот на СДСМ бара: Или со „метлата“ да бидат опфатени Анѓушев и Тевдовски, или и двајцата да останат

Огранокот на СДСМ инсистира од „метлата“ на премиерот Заев да бидат опфатени министрите Кочо Анѓушев во пакет со Драган Тевдовски, пренесува ТВ 21.Од владејачката партија бараат или двајцата да бидат разрешени, или ниту еден од нив.Од друга страна, ТВ21 дознава дека Заев исто така сака да направи родов баланс на ниво на функциите, затоа бара да се зголеми бројот на жени кои раководат со владините ресори.

Македонија | пред 6 години

klinicki-35wp8risje5ymub1g2yubk

Изградбата на новиот Клинички центар ќе почне на есен

Во дискусијата за промените кои водат до поквалитетни здравствени услуги, во емисијата „Две години влада – одговорно пред граѓаните“, премиерот Зоран Заев информираше дека проектот со сите детали за новиот Клинички центар е завршен, и дека изградбата ќе започне на есен во општина Ѓорче Петров каде овие денови започнаа катастарските работи за уредување на локацијата.Новиот клинички ќе биде ултрамодерен, како оние во големите европски центри, а тоа го гарантира и поволната оценка на физибилити студијата што ја изработи австриското министерство за технологија.„Наскоро ќе бидеме подготвени да настапиме пред потенцијалните странски  финансиери за изведба на овој мега проект. Тоа ќе биде установа за комплексни здравствени услуги“, рече министерот за здравство Филипче, и додаде дека во меѓувреме се прави сеопфатна оценка на здравствениот систем за да се изведе зајакнување на регионалните центри и за да запре неоснованото упатување на огромен број случаи кон универзитетските клиники.

Македонија | пред 6 години

Capture

ВИДЕО: Вработена во скопски суд зема 6500 евра за да договори пресуда

На видео кое го објави Досие.мк. вработена во Основен суд во Скопје како договара и зема поткуп за да договори пресуда. Се работи за вработена во оддел за стопански спорови.Вработената од семејство на осуден за разбојништво побарала и добила 6500 евра за наводно да договори пресудата во Апелациониот суд да падне односно да биде укината. Семејството се согласило и и дале пари кои таа ги ставила во џеб, а пресудата поради грешки во постапката била укината и вратена на повторно судење, пишува Досие.мкОсомничената која ја има на видеото и самата погледнува дали некој ја снима. Видеото не застанува тука има и дел каде таа споменува имиња на судии кои одлучувале по предметот но според странките никогаш ниту побарале ниту зеле пари ниту имаат некаква конекција со осмомничената. Според извори од скопските судови и друг пат била замешана во слични нелегални активности.Извор: Досие.мк 

Македонија | пред 6 години

navivaczi-1200x545_c

“Полјаците се чудо, ги тепаш а тие стануваат како ништо да не било”, сведочи полицаец од Скопје

Сe почна со првиот инцидент на плоштадот Македонија, па продолжи со тепачка во близина на Владата, па со ситни бркотници, а заврши со пресметка за аналите, каква што македонската полиција нема видено кај Националната Арена „Тодор Проески“ во градскиот парк, пишува Спорт1.мк„Невидено нешто, 'пола саат' се тепаа. Вакво нешто немало. Не сум видел вакво нешто. Ги тепаш, а тие после два удари паѓаат и пак стануваат. Продолжуваат како ништо да не било. Ама, добија добар ќотек“, посочува еден од полицајците кои ги растерале хулиганите.И кога дојде мечот на ред, источната трибина и двата блока речиси преполни. Празни делови доволно колку за тие што отсуствуваа, зашто беа приведени. А на трибина сите како една група, навиваат за Полска, како ништо да не се случувало во претходните 24 часа низ Скопје.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Уапсен убиецот од Чаир

Полициски службеници од СВР Скопје го уапсија 29-годишниот Орхан Амети по кого имаше распишано потерница за убиство кое тој го изврши пред речиси две години.„Денеска (9.6.2019) на локалниот пат Зелениково-Моране полициски службеници од СВР Скопје го приведоа О.А. (29) од Скопје, кој се бараше за извршено кривично дело „убиство“ извршено на 20.12.2017 на ул. Џон Кенеди, каде пред угостителски објект беше убиен Б.И. (24) од Скопје“, се вели во соопштението на МВР.

Скопје | пред 6 години

komuna-696x355

(ВИДЕО) Вработен во „Комуналец“ го собра ѓубрето па го фрли во Вардар

На социјалните мрежи се појави видео на кое вработен од скопски „Комуналец“’ додека го чисти мостот „Близнаци“ во скопската населба Аеродром, собраното ѓубре од тротоарот наместо во кантата за отпад, без двоумење го фрла во реката Варадар.https://www.facebook.com/makedonskivesnik/videos/549733012098694/

Скопје | пред 6 години

Dejan-Milosavljev

Милосављев: Вардаре, во срце ќе те носам

Српскиот голман од редовите на Вардар, Дејан Милосављев со емотивна порака се прости од европскиот првак од Скопје.Тој својата кариера ќе ја продолжи во германскиот клуб Фиксе Берлин, а преку социјалните мрежи се заблагодари за времето поминато во клубот од Скопје.„Година дена која не се опишува во мојот живот во еден од најголемите светски клубови. Благодарам.Вардаре, во срце ќе те носам. Благодарам на совршената екипа која многу даде и направи од мене тоа што сум во моментов. Благодарам на сите луѓе кои направија да се чувствувам убаво и да сум дел од вас. Шампиони на Македонија, Суперкуп на Македонија, СЕХА лига, ЕХФ Лига на шампиони. Сонував со отворени очи и ви ја посакувам целата среќа на светов“, напиша Милосављев.

Спорт | пред 6 години

gruevski-so-novinar-696x356

Груевски се сретнал со функционер на МНР на Унгарија

Екс-премиерот во бегство, Никола Груевски во петокот имал средба со функционер на Министерството за надворешни работи на Унгарија.Според нив, не е ништо чудно МНР да биде во контакт со личност во Унгарија, која во својата земја долго време била премиер.Според информациите, Груевски се сретнал со заменик државен секретар во унгарското МНР, Иштван Јо, во стан кој е во сопственост на двајца кинески државјани.

Македонија | пред 6 години

ohis

(ВИДЕО) Мицкоски: Заев вети дека ќе се рестартира, но Охис тапка во место

Работниците на Охис се без работа и покрај ветувањата на Заев за рестартирање на фабриката. Поминаа 3 години, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Во 2017-та лично премиерот Заев вети дека ќе се рестартира. Истото ветување го даде и следната 2018-та година, но залудно, бидејќи Охис тапка во место. Оваа година Вицепремиерот Анѓушев, неподносливо арогантно и по принципот “сит на гладен не верува” им порача на работниците дека не бил султан за да дели пари, додека работниците на Охис си го бараа ветеното. Погледнете го ова видео, кое е надвор од провладината магла за убав живот, кој во реалноста е пекол и уништување.  Додека Владата сее магла за успеси во економијата, народот живее во сиромаштија. Работниците од компаниите загубари се чуствуваат измамени од премиерот Заев и Владата“, напиша Мицкоскиhttps://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1102158976651488/

Македонија | пред 6 години

osmani

Годинава започнуваат преговорите со ЕУ, вели Османи

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, во „360 Степени“ образложи дека пораките што ги добиваат од европските престолнини се дека датумот е извесен во октомври и дека тоа би значело дека до крајот на оваа година може се очекува стартот на преговори за членство во ЕУ.„Има некои земји членки кои не ја сфаќаат сензитивноста на тие месеци. Ние, имајќи лошо искуство од минатото каде тука на Балканот еден ден повеќе може да ја комплицира ситуацијата, а да не зборуваме една година или еден месец, особено овие три месеци до октомври, имајќи ги во предвид регионалните спорови – тоа што се случува во Грција со изборите, Брегзит е одреден токму во октомври, следната Комисија со работа стартува на први ноември, значи кога во октомври ќе се усвои одлуката тоа ќе биде последната седница на комесарите, последните денови на актуелните еврокомесари“, изјави Бујар Османи – вицепремиер за евроинтеграции.

Македонија | пред 6 години

inspektor-ilievski-696x445

Според Илиевски, инспекторот што ќе врши вонреден надзор на ДУТ има конфликт на интереси

На Правниот факултет, при Државниот универзитет во Тетово, ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор за да се утврдат наводите на просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој утврди дека тројца актуелни функционери незаконски напредувале во научните звања. Вонредниот надзор ќе го врши раководителот на секторот за иснпекцитеки надзор, Афри Саљију, кој, според Илиевски, има конфликт на интереси.Како што вели Илиевски, Саљији не смее ни да влезе во овој факултет бидејќи неговата ќерка работи таму.-Самото негово одење таму има судир на интереси бидејќи на тој Правен факултет каде што извршивме инспекциски надзор е вработена неговата ќерка. Тоа е судир на интереси тој да истражува. Ќе биде интересно да се види што ново ќе откријат по нашите документи – изјави Илиевски за ТВ 24.Тој додава дека со вонредниот надзор ќе се настојува да се промени неговото решение, со цел, како што вели, Инспекторатот да го заташка случајот.Илиевски откри дека министерот за образование, Арбр Адеми, и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, незаконски напредувале во научните звања, иако требало нивната професорска позиција да биде во мирување бидејќи во исто време извршувале функција во Владата.

Македонија | пред 6 години

paunovski

Љубен Пауновски го доби случајот против Македонија

Европскиот суд за човекови права пресуди дека на поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски му било нарушено правото на судење во разумен рок, но ги одби жалбите за повреда на други права од конвенцијата, пренесе „Телма“.Судот по основ на констатираната повреда му досуди надомест на штета во износ од 900 евра, и уште 800 евра за покривање на трошоците.Деновиве судот во Стразбур утврди повреди и за лустрираниот кичевски судија Драги Билевски чиј начин на лустрација стана дел и од истрагата на СЈО за случајот „Моќник“ против пратеникот Антонио Милошоски.Во април 2007 Пауновски беше осуден на три и пол години затвор. Обвинението го товареше за проневерени на над милион и пол евра во 2001 година. Беше осуден поради злоупотреба на службената положба и овластувања во време на конфликтот 2001, наводно преку два договора направени со фирма на негови роднини, а со кои државата Македонија била оштетена за три милиони тогашни германски марки.Во Стразбур оцениле дека во неговиот случај има повреда на правото на правично судење во разумен рок. Пропусти имало во презумпција на невиност, немање време за делување на одбрана и недопуштеност во сведочење

Македонија | пред 6 години

zemjotresi-ohridsko-ezero

Два земјотреси во Охрид, епицентарот во Охридското Езеро

Утрово регистрирани два земјотреси во Охридско струшкиот регион со. Епицентарот на двата земјотреси е во Охридското Езеро.  Првиот во 2часот и 10 минути на 4 километри од Охрид, а на 9 километри од с. Мислешево - Струшко. Земјотресот беше со магнитуда од 2,5 степени.Вториот земјотрес беше со јачина од 2 степени јужно од Струга, исто така со епицентар епицентар во Охридското Езеро. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања