„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

BE2156F9-1972-43F9-A376-D6231E1722CC

Приведените полски навивачи објавија фото од притвор

Последните два дена, во пресрет на натпреварот од квалификациите за Европското првенство, Македонија ја пречека Полска.Навивачите на Полска уште еднаш докажаа зошто со озлогласени во низа инциденти, што со полицијата, што помеѓу себе.Дури 223 навивачи беа уапсени, а сега објавија слика како си поминаа во притворот.извор: Sport1.mk

Скопје | пред 6 години

vlado-jovanovski

Владо Јовановски: Од затвор се излегува, од ментален затвор ТЕШКО

Актерот Владо Јовановски со емотивен статус на социјалната мрежа фејсбук. Тој напиша:Јас веќе ја зедов "оштетата", од "државата"Република Северна Македонија...За премрежијата ...За мене, за моето семејство, за моите блиски и најблиски роднини, пријатели и непријатели...Премрежија, кои не ги посакувам никому!Ниту, на најголемиот душман, (в'рл дупшман)!Последните пари, ги дадов вчера, за казна од ЕВН, за исклучена струја и повторно приклучување, Од 1742.оо. денари. + (плус)...Трет пат ми е зимава...!Но...Не се жалам...!Има луѓе кои немаат ниту за струја, а имаат и уште потешки случаи...Здравствени, лични, семејни...Најстрашно е што невини луѓе гнијат по затворите...(ЗА СЛОБОДАТА СТАНУВА ЗБОР)!Во однос, на пишувањето на некои медиуми и поединци, дека сум побарал пари од "државата", како надомест...Ќе кажам...Сите пари на светов да ми ги дадетe...НАВРЕДЛИВО ЗА МЕНЕ Е!За лични работи, не сакам да зборувам...Жал ми е за сите луѓе, со празни души, кои својата празнотија, мислат дека можат да ја надополнат, со занимавање или опсесија со туѓи животи!ПРАЗНО И ТАЖНО.НО, ТОА Е!ОД ЗАТВОР; СЕ ИЗЛЕГУВА!ОД МЕНТАЛЕН ЗАТВОР - ТЕШКО.НЕКА КАЖЕ СУДОТ, КОЈ ПОБАРАЛ ОШТЕТА ОД ОБВИНЕТИТЕ, А АМНЕСТИРАНИ...НЕКА КАЖЕ...(КОЈ ОД АДВОКАТИТЕ БАРА ПАРИ...https://www.facebook.com/vlado.jovanovski.12/posts/2395612287157898

Македонија | пред 6 години

simon

Ќе продолжам да сонувам, Кога ќе бидам спремен сонот да го направам јаве ќе се вратам, а до тогаш - Збогум Македонијо!

Фејсбук статус на Симон Андов:Од 2010 година почнав да сонувам. Сонував насекаде, од Македонија, па во Франција, Хрватска се до Италија. Во 2018 год. се вратив за тоа што бев спремен сонот да стане јаве. Го чекав конкурсот за Дипломати на Македонија. Го чекав со месеци. Всушност, не чекав туку работев и придонесував на секој начин на кој умеев. Во меѓу време, конкурирав во меѓувладина организација во Италија. Ме примија. Солидна позиција, коректна плата, совршена држава. Заминав. На крај од 2018, конечно го објавија конкурсот за Дипломати. Додека го читав огласот сменив температура на три годишни времиња, од топол бран до есенски ветер и на крај замрзнав кога видов - плата од 16 699 денари. Си реков од живеење пак да се вратам на преживување? Да, но сега е моментот! Не сакам да лажам, имаше многу денови кога ме враќаше помислата, се убедував и разубедував самиот. Но на крај на денот секогаш заспивав со мислата дека сепак треба да се вратам за да пробам! За мене, за фамилијата и за мојот народ!Почнав да припремам документи - нострификација (6 000 ден), сертификат англиски (3 000ден), да бидам поконкурентен извадов и сертификат по француски (4 000ден), потврда за неосудуваност (600 ден), трошоци за заверка кај нотар (1 000 ден), сертификат за познавање компјутерски програми (3 000ден). Си помислив, скокнал стандардот и за аплицирање, како ли му е на оние кои се невработени и аплицираат за работа (Па никаде во Европа го нема ова. Ама ајде да не се правам многу паметен). На рачунот треба да се додадт и уште околу 25 000 евра за студиите. Ма добро – за каузата вреди да се живее - За мене, за фамилијата и за мојот народ!Еден од документите беше ДОКАЗ за општа здраствена состојба. Пратив маил до Агенција за Администрација со молба за одговор ‘’Кој докумнет е потребен и рокот за негова важност.’’ До денес не добив одговор. Во меѓувреме, татко ми се конслутира со Матичен лекар, кој предложува лекарско уверение (1500) или потврда од лекар. Си реков лекарско имам од пред две години, анексиран со потврдата веројатно ќе се прифати. Или во најмала рака ќе се побара дополнителен документ во наредната фаза. Чунки кандидат за ЕУ, Европа, вредности! Чунки градиме нова дипломатска фела на државата!Постапката за селекција траеше цели пет месеци. Замрзнување па одмрзнување на процесот го направија немо, без никакво соопштение. И вчера, сосем случајно отварам профилот па читам – “Твојата апликација е означена за неуредна. Причина: застарено лекарско уверение.“ Аха. Епа добро. Извинете што сум неуреден и за времето што ви го одземав и фала многу!!!Си ја наведнав главата и се прашав: Зарем дипломиран правник (со просек 9.20), Специјалист и Магистер по европско право на ЦЕИ во Нанси, Франција, Магистер по европска интеграција на Универзитетот во Ремс, Франција, човек кој бил дел од Извршниот совет на УНЕСКО во Париз (2015), Постојаната Мисија на Македонија во ЕУ во Брисел (2015), Министерството за Надворешни Работи на Македонија (2016), Централно Европска Иницијатива, Италија (од 2018 до денес) – ЗАСЛУЖИЛ ДА БИДЕ ОТФРЛЕН КАКО НЕУРЕДЕН КАНДИДАТ? Зарем неуреден човек, би успеал да го постигне ова до 27 години и уште да ја одржи силната желбата за да се врати за свесно и совесно да се вложи во државата? Да се разбереме, не очекував црвен тепих и државни почести ниту загарантирано работно место- единствено сакав да го поминам целиот проес на конкурсот како што тоа го прават моите колеги во нивните држави.Ех мои луѓе! Ми горче во душата! Ме печат очите а душата сака да викне! Не само за мене. За сите оние кои заспиваат со желба еден ден да жнеат на својата плантажа. Кривци еден куп. Кој во државата кој веќе пребегани. Немам за цел да ги посочам со прст. Проблемот и не е нов. Не е ни единствен. Потребни се иницијативи и решенија за сите идни случаи, за да не биде касно. Во наредниот период, писмо ќе испратам до Претседателот на државата, Премиерот и Министерот за надворшени работи, ќе алармирам и ќе зборувам гласно. За мене, за мојата фамилија и за мојот народ!Ќе продолжам да сонувам. Кога ќе бидам спремен сонот да го направам јаве ќе се вратам. Не знам кога. А до тогаш - Збогум Македонијо!THE END <3https://www.facebook.com/simon.andov/posts/431274397724841  

Македонија | пред 6 години

dojransko-ezero

Кривична пријава за “бесправно градење“ во Стар Дојран, изградил камено – бетонски ѕид во езеро

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.П.(59) од Стар Дојран, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “бесправно градење“. Во текот на 2018 година, пријавениот без правен основ започнал со изградба во водите на Дојранско езеро, односно истиот изградил насип со камено – бетонски ѕид со намера да добие дополнителен простор во неговата парцела.

Македонија | пред 6 години

retki-bolesti-4

Филипче: За две години воведовме пет нови лека, за годинава обезбедени се вкупно 380 милиони денари

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се обрати на Регионалната конференција за ретките болести, која се одржува во Струга, во организација на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.„Министерството за здравство особено е посветено на грижата за лицата со ретки болести. Во постојана комуникација и координација сме со здруженијата кои се вложуваат во оваа област и заеднички работиме за поквалитетен третман на ретките болести. Со Програмата за ретки болести овозможуваме континуитет на активностите кои државата ги презема за набавка на медицинска терапија за лекување и третман за пациентите со ретки болести. За оваа година, обезбедени се вкупно 380 милиони денари, а само за споредба во 2017 година оваа Програма изнесуваше 214 милиони денари“, истакна министерот Филипче.Министерот додаде дека минатата година се воведени 3 нови лека за ретки болести, од кои еден за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија и нов лек за болеста Гоше, а годинава се воведуваат уште два нови лека. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Возачот на мопедот почина во сообраќајна несреќа

На 07.06.2019 во 23,35 часот било пријавено дека на автопатот Свети Николе -Штип кај с.Криви Дол се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Мерцедес E-320“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(47) од Штип, мопед скутер “Хамаши-50“ без регистарски ознаки, управуван од К.К.(31) од Велес, патничко моторно возило „Ауди A-4“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.К.(51) од Штип, и патничко моторно возило “Опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(28) од с.Соколарци о.Чешиново-Облешево. Возачот на мопедот починал на местото на настанот.Возачот и сопатниците од возилото „Мерцедес“, М.Ј.(45) и две лица на возраст 15 и 13 години се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница-Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип.

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Претседателот Пендаровски со поддршка на иницијативата за реформа на изборниот модел

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, дава поддршка на иницијативaтa на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до Кабинетот на Претседателот, за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, а во насока на создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати.Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски смета дека демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото и правото на фер и слободни избори се важен фактор за просперитетот на Република Северна Македонија.  

Македонија | пред 6 години

retki-bolesti-3

Регионална конференција за ретки болести во Струга

Здружението на пациенти за ретки болести „Живот со предизвици“ по повод десетгодишнината од постоењето, од денеска до девети јуни организира три конференции во Струга.Конференциите ќе се одржат во соработка со Одделот за генетско инженерство при МАНУ и здруженијата на пациенти од регионот.Свое обраќање пред присутните имаа Елизабета Ѓоргиевска, Прва Дама на Република Северна Македонија,  Венко Филипче, Министер за Здравство на Република Северна Македонија,  Јагода Шахпаска, Заменик претседател на Комисија за здравство при Собрание на Република Северна Македонија,  Александар Димовски, Истражувачки центар за генетски инжинеринг и биотехнологија „Ѓорѓи Ефремов“, при Македонска Академија за Науки и Уметности,  Зоран Гучев, Македонска асоцијација за ретки болести,  Весна Алексовска, Претседател на ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ.– Учесници на овие конференции се пациенти, лекари, истражувачи, застапници на пациенти од Албанија, Србија, Хрватска, Северна Македонија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Чешка, Германија, Велика Британија, Словенија Црна Гора.., информираат организаторите.Планирано е одржување и симпозиум за физиотерапевти, како паралелен настан, со гостинот предавач проф. д-р Марион Мејн од Германија, експерт за физиотерапија кај пациенти со мускулна дистрофија и спинална мускулна атрофија.

Македонија | пред 6 години

1

Заев и Филипче: Клинички ќе почне да се гради на есен

Во дискусијата за промените кои водат до поквалитетни здравствени услуги, во емисијата „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“ на НРТВ, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев информираше дека проектот со сите детали за новиот Клинички центар е завршен, и дека изградбата ќе започне на есен во општина Ѓорче Петров каде овие денови започнаа катастарските работи за уредување на локацијата.„На есен ќе започне уредувањето на теренот, а потоа и првата фаза од изградбата, опремувањето и обуката на вработените за да бидат подготвени да работат со најсовремената опрема која таму ќе биде вградена во последната фаза“, рече премиерот Заев.Новиот клинички ќе биде ултрамодерен, како оние во големите европски центри, а тоа го гарантира и поволната оценка на физибилити студијата што ја изработи австриското министерство за технологија.„Наскоро ќе бидеме подготвени да настапиме пред потенцијалните странски финансиери за изведба на овој мега проект. Тоа ќе биде установа за комплексни здравствени услуги“, рече министерот за здравство Филипче, и додаде дека во меѓувреме се прави сеопфатна оценка на здравствениот систем за да се изведе зајакнување на регионалните центри и за да запре неоснованото упатување на огромен број случаи кон универзитетските клиники.„За таа цел ќе посветиме уште поголемо внимание на можностите за јавно приватно партнерство за искористување на дополнителни ресурси, финансиски или стручни. Тоа се модели од напредни земји. На пример, нема потреба да се задолжуваме за скапа опрема кога таа опрема ја има во некоја приватна институција, а да платиме само за услугата, која и така веќе ја плаќаме. Тоа не е на трошок на пациентите. Тоа е истиот трошок кој и сега се плаќа за извршената здравствена услуга. Ние ја плаќаме референтната цена, за многу поквалитетна услуга за здравствените потреби на нашите граѓани“, дополни Филипче.

Македонија | пред 6 години

kravi

(ВИДЕО) Кејот на Вардар претворен во пасиште

Кејот на Скопје, денеска беше претворен во пасиште. На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како на кејот на реката Вардар каде пасеа.https://www.facebook.com/bojkotiram/videos/2195322360523481/

Скопје | пред 6 години

gruevski

(ВИДЕО) Груевски: Ти прашувај, но јас нема да одговарам

Екс-премиерот, Никола Груевски денеска беше начекан од унгарски новинари за во Будимпешта. Тој за Телевизијата 444, рече:-Извинете, но денеска нема да давам никаква изјава.Грувески одбегна да каже и кога последно се видел и разговарал со Виктор Орбан, како заработува за живот и што прави во Унгарија..Во продолжение видео од обидот на унгарскиот новинар да извлече одговори од Груевски.

Македонија | пред 6 години

kamion-deca-1

(ВИДЕО) Камион удри во деца екскурзијанти - загинаа две деца, а две девојчиња тешко повредени

Голема трагедија во Хрватска. Камион удри во група туристи кои одморале крај автопатот на стојалиште на потегот од Новска до Окучани.  Две деца загинаа на местото на несреќата , а две девојчиња се тешко повредени, потврди за хрватските медиуми хрватската полиција.Неофицијално, возачот на камионот со приколка, изјавил за полицијата дека му откажале сопирачките.Двете загинати девојчиња се од седмо и осмо одделение од хрватското место Даљ, кои заедно со своите наставници и 40 ученици оделе на школска екскурзија.https://www.facebook.com/jutarnji.list/videos/400394123898789/фото:jutarnji.hr

Свет | пред 6 години

gruevski-2

Оставката на Груевски пристигнала на унгарски јазик, за неа најверојатно ќе се расправа на седницата во вторник

Најавената Оставка од пратеничката функција што ја најави поранешниот премиер Никола Груевски била доставена во парламентот пред два дена. Претседателот на собранието  Талат  Џафери, велид ека дека истата веќе е дадена на превод бидејќи била напишана на унгарски јазик.Оставката пред неколку денови беше најавена на фејсбук профилот на Груевски, по што владејачкото мнозинство реагираше дека тој треба тоа да го стори лично.Неофицијално  за оставката на Груевски  пратениците ќе дискутираат на следната собраниска седница што ќе се одржи во вторник. 

Македонија | пред 6 години

ilievski

Просветниот инспектор Илиевски отворено за јавноста: Ми се заканија, за министерот и заменик министерот добив молби да го прикријам случајот

 Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор и раководител во одделението за инспекциски надзор во високото образование, проговори во јавноста за скандалот кој го  обелодени, а се однесува на незаконитости на Тетовскиот универзитет. Илиевски во отвореното писмо до јавноста вели дека директорот на ДПИ му вршел притисок да ги повлече записниците, а дека добивал и молби да ги сокрие случаите за министерот и заменик министерот.Неговото писмо го објавуваме во целост.„Не сум изненаден од директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски, и раководителот на Секторот за инспекциски надзор, Африм Саљиу, со ваквото соопштение бидејќи тие ми вршеа притисок со закани да се повлечат записниците и да не се праќаат решенија оти ќе трпам последици ако не ги повлечам записниците и не смеам да пуштам решенија. Таквите закани беа на одржаниот состанок на 10.05.2019 година во канцеларијата на директорот, каде што беа присутни колегите Предраг, Зоран, Весна, Христина, Даниела, Снежана. На таквите закани им беше одговорено од моја страна дека јас сум самостоен инспектор и на сето што сум констатирал се потпишувам и стојам зад тие констатирани незаконитости. Им одговорив дека сакам професионално и законито да си ја завршам мојата работна кариера. А за ваквите закани ќе бидат информирани сите домашни институции, странски амбасади, средствата за јавно информирање, како и Државната комисија за корупција. Тоа и го направив, запознати се сите. Тоа стои и во Претставката бр.12-2682/1 од 13.05.1019 година, како и во дополнителна претставка доставена до Државната комисија за спречување корупција за напред наведеното.Само да ги потсетам претпоставените. Дали треба да се почитува и применува Законот за инспекциски надзор – Основните начела на инспекцискиот надзор, ќе го истакнам само член 8 кој го обврзува секој инспектор, цитирам: „Инспекторот е самостоен при вршењето на инспекцискиот надзор и одлучувањето за дејствијата кои треба да се преземаат при вршењето на надзорот, како и за мерките што ќе бидат изречени по извршениот надзор“.Оттука произлегува и член 31 став 2 од Законот за просветна инспекција, цитирам: „Доколку просветниот инспектор утврди дека не се применуваат законите, прописите и другите акти, донесува решение со кое се наредува извршување на определени мерки во определен рок кој ги определува инспекторот, а тој рок не може да биде подолг од осум дена од денот на донесување на решението“.Од извршениот редовен инспекциски надзор, извршен на Државниот универзитетот во Тетово на 01. и 12.04.2019 година, на Правниот факултет од страна на моите колеги кои бевме на надзор 5 (пет) проверивме 33 досиеја во делот на наставно-научни звања на доценти, вонредни и редовни професори од страна на инспекторите беа констатирани законски пропусти, како и незаконско унапредување на јавните функционери во наставно-научни звања согласно Законот за високо образование и Законот за работни односи. Притоа се прибраа и целокупни документации кои ги поседувам и се предадени до Државната комисија за спречување на корупција на РСМ, како и доставена документација до кабинетот на премиерот Зоран Заев.Воедно, лично е запознат и министерот за образование и наука за неговата незаконитост која е констатирана за унапредување во наставно-научно звање доцент, како и за неговите интелектуални ангажирања кои добивале парични средства од универзитетот што е спротивно на Законот за високо образование, истото важи и за другите јавни функционери. Бев замолен да го прикријам целиот случај. Исто така, на неколку наврати ми се обрати и заменик-министерот за внатрешни работи, за кој исто така бев замолен да се сокрие овој случај.Наместо да добијам поддршка од страна на директорот за таму каде што треба да се почитува законитоста. Тој подлегнува на некои според мене игри недостојни-непримерни кои најмалку ни се потребни сега кога тежнееме да се приклучиме до европските трендови и законитости.“Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор и раководител во одделението за инспекциски надзор во високото образование.

Македонија | пред 6 години

merkel

Меркел категорична, датумот за преговори на Северна Македонија „најрано во октомври“

На седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“,објави германскиот весник „Зиддојче цајтунг“, а пренесува Дојче Веле.„Со тоа, канцеларката застана јасно наспроти својот коалициски партнер – СПД, која се залага за гласање во Европскиот совет веќе на 18 јуни. Државниот министер Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на ,,отворни уши’“ кај ЦДУ и ЦСУ, објави „Зиддојче цајтунг“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања