„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

milcin

Милчин: Скандалозно е тоа што Мукоски беше кај папата во Рим

Режисерот Владимир Милчин истакна дека е „скандалозно“ тоа што Мукоски бил во посета на папата во Рим.– Скандалозно е тоа што во македонската делегација за чествувањето на Свети Кирил во Рим кај папата беше и пратеник кој ја отвори вратата во Собранието за време на настаните на 27 април, наместо таму да оди претседателката на собраниската Комисија за култура, изјави – режисерот Владимир Милчин во  емисијата „Само вистина“ на Канал 5.Државната делегација во која беше и пратеникот Мукоски присуствуваше на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква во Ватикан, а тоа Милчин го оцени како голем скандал.– Видливо е дека Собранието се уште го нема преземено својот авторитет, брзајќи во целите процеси не се помисли на прашањето колкава цена ќе се плати за Преспанскиот договор и кој се ќе биде инволвиран за да се направи таа жртва – смета Милчин.

Македонија | пред 6 години

nikoloski-press

Николоски: Османи и Бушати имаат договор Македонија да забави со реформите

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостување на ТВ21 наведе дека предупредил дека има таен договор меѓу Бујар Османи, вицепремиерот зз евроинтеграции на Македонија, и Дитмир Бушати, министерот за надворешни работи на Албанија.Целта на таквата спогодба е Македонија да забави со реформите, за да не се забележи толку многу големото нереализирање на реформите во Албанија, и двете држави да продолжат во ист пакет да го чекаат датумот за преговори од Европската унија.„Заев и другите владини претставници мислеа дека ако го сменат името ќе им биде дозволено се од надвор, но казнети се. Не можат да мислат така. За Македонија не е добро да има пракса на криминал. И меѓународните претставници се незадоволни од ситуацијата во земјава“ рече Николоски.Николоски оцени дека на дебатата во Бундестагот дента се зборувало дека во Македонија има голема корупција, нема владеење на право и слично.

Македонија | пред 6 години

bundestag

Кавга во Бундестагот за пристапувањето на Македонија во ЕУ , приврзаниците на Меркел сметаат дека ова прашање треба да оди во пакет со Албанија

Дебатата за членството во НАТО во германскиот Бундестаг, се претвори во жестока кавга меѓу власта и опозицијата околу датумот за членство на Македонија во Европската Унија.Германски пратеник од партијата на Зелените упати директни критики до канцеларката Ангела Меркел, обвинувајќи ја дека таа е главен кочничар за перспективата на Македонија во ЕУ.-Желбата на граѓаните на Северна Македонија не беше само да се биде дел од НАТО, туку и дел од обединета Европа. Мојот сомнеж е дека Канцеларката Меркел и ЦДУ сакаат да ја одложуваат дебатата на оваа тема сѐ додека Нова Демократија не дојде на власт во Грција за да ја блокира Северна Македонија во ЕУ. Зошто Владата досега не се стави ова прашање пред Бундестагот? Досега ќе расправавме и ќе имавме согласност пред Европскиот совет, изјави Јирген Тритин, пратеник на ЗеленитеКристијан Шмит, пак пратеник од партијата на Меркел ЦДУ вели дека земјите од Западен балкан се  стратешки интерес на Германија и наскоро ќе разговараат за почетокот на преговорите.-Северна Македонија е упориште на мирот на Балканот. Земјите од Западен балкан се  стратешки интерес на Германија и наскоро ќе разговараме за почетокот на преговорите.   Сметам дека Северна Македонија и Албанија треба во пакет да ги започнат преговорите, иако Албанија во моментов се соочува со „одредени проблеми“-рекол тој. 

Македонија | пред 6 години

123-1

Мајката на Пино се закани: Имате уште два дена

Мајката на свирепо убиениот Пино се огласи повторно на Фејсбук и упати порака до родителите на осомничените.„2 дена ви давам. Сакам да ве видам кај мене во двор на коленици и да барате да ви простам. Родители на Ангела Горгиевска и родители на Али Фуркан ако не се појавите, два дена ви давам време, после ќе биде око за око. заб за заб, крв за крв. Знам дека ме читате и пратите“, стои во објавата на Фејсбук.Маја Трпковска даде исказ заввчера во Обвинителството, па изјави дека според неа, да убиеш човек, па да си шеташ и спиеш е монструозно и додаде дека најверојатно мотив е љубомора.Маја долго водеше битка со институциите, организираше и протест, а сега рече дека правдата ќе ја бара до крај. 

Македонија | пред 6 години

el-cheka

(ВИДЕО) ТВ 21: Ел Чека и Еролд Муслиу се комшии во Туин

Телевизијата 21 во репоража снимена во кичевско Туин, родното место на Ел Чека, бомбашот од Чикаго кој неколку недели објавува бомби за Али Ахмети и високи членови на ДУИ тврди дека тој бил соселанец со новиот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.Предходно, како што се споменуваше неофицијално беше објавен и фактот дека Ел Чека се појавил со бомбите откако ДУИ реагираше на назначуваето на Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на новиот претседател Стево Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

pozari-1

МВР: Граничниот премин Ново Село-Златарево затворен поради пожар на бугарска страна

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради пожар што избувнал на бугарска страна, на самиот граничен премин, околу 16 часот (денеска 6.6.2019), затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево. Граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека истиот ќе може да се користи повторно.

Македонија | пред 6 години

Zoran_Zaev

Ако летово не добиеме датум за преговори, Заев вели нема реконструкција на Владата, и можни се нови избори

Ако до летово не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, премиерот Заев ќе го врати мандатот. Ако нема позитивна одлука нема да има ниту реконструкција на Владата , ќе се распишат превремени парламентарни избори , а ќе се бара и одговорност за недобивањето датум.Заев очекува идната недела во Берлин да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел  каде ќе лобира за добивање датум.

Македонија | пред 6 години

tetovo-drzaven-iniverzitet

Скандалот добива поголеми димензии – уште двајца функционери незаконски станале вондредни професори во Тетово?

Покрај министерот за образование и наука Арбер Адеми, и двајца сегашни функциoнери во Владата незаконски се стекнале со наставно-научни звања на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово – заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, тврди просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, објави Факултети.мк.И Нухиу и Емрули се унапредени во вонредни професори, додека нивниот работен однос бил во мирување.Текстот во целост на : fakulteti.mk. 

Македонија | пред 6 години

SJO

СЈО: „Бомбите“ кој ги објавува Ел Чека не потекнуваат од СЈО!

Од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) преку соопштение појаснуваат дека „бомбите“ кои се објавуваат на социјалните мрежи не се излезени од обвинителството.Во продолжение соопштението на СЈО во целост:Во врска со написите во повеќе медиуми, како и различните толкувања на вчерашната изјава дадена од страна на Специјалниот јавен обвинител, ѝ појаснуваме на јавноста дека новообјавените разговори објавени од Фејсбук профилот со псевдоним „Ел Чека” не потекнуваат од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.Во оваа смисла, ја уверуваме јавноста дека сите аудио материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите.Воедно, при анализа и обработката на материјалите се постапува согласно со воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите, како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните на Република Северна Македонија и други лица, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот.Во оваа насока, повторно потенцираме дека ова Јавно обвинителство ја гарантира единствено безбедноста на сите аудио материјали со кои располага и во оваа прилика, како и повеќе пати досега, ги повикуваме сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите истите да ги достават до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се вели во соопштението од СЈО. 

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

Портаролот на Владата: Нема повеќе да коментираме за „бомбите“- Ставот на Владата е тоа што го соопшти МВР

Портпаролот на Владата  Мухамед Хоџа, на денешната пресс конференција запрашан за објавувањето на прислушувани разговори на фејсбук „бомби“, истакна дека Владата нема да го коментира тоа што се случува последно време со „бомбите“ и дека за тој случај надлежните институции, во случајот МВР.-Тоа што го кажав останува. Владата нема повеќе да коментира. Ставот на Владата е тоа што го соопшти МВР пред неколку дена, рече Хоџа.Инаку според МВР лицето кое ги постирало т.н. бомби со прислушувани разговори на Фејсбук е детектирано и дека полицијата во соработка со Јавното обвинителство работи на целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

jankulovska

Врховниот суд го превзеде „Тенк“ во свои раце, ќе падне ли пресудата на СЈО?

Врховниот суд ги разгледува пресудите за набавката на блиндираниот „мерцедес“ против бившиот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, како и против екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.Една од опциите е пресудата за „Тенкот“ на СЈО да падне и предметот повторно да се врати на судење објави plusinfo.mk.– Постапките по наведените предмети се во тек пред Врховниот суд на Република Северна Македонија. Судот заради интересот на јавноста ќе објави соопштение за одлуките кои ќе бидат донесени и како и во сите предмети, анонимизираните одлуки ќе бидат јавно објавени. Во овој момент не може да се знае кога ќе се одлучува по овие предмети, бидејќи се води вообичаена постапка според која не е потребно одржување на јавна седница – велат од Врховен. Текстот во целост на: plusinfo.mk 

пред 6 години

2-1-1-1

Заев: Би заменил и две Нобелови награди за датум за преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“, насловено „Заев: Зелено светло или оставка“, уште еднаш ги повика земјите членки на ЕУ да преземат одговорност и да испорачаат датум за преговори со Северна Македонија. Тој додава дека ако не се додели датумот за преговори, тој ќе биде обвинет дека ги излажал пратениците дека гласањето за Преспанскиот договор значи отворање на вратите на ЕУ.-Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат, вели Заев во интервјуто за „Ле Соар“.Според Заев, доколку од европска страна не не испочитуваат, граѓаните би можеле да се свртат кон националистичките струи во земјата.-Ризикот е враќањето на национализмот и радикализмот во нашата земја. Поминавме низ овој ризик во последните единаесет години. Имавме „хибриден“ режим кој ги уништи сите демократски права и слободи, сите основи на нормална земја, и ризикот е да се вратиме во тоа време, одговара премиерот.Запрашан дали верува дека навистина би можел да добие Нобелова награда за мир заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас, откако беа предложени по усвојувањето на Преспанскиот договор, Заев вели дека датумот за преговори му е поважен.„Би заменил и две Нобелови награди за таа одлука на Европскиот Совет, за мене е огромна чест што сум номиниран, ние сме мала земја, но нашата награда е потврдата на нашата работа, и единствената потврда која значи во овој момент е одлуката на Европскиот Совет. Тоа е најдобрата награда. Ако добијам Нобелова, ќе му ја дадам на Европскиот Совет“, вели низ шега Заев. 

Македонија | пред 6 години

minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

Министерот Адеми незаконски станал редовен професор на ДУТ?

Државната комисија за спречување корупција ќе истражува дали министерот за образование и наука Арбер Адеми незаконски е избран во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово во 2017 година, додека сѐ уште бил министер без ресор во Владата, пишува Факултети.мк.Министерот Адеми за Факултети.мк вели дека не е контактиран од ниту една надлежна институција и дека не знае дали за него има отворено некаков предмет.– Како и да е, ние сме за почитување на сите законски прописи и во оваа постапка која била спроведувана од страна на Универзитетот бидејќи тие се надлежни да распишуваат конкурси за избор и реизбор. Така што ќе инсистираме на доследна примена на сите законски прописи. Тоа значи дека прво треба да имам информации што и како, па потоа да видам дали има некоја таква постапка – вели Адеми.Претставката до Антикорупциска ја поднел просветниот инспектор за високо образование Ѓорѓи Илиевски по редовен инспекциски надзор во тетовскиот универзитет во април годинава.Илиевски за Факултети.мк тврди дека при редовен инспекциски надзор на тетовскиот универзитет утврдиле дека актуелниот министер за образование и наука Арбер Адеми незаконски е избран во наставно-научно звање доцент бидејќи во периодот на изборот неговото работно место на ДУТ било во мирување. Уште двајца функционери од Владата, според Илиевски, исто така незаконски напредувале во наставно-научни звања на тетовскиот универзитет.

Македонија | пред 6 години

20.4.kamcev

Камчев недоучен купи пола држава, тешко нас ко ќе доучи, се вели на Твитер

По дозвола на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, бизнисменот Орце Камчев, да го шета светот, иако е осомничен во случајот „Империја“,  не запираат реакциите во јавноста.Ова се дел од реакциите на Твитер.https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/1136534954794524673https://twitter.com/mojokilington/status/1136324794490773505https://twitter.com/Jovanowsky/status/1136254057876770816https://twitter.com/TasevskiSasho/status/1136529044617539584https://twitter.com/shlapatalo/status/1136330236415696901https://twitter.com/TasevskiSasho/status/1136384024094695426https://twitter.com/TriGoltki_Vino/status/1136376536641261576https://twitter.com/TasevskiSasho/status/1136391503151063045

Магазин | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев: Одлуката за прекин на бременоста е право на жената кое никој не може да ѝ го одземе

Премиерот Зоран Заев вчера се огласи на Фејсбук.- Стапи во сила новиот Закон за прекинување на бременоста. Со овој Закон, на жените им се овозможуваат комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата, а воедно се укинуваат административните бариери, односно чекање од три дена по информирањето. Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да ѝ го одземе! Волјата на жената е на прво место, напиша тој.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања