„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

akademik-10

Митровски: Време е за рана пензија за Катица Јанева

По дозвола на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, бизнисменот Орце Камчев, да го шета светот, иако е осомничен во случајот „Империја“,  не запираат реакциите во јавноста. Камчев беше забележан на европското првенство во ракомет, во Келн, Германија, по што Јанева откри дека му дала позитивно мислење за да добие времен пасош во рок од шест месеци.Адвокатот Јанаки Митровски вели дека ова е црвен картон за СЈО.-Глупостивe со давање пасош за едукација се трет голем кикс на СЈО. Задача на првиот човек на СЈО беше да тронка политичко влијаие не се дозволи. Со бејзбол речник three strikes and your out. Време е за рана пензија за Катица Јанева, или истата да се врати во ОЈО Гевгелија од каде што и дојде. А доколку нејзиниот наследник смета дека треба и тој/таа повторно да дозволува очигледно надворешно влијание тогаш се поставува прашањето која е потребата од постоење на специјално обвинителство кога тоа се однесува како редовното. Црвен картон за Катица!, вели Митровски.

Македонија | пред 6 години

lagadin-najnovo

(ВИДЕО) Георгиевски: Јавноста ќе се шокира од имињата зад дивоградбите во Охрид

Последната година и пол општина Охрид издала вкупно 919 решенија за легализација. Во овој период кога во просек се легализирале по 50-тина објекти месечно, има и дивоградби на Националниот парк „Галичица“. Градоначалникот Константин Георгиевски во интервјуто за Само прашај вели дека тоа се барања кои и да не сакале, морале да ги одобрат оти така наложува Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Незначителен број одобренија, едвај неколку, се поништени, но нема одговорност за пропустите.Соочен со силниот притисок од УНЕСКО и извесниот ризик Охрид да го загуби статусот на заштитено светско природно и културно наследство, градоначалникот вели дека за неполн месец ќе го објави регистерот со дивоградби врз основа на недостатоците што ги утврдиле општинските инспектори од 2010-2014 г. Георгиевски очекува „јавноста да се фрапира“ оти во регистерот ќе се прочитаат сопствениците на познати кафулиња, хотели, семејни куќи, чии објекти ќе треба да се уриваат.Оваа видео содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Македонија | пред 6 години

61973895_2182252735226325_3704871551540133888_n

ФОТО: Пола од плоштадот во Скопје е раскопан

Половина од плоштадот во Скопје е раскопан, плочките се извадени, а просторот е ограден. Граѓаните се револтирани поради лошата слика која секојдневно ја гледаат. Последна информација беше дека се украдени пумпите за вода, но на плоштадот нема работници за поставување на нови или санирање на евентуален друг дефект.Скопјани прашуваат како е можно за доаѓањето на папата Франциск во неколку дена да се асфалтираат и улици, а не може да се поправи дефект. Според нив, ваквата состојба на плоштадот го грди лицето на Скопје.

Скопје | пред 6 години

ilija-dimovski

Димовски: Шансите за добивање на датум за преговори се мали

Пратеникот Илија Димовски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прогнозира дека Македонија нема да добие датум за преговори, велејќи дека тоа е се поочигледно. Димовски во вечарашното гостување на 1ТВ, сепак истакна дека НАТО членството сме на пат да го добиеме.-Ние живееме во една еуфорија од промена на власта. Дали ВМРО-ДПМНЕ посакува да добиеме датум за преговори, да. Зошто премногу труд е вложено во изминативе години. ВМРО-ДПМНЕ без разлика на сите критики, се посветувала на таа агенда. Од друг аспект, ние во овие две години гледаме запоседнување на целиот систем, па дури и злоупотреби. На ВМРО-ДПМНЕ од тој аспект му одговара да отпочнат преговорите, и овие прашања да се отворат, рече Димовски.Тој сепак вели дека немало атмосфера дека Македонија заслужила да добие датум.-Ако имавме одлично досие, ќе беше многу тешко после Преспанскиот договор да се одбие Македонија. Одиме по тој пат на одбивање. Ја нема атмосферата дека Македонија заслужила и мора да добие датум за преговори, рече Димовски, додавајќи дека пет земји ќе бидат против Македонија, поради лоши резултати во реформите.На прашањето на новинарот Борјан Јовановски, дали би се обложил околу датум за преговори до крајот на годината, Димовски посочи дека шансите се мали, односно 20-30% за ДА, односно дека државата ќе добие датум за преговори.

Македонија | пред 6 години

srpska-policija

Мигрант убиен во центарот на Белград

Мигрант бил убиен синоќа во Белград. Полицијата идентификува двајца осомничени, од кои едниот е уапсен, а по другиот се трага, објави РТС.Убиството се случило синоќа по тепачка меѓу мигранти пред обложувачница на улицата Краѓорѓева, недалеку од самиот центар на Белград. Убиен бил Авганистанец на возраст од околу 20 години. Тој бил прободен со нож во градите.Медиумите дознаваат дека убиениот во Србија дошол од Авганистан пред две години, а во Белград престојувал подолго време.

Свет | пред 6 години

61963291_550426715485622_7777010042938589184_n

ФОТО: Нови кампери пред Владата, бараат да им се исплатат 18 плати од државна фирма

Пред Владата се поставени четири кампови на вработени во државната фирма Еурокомпозит. Тие бараат да им бидат исплатени 18 плати. Исто така се жалат на неисплатени опремнини и бараат тоа да биде најскоро решено.„Еурокомпозит“ е дел од 10-ината фирми ќерки на некогашниот гигант „Еуроинвест 11 Октомври“, во којшто беа вработени околу 1.600 работници. По распадот на претпријатието секој од посебните правни субјекти во периодот на транзиција. „Еурофуд“, Еуроламинати“, Еуротрејд“, „Еуропрофил“, Хотел Липа и др. заминаа во стечај.Единствено „Еурокомпозит“ остана низ годините да се бори за свој опстанок. Од некогашните 550 сега остана околу 280 вработени, но нивните плати се минимални, нешто над 10.000 денари е просечна плата по работник. Поради континуираниот проблем со недостиг од работа, се случува вработените со месеци да бидат пуштени дома со 70 % плата, во очекување на некој подобар договор. Кога пак ќе се успее да склучат одреден договор за работа, тие работата и по две смени, но платите им доцнат.

Македонија | пред 6 години

ilija-dimovski-7-670x437

Димовски: Слабостите на претходната власт не ги покриваат слабостите на оваа власт

Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување на 1ТВ, истакна дека и претходната власт грешела, но дека и сегашната имала двојни стандарди.-Дека претходната имаше за што да се критикува, имаше. Дека претходната власт згреши што веднаш не распиша избори кога почна скандалот со прислушувањето, згреши. Дека претходната власт требаше да има поголем осет за критичноста од општеството, исто така. Но слабостите на претходната власт не ги покриваат слабостите на оваа власт. Ние повеќе не можеме да прифатиме дебата со реченицата „еее ама ВМРО-ДПМНЕ какви беа или ај ВМРО сега ќе го вратиме“.Оваа власт дојде со ветување дека правосудниот систем ќе функционира исто за сите, дека државниот систем ќе функционира исто за сите. И сега имате ситуација кога оваа држава не може да се справи шест месеци со некоја дива платформа во Матка. Кога врз нелегално прислушувани материјали имате судски пресуди, а од друга страна имате разговори за кои државаtа вели, ааа овие не се легимни. Имате двојни стандарди, рече Димовски во вечерашното гостување во 1ТВ.Тој одговори и на прашањето дали би го поништиле Преспанскиот договор.-Во првиот историски момент кој ќе се создаде, а кој за жал нема да биде за две или три години, треба да го има во глава моментот или да го пренесе на наредната генерација, дека оваа неправда треба да се исправи, рече Димовски.

Македонија | пред 6 години

vakcini-protest-3

1.100 родители одбиле да ги вакцинираат децата, тие треба или да платат казна од 300 до 600 евра или ќе завршат на суд

Повеќе од 1.100 родители кои одбиле да ги вакцинираатсо МРП своите деца ќе треба да платат казна од 300 до 600 евра или ќе завршат на суд, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Според законот, тие ќе треба да платат казна од 350 до 650 евра, ако не ќе завршат на суд. Најмногу родители кои потпишале ваква изјава се од Скопје 593, потоа од Струмица 191, Куманово 93, Битола 50, додека пак во Штип 40 одбиле да ги имунизираат своите деца.Плаќањето на казната не ги амнестира родителите од обврската да ги вакцинираат децата и истата се однесува само за една непримена вакцина.Здравствените инспектори од денеска ќе почнат да ги повикуваат родителите од Скопје да си ја платат казната. Доколку одбијат ќе им бидат поднесени прекршочни пријава и ќе завшрат на суд.Министерството за образование засега нема податоци колку од првачињата при уписите не донеле потврда за примени вакцини, податоците допрва ќе ги обработуваат.

Македонија | пред 6 години

dacic

(ФОТО) Дачиќ се приклучи на предизвикот “Косово е Србија”

“Косово е Србија” е најнов предизвик на социјалните мрежи. Според овој предизвок, оние кои го прифаќаат треба на банкнота од еден или пет евра да се напише „Косово е Србија“.Според предизвокот покренат од Српската страна, одкако ќе се напише на банкнотата „Косово е Србија“, со истата треба да се купи нешто, и да се пуштат во промет.Српскиот политичар и министер за надворешни  работи, Ивица Дачиќ, се приклучи на предизвик, но тој тоа го напиша на банкнота од 100 долари! Фото:  INSTAGRAM / KAFANAPAVLEKORCAGIN / SCREENSHO

Свет | пред 6 години

32A84F4C-3C71-417B-AA8B-1FADD61721E1

Метла во Охрид: Георгиески го смете Пиперкоски на негово место Иван Лотески

Метлата на премиерот Зоран Заев почна да ги собира вработените во општината Охрид. Прв зафатен од метлата е Илија Пиперковски, шефот на кабинет кај градоначалникот Константин Георгиевски, дознава “Скопје1.мк”.На оваа функција, како неформален шеф на кабинет ќе биде назначен адвокатот Иван Лотески, кој во јавноста е познат како фаќач на крстот за Водици.Последно, “Макфакс” пишуваше дека Општина Охрид незаконски исплаќала оштети кон Пиперковски за штети од земјотресите во 2017 година.Ароганцијата, неисполнување на одредени очекувања на граѓаните, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, непотизмот, укажувањата од Антикорупциска, ќе бидат критериумите врз основа на кои премиерот Зоран Заев ја реализира најавената „метла“.

Македонија | пред 6 години

2-1-1-1

(ВИДЕО) Заев: Ако Европскиот Совет не ја прифати препораката за преговори од ЕК, ќе ја доведе во прашање иднината на оваа проевропска влада

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на денешната прес-конференција, веднаш после форумот „Северна Македонија:Забрзување на реформите, забрзување на европската интеграција“, што во организација на Европската банка за обнова и развој и Центарот за европските политики, се одржа во Брисел, одговараше на новинарски прашања.На прашањето какви ќе бидат последиците доколку Европскиот Совет не ја прифати препораката на Европската Комисија земјата да ги отпочне преговорите по поглавја за пристапување во ЕУ, и на кој начин тоа ќе се одрази во Соработката со Европската банка за обнова и развој, премиерот Заев рече дека „од сите политички одлуки што ги носиме, од сите реформи, сакаме да постигнеме и економски импакт за нашите граѓани. На крајот на денот ние работиме за тоа. А сега резултатите се многу добри, најдобри. Исто така има и огромен потенцијал и за во иднина. Ова е скапоцено време за Северна Македонија. Ако го изгубиме ова време, сигурно нема да има шанса да го повториме. Ќе  имаме раст и во иднина, имаме и ретка можност растот уште во овој квартал да достигне 4%, па дури и 5%“.„Ако не го  добиеме очекуваното, датум за преговори по поглавја, постои можност тоа да предизвика пад на владата. Оваа стабилна влада, со сите тешки одлуки што ги донесе, најверојатно ќе ја изгуби довербата на мнозинството во Собранието. Затоа што им ветивме на членовите на парламентот дека ќе имаме позитивна одлука од Европската Унија ако се движиме напред“, порача премиерот Заев на прес конференцијата во Брисел.Тој потсети дека владата трпеливо работеше на создавањето мнозинство за уставни промени, за особено чувствителни прашања и дека членовите на парламентот, кои го обезбедија мнозинството за клучните прашања, како што беше и промената на Уставот, беа под закана од страна на националистите и радикалите.„Баравме консензус за многу закони и прашања зашто сметавме дека така е најдобро. За да добиете консензус во Собранието тоа значи многу непроспиени ноќи. Преговори со многу и со различни засегнати страни, политички партии, граѓански организации, стопански комори, синдикати... И добивме консензус. И сега, ако ЕУ не испорача, најверојатно владата ќе падне. Ако мора да одиме на предвремени избори, економијата ќе запре. Никој не инвестира во време на  подготовки на избори, за време на договарање на нова влада. Ќе изгубиме 6 месеци, а тоа е најскапоценото време за нас“ истакна премиерот Заев на прес конференцијата „Северна Македонија: Забрзување на реформите, забрзување на европската интеграција“ во Брисел.Иако е тоа најлошата опција, рече премиерот Заев, земјата ќе продолжи во оваа насока, односно во зајакнување на европската идеја и за засилување на интегративниот процес во ЕУ.На прашање на новинарите во Брисел дали предвремените избори во овој случај ќе донесат поголема политичка нестабилност и неизвесност во однос на европските реформи, како и дали тоа им дава повеќе простор на проруски и националистички партии, премиерот Заев рече дека ако има избори, граѓаните се тие што ќе одлучат.„Или ќе ја поддржат оваа прогресивна, проевропска опција, или оние што ги блокираат овие процеси и што некои ги нарекуваат проруски или националистички и радикални. Разочарувањето што ќе се случи меѓу нашите сограѓани доколку Европскиот Совет не даде позитивно мислење, ќе им даде надеж на овие вторите. На граѓаните кои поддржуваа национализам и радикализам, а тоа не е добро. Не е добро за земјата, не е добро за регионот.Тоа се опциите и тоа не загрижува. Без разлика на тоа што ќе се случи, ние направиме сѐ што можевме најдобро. Сакам нашите партнери (во ЕУ) да знаат дека чекавме 15 години и дека сега е сѐ можно“, рече Претседателот на Владата, Зоран Заев на прес-конференцијата, и додаде дека од одлуката на Европскиот Совет зависи и најавената реконструкција на владата, иако процесот е започнат со промени на  две третини од владата.

Македонија | пред 6 години

1-20

Мајката на Пино, даде исказ во обвинителство: Очекувам доживотна казна и ќе се борам за доживотна казна

Мајката на убиениот Пинета Секондо денеска беше повикана на распит во скопското обвинителство. Во изјава за медиумите за можниот мотив таа рече дека не ја знае точната причина, но дека веројатно станува збор за љубомора.-Уште не разговаравме за мотивот, љубомора, не би знаела друго зошто, рече Трпковска.Очекувам доживотна казна и ќе се борам за доживотна казна, рече Трпковска.-И Ангела и тој што треба да го фатат, тие не треба да излезат од затвор, затоа што човечки ум, поготово на девојка од 22 години да убие свој другар и 6 месеци да си нема гајле, да си спие, да си шета, тоа е нечовек, монструм. 

пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев: Можното одлагање на одлуката за датум за преговори, ако се пролонгира до септември, постои ризик да го изгубиме мнозинството во Собранието

Премиерот Зоран Заев од Брисел порача дека можното одлагање на одлуката за датум за преговори од страна на ЕУ ќе ја стави во опасност владата и може да ги врати националистичките сили на власт, јави дописничката на МИА од Брисел.Премиерот оваа изјава ја даде пред избрана група новинари од странските медиуми осврнувајќи се на гласањето во германскиот Парламент, од кое во голем дел зависи одредувањето на датумот за преговори од страна на ЕУ.За секоја одлука која се однесува на проширувањето на ЕУ, неопходно е претходно Бундестагот да даде зелено светло.Повторно одлагање, вели Заев, го зголемува ризикот за владата.-Бундестагот мора да испрати порака, ако не донесат одлука на седницата неделава, најверојатно имаат шанса за тоа на крајот на јуни, ако не го сторат тоа, тогаш останува за Советот на ЕУ во октомври, што значи дека Бундестагот би гласал во септември. И тогаш постои ризик да го изгубиме мнозинството во Собранието, затоа што навистина сѐ дадовме, рече премиерот Зоран Заев.-Тие мислат дека ако отворат преговори со Северна Македонија, ќе се создаде проблем ако се остави Албанија и дека тоа би можело да има влијание врз Косово, тие стравуваат од закани од мојот пријател Еди Рама, за можни промени на границите или спојување со Косово, но јас не верувам во тие работи затоа што тоа ќе значи назадување од најмалку десет години за Албанија ако направат такво нешто, никој не сака такво нешто да прави, порача македонскиот премиер пред странските медиуми.Текстот во целост на: fokus.mk 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во земјава дишеме пет пати позагаден од европскиот!?

Жителите на целиот Западен Балкан страдаат од намален животен век поради „алармантните нивоа загаденост на воздухот“, вели извештај на Обединетите нации, кој го пренесе Њујорк тајмс.Граѓаните на Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија се изложени на една од најголемите концентрации на загаден воздух во Европа, што е за пет пати поголема од националните и европските упатства на ЕУ, се вели во извештајoт  на Програмата за заштита на животната средина на организацијата на обединетите нации. Податоците се добиени од истражувањата спроведени во 18 градови во регионот во соработка со Светската здравствена организација и институции за оценка на квалитетот на воздухот.Секоја година на овој ден се организираат најразлични манифестации со цел да се привлече вниманието кон загадувањето на животната средина и за истакнувањена мерките кои ќе бидат преземени во правец на заштита на природниот живот и природните извори во светот.Појавата и развивањето на свеста за зачувување на човековата околина од загадувањето резултира со истражување,унапредување и користење на изворите на обновлива енергија. 

Македонија | пред 6 години

skolo-4

Измени во Законот за основно образование, следната учебна година нема да заврши на 10 ти јуни

Нов Нацрт закон за основно образование кој до крајот на летово треба да помине во собраниската процедура. Од Министерството за образование децидни – сите пропуштени наставни денови немало да се одработуваат во сабота затоа што според нив ова, се покажало како непродуктивно. Од септември неработните денови ќе се одработат на крајот од учебната година.Министерот за образование Арбер Адеми на прес конференција, информираше за новините во Законот за основно образование, чија примена ќе започне од претстојниот септември.Минестерот кажа дека часови во сабота нема да има, Со закон да се регулираат неработните денови за време на зимскиот распуст на учениците, при што најмалку половина од траењето на зимскиот распуст на учениците се платени неработни денови за наставниците, Овие денови не се дел од годишниот одмор на наставникот и не се засметуваат во неговото траење. Се воведува нова надлежност на наставничкиот совет да дава мислење за распределба на часовите меѓу наставниците. Наместо досегашниот минимален број од 24 ученици, како минимален праг се утврдуваат 20 ученици. Бројот на ученици во паралелката може да се движи во распон од 20 до 30 ученици. Комбинирана паралелка може да има најмногу до 10 ученици. По исклучок, паралелка може да се формира и со најмалку 15 ученици, само за наставата по изборните предметиНовото законско решение не предвидува намалување на бројот на наставни денови. Сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14-годишна возраст добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во земјите членки на ОЕЦД, односно една и пол година образование помалку, истакна Адеми. Ова го истакна.Инаку, надлежните се уште немаат информации колку деца ќе останат дома поради забраната во училиште да се запишат оние кои не ја примиле МРП вакцината. Минатиот месец, во екот на уписите во основно училиште, надлежните дозволија училиштата да примаат пријави и на невакцинирани деца, но со обврска тие да се вакцинираат пред стартот на учебната година.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања