„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

antonio_govornica

Милошоски не и поќуте на Јанева: Обвинител не може да биде со шестки

Откако денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека Антонио Милошоски многу се занесува со изјавите, тој реагира за радио Слободна Европа.- „Сите политички релевантни субјекти, коишто сакаат обвинителството да има поквалитетни кадри, се согласуваат дека во иднина, секој следен обвинител, посебно специјален јавен обвинител, којшто би бил дел од државното обвинителство, треба да има повисок просек од Правниот факултет и останувам на тоа мое мислење, коешто ценам дека ќе го подобри квалитетот на работата на обвинителството“, вели Милошоски за Радио Слободна Европа. 

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Јанева: Не може за СЈО да преговара Антонио Милошоски, за него има предмет во предистрага

На новинарско прашање за тоа што ќе прави СЈО со оглед на тоа што рокот истекува во септември, а се уште не е донесен новито закон за СЈО, специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека за многу краоток период ќе биде донесен новиот закон и нивната работа ќе продолжи.„Не очекувам големи проблеми со новиот закон, тука е членот 105. Јас мислам дека и меѓународната заедница дава јасни насоки како и позицијата, освен опозицијата која е лично засегната. Во овој случај дава отпор, но мислам дека и тоа ќе се надмине. Не може да преговара лице кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и дава квалификации за СЈО, за мојата личност, или за било кое прашање порзано со СЈО. Тука мислам на Антонио Милошоски кој многу се занесува во своите изјави“, рече Катица Јанева. 

пред 6 години

miladinovci-stip

Пуштен во употреба новиот автопат Миладиновци- Штип

Новиот автопат Миладиновци – Штип, започнат да се гради во 2014 година, денеска е пуштен за сообраќај во двата правци. Делницата е долга 47 километри, а со неа патувањето до Штип се крати за половина час.Од денеска од Скопје до Штип ќе се стигнува за само половина час, АМСМ информира дека, од денеска 5 јуни 2019 година, автопатот Миладиновци-Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци.АМСМ апелира до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.Наедно АМСМ упатува благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница. 

Македонија | пред 6 години

kumanovec

Кумановец доби највисоки признанија за храброст во Баварија - спасил човек од сигурна смрт

Кумановец кој живее и работи во Минхен, Германија, награден е со највисоки признанија за храброст во сојузната покраина Баварија, затоа што спасил човек од сигурна смрт. Роберт Пешиќ (38), кој работи како медицинско лице во локална патронажна служба, на раце го изнел Германецот Кристијан додека во неговиот стан беснеел голем пожар, објави sdk.mk.За овој исклучителен подвиг Роберт е награден со две највисоки државни признанија за храброст, лично од премиерот на Баварија Маркус Содер.Текстот во целост на: sdk.mk

Македонија | пред 6 години

patarina1

Ќе никнат нови патарини на македонските автопати, а старите ќе добијат нови цени

Нови патарини ќе никнат на македонските автопати, а се корегираат и цените на веќепостоечките патарини. Владата донесе одлука да се изградат две нови патарини на автопатот Миладиновци - Штип кој уште не е пуштен во употреба, и уште една нова патарина на автопатот Демир Капија - Смоквица.Владата иако веќе има  одлучено колку  ќе чинат, не ја отркива нивната цена. Се знае само дека освен новите давачки, промена ќе има и во цените на постоечките патарини.Оваа одлука се донесува заради воведување на наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе, и Свети Николе – Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски безконтактни смарт картици, и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање, се вели во дописот од Влада.

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

Ел Чека испрати ултиматум до Заев, но и закани

Кичевецот со псевдоним Ел Чека, му се закани на премиерот Заев. Со статус на фејсбук бара од претседателот на владата да внимава на затворениците од случајот „Диво Насеље“ бидејќи имал сознанија дека нешто им се подготвува.Статус ФБ- ЕЛ Чека: Тој ми рече дека не треба да ја користат храната што им е дадена во затворот и да не излезегуваат од нивните ќелии, туку да бидат обединети, бидејќи нешто се подготвува против нив! Зоран Заев мора да знае дека ако нешто се случи нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници! - напиша Ел Чека.Чека испрати и ултиматум до Заев да отвори меѓународна истрага за кумановските настани во рок од 62 дена или во спротивно ќе го објавел разговорот за како што пишува, монтираниот случај „Сопот“.Во меѓувреме Ел Чека објави нови снимени разговори.. Во петте бомби, тврди дека се слуша гласот на Али Ахмети и останати високи функционери на ДУИ. Најави дека ќе има и други разговори а ќе ги објавува во утринските часови..На двата профили на социјалната мрежа Фејсбук на кичевецот Шеќерим неколку дена беше мирно, по барање на МВР оваа социјална мрежа ги брише нелегалните разговори.По пријавата на МВР, на ред е кичевското обивнителство. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пукање во Козле: Не им дозволувал да ја поминат улицата, па извадил пиштол

На 04.06.2019 година во 00,25 часот во СВР Скопје Ф.Ш.(38) и неговиот брат Р.Ш. (36) од Скопје пријавиле дека на улицата „Козле-1“ нивниот сосед Ќ.Р.(56) по претходна вербална расправија, поради тоа што не им дозволувал да поминуваат преку улицата за да стигнат до нивниот плац, извадил пиштол и во воздух испукал неколку куршуми.Повредени лица нема. Ќ.Р. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

Скопје | пред 6 години

Foto-1

Претседателот Пендаровски, ги прими европските шампиони, ракометарите на РК Вардар

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими европските шампиони, ракометарите на РК Вардар, коишто по вторпат ја освоија титулата европски првак.Претседателот Пендаровски изрази задоволство од исклучително големиот успех на ракометарите кој, како што рече, не направи сите горди, како поединци и како држава.„Би сакал сите вас да ве пофалам за вашето однесување, секој од вас имаше исклучителен настап и на спортскиот терен, и надвор од него, со што ја покажавте вашата голема човечност. Најголемиот дел од вас, не се родени овде, но на многумина коишто се родени овде, им одржавте лекции по патриотизам. Покажавте дека сте врвни спортисти и врвни луѓе, ова второто за мене отсекогаш било поважно од она првото. Ви благодарам за тоа“, рече претседателот Пендаровски.Претседателот им честиташе на ракометарите и за тоа што не потклекнале на одредени обиди за политизација и комерцијализација на нивниот успех, напротив, како што рече, од почетокот, до крајот на спортскиот поход, покажаа дека не се ничија сопственост, туку дека се дел од клубот, од градот, од државата и од нацијата.„Оваа држава никогаш нема да заборави што направивте за неа, и кога ќе играте за други држави, за други клубови, оваа држава секогаш ќе биде ваш дом. Овде никогаш нема да бидете третирани како странци, со се што направивте покажавте дека не сте странци, туку наши и дека сите сме едно. Сите во Европа сега говорат не само за клубот, туку и за државата“, рече претседателот Пендаровски.Голема благодарност за убавите зборови и искажаните пофалби изрази сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко. Клубот не го чувствувам како мој, ова е народен клуб, рече Самсоненко, ветувајќи дека клубот и во иднина упорно ќе се стреми кон поголеми успеси.Ракометарите во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“, го донесоа европскиот пехар, а на претседателот Пендаровски, како спомен, му дадоа дрес од клубот со број 1, и топка со нивни потписи. Потписот на претседателот Пендаровски, пак, е на топката која тој им ја подари, посакувајќи им натамошен успех на професионален и на личен план.  

Македонија | пред 6 години

valada-zaev-1

(ВИДЕО) Ракометарите на Вардар на прием кај премиерот – награда од 500.000 евра и ветување за помош на клубот

Владата ќе им даде награда од 500.000 евра на ракометарите на Вардар за освојувањето на Лигата на шампиони, објави на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по денешната средба со шампионите.Премиерот Заев по средбата на својот фајсбук профил напиша:Добредојде за Вардар, за играчите и за управата, во Владата. Ви честитам за титулата европски шампион. Ви благодарам за среќата и радоста кои ни ги приредивте. Вие сте шампиони на нашите срца! ❤️🖤❤️🖤❤️🖤Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. 🇲🇰Честитки Вардаре!

Македонија | пред 6 години

Precek-na-evropskite-sampioni-za-2019-VARDAR-1

(ФОТО) Шампионите се дома, еве како ги пречека Скопје

Илјадници граѓани, спортски фанови и поддржувачи се собраа вчеравечер на плоштадот „Македонија“ и ги пречекаа европските ракометни шампиони – ракометарите на РК „Вардар“. Неколку часа плоштадот пулсираше со позитивна енергија и извици на поддршка, а атмосферата кулминираше кога нашите ракометни шампиони се качија на бината и го подигнаа пехарот.Пречекот на ракометарите на „Вардар“ почна на Меѓународниот аеродром Скопје каде што слета авионот од Келн. Вардарци ги пречекаа членови на нивните семејства, многубројни новинарски екипи и навивачи. Потоа, тие со автобус на ЈСП се возеа по градските улици до плоштадот „Македонија“ каде што се случуваше централната прослава во организација на Град Скопје.Во текот на денешниот ден, по предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда за ракометарите во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање пречек на ракометната екипа „Вардар“. Покрај наградата, се обезбедуваат средства за авионскиот превоз со чартер-лет на тимот на РК „Вардар“ до Скопје.

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Честитка од претседателот по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед во Република Северна Македонија.Во овие празнични денови на слога, заедништво и почит, сите заедно треба да продолжиме кон градење на соживот за сите граѓани и да изградиме едно општество за сите, пример за идните наши генерации. Со овој голем празник се означува крајот на едномесечниот пост во кој секој верник искрено го отвора срцето за верата и љубовта. Светиот месец Рамазан е месец на дарување, помагање и заедништво и ова ја зајакнува вербата во доброто, правдата и меѓусебното разбирање и почитување. Посакувам овие вредности да бидат наше секојдневие и сите да имаме спокоен и среќен живот, не само во празничниве денови туку низ целата година.Претседателот Пендаровски, по повод Рамазан Бајрам, упати честитка и до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан Бајрам.Би сакал на овој голем празник да го истакнам придонесот на ИВЗ и нашите сограѓани од исламска вероисповед во градењето на мир и соживот во мултиетничка и мултирелигиозна Република Северна Македонија. Нашата заедничка цел е просперитетна и европска татковина.Уште еднаш, Ви упатувам најискрени желби за љубов, среќа и благосостојба.Честит Рамазан Бајрам! Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Муслиманите го слават празникот Рамазан Бајрам

СДенеска верниците од исламска вероисповед го слават големиот празник Рамазан Бајрам. Верниците цел месец постеа, односно се воздржуваа од храна и пиjaлаци од зора до зајдисонце, а јадење и пиење беа дозволени во текот на ноќта. Утринската Бајрам Намаз молитва го одбележа завршувањето на светиот месец Рамазан и најголемиот симбол едномесечниот пост.  Постот преставува „принудна сиромаштија“ со цел да се вопостави еднаквост помеѓу луѓето со одбивање на храна, пијалоци и телесни задоволства. Во текот на рамазнаскиот пост верниците се обврзани да даваат милостина на сиромашните. Милостината се дава пред утринскиот Бајрам намаз, а ако не се направи на овој ден обврската мора да се заврши во текот на годината.По утринската молитва верниците одат нагости младите одат кај постарите. Рамазан е деветиот месец во исламскиот календар и месец на почетокот на објавата на светата книга Куранот.  

Македонија | пред 6 години

sampioni

(ВО ЖИВО) Ракометниот шампион на Европа, РК Вардар, пречекани со „Ој Вардаре македонски“

Ракометниот шампион на Европа, РК Вардар и неговите ракометари пристигнаа на плоштадот Македонија. Тие со панорамскиот автобус поминаа под Триумфалната порта, односно порта „Македонија“, а беа пречекани од илјадници граѓани со песната „Ој Вардаре македонски“.Во еуфорична атмосфера на плоштадот во Скопје обоен во црвено-црно ракометарите пееја заедно со граѓаните. Автобусот со шампионите помина низ Триумфалната порта исто како и пред две години кога РК Вардар за првпат ја освои европската шампионска титула.https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/672189883225456/https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1892269127540957/

Македонија | пред 6 години

vardar-skopje

( ЖИВО) Европскиот шампион слета во Скопје

Авионот со победничката екипа на Вардар слета на скопскиот аеродром по неколку одложувања, а ги пречекаа навивачите со пеколно еуфорична атмосфера. Граѓаните масовно и со навивачки песни ги пречекаа хероите.Еве како изгледа атмосферата ...https://www.facebook.com/rkvardar/videos/416878222197464/https://www.facebook.com/rkvardar/videos/829148634127693/ https://www.facebook.com/rkvardar/videos/624995374682611/

Македонија | пред 6 години

vardar-vo-avion

Ракометарите се чекираа и полетаа, во Скопје ќе пристигнат околу 21 часот

Најновата информација која е објавена на официјалната „Фејсбук“  страна на РК Вардар вели дека ракометарите ќе полетаат дури во 19:30 часот.Ова значи дека ракометарите околу 21 часот ќе треба да пристигнат во Скопје. Тоа ќе значи и поместување на се што досега беше закажано.https://www.facebook.com/rkvardar/photos/pcb.10158137992130348/10158137992045348/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања